build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - ЛАЗ)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 44>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
KinDeR View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 04-Jun-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote KinDeR Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 22-Jan-2011 at 09:28
 
Originally posted by Dexter26

 
Ако се 15 автобуси на 3 линии, тогаш тоа значи дека секоја линија ќе биде обновена со 5 нови автобуси, што значи дека има да се изначекаме додека да добиеме 100% обновени линии, бидејќи додека не пристигнат сите останати нови автобуси од украински ЛАЗ, дури и на овие 3 линии ќе сообраќа по некоја застарена канта. 
 

Dexter26 и да стигнат сите ЛАЗови пак нема да се осети подновувањето. Кинеските двокатни се тие што ќе ја направат разликата. Сепак се тие 200. Мада и кога ќе стигнат кинеските нема 100% да се смени возниот парк. Сигурно ќе сообраќаат и по некој од "поновите" од досегашниот возен парк.

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 22-Jan-2011 at 15:18
Originally posted by KinDeR

Dexter26 и да стигнат сите ЛАЗови пак нема да се осети подновувањето. Кинеските двокатни се тие што ќе ја направат разликата. Сепак се тие 200. Мада и кога ќе стигнат кинеските нема 100% да се смени возниот парк. Сигурно ќе сообраќаат и по некој од "поновите" од досегашниот возен парк.

 
Тоа дефинитивно да.
Јас знам дека има да се изначекаме до крајот на 2013, кога треба да пристигнат последните двокатни градски автобуси од кинески Јутонг, и кога над 60% од возниот парк на ЈСП Скопје ќе биде обновен.
По тоа што многумина ми го имаат кажано, ЈСП Скопје во моментов располага со нешто околу 440 градски автобуси, а 200-те двокатни градски автобуси од кинески Јутонг и 84-те нископодни градски автобуси од украински ЛАЗ, заедно се вкупно 284 автобуси, што значи дека сеуште остануваат уште 156 застарени автобуси, но од ЈСП Скопје уште на почетокот убаво потенцираа дека дури и откако ќе пристигнат новите градски автобуси, сепак ЈСП Скопје ќе ги задржи градските автобуси произведени во 1997 и 1998 од поранешен ФАС 11 Октомври, денешен САНОС.
А баш за тие автобуси од Слобода Превоз едно време го советуваа ЈСП Скопје да ги модернизира, бидејќи можат да користат еколошки мотори и бидејќи може да им се вградат клима уреди, ем да не ја загадуваат околината, ем да им пружат поудобен превоз на патниците.
Но ЈСП Скопје останаа глуви на ваквите предлози и ништо не превзедоа за да ги модернизираат автобусите произведени во 1997 и 1998 од поранешен ФАС 11 Октомври, денешен САНОС.
Останува да се надеваме дека во меѓувреме можеби ќе се опаметат и ќе ги модернизираат истите тие постари автобуси, или можеби во меѓувреме повторно ќе купат по уште некој нов автобус.
Како и да е, останува времето да си го направи своето.


Edited by Dexter26 - 22-Jan-2011 at 15:18
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4745
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 22-Jan-2011 at 21:02
ЛАЗ работает!!!

Холдинг «ЛАЗ» победил в тендере на поставку 84 автобусов для города Скопье, Македония общей стоимостью более 10 миллионов Евро.

7 декабря завершился государственный тендер на поставку 80-ти низкопольных городских автобусов длиной 12-метров и 4 сочлененных низкопольных городских автобуса длиной 18.5–метров для нужд городского транспорта столицы Македонии – Скопье.

Геологические и географические особенности размещения города сделали невозможным строительство метрополитена. Эти и другие факторы определили роль автобусов как основной единицы муниципального транспорта.

На первом этапе участвовали 24 компании - производителя автобусов. Все известные мировые бренды. Принимали участие и китайские производители.

На второй этап по результатам рассмотрения наилучшей цены, качества и комплектации автобусов, программы сервисного обслуживания техники, опыт производства и «стаж» торговой марки на рынке - были выбраны предложения компаний:

"SOLARIS Bus & Coach .A.” (Польща)
"Yutong Group Co. Ltd” (КНР)
"Львовский автобусный завод” (Україна)

Победителем объявлен ЛАЗ !

