build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2930313233 48>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #601 Posted: 03-Apr-2011 at 14:45
Донесен деталниот урбанистичкиот план за комплексот „Агроберза“ во Кочани

Кочани, 2 април 2011 (МИА) - За искористување на геотермалната енергија во областа на земјоделството, Општина Кочани го донесе Деталниот урбанистички план за изградба на комплексот „Агроберза“, кој ќе зафаќа површина од 25 хектари.

Локацијата дава можности за оранжериско производство на раноградинарски производи и цвеќиња, инсталирање на тропски градини, изградба на откупен центар за земјоделски производи, како и на објекти за примарна и финална обработка на земјоделски производи.

Потенцијалните инвеститори имаат можност за откуп на земјоделско земјиште на лицитација по цена од едно евро за еден метар квадратен. Исто така општината ќе обезбеди можност бесплатно да се добијат годишно околу еден милион метри кубни искористена геотермална вода со температура од 25-35 степени Целзиусови (која потоа мора да биде вратена во реинејкцискиот систем).

Општината ќе обезбеди 50 литри во секунда геотермална вода со температура од 75 степени Целзиусови по цена добиена од Регулаторната комисија на Република Македонија.

Се најавуваат и можни даночни олеснувања кои се во надлежност на локалната самоуправа.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=82591460&lId=1&pmId=
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #602 Posted: 07-Apr-2011 at 13:28
Општина Кисела Вода на сајтот постави неколку урбанистички планови!http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=277
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #603 Posted: 18-Apr-2011 at 12:47

На местото на ОХИС ќе се формираат 40 нови градежни парцели

На%20местото%20на%20ОХИС%20ќе%20се%20формираат%2040%20нови%20градежни%20парцели

Според новиот Детален урабнистички план за фабриката ОХИС, кој наскоро треба да го усвои Советот на општина Кисела Вода, површината на фабриката ќе се парцијализира на 40 делови. Ова го соопшти градоначалникот на општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, кој додаде дека со реализација на овој план ОХИС нема повеќе да биде потенцијален загадувач.

“На следната седница го усвојуваме Деталниот урбанистички план,  во кој предвидуваме содржини кои се многу важни за нас. ОХИС ќе биде поделен на 40-тина парцели. Предвидено е на 3 хектари да бидат сместени Јавното претпријатие „Комунална хигиена, потоа механизацијата на „Улици и патишта“, а на околу 7 хектари ќе се прави Меморијален центар, кој е потреба за овој дел од градот“, изјави Ѓорчев.

http://www.time.mk/read/eba274245f/3361e9a82b/index.html
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #604 Posted: 18-Apr-2011 at 16:46
Значи ништо од продавање фабрикава? Или ова се некои делови од дворот што не се преклопуваат со погоните?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #605 Posted: 27-Apr-2011 at 17:52
„Invest in Prilep“ видео клип кој во кратки црти го презентира ГУП-от на Прилеп, како и некои поединечни локации за потенцијални инвестиции.

15MB

http://www.build.mk/docs/users/1/Urbanizam/Prilep/UP Invest in Prilep.wmv


Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #606 Posted: 04-May-2011 at 02:59
Да не се градат згради во населби со куќи


Членот 32 од Законот, сметаат подносителите, меѓу кои и пратеничката Лилјана Поповска, отвора можност градоначалниците да се договараат со инвеститорите и да склучуваат коруптивни договори

Група граѓани поднесоа иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на уставноста и законитоста на членот 31 од Законот за просторното и урбанистичко планирање. Станува збор за одредбата која дозволува индивидуална градба да се смета дури и објект во кој има осум стана, и тоа со по 250 квадратни метри. Овој член од Законот, сметаат подносителите, досега успеал да ја деградира животната средина во цела метропола. Без разлика на фактот дали урбанистичкиот план е дециден околу индивидуално домување во некоја населба, инвеститори, благодарение на оваа одредба успеваат на местата на малите трошни куќарки легално да изградат висококатници.

