build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 328>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [53.93%]
83 [43.46%]
5 [2.62%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 05-Feb-2010 at 23:14
Немам време да одговорам на се но...

Originally posted by Anti-NGO

Некој од вас, елитистиве и просветлениве, во наплив на омраза кон своето спомна за Германиа, планот на Хитлер за новиот Берлин. Баш пред ден имаше на Дискавери за тоа и планот беше величествен. Не треба да имаме баласт за тоа што бил план на Хитлер. По некоја случајност, да се реализираше тоа, ќе ги засенеше и Рим и Парис и сега сите вие што само зборите ќе се фалевте дека сте биле таму и ќе постиравте слики на Фејсбук. Само видете го планот.


Никогаш не сум бил импресиониран од концепти од овој тип кои не преставувале ништо друго туку израз на фрустрираност и комплексираност, но истовремено и супериорност. Со таква ретроградна основа, Германиа според планот кој многу убаво го познавам не нуди ништо друго туку непотребна мегаломанија.

Ако се ослободиме пак од баластот на Хитлер, на пример аутобанот е едно достигнување кое може да го сметам за импресивно со оглед на неговото ефективно влијание врз развојот на Германија и поставувањето на стандарди за проекти од ваков тип пошироко. Чисто за евиденција, аутобанот е постар од Хитлер но во негово време е изградена една импресивна мрежа чија вистинска функција подоцна за жал се покажува.


И да ве прашам нешто, дали Германците беа глупави што го реконструираа стариот изглед на Лајпциг и Дрезден со предвоени планови?


Лајпциг и Дрезден се познати по своите интегрални градски јадра кои се идентификувани како светско културно наследство. Скопје пак може да се пофали со 2-3 згради кои ги сметаме за клучни а кои и во свое време имале прилично дискутабилна естетика според рецензиите кои сум ги прочитал. Сепак... Дали ние го реконструираме стариот изглед во моментов?


Дали Американците се глупави што скоро секоја владина институција е во антички стил?


Американците се познати како земја на екстремен кич меѓу другото. Иако Вашингтон е далеку од непријатен град, не сум слушнал до сега некој да оди таму специјално за да го види конгресот или меморијалниот центар на Линколн. Но секако огромен број луѓе одат во Њујорк да ги видат облакодерите кои во голема мерка биле чудо во времето кога биле градени.
 

И конечно,  дали баш ние се најдовме да заговараме откажување од своите корени во името на некаков модернизам?


Каква врска имаат корените со модернизмот? Со што ќе се гордеат нашите потомци ако се што им оставиме се бледи копии и имитации на архитектура на одамна изумрени империи?


И дали тоа не е доказ дека сме дрво без корен, дека нашиот идентитет е нејасен и затоа се правиме ултрамодерни?


Ултрамодерни? Зарем е ултрамодерно да се бара почитување на законски процедури и елементарна јавна расправа за најбитниот заеднички простор во земјава? Dunno


На што личи Скопје моментално, без душа, небаре градот на гревот е, само коцкарници, кладилници и кафичи и кинески ѕидови? Тоа ли е модерно за вас? Тоа ли е прогрес?


Дали некој тука ја брани тековната состојба на градот? Дали некој тука се залага за статус кво? Што е тоа душа на градот? Овие 10на нови згради на кејот? Тие се спасот тие ќе ја направат душата? 


Зашто никој од вас не се буни за Влајко, Лумикс, Кинески Ѕид, Тифани, Дебар Маало?


Велиш дека го следиш форумот. Доколку е тоа вистина би требало досега да ги приметиш жестоките критики искажани за помалку или повеќе секој од овие објекти поединечно. 


Зашто се буните за црква, а не ви сметаат 1000 џамии во Центар и Чаир итн? Зарем не сте отишле до Охрид да видите колку нови џамии од сериско производство има?


Никој ниту се бунел ниту за црква ниту за џамии како такви, но секако дека ќе има критики доколку се градат преку узурпација на јавен простор и во комплетна спротивност со урбаното окружување.


Зошто ви смета Александар?


Одговорот на ова прашање барај го на друг форум кој се занимава со (античка) историја. Овој форум е за архитектура, градежништво, урбанизам и развој.


Edited by pbanks - 05-Feb-2010 at 23:17
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 05-Feb-2010 at 23:22
Здраво момци.... баш кога има жешка тема... мене ми паѓа ВИН(((

Ќе кажам неколку работи и јас во врска со оваа работа.


НИКАКО - ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ
-Триумфална Арка - шо ли освоил и Гујо и Вангел Божиновски (човече ова е цело проект на човекот кој го наградија со најгрд проект на светско ниво)
-Куполи на Собрание
-Целиот ред одвратно наредени згради - буквални сите различен стил, од Уставен суд до мостот кај МНТ.