После рассмотрения предложений второго этапа наиболее выгодным признано предложение ТОВ «Львовский Автобусный Завод». Кроме наилучшей цены, дополнительными преимуществами признаны отличный дизайн, качество и комплектация автобусов, программа сервисного обслуживания техники и широкая известность торговой марки на рынке.

Аукцион проводился по сети Интернет в реальном времени с использованием программного продукта Electronic system of public procurement (ESPP), разработанного при поддержке USAID в рамках программ развития электронного правительства.

Автобусы ЛАЗ для Скопье будут сертифицированы на соответствие стандарту «Евро 4», оснащены климат контролем пассажирского салона и кабины водителя, двигателем DEUTZ, шасси «ZF» (автоматическая коробка передач, передняя ось, задний мост, рулевой механизм) цифровой тахометр, электрический автоматически регулируемый пандус для инвалидных и детских колясок и много других новинок.


http://laz.ua/ru/press/news/1514/
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
BKV View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 26-Dec-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote BKV Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 23-Jan-2011 at 20:28
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4745
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 23-Jan-2011 at 20:39
Дякую! So when is this taken, yesterday or today? And were there only three busses, or there were more?

Edited by гитардемон - 23-Jan-2011 at 21:32
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
BKV View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 26-Dec-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote BKV Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 23-Jan-2011 at 21:22
http://alltransua.com/forum/topic.php?path=23&page=14#bottom
Here folks tell that picture have been taken today (23.01.2011)
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4745
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 23-Jan-2011 at 21:30
So the photos were taken while the busses were passing through L'viv. That's interesting, since I figured they'd pass through Moldova, Romania and Bulgaria, but this route seems to go through Poland and Slovakia. Any info on this?

And from what it seems, we have ourselves a name, finally! The guy says the model is ЛАЗ А183.

Edited by гитардемон - 23-Jan-2011 at 21:33
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
BKV View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 26-Dec-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote BKV Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 23-Jan-2011 at 21:46
Originally posted by гитардемон

So the photos were taken while the busses were passing through L'viv. That's interesting, since I figured they'd pass through Moldova, Romania and Bulgaria, but this route seems to go through Poland and Slovakia. Any info on this?
I dont know a contract details< but two options are available: own transportation through Romania>>Bulgaria>>Macedonia or by sea. What I see in a photo, buses stau on the street which is directly conected to international subway Kyiv-Chop, so a few directions are available...Smile

And from what it seems, we have ourselves a name, finally! The guy says the model is ЛАЗ А183.
Yes, this is a family of ЛАЗ А183, but it's an old name, a new one LAZ 12LF (Low Floor)Yes
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4745
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 23-Jan-2011 at 21:56
Originally posted by BKV


I dont know a contract details< but two options are available: own transportation through Romania>>Bulgaria>>Macedonia or by sea. What I see in a photo, buses stau on the street which is directly conected to international subway Kyiv-Chop, so a few directions are available.


Oh damn, I forgot LAZ is from L'viv not Kyiv! I just thought since they chose to go from Kyiv to L'viv, they set foot to go via Poland, but as you pointed out, they're starting from L'viv and they can choose any route they want. Моя помилка!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 23-Jan-2011 at 22:10
Само три аутобуси?
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4745
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 23-Jan-2011 at 22:21
Интересно е што автобусот што дојде во Скопје на хомологација има регистарска табличка АС 3210, додека овие на сликите имаат таблички АС 3209, АС 3211 и АС 3212. Изгледа топтан ги регистрирале (што значи навреме си биле готови), само не ги пуштаа додека не дадеме зелено светло по хомологацијата.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 23-Jan-2011 at 22:34
@ BKV
Any particular reason why they aren't delivering them by rail transport?