Како подносител на иницијативата се јавува пратеничката Лилјана Поповска, но и Стамен Филипов, правник во пензија, кој досега соборил над 200 законски одредби. Поповска вели дека со сегашниот начин на градење се наметнува спротивно правило и затоа на местото на малите куќи се градат повеќекатници. Со тоа се оштетени и урбаните населби и руралните средини. На мали површини се подигаат големи објекти, без доволно простор околу нив за зеленило, паркинг, движење на луѓето.

- Тоа не е индивидуална градба, куќа, тоа е зграда. Тоа е скандалозно и неодржливо. Со тоа се повредува основната поставка на Уставот, во кој се вели дека секој човек има право на здрава животна средина - вели Поповска.

Оспорениот член од Законот за просторното и урбанистичко планирање, потенцира таа, отвора можност локалните градоначалници да се договараат со инвеститорите и да склучуваат коруптивни договори.

Стамен Филипов, исто така подносител на оваа иницијатива, дополни дека пред Уставниот суд го оспориле и целиот Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање донесен минатата година. Причината за такво нешто е што не може да ги регулира правата и обврските на граѓаните.

- Тоа треба да се направи со Законот. И како второ, Правилникот не е усогласен со европските стандарди, затоа и бараме Уставниот суд да се изјасни и за него -изјави Филипов.

Советниците во општинските совети ги нарекуваат машинерија која ги гласа плановите, без притоа да знае точно што се предвидува и случува. Реагираат и поради кратките рокови на јавни расправи, во кои на граѓаните не им се остава можност да дознаат што се подготвува со плановите.

- Граѓаните дознаваат за вистината дури откако пред нивните куќи, и тоа преку ноќ, ќе изникне дупка, која многу брзо ќе се претвори во висококатница, бидејќи се гради и во саботи и во недели, па и за празници, во недостиг на трудовата инспекција - реагира Поповска.

Југослав Миленковиќ, портпарол на Уставниот суд, изјави дека предметот е во прва фаза, односно прибираат докази пред да донесат конечна одлука.

Анела Петрова


Градежниот хаос почна од Дебар Маало

Ѓорче Петров, Карпош, Дебар Маало во Центар и Кисела Вода се населбите кои изминативе години се најоштетени од членот 31 од Законот за просторното и урбанистичкото планирање, кој дозволува изградба на згради на местата на мали куќи, сметаат подносителите на иницијативата до Уставниот суд за преиспитување на неговата законитост и уставност.

- С` започна со Дебар Маало во времето кога градоначалник беше Мирослав Грчев. Тоа како модел веќе почна да се пресликува и во другите населби од градот. На градоначалниците тоа убаво им дојде - вели жителка на Хром, една од потписничките на Иницијативата за преиспитување на законитоста на овој член пред Уставниот суд. Вели дека само во Хром, во тесни улици до 3 метри, на повидок е изградба на висококатници на местата на мали куќи, и тоа на повеќе улици меѓу кои Тодор Циповски Мерџан, Воин Драшковци.

- Дали е тоа возможно? Инфраструктурата за електрична енергија, за водата нема да го издржат тоа, исто како во Дебар Маало и во Кисела Вода - додава таа.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5C666D06358CF04EAE60B0D03CB37E85




Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #607 Posted: 17-May-2011 at 09:14

СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА ДОНЕСЕ НОВ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН

ГУП ја дизајнира иднината на Прилеп

Над 50 отсто повеќе површина за бизнис, простор за индивидуална и станбена градба за домување, проширување улици, капела на Старите гробишта, училишта... Тоа се дел од проекциите на новиот генерален план на Прилеп, кој го донесе Советот на Општината.

Градоначалникот Марјан Ристески изјави дека документот е од круцијално значење за развојот на градот, со кој е дизајнирана иднината.

- Проекциите се на 1929 хектари или 400 хектари повеќе, главно површини за работните зони за индустријата, за сервиси, стоваришта... Определена е површина за бизнис-секторот за 50 отсто поголема. Главно бизнис-зоните се насочени кон патните правци за Македонски Брод и покрај стариот пат за Битола. Економски ориентираниот генерален план ќе придонесе за привлекување инвестиции, и тоа не само на домашните вложувачи. Одреден е простор и за градба на индивидуални објекти и за колективна станбена изградба. На местото на оранжериите на поранешниот ЗИК „Прилеп“ ќе никне населба со семејни куќи со висок стандард на живеење. Планот ја проектира перспективата на градската инфраструктура, паркови и зеленило, локации за јавни институции - изјави Ристески.

