build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3940414243 48>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #801 Posted: 29-Jan-2016 at 21:10
Многу добро интервју со почитуваниот градоначалник на општина Карпош Господинот Стевче Јакимовски. Меѓу другото објаснето е на многу јасен начин и за урбанистички планови и за се друго во однос на неговата општина.


Edited by kultuzin - 29-Jan-2016 at 21:10
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #802 Posted: 29-Jan-2016 at 21:14
Невиден криминалец.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #803 Posted: 30-Jan-2016 at 00:50
Во „интервјуто“ се кажува дека за да помине ДУП мора да исполнува норма паркинг/стан 1/1.

Дали може некој да го посочи овој закон/член, и успут да наведе станбен објект што ја исполнува оваа норма?

Човек да се запраша која е поентата на ДУП ако не е да се реализира тоа што ќе се зацрта во него?

Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #804 Posted: 31-Jan-2016 at 10:42
Поглеав уште малку од „интервјуто“ и кога почна да се жали „еве оваа зграда е на овој, оваа на оној...“ а сите тие направени во негово време, осетив штетно влијание врз ај-кјуто и го баталив навремено.
Back to Top
Dajk13 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 04-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Dajk13 Quote  Post ReplyReply #805 Posted: 04-Feb-2016 at 16:00
Здраво дечки,

ве молам за помош, на странава на општина Карпош неможам никаде да најдам ништо за ДУП за З09 ( делот кај Млечен ресторан).

Дали знаете каде го има и дали е во процедура?

Благодарам однапред

Поздрав
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #806 Posted: 04-Feb-2016 at 18:19
Originally posted by Dajk13

Здраво дечки,ве молам за помош, на странава на општина Карпош неможам никаде да најдам ништо за ДУП за З09 ( делот кај Млечен ресторан).Дали знаете каде го има и дали е во процедура?Благодарам однапредПоздрав



Добредојде друже на форумов. И јас би сакал да дознаам за многу урбанистички планови за Општина Карпош. За жал, тие не се објавуваат на форум, оние што се свежо изгласано, и оние што во моментов се носат. Информации може да најдеш единствено ако отидеш лично во Општина Карпош, вајда имаат сектор за урбанизам.
Back to Top
marvel View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Mar-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote marvel Quote  Post ReplyReply #807 Posted: 18-Mar-2016 at 11:56
http://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/DUP/RASADNIK_11%2026_02.pdf
Back to Top
marvel View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Mar-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote marvel Quote  Post ReplyReply #808 Posted: 18-Mar-2016 at 11:57
ova se sluciva vo kisela voda ( rasadnik ) - BETONSKO LUDILO
Back to Top
Antonov View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 10-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 72
  Quote Antonov Quote  Post ReplyReply #809 Posted: 18-Mar-2016 at 12:52
Ова е невидено ЛУДИЛО. Нека се лечат сите. Го уништија Скопјево. Наместо парк да го направат тој простор они уште и згради зацртале.
Се прашувам сега зошто НВО поврзани со екологијата (како на пр. GoGreen) ќутат и не преземаат ништо.
Back to Top
MeHighLow View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Mar-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote MeHighLow Quote  Post ReplyReply #810 Posted: 27-Mar-2016 at 23:15
Дечки, здраво!

Студент сум на архитектура на УКИМ и работам магистерски труд!

Магистерксата ми е ориентирана кон културни објекти во Населба Аеродорм.

Заради тоа што во Аеродром недостасуваат објекти од јавен карактер, целта на моето истражување е да се воведам објекти со таква намена за целосно дополнување на облично испланираната населба.

Меѓутоа, никако не можам да го најдам првиот, изворниот план за населба Аеродром.Онаква каква што требала да биде уште кога се удирале темелите на првите објекти.

Дали некој од вас знае каде можам да го најдам овој план?
Знам дека имало и макета од првиот урбанистички план на населбата, ама не сум сигурен дали можам до неа сега да стигнам, дали воопшто уште постои и ако постои каде е и во каква состојба е.

Бев во оштината, немаат такви податоци?

Дали можеби некој има слики од оргиналниот план и/или некој материјал кој сака да го сподели?

Фала многу и поздрав!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #811 Posted: 19-Aug-2016 at 16:41



ќе одиш О.КВ порано аеродром и новолисиче се водеа како КиселаВода 2, а ако и таму те испратат со празни раце, сетне барај во Архив на Град Скопје спроти сити-мол

освен спортски културни содржини никогаш немало тој дел бидејки О.А. од секогаш ја сметаа како спална соба на Скопје, но капитализам и се е можно, па и облакодер у спална или мол у дневна ...