Originally posted by гитардемон

Интересно е што автобусот што дојде во Скопје на хомологација има регистарска табличка АС 3210, додека овие на сликите имаат таблички АС 3209, АС 3211 и АС 3212. Изгледа топтан ги регистрирале (што значи навреме си биле готови), само не ги пуштаа додека не дадеме зелено светло по хомологацијата.
Тешко дека се класично регистрирани, претпоставувам дека тоа се таблички за привремена регистрација кои и се алоцирани на фабриката и кои откако некои автобуси ќе бидат испорачани ги вадат и ги ставаат на други нови автобуси.

Back to Top
BKV View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 26-Dec-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote BKV Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 23-Jan-2011 at 23:27
I think transportation cost - by rails would be expensive, but this question usually discussed with buyer - if he is ready to pay buses may be delivered even by airplan
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 26-Jan-2011 at 22:19
Завршена проверката на украинските автобуси, се чекаат и останатите 14


Многу наскоро граѓаните на Скопје ќе можат да се возат во новите автобуси производени во фабриката “Лаз“ во Укрина. Сите потребни процедури се завршени, се чека само да пристигнат останатите автобуси од првата пратка.

Хомологацијата на автобусот што пристигна пред Нова Година е завршена од експертите на Машинскиот факултет. Својата работа ја заврши и македонска екипа од експерти која беше во Украина каде изврши хомологација на останатите автобуси кои многу наскоро треба да сообраќаат по скопските улици.

Од Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“ информираат дека до нив бил доставен извештајот од Бирото за метеорологија во кој освен мали забелешки за автобусите, немало никакви поголеми проблеми.

“Доставен ни е извештајот со мали забелешки, но сите тие се коригирани за време на посетата на македонските експерти во Украина, кои заминаа на хомологација на останатите автобуси. Станува збор за ситни забелешки кои се однесуваат на пример на рачките или некои такви ситници кои се веќе санирани“, ни изјави Биљана Јанкуловска, шеф на кабинетот на директорот на ЈСП.

Од ЈСП додаваат дека испораката на автобусите се очекува во текот на наредната недела, но секако тоа зависи и од пратката од Украина како и од Министерството за транспорт и врски.

Од Министерството за транспорт и врски потврдија дека стручната екипа од Македонија беше во Украина со цел проверка на техничките особености на произведените автобуси и тој процес е комплетиран.

За доцнењето при испораката, украинскиот производител ќе треба да плати и пенали од 0,1 отсто од вредноста на автобусите. Украинците исто така, ќе треба да приложат и дополнителна документација за извршена хомологација на автобусите во Германија.

“Согласно договорот за набавка е предвидено производителот на автобусите за секое задоцнување од предвидената динамика на испорака да плаќа пенали во висина од 0,1 отсто од вредноста на неиспорачаните автобуси, за секој ден задоцнување. Доколку по истекот на предвидениот рок не бидат испорачани потребните автобуси, Министерството за транспорт и врски ќе постапи во согласност со законските прописи“, велат од Транспорт.

Украинците треба да произведат вкупно 84 автобуси за потребите на ЈСП за што Министерството треба да плати 11 милиони евра.


Скопјани со нетрпение ги очекуваат новите автобуси бидејќи возењето во возилата од сегашниот возен парк на ЈСП, како што некои граѓани опишуваат “станува неподносливо“ особено во зимскиот период кога температурите паѓаат и под нулата, а во автобусите нема греење.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=81948&kategorija=2
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 27-Jan-2011 at 14:54

ЈСП

Уште пет автобуси пристигнаа од Украина

27.01.2011, 14:44

Пет од вкупно 84-те автобуси што ги изработува украинскиот производител „ЛАЗ“, а се дел од владиниот тендер за набавка на автобуси за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, изутрината пристигнаа во Македонија.

Во моментот тие се сместени на царинското складиште „Фершпед“ и започнати се царинските процедури.

Од Јавното сообраќајно претпријатие истакнуваат дека по завршувањето на сите правни процедури автобусите ќе бидат пуштени во сообраќај.