УБАВА ИДЕА - премногу натрупана.
Идејата со споменици е ТОП - само што очигледно е дека или Вангел/Гујо сака да се прослави со единствен град во свет со толку споменици на толку мал простор или некој тука воопшто нема смисла за просторно уредување.
-Споменикот на Алексадар Македонски е интересен како објект - со тоа што големината не е потребна до толку.
-Лавовите на мост Гоце Делчев и така и така..., исто и четирите споменици на на почеток/крај од Камени мост.
-Споменикот на паднатите херои ми се чини високиот во Жена парк доколку се постави само тој би допринело за паркот и за просторот , но никако било кој од 3-4 дополнителни околу него.

Сите останати споменици - би било дефинитивно поубаво да се наместат во поширокиот дел на центарот на Скопје (имаме улица Македонија, Мито Хаџивасилев Јасмин, Даме Груев, Васил Аџиларски, Партизанска, Кочо Рацин и ред други улици и плоштади на кои би можеле вакви споменици да се лоцираат). Едноставно нема поента на исто место да стои Александар Македонски, покрај него Самоил седнат на столче џанам се ѕвери уствари кој ли бил типов... и истовремено да го глеа Јустинијан (историски и хронолошки исто така МЕЈК НО СЕНС) Bash
Не видов дека еден од споменициве ќе се изгради на Црвена Општина... за жал... ниту пак дека ке го урбанизираат и средат тој плоштад.

Никола Карев - претседателот на владата на Крушевскара Република на коњ - некако ми е апстрактно?!

ДОБРА ИДЕЈА
Освен стариот театар, музејот на холокаустот и ВМРО-Македонска борба, доколку обновата на според мене грдите, никакви, бездушни фасади околу плоштадот (освен Ристичева и 2-3 згради кои се прилепени до неа), се направи стилски и модерно (некоја комбинација од нивниот барок и модерн ајџес) - би се согласил со таа идеја.

Исто така сум дефинитивно за Офицерскиот дом и хотеливе (исто доколку не забегуваат со барочно здание туку наликуваат на нешто измеѓу тој стил и зградата позади на Те-ХОУМ.

Црквата ај ќе речам чим ја запнал НЕК му со среќа - ама стварно не мораше толку да е габаритна... можеше да е малку помала за поубаво вклопување во просторот. (инаку мојот официјален став е дека постои Св. Димитрија).

И да го срушат ЛУМИКС обавезно!!!

И да нека го прават ЈУЖЕН БУЛЕВАР од Катланово до ГЛумово, нека ја направат Првомајска до КЈУБЕ... нека  ја спојат Крушевска република со Јужниот... и партизанска со 4 ЈУЛИ... Па после  би рекол се од ова - само на кого да му се објасни ова? На човекот што ја изгради Куќата на Мајка Тереза ? Кој знае он што глеа низ неговите очи...
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3612
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 05-Feb-2010 at 23:24

требаше анкетава да има пофлексибилна опција како: се сложувам, половично, и не се сложувам! вакa приморам сум да гласам позитивно! инаку реално на ваква анкета ниту моит да и се верува, ниту пак истата нешто ќе промени, но ајде ете чисто колку да не биде монотоно па и јас гласав!   

~

а александар мислам никому не му пречи, бар на оние што се на македонистичките позиции, а тоа се 90% од македонците, само незапознаен или доволно неосвестен македонец може да каже немаме право да се поистоветуваме со него, или пак да ескивира демек ете тоа грците би ги распалило... не е спорно дека алекс е ок, спорно е како истиот ќе дојава на плоштад! и јасно колку истиот ќе се вклопи во него во ваква форма со се' столбот од фонтаната!

Back to Top
Anti-NGO View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Anti-NGO Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 05-Feb-2010 at 23:26
За кикирики...
 
Кон мене е наменето ова. И добро, ок, човекот барем има мислење и делумно навредува (сенилна баба, фанатик, непрофесионалец) ама ај ќе поминат преку тоа и ќе се фокусирам на аргументите.
 
 
Прво, не одговори на основните прашања, а тоа се
 
1. Дали се Германците се глупави и назадни што ги реконструираа Лајпциг и Дрезден со предвоени планови?
 
2. Дали Американците се глупави и назадни што ги градат своите владини институции, универзитети и сл. во антички стил?
  
 
 
3. И конечно,  дали баш ние се најдовме да заговараме откажување од своите корени во името на некаков модернизам?

