build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Начини и цени за градење надворешни ѕидови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pisibe View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote pisibe Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Начини и цени за градење надворешни ѕидови
    Posted: 03-Dec-2009 at 19:32
Здраво,

Ме интересира кој е најекономичен(најефтин) материјал/начин за градење надворешни ѕидови? шупји цигли, сипорекс, бетон???

никако не можам да најдам цени по m2 за поставување цигли со малтерисување. Ако некојги знае цените за најефтината цигла со се поставување и малтерисуванје би било одлично.
Од внатрешната страна може ѕидот да остане само од цигла, имам други планови за ентериерот.

Поделете искуства...фала....
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Dec-2009 at 09:31
Здраво pisibe,

Прво, дај ни ја намената на ѕидот, дали е дел од некој објект или ѕид во двор или сл. Така ќе може да добиеш подетални сознанија.

Што се однесува до шупливите блокови одат од 17-34 ден/парче во зависност од типот и производителот. Полните тули се од 11-13 ден/пар, а старите полни тули 8 ден/пар. Сипорексот со големина 20x25x60 cm е околу 150 ден/пар.

За сендвич ѕид со шупливи тули и тервол 5 cm (2x12+5 cm) цената е од 660-710 ден/m2.

Бетонските блокови на ф-ка Карпош одат од 97-190 ден/пар.

Малтерисувањето оди во зависност од договорот со мајсторот, не сум сигурен ама ми се чини околу 3-4 E/m2. Малтерот направен на лице место на класичен начин би требало да те чини околу 2000-2500 ден/m3.

Би можел да ти препорачам Isospan, но не ја знам намената на твојот објект.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 04-Dec-2009 at 14:46

најисплатлив начин од стандардните типови на ѕидови ти е итонг ѕидарија, она медо што спомнува погоре сипорекс, тука сигурно и исоспанот би влегол во комбинација како нов материјал, но за него немам речиси никаков абер дали и колку е исплатлив, тоа медо може да помогне! 

Силкапорот кој е исто итонг производ односно на времето познат како сипорекс кај нас, е поефтината варијанта од итонг производите тука на балканов и го има во Јасен Прилеп http://gradbajasen.despotdesign.com/index.php?option=com_content&view=article&id=72:ytong&catid=46:2009-03-14-18-00-15&Itemid=53
значи стандардни димензии само со различна дебелина
 - 60 х 25 х 5 см - 41 ден/ком
 - 60 х 25 х 7,5 см - 59 ден/ком 
 - 60 х 25 х 10 см - 79 ден/ком
 - 60 х 25 х 12,5 см - 98,8 ден/ком
 - 60 х 25 х 15 см - 119 ден/ком
 - 60 х 25 х 17,5 см - 138 ден/ком
 - 60 х 25 х 20 см - 158 ден/ком - 6,7 ком/м2 = 1058 ден/м2
 - 60 х 25 х 25 см - 198 ден/ком

инаку за овие блокови врзивно средство е посебен лепак за итонг - 2 кг/м2 28ден

Итонгот кај нас го има во Мелмакс БМ од Скопје и ориентационо еве  96x20x7,5 см е 95 ден/ком. 5,20 ком.м2 = 494 ден/м2 значи ова е цена за дебелина на цигла за внатрешен ѕид или може сендвич комбинација од оваа големина за надворешен, односно стандарден блок за надворешен ѕид би бил со 20ка дебелина...
дефинитивно ова е идеално решение, со оглед дека не треба дополнителна изолација и малтерисување, ем сеизмички е проверен избор... http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=34885#34885

фактички ова цените изгледаат солено но ако се има предвид како што велат професорите на тоа клипот од линков дека цената доаѓа иста како кај класичната куќа па дури и поефтино за 10% (ова ете во хрватска сигурно кај нас овие параметри се различни) ова е прилично исплатлива работа! јасно најдобра изолација е заробен воздух (слично како кај иглоата), значи самото тоа што кај итонг нема скоро никаков зијан на завршните работи, но и времето за изградба дупло е намалено во тој случај дефакто не станува збор за скапа инвестиција...