„Во моментот ги почнуваме царинските процедури и процесот на хомологација. Останатите автобуси ги очекуваме согласно договореното до 31 јануари. Во Македонија досега се пристигнати шест автобуси, а останатите девет ги очекуваме до крајот или почетокот на следната недела“, изјави директорот на ЈСП Мишо Николов.

Претходно, во декември во Македонија пристигна еден автобус кој беше даден на хомологација на Машинскиот факултет. Согласно тендерската процедура, останатите 69 автобуси од украинскиот производител треба да пристигнат во текот на годинава.

Автобусите од украински „ЛАЗ“ се нископодни и располагаат со 30 седишта и електронска рампа за лица со посебни потреби. Обоени се во црвено како другите автобуси на ЈСП. Околу 70 отсто од деловите во овие автобуси се од германско потекло.

Што се однесува до испораката на автобусите од кинескиот производител „Јутонг“, Николов информира дека таа треба да почне во октомври, а првиот примерок се очекува да пристигне кон почетокот на март.

 
http://utrinski.com.mk/?ItemID=B1E75A5896CDA649BF701425F92381E7


Edited by pbanks - 27-Jan-2011 at 14:55
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 27-Jan-2011 at 23:15
http://www.makedonija24.mk/?ContentId=1564&CatId=10

Фала му на Бога.
Редно време беше нешто вакво и кај нас да се појави.
 
Мислам на Интернет телевизијата, а не на автобусите,
иако веста е поврзана со автобусите.
 
Ова е нешто поинакво за разлика од Zulu и не знам уште кои други Интернет сервиси.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4745
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 27-Jan-2011 at 23:37
Па ова е најдоброто нешто што се случило во нашето новинарство! Плус, спикерот не збурува каку да е субран уд улица, како на сите други национални телевизии.

Нема ништо ново во веста, ама каналот е доволна новост. Како го најде?

Инаку во секцијата за интервјуа има добри интервјуа кои опфаќаат и билдерски теми.

Edited by гитардемон - 27-Jan-2011 at 23:40
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 27-Jan-2011 at 23:51
Originally posted by гитардемон

Па ова е најдоброто нешто што се случило во нашето новинарство! Плус, спикерот не збурува каку да е субран уд улица, како на сите други национални телевизии.

Нема ништо ново во веста, ама каналот е доволна новост. Како го најде?

Инаку во секцијата за интервјуа има добри интервјуа кои опфаќаат и билдерски теми.

 
Чисто чепкав од досада на Google, и го најдов.
Најстарите вести им се од 7 декември 2010, што значи дека речиси 2 месеца ги има на Интернет.
Добра работа, и дефинитивно за поздрав.
 
Не знам дали имате забележано, но има и телевизија 24 Вести, по цел ден даваат само вести, иако не се постојано во живо и не се постојано up-to-date како CNN и BBC, но дефинитивно се за пофалба.
Даваат вести од, да речеме 00:00 до 00:30, а потоа даваат документарни емисии или документарни филмови од 00:30 до 01:00, а потоа повторно 30 минути вести, па потоа повторно 30 минути документарни емисии или документарни филмови итн. итн. итн.
Тоа им е секојдневната програма.
Телевизијата ја има на MaxTV, а за Boom TV и за кабелскиве телевизии, не знам дали ја даваат.
Телевизијата е од тип на телевизија која може да се гледа само на кабелска телевизија, или на сателитска телевизија, со обична собна антена не може да се фати аналоген сигнал, бидејќи немаат нивни безжични аналогни предаватели.
 
Но ова со http://www.makedonija24.mk/ е одлична работа, бидејќи слободно можеш, кога сакаш, преку Интернет, да дојдеш до бараната вест, наместо да чекаш да дојде на ред истата за да ја дадат на телевизија, а останативе телевизии, иако редовно ги update - уваат нивните веб сајтови со најнови вести, сепак, секој ден се случува на некоја вест да го објавуваат само текстот, а не и снимената содржина.
Еве, на пример, на веб сајтот на Сител го даваат само текстот за веста за новопристигнатите 5 нископодни градски автобуси од украински ЛАЗ, но не и снимената содржина. Можеби во меѓувреме ја закачиле или допрва ќе ја закачат снимената содржина на веб сајтот, но факт е тоа дека во моментов, нешто пред 00:00 на полноќ помеѓу 27 јануари и 28 јануари 2011, ја нема снимената содржина на веб сајтот на Сител.
 
