build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3233343536 48>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #661 Posted: 02-Nov-2011 at 11:08

Утре на увид ДУП-от за Буњаковец 2


http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/11/02/DUP%20BUNJAKOVEC.jpg

Општина Центар утре организира јавна презентација по Нацрт Деталниот урбанистички план Буњаковец 2 во основното училиште „Ј.Х. Песталоци“ во 13 часот. Нацрт изманите ќе бидат оставени на увид на граѓаните до 9 ноември, секој ден од 10 до 17 часот.


ДУП-от Буњаковец 2 опфаќа површина од 1,57 хектари и се движи помеѓу булеварите Партизански одреди, улиците Мирче Оровчанец, Иван Милутиновиќ и Франклин Рузвелт.

http://www.plusinfo.mk/vest/21125/Utre-na-uvid-DUP-ot-za-Bunjakovec-2
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #662 Posted: 03-Nov-2011 at 13:39

Близу Е-75 ќе се гради откупно - дистрибутивен центар за земјоделски производи

Гевгелија, 3. ноември 2011 (ИНПРЕС)
извор: Курир фото: архива

Урбанистичката планска документација наменета за откупно - дистрибутивниот центар во Гевгелија, со површина од близу девет хектари, беше на јавна расправа со цел да се приврши законската постапка за донесување и за ставање во функција на овој простор.

Локацијата е до магистралниот пат Е-75, поточно во близина на постојните оранжерии, каде што поминува регионалниот пат Р10 Гевгелија-Прдејци.

Границата на локацијата од југоисток, југозапад и на северозапад е дефинирана со земјоделски површини, а од исток со оранжериите и е во катастарската област Негорци.

Инаку, од страна на Владата на РМ се издвоени средства за изградба на неколку откупно - дистрибутивни центри во земјата, меѓу кои се наоѓа и овој во Гевгелија. (Крај)


http://daily.mk/cluster3/1421c9d8ecbe12017de7649fc99881e2/979303/blizu-e-75-kje-se-gradi-otkupno--distributiven-centar-za-zemjodelski-proizvodi
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #663 Posted: 10-Nov-2011 at 12:07

Усвоен планот за касарната „Илинден“


Деталниот урбанистички план за касарната „Илинден“ вчера помина на седницата на советот на општината Карпош

 

 
%20  
Планот опфаќа 94,7 хектари земја и е поделен на седум блока. Со него се предвидува изградба на куќи, згради, деловни објекти, дипломатски претставништва и објекти со намена за образование и за здравство.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1110111032508&id=14&prilog=0&setIzdanie=22427
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #664 Posted: 12-Nov-2011 at 23:36
Originally posted by <Fresno>

Па добар параметар е бидејќи за да ја поместат таа малска уличка за 5 куќи ќе платат милион евра (а се далеку повеќе од 5), пари што може да отидат за да речеме реконструкција на 2-3 улици. Од друга страна, плацовите над старата крива улица ќе ги продадат за евро по квадрат. Така да јас, како даночен обрзник, немам никаков интерес да инвестирам во исправање на маалски улички. За експропријација на Крушевска република да, ама за вакви потфати нема логика евентуални експропријациони фондови да бидат ставани во функција.

Најпрвин се извинувам што олку задоцнето реплицирам... премногу отворени табови, премалку време...

Ги разбирам твоите ставови, но за пеглање на вакви урбанистички планови не мора да се оди на скапо купување на земјиште, па после тоа евтино продавање. Ако станбено-градежните „тајкуни“ се спремни да даваат по 2-3 стана за некоја бедна парцеличка, тогаш може да претпоставиме дека вишокот на земјиште од некаква хипотетичка експропријација може да се продаде ите како скапо, а како дополнителна алатка за контрола на таквите процеси тука се самите урбанистички планови, кои прилично ефикасно може да диктираат околности во кои општиот интерес и јавните финансии нема да бидат загрозени. Се разбира, помеѓу локалците ќе има и делумно привилегирани и делумно оштетени, но тоа е случај и сега, со вообичаените урбанистички планови, така да нема никаква суштинска разлика на тоа поле. Баш бидејќи тоа е нужно зло, битно е општиот интерес да биде врвниот критериум, наместо таквата нерамноправност да биде креирана од нејасни локални фактори.