- Какво откажување од корени најде ти во модернизмот? Според тебе, македонската армија не треба да има модерно оружје, туку треба да носи копја?
Да не мешаме баби и жаби. Прво, јас не велам дека не треба да се градат модерни зданија. Сите досегашни градби беа "модерни" и гледаме на што личат. На што личи МНТ, Комерцијална банка и сл.? Зашто не гледате дека ова се единствените градби во Скопје што ќе бидат во некој историски стил и вие сакате да ги нема и тие.
 
 
 
 
 
4. И дали тоа не е доказ дека сме дрво без корен, дека нашиот идентитет е нејасен и затоа се правиме ултрамодерни?

- Дрвото се суши од луѓе не многу различни од тебе. Пропагираш фанатизам, што не те води во професионлани води. АКо македонците во минатото биле иновативни во своето време, современите македонци треба да бидат во денешницата. Што значи дека ако македонците само ги копираат своите предци, тоа кажува дека малку затапиле, а не напреднале!
 
Јас мислам дека дрвото се суши од квази-модернисти и квази-глобалисти. Не пропагирам фанатизам, тоа е само вградниот комплекс на помала вредност на Македонецот кој мисли дека ќе го компензира со анационалност и квази-модернизам.
И пак кажувам, имаме доволно "модерни" зданија и гледаме на што личи Скопје. Кажи што е вредно сега во центарот - поштата, МНТ, Комерцијална Банка, МЕПСО, ЕВН, Лумикс, кафичи насекаде? Зарем е тоа модерно и добро за тебе?
 
 
 
 
5. На што личи Скопје моментално, без душа, небаре градот на гревот е, само коцкарници, кладилници и кафичи и кинески ѕидови? Тоа ли е модерно за вас? Тоа ли е прогрес?

- Овде мешаш теми! Душата не е во столбовите од неокласицизам, и никој овде не даде пример за душата на коцкарниците! Кинескиот ѕид е исто грев на урбана неморалност, но ако го споредиш по неколку века, ќе се знае гревот од кое време е!   Муабетов ти е како на сенилна баба, што не го слуша соговорникот!
 
Не се согласувам дека сум сенилна баба, туку дека поставувам релевантни прашања. А која е сенилна баба, види ти од начинот на твоите одговори. Душата Е во стиловите и градбите инаку зашто сите сакаат да одам во Рим, Парис, Барселона и се сликаат на катедрали и слично. Кај ќе се слика сега странец, до Лумикс, до Поштата, МЕПСО или МНТ? До кладилници, кафичи? За нас е најубаво значи статус кво, така?
 
 
 
 
6. Зашто никој од вас не се буни за Влајко, Лумикс, Кинески Ѕид, Тифани, Дебар Маало?

- Кој дал пофална критика за Влајко и сличните објекти? Ако знаеш што е урбанизам, ќе видиш дека Лумикс не е урбанистичка грешка, иако и јас мислам дека тој простор можеше и без него( сепак тој објект има најпрогресивно и авангардно обликување во она што е постоечки градежен фонд)
 
Па добро, не е со таква жестина бунењето како против новиот план. Каде се младите архитекти да се бунат кога се градеше Кинескиот ѕид, Тифани, Влајко, целиот урбан хаос. Каде беше Архибригата тогаш и ваквите гласови на разум? Ме сфаќаш дека проблемот е принципиелен и затоа и многу што не го одобруваат планот во целост сепак го поддржуваат.
 
 
 
 
7. Зашто се буните за црква, а не ви сметаат 1000 џамии во Центар и Чаир итн? Зарем не сте отишле до Охрид да видите колку нови џамии од сериско производство има?

- Не се буниме за црква, се буниме за објект на тоа место, било каков, тоа е загушување на пешачка артерија замислена и утврдена пред 80 години. Џамиите ми пречат бидејќи нивниот број е нереален, само нема кој тоа да го стави во дискусија бидејќи веднаш темата ќе добие меѓуетнички извештерен карактер.
 
А што не се каже дека на местото на ГТЦ и порано си постоела црква и дека непотребно е срушена, зашто не била оштетена од земјотресот. Па какво е тоа злосторство да се руши црква? Сепак е ова доминатно ПРАВОСЛАВНА држава, па тоа мора да има своја персонификација на плоштадот како на многу други плоштади. А за шетање имаш кеј и слично. Пробај да шеташ во Дебар-маало, да те видам....
 
А за џамиите демек да не ги возбодуваме комшиите, така? Да се пикнеме во дупка и да се правиме дека не постојат, така? Е, Македонче, во своја држава се плашиш? Ген, тоа е...
 
 
 
 
8. Зошто ви смета Александар?