Тој ги посочи и просторите за станбени згради во населбата Точила, кај старата болница и на други локации.

- Планот е изготвен по десет години. Тој е добредојден документ во моментот кога градежното неизградено земјиште од 1 јули станува предмет кој ќе го стопанисуваат локалните власти, а не како досега, државата - рече Ристески.

Документот, креиран две години, претставува адаптирање на потребите на граѓаните и бизнисот и проекции за следните десетина години. Локалната самоуправа најави 3Д-верзија на планот на интернет. Вкупните давачки за изработката изнесуваат околу 5 милиони денари.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A7FFB3D67B00764EB3E0FBB348B9C0F3
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #608 Posted: 20-May-2011 at 22:02
Во еден Дуп на една урбана единица од општина Аеродром, на место на парцела со 40 гаражи (објект тврда градба), впишана е зграда за домување при што за целите на зградата предвидени се паркирања во склоп на градежната парцела-подземно, но не и за 40 гаражи кои се избришани, а се очекува инвеститорот да им даде парична надокнада ( да им ги откупи). Работата е во тоа што ние немаме паркинг место и она што го имаме го узурпираат за зграда, а со тоа и станарите кои ги имаат откупено гаражите ( на времето) и се во нивна сопственост ке останат без паркинг. Иако општината од една страна промовира градење на паркинзи, ги дава на "узурпирање"  на ј.п. градски паркинг слободните паркинзи кои после профитираат од тие веке платени места, гради паркинзи и бара да се обезбедат пракинзи при одредени доградби и надградби, од друга страна таа потенцијалните места за паркинг ги пренаменува во одреден профит. Нашите 3 згради кубурат со паркинзи кои се направени според стандардите во 60-те години и сега моментално поради зголемениот број на возила и стандарди наместо на таа локација каде што беа гаражите да се впише подземен паркин кој во иднина ќе се изгради, они постоечкиот го бришат. Дали има правни рамки да се побара промена на дупот и евентуално бришење на зградата и вцртување на паркинг или на друга локација впишување на паркинг затоа што никаде ама никаде не е предвиден паркинг за овој дел. Па ако знае некој како одат работите со бришење на зграда и слично нека сподели искуство па повелете!


Edited by Baze - 20-May-2011 at 22:05
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #609 Posted: 22-May-2011 at 18:32


Бројот на потребни паркинг места за постоечките објекти мора да биде запазен во ДУП-овите, тоа е правно регулирана обврска на планерите. Колку што сум можел да приметам до сега, барем теоретски секогаш ја почитувале таа обврска, односно во урбанистичките планови предвидувале толку колку што налагаат стандардите (а на терен, после триста дубари, сосема друга слика), вклучувајќи ги и ДУП-овите за стари станбени населби со голем број веќе постоечки објекти планирани според друга регулатива... во таквите ДУП-ови, поради нови стандарди, барем на хартија се расфрлаа со нови големи паркинзи по цена најголем дел од постоечкото зеленило. За нови објекти од неодамна имало поинкави правила, односно бројот на задолжително потребни паркинг места се одредувал согласно конкретниот проект, но тоа е за друга тема, битно за постоечките објекти нема играње со цифрите.

Така да прашањето е дали сепак барем формално немаат вцртано некаква алтернатива со која ги надокнадуваат паркинг местата што се губат? Не мора да е добра или практична алтернатива, не мора да е ниту реално остварлива, туку доволно за да бидат чисти пред законот... Доколку имаат вцртано, мислам дека на располагање за жал ви останува само граѓански притисок до општината.

Но доколку имаат направено пропуст, дефинитивно ДУП-от треба да биде предмет на преиспитување. Мислам прва адреса на која треба да се обратите секако е секторот за урбанизам на општина аеродром, а во зависност од нивната реакција, ќе видите како понатаму.
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #610 Posted: 28-May-2011 at 02:46
Vest sto ja procitav denes nisto po detalno zasega
Охрид ќе добие современ спортски комплекс
Со вчерашното усвојување на предлог одлуката за донесување детален урбанистички план за Урбана заедница 17, Урбан блок 17.2 опфат 1, 2009-2014 (Спортски центар Атина Бојаџи), од страна на советниците, се даде зелено светло за изработка на архитектонско- урбанистичкиот проект за градежната парцела на овој простор на која ќе биде изграден современ спортски комплекс.

