build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4445464748>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5033
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #901 Posted: 22-Nov-2019 at 08:53
Богдановиќ не открива дали во Маџир маало ќе никнат хотели на приватни плацеви



По острите реакции на Маџирмаалци кој ја обвинија општина Центар дека сака да изгради хотели на привнато земјиште, градоначалникот Саша Богдановиќ смирува дека никој од жителите на оваа маало нема да биде оштетен поради Деталниот урабнистички план.

Тој не негира дека во Маџир Маало ќе се градат деловни објекти, но не откри дали станува збор за изградба на хотели.

Деталните урбанистички планови за Маџир Маало 1 и Маџир Маало 2 се донесени пред 7 години и беа спротивни од Генералниот урбаниситчки план на градот.

По смената на локалната власт заедно со уште триесетина планови беа ставени под мораториум.

Меѓутоа и новите предлози не им се допаднаа на жителите од оваа маало кои на вчерашната средба со општинарите им порачаа дека не сакаат хотели на нивните приватни парцели.

Јавната анкета завршува за 5 дена , а за овој предлог Детален урбанистички план советот на општина Центар треба да гласа на крајот на годината.

https://telma.com.mk/bogdanovik-ne-otkriva-dali-vo-madhir-maalo-ke-niknat-hoteli-na-privatni-platsevi/
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #902 Posted: 02-Dec-2019 at 22:34
bogdanovik si go platile da nekoj si praat hoteli i da im zeamt to kokickite na siromaskiot narod za badijala bidejki nemozat da gi dadat na investitor za zgradi...
i tuka nema sto da se debatira, da sum vo maaloto bi mu bal mamata
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5033
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #903 Posted: 14-Dec-2019 at 19:22
Жителите од Трнодол револтирани од градоначаликот на Општина Карпош

Во целост ви ја пренесуваме острата реација од жителите на Трнодол, Жданец и Козле до градоначаликот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Поднесено е преиспитување на постапката пред уставен суд , а се подготвуваат и нови тужби околу целата постапка на насилно и неаргументирано носење на ДУП-от.
Со лаги, манипулации и сила, нема да дозволиме да се донесе ДУП за Трнодол,Жданец и Козле кој ќе го загрози Водно и безбедноста и вредноста на нашите населби.
Жителите од Трнодол, Жданец и Козле се револтирани од изјавите и однесувањето на градоначалникот на Општина Карпош на брифингот за постапката за носење на нов ДУП за населба Трнодол од 11.12.2019 година.

Во интерес на презентирање на вистинските барања на граѓаните од населба Трнодол и Жданец упатени до Општина Карпош и Градот Скопје и советниците на општинските и градските власти, го даваме следното појаснување:
Градоначалникот Богоев манипулира со јавноста и граѓаните на Карпош имајќи ги предвид изнесените ставови на последната прес конференција која ја одржа пред мал број одбрани новинари, на која не беа поканети преставници од нашите населби и на која не им беа дадени на увид нашите писмени и аргументирани забелешки околу начинот на кој се пробува на сила , не стручно, без документи што побрзо да донесе ДУП от . Во целата постапка Општината не презема ништо да ја спречи опасноста од клизање на подножјето на Водно, градење згради во заштитен канал од поплави во подножјето на брдото и навлегување со нови градби во Парк шумата ВОДНО над постоечките населби. Со еден збор се заобиколуват потребите на жителите во овие населби и елаборатите и предупредувања на стручната јавност како и значењето на заштитното зеленило и парк шумата ВОДНО.

Градоначалникот Стефан Богоев манипулира дека со стариот ДУП е возможно да се изградат 4 спрата и безброј стамбени единици , кога во важечкио ДУП од 2001 година јасно пишува дека населбата е предвидена и е дозволено за семејни куќи по два стана со по 4 члена.

По насилното закажување на јавна презентација за предлог ДУП – от за дел од населба Трнодол со Шпанско село на 30 јули и на температура од 43 степени, граѓаните од населбите Трнодол и Жданец, не дозволија да се оддржи јавната презентација, бидејќи Општината и проектанското биро од БИТОЛА немаа доставено и изработено низа документи кои се потребни при изработката на Дупот. Што е најважно никој од граѓаните во населбата немаа побарано да се изработи нов ДУП.

4.Планска документација
Неквалитетна ажурирана подлога, без посета на терен, некомпетентност и стручност допринесуваат за лоши урбанистички решенија

Сепак иако постапката за ДУП за нас граѓаните и пред законот не е започната , граѓаните доставија преку 450 анкетни листови (на кои Општината, согласно законот се уште нема одговорено), потоа поднесовме Преставка на 19.08.2019 година ,па потоа и ЗАБЕЛЕШКИ И БАРАЊА по Одговор на Претставка УПП.бр.11-04 од 01.10.2019 година до општинските и градски власти, на кои генерално ние како граѓани не бевме задоволни од одговорите и начинот на кој општината се труди да не ги разгледа и прифати нашите аргументи и барања.

Главните забелешки и барања на жителите на населба Трнодол изнесени во наведените писмени поднесоци до надлежните во постапката за носење на овој предлог ДУП беа:

