build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 247248249250251 328>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [53.93%]
83 [43.46%]
5 [2.62%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4961 Posted: 28-Feb-2015 at 22:00



она за наталитетот мислaм си грешка Џоле пошто сега народ ќе има прилика да запознава и туристи освен домашна понуда знаеш ние се отвораме ко печурки по дожд пред странци, а дека СК'14 го анимираше туризмот во градов и тоа озбилно тоа не е воопшто спорно иако ќе треба уште еден куп работи за да анимацијата почне да се купува ко алва
гревот на постојнава власт е што за малку пари сака да истера мунуметалност и тоа на тендер, почнувајки од споменици па се до згради, односно од ова има кабает недоносеноста на патинирањето, иако земено филантропски ова е хуман маневар бидејки за ефтини пари добивме доста добра шминка ко град, што во друга ситуација и по друго сценарио нит некогаш ќе се случеше нит пак некој ќе се нафатеше да го тера

веројатно времето ќе ги испегла сите промашувања, дали партерно или пејсажно, но факт е дека мрднавме од мртва точка, можам да речам дека имавме и среќа што успеавме ова и да го истераме макар истото е за многумина неразбирливо, веројатно за нив ќе беше поразумно парите да се дадат за скопскиот аеродром да се испегла со оглед дека никој немаше интерес нит да го погледа а не па да инвестира в него, вака и аеродром на поклон добивме ем метрополата како така ја светнавме, иако светнатото



Edited by Cloverstack - 01-Mar-2015 at 04:00
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4962 Posted: 28-Feb-2015 at 23:04
Знам само дека сите земји кои одбија да им воспостават санкции на Русија,и кои се опфатени со новиот гасовод,имаат големи внатрешни проблеми(Турција,Грција,Македонија,Унгарија а за Србија си појде Бучиќ на пеење во Вашингтон и јавно вети нешто за да си ги нема ваквите проблеми)

Дали е коинциденција или не ,јас сум сигурен никогаш нема да дознаеме
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #4963 Posted: 01-Mar-2015 at 01:04
Originally posted by Џоле

Поголеми комунисти од сегашнава власт нема да најдете, ама нема врска. Скопје, а и Македонија, се изградени (поголемиот дел од нив) во периодот 1944-1991. Тогаш се изградени најголемите индустриски постројки, најголемиот дел од патната, електричната, водоводната, канализациската и друга инфраструктура, регулирани се многу реки, подигнати се многу брани, итн. итн. Како се владеело и за угнетувањето на неистомислениците има многу документирани докази, и тоа е факт. Но исто така, факт е дека поголемиот дел од денешна Македонија (вклучувајќи ги и државните институции) се градени во посочениот период што многумина лесно го плукаат. Од друга страна, денес имаме еден човек на власт што решава буквално за сè, од тоа на кој ќе му се руши зградата до тоа што ќе оди на вестите (еј, чекај, на кој систем ме потсетува тоа), од тоа какви филмови ќе се снимаат до тоа како треба да се прехрануваме, од тоа колку деца треба да имаме до тоа на кои богови треба да им се молиме - и тоа е во ред, а комунизмот бил лош (не велам дека не бил лош), иако веќе 25 години живееме во т.н. демо(н)кратија и капиталижам (не е печатна грешка).

Да се навратам на темата - Скопје 2014 е голем срам за самиот град, и за нашата цела нација. Начинот на кој се спроведе овој урбицид ќе се изучува како лош пример во светските учебници по архитектура. А ние станавме предмет на потсмев во целиот нормален свет.



Тоа беше такво време, а не дека системот функционираше. Југославија се задолжуваше, а и добиваше донации од западните земји само да е анти-советскиот сојуз.

Колку беше тој систем добар и богат доволно зборува дека се распаднавме како чварки за 3 дена и живееме во тотална мизерија 15 години. Ете каде природно сме припаѓале, а не како што системот создавал фикција за успешност на системот со странски кредити, инфлација и задолжување.

Да не навлегувам во југословенската архитектура и градови од збиен селски тип без никакво урбанистичко планирање. Затоа денес најголем булевар ни е 2 метри, затоа што не можеш да го прошириш повеќе (иронија).