Поентата ми беше, барем засега и едните и другите делуваат доста независно и политички неориентирани, тоа ми се допаѓа, бидејќи ми е преку глава од овие "во афект", "латасовци", и не знам кои други.

Се извинувам бидејќи не малку, туку малку повеќе одлетав од темата.


Edited by Dexter26 - 28-Jan-2011 at 00:02
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4745
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 28-Jan-2011 at 20:04
Украинските автобуси пристигаат



Уште пет украински нископодни автобуси вчера пристигнаа во царинските складишта, а утре се очекува од Украина да тргнат уште девет, за кои директорот на јавното сообраќајно претпријатие, Мишо Николов, очекува да пристигнат до крајот на месецот.

- Засега се изведуваат царинските процедури, по што автобусите ќе одат на хомологација на Машинскиот факултет, потоа треба да бидат лиценцирани и регистрирани. Овие процедури сигурно ќе траат една недела. Освен тоа, автобусите со одлука на Владата, од Министерството за транспорт и врски треба да бидат предадени на Градот, кој пак треба да ги предаде на ЈСП - објасни Николов и додаде дека тие се со црвена боја, која е препознатлива за возниот парк на ЈСП.

Инаку петнаесетте нископодни автобуси, од кои четири зглобни, требаше да пристигнат до крајот на минатата година. Според договорот, за секој ден доцнење со испораката украинската фабрика „Лавов“ ќе плати пенали во износ од 0,1 проценти од вредноста на испорачаните автобуси.

- Останатите 69 од вкупно 84 нископодни автобуси треба да бидат испорачани во текот на годината во согласност со тендерската документација - нагласи Николов.

За 84 нископодни автобуси Владата треба да плати 11 милиони евра.

Од ЈСП велат дека на почетокот на март очекуваат да пристигне првиот примерок од двокатните автобуси, а кинеската групација „Џенгџоу Јутонг“, која ги произведува, веќе поднела документи за хомологација во Германија.

Оваа компанија треба да испорача 202 двокатни автобуса со ретроизглед, слични на тие што сообраќале во Скопје во 50-тите и 60-тите години. И тие ќе бидат со црвена боја. За 200 двокатни автобуси, според понудата на Кинезите, Владата треба да плати речиси 32 милиона евра и плус 282 илјади евра за двата двокатни отворени автобуси. Според тендерот, „Ју Тонг“ се обврзува во 2011 и 2012 година да испорачува по 68 автобуси, а во 2013 година и уште 66 двокатни автобуси. (А.П.)


http://dnevnik.mk/?ItemID=E26C5A4FB6A49A4F879531FA488F1A51

И валкани убави се!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 29-Jan-2011 at 15:59
Originally posted by гитардемон

http://dnevnik.mk/?ItemID=E26C5A4FB6A49A4F879531FA488F1A51

И валкани убави се!

 
Море нека ги пуштат прво во сообраќај, да видиме дали после 3 месеци
и понатаму ќе личат на нови, или ние скопјани ќе ги декорираме во наш "скопски" стил.
 
Originally posted by Dexter26

Не знам дали имате забележано, но има и телевизија 24 Вести,
по цел ден даваат само вести, иако не се постојано во живо и не се постојано
up-to-date како CNN и BBC, но дефинитивно се за пофалба.

 
Уште една работа што ја открив за 24 Вести.
Телевизијата може да се гледа и преку Интернет од веб сајтот на MaxTV на T-Home:
 
http://www.web.maxtv.mk/
 
Ова го открив денеска, бидејќи T-Home од неодамна почнаа со
бесплатната Web MaxTV услуга, достапна само за корисници од Македонија.
Ја освежиле листата на online канали, порано даваа многу помалку канали на Web MaxTV.


Edited by Dexter26 - 29-Jan-2011 at 19:51
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 44>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.