- Да бидат земени во предвид направените геомеханички испитувања во периодот 2004-2010 година каде беше констатирано дека постои можност за лизгање на големи слоеви на земја , и дека е потребно зацврстување на брдото со шипови, да се направи интервенција околу движењето на водата и пошумување на целиот заштитен зелен појас. Доколку овие препораки не бидат земени во предвид што поскоро постои можност за голем број на човеки жртви и уништување на имотот во Козле и Трнодол. .
- Да не се пресекува населбата „Трнодол“ со нова сообраќајница до „Шпанско село“ и населба Козле. Планираната улица која треба да води кон новопредвидената населба на падините на Водно е премногу тесна, не безбедна и не може да овозможи проток на мал број на возила, а уште помалце да сервисира и цела населба и јужна обиколница.
- Најнапред Град Скопје во новиот ГУП кој е предвиден за 2022 година да ги пораваи грешките кои се наоѓаат во актуелниот ГУП каде населбите на чуден начин се поделени и не е правилно изработен планот со измислени улици преку заштитни канали .
- Населбата „Трнодол“ вештачки да не се дели и дел од населбата „Трнодол“ да не се поврзува со „Шпанско село“ и населба Козле, а останатиот дел (околу 46 градежни парцели) да не се поврзува со населба Жданец, а со цел Општината, врз основа на Регулациски план донесен од Град Скопје на 18.07.2018 година на штета на интересите на граѓаните да прави основа за инженеринг на максимална дозволена нето густина на населеност и да формира услови градба на висококатници под населбата „Трнодол“ позади бензинската „Макпетрол“ и проектирање на нова населба на падините на Водно.
- Да не се предвидува зголемување на катноста на градежните парцели П + 2 + Пк, односно висина на градежен венец 10,2 метри, намена А1. Општината да донесе нов правилник за катноста кај семејно домување и на терен на кој е констатирана можност за пролизгување да не издава дозволи за градба додека не се санира и потврди безбедноста на брдото .
- Да се забрани градење на падините на ВОдно и над населбите Трнодол и Жданец .
Градоначалникот Богоев, наместо да ги почитува барањата на граѓаните, во брза постапка на само 20 дена пред парламентарни избори, штитејќи интереси на градежни профитери , повторно се обидува во една постапка чија законитост е оспорувана од самиот почеток и е на штета на интересите на локалното население од населбите Трнодол, Жданец и Козле сака да спроведе јавна презентација на некаков нов Предлог ДУП.

Во овој нов предлог ДУП кој ќе биде ставен на јавна презентација единствено е направена корекција на 2 од нашите барања:

1. Задржување на Висината на градбите од П+1+Пк (која висина, впрочем така и е предвидена со ДУП – от кој е во важност во моментов , на која треба да додадеме дека треба да се задржи истиот стандард за семејно домување од најмногу 2 семејства. Второ и многу важно скоро сите сопственици од улицата кој се опфатени со ДУПот од 2014 година без нивно знаење им е зголемена катноста , бараат да се намали катноста која не ја побарале во тој ДуП.
2. Влезот од населбата Трнодол нема да се затвара и тој дел ќе биде заштитно зеленило (претходно беше дефинирана како парковско зеленило).

Дел од барања на граѓаните:

- да не се врши поделба на населбата на два дела и спојување на тие делови со Шпанско село и Жданец врз основа на спорен Регулациски план,
- да не се предвидува сообраќајница низ населбата Трнодол,
- да не се предвидуваат висококатници за колективно домување под ридот на кој е позиционирана населбата со кои дополнително би се загрозила стабилноста на земјиштето и би се зголемила густината на населението без соодветно обезбедени градинки, училишта, болници и паркови и без да се земат во предвид геомеханичките испитувања на теренот и што побрзо општината да издвои средства за санирање и зацврстување на брдото , а дури потоа да направи било каково планирање на просторот, или дозвола за градење во подножјето на Водно.

Оттаму, уште еднаш јавно апелираме градоначалникот Богоев, да гo повлече спорниот ДУП и да донесе одлука за стопирање на било какви градби и издавање дозволи во овој дел на Водно. Понатаму заедно градоначалникот Шилегов да подготви нов регулациски план, елаборат и реализација на конкретни мерки за дополнителна заштита на Водно од поплави и лизгање на земјиштето.

Владата и Собранието да го донесат ветениот закон за стопирање на хаосот во урбанизмот и потоа да се отпочне постапката во која на прво место ќе бидат нашите потреби и барања според гусината на населението и екологијата и безбедноста.

Бараме да се испочитуваат барањата на жителите кои живеат на просторот за кој го предлага ДУП – от, а кои беа доставени до општинските и градските власти и да ја запре спорната постапка за носење на овој урбанистички план, во спротивно ќе се соочи со протести. Веќе се поднесени иницијативата за испитување на уставноста пред уставниот суд, а ќе има уште неколку тужби се до исполнување на нашите барања – бидејќи со таквиот предлог ДУП не се придонесува ниту за правилен, ниту за рамномерен развој на овој дел од Карпош и единствено се создаваат услови за нови висококатници во населбата Козле и дополнително уништување на зеленилото на Водно, со нови градби, преголема населеност, опасност од пожари, земјотреси, клизање на земјиште и поплави како и небезбедна сообраќајна инфрастриктура во Козле и во другите населби.

https://www.porta3.mk/zhitelite-od-trnodol-revoltirani-od-gradonachalikot-na-opshtina-karposh/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5033
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #904 Posted: 16-Dec-2019 at 17:02
Дали и колку нови згради ќе има на денационализираното земјиште кај фабриката „Треска“?
Дали и колку нови згради ќе има на денационализираното земјиште кај фабриката „Треска“ се уште не се знае, но од Асоцијацијата на архитекти немаат дилеми дека таму ќе се гради. Надворешна Комисија составена од урбанисти заедно со Општина Центар ќе го анализира ДУП-от заедно со Општина Центар, кој што е донесен во 2012 година, а во овој момент е под привремен мораториум. Но, експертите го лоцираат проблемот со неусогласеноста на ДУП-овите со Генералниот урбанистички план. А, тој реон каде што се наоѓа и фабриката „Треска“ веќе е преизгграден, оценуваат од Асоцијацијата на архитекти.

Мартин Пановски смета дека централното градско подрачје и треба да подлежи на градежни активности затоа што тоа му прилега на еден голем град. Но, како се прави тоа – е проблем којшто се уште не е регулиран, а од тоа патат повеќе населби во Скопје.

Комисијата за урбанизам во Општина Центар го има на маса Деталниот урбанистички план за Градската четврт каде што се наоѓа „Треска“. Но, се уште не почнале да го разгледуваат, одговорија тие за Телма. Велат дека планот е многу опширен и комплексен и затоа им треба повеќе време за анализа. Неофицијално, околу февруари ќе следи и јавна анкета за тој ДУП.

