build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Македонски градови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стара Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 24-Mar-2016 at 11:10
Прав си,можно е некое залутано бригадче да се нашло пред камера.

Btw, за погорните слики од реката и други кај што се гледаат дрва, впечатливо е дека градинарските способности на градските служби останаа на сосема исто ниво како пред 100 години (а верувам дека стигаат и до 200 год ). Сечи го дрвото в корен, па ај можда за 10 години ќе наликува пак на дрво (а убаво да биди, веќе не е ни тема на масата, се знај)
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 29-May-2016 at 23:48
Битола од птичја перспектива - сликата е направена од авионот на Морис Гилбо (1918)



Edited by Џоле - 29-May-2016 at 23:48
За сè има вторпат
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 17-Jul-2016 at 11:55

https://en.wikipedia.org/wiki/Monastir_Offensive#Fall_of_Monastir_and_end_of_the_offensive

французите биле на Бабиб заб на Неолица а германците биле кај цапарската страна веројатно стационирни на Копнаки и Палиснопје држејки ја како ров Црвени Стени најстрмната патека кон Пелистер од неговата северна страна ... тогаш бугарите ја имаат и теснолинејката од Бакарно гумно преку Демирхисар та с.Црнеец под сегашното езеро (с.Стрежево с.Свиниште) с.Лера с.Ѓавато до с.Кажани која потенцијално требало да продолжи и до Битола ... навистина спектакуларна стаза за планинарење денеска, да копнеш тро на граната да налеташ, можеби старо шише вино или ракија ...

http://mapcarta.com/13929164

https://en.wikipedia.org/wiki/Battle_of_Monastir_(1917)

https://ru.wikipedia.org/wiki/Битва_за_Красную_стену

ќе те сардиссат па ќе те одликуваат

11.04.2016 - Еден век од наЈкрвавата епизода од битолската историЈа

На Широк сокак немало куќа во која не паднала граната



По оваа војна, два града ќе останат обрасци на маченички градови врз кои непријателскиот бес беше се излил, а тие се Ремс на запад и Битола на исток. Сметам дека дури жртвите на граѓаните на Битола биле помногубројни од оние на Ремс. Ова го запишал швајцарскиот публицист д-р Арчибалд Рајс во еден од воените извешти од Солунскиот фонт за време на Првата светска војна кога Битола ја доживеала најкрвавата епизода од својата историја. Годинава се навршуваат 100 години од најжестоките бомбардирања врз Градот на конзулите, кој поради големиот број штети и загинати цивили го добил името град-страдалник. Детални податоци за трите најтешки години од битолската историја, од 1916 до 1918 година, дава хроничарот на Битола, професорот Александар Стерјовски во својата книга „Записи за злосреќи“.

Пресметките говорат дека во војната 605 дена градот бил гранатиран со илјадници проектили во разновиден калибар. Биле урнати или опожарени над 4.000 објекти, убиени над 800 и ранети над 2.000 луѓе. На 15 март 1918 година биле изброени дури 2.210 проектили - вели Стерјовски.

И Французите и Германците ја бомбардираа Битола

Битола била бомбардирана и гранатирана од француските и германските сили. Ужасот што се случувал во градот може да се согледа од записот за личните доживувања на битолчанецот Ѓорги Андоновски (1905-1954) од гранатирањата во Битола, пренесен во книгата на Стерјовски. Сеќавањата биле запишани во 1942 година на тогашен битолски говор и имаат значење и за историјата на македонскиот јазик. Во гранатирањата Андоновски останал без една нога што имало трауматски последици врз неговиот живот. „Имаше толку многу жртви да не можеа за неколку дена да ги погребат. Со општинските коли што носат гјубре беа нафрлени убитите по пет-шест во една кола и ги носеа надвор от градот во една голема дупка и ги закопавоја“.

Во книгата е опишана и друга потресна слика за прекршен од болка човек кој одел зад мртовечки сандак, а погоден од штрапнел се струполил и самиот врз сандакот. Од бомбите и гранатите биле оштетени мелницата, гимназијата, црквата „Св. Димитрија“, Офицерскиот дом, болницата „Благовештение“, неколку џамии и многу други маркантни згради. На главната улица, денешен Широк сокак, речиси и да немало куќа во која не паднала барем една граната.