~

фич она горе да законски е уредено така, дури и паркингот треба да е на твое име, а тоа што ко по обичај налуѓе им продаваат и ветер со маглата тоа е веќе друга работа
pocituvani, imam dogovor za kupoprodazba na stan vo koj e navedeno deka pokraj stanot mi pripaga i parkin mesto .Dogovorot za kupoprodazba na stanot e sproveden i za nego veke imam imoten list, pa prasuvam dali e mozen prenosot na parking mestoto , kakva postapka ke treba da povedam i koi dokumenti da gi dostavam za eventualen prenos na parking mestoto na moe ime? Odnapred Vi blagodaram

Почитувани, Ако паркингот е под зградата(во габаритот) и истиот е граден согласно приложената документација(проектот)истиот треба да се запише на ваше име. Со почит, Агенција за катастар на недвижности

http://www.uslugi.gov.mk/Prasanja.aspx?UslugaID=023d39f5-2518-4457-9952-9f50fdb370d0
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #812 Posted: 22-Nov-2016 at 18:18
Дали може некој да го најде и постави дупот на "Острово" или под друго име "Скопјанка" од општина Аеродром, ова е новата верзија која излезе на разгледување неделава?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #813 Posted: 29-Dec-2016 at 21:15
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #814 Posted: 05-Jan-2017 at 23:43
Згради П+ 4 и хотели ќе се градат покрај кејот „Македонија“

Нови станбени објекти и хотели ќе никнат во центарот на Охрид по должината на кејот Македонија, еден од најгусто изградените простри во градот. Според Деталниот урбанистички план (ДУП) за дел од УЗ 2, дел од блок 2.4 – опфат 1, кој денеска беше на повторна јавна расправа, предвидена е изградба на повеќе висококатници како и надградба на постоечки објекти, велат мештаните. Според нив тоа дополнително ќе го оптовари просторот и ќе го затвори протокот на воздух од езерото, што ќе се одрази на квалитетот на живот.



-Ова не е во интерес на граѓаните. Секој граѓанин со закон има право на живот, но ако вие донесете објект до друг на едно метро и дваесет сантиметри тогаш каков воздух ќе имаат граѓаните, како ќе се чувствуваат. Се носат маркици по се изгледа не по правилникот за изработка на ДУП, туку по нарачка. Најголемото зло е тоа што се носат маркици со огромни висини. Добро знаеме кој е проблемот во Скопје со загадувањето, не е само индустријата туку зградите кои го затворија протокот на воздух. Се ова е во интерес на поединци. Туристите се чудат дали е можно ова што се случува во Охрид и прашуваат дали некој знае што е екологија? - резигнирано прашува Славе Трајаноски жител на Урбаната заедница 2, покажувајќи фотографија како до неговата куќа буквално е залепена друга градба.



Револт од предложеното урбанистичко решение искажаа и други граѓани. Тие укажаа на проблемите со инфраструктурата, тесните улици и недостаток на паркинг простор.

- Се предвидува изградба на објекти од 16,5 метри, помасивни и повисоки од постоечките. Буквално ќе биде тоа Кинески ѕид кој ќе го запре протокот на воздух од езерото. Објектите се лепат едни до до други, се затвора погледот. Вие се повикувате на законот и ни кажувате дека се е според прописите, но очигледно е дека не се води грижа за квалитетот на живот. Треба добро да се размисли околу висината на објектите. - рече граѓанин на УЗ 2.



Од локалната самоуправа велат дека максималната висина на објектите кои ќе се градат покрај охридскиот кеј ќе биде П+4. Посочуваат дека ДУП за УЗ 2 се носи согласно закон и дека изготвувачот ќе ги земе предвид забелешките на граѓаните.

-Сите граѓани имат право да поднедуваат приговори. Ние како локална самоуправа заедно со планерите гледаме колку што е можно да ги испочитуваме тие забелешки, меѓутоа исто така сме обврзани со законската регулатива да ја испочитуваме големината на самите парцели. Тука некаде се испреплетуваат желбите и законската регулатива. Водиме сметка што може да им се удоволи на граѓаните, од една страна на едниот сосед да не му се даде премногу, а од друга страна тоа што ќе го дадеме да не се одрази негативно на другиот сосед. Се трудиме максимално да ја испочитуваме волјата на граѓаните. - истакна секретарот на општина Охрид Димитар Спасески.

Јавната анкета за измените на ДУП за дел од УЗ 2, трае до 10-ти јануари, до кога граѓаните можат да поднесуваат забелешки на планот кои ќе ги разгледува комисија.

http://www.ohridnews.com/vesti/102749
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7256
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #815 Posted: 06-Jan-2017 at 10:04
се ок, ама кога ќе прочитам „нема проток на воздух“, инстант прекинувам да читам... толку многу аргументи има против разни урбанистички планови според урбанистички норми, што се однесуваат на опкружувањето, природните улсови и нормалното функционирање, а тие ја составуваат таа глупа реченица, и после сакаат некој сериозно да ги сфати
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #816 Posted: 07-Apr-2017 at 17:54
А добро кои се тие „граѓани“ кои се против новиот донесен ДУП во Аеродром. Знаат ли тие „граѓани“ дека не ги претставуваат сите граѓани и дека на некои тој ДУП им одговара. Срамота!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #817 Posted: 07-Apr-2017 at 19:31
Власта треба да служи на мнозинстовто!
Парите со кои располага се од мнозинството и не може за интереси на 1-2% да патат сите!
Вакви измени треба со локален референдум како во нормален западен свет.
И ова се носи на 1 месец пред крај на мандат...хммм
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #818 Posted: 07-Apr-2017 at 23:44
Originally posted by skopskodete

А добро кои се тие „граѓани“ кои се против новиот донесен ДУП во Аеродром. Знаат ли тие „граѓани“ дека не ги претставуваат сите граѓани и дека на некои тој ДУП им одговара. Срамота!


