build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови и парцели (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 565758
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12159
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1141 Posted: 11-Sep-2021 at 12:24
Се работи за ДУП за ГЧ СЗ 16 со опфат од 47 хектари во Ѓорче Петров (спроти пазарот во Ѓорче): северно од Партизанска сѐ до новата траса на ул. Црногорска (продолжение на Словенечка), на исток до продолжението на Илинденска + новата траса на Ацо Шопов и на запад до Македонска војска.
Постојната индустриска зона останува, освен ф-ка Карпош, останува станицата на ЈСП (која станува и прва/последна станица за БРТ) и се вметнува нова станбена населба од 5900 жители на место на фабрика Карпош и околни локации.
Од прилозите, видливо, никаде не е планиран велосипедски сообраќај, а се работи за преголем опфат (отприлика 600 x 800 метри, мерено oд googlemaps) и опфат кој се планира „од нула“ и имало шанса да се испланира најдобро што може и од аспект на сообраќај и сите можни аспекти!
Од новопредвидените станбени и комерцијални објекти ништо не е изградено и има шанса за подобро планирање!
За поздрав се планираните пешачки патеки, но за критика е недостатокот на велосипедска мрежа која би требало да се планира на секои максимум 250 метри!







https://www.facebook.com/NaTochak
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12159
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1142 Posted: 13-Sep-2021 at 16:45
Незнам колку има вистина за овие 8000м2 инаку точно е дека другиот дел тревникот поред Илинденска е сопственост на ДРУШТВО ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ ИНВЕСМЕНТ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ ЕКСПОРТ ИМПОРТ



https://www.facebook.com/zastitanasportskiotcentarboristrajkovski/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12159
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1143 Posted: 18-Sep-2021 at 14:39
За една година во Скопје треба да се изградат илјадници станови, деловни простори, комплекси... никаде нема паркови, игралишта...



Од она што можевме досега да го пресметаме во наредните година-две во Скопје веќе е зацртано дека треба да се изградат илјадници станови, деловни простории, комплекси… кои само ги пополнуваат празните неизградени простори во главниот град. Новата локална власт, и покрај бројните ветувања за зелени површини, за спортски игралишта, градинки, велосипедски патеки, за зелено Скопје… очигледно е дека ќе мораат само да го аминуваат она што е веќе зацртано. А цртано е многу…

Ако почнеме од Сарај, таму е веќе почната изградбата новиот станбено деловен комплекс Планет, на кој на досега неизградени 85.310 квадрати (кои, патем се продадени за 71 денар по квадрат или за 98.488 евра) ќе никнат 142 вили. Езерото Треска актуелниот градоначалник Петре Шилегов не им го врати на Скопјани, ама затоа таму планирано е да се градат исто така хотели и други придружни објекти.

Во Општина Карпош, на земјиштето на поранешната фабрика Алумина, на површина од околу 42.000 метри квадратни ќе се градат станбени згради и деловен простор. Општина Карпош ветува дека нема да се дозволи неконтролирана градежна експанзија, туку напротив, ќе доминира зеленилото. Инвестиција се проценува на околу 150 милиони евра

Дека зеленилото нема да доминира пред СЦ „Борис Трајковски“ е јасно со ДУП-от според кој дел од терасата и тениските терени од центарот ќе ги нема затоа што тука треба да се пробие сервисна улица за новите згради на просторот пред базенот и спортската сала. И тука нов станбено-деловен комплекс.

Во Карпош има уште. Козле. На површина од околу 150.000 метри квадратни ќе никне нова населба во зелениот појас на падините на Водно, над Институтот за белодробни заболувања. Ова се предвидува со новиот Детален урбанистички план Ј 04 Козле, кој ги поминал сите фази и се чека на усвојување од Советот на Општина Карпош. Планот предвидува над Институтот за белодробни заболување, да се градат куќи со дозволена катност од приземје, два ката плус поткровје.

Одиме во Центар. Земјиштето на поранешната фабрика за мебел „Треска“ беше (или е) голема шанса за општинските власти да покажат еден поинаков пристап, нов пристап за развојот на градот, да се покаже дека може и поинаку. Но, и тука интересот на градежниците и градоначалниците не се совпаѓа со оној на жителите.

Зборуваме за простор од околу 63.000 квадратни метри на кои, според последниот Детален урбанистички план од 2012 година треба да никнат 30 згради или на овој простор ќе траба да живеат 3.000 нови жители.

За градбите на паркингот пред хотелот „Холидеј ин“ сѐ е завршено. Некаде октомври треба да почне изградбата на три нови згради од кои највисоката ќе биде со 25 ката и нов деловен центар – 400 нови станови, нови 1.200 жители. Деловната зграда, пак, ќе има приземје и 16 ката. Во рамките на парцелата е предвидено зеленило на 6.520 метри квадратни.

„На централното подрачје на Скопје му е потребна длабока анализа и визија за неговиот развој, ширење и иднина. Изреката „без добар урбанизам, нема добра архитектура“ никогаш не била поважна од сега. Скопје заслужува добар урбанизам и добра архитектура“. Ова го бараа граѓанските организации за тоа како треба да се развива Општина Центар.

Општина Кисела Вода. Населба Расадник. 100 нови згради за нови 20.000 жители. Од овој план актуелниот градоначалник Филип Темелковски и кандидат за нов мандат не се откажува и покрај бројните реакции на жителите на оваа општина.

Општинската администрација на Гази Баба на чело со градоначалникот Борис Георгиевски не се откажува од идејата за вцртување за Детален урбанистички план во Железара, со цел да може таму да се развие тешко загадувачка индустрија.

Да не го заборавиме и бившиот Скопски саем – таму во октомври ќе биде отворен новиот трговски центар Ист гејт, а веднаш потоа почнува изградбата на 100.000 м2 деловен простор и 200.000 м2 станбен простор или 1.600 станбени единици.

Повеќе од сигурно е дека има уште.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/za-edna-godina-vo-skopje-treba-da-se-izgradat-iljadnici-stanovi-delovni-prostori
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 565758

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.391 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.