92% од земјиштето коешто е составен дел од тој ДУП, а беше во сопственост на поранешниот индустриски гигант „Треска“ е денационализирано и вратено на барателот, со одлука на Комисијата за одлучување по барања за денационализација донесена лани.



https://telma.com.mk/dali-i-kolku-novi-zgradi-ke-ima-na-denatsionaliziranoto-zemjishte-kaj-fabrikata-treska/
Back to Top
Konzul View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Dec-2019
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Konzul Quote  Post ReplyReply #905 Posted: 18-Dec-2019 at 15:50
Здраво. Нов сум на форумот па не знаев каде да го поставам прашањето. Работам на едно проучвање и ми треба детален урбанистички и генерален урбанистички план за Битола, во .dwg формат. Разговарав со колеги и никој ги нема или не знае каде можам да ги добијам, па ми треба помош од вас дали случајно некој ги има или може да ме упати од која институција можам да ги добијам или некој фирми што се занимаваат со урбанистичко планирање. Ви благодарам.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 417
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #906 Posted: 18-Dec-2019 at 18:54
Добро, од толку многу други места за градење низ Скопје се фатиле баш за Трнодол, Жданец и Козле...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1425
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #907 Posted: 19-Dec-2019 at 00:54

Konzul убое да е муабетот мајтап но во многу општини dwg нема да добиеш нит за ДУП а не па ГУП. кога бев последен пат да барам а Нижеполе абер ми извадија од ’62-ра китапи, морав да ги фоткам со телефон, а излезе све горе ново ет дивоградба за малку ќе се насадев да купам викендица рискирајќи пред тоа законот а легалиација, НО се пишманив бидејќи тоа беше речиси бајаѓи на крај куќичка одма пред онаа последната со леглото Шарковци ...

инаку можеш кој било фото-формат во скечап да го удриш на трејс и да му ивадиш контури во dwg ...

пробај во некое Урбанистичко Проектантско Биро како она Инпума во Скопје може тие веќе да имаат правено ревизии или нови планои за Битола па тие ако ти излезат во пресрет ...


Edited by Zelenikovo - 19-Dec-2019 at 00:55
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5033
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #908 Posted: 23-Jan-2020 at 12:56
Треска – инвеститори фаќаат парцели додека граѓаните туркаат петиција

Земјиштето на поранешната фабрика за мебел „Треска“ ќе биде новиот мегдан во вечната скопска борба меѓу приватниот интерес за градење и јавниот интерес за похумано урбанистичко планирање, во која приватниот многу почесто победува.

Откако поголем дел од просторот на напуштениот индустриски капацитет беше вратен со денационализација на семејството Виќентијевиќ од Скопје, градежните фирми почнаа да фаќаат позиции на теренот, каде што според сегашниот детален план (во мораториум) има градежни маркички за 30 згради на четири или на пет ката, плус поткровје. Архитекти и граѓански активисти, пак, туркаат иницијатива за таму да се направи ново урбанистичко решение што ќе се избере на јавен конкурс.

Свесни дека станува збор за имот што веќе е приватен, граѓаните се повикуваат на одредбите и на духот на Законот за експропријација, кој ги ограничува сопственичките права ако треба да се оствари јавен интерес, и повикуваат на дијалог. Сопствениците, пак, не се заинтересирани да разговараат за, како што велат, да се откажат од нешто што им е загарантирано со Уставот, а тоа е да ги искористат сите права стекнати на нивното парче простор.

Нов рецепт за „наполитанките“



Советот на Општина Центар на последната седница ја прими информацијата дека е поднесена иницијатива со која се бара просторот кај Треска да се оддели како посебна урбанистичка целина од ДУП „Буњаковец“ и да се уреди со распишување јавен конкурс. Тоа би значело дека општината ќе определи општи параметри (колку простор за градба да има, колку зеленило, колку приватни и јавни објекти итн), а заинтересираните архитекти ќе понудат дизајни како сето тоа да изгледа.

На иницијативата се потпишани 272 граѓани, главно архитекти, како и повеќе организации, меѓу кои Здравје пред профит во Центар, Транспарентност Македонија, О2 Коалиција, а поддршка дадоа и Асоцијацијата на архитекти, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти и инженери, и други.

Општина Центар веќе две години ги држи деталните планови под мораториум, барајќи начини како да се намалат габаритите на предвидените објекти за да се ограничи населеноста и притисокот врз локалната инфраструктура. На преиспитување е и планот „Буњаковец“ под кој спаѓа локацијата на фабриката. Но, и во новопонуденото решение од проектантската куќа (кое сѐ уште не стигнало на јавна анкета) таму имало „згради наредени како наполитанки“, како што велеле во општинската комисија за урбанизам. Затоа се барале поинакви идеи.

„Мора да се запази јавниот интерес, дури и при располагањето со приватното земјиште. Затоа општините ја имаат обврската да прават детални урбанистички планови. Не е целта некој да трпи штета, верувам дека можеме низ разговор со сопствениците да најдеме заедничко решение“, вели претседателката на општинскиот совет Јана Белчева Андреевска, која е и член на организацијата Здравје пред профит во Центар.

Како што објаснува Белчева, фабриката се наоѓа во подрачје каде што веќе има густа изграденост, има малку зеленило, нема ниту училиште, ниту градинка со капацитет да ги прифатат децата, а ако се изградат новите објекти таму, ќе се додадат уште неколку илјади жители. Затоа, според неа, остварувањето на уставното право на здрава животна средина може да биде доволна основа за експропријација на делови од земјиштето. Тоа е предвидено со членот 4 од Законот за експропријација, каде што се вели дека јавен интерес е уредување, рационално користење и хуманизација на просторот.

И судот може да влезе во играта

Експропријациите како метод на одземање приватен имот со обесштетување најчесто се користеле при изградба на улици и патишта, но и во тие случаи не биле секогаш успешни. Најдобри примери за тоа се булеварот Мајка Тереза (поранешна Водњанска) и мостот кај Маџир маало и железничката станица, кој завршува со свиок и со стеснување затоа што еден сопственик одби да ја продаде куќата. Двата проекти се од времето на Ристо Пенов, а вториот го доврши Трифун Костовски.

И поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски направи булевар од над три километри, кој среде коловозот имаше автоперална. Станува збор за Трета македонска бригада, каде што еден објект не можеше да се урне бидејќи градот и сопствениците се тужеа околу обесштетувањето. Двете страни имаа различни вештачења за вредноста, со различни суми. По три и пол години од отворањето на булеварот беше пресудено во корист на град Скопје, кој во октомври минатата година ја урна куќарката, а на довршувањето на тоа парче од булеварот сѐ уште се работи. Сопствениците најавиле дека ќе се жалат во Стразбур.

Што значи ова во случајот со Треска? Јаќимовски од „Голден Арт“ не сака да претпоставува што би направил ако биде доведен во ситуација да мора да ги намали своите површини за градба.

„Не сум размислувал за тоа, но уште еднаш ќе нагласам – не може да наметнуваме тренд дека секој може да прави што сака на приватен имот. Општината може да одлучува за јавниот имот, но на приватниот, ако веќе имаме стекнато право, тоа не може да ни се одземе“, вели тој.

Белчева-Андреевска, пак, смета дека општината не треба поради страв од судски процеси да престане со обидите да го хуманизира просторот.

„Ако треба и судски да се бориме за да го заштитиме јавниот интерес, тогаш ќе се бориме. Но, јас сѐ уште верувам дека можеме да најдеме заедничко решение“, додава претседателката на советот.

На следната седница, советниците ќе треба да ја прифатат иницијативата на разгледување (ако утврдат дека е уредно поднесена) и потоа да расправаат за нејзината содржина и да донесат заклучок. Ако се одлучи дека за просторот ќе се распишува конкурс, потоа таа постапка ќе треба да ја спроведе општинската администрација.

https://prizma.mk/treska-investitori-fakaat-partseli-dodeka-graganite-turkaat-petitsija/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12897
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #909 Posted: 23-Jan-2020 at 13:26
Ќе се добие уште еден „Стар Аеродром“, ништо друго.
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #910 Posted: 23-Jan-2020 at 16:57
На ваква локација треба да има еден голем репрезентативен објект со голема зелена површина...мора да има начин општината да наложи што и како да се гради... она на фотографијата горе е срамота да се изведе...еден куп минијатури набуткани една до друга...срам.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 630
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #911 Posted: 23-Jan-2020 at 20:48
Ќе го преговарале со сопственикот... Донеси ДУП како што треба, па нека гради ако сака, што има да го молат. Врз која основа може да тужи, не ми е јасно.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 417
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #912 Posted: 01-Feb-2020 at 20:01
Дали некој има информација дали е планирано во текот на оваа година да се асфалтира улицата од Тинексот кај Вучко, Острово, (со тоа што дел и би се пробил) се' до ПИОМ (согласно ДУП-от)?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5033
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #913 Posted: 01-Feb-2020 at 20:13
Neznam dali ke ja asfaltiraat i probivaat ulicata no za toj del moram da kazam deka e haoticen,pred nekoj den koga pominuvav okolu PIOM bese neviden haos nema dovolno parking a kapak na se sega gradat uste edna osumkatnica(saf komerc) pa koga betoniraat se sozdava uste pogolem metez. Patem spored planot pozadi Tineksot treba da niknat uste minimum dve zgradi taka da neophodno ke bide probivanje na ulicata i pogolema protocnost za toj del.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5033
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #914 Posted: 03-Feb-2020 at 14:44
НЕ САКАМЕ ЗЕЛЕНИЛО, САКАМЕ СТАНОВИ ЗА ДЕЦАТА, РЕАГИРАА ГРАЃАНИ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ДУП-ОТ ЗА ДЕБАР МААЛО 2 И ГРАДСКИ ПАРК

„Зеленилото не е приоритет во овој план, ете ни го Градски парк, сакаме поголеми парцели да им обезбедиме станови на децата“, рекоа граѓани на денешната јавна презентација на Деталниот урбанистички план Градска четврт 3 12- локалитет Парк 1 и дел од Дебар Маало 2.

Планот кој денеска се презентираше во Општина Центар се однесува на просторот од паркот во делот кај бараките на Град Скопје до арената „Тодор Проески“, како и делот на Дебар Маало, од парк до зградата на Владата.

Со новиот ДУП се предвидува кај бараките на Град Скопје наместо деловен објект со пет ката, да има монтажен паркинг со спортски игралишта на кровот. На местото на бараките на Судот за прекршоци, со стариот план биле предвидени да се градат две згради. Сега тие маркички се бришат и тој дел ќе биде зеленило. Кај салата „Партизан“ се предвидува изградба на училиште и градинка. Маркичката „Кермес“ останува со максимална висина од 7,9 метри односно приземје плус еден кат. Намалена е катноста на ресторанот „Опатија“, која со претходниот план била приземје плус три ката, а сега е приземје плус еден кат.

Станбените објекти ја задржуваат постојната состојба односно висина, но им се намалува големината на градежната парцела. Тоа значи дека градежната парцела на која може да се гради и доградува објектот ќе биде 70 отсто, а другиот простор треба да биде за зеленило и паркирање. Исто така со планот се предвидува одалеченоста од еден до друг објект да биде минимум 6 метри.

Токму ова решение ги разлути граѓаните кои бараат да им се зголемат парцелите и катноста, дека веќе имале преддоговори со инвеститори и дека не им треба зеленило.

„Каде сте виделе во светот во центар на град меѓу зградите да има одалеченост и искористеност на парцелата до 70 проценти. Секаде објектите се залепени едни до други. Не сакаме зеленило, си го имаме паркот во непосредна близина, сакаме развој за да можеме да им оставиме станови на децата. Не ни требаат паркинг места, инвеститорите ќе направат подземно паркирање под зградите. Не го сакаме планов, повлечете го“, извикуваа граѓаните на претставниците на општина Центар кои им го објаснуваа планот.