Како што потенцира раководителот на секторот за урбанизам при локалната самоуправа, Бранко Арнаудоски, за да се стави предлог одлуката за овој простор пред советниците, претходел долг период договори со министерството за транспорт и врски и министерството за животна средина, по што била добиена согласност од надлежните министерства.



Во рамки на комплексот е предвиден стадион со капацитет од 25. 000 гледачи, покриена спортска сала, една помошна спортска сала, два базени од кои едниот ќе биде покриен и еден на отворено, помошни спортски терени за голем фудбал, за мал фудбал, кошарка, тенис, одбојка, како и еден објкет кој во зимски период ќе се користи како лизгалиште, а во летниот како игралиште за хокеј на трева.

Во комплексот е предвиден и паркинг простор кој ќе го опслужува целиот комплекс, кој ќе се протега на голема површина под нивото на теренот и над првиот кат, а на приземниот кат ќе има содржини поврзани со спортските активности .

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3870
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #611 Posted: 05-Jun-2011 at 08:44
Najdov urbanisticki plan od Saraj



Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #612 Posted: 05-Jun-2011 at 10:04
PreviousДај Боже да го средат делов, на влез на Скопје е.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #613 Posted: 30-Jun-2011 at 22:02
Вардар ќе добие уште еден пешачки мост
Објавено: пред 26 минути | Прочитано: 29 | Печати |



Академијата за драмски уметности ќе добие нов објект во близина црквата „Пресвета Богородица“. Ова е дел од измените на предлог одлуката за Деталниот урбанистички план „Пресвета Богородица, кои се усвоија на денешната седница на Советот на општина Центар.
Новина зацртана во планот е и изградба на црковен комплекс околу постоечката црква, во кој ќе бидат сместени крстилница за богослужителите, библиотека на Македонската православна црква, а во предниот дел на црквата ќе се гради објект кој ќе биде официјална резиденција на МПЦ. Целата парцела која според новите измени на ДУП-от е поделена на два дела, ќе добие и плоштад кој со нов пешечки мост ќе се поврзува со другата страна на кејот на реката Вардар. Според проектантот Благоја Тагасовски од проектамтската фирма „Импума“ задолжена за изработка на деталните урбанистички планови, идејата за овој мост не е нова и се сретнува во ДУП-вите од 1965 година, па наваму, како и во проектите на аритектот Кензо Танге, но досега не е реализирана.
-Останатите делови од планот се успогласување на урбанистички плански документации. Постојат два објеки кои заштитени, „Стара макеоднска куќа“ која сега е кафеана и една санбена куќа што се наоѓа на булеварот Крсте Мисирков . Се воспоставува еден режим на заштита, кој забранува околу нив да се градат премногу високи објекти. Морфологијата на палнот е задржана од претходните планови – вели Тагасовски.
Според урбанистичкиот план, најблискиот објект до кејот на реката Вардар е на околу 30 метри.
ГМВ
http://www.time.mk/read/NONE/24dc46dfbf/index.html
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #614 Posted: 06-Jul-2011 at 12:36

ДУП за центарот

На претстојната 38.седница на Советот на општина Гевгелија на дневен ред ќе се најде Предлог-одлуката за донесување на ДУП за централното градско подрачје во Гевгелија.


Седницата на Советот е закажана за 8.07.2011 година (петок), со почеток во 13 часот, а на истата се очекува да биде донесен и УП вон населено место за комерцијални и деловни намени во КО Негорци, м.в."Долна Корија" , спроти Негорските бањи.
Со донесувањето на ДУП за центарот на градот се создаваат основните предуслови за урбанистичко-архитектонско оформување на централното градско подрачје. Пред се, дислокација на пазариштето и автобуската станица со што всушност и ќе се создадат услови за реализација.