Друга опција е надлежните да создадат механизми и капацитети за локална „размена“ на квадратура со иста вредност и слични затворени (или речиси затворени) кругови на компензација. Знам дека воспоставување и менаџирање на такви работи нема да биде воопшто едноставно, но ионака имаме вишок администрација, нека работат нешто. На ваков начин никој нема ништо да изгуби, баш напротив. Покрај општиот интерес за сите граѓани, ќе постои и директен интерес на локалците, кои на овој начин ќе оформат подобри градежни парцели и подобра сообраќајна мрежа, со што ќе нарасне и квалитетот на живот во таа идна населба, како и цената на идните недвижности. Се разбира, во секое маало има волови на кои тоа нема да им биде јасно, а исто така има и родени инаетчии што радо јадат вреќа сол. За таквите може да се предвидат правни механизми, дали во склоп на механизмите за експропријација или некако поинаку.

Веројатно има и трета и четврта опција, не знам... Но начини мора да има, бидејќи сигурно не сме единствени што се соочуваме со ваков проблем, а сигурно не секаде се помируваат со средновековно нафрлани објекти и рахитични улици, во нови населби. Ние сега на тој простор треба да воспоставиме урбанистичка матрица која ќе опстои можеби 100, можеби 200 години. Дополнително, не треба да испуштаме од вид дека Крњево природно припаѓа на поширокиот центар на Скопје. Ако работите не се средат сега кога таму има шупи, кога ќе се средуваат... кога ќе има 10-катни згради што ќе ги следат контурите на сегашното гето? Мораме да размислуваме подолгорочно (и тоа не само во наредните 10-20 години кои ќе се одразат и врз нас, туку и многу подолгорочно, за идните генерации). За жал се повеќе се множат ваквите урбанистички планови како овој за Крњево, кои се нацртани по линија на најмал отпор, а без трунка долгорочна визија и одговорност.

И конечно, во контекст на тезата дека со проста експропријација ќе требало да се потрошат ужасно многу пари за да се подиспегла улицата, а со тоа и самиот план. Колку што гледам на гугл земја, за сообраќајната мрежа дури и ваква каква што е во планот, секако ќе треба многу експропријација. Со оглед на тоа дека ниту трасата на улиците ниту нивната ширина речиси воопшто не одговара на зацртаното во ДУП-от, дури и ако се држиме до твојата теза, процентот на заштеда е сведен на минимум. Тоа е само потврда дека надлежните не се воделе од желба за заштеда на народни пари, туку едноставно им фали воља за подобро решавање на вакви ситуации, бидејќи тоа бара поголем ангажман.





Edited by Cloverstack - 12-Nov-2011 at 23:53
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #665 Posted: 18-Nov-2011 at 22:33
Облакодери ќе се вивнат над Јужниот булевар


