build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Огради

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Chuck View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 25-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chuck Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Огради
    Posted: 25-Jan-2010 at 11:26
Здраво.

Неколку дена го разгледувам форумов, и искрено ми се свиѓа што имаме еден ваков форум што сите (и што се разбираат и што не се разбираат) можат да видат што им треба. Е доста беше фалење на форумов, ајде сега некој совет

Значи, сега ќе купуваме куќа на топ локација во скопје, на главна улица. Дворот од прилика е 320м2, со тоа што, 22м е према улица. Сеа, ме интересира некој да ми каже следново:

- Колку би ме чинело да поставам ограда од ковано железо со основа ѕидче во висина од некои 50цм над земја, ама не сакам некои извртени железа со цвекиња или незнам што, него просто ограда со вертикални цефки и шилци на врвот. Ако може некој да ми каже колку тоа би чинело по метар должина. (висината на железото да биде околу 1,3метри.).

- Друга комбинација што мене искрено ми е фаворит во моментов (пред кованата ограда) е да се изѕида ѕид во висина од околу 1.8-2 метри. Значи ме интересира и за оваа комбинација колку би ме чинело, но секако и која комбинација е најисплатлива и со што материјал да се прави. (фаворит затоа што сепак сум на улица, и добро би дошло мала приватност во дворот, а мислам дека и до некој степен ке послужи како звучен ѕид, а и како заштита од прашина.

Значи тоа е тоа што ме мачи во моментов и би сакал да чујам повеќе мислења затоа што го пребарував форумов, и нигде не најдов топик за огради, изградба, варијанти.

Фала ви однапред.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Jan-2010 at 14:36
Се надевам дека некој ќе го има делот на железаријата, јас ќе ти дадам пример за висината на ограда бидејќи чудни се кај нас правилниците.

Законот за просторно и урбанистичко планирање
ПРАВИЛНИК
ЗА СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОСТОРОТ


Член 19

Урбанистичките парцели можат да се оградуваат. Дозволена максимална висина на оградата изнесува 2,5м. при што долниот дел од оградата е полн со висина од максимум 0,6м. а горниот дел задолжително е транспарентен. При исклучително фрекфентни улици (магистрални и собирни) во колку нема заштитен појас, односно во колку објектите се на поблиско растојание до сообраќајницата од пропишаното (затечени состојби) се дозволува и горниот дел од оградата да биде полн, како звучна и безбедносна бариера. Према соседите полниот дел од оградата може да биде до височина од 1,8м.

Општина Аеродром па има некое свое !?

Максималната висина на оградата кон улицата изнесува 1.60 м, при што до висина од 1.20 м може да е полна ,а над тоа транспарентна.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Chuck View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 25-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chuck Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 26-Jan-2010 at 01:10
Фала за информацијава, и мислам дека е прилично фреквента улица така да ке се распрашам за информацијава да дознаам точно до колку би ми било дозволено да ја кренам оградата, нормално полна. Иначе станува збор за патот, Александар Палас-Порта Влае/Ѓорче и не сум сигурен дали се води како магистрален пат тоа. Али Владимир, фала за инфово, зашто ја ќе ја кренев 2 метра, па после ке ме имаше на ТВ како ме рушат.

Е сеа уште некој ако може да ми даде информации за материјали и идеи за изградба на таа ограда, па и цени барем одприлика.

Поздрав.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 26-Jan-2010 at 02:38
Јас ќе ти кажам за кованото железо Thumbs%20Up, а поготово што бараш основен едоноставен дизајн што одговара на мојот вкус за тие ковани огради.Имаме секакви елементи дополнително сум видел, свеќиња, орли, некои витканици, ама сепак цефки и шпиц на крај е доволно и најдобро.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-Jan-2010 at 10:46
Јас тежнеам кон ѕид, особено ако целта е да се изолира човек од улица и да добие приватност. Сепак немам конкретни совети да споделам, ниту цени. А и јас се надевам да слушнам нешто на темава бидејќи и јас се острам за оградување и тоа со слична мотивација
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Jan-2010 at 11:57

жива ограда е идеално решение кое за ефтини пари може да се скротува и исправа! имаш и интима, имаш и топла атмосфера, а за безбедност доколку посреди неа се шипките посекако ќе биде и потешко совладлива! исто ќе ти заштеди на шминкање на фасадата на подзидокот и негово вскладување со куќата, но еднаш годишно ќе имаш потреба од потшишување со електрични ножици! 

а за звучна изолација тоа биди сигурен дека нема да ја постигнеш доколку си на прометна улица! за такво нешто куќата ќе си ја изолираш со квалитетна звучна изолација или решение, и ѕидоите и прозорите комплет, како би си осигурал херметичка тишина!