- Кому му смета Александар? На повеќето не им пречи, им пречи стилот, непропорционалните димензии, и перењето пари преку цената за тој споменик.
Да не си кажуваме приказни. На тие како тебе им пречи Александар и се подбиваат со тоа, а со тоа и со своето потекло. Димензиите се соодветни за таков човек. Ако се сеќавам добро, еден од аргументите за неменување на името на аеродромот беше што големината на аеродромот е несоодветна за таков војсководец. А сега димензиите биле преголеми. А за перење пари, не се секирај. Досега се испраа и се испокрадоа толку многу пари што ова е само 0,0000001% од тоа. А парите ќе се вратат со тоа што народот ќе почне да верува во својата држава, да работи чесно, професионално... Не знам како да ти објаснам.

 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 05-Feb-2010 at 23:39
Originally posted by Max

требаше анкетава да има пофлексибилна опција како: се сложувам, половично, и не се сложувам! вакa приморам сум да гласам позитивно! инаку реално на ваква анкета ниту моит да и се верува, ниту пак истата нешто ќе промени, но ајде ете чисто колку да не биде монотоно па и јас гласав!   

Се сложувам дека нема ништо да промени. И мислам дека не се сложувам со поставување на меѓу опција бидејќи мислам дека се работи за принципиелно прашање.


Originally posted by Max

а александар мислам никому не му пречи, бар на оние што се на македонистичките позиции, а тоа се 90% од македонците, само незапознаен или доволно неосвестен македонец може да каже немаме право да се поистоветуваме со него, или пак да ескивира демек ете тоа грците би ги распалило... не е спорно дека алекс е ок, спорно е како истиот ќе дојава на плоштад! и јасно колку истиот ќе се вклопи во него во ваква форма со се' столбот од фонтаната!


Не издржа срце јуначко а

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 05-Feb-2010 at 23:45
@AntiNGO дали имаш претстава какво било Скопје пред 1963? Колку од објективе и споменициве кои се форсираат постоеле било кога во Скопје? Само 3. Театарот, офицерски дом и Народна Банка. Дали воопшто знаеш кога се тие градени? 30тите години од мениатиот век од Српските власти во СХС. Па дајте да не се лажеме како мали деца, каква е таа традиција, старо Скопје, обнова како предвоена Германија? СЕво ова е беден и патетичен аргумент. Дајте подобро.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 05-Feb-2010 at 23:50
Бидејќи разговорот за потеклото на Александар не е на овој форум, и неговото место во нашата историја, сепак неговото место во нашите плоштади може да се дискутира тука. Штом тој никогаш не стапнал во Скопје, зошто да биде во Скопје. Зошто Грците не го сакаат во Атина? Бидејќи не стапнал таму како пријател. А во Скопје стапнал? Постоело Скопје тогаш воопшто?

Не сакам насилни одговори, кажете зошто сметате дека треба да биде во Скопје, штом нема допирни точки античката империја со Скопје.

Исто така, никој сериозно не се осврна на оправданоста на носењето на ГУП ДУП и сл. по партиска наредба, на трошењето на државни пари за нешто кое што е спротивно на уставот (изградба на верски објект од државни пари).

Имајте предвид дека оваа област не била населена во 10000 пне, немало крапински човек доттука, да не треба сега да ископаме и по некоја пештера да надокнадиме за тој период? Чисто онака, нè заебале крапинците не дошле доттука, па да средиме работа. Историјата е од минатото, затоа се вика историја. Историја од XVIII век не се прави со градби од XXI век.


Edited by гитардемон - 06-Feb-2010 at 00:02
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Anti-NGO View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Anti-NGO Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 06-Feb-2010 at 00:17
Originally posted by UrbanFreak

@AntiNGO дали имаш претстава какво било Скопје пред 1963? Колку од објективе и споменициве кои се форсираат постоеле било кога во Скопје? Само 3. Театарот, офицерски дом и Народна Банка. Дали воопшто знаеш кога се тие градени? 30тите години од мениатиот век од Српските власти во СХС. Па дајте да не се лажеме како мали деца, каква е таа традиција, старо Скопје, обнова како предвоена Германија? СЕво ова е беден и патетичен аргумент. Дајте подобро.
 
Мојот аргумент за предвоена Германија беше во насока дека тој класичен стил сепак вреди. А не дека треба да се возобнува предвоено Скопје, зашто тоа е обична турска паланка (како и денес).
 
За аргументот со српските власти се согласувам, и јас истото го кажувам дека е трагедија најголемите и најпрепознатливите градби во Скопје да се од српско време, а имајќи 60 години македонска држава.
 
И сега не сфаќам? Значи, ние треба да измислиме топла вода, односно некој нов убер-модерен стил за да градиме и тоа ќе биде ОК, така? И тогаш автоматски сме Европјани и слично, авангарда на 22 век.  Мислам дека е тоа заблуда, како што е заблудата дека кога ќе бидеме во ЕУ ќе тече мед и млеко.
 
