build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Тролејбус во Скопје?

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Тролејбус во Скопје?
    Posted: 23-Jan-2010 at 15:17
Мене ова ми изгледа како win-win ситуација Thumbs%20Up Дај Боже да испадне нешто од ова

 


„ЛАЗ“ нуди тролејбуси за Скопје

Украинската фирма што го доби тендерот за 84 нископодни градски автобуси вели дека може за три и пол години да ги создаде сите предуслови за да се воведе алтернативен јавен превоз во градот

%20
Украинската фирма „Лвовски автобусни завод“ (ЛАЗ), која победи на тендерот за набавка на 84 едноподни автобуси, сака да прави и тролејбуси за Скопје, што би овозможило да се воведе алтернативен јавен превоз во градот. Оттаму велат дека уште од 1992 година имаат искуство во производство на тролејбуси, а проектот го понудиле и го презентирале и пред владините и градските структури.

- Планираме целото производство на автобуси и тролејбуси да оди преку Македонија. На Скопје му треба алтернативен јавен превоз бидејќи во сите европски метрополи покрај автобуси, има и тролејбус, трамвај или метро. „ЛАЗ“ е подготвен во рок од три и пол години да ги создаде сите предуслови за тролејбуси и тие да почнат да сообраќаат низ градските улици. Иако возилата се двојно поскапи од автобусите, цената би можела да се исплати веќе една и пол година од нивното користење затоа што нивните трошоци за работа се многу пониски - објаснуваат од фирмата „Специјална опрема Скопје“, која е соработник и иден претставник на „ЛАЗ“ во Скопје.

Оттаму велат дека постои можност да и дадат десетгодишен кредит на државата за полесно да ги отплати возилата. Програмата на „ЛАЗ“ е прво да се изгради и да се опреми тролејбусна електромрежа со трансформатор, терминал за качување и симнување и со тролејбусни станици. На крајот, тие се подготвени да испорачаат 200 возила со низок под „електро ЛАЗ 20“, кои имаат по 46 седишта, а собираат по 210 патници.

Градските власти не потврдија дека им бил презентиран овој проект, ниту одговорија дали на градоначалникот Коце Трајановски му се допаднала идејата.

- Во градот постојано нешто се презентира и се нудат проекти, но ние имаме програма според која работиме. Сега се чека да се избере консултант за трамвајот како алтернативен превоз, па ќе се направи студија за привлекување концесионери - велат од градот.

И од Министерството за транспорт и врски, кое ја спроведуваше целата постапка за купување нископодни и двокатни автобуси, не одговорија дали би размислиле да ги заменат „даблдекерите“ со тролејбуси. Оттаму истакнаа дека во тек е изработка на студија за сообраќајниот систем во градот, која ја прави шпанската компанија „Идом ингенериа и консилториа“. Сега се анализирале податоците од анкетата што опфатила 11.000 граѓани за нивните сообраќајни потреби и проблеми.




Предности на тролејбусот

Во проектот што „ЛАЗ“ го претставиле пред нашите институции се истакнуваат сите предности на овој вид јавен превоз.

- Работат на струја, што значи дека не загадуваат и се бесшумни, а може да возат без напојување дури два километри. Исто така, при кочењето вишокот енергија се враќа назад во мрежата и може да се користи од другите тролејбуси. Тоа е систем за рекуперација, со што потрошувачката се намалува за 42 отсто.

- Цената на превозот со тролејбус е за 42 отсто пониска од таа за едно возење со автобус.

- Трошоците за изработка за тролејбуската линија се помали од тие за трамвајската затоа што нема потреба од пруга или издвоен пат, туку само воздушна контактна мрежа.

- Тролејбусите може лесно да ги заобиколуваат непрописно паркираните возила, што е чест проблем во Скопје.




Договорот за автобусите ќе се потпише во Киев

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од 28 до 31 јануари ќе престојува во Украина, каде што ќе ја посети фабриката „ЛАЗ“ и ќе ги види погоните за автобусите, а во Киев ќе го потпише и договорот со компанијата за производство на 80 единечни и четири зглобни возила за јавниот превоз во Скопје, согласно резултатите од веќе одржаниот тендер.

Игор Чуркин, сопственикот на „ЛАЗ“, при посетата на Скопје во декември минатата година истакна дека тие се подготвени сите автобуси да ги испорачаат до крајот на оваа година бидејќи нарачката е само мал дел од капацитетите што ги има фабриката.
 
