build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Преферирана архитектура

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 09-Apr-2011 at 23:26
неокласицизам
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 10-Apr-2011 at 00:42
тешко е да се каже дека објектите биле од некој одреден стил, многу од нив претставуваат и некакви хибриди од разни стилови, единствено како чист стил можам да го забележам арт-декото кое го има во мали количини
но во било каков случај, ова што денес се гради, нема врска со тоа претходно што го имало освен „реконструкцијата“ на театарот, дури и да влечела архитектурата од некој класичен стил, никогаш не била во ваква форма
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 10-Apr-2011 at 01:57
Originally posted by HugoGoulding

Originally posted by UrbanFreak

Originally posted by HugoGoulding

Изгледајте го форумот на институтот Павел Шатев околу стиловите во Скопје, посебно од левата страна на Вардар и доста веќе расправање. http://www.youtube.com/watch?v=SYZRy5G-dEk&feature=related


А да пуштеше некој поубедлив материјал, линк од енциклопедија, часопис за архитектура, книга за урбанизам или стилови не фаци ала Гиш и Вангел?


Демек ти имаш повеќе истражувано во архитектурата од Вангел и имаш поголем интелект од Гиш ?

Истото важи и за fichot.

А твојот коментар што гласи, "од стилот на фаци ала Гиш и Вангел" ...

Вангел има повеќе истажувано во македоската античка и поблиска историја, има истражувано во археологијата и архитектурата и има знаење повеќе од сите нас на форумов во тие области. И сеа ти мислиш дека те прави попаметен тоа што можеш да изгуглаш нешто на Wikipedia и да го пастираш тука ?

Значи навистина ме иритира кога се прави некој попаметен од луѓе со 100 пати повеќе искуство и интелект од нив а и ги потценува истовремено !


Ниеден од овие „интелекти“ како ги нарекуваш нема кредибилитет, искуство, талент и потенцијал да го уредува урбанистичкото планирање и изглед на градов и да дели совети и мудрости во врска со истото. 

Јован Стефановски Жан - автор на

1. пешачкиот мост Влајко. Јави ми кога ќе видиш некој да помине преку мостов океј? Единствена корист од него е што (ако имаш среќа да ти се погоди) можеш да се сокриеш под него да не те пече сонце дур чекаш семафор.

2. милениумскиот крст - еден куп железо што на Водно му го даде прекрасниот изглед на гроб.    

Вангел Божиновски - автор на

1. Спомен куќата на Мајка Тереза - ја мислам дека и Салвадор Дали би се згрозил и навредил од оваа грдосија, а камоли МТ. 

2. има уште нешто?

Гиш - со целиот негов боженствен интелект не успева да сфати дека „сентиментот“ е тоа што е, делумно ради тоа што веќе не постои и многу повеќе затоа што е врзан со друга работа која не постои - младоста. Потоа продолжува да меле за некои „градски фаци“  и тука веќе престанав да гледам. Дали потоа нешто суштинско кажа за урбанизмот во Скопје? чисто сумњам.

Данило - што да се каже за типов.. незнам. Го почитувам тоа што го прави, хроника и бележење на настани за Скопје...

ама каква врска има тоа какви објекти имало во минатото во СК со тоа како градот треба да се гради и уредува денес! Не може некои куќарки со примеси на неокласицизам и/или арт нуво да го диктираат изгледот на градот после еден век. Да одевме по таа логика, уште во пештерите ќе бевме, можеби и на дрвата ќе се вратевме со вакви методи. 

а на приказните на Вангел за потеклото на барокот ептен се изнасмеав. Боромини/Мaдерно/Бернини кои твореле во 16-17 век се инспирирале за барокот од Петра - откриена 1812 година. ЛОЛ. Единствено беше во право кога ја кажа целта на барокот - привлекување на разбеганите верници назад кон католичката црква. Во принцип тоа значело дека со изградба на барокни „интересни“ зданија се зголемува профитот за 25%. Подобро објаснување за причините и целта на Ск014 - здравје!  




Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 10-Apr-2011 at 19:20
оваа зграда е првиот „облакодер“ во Загреб изграден во 1959 година, истата спаѓа во културно наследство, бидејќи била прва зграда во Југославија по мно9гу погледи и загребчани ја почитуваат исто колку и сета останата архитектура во Загреб, каде има многу...
на зградата ликот и беше сменет во 2008 година и за таа промена имаше доста размислување бидејќи објектот е културно наследство... е сега, погледнете го објектот пред и потоа и пресудете му за убавината (мене лично првиот лик ми е грд до немајкаде, но има многу други факти кои треба да се дознаат за зградава, и нив ги разагледувам пред да и судам за ликот)
пред...