Во странски учебници учат и дека не постои македонска држава и нација, па да го земеме и тоа за релевантно? Нормално дека на странски служби и нивни контролирани медиуми ќе им смета се тоа што се гради во Македонија, затоа што пополека, но сигурно не сме нивни ментални робови и им боде во очи.

Да не навлегувам во тоа дека многу македонски куќи за време на Југославија се правени со печалбарски пари. И, ден денес се прават со тие пари, а и живеевме и живееме како сардини по 4 семејства во една куќа.

Скопје2014 е за мене многу храбар и добар потег на власта и покрај демографско/националните проблеми како и соросоидни паразити кои работат за странски тајни служби да изградиш таков капитален проект во кој ќе славиш македонски национални херои и личности од културата ( за прв пат во историјата) е за голем поздрав. Нормално дека проектот не е идеален, дека и понатаму ќе се дошминкува, понатаму ќе се видат неговите лоши страни, но е за голем поздрав што почна да му се всадува друг менталитет на овој народ без разлика на нивните дневно политички препукување и црни бизниси. Тоа постоело и ќе постои.

Јас едно знам дека денес може да ми дојде роднина од странство и да имам каде да го прошетам и нешто да му покажам за разлика од порано што немав НИШТО да му покажам.

До вчера освен Охрид немавме нормален град да прошеташ некој турист или гостин во државата.

Edited by Kid_A - 01-Mar-2015 at 01:05
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #4964 Posted: 01-Mar-2015 at 01:14
Нека гинат деца, битно туристи да имат кај да шетат.
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #4965 Posted: 01-Mar-2015 at 01:50
Искрено ми сe коа го споредувате нашиот брутализам со западниот ...

Edited by Z|evzek - 01-Mar-2015 at 01:53
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #4966 Posted: 01-Mar-2015 at 11:28
Баш ме занима кај ги шеташ гостите..
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2459
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #4967 Posted: 01-Mar-2015 at 11:35
Originally posted by Kid_A



Јас едно знам дека денес може да ми дојде роднина од странство и да имам каде да го прошетам и нешто да му покажам за разлика од порано што немав НИШТО да му покажам.

До вчера освен Охрид немавме нормален град да прошеташ некој турист или гостин во државата.


Си немал што да му покажеш? А сега мислиш дека кичерајските галии и неколку административни згради се врв на уметноста и архитектурата? Но не си ти виновен. Виновни се оние што се запенавија обидувајќи се да те убедат дека во Македонија немало ништо интересно за туристите пред нивниот шизофренички проект. А ти наивен и млад им поверува.

Еве ти викенд предлози:

http://www.igeografija.mk/Portal/?cat=12

Чудесна Македонија:

http://www.igeografija.mk/Portal/?cat=13
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #4968 Posted: 01-Mar-2015 at 11:40
Следниот пат кога имаш гости немој да ги пропуштиш овие прекрасни дестинации.
http://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/neposredno-do-nacionalnata-galerija-na-rm
http://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/makedonska-opera-i-nalet
http://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/shto-toa-se-smenilo-vo-skopje
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4969 Posted: 01-Mar-2015 at 13:20
Originally posted by Petar Skopje


http://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/makedonska-opera-i-nalet
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #4970 Posted: 01-Mar-2015 at 14:15
Originally posted by Kid_A

Originally posted by Cloverstack


Originally posted by gjoko

И ја нема Рада на последните две бомби(од вкупно 25)

нема потреба да се фаќа страна на форумов,би требало да гледаме на работите реално,бидејќи никој ништо не постигнува со застранување.

факт е дека оваа влада го смени визуелниот и културниот лик на Скопје за 180 степени,нормално према свое сваќање.

Но нетреба да се заборави дека и комунистите истото го направијапосле 2.с.в.Скопје го немапе стилот на НБРМ,Поштата,студенскиот,универзитетот,зградите околу улица Макдонија....туку имала објекти како ристиќева,оние во Дебар маало...

Значи и комунистите брутално го сменија ликот на Скопје и воведоа брутализам.Ни прашаа некого,ни се советуваа со архитекти(можеби се советувале ама со тие од СССР).