Јас од сите тие што критикуваат само, не слушнав што требало да се изгради и како тоа треба да изгледа и во каков стил.
 
 
Еден главен аргумент дека треба да се гради во некој си неоткриен убер-модерен стил е дека не се гради така никаде веќе. Да, не се гради, точно. Ама зашто веќе просторот е пополнет со таков стил. Ако е толку тоа лошо, зошто на Запад не го срушат се тоаи не почнат од нула? Не е дека немаат пари или се приврзани кон некоја историска вредност или слично? Значи вреди и му дава шмек на градот.
 
И сега сите велат дека сме пропуштиле историски период на класицизам, барок и слично кога се градело така во Европа и дека треба директно да се телепортираме во 22 век и да градиме оригинални градби во стил што ние ќе го откриеме. А пресконување на историски периоди видовме како завршуваат кога Русија од феудализам влезе во комунизам во името на убер-модернизам. 
 
Мислам дека тоа ментална оставштина од комунизмот на негирање на се претходно и почеток од нула. Не за џабе народот рекол, ако не падне снег во јануари ќе падне во јуни. И подобро така, отколку да си замислуваме дека паднал во јануари. Тоа е исто како неизживеан човек влегува во брак. Истиот е подложен на искушенија, ма колку и да се замислува дека е проживеан.
 
 
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 06-Feb-2010 at 01:49
Еве на оваа фотографија , која не сум ја сретнал на форумов се гледа дека и пред земјотресот стоеле коњаници на камниот мост секако тоа биле туѓи херои! Зошто неби стоеле Гоце и Даме на истото место ?
 


Edited by leonid23 - 06-Feb-2010 at 01:55
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 06-Feb-2010 at 02:10
leonid do nekade ima smisla toa sto ti go kaza, ama sto da kazeme za drugite 100 spomenici ???

A za komentarite i tockite na Antigo nema da komentiram.


Edited by mitatos - 06-Feb-2010 at 02:13
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 06-Feb-2010 at 02:21

СО ПРОЕКТОТ СКОПЈЕ 2014 ПОПОЛНЕТ ЦЕНТРАЛНИОТ ГРАДСКИ ПЛОШТАД


Репрезентативен центар - огледало на државата

Познатиот и докажан архитект Вангел Божиновски тврди дека од 1968 година, па до денес, Скопје никогаш нема добиено каков било план за уредување на најскапата градска соба


Презентираниот проект за новото архитектонско решение и за изглед на Скопје 2014, кај поголемиот дел од скопјани во текот на минатиот ден предизвика воодушевување. Тие сакаат да живеат опкружени со градби што ќе му дадат на градот нов имиџ, стил на европска метропола. И градбите и спомениците изградени во неокласицизам и барок стил, селективно и визионерски, според нив, полека, но сигурно ќе го избркаат сивилото на постсоцијалистичкото Скопје. Тие укажуваат дека секоја држава имала период на градители и во секоја држава тој период се паметел како златен. Ова што се прикажа од Општината Центар, Градот и Владата, било токму тоа златното. Исто така, од друга страна, експертите се согласуваат со ставот на оние кои најмогу ќе ги ползуваат архиктетонските промени на нивната дневна соба. Според нив престолнината била единствениот главен град во Европа, во кој централното градско подрачје не е заокружено. Се работиело за пополнување на просторот. Целокупниот проект е правен врз основа на сериозни општоприфатени стандарди. При изработката на истиот се запазени сите потреби модулати кои овозможуваале оптимална циркулација на воздушните маси, урбанистичката логика како и фрекфенцијата на сообраќајот, укажуваат стручните лица.

Познатиот и докажан архитект Вангел Божиновски тврди дека од 1968 година, па до денес, Скопје никогаш нема добиено каков било план за уредување на најскапата градска соба.
- Како некој кој ги разбира овие работи, укажувам дека дефинираните архитектонски работи се изведени без забелешка и не знам никој кој би можел да најде каква било дамка на проектот Скопје 2014. Имаме професионален изглед на најскапиот простор на градот, довршен по речиси еден век. Секоја власт која од тоа време, па наваму владееела, не отпочна ништо во таа насока, а најмалку се нафати да реализира ваково нешто. Ниедно градско сообрание ниту власт немаше храброст да го направи ова, тврди Божиновски. Тој понатаму додава дека сево ова е направено легеартист и транспарентно.
- Инаку, јас лично години наназад заговарав да се заврши плоштадот. Иако директно не сум бил вклучен во проектот, не е далеку од она што јас сум го замислувал некогаш како изглед на плоштадот, изјави Божиновски за ВЕЧЕР.