~

е сега речиси најефтина комбинација е да одиш со дрвена конструкција и надворешни сендвич ѕидови од кнауф, она гипскартон+изолација (хотихот понудата)
или пак најеколошкиот тип на градба ѕидање со балирана слама, воедно ова е и најефтината а воедно и најздравата комбинација, но кај нас сеуште далеку од стандардизирана техника, за која и малку потешко во град да добиеш употребна дозвола, треба да се проба незнам, добро доволно е да им се објасни во општината дека ваквиот тип на градби веќе наголемо се стандардизирани во америка и донекаде во европа и сигурно ќе немаш проблем...!?! 

и како што кажа медо зависи за што и како ти треба ѕидаријата, еден тип оди за болме ѕидови, друг за надворешни, трет за потпорни, јасно и цените варираат во зависност од типот и количината на изолација кај стандардната ѕидарија, малтерисувањето најдобро заокружи го на 5eu/м2 вкупно материјал и работна рака, со ваквиот ѓутере пазар најдобро би ти излегол есапот, но сепак повеќе фактори се посреди како дебелината на фасадниот малтерот 1, 2 или 3см, превозот, дали е рачно или машинско малтерисување... во секој случај секогаш оставај екстра камен за непредвидени трошоци, чисто за работата да оди подмачкано, обично финансиската конструкција на хартија никогаш не излегува чиста во пракса значи ~10% + резерва!

 



Edited by Max - 04-Dec-2009 at 14:48
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Dec-2009 at 17:30


мене ме интересира дали има некој информација колку наплаќаат овдешните тајфи кои ѕидаат со камен, а колку оние од Мала Преспа? 

http://kamen-dekor.blogspot.com/

ова декоративниов камен (пример што го има во леснина) мислам дека е далеку помалку оригинално решение иако естетски истото е уникатно, сепак ме интересира колку би чинело ѕидање со клесан камен, а колку со природен те. аморфен камен!?  

Back to Top
pisibe View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote pisibe Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Dec-2009 at 17:52
Фала ви многу ,ова ми помогна.

Околу деталите, испитувам можност за градење на куќа од 3 спрата за повеке фамилии да живеат (мини зграда) па правам калкулации за трошоците и се обидувам да дојдам до некоја логична цена за трошоците.

Во секој случај сакам да направам најефтина комбинација за градба- се разбира со квалитет. И гледам дека има многу системи за правење надворешни ѕидови, па мене ми е најважно да има изолација измеѓу нив,

медо кажа дека
"со шупливи тули и тервол 5 cm (2x12+5 cm) цената е од 660-710 ден/m2"

тоа значи цигли со димензии 12x12цм без малтерисување или?

Ако може, јас би ставил обична полна тула од надвор таман да се искористи како фасада, и од внатре тервол и кнауф, мене таа комбинација ми изгледа најефтина, само колку реда тули ке требаат, со 1 ред не би се завршила работа??
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Dec-2009 at 22:31
Цената од 660-710 ден/m2 се однесува само за материјалот, сендвич ѕид со дебелина 2x12 cm+5 cm тервол. Тулите се обично керамички со димензии височинаxдолжинаxдебелина 25x25x12 cm или 25x40x12 cm. Тука не е земен предвид малтерот за ѕидање на овој m2, ниту пак малтерот за малтерисување, а не е влезена ниту работната рака.

За да не забегаме во непотребни детали, бидејќи ја кажа намената, сепак се работи за сериозна работа, објект на 3 ката. Според мене би требало да размислуваш и да планираш реална цена за објект до фаза карабина од околу 70-120 Е/m2 бруто површина. Значи ја пресметуваш површината на плочата во бруто износ, на пример 10x10 m, ги броиш плочите и множиш со горниот износ. Секако немој да ги заборавиш темелите и кровната конструкција. Различни изведувачи различно ги определуваат овие ставки.