Ова е слична улога ама другачија роља
До кога ќе се вртиме во истиот круг?Прво, брутализмот нема врска со комунизмот. Брутализмот е архитектонски стил кој потекнува од запад и тоа не е тешко да се провери по интернетов. А тие што патат поради фактот што Скопје не изгледа како Виена, реално треба да се жалат кај Турците, а не кај комунистите.Нејсе, комунистите граделе така како што диктирале тогашните глобални архитектонски трендови, а не според некој шизофрен архитектонски квази-стил произлезен од халуцинациите на една шака психопати кои немаат никаква допирна точка со архитектурата како наука. И дури и тие страшни недемократски комунисти, за обновата на Скопје после земјотресот распишале меѓународен конкурс под покровителство на ООН, на кој учествувале светски величини од областа на архитектурата и урбанистичкото планирање, а не Жарко Чаушевски, Вангел Божиновски и слични копуци кои не можат ни да сонуваат да победат на било каков конкурс надвор од Македонија, а немаше да можат ниту во Македонија, доколку конкурсните комисии не беа полни со партиски паразити без трунка интегритет, секогаш спремни да дигнат два прсти за било што ќе им се нареди од „горе“.Ама на крајот на краиштата што воопшто е битно што правеле комунистите, нели ете пред 25 години конечно заклучивме дека тој систем не чини и го напуштивме? За да инсталираме уште полош? Ако е така, тогаш очигледно сме мазохисти како народ, друго објаснување немам.



Сите народи од Источна Европа си се вратија на своите национални и архитектонски корени, а гледаме денес колку тој “модерен“ брутализам има естетска вредност во сите тие комунистички блокови.

Гледам јас колку урбанистичка убавина имаат нашите бруталистички градови градени од тогашните архитекти блиски до тогашните власти. Затоа немаме ни 5 туристи во градовите освен во Охрид, затоа што градовите ни се преубави и со преубави градби

Прашање е дали тие комунистички архитекти денес би добиле некаква важност да градат, а да не се блиски до властите?

Исто како сите тие “глумци и уметници“ коишто истите цел живот глумеа, добиваа претстави, пари за филмови само затоа што го подржуваа тогашниот систем и тој после распадот.

Јас во овој систем функционирам многу подобро и поприродно. Не конкретно за македонскиот, туку за капиталистичкиот.
Многу сакам подетално да ми го објасниш ова ,,сите народи од Источна Европа си се вратија на своите национални и архитектонски корен''.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4971 Posted: 01-Mar-2015 at 17:35
греота и напатени они, немале турист каде да прошетаат...

...ако ништо друго, барем прекинете да лупетате за западна и источна архитектура и архитектонски корени... а со муабетиве за туризам па уште посмешни сте ми

Edited by zabegan - 01-Mar-2015 at 17:38
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4972 Posted: 01-Mar-2015 at 18:04

бидејки јас уште од почеток ја држам страната за туризмот, иако не цитрам се сметам за повикам па ајт малку млатење празна слама и од мене

~

значи ало луѓе ова ко појава туристи само по себе не носи, но индиректно остава илјада пати подобар впечаток него порано, и за оние кои индивидуално ќе дојдат и за туристичките агенции кои во недостаток од никаква понуда в скопје освен матка и чаршија правеа пакети само за охрид, додека сега скопје е неодминливо та макар успат

дефинитино додека бидне туристички град скопје ќе мине и ќе треба доста работа, особено пејсажно и партерно, бар во центарот на градот, но ето почнаа од плоштадите околу камени што е воедно за поздрав и дава надеж дека општина центар во догледна иднина ќе биде стокмена здраво по сите ќошови

веројатно до сега да пуштеа трам и ја направат пешачката зона на димитрија чуповски ќе се отвори простор центарот и дополнително да живне, а со новиот плоштад Скендербег и кај чаршија ќе се отвори простор за поголема анимација на културни настани

~

конечно нам да ни е пред се лезет, да се раздвижи народ да скубне од пред телевиор и да има кај да скитне, иако стои тоа дека за малку сето ова не бидна монументално, тек тогаш ќе можевме да збориме за туризам вака да се надеваме дека истиот ќе биде со нагорна линија иако далеку од експлозија што можеби ќе се случеше доколку не беше тоа тендерскиот пристап, и ајде решенијата за зградите но мислам дека со начинот на кој го изведоа Алексо и фонтаната направија далеку поголем промашај него со сите згради заедно, иако и триумфалката е за греота а и ника со се прометеј и липицанерите, ова ни партерно нит пејсажно може да се оправи, макар што верувам веќе народ свикна на истите, но наместо да седне и да го инспирираат чоек седнува да им се изначуди од каде тоа и на кој тоа му текнало да изваја и излее куларска пластика за споменици





Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4973 Posted: 01-Mar-2015 at 21:51

многу паушално се збори за туризам кај нас... не знам што ќе објаснувам
ако требаше да се изградат милион глупости само за да се поплочи и да се уреди некоја улица или некое плато, тогаш ќе се иселам од тука чисто ради тоа што очигледно тука сите забегале...
ај тоа што има милијарда видови на туризам (секој приказна за себе) ќе го ставиме на страна... важно е како го продаваш тоа со кое располагаш, а кај нас никој везе си нема од продавање, најпрво поради тоа што никој везе си нема со што располага, а после што не знае како се анимира посетител за било што... туризам се гради и од чист воздух, тоа што мора да го имаш за туризам, се сместувачки капацитети, и тоа е се...
и зошто се познати споменициве кај туристите? затоа што со сила им се пикаат у врат... во сувенирница немаш основни културни обележја, ама затоа има макета на секој проклет споменик, па и лондонски даблдекери...

извини, истите тие агенции кои викаш од „недостаток на понуда“ правеле аранжмани за Охрид, спијат сеуште на тоа увце, дека 500 години ќе продаваат некои бедни аранжманчиња во Грција, во некои бедни хотелчиња, или ќе се молат за тоа на некоја поеклузивна дестинација некој да фрли пари
за рецептивен туризам ич не им чуе... ама од што не им чуе , еве ги сега пропаѓаат и кога тогаш ќе го достигнат дното...

ич не сакам СК2014 да се спомнува во иста реченица со туризам затоа што се е шарена лага... да, кога ќе погледнеш и Ск2014 генерира туризам, ама треба да гледаш и се она што е измеѓу...

...Ск2014 на страна, не ми е јасно како не го разбира никој тоа колку е идиотски и малоумно иднината на градот да ја креираш за туристи (освен ако основната намена на местото не е туристичка)
ако треба да се изгради административен објект на некое министерство, тој се гради основно за потребите на министерството и се позиционира и проектира според потребите на градот во функционална смисла
во други градови низ светот, таквите објекти се попу8ларни затоа што содржат историја и културна тежина, не затоа што се наоѓаат на плоштадот на градот, или поради нивниот стил
како прво кај нас прво се проектира објектот, па после му се наоѓа намена... за тоа свесни сте така? затоа имаме безвезни мешавини од институции во новиве објекти

Edited by zabegan - 01-Mar-2015 at 21:54
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #4974 Posted: 01-Mar-2015 at 22:17
Originally posted by phenomenon

Originally posted by Kid_A



Јас едно знам дека денес може да ми дојде роднина од странство и да имам каде да го прошетам и нешто да му покажам за разлика од порано што немав НИШТО да му покажам.

До вчера освен Охрид немавме нормален град да прошеташ некој турист или гостин во државата.


Си немал што да му покажеш? А сега мислиш дека кичерајските галии и неколку административни згради се врв на уметноста и архитектурата? Но не си ти виновен. Виновни се оние што се запенавија обидувајќи се да те убедат дека во Македонија немало ништо интересно за туристите пред нивниот шизофренички проект. А ти наивен и млад им поверува.

Еве ти викенд предлози:

http://www.igeografija.mk/Portal/?cat=12

Чудесна Македонија:

http://www.igeografija.mk/Portal/?cat=13



Не ми поставувај планини и езера, туку градска архитектура што може да привлекува туристи. Што еден просечен турист може да види во Куманово на пример? Со сето извинување, ама градот ви личи на мочалник, дивоградба, неурбанизирано, нелегални згради на секое ќоше, тесни улици, набиени куќи, стилски кич, а да не зборувам колку само ѓубре имате по улиците и реките. Тоа ли мислиш дека еден турист ќе го привлече? Некултура и нечистотија? Колку туристи има Куманово?

Значи не зборувам за ресторански комплекси како Стара бања, Визиана и Етно село, туку чисто градска архитектура, споменици, музеи, згради. Немате, а за тоа и немате туристи.