Автор: Радмила Заревска  
 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Jan-2010 at 19:16
Тролејбусот секако нуди низа поволности и сигурно е добредојден како начин за подобар јавен превоз, но воопшто не би го третирал како замена за ЛРТ/„брз трамвај“ туку како дополнување.

ЛРТ/„брз трамвај“ генерално нуди поголема комерцијална брзина и особено изразен поголем капацитет.

Мислам дека не треба да се залажуваме со долгорочен план без „шини“.


- Тролејбусите може лесно да ги заобиколуваат непрописно паркираните возила, што е чест проблем во Скопје.
Ова е сосема погрешен начин за „справување“ со една таква неприфатлива ситуација.


Edited by Cloverstack - 23-Jan-2010 at 19:23
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Jan-2010 at 19:46

Го гледав хрватскиот трамвај ТМК 2200 и во споредба со тројбусот на ЛАЗ има скоро исто места за седење, освен тоа има помал вкупен капацитет од тролејбусот. Сепак ТМК 2200 е во 3 дела плус 2 мали кај спојките, а овој е дводелен. Можеби поради тоа што трамвајот е потесен од тролејот и има по само еден ред седишта од двете страни. Но добро, тоа немора да значи за останатите трамваи. 

Оваа понуда (ако е сериозна од страна на ЛАЗ) според мене треба да се разгледа, зашто како што пишува во текстот за тролејот не се потребни шини само воздушна контактна мрежа со што трошоците би биле помали. Барем додека не се изнајдат средства за реализација на трамвајот.

Се согласувам со clover за последната реченица, но интерсен е податокот за кочењето.

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Jan-2010 at 20:09
Мобилноста на тролебусот и LRT во никој случај неможат да се споредуваат, предноста е далеку на страна на LRT во градски и приградски реони.

Малце чудно од каде сега и ова, прво аутобус па пота LRT па сега тролебус .... до каде ке идеме.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Jan-2010 at 20:31
@ FoSsiL

Тоа за кочењето веќе се применува на практично секое возило на електричен погон, без разлика дали е трамвај, тролејбус, електрична локомотива, хибриден автомобил...

А што се однесува до капацитетот на ЛРТ во споредба со тролејбус, тоа не произлегува само од капацитетот на возилата, туку од капацитетот на линиите/трасите. Шинскиот превоз по дифолт е со голем капацитет (можност за долги композиции и ефикасно функционирање при голема фреквенција на обраќање). Инаку загребскиот трам навистина е малку потесен (2,3m) од стандарден автобус/толејбус (2,55m), но денеска најзастапени се трамваи/лрт со ширина од 2,65m така да ширината сепак е на страна на трамвајот, иако ефектот на овие разлики мислам дека избледуваат во однос на концептуалните разлики.

Еве една груба генерална споредба на основните параметри во овој правец
(Со тоа што во табелава под трамвај се подразбира класичен застарен модел на трамвај, а под за лесно шинско возило се подразбира ЛРТ каков што е прикладен за Скопје. Исто така не смее да се заборави дека ни е потребна приградска железница, а таа најдобро ќе функционира доколку е интегрирана со градскиот шински превоз. Перформансите на приградската железница кои се исто така наведени во табелите се само уште еден аргумент)




Извор:
УРБАН ШИНСКИ СООБРАЌАЈ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ
м-р Гордан Стојиќ, дипл. сооб. инж.
http://www.ekosvest.com.mk/publikacii/urban_sinski.pdf



Edited by Cloverstack - 23-Jan-2010 at 20:34
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Jan-2010 at 20:43

и мене ми се проврти во глава. Да ти кажам искрено ако се бира помеѓу ЛРТ и тролејбус јас сум за ЛРТ, едноставно тролејот не може да го замени трамвајот, но затоа ако се бира помеѓу автобус и тролејбус, тогаш сум за тролејот. кога ќе видиш разликата е само во погонот и затоа некако ми е одбивно, да гледам само автобуси, само што едните ќе работат на струја. и нема да прави некоја разлика во јавниот превоз од аспект на поефикасност и брзина. но подобро е да гледам повеќе тролејбуси отколку обични во градот.

кратко само малку оффтопик. јас како мислам дека е најдобро, почнувајки од 2010

2010-2013-нови автобуси

2010-2020- средување на партизанска и рекорд, изградба на јужен, илинденска, тунелот и крушевска

2013-2020-постепена набавка на тролејбуси, и тоа првите неколку години поголем број

2015-2020-изградба барем на главна траса за трамвај Ѓ. Петров- Аеродром

2015-2020-до Аеродром Петровец(ова може и порано, ако се сметаат надлежните способни)

2020-......-постепено ослободување од автобускиот превоз во Скопје

2020-......-комлетирање на трамвајот

2020-......-воведување на ЛРТ на постоечката железничка мрежа до драчево куманово тетово и велес......