Измените во Деталниот урбанистички план „Стара железничка станица“, кои предвидуваат Јужниот булевар наместо магистрална сообраќајница да биде подземен сообраќаен коридор над што ќе се градат објекти со можност да се издигнат во висина и до 70 метри (приземје + 20 ката), денеска Советот на општина Центар повторно ги изгласа, откако, по иницијатива на професорот Мирослав Грчев, Уставниот суд ја укина последната одлука за истиот ДУП, поради скратената незаконска постапка во која што беше донесен.
За изградбата на Јужен булевар под земја, најпрво ќе се бара инвеститор, кој за возврат ќе ја добие парцелата над подземната сообраќајница. Првите неколку ката од објектите кои ќе се градат над подземната сообраќајница ќе се користат за паркиралишта, а предвидено е и изградба на трговски центар на паркингот помеѓу Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“, како и изградба на катна гаража зад „Рамстор“. За разлика од претходниот план, со новиот не е зголемена само катноста на објектите, туку и површината за градба од 150.000 на 213.000 метри квадратни.
При расправата на Советот, се отвори дилемата за тоа колку идниот инвеститор ќе се придржува кон договорот – прво да ја изгради подземната сообраќајница, па потоа да гради, посочувајќи го примерот со објектот (Старата народна банка) на градскиот плоштад, што е веќе во крајна фаза на изградба, а за што инвеститорот исто така беше обврзан, најпрво да изгради подземна сообраќајница која ќе понира од зградата, а ќе излезе кај хотелот „Холидеј ин“. Тоа, не се случи, иако Советот ја изгласа таа одлука.
Забелешки во однос на планот, советниците од СДСМ упатија за можноста за „различна“ намена на содржините на парцелата над подземниот коридор, за, според нив, лошото сообраќајно решение кое е спротивно на Генералниот урбанистички план и висинската разлика на објектите кои ќе се градат на парцелата над подземниот коридор, кои се движат од 16 до 70 метри. Советниците, исто така, посочија и можен проблем што би се појавил поради малиот паркинг простор планиран за тој дел од центарот на градот.
Сообраќајниот пристап кон содржините над булеварот ќе биде преку нови сообраќајници од улиците Мито Хаџивасилев Јасмин и Железничка. Објектот на Стара железничка добива можност за доградба. Според планот, на таа парцела ќе се градат и културни објекти и објекти наменети за пазар (локацијата на стариот Цветен пазар).
На јавната анкета за ДУП-от „Стара железничка станица“ се доставија само четири анкети со забелешки околу новите измени во планот.
Според ГУП, Јужниот булевар е уреден како сообраќаен коридор со две регулациони линии од неговата лева и десна страна и треба да биде експресна магистрала која ги поврзува Тетово со населбата Ѓорче Петров, да поминува низ Центар, низ населбата Кисела Вода, па кон Драчево. Иако, оваа одамна предвидена сообраќајница досега не се изгради, планерите укажуваат дека на неа се темели сообраќајниот план за градот и е од витално значење за регулирање на сообраќајниот метеж по скопските улици.

ГМВ/БИ

http://www.plusinfo.mk/vest/23257/Oblakoderi-kje-se-vivnat-nad-Juzhniot-bulevar-
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #666 Posted: 21-Nov-2011 at 11:09

Облакодери ќе го сардисаат „Јужен булевар“

Потенцијалниот инвеститор ќе има обврска прво да ја изгради подземната сообраќајница

а потоа да гради над неа на отстапените парцели

Комерцијално-деловни објекти, во должина од еден километар, високи дури до 20 ката, ќе се вивнат над „Јужен булевар“ зад Старата железничка станица, на делот што беше предвиден да биде подземна сообраќајница. Ќе се бара инвеститор што ќе биде обврзан прво да го изгради подземниот булевар, а за возврат ќе ги добие парцелите за градба што се над него.

Оваа замисла на општинарите од Центар и дефинитивно доби зелено светло од мнозинството на Советот. Советниците, всушност, по вторпат дадоа виза за планот откако по првата верзија тој беше укинат од Уставниот суд поради скратената постапка на усвојување, иако законските норми кога тој се донесе не го дозволуваа тоа. Сега, Советот дури ја одобри зголемената катност на објектите над булеварот, кои во првичната верзија беа планирани со 16 метри висина и дозволени два ката.

Тоа е, всушност, единствената разлика од првата варијанта на ДУП-от. Со последната усвоена промена, се потврдуваат трите ротонди во реонот на Стара железницка станица. Два помали кружни тека треба да го „негираат“ надвозникот кон Црниче, со едниот ќе се врзат улиците „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ и „Кочо Рацин“, а со другиот „Железничка“ и „Бихаќска“. На другата страна на комплексот, пак, сообраќајното решение на планот предвидува да се изгради голема ротонда, која ќе го регулира сообраќајот на раскрсницата на улиците „Јасмин“ и „Железничка“ со „Свети Климент Охридски“, „Водњанска“ и „Васил Ѓоргов“.