Тоа се однесува за 80% од градовите во Македонија. Освен Охрид и Битола, коишто имаат туристички капацитети, Кратово и Берово се единствени градови што имаат потенцијал за градски и планински туризам. Другото е тапа, а Дојран допрва треба да вложува и гради за да задржи туристи инаку ќе си остане со пензионерите, а во нив нема пари, туку во младина. Таа троши.

Кај нас сеуште во Македонија има проблем со канализациона инфраструктура, на 2.1 милион жители ( по претпоставка) имаме 500.000 дивоградби, па ти види на што ни личи архитектонски државата за жал. Виена пред 5 века е подобро испланирана и изградена отколку Скопје и другите градови во Македонија за време на Југославија.

Денес истите тие власти, архитекти блиски до нив коишто планирале што ќе се гради и како ќе се гради зборуваат за кич, а Македонија ја уништувале 60 години поради социјален мир.

Edited by Kid_A - 01-Mar-2015 at 22:20
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4975 Posted: 01-Mar-2015 at 22:24

изглеа не ме читаш убаво, туристи сега само на егзотика ќе ги фаќаме, но не верувам дека двапати би дошле во Скопје ради СК'14 иако доколку тераше муабетов поинвентивно а не тендерски и тоа да се случеше! сега вака имаме нешто за да се ѕирне успат в глвниот град и толку, но тоа толку е доволно за утре да ги раздвижи скопјани кои штом се измешаат со колку толку поголемиот број туристи, тоа посекако ќе повлечи атмосфера впрочем по тоа и сме познати надвор ко топол и срдечен народ нормално кој во такви околности сигурно ќе завози пооригинално со оглед дека цел мал ринг ќе биде активен, а ова нас би требало пред се да не олабави и во полн сјај мултиетнички да го заживее скопјево, просто на Кале откако знам за себе одам редовно та не ми се верува дека до скоро дали ќе сретнеше таму двајца без тројца како шеткаат, а местото е поезија, за мсу и да не говорам, та и чаршија воопшто беше отсечена

Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2459
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #4976 Posted: 01-Mar-2015 at 22:54
Originally posted by Kid_A



Не ми поставувај планини и езера, туку градска архитектура што може да привлекува туристи. Што еден просечен турист може да види во Куманово на пример? Со сето извинување, ама градот ви личи на мочалник, дивоградба, неурбанизирано, нелегални згради на секое ќоше, тесни улици, набиени куќи, стилски кич, а да не зборувам колку само ѓубре имате по улиците и реките. Тоа ли мислиш дека еден турист ќе го привлече? Некултура и нечистотија? Колку туристи има Куманово?

Значи не зборувам за ресторански комплекси како Стара бања, Визиана и Етно село, туку чисто градска архитектура, споменици, музеи, згради. Немате, а за тоа и немате туристи.



Потполно си во право. И јас истото го мислам за Куманово. Тоа можеш да го видиш и од моите постови. Пред 20 и повеќе години во Куманово можеше на турист да му ја покажеш Кумановската Бања.

Еве што викаат експертите за неа:

Надлежните не водат сметка за лековитите својства на овој геотермален извор без оглед што се идентични, дури и подобри и од бањите Врњачка и Буковичка во Србија, Бањата Виши во Франција, изворите Вилдунген и Маријанске Лазне во Чешка. Според некои анализи подобра е од споменатите бањи бидејќи ги нема недостатоците што тие ги имаат.

http://www.kariera.mk/viewnews/7598263560583680419/kumanovska-banja-postoi-samo-na-geografska-karta


Денес Кумановската Бања не постои, а околните објекти се руинирани и претворени во сврталиште на бездомници.

http://kumanovskimuabeti.mk/hotel-ku-ba-vo-kumanovo-od-visoka-b-kategorija-do-sobiralishte-na-bezdomnitsi-galerija/


Наместо државата да ја земеше под своја заштита оваа бања и да вложи пари на вистинското место, нејзе ѝ беше побитен кичерајскиот проект Скопје 2014.