Од Општината Центар велат дека во проектот за изгледот на објектите работеле тимови на реномирани стручни лица од областа на архиктетурата, со огромно значење и искуство. Целта и поентата покрај новиот имиџ на плоштадот е и урбана интеграција на на левиот и десниот брег на реката Вардар, кој ќе создаде услови за досегашниот горчлив проблем на просторот за големиот број државни институции.

ТРАЈКО ВЕЉАНОВСКИ
Ми се допаѓа идејното решение за Карев


Проектот за изгледот на главниот град во 2014 година и споменикот пред Собранието е на Општина Центар, а не на законодавниот дом, изјави вчера претседателот на Парламентот, Трајко Вељановски, при презентацијата на извештајот за работата во 2009 година. Првиот парламентарец не се противи на идејата за поставување на споменик на Никола Карев пред Собранието.
- Никола Карев е значајна личност во македонската историја. Мене ми се допаѓа идејното решение. Верувам дека и вам ви се допаѓа, вели Вељановски.

АНКЕТА

КАКО ВИ СЕ ДОПАЃА НОВОТО АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ
Спектакуларно!

Дека скопјани се воодушевени од визионерските најави на Владата како ќе изгледа метрополата во 2014, покажа и нашата минианкета што ја направивме со граѓани од различна возраст


Филип

Спектакуларно! Многу ми се допаѓа. Почна да наликува на античка Македонија на некои места, на пример, покрај Вардар. Вака е празно, неинвентивно без содржина и единствено добар е за организирани концерти. Она што се планира, е топ!

 

 



Бранко Коцев

Убаво е кога се прави нешто ново, кога се гради. Кога слушнав дека ќе се обноват некои градби, како Офицерски дом, ми беше многу драго. Можеби младите ќе речат дека би можело да биде и во помодернистички стил, но тоа се веќе вкусови.

 



Александар Костовски

Мислам дека просторот и вака е доста тесен, а и дека постоечката инфрастуктура не може да одговири на потребите на толку згради. Јас не сум од Скопје но, мислам дека на еден главен град му треба широк плоштад. Инаку, браво за спомениците.

 



Елизабета Чакалиќ

Проектот ми се допадна многу, само пожелно е да не се брза со архитектурата. Да им се даде време на проектантите мудро да промислат. И за склуптурите сум за, бидејќи на тој начин ќе ја оживееме нашата историја, која е навистина пребогата.

 



Трајанка Бакрачевска

Премногу е убаво, луксузно, навистина. Се плашам дали ќе се обвистини, дали ќе има средства за толкава инвестиција со оглед на економската состојба. Но, и за тоа има решение, можат да се најдат мецени кои ќе вложат во изградбата.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2E61C03E3E833A43A31B705D89A88727
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 06-Feb-2010 at 02:51
Originally posted by mitatos

leonid do nekade ima smisla toa sto ti go kaza, ama sto da kazeme za drugite 100 spomenici ???

A za komentarite i tockite na Antigo nema da komentiram.
за другите 100 споменици кажи што сакаш но факт е дека веќе ги има .
 
Не знам веќе што друго би се кажало , но мислам оти доволно се коментираше на оваа тема , сите прашања и одговори и различни мислења се потрошени
 
p.s
И немој после да викаме дека мунданата астрологија не е вистинитаSmile , Македонскиот народ е многу ситничав и самокритичен ( од негативната страна )
Македонија е во шестата куќа (Девица) ( во шестата куќа спаѓаат министерството за здраство , внатрешни работи , и за одбрана )
Сега веќенемам сомнение дека е така Cheers
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1975
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 06-Feb-2010 at 04:31
Originally posted by гитардемон

Бидејќи разговорот за потеклото на Александар не е на овој форум, и неговото место во нашата историја, сепак неговото место во нашите плоштади може да се дискутира тука. Штом тој никогаш не стапнал во Скопје, зошто да биде во Скопје. Зошто Грците не го сакаат во Атина? Бидејќи не стапнал таму како пријател. А во Скопје стапнал? Постоело Скопје тогаш воопшто?


Гитар, уште како млад Александар бил испратен на север да скроти неколку востанија на Пајонците и некои Тракиски племиња. Така што, најверојатно поминал низ тоа што денес го нарекуваме Скопје Мала дигресија, секако за ова не постојат пишани докази, само се претпоставки.