Доколку се одлучиш сам да набавуваш материјал, а да пазариш работна рака која вклучува мајстори, рачен и помошен алат, скелиња, потпирачи, оплата (табли), греди, стеги и слично можеш да сметаш дека ќе те чини од 18-25 Е/m2 бруто површина.

Доколку сакаш полна тула од надворешна страна, изборот не е многу голем, генерално на нашиот пазар има полна фасадна тула во црвена, жолта и бела варијанта, со мазна или рељефна површина. Секако треба по неа да ставиш изолација и според мене најдобро би било уште еден слој полна тула (обична) или шуплив блок, барем 12 cm. Па потоа, над него можеш да правиш гипс.

Јас лично на нов објект не би ставил гип, гипс-картон и сл. Има повеќе причини, но сепак кој како сака.

И за крај, мора да ти биде јасна една работа, "колку пари, толку музика". Моја препорака е дека не треба да штедиш на самата градба.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-Dec-2009 at 03:00

најефтината не секогаш е и најидеална, имајќи предвид дека енергенсите се повеќе ќе растат, а покрај нив и климатските промени, би ти препорачал да не штедиш на енергетски ефикасна куќа! точак и воз нема да те однесат на исто место во исто време, и едното и друго си имаат своја оправдана употребна логика, но и во двата случаи со малку креативност многу може да се искомпензира од недостатоците не конкретниот избор

малку чудно но золацијата е најбитниот момент за ен. ефикасна куќа, затоа воопшто не треба да се штеди во тој дел, ѕидаријата помалку или повеќе и не е толку проблем како појава во финансиската конструкција на проектите, но изолацијата дефинитивно е! http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=25074#25074 ова комбинацијата од xps стиропор е идеална со оглед дека исто како кај итонг блоковите материјалот е исполнет густо со меурчиња со воздух со што се добива екстра изолациски ефект (заробен воздух) не колку вакум, но далеку поефикасен во однос на останатите изолатори http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_insulation_material од друга страна балираната слама или снегот како што е наведоно на линков имаат помал R фактор, но ако се земе предвид дека сламените куќи или иглоата имаат ѕид со дебелина од пола метар тоа е повеќе од доволно да ја надмине ен.еф. на повеќето останати изолациони материјали, ем имајќи предвид дека во нив е заробен воздух тоа им дава својство на особено ниска топлинска спроводливост што всушност ги прави идеални изолатори од сите останати природни материјали http://en.wikipedia.org/wiki/Thermal_conductivity#List_of_thermal_conductivity_values

додека од вештачкиве, ако се исклучат вакумираните панели, итонгот е најидеален термоблок и лично јас би одел на таа комбинација доколку морам да терам со цврста градба! сепак како што реков истиот принцип на пополнување со воздух но веќе и ова изолациските панели можат да дадат екстремно добри резултати само прашање е колку се здрави и колку како избор ги ма кај нас http://en.wikipedia.org/wiki/Aerogel но и тие нема да помогнат доколку изведбата не е профи!


Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 05-Dec-2009 at 08:21
Несакам да звучам пристрасно, но сепак бидејќи тука се дискутира исклучиво за топлотна изолација на материјалите, а не за сите нивни предности и карактеристики, решив да споредам што поседуваат како карактеристики итонгот и исоспанот.
Па еве, фактите доволно зборуваат:

Дебелина на ѕид            Ytong  [W/m2K]             Isospan [W/m2K]
         25 cm                              0.47                                0.45
         30 cm                              0.39                                0.49 (за S30/5)
                                                                                       0.39 (за S30/7)
                                                                                       0.33 (за S30/9)
      37.5 cm                              0.32                                0.30 (за S36.5/10.5)
                                                                                       0.25 (за S36.5/13.5)
                                                                                       0.22 (за S36.5/16.5)
                                                                                       0.18 (за S36.5/16.5 silver)