Извор
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #615 Posted: 09-Jul-2011 at 15:24
Нов урбанистички план за Битола

Општина Битола годинава ќе ја почне постапката за изработка и донесување нов генерален урбанистички план-ГУП за градот и населените места.
Според новата програма за просторно и урбанистичко планирање, локалната самоуправа е во постапка на донесување на ГУП-урбан опфат „Баир Битола“ за површина од 82 хектари, како и ГУП за урбаната населба Довлеџик која се наоѓа на влезот во овој град од страната на Охрид.

Од општина Битола информираат дека во тек е постапката за донесување на 38 детални урбанистички планови-ДУП, кои се во фаза на нацрт, а чие доцнење беше предизвикано од ставањето во мирување на повеќе активности поради одржувањето на предвремените парламентарни избори, во кои кандидати за пратеници беа и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и претседателката на општинскиот Совет, Лилјана Кузмановска.

Како што е познато, градоначалникот Талески се откажа од функцијата пратеник, додека пак на седницата на Советот на општина Битола што ќе се одржи в понеделник, на местото на сега пратеничката Кузмановска, ќе биде избран нов претседател на овај локален орган со што ќе продолжи донесувањето на одлуку од надлежноста на локалната самоуправа.


http://kurir.mk/republika/opstini/35696-Nov-urbanisticki-plan-za-Bitola
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #616 Posted: 11-Jul-2011 at 03:47

Советот на општина Гевгелија го донесе ДУП за центарот на Гевгелија со кој конечно се утврдува урбанистичката рамка и ново урбанистичко уредување на централното градско подрачје.



Локалитетот се наоѓа во западниот дел на Гевгелија, а е лоциран во градскиот градежен реон. На север границата оди по улица „Мицо Шаренко“, скршнува на југ по улица „7ми Ноември“, а на исток до улица „Гевгелиски партизански одред“.На исток границата оди по осовина на улица „Гевгелиски партизански одред“ и улица „Кирил и Методиј“.

На југ границата оди по осовината на улици „Ристо Фаршинин“ и „Јосиф Јосифовски“, додека на запад границата оди по осовина на улица „Ѓорѓи Велков“, скршнува на запад по улица „Маршал Тито“, скршнува на север по улица „И.Л. Рибар“ и улица „Ристо Шуклев“. Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 15.5 ха.

Во блокот се планираат објекти за домување, комерцијално деловни и јавни намени, а во
централното градско подрачје е предвиден простор за живеење на 1088 домаќинства со
3920 жители, а нето густината на живеење во рамките на локалитетот изнесува 500 ж/ха.
Инаку, централното градско подрачје во Гевгелија се состои од 6 дела во кои се
планирани над 300 градежни парцели.
Значајно е да се забележи дека со ДУП-от сите постојни стари објекти ќе бидат
задржани во постојната форма, а се планира дислокација на Градското пазариште
и Автобуската станица на кои локации треба да никнат нови комерцијално-деловни
објекти. На просторот на Градското пазариште треба да биде изградена Катна гаража,
а подземна гаража е предвидена на постојниот паркинг-простор пред Стопанска банка,
каде што се предвидува уредување на нов центар со амфитеатар, зелени површини и
голема фонтана. Долж улицата „Скопска“ е предвиден деловен станбен блок, каде што
постојните сопственици на парцели можат да реализираат објекти со деловнии простории
во приземјето и станови на катовите.
Со новиот ДУП се предвидува сегашниот центар како пешачка зона да биде прошире.
Исто така, предвидена доградба на постојната општинска зграда кон југозапад и изградба
на објект од јавен интерес на местото на објектите каде што се наоѓаат Агенцијата за
вработување и Катастарот.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
Auric Goldfinger View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Auric Goldfinger Quote  Post ReplyReply #617 Posted: 11-Jul-2011 at 13:41

Прво , поздрав до сите .
Форумот го читам од порано и е најдобар избор за информации околу градежните и урбанистичките активности во Македонија.

Originally posted by lslcrew

Општина Кисела Вода на сајтот постави неколку урбанистички планови!http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=277


Овде        http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=279

се предвидени нови големи трговски единици , од кои на пример 1.08 располага со површина за градба од 8470 м2. Премногу наивно ли ќе е од моја страна , ако очекувам за кратко време , некој познат бренд да пушти корен овде ?!