потоа...

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 10-Apr-2011 at 19:31
и да, објектите изградени по земјотресот се архитектонски постигнувања, пред свое време, тоа што никој не им обрнал внимание и никогаш не биле изведени како што треба, навистина не може да не донесе до заклучок дека таа архитектура не вреди

исто така, безличната архитектура градена во Југославија, онаа што не ја сакате, дава огормен простор за промени на фасадата и нејзино понатамошно модернизирање, додека класичните стилови се фиксни онакви какви тшто се и не дозволуваат да бидат менувани со текот на времето



Back to Top
Konstrukt View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 03-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Konstrukt Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 10-Apr-2011 at 22:20



1.Класичната староградска архитектура во Македонија и Балканот е некаков микс на неокласицизам со минимални ноти на барок - затоа да се согласиме ради дискусија на таа дефиниција

2.Присуството на оваа архитектура во Скопје беше значително споредено со границите на Градот

- Илинденска, Дебар маало крајна линија Буњаковец
- Центар, паркинг ГТЦ, Острово па се до НБМ Маџер мааало

остатоците се видливи и денес, воедно ова се и старите граници на 30.000 то Скопје


ШТО КЕ БЕШЕ ПРОБЛЕМ како во секој стар град оваа зона да се заштити после земјотресот, не само да се реставрираат туку и да се наложи тој стил градба(пр Охрид )со што ке се задржеше староградскиот стил кој во новото Скопје ке имаше минорен удел, со оглед на тоа што Скопје се прошири за 20 пати после земјотресот? немаше потреба од една да се оди во друга крајност , односно старото не го исклучуваше новото!

Edited by Cloverstack - 11-Apr-2011 at 00:02
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 10-Apr-2011 at 22:34
Епа тоа бе другар, тоа. Не се направило кога требало, грешка е, да. Ама сега по 40 години ќе исправуваме криви Дрини само за да се чувствуваме подобро?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 10-Apr-2011 at 23:09
Се е ова убаво со градбиве изградени во пост-модернистички стил, слични на зградава у Загреб. Ама има една трајна болка на градов и трајно бришење на една мината архитектура. Баш деновиве баба ми ми објаснуваше како тогашните власти, после земјотресот, ги рушеле сите обејкти изградени во неокласичен и барок стил, а на нивно место граделе "грдосии". Па видете го Дебар Маало, од пред 15 години. Ред убава стара куќа, ред лего коцки, ред стара куќа, ред лего коцки. Страшно. Градење без симболика. Или лименкине у Автокоманда. Денес му ја е**а мајката на Дебар Маало, ама сега е од приватни инвеститори, порано државата директно бришела белези. Јас сум против омаловажување на зградите од бивша Југа, претерано ми се симпатични, поради својата едноставност, ама и уникатност. НРБМ и ден денес е ден од најрепрезентните објекти во ск, како и Поштата и МТВ и оние лего коцки на плоштад што сега треба да ги реновираат. Како и да е, факт е дека се рушела историја за да се изградат тие. Иначе, деновиве при престој на еден гостин од Африка, ми беше кажано дека бил воодушевен од ул. Македонија, поштата, крстот на водно, ристичева и МТВ. Скопје треба со сите тие стилови да се гордее. Човекот бил изненаден од измешаноста на градбите, споени така симпатично на мал простор.

П.С. Само критика дал за куќата на Мајка Тереза.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 10-Apr-2011 at 23:31
Originally posted by Konstrukt



1.Класичната староградска архитектура во Македонија и Балканот е некаков микс на неокласицизам со минимални ноти на барок - затоа да се согласиме ради дискусија на таа дефиниција

2.Присуството на оваа архитектура во Скопје беше значително споредено со границите на Градот

- Илинденска, Дебар маало крајна линија Буњаковец
- Центар, паркинг ГТЦ, Острово па се до НБМ Маџер мааало

остатоците се видливи и денес, воедно ова се и старите граници на 30.000 то Скопје