има многу фактори, ова е само идеа

а и како што тргнал светов со планетава дај боже да бидеме добро до 2020па ако некој си ја сфати работата сериозно да видам/видиме нешто од ова (ако се согласувате). 

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Jan-2010 at 20:56
Originally posted by FoSsiL

а и како што тргнал светов со планетава дај боже да бидеме добро до 2020па ако некој си ја сфати работата сериозно да видам/видиме нешто од ова (ако се согласувате). 


Ех да беше до нас
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 23-Jan-2010 at 21:10

@Cloverstack

ништо не е спорно околу ефикасноста во секој поглед на ЛРТ или кое друго шинско возило, но спорни се парите, желбата и спремноста. Се согласувам со се околу ЛРТ, и ќе бидам многу среќен во што поскоро време го имаме.

во идеални околности, ние имаме многу добри решенија за се, но сега околностите не се такви за да се гледа на големо и брзо имплементирање на се она што ние збориме.

една работа, најважно е да не се фрлаат пари залудно или за дупли работи (па кога ќе размислам подобро од една страна тролејот би бил дупла работаBig%20smile), но добро , ние уствари со се касниме.

а буџетот на Скопје.... ехехе имаше споредба на ссц за околниве градови од регионот...смешно.....кога ќе споредиш со Загреб или Белград, иако се поголеми градови и поголеми држави, ама од помалите градови во србија или хрватска да има помал буџет....

и не е само до Скопје работата, целата држава не е способна и спремна

аххх....многу проблеми 

еј туку друго ми текна, а она што беше трамвај на тркала со гуми?

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 23-Jan-2010 at 21:14
Originally posted by FoSsiL

еј туку друго ми текна, а она што беше трамвај на тркала со гуми?

Тоа е уште една потврда дека оние што не водат немаат концепт, а богами немаат ни појма од било што. Како ќе дувне ветрот во моментот така... Некој треба да им објасни дека не се јаде се што лета  Stern%20Smile

Се надевам дека ќе нема ништо од таа најава, барем додека не бидат решени крупните проблеми на тој концепт и додека не доживее широка примена во многу градови (ако доживее)


Edited by Cloverstack - 23-Jan-2010 at 21:14
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 23-Jan-2010 at 21:20
Само една забелешка што мислам дека веќе порано е кажав

Со денешен воз во шпиц или не се стига

Станица Скопје - Железара за 4 мин
Станица Скопје - Скопје Север за 8 мин
Станица Скопје - Горче Петров за 16 мин

Па пробајте со нешто друго да го постигнете тоа
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 23-Jan-2010 at 21:26
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by FoSsiL

а и како што тргнал светов со планетава дај боже да бидеме добро до 2020па ако некој си ја сфати работата сериозно да видам/видиме нешто од ова (ако се согласувате). 


Ех да беше до нас

па јас не видов или слушнав некој од градоначанициве или владата да биде заинтересиран за Скопје, освен ние тука што си ги удираме главите да биде нешто од градов.

но тоа е реалноста ако кажеш нешто во јавност не знаеш што да очекуваш, ќе те направат будала.

тоа и ти викам можеби државава не ни е доволно психички спремна да размислувава за вакви работи, сега сме спремни само за споменици, палати....

но ќе дојде време и за ова. оние убави неокласични, барокни, евроопски (какви не) згради и грациозни споменици ги има во сите западно европски и останати градови, но имаат и одлична инфраструктура и нови напредни, модерни еколошки згради, само што тие биле направени во среден век (се знае зошто) . така да ке дојде време и кај нас.

еј одлетав оффтопик, ама мислам дека ја дадов поентата

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-Jan-2010 at 21:31
Originally posted by Vladimir P

Само една забелешка што мислам дека веќе порано е кажав

Со денешен воз во шпиц или не се стига

Станица Скопје - Железара за 4 мин
Станица Скопје - Скопје Север за 8 мин
Станица Скопје - Горче Петров за 16 мин

Па пробајте со нешто друго да го постигнете тоа

еее тоа е ама кој да сфати

иначе ме интересира цена колку е

во секој случај е подобро побрзо

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-Jan-2010 at 23:02
Originally posted by FoSsiL


еее тоа е ама кој да сфати

иначе ме интересира цена колку е

во секој случај е подобро побрзо


Скопје - Горче Петров 31,- денар
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 24-Jan-2010 at 01:42
Originally posted by Cloverstack



Се надевам дека ќе нема ништо од таа најава, барем додека не бидат решени крупните проблеми на тој концепт и додека не доживее широка примена во многу градови (ако доживее)


Ова е тотално погубен концепт за архитектура, инфраструктура, па и општо за се во државава... Затоа секогаш ќе бидеме последни, а никогаш први, од некој неоснован страв се да се проба и изработи некаде другде, па после овде...