И со оваа верзија на планот се предвидува изградба на трговски центар на паркингот помеѓу Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“, чијшто инвеститор ќе има обврска да ја преслика фасадата и висината на Железничката станица, во согласност со конзерваторската основа за дел од реонот. Планот дава можност и за обнова и развој на разрушениот дел на Старата железничка станица, кој практично е испланиран да биде влез во новиот деловно-административен комплекс. (Дс.Т.)

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #667 Posted: 21-Nov-2011 at 14:54
Originally posted by Baze

Комерцијално-деловни објекти, во должина од еден километар, високи дури до 20 ката, ќе се вивнат над „Јужен булевар“ зад Старата железничка станица, на делот што беше предвиден да биде подземна сообраќајница. Ќе се бара инвеститор што ќе биде обврзан прво да го изгради подземниот булевар, а за возврат ќе ги добие парцелите за градба што се над него.

Оваа замисла на општинарите од Центар и дефинитивно доби зелено светло од мнозинството на Советот. Советниците, всушност, по вторпат дадоа виза за планот откако по првата верзија тој беше укинат од Уставниот суд поради скратената постапка на усвојување, иако законските норми кога тој се донесе не го дозволуваа тоа. Сега, Советот дури ја одобри зголемената катност на објектите над булеварот, кои во првичната верзија беа планирани со 16 метри висина и дозволени два ката.

Тоа е, всушност, единствената разлика од првата варијанта на ДУП-от. Со последната усвоена промена, се потврдуваат трите ротонди во реонот на Стара железницка станица. Два помали кружни тека треба да го „негираат“ надвозникот кон Црниче, со едниот ќе се врзат улиците „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ и „Кочо Рацин“, а со другиот „Железничка“ и „Бихаќска“. На другата страна на комплексот, пак, сообраќајното решение на планот предвидува да се изгради голема ротонда, која ќе го регулира сообраќајот на раскрсницата на улиците „Јасмин“ и „Железничка“ со „Свети Климент Охридски“, „Водњанска“ и „Васил Ѓоргов“.

И со оваа верзија на планот се предвидува изградба на трговски центар на паркингот помеѓу Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“, чијшто инвеститор ќе има обврска да ја преслика фасадата и висината на Железничката станица, во согласност со конзерваторската основа за дел од реонот. Планот дава можност и за обнова и развој на разрушениот дел на Старата железничка станица, кој практично е испланиран да биде влез во новиот деловно-административен комплекс. (Дс.Т.)



Значи пак некој ке го доврши разрушениот дел од старата Железничка станица, жалам што овој објект кој знае како ке се реконструира се надевам во автентичниот изглед, и се надевам дека другиот дел ке стане Железнички музеј,пошто ова е нај соодветното место за таков вид на музеј во Скопје.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #668 Posted: 08-Dec-2011 at 01:35

ДУП Дел од локалитет „Буњаковец 1“ УМ1, УМ2, УМ3, УМ4, УМ5, УМ6, УМ8, УМ9, УМ10, УМ11, УМ12, УМ13, УМ14, УМ15, УМ18, УМ19, УМ20, УМ21, УМ22, УМ23


http://opstinacentar.gov.mk/systems/file_download.aspx?pg=1918&ver=1
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #669 Posted: 29-Feb-2012 at 17:55
Знае ли некој со какво мнозинство се носат ДУП во советите на општините ?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #670 Posted: 03-Mar-2012 at 03:54
Делува логично да е просто мнозинство
Back to Top
bobimkd View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Mar-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote bobimkd Quote  Post ReplyReply #671 Posted: 12-Mar-2012 at 20:38
Дали некој може да ми покаже нацрт план на општина гази баба, поточно регионот околу стара комуна. Што ке се гради/руши или доколку немате нацрт план а имате било каква информација ве молам споделете фала!
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #672 Posted: 12-Mar-2012 at 21:18
http://www.gazibaba.gov.mk/dup.html
овдека ги имаш сите донесени планови на Гази Баба
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #673 Posted: 12-Mar-2012 at 22:41
Originally posted by bobimkd