ШТО КЕ БЕШЕ ПРОБЛЕМ како во секој стар град оваа зона да се заштити после земјотресот, не само да се реставрираат туку и да се наложи тој стил градба(пр Охрид )со што ке се задржеше староградскиот стил кој во новото Скопје ке имаше минорен удел, со оглед на тоа што Скопје се прошири за 20 пати после земјотресот? немаше потреба од една да се оди во друга крајност , односно старото не го исклучуваше новото!
во право си, истото сакав да го видам и јас. Скопје во своите стари граници додека градот ќе се развиваше надвор од тоа, но реалноста е друга и мора да се водиме според таа реалност, сакале или нејќеле
туку се тоа што го кажуваш ни е јасно, го знам, уште одамна пред ти да го пишеш, но каква врска има Скопје 2014 со ова што го кажа??? ќе лечиме фрустрации поради тоа што Скопје не било реконструирано со тоа што нема да се реконструира, туку ќе се направи поголема каша одколку што е направена со плановите на Танге??? воопшто не бидува така! зарем не треба од грешки да се учи, а не да се повторуваат само во друга форма!
друго нешто што ме фрустрира, тоа е обележано со црвено, за што да се согласуваме, кога се генерализира архитектурата на цел град, со тоа што се зема одредена група на објекти, од одреден период, како да архитектурата почнала и завршила со нив. знаеш зошто имаме маки да го одредиме стилот на Скопје? одговорот е затоа што нема стил, секој објект си е приказна сам по себе, зошто така да се генерализира во заклучок донесен врз база на група објекти видени на разгледница
втора работа што фрустрира е што заклучотите ги донесувате врз база на разгледници, кои потекнуваат од сосема различни периоди и фази, од 1890- и некоја, до пеесетите години на 20-ти век, а низ таа временска дистанца, Скопје се има сменето 1000 пати во разни области... смешно ми е на пример што вие ќе видите разгледница од 1912 год. и мислите дека сите тие објекти од разгледницата се срушени поради планот на Танге, ќе ја видите Комерцијална банка, и мислите дека Кензо е крив за неа
споредете разгледници од 1900 и некоја, со разгледница од 1930 и некоја, и разгледница од пеесетите, мислите ќе успеете да најдете некакви сличности меѓу нив??? сте виделе ли воопшто разгледница од пеесетите и сте приметиле дека 70% од денешните објекти во центарот ги има на неа?

затоа не лечете фрустрации предизвикани од брутализам со вакви градби како сега што се градат и разберете како се развива еден град со текот на времето и како се бира неговата архитектура и урбани простори
всушност, затоа упорно ви го поставувам прашањето: Што врска има СК2014 со било каква историја и култура на Скопје? всушност, самиот план воопшто не беше инспириран од историјата на Скопје, туку од сосема други „чуле неразбрале“ причини


Edited by Cloverstack - 11-Apr-2011 at 00:02
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 10-Apr-2011 at 23:46
Јас мислам дека боља разгледница од нашите баби и дедовци нема. Барем за Скоје од 1930 до сеа. Само така, ние ептен младиве, можеме да направиме некој пресек на ск пред земјотресот и ск после земјотресот и ќе увидиме дека пост-модерната освен што се градела на ниви, се градела и на разурнати објекти кои имале стил сосема различен од лего коцкиве. А сеа се дешава истото што на ск му се дешавало наназад стотици години. Менување на ликот. Очигледно како природен тек се дешава ваква реурбанизација на ск. Затоа историјата може да го смести ск во градови со најчесто променувани стилови од век во век.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 10-Apr-2011 at 23:54
Originally posted by N23

Јас мислам дека боља разгледница од нашите баби и дедовци нема. Барем за Скоје од 1930 до сеа. Само така, ние ептен младиве, можеме да направиме некој пресек на ск пред земјотресот и ск после земјотресот и ќе увидиме дека пост-модерната освен што се градела на ниви, се градела и на разурнати објекти кои имале стил сосема различен од лего коцкиве. А сеа се дешава истото што на ск му се дешавало наназад стотици години. Менување на ликот. Очигледно како природен тек се дешава ваква реурбанизација на ск. Затоа историјата може да го смести ск во градови со најчесто променувани стилови од век во век.
затоа јас сум против проектов, баш за да се сопре тоа менување на градот од век на век и да започне континуитет на градба и мир и хармонија во неговиот развој и урбанистички тек на настаните
и тоа дека природно му доаѓало на скопје, нема врска, на кој како му паѓал градот во раце, си лечел комплекси врз него, единствените два плана кои според мене биле легитимни за градот, ги осакатуваат трајно, и тоа на три пати... како им успева, се чудам
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 11-Apr-2011 at 00:03

Конструкт, морам да признаам се согласувам и јас со твојот последен пост. Бидејќи нишкава се нарекува Преферирана архитектура, можеби се доби погрешен впечаток дека некој обожава барок, а некој друг брутализам. Факт е дека во моментов Скопје е турли тава од стилови, и факт е дека до 1912 сме биле под Османлиска власт па незнам си каков барок, неокласицизам и неможел да се развиел преходно. Се надевам на крајов сите нешто научивме плус.