Пожари од гранатите, отрови од бомбите

Професорот Стерјовски пишува дека гранатите биле со запаливи смеси и предизвикувале пожари, а бомбите со отровни гасови. Така настанал и големиот пожар во квартот Драгорски, каде што само за еден час огнот проголтал 12 куќи. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната служба и на преданите доброволци, пожарот не зафатил поширок круг.

Дел од проектилите бил и со бојни отрови. По обичај, неподготвеното цивилно население спасот како и при секое бомбардирање, за жа, го барало во најкобните места, во подрумите, каде што ефикасноста на отровите била и најсмртоносна - вели Стерјовски.

Поради ваквите ужаси, голем дел од населението се иселило во Лерин, Воден и Солун. Битола, која на почетокот на 20 век броела од 70.000 до 80.000 жители, по Првата светска војна останала со нешто повеќе од 20.000 жители. Градот од моќен економски, административен, воен и културен центар прераснал во заборавена и сиромашна паланка, последна станица на возот.

Kомеморации и по еден век

По повод стогодишнината од Првата светска војна во Битола минатата и оваа година се одржуваат голем број активности, од комеморативни настани, до почеток на изградба на музеј на Француските гробишта во Битола. Градот го посетија повеќе делегации од држави кои некогаш биле учеснички во војната, како и потомци на војниците кои загинале во Битолско. Пораката е една - злото да не се повтори.

Франција ја дарува Битола со орден

За страдањата што ги поминаа битолчани за време на војната и прикажаната храброст, Франција во 1923 година на градот му додели орден „Воен крст“. Само уште еден ваков орден бил доделен дотогаш, на францускиот град Ремс, сличен на Битола по својата судбина.

Доделувањето на орденот му било доверено на јунакот од Првата светска војна, маршалот на француската армија, Франше д’ Епре, кој лично го донел и го предал на тогашниот претседател на градот, Драгиќ Пауновиќ. Свеченоста се одржала на платото пред денешната противпожарна единица.

Воениот крст се врати дома

По бурните времиња и окупациите, францускиот указ и орденот исчезнале. Никој не знае кој и каде ги однел, иако беа значаен дел од историјата на градот. За среќа, во 2005 година во Битола за време на промоција на книгата присуствувала и тогашната амбасадорка на Франција во Македонија, Вероник Бижон Баре.

За неа, големо изненадување преставуваше информацијата за исчезнатиот орден. На наша молба да помогне овој ценет и скап дар да ~ се врати на Битола, таа вети дека ќе направи с` што е во нејзина моќ. По една година, нејзиниот заменик, Бернар Валеро, со копија од одлуката и со дупликат од орденот, дојде во Битола и ги донесе лично - запишал Стерјовски во книгата.

Денес орденот се наоѓа во општина Битола прикачен на знамето на градот.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=A7098265D4A8BE4189DBD904322BE57D


Edited by beTon - 17-Jul-2016 at 11:55
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 18-Jul-2016 at 16:51


The Edwardians In Colour - 03 - Europe on the Brink - https://www.youtube.com/user/itrajkoski/videos

The three parts that I uploaded feature the Balkans, focusing on Macedonia. The pictures taken are of those living in Salonika (Thessaloníki) and Monastir (Bitola)

~

и на следниов документарец би требало да има доволно кадри од стара битола

https://vimeo.com/ondemand/warandpeace/126580879

http://cms.goethe.de/ins/gr/lp/prj/eri/wap/enindex.htm


Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 31-Jul-2018 at 16:50
Од проектот 2017
Wikipedian in Residence at DARM

Зградата на аптеката Чаловски, стаклена плоча (98x146 мм, Битола, околу 1930.


Главната улица во Битола, стаклена плоча (98x148 мм, Битола, околу 1930.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 718
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 31-Jul-2018 at 20:07
Denes:https://www.google.com/maps/@41.0315782,21.3385723,3a,75y,46.2h,103.2t/data=!3m6!1e1!3m4!1sE48n64JvMhvzxBtUAv58jw!2e0!7i13312!8i6656

Originally posted by Staro Skopje

Зградата на аптеката Чаловски, стаклена плоча (98x146 мм, Битола, околу 1930.

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 923
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 27-Oct-2018 at 05:34



Пазаро Битола, бараките на КамМаркет денеска, според кадрите личи ко да е сточен пазар, иако тоа бил тој кај денешната Селска Аавтобуска т.н. АтПазар





Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.