Извор:

Ytong (http://ytong.cmass.info/active/sr-latin/home/prednosti_ytonga/toplotna_izolacija.html)

Isospan (http://www.isospan.eu/cms/front_content.php?idcat=84&Kategorie=1#suchmaske)

Заклучок:

Сметам дека предностите во поглед на топлинска изолација (само тоа споредуваме) се на страна на Исоспан-от. Дури за последната ставка подобри к-тики се добиваат со помала дебелина на ѕидот. Практично U=0.32 W/m2K со Ytong се добива за дебелина 37.5 cm, а со Isospan U=0.33 w/m2K со дебелина 30 cm.
Појаснување: кај Isospan првата бројка е дебелина на блокот, а втората дебелина на полистиролот (стиропорот).


Edited by medo - 05-Dec-2009 at 08:33
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Dec-2009 at 14:17

се јадат, тука се некаде, коефициентот на топлинска спроводливост кај 30ка според она што ти го вадиш како податок пример е за 10 единици поквалитетен додека кај другите два примера кои можат да се споредат кај исоспанот за две единици има подобар резултат, не стигнав да побарам за итонгот ништо немам сега време, но еве нешто подетално карактеристиките за исоспан http://www.prudens.hr/pdf/isospan1.pdf во секој случај тука некаде се и двата типа на термоблокови, единствено што итонгот е целосен блок, а исоспанот е блок со вметната eps стиропор - изолација http://www.prudens.hr/drvobetonski_blokovi.html ...

еве и нешто  step by step упаство за изолација http://www.energytraining4europe.org/english/training/guide_eff_use/insulation_05.htm ова е едноставно потака може да се обезбеди и нешто по детално и по тазе, со оглед дека според спецификациите за итонгот линков очигледно е постар

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 07-Dec-2009 at 06:44

медо а ова исоспанот исто се врзува со лепење како итонг или?

итонгот се сече со пила, а ова исоспанот со што се цепи?

исто дали знаеш колкава тежина носат исоспанот и итонгот, односно дали можат да се товарат без проблем со бетонски греди па и плочи?

Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 07-Dec-2009 at 08:14
Max,

Isospan-от се реди на суво еден врз друг без никакво врзно средство, и тоа низ претходно поставена арматура. Потоа се става бетонот во него. Значи, тој делува како заробена оплата, односно оплата што нема да се извади по бетонирањето. Се сече со циркулар, моторна пила, рачна пила, т.е. со секоја алатка што сече дрво, затоа што материјалот од кој што се направени блоковите се дрвени струготини, цемент, минерали и вода.
За носивоста не правиме муабет, бидејќи бетонот ја обавува функцијата иако самиот материјал има јакост на притисок. Тоа значи дека со него се формира конструктивен систем од носечки ѕидови (или платна што ги ставаме кај скелетните конструкции за да се подобри нивното однесување на сеизмички товари). Врз ѕидовите слободно налегнуваат обични греди и плочи, а ако сакаме да се избегнат гредите, слободно може да се испроектираат рамни а.б. монолитни плочи.

Впрочем на главната страна на форумов имаш линк до објект што се гради со исоспан. За секој случај еве го повторно линкот: http://sskuka.blog.com.mk

Edited by medo - 07-Dec-2009 at 08:17
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 07-Dec-2009 at 18:39
аха значи блокови за шалување со додатна излоција на себе, ова со платната е навистина фора за куќа, тука за итонгот не ми офговори околу носивоста, а с ова останато Благодарам екстра комбинација значи, брзо и едноставно!
Back to Top
sveto View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 23-Apr-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sveto Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-Apr-2010 at 06:43

би сакал да си продолжам тарасата (тарасата е со димензии 1 м на 4,5м) и го затворам тој простор да го користам како кујна. Димензиите на новата градба се 2,20м на 4,5 м која е најефтината варијанта.