Термалните извори вредат колку нафтените.
Во Европа, но и во Србија и во Бугарија, цели региони живеат од бањскиот туризам, а кај нас годишно собираат одвај по 20.000 гости, вели Нако Ташков, магистер по туристички менаџмент




Edited by phenomenon - 01-Mar-2015 at 23:11
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #4977 Posted: 01-Mar-2015 at 23:19
Originally posted by phenomenon

Originally posted by Kid_A



Не ми поставувај планини и езера, туку градска архитектура што може да привлекува туристи. Што еден просечен турист може да види во Куманово на пример? Со сето извинување, ама градот ви личи на мочалник, дивоградба, неурбанизирано, нелегални згради на секое ќоше, тесни улици, набиени куќи, стилски кич, а да не зборувам колку само ѓубре имате по улиците и реките. Тоа ли мислиш дека еден турист ќе го привлече? Некултура и нечистотија? Колку туристи има Куманово?

Значи не зборувам за ресторански комплекси како Стара бања, Визиана и Етно село, туку чисто градска архитектура, споменици, музеи, згради. Немате, а за тоа и немате туристи.



Потполно си во право. И јас истото го мислам за Куманово. Тоа можеш да го видиш и од моите постови. Пред 20 и повеќе години во Куманово можеше на турист да му ја покажеш Кумановската Бања.

Еве што викаат експертите за неа:

Надлежните не водат сметка за лековитите својства на овој геотермален извор без оглед што се идентични, дури и подобри и од бањите Врњачка и Буковичка во Србија, Бањата Виши во Франција, изворите Вилдунген и Маријанске Лазне во Чешка. Според некои анализи подобра е од споменатите бањи бидејќи ги нема недостатоците што тие ги имаат.

http://www.kariera.mk/viewnews/7598263560583680419/kumanovska-banja-postoi-samo-na-geografska-karta


Денес Кумановската Бања не постои, а околните објекти се руинирани и претворени во сврталиште на бездомници.

http://kumanovskimuabeti.mk/hotel-ku-ba-vo-kumanovo-od-visoka-b-kategorija-do-sobiralishte-na-bezdomnitsi-galerija/


Наместо државата да ја земеше под своја заштита оваа бања и да вложи пари на вистинското место, нејзе ѝ беше побитен кичерајскиот проект Скопје 2014.

Термалните извори вредат колку нафтените.
Во Европа, но и во Србија и во Бугарија, цели региони живеат од бањскиот туризам, а кај нас годишно собираат одвај по 20.000 гости, вели Нако Ташков, магистер по туристички менаџмент




Јас сум рекол еднаш, а ќе повторам уште еднаш дека во Македонија градоначалници коишто навистина вредат и се трудат да направат од својот град пристојно место за живот се градоначалниците на Штип и Прилеп.

Кумановска бања има огромен потенцијал да биде атракција и да го препороди градот. Парк, бања, река, далеку од градска гужва, хотел и паркиралишта, плус базен. Што сака некој повеќе од тоа? Тоа место за 2-3 милиона евра може да се направи рај божји, а да врти милиони годишно и со текот на времето да се надоградува. Дали е тука во прашање политика или нерасчистени имотни прашања навистина не знам да одговорам

Ете види само колку Визиана, Етно село и Баба Цана ви донесоа гости од Скопје и од други градови преку викенд.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4978 Posted: 02-Mar-2015 at 00:25
Originally posted by beTon


изглеа не ме читаш убаво, туристи сега само на егзотика ќе ги фаќаме, но не верувам дека двапати би дошле во Скопје ради СК'14 иако доколку тераше муабетов поинвентивно а не тендерски и тоа да се случеше! сега вака имаме нешто за да се ѕирне успат в глвниот град и толку, но тоа толку е доволно за утре да ги раздвижи скопјани кои штом се измешаат со колку толку поголемиот број туристи, тоа посекако ќе повлечи атмосфера впрочем по тоа и сме познати надвор ко топол и срдечен народ нормално кој во такви околности сигурно ќе завози пооригинално со оглед дека цел мал ринг ќе биде активен, а ова нас би требало пред се да не олабави и во полн сјај мултиетнички да го заживее скопјево, просто на Кале откако знам за себе одам редовно та не ми се верува дека до скоро дали ќе сретнеше таму двајца без тројца како шеткаат, а местото е поезија, за мсу и да не говорам, та и чаршија воопшто беше отсечена

па и ти мене не ме читаш... повторно, произволно се зборува за туризмот кај нас... секој со свое сфаќање и дефиниција
а толку е едноставно и толку многу плански и прецизно се прави сето тоа... еве слободно разгледај ја стратегијата за туризам на Скопје и националнтата стратегија за туризам и ќе видиш колку несериозно се работи на тој проблем дури и да не се разбираш воопшто во тоа... споредија со стратегиите на соседни земји и нивни главни градови (кои ни се директна конкуренција за било што), па ќе правиме муабет во таа сфера...
барем разгледајте трендови во туризам, ако ништо друго