земен в предвид (к)урбанизмот кој го спроведуваат до сега, не верувам дека има граѓани на кои спорните планови (конкретно за делот покрај Вардар) би им одговарале. Освен ако не се работи за личен бенефит у смисла на продавање шупа за од неа да никне десеткатница.
Разбирам дека треба да се среди тој делот од ПИОМ до пензионерскиот дом, ама редење голубарници без исав покрај Вардар не е баш позитивна ствар. Ако можеле пред 30-50 години хумано да ги проектираат урбаните блокови, секако можат и денес, само треба волја.    
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #819 Posted: 08-Apr-2017 at 00:04
Сѐ се врти околу профитот. На инвеститорите не им се исплати да изградат 3-4 катни згради и да им дадат станови на оние на кои е земјиштетето...

Од друга страна, јавниот интерес секогаш треба да е на прво место... а јавниот интерес во изградба на десеткатни згради не гледам каков е и воопшто не постои...

Конкретно за парцелите поред Вардар, е ок... се работи за П+3

Но... Онаа до плавата зграда кај Гет кафе е П+8+ПК (30м) и тоа според мене е премногу за таму... но ај ќе речеш сепак е врз веќе постоечки куќи па може да помине...

Е сега... Најстрашното од целиот план е зградана што треба да ја гради Камчев кај Мајчин дом... П+8+ПК на булевар излезена... долг блок... ЅИД практично... на денес зелена површина... за жал сопственост на Камчев... Ивица се вади на тоа дека била купена во време на СДСМ... и добро, огромна грешка што ја продале... али тоа не му е оправдување да впише станбена зграда П+8+ПК во ДУП... и наместо тоа може да се впише пример мали комерцијални објекти од П+2 со процент парковско зеленило... и тоа на пример да стане некое плоштадче со околу објекти во кои ќе има кафичи, продавници, кино и други рекреативни и културни содржини... Но очигледно плановите на Камчев не се такви и оди на варијанта сигурен висок профит со иградба на станбена зграда... За жал општината не го согледува јавниот интерес од таа површина и му го дозволува тоа...

А да не зборам за зелените површини што ќе се уништат за паркинг за новиве згради... особено паркингот за зградата на Камчев кој влегува во парковското зеленило на населбата...

Edited by FoSsiL - 08-Apr-2017 at 00:08
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #820 Posted: 08-Apr-2017 at 08:39
Originally posted by FoSsiL

Сѐ се врти околу профитот. На инвеститорите не им се исплати да изградат 3-4 катни згради и да им дадат станови на оние на кои е земјиштетето...

Од друга страна, јавниот интерес секогаш треба да е на прво место... а јавниот интерес во изградба на десеткатни згради не гледам каков е и воопшто не постои...

Конкретно за парцелите поред Вардар, е ок... се работи за П+3

Но... Онаа до плавата зграда кај Гет кафе е П+8+ПК (30м) и тоа според мене е премногу за таму... но ај ќе речеш сепак е врз веќе постоечки куќи па може да помине...

Е сега... Најстрашното од целиот план е зградана што треба да ја гради Камчев кај Мајчин дом... П+8+ПК на булевар излезена... долг блок... ЅИД практично... на денес зелена површина... за жал сопственост на Камчев... Ивица се вади на тоа дека била купена во време на СДСМ... и добро, огромна грешка што ја продале... али тоа не му е оправдување да впише станбена зграда П+8+ПК во ДУП... и наместо тоа може да се впише пример мали комерцијални објекти од П+2 со процент парковско зеленило... и тоа на пример да стане некое плоштадче со околу објекти во кои ќе има кафичи, продавници, кино и други рекреативни и културни содржини... Но очигледно плановите на Камчев не се такви и оди на варијанта сигурен висок профит со иградба на станбена зграда... За жал општината не го согледува јавниот интерес од таа површина и му го дозволува тоа...

А да не зборам за зелените површини што ќе се уништат за паркинг за новиве згради... особено паркингот за зградата на Камчев кој влегува во парковското зеленило на населбата...


Ќе му стави и на Коневски по некоја зелена банкнота во џебот. Тие многу убаво се разбираат позади затворени врати. Не му се секирај многу
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3940414243 48>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.