Поентата е во тоа што, ако алудираме на континуитет од антиката до денес, Скопје е денешен главен град на Македонија како институција, а не географска местоположба. Таа институција со текот на времето го менувала местото. Од Ајга, преку Пела, па доаѓа периодот на римското ропство, па да речеме дека се сели во Преспа, па во Охрид, па турско ропство (овдека дефакто би бил Солун, ама никогаш официјално), и до 1945 кога Скопје за влакно ја тепа Битола Nuts (пошо си Битолчанец кабадаја, малу на твоја сметка, нема љутиш). Значи, не е битно кај е главниот град, Александар е симбол на најголемиот македонски владетел, и со тоа го заслужува споменикот во главниот град.

Секако, ова горе споменатово, ќе повторам, според тезата на континуитет.
Back to Top
kitkiritki View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kitkiritki Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 06-Feb-2010 at 05:10
  За Anti-NGO

Со своето излагање покажуваш многу за сенилноста и дефинитивно непрофесионалноста како и фанатичноста.  За жал немам доволно време да посветам на форумов, и тоа беше единствената причина што постојано го посетувам, но не влегував во дискусии. Бидејќи конечно се обелодени целата работа околу централното градско подрачје, како и дефинитивното значајното место во македонскиот интернет простор на овој блог, одлучив да  влезам во кратка дискусија и се разбира, кога ќе постои можност ќе бидам повеќе активен. НО,  една работа ти не можеш да свариш и тоа е толку очигледно, постојаното поставување погрешни прашања во однос на целото дејствување како и тврдоглавоста. Спомнуваш реконструкција на Дрезден и Лајцпиг, а забораваш дека тоа се случува веднаш по војната, ако сакаш пример тука е и Варшава целосно обновена. Тоа значи на живи и реални остатоци, за разлика од тука што само два објекти од старо Скопје се несреќно влезени. Знаеш ти што е веродостојна реконструкција? Не би рекол. Ова е далеку од автентичноста, бидејќи стариот театар не е ниту ист во димензиите, ниту е поставен на истите темели (влезот на театарот беше од страната на скопската тврдина), ниту пак постои детален проект од неговиот ентериер. Да не разговараме за градежните материјали, нема воопшто никаква врска со тоа што било!!! Офицерскиот Дом исто така, само лаичко фасадирање, ништо повеќе од тоа, со додадена купола измислени парадни скали кон плоштадот. Каде се остатоците од тие објекти, и каде е временската дистанца од нивното постоење - половина век!  Модернизмот во Скопје и постмодернизмот кој ти целосно го навредуваш е доведен во сива состојба, заради македонскиот несвест за потребното одржување на она кое го градиме. Поштата, Мнт и ред други објекти за жал твоето непознавање во сверата архитектура не ги вреднува. Сакал ти или не тоа се најинтересните објекти во СКопје кои се признати во светот. Имаат свои аномалии заради промената на проектите во текот на изведбата и тоа токму од власта што тогаш беше на нивото на редуцирана диктатура. Не се залажувај за обнова на црквата Св. Константин и Елена, со овој проект, бидејќи тоа е само случајно измислен квази-аргумент кој се користи да се истера тоа што некој го замислил за Скопје. Никој не го пере комунизмот за катастрофалниот однос кон црковните објекти, и тоа е грешка во минатото, што во никој случај не го переш со ова! Гледам поставуваш прашања за Вашингтон, и тоа го комбинираш со прашања дали се глупави? Тотално некоректен пристап и знаење!! Вашингтон  е пријатен град, но неговите објекти исто така спаѓаат во доменот на еклектиката дури и за тоа време, и тоа не е неговата вредност. Неговата вредност е во урбанизмот, кој како наука е врзан за архитектурата, но е сосема поинаква тема. Еден урбанист може да создаде прекрасен план, меѓутоа архитектонското проектирање ако е погрешно, тоа не паѓа на теретот на планот! Ако ја споменуваш Америка, град кој најчесто е спомнат како град кој има многу вредни објекти во архитектурата, тоа е Чикаго, и тоа токму во крајот на 19 и почетокот на 20тиот век, кога почнува прогресивноста да го напушта класичниот израз и полека да ги чисти проектите од декорации и непотребни сттолбови. Тогаш почнува и челичната конструкција на голема врата да влегува во тој град и се создаваат одлични дела и примери за светската архитектура. Околу почитта кон делото на Александар Македонски, можеш ти да говориш дека јас не го познавам, но тоа е далеку од вистината, тоа е она што твоите уши сакаат да го чујат или очите да го прочитаат. Ти, според твоите допуштања толку цврсто да браниш теории со кои не си запознаен, претставуваш само еден лаик кој упорно не разбира дека неговиот лик не мора да биде споменик со висина од преку 20тина метри, не мора да биде изведен во стилот кој го вреднуваш. Многу гнасен чин во ова делување тотално контролирано од власта, е тоа што се обидуваат од вистинските патриоти да претстават предавници ( и не говорам за политички партии, аман од вас обоените). Пред јавноста некој упорно ги карикира нашите протести, бидејќи некој ја злоупотребува историјата како изговор за нивниот непрофесионален начин на резимирање како се гради споменик во 21 век. И тука некој упорно со партиските четки обојува професионални мислења. Архитектите имаат проблем со реални и конкретни моменти од нивната професија, кои тука се омаловажени. Кој за оваа тема( архитектура и урбанизам) има повеќе право да зборува, луѓето кои животот го посветиле на тоа или луѓето што имаат политичка позадина.  И уште нешто, за џамиите отвори тема, па да го видиш моето мислење, а не твојата конструкција за моето мислење. Не сакав да навлегувам во друга тема, затоа и го спомнав така кратко, а ти воопшто не прочита меѓу редови. Таа тема бара оделна дискусија, и не и прилега воопшто споредбата, како што не и прилега на ИВЗ да бара џамија покрај секоја црква. Не забележуваш  дека постапуваш провокативно на ист начин, како што тоа го прават тие??? Спомнав многу работи, кои, мислам добро го објаснија моето мислење уште во мојот прв пост на страна 6. Околу навредливите зборови, извини ако нешто премногу ја разигра твојата суета, но заклучив дека треба да ти ги посочам за да се обидеш да сватиш каде е грешката во твојата дискусија но попусто. Повторно извини, ако тоа воопшто нешто менува од твојот пристап кон начинот на кој го апсорбираш и читаш тоа што јас го пишувам!
< = < =
Back to Top
kitkiritki View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kitkiritki Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 06-Feb-2010 at 05:15
Околу темата, коректно поставена - Дали во Скопје може да стои споменик на Александар Македонски?  Одговорот е дефинитивно, без разлика дали Александар воопшто стапнал овде или дали тогаш Скопје влегувало во таа империја! Доколку велиме дека имаме врска со Македонците од тоа време, тогаш каде е проблемот, најславниот нивен крал да не може да се постави во современета држава. или поточно да се изразам,во новата престолнина на македонците?
Big%20smile
п.с без злоупотреби
< = < =
Back to Top
kitkiritki View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kitkiritki Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 06-Feb-2010 at 05:19
А да морав уште ова - јас не сум против инвестирање во градењето! Злоупотребата е следна -- Не може споменик на лав висок 5 м излеан во бронза, да чини 1.200.000 евра. Со тие пари ќе беше излеан во злато со се постаментот. Некој го злоупотребува моментот, да се изразам сватливо --- Досега овие претходнициве ништо не градеа, сега ние кога градиме никој нема да примети дека пуниме и ќеси од страна. Тоа е тотално изигрување на народот преку емотивната врска со неговата историја!< = < =
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3612
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 06-Feb-2010 at 05:29