Edited by Cloverstack - 11-Apr-2011 at 00:05
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 11-Apr-2011 at 00:11

Затоа го стаив зборот "очигледно", затоа што после долго време тој природен тек ќе и се наметне на историјата како најсоодветен термин, затоа што завлегување во архитектурата на ск ќе донесе на површина многу контроверзи. А се согласувам дека кој дошол си лечел коплекси, ама тоа не се сменило затоа што народот си ќутел. Затоа додека има овци, ќе има и волна. А кај планот на Кензо се лизна само една работа, што градот отиде над 350 000. Очигледно и тие што со Кензо работеле, после тоа имале некоја мисија да го деградираат неговиот проект.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 19-Apr-2011 at 12:19

Еден интересен проект од современата архитектура на 21 век:

“In the 21st Century, buildings will be different from 20th Century”, say James Law Cybertecture International, “They are no longer about concrete, steel and glass, but also the new intangible materials of technology, multimedia, intelligence and interactivity. Only recognizing this will bring a new form of architecture to light, namely a Cybertecture.”

The latest future design from James Law Cybertecture International is theCybertecture Egg, which will be built in Mumbai, India.

egg_architecture1.jpg

egg_architecture2.jpg

The office building has passive solar design to decrease heat gain and lower energy loads. An elevated garden also moderates temperate by using natural vegetation to assist with cooling the building envelope.

The electricity will be generated by solar photovoltaic panels and wind turbines. Water conservation will be managed with a greywater recycling system that will harvest water for irrigation and landscaping.

egg_architecture3.jpg

egg_architecture4.jpg

egg_architecture5.jpg

egg_architecture6.jpg

The architecture looks amazing and probably very innovative. I wonder how it will look like when it will be finished. I won’t have to wait long because the building will be completed by the end of 2010.

אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 19-Apr-2011 at 12:21

Cybertecture’ design offers provocative intelligence systems in India with the Cybertecture Egg office

“In the 21st Century, buildings will be different from 20th Century”, say James Law Cybertecture International, “They are no longer about concrete, steel and glass, but also the new intangible materials of technology, multimedia, intelligence and interactivity. Only recognizing this will bring a new form of architecture to light, namely a Cybertecture.”

James Law have been commissioned by Vijay Associate (Wadhwa Developers) to create an office unlike any other in Mumbai, India. The 32,000 sq m egg-shaped build will accommodate 13 floors of offices bringing together iconic architecture, environmental design, intelligent systems, and new engineering to create an awe-inspiring landmark in the city.

The concept was inspired, according to the designers, by considering the world as an ecosystem allowing life to evolve. Elements of the design and intelligence systems will work together to give the building’s inhabitants the ‘best space to work in’. And this includes monitoring their health. Within the building, there will be a series of innovative systems such as ‘cybertecture health’ in the washroom which is designed to keep track of the inhabitant’s health including blood pressure and weight. The data collected may be retrieved and sent to a doctor if deemed necessary.

Technology and the working environment are united in the use of ‘cybertecture reality’ which allows you to customize your favorite view and have real time scenery all around the world instead of the view the user currently has.

The egg itself is orientated and skewed at an angle to create both a strong visual language and to alleviate the solar gain of the building, also there is a sky garden on the top of building which performs thermolysis (the dissipation of heat from the surface). PV panels will be installed on top of the building and a wind turbine on the sky gardens will generate electricity. A water filtration system will also be incorporated into the building to recycle grey water for flushing and irrigation purpose.

By using this “Egg” shape, compared to a conventional building, the structure has approximately 10-20% less surface area. Within the building, an innovative structure derived from the skin of the egg creates up to 30m spans of columnless floors. The architecture is sleek and computer designed, with engineering that creates a building of high quality and geometric sophistication. It is hoped this building will act like a “jewel” for the new Central Business District of Mumbai, and will be a worthy neighbour to other esteemed buildings in the district. The building is due for completion by the end of 2010.

http://www.worldarchitecturenews.com/index.php?fuseaction=wanappln.projectview&upload_id=2361
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 21-Apr-2011 at 02:04
за мене, кога се работи за архитектура, се најбитни две работи
- физичка оригиналност на објектот и оригиналност во идеите и планирањето
- да соодветствува на потребите на модерното општество (под ова не се подразбира ултра модерен објект, туку објект кој соработува со сето она со кое има врска, до најситни детали)