а и кога збориме за урбанистичко планирање и архитектура, не смееме да си дозволиме да го внесуваме туризмот во сето тоа... туризмот е нешто што автоматски е закачено на архитектурата како дел од сведоците за историјата и културата
просторот за живеење и функционирање треба да се креира според потребите на жителите и градот, а не според некој кој ќе го осети градот на недела дена, на некои два-три километри квадратни

и новоизградените објекти и споменици не раздвижуваат никого, баш напротив, нивната природа уште толку го опустошува просторот

Edited by zabegan - 02-Mar-2015 at 00:28
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #4979 Posted: 02-Mar-2015 at 01:26
Одат луѓе од љубопитност, еднаш, максимум два пати, и ти здосадува.

Урбанистички се катасрофални многу работи од проектов, не се формирани линии на движење на луѓето, па спомениците да ти бидат попатен потсетник за нивниот значaj. Штета што е лошо осмислено поврзувањето на Турската чаршија со МОБ, Филхармонија,..., ама ете и културниот центар е растурен со административни објекти.

Не сум од оние што плаче по пред СК2014вско Скопје, за некаков си дух што го имало Скопје и слични срања, ама штета за лошо искористената шанса.
Реално, кој што сака нека зборува, пораздвижено е сега, и ќе биде уште повеќе кога ќе се среди целосно, ама се развлекуваат многу работи, а нови се отвараат, така да нон стоп е несредено.

Големо е Скопје, има уште потенцијали, на грешките треба да се учи, И НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПОВТОРАТ. Треба да се има сериозен пристап кон урбанизмот. Ајде за естетиката нека расправа народ ама пак да биде некоја складна целина.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4980 Posted: 02-Mar-2015 at 09:56



Избеган кај туризмот нема многу дефиниции но прецино планирање да сепак со она што го имаш а ние осве брутализам и кале ем матка немавме в скопје ништо друго земено како понуда, за Приказна и да не говориме, просто и ова сега што го имаме не е нешто што би продало незнам каква екслузивност но сепак ја поместува озбилно цела празнина која вирееше во мал ринг до сега, иако ето според многумина истата ќе сме ја истерале со модерни објекти поубаво за што сум прилично скептичен доволни примери се стара нбм или магос да неодам потака, ПРОСТО некој требаше да пресече и тоа го направи

постовите погоре што отидоа курбан ради дневно политички абер го доловуваат ова, еве да се повторам но во контекст на туризмот, дефакто архитект на патинирањево не е нит грујо нит вмро него "службите" просто овие се согласиле да го истераат ваквото сценарио, иако истото беше зацртано уште во времето на сдс само што вмро го доцрта и прошири, јасно сето тоа на мускули за да не губат со него цел век, но ете пак ќе си мине пола век дури и вака на мала врата протнато, затоа и често велам дека да не се нафатеа овие и сега никој немаше а Скопјеуште години ќе си беше тотал-брутал

во основа ЛИКот на метрополата требаше да светне, макар и тендерски, а со тоа и малку од малку да заличи градот, што и нам ни треба а посекако ќе биде лезет и за гости, на страна што живнува мал ринг како целина,тука ќе ги изоставам думите за смирувачкиот вајб на овалноста било тоа како фенгшуи или натурализам - кому колку му сечи, но сето ова ко проект сеуште каска, и веројатно ќе можеме да зборуваме за некаков поозбилен раст на туризам откако ќе се затвори и последната дупка на плоштад, под претпоставка дека побрзо ќе се завршат фасадите на ул. Македонија и плоштадот на Скендербег, можеби ако почне некој естетски да ги корегира сите постојни недостатоци ко тоа балустирите по оградите на мостовите [1][2] или нескладно натоварените скулптури нанив, можеби така ова скопскиот мал ринг и да бидне инспиративен и неопходен за прошетка, вака бреј гледаш да минеш и заминеш, особено кабает имаат тоа скулптурите по мостовите кои логично би било нели да се спуштат по кеј

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 247248249250251 328>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 2.656 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.