 
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 24-Apr-2010 at 23:59
Веројатно мислиш на тЕраса?!?
Јас сум строго против такви доградби од повеќе причини. Би предложил со закон да се забранат овие постапки и строго да се казнат.
Back to Top
maci View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote maci Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 05-Oct-2011 at 08:01
го закопа со муабетов,медо
и мене ме интересира кој зид е најдобар за топлотна изолација кој кошта помалку пари.
се работи за семејна куќа.

п.с.зошто нашиве инвестирори,изведувачи не ги градат зградите со YTONG или со исоспан?

Edited by maci - 05-Oct-2011 at 10:07
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-Oct-2011 at 17:03
маци,најевтино е сендвич помеѓу две гипсени табли и меѓу нив тервол.гипсените после ги глетуваш,а од надвор некоја водоотпора боја ставаш.ако сакаш нешто подобро,нормално ќе биди поскапо.гипсените табли се многу евтини и лесни по тежина,така да не се товар на балконот ако е во еркер верзија

Edited by gjoko - 05-Oct-2011 at 17:04
Back to Top
GeToM View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote GeToM Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 13-Oct-2011 at 12:46

Za da ne optovaruvam so nov topic, bi postavili slicno prasanje tuka..se raboti za najeftina i najpovolna varijanta za vnatresni zidovi...verojatno matematikata e razlicna bidejki nema izolacija kako za nadvorecnite zidovi.. Znaci imam zatvorena karabina na gorniot kat i sakam da ja dogradam ..prv cekor e sekako zidovi. E sega se mislev za najednostavno najeftino so gips karton..ammaaa..nekako mislam deka tuli bi bile podolgorocno i stabilno resenie kako i so podobra zvucna izolacija. Prasanjeto e dali ytong ili standrdna....( standardna = poeftino(materijal) + poveke vreme + malterisuvanje, dodeka Ytong = poskapo (materijali) + pobrzo i verojatno sam ke mozam da go srabotam...

ve molam za mislenje ili idei dopolnitelni zanajbrzo i najekonomicno resenie...

pozdrav

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 13-Oct-2011 at 14:45
Абе не градиш тврдина, зашто така стигматизирачки кон гипс-картон-от. Одлично решение е тоа за внатрешни ѕидови. И за изолација може да се постави внатре каква сакаш, и за инсталации и за монтажа и за некои идни планови флексибилен си во распоредот на собите внатре.
Back to Top
maci View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote maci Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 15-Oct-2011 at 12:01
Originally posted by GeToM



Za da ne optovaruvam so nov topic, bi postavili slicno prasanje tuka..se raboti za najeftina i najpovolna varijanta za vnatresni zidovi...verojatno matematikata e razlicna bidejki nema izolacija kako za nadvorecnite zidovi.. Znaci imam zatvorena karabina na gorniot kat i sakam da ja dogradam ..prv cekor e sekako zidovi. E sega se mislev za najednostavno najeftino so gips karton..ammaaa..nekako mislam deka tuli bi bile podolgorocno i stabilno resenie kako i so podobra zvucna izolacija. Prasanjeto e dali ytong ili standrdna....( standardna = poeftino(materijal) + poveke vreme + malterisuvanje, dodeka Ytong = poskapo (materijali) + pobrzo i verojatno sam ke mozam da go srabotam...

ve molam za mislenje ili idei dopolnitelni zanajbrzo i najekonomicno resenie...

pozdrav



убаво ти викаат за внатрешни зидови е добра варјанта гипс картон.незнам што ќе лупаш цигли.единствено ако планираш да закачуваш висачи од кујна или лцд.
незнам дали и колку ќе држат гип таблите?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 15-Oct-2011 at 19:30
иако има гипс картонски табли,висаќите може да се закачат со ударни типли дирекно во блокот,низ гипсот само ќе поминат,а цврстината ќе ја дава блокот и малтерот
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.