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 24-Jun-2011 at 00:32
после милион дискусии за класицизми и модернизми, навистина не ми е јасно што е она што го тера народов да ја разбира архитектурата, културата и уметноста толку наопаку??? или можеби воопшто не ја разбира... не знам, можеби е недостаток од образование, можеби недостаток од култура, можеби се комплекси создадени од разни општествени фактори, не ми е јасно... дали можеби некој го има испрано мозокот на народов или е некој друг проблем?
не можам да разберам, многу од оние кои поддржуваат бизарности ко Скопје2014 имаат познавања во аритектурата и знаат како да формираат став врз цврста основа... а сепак стојат цврсто зад ставови кои немаат никаква логика и потекнуваат од лични видувања за тоа како требало нешто да биде...

не ме разбирајте погрешно, целта на овој пост не е да се потсмевам со интелегенцијата на оние кои ги напоменав, туку едноставно да ми објаснат зошто???
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 24-Jun-2011 at 16:59
Pa tebe ke ti objasnuvaat. Barash cel narod da se pravda pred tebe, normalen li si shto se tresesh vo sekoj vtor post. Ednostavno mu se dopagja i ne e olzen nikomu da dava odgovor. Takva salonska arhitktura zarobena od tesen krug shto misli deka e kosopstvenik vo sekoja zgrada e projdeno vreme oddamna. Dajte malku svestete se vo kakvo vreme ziveete. Dosta chitame gluposti nasekade po forumov.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 25-Jun-2011 at 21:30
Originally posted by lslcrew

Pa tebe ke ti objasnuvaat. Barash cel narod da se pravda pred tebe, normalen li si shto se tresesh vo sekoj vtor post. Ednostavno mu se dopagja i ne e olzen nikomu da dava odgovor. Takva salonska arhitktura zarobena od tesen krug shto misli deka e kosopstvenik vo sekoja zgrada e projdeno vreme oddamna. Dajte malku svestete se vo kakvo vreme ziveete. Dosta chitame gluposti nasekade po forumov.
не тресам бе јас ништо лсл, народот нема ништо што да се правда, преку онакво ми е веќе од дискусиите на форумов за тоа колку нешто било салонско, а колку нешто било лулка на културата, не ги бива за ништо таквите дискусии...
и не знам зошто воопшто ги браниш ваквите ставови кај народот, кога баш ти беше оној на форумов што беше најзгаден од луѓе кои бараат паркинг места, осонченост, ливади, природно струење на воздух и слични глупости и диктираат урбанистички планови... не ми е јасно како така од тие најмногу те бие нервоза, а на оние што плачат како не им се допаѓал некој објект и за тоа како требало Скопје да личи на „Европска метропола“ им дозвулааш да попуваат на здрави умови за тоа како требало да изгледа и да се развива еден град и нивното мислење да биде основа за целото урбанистичко планирање во земјава???
дај немој жити се... баш така, сега според тебе, треба целава архитектура што се гради на наши простори, да биде заснована на пусти желби на дел од народот бидејќи така им се допаѓало според нивни некои сопствени претстави за светов...

и очигледно не си ме разбрал тука, не беше тоа поентата на оваа и на сите дискусии кои сум пробал да ги покренам за менталитетов на народот... ај еве пак ќе си го дадам сопствениот пример: Како е можно да не ми се допаѓаат објекти, а да ги ценам??? како е можно, да не се замарам со изгледот на еден објект, дали бил од бетон или од мермер, се додека сите негови аспекти се издржани, а објектот си има свое место и значење???
значи не се обидувам да бранам одреден вид на архитектура или да плукам друг (како што милуваат некои) туку едноставно барам малку да се смират страстите на нашиов народ околу архитектурата и културата на градовите и да се размислува нормално и разумно, без „внесувања во филм“ за убавини и култури...

впрочем и не знам зошто го водам муабетов со тебе, баш имам дадено примери (само неколку поста погоре има еден) за тоа што го зборам, ако не ме разбереш преку нив, тогаш не знам со кој друг да дискутирам...


Edited by zabegan - 25-Jun-2011 at 22:57
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 26-Jun-2011 at 03:22
Што да ти одговори човек кога така настапуваш од таква збунета позција. Откако си зема за право да поставиш дијагнози врз народ нема што друго освен да те остави да сватиш како фуинкционираат некои работи па после тоа да дискутираме. до тогаш ќе си тресеш како и обично текстови што прашање е колку ги читаат.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.