Edited by Auric Goldfinger - 11-Jul-2011 at 13:50
J.Bond: -DO YOU EXPECT ME TO TALK?

A.Goldfinger: -NO MR.BOND, I EXPECT YOU TO DIE !
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #618 Posted: 11-Jul-2011 at 17:44


Се е можно, но самото вцртување во урбанистички план најчесто не значи ништо во однос на очекувања како твоите
Има неброени вакви маркички низ градов...
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #619 Posted: 12-Jul-2011 at 15:08
Незнам дали е за овде ама !!!

Изѕидан од хаос, развиван без идеја


 

Со неконтролираното ширење на триесетина населени места, Ѓсé додека тие не се споија едно со друго, се создаде конгломерат од околу 200.000 жители, со речиси праволиниска форма и со должина од дури 55 километри, што е поголемо растојание и од најоддалечените точки на Рим, Минхен и на Будимпешта

 
 
%20 

Тие што не го познаваат регионот доволно нема шанси да препознаат во кое населено место се наоѓаат 

КАКО СЕ СОЗДАДЕ ПОЛОШКИОТ ВЕЛЕГРАД

Кое е најдолгото населено место во Македонија? Во Скопје, од Драчево до Сарај има 25 километри, а само 15 километри од Радишани до последните згради на Водно. Тоа не е ниту приближно долго колку потегот Вратница -Вруток во полошкиот крај, каде што селата покрај патот Тетово - Јажинце и на стариот пат од Гостивар кон Тетово толку многу се проширија, што се споија едно со друго и им се залепија на двата града. Вкупно 55 километри има од првата до последната точка, во правец североисток - југозапад, и притоа секогаш има барем некаков објект покрај патот, куќи, магацини, индустриски хали и слично. Тоа е поголемо растојание од двете најоддалечени точки на градови како Минхен, Будимпешта и Рим, кои имаат помеѓу 2,6 и 3,2 милиони жители, односно и по 16 пати повеќе од сите луѓе што живеат во „Полог сити“, кои според пописот од 2002 година се 181.000, а денес веројатно околу 200.000. Како дошло до тоа? Па, тие градови се правеле по некаков план, обично имаат кружна форма и испреплетена мрежа од улици, булевари и авении. Нашиот случаен велеград, пак, настанал поедноставно - куќите се налепиле на еден меѓународен пат (кон север) и на еден регионален (кон југ). Шесте општини низ чие подрачје се протега конгломератот во изминативе три години издале речиси две илјади градежни дозволи, а од 2005 година до лани во нив биле регистрирани околу 800 дивоградби, според расположливите податоци на Државниот завод за статистика, со кои не биле обработени општините Врапчиште, Теарце и Јегуновце.

НИКОЈ НЕ ЧЕКА ПЛАНОВИ ЗА ДА ГРАДИ

Тие што не го познаваат регионот доволно нема шанси да препознаат во кое населено место се наоѓаат, каде завршува Тетово, а почнува Порој или продолжува Џепчиште, која е границата меѓу Теарце, Отушиште, Пршовце и Глоѓи, а исто е и на јужната страна, каде што Камењане, Боговиње, Синичане, Пирок и Градец се препознаваат само според џамиите или по каналите за одведување на водите од Шар Планина. Животот во шарските височини не бил толку лесен како тој во котлината, па заедно со водата од планината се слевале и луѓето, набрзина купувале ниви, граделе куќи, па ги прошириле селата сé до нивното спојување, бидејќи, со оглед на неразвиената инфраструктура, сите сакале да бидат што поблиску до патот. Истото го правеле и староседелците, чии големи семејства морале некаде да живеат. Сето тоа се одвивало без план. Реализацијата ја претекна идејата, која, всушност, никогаш не ни имала сериозна шанса да влезе во трката.