Инаку не зборувам за конкретниов пример, туку општо. Зошто Скопје да не биде уникатно и ПРВО по нешто во светот?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 24-Jan-2010 at 04:28
Веќе сме уникатни и први во светот за многу глупости. Тргни од поткровјата, заврши со музеите.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 24-Jan-2010 at 10:03


Точно знаев дека некој на ова ќе се повика... и тотално ќе ја промаши целта на мојот пост. Ок, нека ви биде.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 24-Jan-2010 at 11:00
Не не не, сите што ги правеле тие објекти се повикале на тоа со цел да си ги одбранат глупостите, па затоа и моите предрасуди.

Што би требало да прифатиме и да бидиме уникатни во светот? Ете нашите научници какви не работи измислиле (некои ултра-ефективни системи за греење, за ладење, за осветлување, сите би нашле широка примена во државните институции), ама државата (сите влади со ред) глува да ги примени. Затоа ќе го продадат патентот надвор, и некоја фирма ќе се богати од тие финти, место државата да има нешто да се гордее.

Кога се глуви за извонредните нешта, зошто да сакам да сме први во нешто кога очигледно е глупаво - макар што трамвајот со тркала ниту е македонски изум, ниту ќе биде прво изграден кај нас за да го примениме како нешто прво во светот (значи нема да бидеме први ни во тоа).

Никогаш не сме способни први да бидиме, и нема да бидиме никогаш. Едноставно треба да бидиме доволно брзи во следењето чекор со другите што се први, тогаш имаме некаква надеж.

P.S. Не е ова напишано за препукување, едноставно на човек му е тешко (или му се гади) од она што се случува во државата, па мора некаде да се искаже. Ако се чувствуваш поинаку те сфаќам, но мое е да си кажам што јас чувствувам во врска со темата во прашање (како во онаа другата нишка).

Edited by гитардемон - 24-Jan-2010 at 13:14
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 24-Jan-2010 at 13:04
Ова ми делува ко поговорката:

„Подобро прв во село но не последен во град“

Мојот коментар на сето тоа е

„Да не измислуваме топла вода“

Clov постираше неколку поста погоре, еве и сликовито



Пре сиромашни сме за метро но не и толку богати за фрлање на тролебуси

Полека да уведеме лесно шинско возило комбинирано со градско-пригратска железница и ќе бидеме повеќе од задоволни ГРАЃАНИ
                            
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 24-Jan-2010 at 13:25
Мислам дека јавен транспорт без автобус-тролејбус е скоро невозможен. Навистина ЛРТ и приградска железница се најефикасни, но за деловите од градот каде што ЛРТ е прекомплициран треба да се примени автобуски превоз. А секако за да се заштеди на ресурси, таму каде што треба автобус ќе се пушти тролејбус (долгорочно, па дури и среднорочно се исплаќа).
Со моменталните автобуски линии можеби изгледа дека не треба, но тоа е бидејќи низ помалите улици во Скопје воопшто не ни има јавен превоз. Значи ЛРТ би бил применет на најголемите и најзафатени линии потпомогнат од автобуски-тролејбуски превоз ако има потреба, а споредните улички кои денес не ги опслужува јавен превоз да бидат застапени со автобуси-тролејбуси, со оглед на тоа што во таква уличка нема потреба од еден цел трамвај кога ќе има по 10-15 патници во просек во автобусот. Во колку градови низ светот помали од Скопје дури и во најзафрлената уличка поминува автобус едноставно бидејќи мора цел град да биде опслужен.
Зошто да чекам автобус на Теодосиј Гологанов ако живеам на дрезденска, кога може да поминува на дрезденска автобус? (ме имаат пуштено доттаму пеш за да фатам автобус).
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 24-Jan-2010 at 13:34
Би се сложил во основа, но мора приоритет еднаш да се стави и да да се реши.

А кога спомнуваш помали улици и помал промет ... да го завршиме она големото а потоа и електрични возила можеме да пуштиме низ тие делови, зашто во тие „мали улици“ уште и мража да оптегнуваме поради некојси тролебуси.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.