Дали некој може да ми покаже нацрт план на општина гази баба, поточно регионот околу стара комуна. Што ке се гради/руши или доколку немате нацрт план а имате било каква информација ве молам споделете фала!


Овие два ДУП-ови речиси целосно го опфаќаат просторот околу фабриката, но не и самата фабрика, се надевам ти вршат работа. За жал немаат ниту легенда, ниту табеларни податоци... едноставно не се премногу user-friendly.

http://www.gazibaba.gov.mk/images/dupovi_2011_03/07_keramidnica_ub1.gif

http://www.gazibaba.gov.mk/images/dupovi_2011_03/08_keramidnica_ub1-.gif

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #674 Posted: 13-Mar-2012 at 10:38
Во Куманово ќе се изработува нов генерален урбанистички план

Куманово, 12 март 2012 (МИА) - Советот на општина Куманово на последната седница донесе одлука за изработка на генерален урбанистички план, кој ќе ја опфати легализацијата на дивоградбите.

Раководителот на секторот за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска информира дека се совпаѓаат донесувањето на генералниот урбанистички план и процесот на легализација кој треба да заврши во наредните шест години.

- Во Куманово има поднесено 19.000 барања за легализација, половината од нив влегуваат во градежниот опфат на општината, додека втората половина влегува во населбите кои гравитираат околу градот, појаснува Лидија Ланг Спасовска и додава дека токму совпаѓањето на термините овозможува да се добие вистинска информација од терен.

Двата процеси ќе ги анализираат градежниот опфат и ќе посочат дали одредени населби каде има доста дивоградби ќе влезат во постојан градежен опфат, како што се населбите „Јане Сандански“,„Ајдучка чешма“,„Иго Тричковиќ“, „Железничка станица“.

Се очекува да биде донесена одлука за донесување програма и да се пристапи кон донесување поголем број студии како сообраќајната, демографска, студија за културно наследство и за животна средина.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=92067870&lId=1&pmId=

Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #675 Posted: 28-Mar-2012 at 16:23
http://www.opstinacentar.gov.mk/page7901657.aspx ДУП Маџир Маало и Градска порта (Ново Маало)
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #676 Posted: 28-Mar-2012 at 16:25
mnogu novi DUP-ovi ima na stranata
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #677 Posted: 12-Apr-2012 at 20:28

Во ГУП доминираат индустриските зони

На Прилеп, со измените на законот за просторно планирање, му претстои интензивна урбанизација. Урбанизмот е основа за развој на било кој град. Има сегрегација на урбанизирањето - од просторен план, генерален урбанистички план кој се изработува за градот и е основен стратешки документ за развој на градот. Урбанистичката документација не е догма која е дадена еднаш за секогаш, таа се менува постојано и лоша проекција на ГУП, може далекусежно да се одрази лошо на следните генерации. Некогаш се ограничува развојот на градот. Преважни се тие плански одредби. Добар ГУП дава предуслов за изработка на коректни и издржани ДУП-ови. ГУП-от третира наменски зони. Во тие наменски зони се креира зона за домување, зона за индустрија, зона за трговија, зона за јавни објекти. Сега со новиот ГУП, повеќе е нагласена  индустриската зона, согледувајќи ги потребите на нашиот град.

Прилеп 1 е првата индустриска зона во близина на Металец?