- Покриеноста со урбанистичка планска документација е слаба. Не е лесно да се изработи детален план, а не е ниту евтино. Изработката може да трае една или повеќе години, а наједноставните планови чинат по 20.000 евра. Во вакви замрсени услови, пак, цените се многу повисоки. Општините немаат толку пари и не можат да постигнат набрзина да направат документација. А луѓето сакаат да градат, имаат потреби. Не може да им се објасни дека треба да чекаат прво да се направи план. Тие и онака се навикнати послободно да градат - објаснува Имерли Беќири, раководител на секторот за урбанизам во општината Боговиње.

НЕМА МУЛТИЕТНИЧКО ШИРЕЊЕ

Патиштата се во ужасна состојба. Особено делот јужно од Тетово, кон Боговиње, Пирок и Вруток, стариот пат за Гостивар. Стеснет под притисок на градбите, среќа што овој пат е раскопан како ораница, па многубројните возила не може да возат пребрзо и да го направат уште поопасен, иако несреќите се чести. Во другиот дел, кон Јажинце, за забавување на сообраќајот служат легнатите полицајци, кои по своите димензии лесно може да се наречат клекнати, дури и исправени. Тоа биле магистрални и регионални патишта (и сé уште се такви на хартија), а се претвориле во главни селски сокаци, по функцијата, а на многу места и по изгледот. Процедурално, општините немаат право ниту да ги пополнат дупките со песок, туку за својот „широк сокак“ треба да ја чекаат државата, а на тоа ниво работите секогаш се посложени.

- Си постојат стандарди, но не се почитуваат. Се знае колку оддалечени треба да бидат објектите од оваа категорија патишта. А тие се залепени до коловозот. Нема ниту прегледност ниту соодветна сигнализација. Истиот пат се користи за фабриките, за луѓето да одат на работа и за сé друго. Затоа често има сообраќајки - вели Иван Атанасовски, претседателот на месната заедница во Лешок.

Една тесна уличка означува до каде е Лешок, а од каде почнува Слатино, село населено со етнички Албанци, па така и овие две населени места станаа дел од конгломератот. Но Атанасовски сака да биде прецизен во врска со неговото создавање. Неговата куќа-чардаклија и убавиот двор под дебелите борови сенки се остаток од времето кога Лешок бил многу просперитетно село. Во изминативе години паднало од 770 на 240 жители и не се ширело на ниедна страна, туку околните места, како Слатино, се споиле со него.

- Порастот на популацијата е едностран, само кај Албанците. Во селата со Македонци тоа не се случува. Во Лешок, на пример, има само 14 деца од прво до четврто одделение - додава лешочанецот.
Податоците од последниот попис, стари девет години, покажуваат дека селата со Македонци, како Лешок, Непроштено и Вратница имаат меѓу 400 и 1.300 жители, а тие со Албанци и по повеќе од 8.000.

РЕТКО КОЈ ЈА ГЛЕДА ГОЛЕМАТА СЛИКА

Меѓу 28-те села и двата града нема инфраструктурен прекин, но регионот е мошне разнолик во негативна смисла. Сите населени места имаат проблеми со водоводот, канализацијата, патиштата и сето тоа се решава парцијално, ад хок. Долгорочно недостатоците остануваат и се множат. И покрај сето тоа, ретко кој воопшто размислува за случајниот полошки мегалополис и за предизвиците со кои тој ќе се соочи во иднина. Особено ако продолжи да функционира на овој начин.

Скендер Палоши, поранешен заменик-министер за транспорт и врски, а сегашен раководител на секторот за урбанизам во општината Тетово, укажува дека оваа состојба нуди големи можности за брз развој. Но, додава тој, мора да се смени начинот на кој му се пристапува на регионот.

- Само со регионален пристап можеме да ја унапредиме инфраструктурата. Сега на потегот од Вратница до Вруток има многу општински граници, па со тоа договарањето за што било оди потешко. Да беа само две општини, Тетово и Гостивар, полесно ќе се спроведуваа големи проекти. Парцијалното решавање на проблемите со водата, канализацијата или со планираната гасификација чини многу повеќе отколку тоа да го направиме сите заедно. За водата, на пример, може да се направи акумулација на Шар Планина и да се спроведе мрежа од цевки до сите места - вели Палоши.