„Сите сакате да имате паркинг простор, а не сакате да се откажете од дел од вашата парцела, сите сакате чист воздух, а овдека барате поголема катност“, рече Биљана Насковиќ, раководител на одделението за урбанизам и планирање во општина Центар.

Јавната анкета за планот трае до 31 јануари, до кога граѓаните можат да пополнат анкетни листови со нивните забалешки во однос на планот.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ne-sakame-zelenilo-sakame-stanovi-za-detsata-reagiraa-gragani-na-prezentatsijata-na-dup-ot-za-debar-maalo-2-i-gradski-park/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #915 Posted: 03-Feb-2020 at 16:25
LOLLOLLOL
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5033
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #916 Posted: 14-Feb-2020 at 14:09
Треска“ нема да биде парк, но не смее да стане ниту бетонска џунгла

Просторот на некогашната фабрика „Треска“ во Скопје нема да стане парк, како што сакаат граѓаните, но не смее да стане ниту бетонска џунгла, како што посакуваат сопствениците на парцели. Уредувањето на просторот деновиве е жешка тема во јавноста, која преку Советот на Општината Центар бара таа да се уредува на конкурс. Точката веќе двапати се најде на дневен ред, но советниците не донесоа одлука, а претседателката на Советот, Јана Белчева, најави дека и идната недела повторно ќе се расправа на оваа тема.

Разликите меѓу желбите на граѓаните во загаденото Скопје, да добијат што повеќе зеленило, и на сопствениците на парцели во „Треска“ се разбирливи, смета архитектката Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, бидејќи стандардите кои граѓаните ги очекуваат се различни. Тие се разликуваат во зависност од тоа дали станува збор за личен интерес, профит или за општествена корист. Затоа, за да се создаде баланс, постојат законите, нормативите и стандардите, кои треба да се почитуваат и доследно спроведуваат од страна на сите вклучени во процесот на планирање на градот.

„Решение за двете спротивставени крајности – ’сакаме станови за децата‘ од едната, и ’сакаме парк‘ од другата – е компромис помеѓу сопствениците и јавниот интерес, што е целта на иницијативата за конкурс. Тоа значи дека просторот не може да се претвори во парк, но значи и да не се преизгради, како што е планирано со предходниот ДУП со кој се предвидени преку 142.000 квадратни метри бруто развиена површина за градење. Идејата е да се распише конкурс за урбанистички план и на градежните парцели кои се во сопственост на државата да се градат содржини од јавен интерес, а приватните парцели да ја задржат добиената квадратура со предходниот ДУП. Решението не е идеално, но изграденоста ќе се намали на сметка на државното земјиште, каде ќе се предвидат и содржини од јавен интерес, а сопствениците ќе ја добијат истата квадратура, само поразлично распределена и покреативно планирана и како и партер на локацијата планиран и за граѓаните“, посочува Раѓеновиќ-Јовановиќ.

Идејата е со конкурсот да се добијат и проекти каде ќе се знае бројот на станови и нивната структура, соодветно на Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање. На тој начин ќе се избегне градење на двособни станови од 40 квадратни метри и трособни од 55 квадратни метри, кои не ги исполнуваат овие стандарди. Паркирањето, исто така треба да биде решено според бројот на возила на паркиралишта кои ќе се изведат соодветно сите стандарди. Овој начин на донесување одлука за просторот, смета таа, дава шанса да се покаже дека и во не многу поволни услови урбанистичкото планирање може да даде подобри резултати, а тоа е предност за сите корисници на просторот и оние кои имаат свест за јавниот интерес и за оние кои треба да остварат профит. Конкурсите во светот се честа практика, особено за простори кои се од значење за еден град. Даваат можност да се добијат планирани населби, наспроти живеењето во хаос кој неминовно настанува во развивавањето на градови кога тоа е раководено со третирање на просторот како плен на поединци, а планерите работат по диктат на инвеститорите и локалните моќници.

„Во градовите низ светот и експропијацијата како алатка за управување со земјиштето во многу случаи е неопходна кога местата доживуваат деградација од разни причини и може да послужи за спроведување на квалитетни планерски визии. Слични зафати низ историјата направиле и Илдефонс Седра со Барселона, баронот Осман со Париз, а радикални трансформации заради објективни причини насочени кон унапредување на градското живеење и справувањето со хаосот, своевремено претрпеле и Њујорк, Амстердам, Јоханесбург, Бостон, Виена, Берлин, Индијанаполис и огромен број други градови секаде во светот“, вели Раѓеновиќ-Јовановиќ.

Дали советниците на Центар ќе ја препознаат заложбата на архитектите и желбата на јавноста, ќе се знае за неколку дена. Претседателката на Советот, Јана Белчева, вели дека нема да се откаже од иницијативата и точката по третпат ќе се најде пред советниците.

„Нови невладини организации се приклучуваат на иницијативата, што само покажува дека граѓаните сакаат тој простор да се решава на поинаков начин. Во моментов ни треба нова синергија на потребите на граѓаните и стручната јавност, која сака да помогне и да ги исправи грешките од минатото, затоа што последиците ги живееме сите“, вели Белчева.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, вели дека според стариот ДУП на оваа локација е предвидена изградба на станбен и деловен комплекс, но тој во моментов, заедно со повеќе други планови, се ревидира додека не се усогласат со ГУП.

„Што се однесува до делот на ’Треска‘, тој е дел од планот ’Буњаковец‘ кој се работи од 2014 година, а во моментов е во мораториум. Имаме одредени иницијативи на кој начин тоа да се решава и нормално тоа го усогласуваме. Важно е иницијативите да бидат правно издржани и да видиме кој е саканиот ефект од нив“, вели рече Богдановиќ.

Сања Наумовска

https://nezavisen.mk/treska-nema-da-bide-park-no-ne-smee-da-stane-nitu-betonska-dzhungla/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #917 Posted: 14-Feb-2020 at 18:16
Зарем не може општината или владата (сепак во СК живее пола држава и ова е за општо добро) да откупат дел од парцелите и на тој начи да ги пренамени во парк.