не е лошо да го едитираш насловот на темава како Совет за Ограда или Огради и Дворови... 

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 26-Jan-2010 at 12:01
Да херметички секако дека не е возможно, но мислам дека сепак еден ѕид би бил поефективен.

Инаку сум размислувал и јас за комбинација жива ограда во чива внатрешност е вградена метална или каква и да е ограда со која се добива колку толку безбедност а не се гради ѕидиште.

Но не сум сигурен колку живата ограда е способна да го апсорбира звукот?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 26-Jan-2010 at 12:30
Живата ограда воопшто и не апсорбира звук, ама доста влече од издувните гасови. Како еден вид филтер е меѓу дворот и улицата. Идеална комбинација ми е жива ограда со ковано железо. Многу често се практикува и убаво изгледа. Сепак неможеме селска идила да доловиме покрај прометен булевар во никој случај. Така да за дома мир и тишина само со квалитетни врати и прозори, а за низ двор малку галама не смета.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 26-Jan-2010 at 12:34
Originally posted by lslcrew

Живата ограда воопшто и не апсорбира звук, ама доста влече од издувните гасови. Како еден вид филтер е меѓу дворот и улицата. Идеална комбинација ми е жива ограда со ковано железо. Многу често се практикува и убаво изгледа. Сепак неможеме селска идила да доловиме покрај прометен булевар во никој случај. Така да за дома мир и тишина само со квалитетни врати и прозори, а за низ двор малку галама не смета.


Добро јасно дека не апсорбира, прилично лошо се изразив, но сепак е некаква бариера. Чисто ме интересира дали некој знае колку е ефективна.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 26-Jan-2010 at 15:28
Да се умешам во дискусијата за жива ограда од долгогодишно искуство.
- Минимум два до три пати сечење годишно, сето тоа е во ред додека е млада, од почетокот рекреација потоа тешка обавеза.
- Со стареење се појавуваат празнини.
- Зимоска опаднати лисја кој треба да се собират, да не зборам за естетика.
- со еден збор, никако.

Подобро ставете зимзелена грмушка-дрво прекрасно изгледа и е полесно за одржување.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Chuck View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 25-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chuck Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 26-Jan-2010 at 15:56
Фала за советиве, и ова со живава ограда вреди да се разгледа, али што знам, и владимир има право тука у врска со поткастрување, одржување, а и плус имам куче, така што ке треба и малце по збиени да ги направам шипките...а знаејки го кучето, живата ограда, барем пола ке ја снема за една недела. а вака со ѕид, можеш од внатре да направиш безброј комбинации, од поставување на светла, до разни растенија оние што ползат по ѕид, па пак можеш да добиеш некоја убава атмосфера од внатре...да не биде како затвор нормално.

Али ке се распрашам и за живата ограда, ке видам и тоа.

И да, добра идеа е да се промени насловот

моја грешка.


Edited by Chuck - 26-Jan-2010 at 15:57
Back to Top
theone View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote theone Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 26-Jan-2010 at 19:08
Доколку ти е за заштита од бука и галама само полна ограда .  Јас имам зимзелени дрва , и заштитата од звук е накај 20 % , додека заштита од прашина и издувни гасови 70 - 80 % . За по дома заштита од галама можат да ти пружат  само добри прозори и врати. 
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 26-Jan-2010 at 22:14

добро Владимир имаш разни видови на жива ограда, па и од зимзелени грмушки или пак ползавци, муабетот ми беше дека за куќа потопло делува и повторно во зависност од опкружувањето! но кога во ново лисиче и аеродром па и карпош истата се користи и за оградување на дворовите по зградите а тоа убаво изгледа, зошто тоа да биде проблем за куќа!?

а за кучето не сади толку околу решетките од страната на дворот колку од страната на улицата и завршена работа, чим коренот нема да може да го дофати, нема да може ни теоретски да го ископа, а и за животното поубава атмосфера е да има жива ограда наместо ѕид! единствен проблем теоретски кај живата ограда е што секој може да ти скрие, повторувам теоретски, пример камера или да ти подметне некоја весела направија, затоа по институциите ретко се среќава вакво нешто или пак има 24 часовен надзор како тоа е што кај генералштабот на арм спроти градско собрание...

инаку живата ограда и со едногодишно кастрење може да се помине но зависи од видот, но и кроењето и посакуваната форма! оптимално е два до три пати доколку сакаш да одржиш висина, но повторно зависи со што и како ја кастриш! затоа напоменав електрична ножица, и зима немаш само треба да внимаваш вишокот да не ти остане по тротоар бидејќи законски општината има право да те казни за вакво нешто! е сега треба и дозвола да побараш за ваквата интервенција http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=199&PID=24246#24246 но не ми се верува дека за ова сеуште некој озбилно се нафатил да спроведува регулатива! иако доколку сакаме ред мора и такво нешто да се почитува!