- Со стапката на невработеност природно се наметнува потребата дека треба да се форсираат напорите да се направи предуслов за изградба на нови стопански зони, во кои ќе се градат мали, големи и средни стопански капацитети кои ќе интегрираат во себе работна сила. ГУП-от беше проширен за 400 хектари, а од крајот на 80-те години нема продадена градежна парцела за индивидуално домување. Со измените, со добивањето на располагање на државното неискористено градежно земјиште на локалната самоуправа се создадоа услови за продажба на ова градежно земјиште. Градот оттуѓува земјиштето за градба на објекти кои се предвидени по овие урбанистички документи. Претстои продажба на парцели кај фабриката Металец. Во тек е тендерот. Во “игра” се 21  парцела со 15,6 хектари. Тоа ќе е добар инпут за стопанството, што во најмала рака ќе ја ублажи невработеноста. Се наметна природно, на тој дел да се изградат индустриски капацитети. Ќе “никне” индустриска зона и кај Сточниот пазар на 2 хектари. Стопанска зона ќе има и спроти Жито Прилеп.


http://www.zenitprilep.com.mk


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #678 Posted: 14-Apr-2012 at 16:14
Уште еден кружен тек во центарот на Скопје

Сабота, 14 Април 2012 10:49


Новиот кружен тек е предвиден со последните измени на деталниот урбанистички план „Јужен дел на централно градско подрачје“.

Предвидено е и проширување на улицата „11 Октомври“, изградба на деловни, комерцијални и станбени објекти, катна гаража и можност за доградба од еден кат на постоечките куќите.

Кружниот тек кој поточно ќе биде пред основното училиште „Димитар Миладинов“, ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот и проточност на движење на автомобилите.

ДУП-от до 20 овој месец ќе биде на јавна анкета во урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“, а засегнатите жители ќе можат да ги остават своите забелешки за новите измени.

http://kurir.mk/republika/skopje/67750-Uste-eden-kruzen-tek-vo-centarot-na-Skopje
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #679 Posted: 16-Apr-2012 at 22:08
ОПШТИНА ЦЕНТАР
Улицата пред поранешен ЗОИЛ ќе добие нови ленти





Деталниот урбанистички план ќе биде на јавна анкета во урбаната заедница Роберт Гајдиќќ до дваесетти април, а засегнатите жители ќе можат да ги остават своите забелешки за новите измени


По булеварите "Свети Климент Охридски" и "Илинден" во строгиот центар на градот ќе се шири уште една улица. Улицата "11 Октомври" е планирана со зголемен профил во деталниот урбанистички план на општина Центар Јужен дел на централно градско подрачјее. Планот кој се наоѓа на јавна анкета предвидува поширок профил на улицата на потегот од поранешен ЗОИЛ до крстосницата кај Тутунски комбинат. Според планот решението не е ново и е преземено од ГУП-от, а предвидува улицата да има коловоз широк 18 метри и тротоари по шест метри, што би значело дека наместо досегашните две ќе има по три ленти во двата правци. Исто така, зацртана е и трамвајска траса која треба да поминува по тој дел од улицата. Новина е и споменикот кој треба да се постави на крстосницата меѓу булеварите "Мито Хаџивасилев Јасмин" и "Кочо Рацин", во близина на основното училиште Димитар Миладинов". Споменикот ќе стои во новопланираниот кружен тек што треба да се направи на крстосницата на двете улици. Засега од Општина Центар не информираат што ќе биде претставено со споменикот. Деталниот урбанистички план ќе биде на јавна анкета во урбаната заедница Роберт Гајдиќќ до дваесетти април, а засегнатите жители ќе можат да ги остават своите забелешки за новите измени.

вечер
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7256
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #680 Posted: 17-Apr-2012 at 18:27
затоа што кружните текови постојат за споменици, а не како сообраќајни решенија Thumbs%20Up

а инаку имам три прашања за тие што повеќе се разбираат:
дали воопшто има простор за било какви проширувања?
дали кружниот тек е сообраќајно оправдан и дали се решава нешто со него?
и дали има голема потреба од проширувањево на булеварот, особено вака недовршено?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3233343536 48>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.