Edited by alexsend - 14-Feb-2020 at 18:17
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5033
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #918 Posted: 19-Feb-2020 at 14:04
Земјиштето кај „Треска” наскоро ќе добие нов изглед

Општина Центар на вонредна седница ја усвои одлуката за распишување на јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна фабрика „Треска“.

– Ќе се формира комисија која ќе биде составена од архитекти, сопственици на земјиштето и други кои ќе одлучуваат за тоа како ќе изгледа просторот. Според мојата проценка, за околу шест месеци веќе ќе се започне со работа на терен – вели Богдановиќ.

Советниците со 12 гласа „за”, изгласаа дека по пат на конкурс за урбанистичко решение ќе се решава за изгледот и содржината на она што ќе биде на опфатот на дел од ДУП Градска четврт З 11, локалитет Буњаковец 1 и Буњаковец 2.

– Дел од Советниците се натпреваруваа во гласност и се истакнуваа да се произнесат колку е важен приватниот интерес и правото на сопствениците, можеби и додворувајќи се на некои од инвеститорите присутни на седницата, најпрво во задните, а потоа во првиот ред, веднаш до градоначалникот. Тоа ми отвори сомнеж во чесните намери да се пристапи кон решавање на овој простор во градот и повторно да влеземе во игри каде формалниот конкурс би можел да се искористи како параван, а не да биде суштинска промена во планирањето на градот во партнерство со граѓаните, стручните лица и локалната власт, водени од иста цел – вели Јана Белчева која е претседателка на Советот и на таа позиција дојде како претставник на граѓанскиот сектор, односно иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“.

Во изборот и оценувањето на доставените конкурсни решенија за локацијата, општината ќе ја вклучи целата стручна јавност – Архитектонскиот факултет, Асоцијација на Архитекти и Комора на архитекти.

Советниците вчера во салата за седници на Општината, најпрвин се расправаа околу тоа дали да се продолжи со 41-та седница, или да се свика нова вондредна по предлог на градоначалникот.

Дискусијата внимателно ја следеа околу дваесетина заинтересирани граѓани од општината.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/земјиштето-кај-треска-наскоро-ќе-д/?fbclid=IwAR3y-LsNAWC3kOEs6In6FLR6hNKpBmXeCaQOsvegrn_kNJmxfCLVWoBsZdw
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5033
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #919 Posted: 19-Feb-2020 at 14:05
ЌЕ ИМА КОНКУРС ЗА „ТРЕСКА“, КОМИСИЈАТА ЌЕ ЈА СОСТАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГДАНОВИЌ, ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОВЕТОТ БЕЛЧЕВА ВЕЛИ ТАКА СЕ ШТИТАТ ИНТЕРЕСИ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ

На конкурс ќе се одлучува што ќе се гради на просторот на поранешната фабрика „Треска“ во Скопје, но начинот на кој ќе биде спроведен создаде кавга меѓу градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и претседателката на Советот Јана Белчева-Андреевска. По три закажани седници, на кои се дискутираше за иницијативата на граѓани и архитекти да се распише Архитектонско-урбанистички конкурс, вчера советниците прифатија на овој начин да се уреди просторот, но врз основа на предлогот на градоначалникот Саша Богдановиќ.

Градоначалникот пред почетокот на седницата кажа дека предлага нова вонредна седница за распишување конкурс за „Треска“, бидејќи точката која е ставена на 41. седница на дневен ред не може да се изгласа зашто иницијативата не била доставена според законски прописи.

„За да не се доведеме да донесеме одлука, а потоа некој да може да ја оспори, јас како градоначалник предлагам нова вонредна седница за распишување конкурс за ‘Треска‘. Со тоа ќе ги избегнеме можностите за носење незаконски одлуки, а целта ќе ја постигнеме, да се распише конкурс за уредување на овој дел од Деталниот урбанистички план Градска четврт 311 локалитет Буњаковец 1 и 2“, рече Богдановиќ.

Но, овој предлог на градоначалникот Богдановиќ, не го прифати претседателската на Советот на Општина Центар Јана Белчева-Андреевска. Таа не дозволуваше да има вонредна седница со предлогот на градоначалникот Богдановиќ, туку според точката која беше на 41. седница. Белчева велеше дека заклучоците за тоа како да се спроведе конкурсот се различни од оние кои биле претходно договорени и кои беа предложени како точка на редовната седница.

Проблемот, според Белчева, е во однос на тоа кој ќе биде дел од Комисијата за составување на програмската задача за конкурсот. Во заклучоците на градоначалникот стои дека тој ќе формира Комисија, која покрај вработени од Општината ќе има и надворешни членови, додека Белчева смета дека Комисијата треба да биде составена само од вработени во Секторот за урбанизам на Општина Центар. Со предлогот на градоначалникот да има надворешни членови, смета Белчева-Андреевска, се отвара можност да се остварат интересите на инвеститорите за тоа што да се гради на просторот, а не да се заштити јавниот интерес.

„Жал ми е што административните бариери беа пречка за прифаќање на граѓанската иницијатива, иако бариерите се поставени токму од власта и таа треба да ги отстранува за да ја охрабри соработката со граѓаните. Но најмногу жалам што градоначалникот смета дека има дискреционо право да одлучува за Комисија, за финансирање и за дефинирање на барањата. Неговите предлози за тоа како и кој ќе ги дефинира влезните параметри по кои ќе се работи конкурсот, барањата кои мора да бидат задоволени во решението, но уште повеќе како и преку која програма ќе се финансира конкурсот, отвораат простор за задоволување на интересни групи, а на штета на јавниот интерес и граѓаните. Моето залагање не е за конкурс како легално-технички параван за да се изигра интересот на граѓаните за сметка на политичко-бизнис интересни спреги, како што беше случај впрочем и со ‘Скопје 2014’, проект кој ‘победи‘ на конкурс. Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните“, вели претседателката на Советот на Општина Центар Белчева-Андреевска.