~

има на нет доста инфо но еве нешто ко за насока

http://en.wikipedia.org/wiki/Hedge_(barrier)

http://www.goldenbook.com.mk/preview.aspx?FirmaID=39101

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2104&stID=15838

http://humgardens.com/contents/plants/hedges/planting-type-of-hedges.htm

http://www.communities.gov.uk/planningandbuilding/planning/treeshighhedges/highhedges/righthedge/

~

http://www.cvijet.info/forum/forum_topics.asp?FID=9

http://www.forum.hr/showthread.php?t=138702&page=5

http://www.svetbiljaka.com/Forums/viewtopic/t=6833.html

http://www.kristali.rs/moj-dom-i-porodica/bastovanstvo/ziva-ograda-kako-zasaditi-zivu-ogradu-i-brinuti-se-o-njoj.html

http://www.bastovanstvo.rs/UKRASNO/zive_ograde.htm

http://www.cudesna-zivaograda.rs/



Edited by Max - 26-Jan-2010 at 22:17
Back to Top
yarre View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote yarre Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 16-Feb-2010 at 13:33

Во контекст на оградите, имам 2 прашања.

1. Соседот на мојата зграда, ( еден сопственик ) ја има поместено оградата во правец на дворното место на нашата зграда. До каде и кој може да поднесе барање за враќање на оградата во рамките на неговата парцела ( дали мора сите сопственици на станови од мојата зграда, или доволно е еден ?)
 
2. Меѓу нас има изградено зид од 2,5 метри. ( кој што над 0,6 терба да е транспарентен ) а не е. Исто каде може да се интервенира и за ова ?
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 16-Feb-2010 at 19:57
во општина! а тие ќе му пуштат инспекција, сетне и ќе си направат записник, а потоа и ќе му врачат поука, обврска или казна во случај нешто да е надвор од правилникот или парцелата... 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 09-Jun-2010 at 10:19
Да не биде нишкава сувопарна, да качам некој типови на огради

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 10-Jun-2010 at 22:05


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
ATC@LWSK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ATC@LWSK Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 16-Jun-2010 at 21:14
Originally posted by Vladimir P

Се надевам дека некој ќе го има делот на железаријата, јас ќе ти дадам пример за висината на ограда бидејќи чудни се кај нас правилниците.

Законот за просторно и урбанистичко планирање
ПРАВИЛНИК
ЗА СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОСТОРОТ


Член 19

Урбанистичките парцели можат да се оградуваат. Дозволена максимална висина на оградата изнесува 2,5м. при што долниот дел од оградата е полн со висина од максимум 0,6м. а горниот дел задолжително е транспарентен. При исклучително фрекфентни улици (магистрални и собирни) во колку нема заштитен појас, односно во колку објектите се на поблиско растојание до сообраќајницата од пропишаното (затечени состојби) се дозволува и горниот дел од оградата да биде полн, како звучна и безбедносна бариера. Према соседите полниот дел од оградата може да биде до височина од 1,8м.

Општина Аеродром па има некое свое !?

Максималната висина на оградата кон улицата изнесува 1.60 м, при што до висина од 1.20 м може да е полна ,а над тоа транспарентна.


Едно прашање за висината на оградите. Од која точка (кота) се сметаат висините, дали е од тротоар? И каде го пишува тоа, или се подразбира тоа?

Ме интересира за ова полниот дел према комшиите, јас се оградив со ѕид со висина од 1,5м од тротоар, каскадно, но теренот ми е со мал пад, па на одредени делови (пред да се спушти каскадата) доаѓа и до 2м, што мене не ми смета, но комшијата реагира, па ме интересира како се толкува правилникот...
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 30-Jun-2010 at 01:25

  што се секираш, ако имаш од општина дозвола за градбата тогаш уживај, колку што ми е познато за да кренеш ограда исто треба дозвола од општината, дали, а ако е така тогаш комшијата може да бара правда само на суд... но најдобро е да се спогодиш некако со комшијата, незнаеш кога ќе ти затреба...



Edited by Max - 27-Jul-2011 at 22:54
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 05-Jul-2010 at 03:43
има ли некој абер дали може во град приватно лице на приветен имот да постави ограда под напон, јасно со истакнато предупредување....

исто дали има некоја регулатива и за на село, кој и во какви услови и по кој закон издава такво одобрение!?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.