Прв проблем што треба да се реши, според него, е регионалниот пат Тетово -Јажинце, кој поминува низ Теарце, Џепчиште и Порој и на него се приклучуваат споредни улички, што е недозволиво според правилниците. Затоа Палоши предлага да се направат посебни приклучоци, клучки, подвозници и надвозници.

 

 Идеални услови за трамвај

%20Како што се создаде конгломератот така и функционира, неорганизирано. Поради тоа, сосема очекувано, нема ниту организиран јавен превоз со кој би се поврзувало населението што живее на потегот долг 55 километри. Дивите превозници со комби-возила, најчесто со моделот „форд транзит“ од 1990-тите, се полошката верзија на скопското ЈСП. Не се ретки, линиите главно им се протегаат од Тетово или од Гостивар до местото каде што живее сопственикот, но ниту имаат распоред ниту издаваат билети.
Според Скендер Палоши, линеарната поставеност на соединетите полошки села нуди идеални услови да се воспостави единствен урбан транспорт, трамвајски или тролејбуски систем.
- Ако десет лица од Теарце одат на работа во Боговиње, тоа значи дека има десет автомобили на улиците. Со организиран транспорт, ќе се намали бројот на возила, метежот и загадувањето - смета Палоши.

 

Додека се направи трамвајска мрежа, комби-возилата „форд транзит“ ќе бидат полошко ЈСП 

Издадени градежни дозволи во Полошко
година број
2008 624
2009 578
2010 499
2011 176

Регистрирани дивоградби
година број
2005 209
2006 122
2007 129
2008 112
2009 112
2010 100
Извор: Државен завод за статистика

 
  
Автор: Александар Самарџиев / Гоце Трпковски  Фотографија: Игор Бансколиев


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7121192272&id=9&&prilog=0setIzdanie=22328

Edited by Cloverstack - 12-Jul-2011 at 15:47
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #620 Posted: 14-Jul-2011 at 21:34

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ НА ЛЕТНИТЕ СЕДНИЦИ НА ОПШТИНИТЕ

Се усвојуваат ДУП-ови, а градот е празен

Центар и Кисела Вода денес одлучуваат за осум урбанистички планови, а скопјани се надвор од градот и не можат да дадат забелешки за нив

Само денес општините Центар и Кисела Вода треба да усвојат дури осум детални урбанистички планови. Ваква работна атмосфера во општините има секое лето, кога градот е празен. Скопјани реагираат оти дневните редови на седниците се полни со точки од урбанизмот, а многу од нивните соседи и роднини не се тука за да дадат забелешка на планот.
"Секое лето иста песна. Како да не научија дека градот е празен и нема кој да се побуни ако нешто во планот не одговара на неговите потреби. Се прават јавни анкети за плановите кога нема никој во градот, потоа се ставаат на гласање и си поминуваат лесно, па потоа се чудиме како парковите преку ноќ стануваат згради", коментираат жителите на Кисела Вода, во која денес се одлучува за пет суштински планови за Општината.
Намерата на советниците во Кисела Вода е да донесат планови за населбите Пржино, Кисела Вода, 11 Октомври 2, кај булевар Србија и 11 Октомври 2, кај бензинска пумпа, како и да направат измена и доплнение на планот за населбата Расадник. За повеќето од овие планови јавните анкети, на кои се очекуваат забелешки од граѓаните, ќе се распишат во текот на месецов. 
Во Центар, пак,0 ќе се гласа за планови за Маџир маало, Буњаковец и за зеленилото покрај Вардар.
Но и покрај негодувањата на граѓаните на ваквите дневни редови, општините тврдат дека е вистинско време да се донесат вакви одлуки.
"Деталните урабанистички планови се носат врз основа на позитивната законска регулатива, која не ограничува во кој временски период од годината тие треба да се донесат. Не е точно дека планови се гласаат само преку лето. Напротив, тие се носат во текот на целата година, а за нив граѓаните се известуваат преку весници и општинската веб страница. Процедурата е крајно демократска", изјави Марјан Спасески, портпарол на Кисела Вода.
И Центар со ист став. Од таму тврдат дека нема законско ограничување за закажување на седници, а сите процедури за нивно одржување се почитуваат редовно. (М.Ѓ.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=0859D43305434E4C8C0A892E0724DC0D
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2930313233 48>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.406 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.