Токму поради несогласувањето со предлогот на градоначалникот Саша Богдановиќ, претседателката на Советот Белчева-Андреевска ја напушти седницата. Потоа, седницата ја водеше најстариот советник Цветанка Симоновска, која го прифати предлогот на градоначалникот за вонредна седница со неговите предлози за распишување конкурс за „Треска“. Овој предлог беше прифатлив за советниците и тие го изгласаа со 12 гласови „за“.

Градоначалникот Богдановиќ вели дека не е точно она што го говори претседателката Белчева-Андреевска и не сака да заштити никакви бизнис интереси на инвеститори за овој простор.

„Јас да ги штитев интересите на инвеститорите немаше да воведам мораториум, ниту да се борам да донесеме планови кои ќе овозможат хуман живот на граѓаните. Комисијата која ќе ги состави влезните податоци на конкурсот ќе биде составена од вработени во Општината, како и од претставници кои ја поднесоа иницијативата. Немам никакви скриени намери, ниту договори со инвеститори. Нормално е дека и претставник на сопствениците на имотите треба да биде вклучен покрај архитектите, поднесувачите на иницијативата и стручните лица од Општината“, вели Богдановиќ.

Во јануари годинава, откако во јавноста почна да се зборува дека со новиот план „Буњаковец 1 и 2“ , кој во моментов се прави во рамките на мораториумот, се превидуваат нови згради, беше поднесена иницијатива да се распише конкурс. Иницијативата за Архитектонски урбанистички конкурс до Општина Центар ја поднесе поранешната претседателка на Здружението на архитекти на Македонија Даница Павловска-Циги, во име на повеќе професори, архитекти членови на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти, како и граѓанските здруженија „Здравје пред профит во Центар“, „О2 коалиција“ и „Транспарентност Македонија“.

„Граѓанскава иницијатива ја поднесуваме со верба во создавање на нова урбанистичка визија за локацијата на фабрика ‘Треска‘ што конкретно подразбира предвидување, организација и спроведување на архитектонско-урбанистички конкурс со соодветна програмска задача. Нашето длабоко уверување во успехот на институцијата конкурс е неприкосновено, а аргументацијата на конкурсот како компетитивен демократски процес е проверена. Таквиот потез индицира разумно делување, претставува гарант за побогата идејност и очигледна предност, а што е особено важно, позитивно ќе го одбележи времето што го живееме“, стоеше во граѓанската иницијатива до градоначалникот Саша Богдановиќ.

https://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/ke-ima-konkurs-za-treska-komisijata-ke-ja-sostavi-gradonachalnikot-bogdanovik-pretsedatelkata-na-sovetot-belcheva-veli-taka-se-shtitat-interesi-na-investitorite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5033
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #920 Posted: 26-Feb-2020 at 15:34
ИНТЕРВЈУ СО САША БОГДАНОВИЌ: Нема веќе бетонски џунгли и наполитанки згради, туку многу зеленило, градинка и училиште

Советот на Општина Центар минатата недела на вонредна седница го усвои заклучокот преку јавен конкурс архитекти и урбанисти да понудат креативни решенија како да се уреди парцелата на поранешната фабрика „Треска“. Со градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ разговаравме што ќе значи тоа во пракса и што би можеле да очекуваат центарци да се изгради на таа локација, а да биде запазен јавниот интерес. Богдановиќ одговара и на обвинувањето од претседателката на Советот на општината дека „конкурсот е само легален параван зад кој стојат бизнис интереси“ и како новото решение за оваа локација ќе биде вклопено во новиот ДУП, кој е во подготовка и како ќе се усогласи со Генералниот урбанистички план на Град Скопје.

*На јавен конкурс ќе се уредува парцелата на поранешната фабрика „Треска“. Што тоа ќе значи во пракса?

Општина Центар ќе распише конкурс во кој ќе се определи урбанистичко решение за тоа што ќе биде на тој простор. Ќе се формира комисија по моја иницијатива како градоначалник и која ќе ги даде сите параметри и програмски задачи што таму треба да се прави. Комисијата ќе се формира оваа недела бидејќи одлуката беше потпишана минатата недела. Денеска со Секторот урбанизам ќе одржам состанок и да ја договориме целата работна група и како ќе функционира комисијата.

*Одлуката беше одобрена од Советот на општина Центар. Претседателката на Советот, Јана Белчева, обвини дека конкурсот е „само легален параван зад кој стојат бизнис-интереси“. Како ова го коментирате?

Не можам да коментирам нешто посебно. Ако некој сака да донесе каква било одлука треба да биде присутен во салата на Советот и тука да дебатираме. Заклучоците што ги предадов претрпеа одредени измени од предлози на советници затоа што беа прифатливи. Моментот што настана, според мене, во раздвојување на мислењата е што иницијативата беше поднесена од граѓански здруженија, асоцијација на архитекти и слично и беше поднесена незаконски. Беше ставена на дневен ред и секое нејзино гласање за таква иницијатива ќе нè ставеше во правен лавиринт, а немаше да се постигне целта. Јас идејата ја прифатив, само што ја предложив јас, како градоначалник, за да ги избегнеме оние правни процедури кои што би настанале доколку беше поднесена како граѓанска иницијатива по тој закон како што беше поднесена.

Суштината е запазена, желбата и идејата е запазена, сега останува да ја реализираме. Не станува збор за никаков параван, комисијата ќе биде јавна и ќе бидат вклучени сите тие луѓе кои се дел од таа иницијатива. Не гледам никаков параван, туку напротив. Ако сме биле некаков параван немаше воопшто да донесеме такви заклучоци. Уште поголем доказ дека ниту сме параван е второто носење на мораториум по одлуката на Уставен суд. Можев да кренам раце и да кажам: не ми успеа да ги ревидирам плановите. Сепак, ние донесовме нова изменета одлука.

*Како избраното урбанистичко решение ќе се вклопи во новиот ДУП што се подготвува, како и во Генералниот урбанистички план на Град Скопје?

Новото решение ќе ги земе дел од параметрите од деталниот и од Генералниот урбанистички план, бидејќи на крајот тоа е целта поради која се ревидираат плановите – се усогласуваме со параметрите на ГУП-от. Тоа нема да се вклопи во стариот план, туку се носи сосема нов план во кое ќе биде вклопено тоа решение за тој дел.

*Во јавноста имаше обвинувања дека со новиот план Буњаковец 2 кој е во подготовка, се предвидуваат нови згради во тој дел, односно подигнување на бетонска џунгла. Дали вие би дозволиле да се случи вакво нешто?

Напротив, во сегашниот план, кој е под мораториум, има бетонска џунгла или јас ги викам популарно наполитанки. Тоа се огромни блокови во кои е само бетон, нема зеленило, нема јавни површини, нема предвидено градинка, ниту училиште, ништо. Во нашите идеи што сакаме да ги споделиме во новиот план е нешто сосема различно, а конкурсот само ќе го домоделира да биде уште поубаво. Да ги оставиме луѓето да работат со параметрите и да ги распределат така како што мислат. Да не бидат само бетонски зданија кои што ќе ни се протегаат и нема да личат на ништо, туку треба да биде нешто со кое сите ќе се гордееме.

*Какви решенија очекувате да понудат архитектите и урбанистите: повеќе зеленило и паркинзи и повисоки згради или?

Очекувам креативни решенија. Хипотетички, ние да ставиме и плус еден процент на зеленило тоа ќе биде повеќе. Ние одиме над 20, 30 проценти во зависност од местото. Можам да кажам дека сме единствена општина која новиот Закон за урбано зеленило почна да го применува во новите планови. Тоа значи дека не чекаме да се реализира стариот план, па потоа кога би се носел нов план, евентуално да се внимава. Не, ние веднаш го стопираме планот и го вградуваме новото законско решение.

*Дали со зголемување на процентот за зеленило на парцелите за градење ќе се дозволи поголема катност на зградите?

Тоа е задача на урбанистите и архитектите и тука не сакам да се мешам. Како ќе ги распределат параметрите, дали ќе биде во должина, висина или ширина, дали ќе биде повеќе на лево или на десно, не можам да се мешам, ниту сакам.

*Дали е решена сопственоста на земјиштето и што ќе се случи со семејствата кои живеат покрај улицата „Рузвелтова“ повеќе од 40, 50 години. Дали ќе им биде решено станбеното прашање?

Тоа дали некој ќе им даде станови или ќе ги обесштети, или ќе останат, тоа е нивна волја и избор. Јас имам информации дека поголем број од луѓето сакаат да се донесе планот и да се реализира за да не живеат во тие куќи во кои сега живеат. Најголем дел од нив си ги имаат легализирано нивните куќи и си имаат сопственост, односно имотен лист. Тие имаат направено докуп на парцелите бидејќи тоа беше државно земјиште и законот тоа го дозволува. Дел од земјиштето потпадна со пресуда на Законот за денационализација и го земаа семејството Вичентиевиќ, тие со тоа земјиште располагаат бидејќи порано им било земено и сега им е вратено. Имаше одредени парцели кои беа државни, а на тоа место имало изградено објекти и потоа луѓето си ги легализираа според Законот за легализација.

*Јавноста со години реагира на тврдењата на општините дека урбанистичките планови во Скопје се носат за задоволување на јавниот интерес, ама во пракса потоа се покажува дека не е така, дека сè се правело во интерес на градежните фирми?

Мене ми е најважно што дозволивме целиот процес да се води транспарентно. Претходниот план од 2012 година, беше донесен нетранспарентно без никој никого да го праша. И една работите на која сум горд е што овој состав на Совет дозволи да се вклучи јавноста, стручните лица, архитекти и асоцијации да расправаат, а пред се, имаме и сопственици кои сакаат да се направи некое креативно решение. На луѓето им е досадено да има само едно исцртување по желба на некого, а да нема задоволување на некој јавен интерес за кој сите збориме. На пример, на таков потег нема никогаш предвидено градинка. Ние во сите планови што ги носиме, таму каде што нема во близина детска градинка да испланираме детска градинка, бидејќи зголемени се потребите за деца од претшколска возраст и тоа ни е една од идеите таму. Тоа го применивме во планот за „Пролет“ каде на постоечка урбана заедница која беше пред распаѓање, таму вцртавме градинка, која ни е влезена во развојната програма и по завршување на проектот треба да почне да се реализира оваа година. Исто тоа го мислиме за плановите за Дебар Маало и за Парк. Капацитетите што ги имаме наследено се навистина мали и скромни, а ова ќе бидат сосема нови објекти. Имаме таков пример – градинка во Капиштец каква што децата ја заслужуваат.

*Споменавте пред малку дека во претходните детални урбанистички планови имало вцртувано маркици по желба на некого? Имате ли некакви сознанија за тоа?

Претпоставувам дека тогаш се исполнувале одредени желби. Во тие планови воопшто не се внимавало ниту за паркирање, ниту за зеленило. Ќе напомнам, планот што е донесен за „Пролет“, таму беше предвидено што е можно повеќе да му се даде на објектот /зградата. Ниту има раздалеченост од еден објект до друг, немаше предвидено зеленило, а камоли за паркинг место итн. Сега се е сменето. Сега ако сакаш да добиеш одобрение за градење на место каде што сакаш, прво треба да го решиш паркирањето. Не само да изградиш објект, а паркирањето да го решава општината. Раздалеченоста од зграда до зграда беше како што е сега во Дебар Маало. Мора да се задоволи минимум една третина од висината на објектот. На некој начин, ние ги стеснуваме, ги намалуваме габаритите се со цел да ги задоволиме параметрите кои се пропишани, а нив во минатото никој не ги почитувал, за жал.

https://www.vecer.press/интервју-со-саша-богдановиќ-нема-веќе/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4445464748>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.