прво да нема забуни Александар е Македонец, а сите племиња кои го негувале хилиолатрискиот култ на овие простори се обединили во едно Кралство а подоцна и Царство - Македонија! аналогно на тоа современите Македонци имаат право со идентификување на античките корени, тоа што истите тие корени немајќи свои сакаат и други да ни ги присвојат тоа е сосем друга работа, впрочем не е ни проблем доколку се сметаат истите за Македонци слободно нека се идентификуваат со Македонската Историја и Нејзините Јунаци, Легенди, Културно и Духовно Наследство итн. впрочем ние од секогаш сме биле како народ космополити и никому ништо не сме му бранеле, што не било случај со другите заедници кои имале претежно безусловен робовладетелски систем...

а за тоа дека тука во неолитот и палеолитот немало луѓе тоа малку си грешка, да имало големо катлановско езеро како остаток од некогашното море на овие простори, но воедно имало и автохтони култури, население кое уште тогаш го имало сонцето за симбол! за тоа доказ е печатот од Говрлево кој го откри заедно со Магна Матер и Адамот - проф.др. Милош Билбија http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=15282#15282 истиот овој печат на симпозиум во љубљана светската наука кога и прв пат пре неја е претставен го датира помеѓу 7 и 14000 год пред Христа, па така и тезата дека тука тогаш немало племиња кои подцна се идентификуваат како Пајонци воопшто не ти држи...

нејсе, иако е, еве да претпоставиме дека науката лаже и е во заблуда како што веруваш гитар ти според изнесеното, ете дури и да не е така сепак ние денешните Македонци црпиме директно културни и духовни влијаниа од античките Македонци а тоа со право ни остава простор со нив и да се идентификуваме! а доколку некој се срами од своето минато или смета дека истото по него е погубно, ок тоа е негова работа, но сепак вистината за науката треба да им ја остави на историчарите, а ако тие историчари кај нас велат дека Македонскиот Корен на овие простори е нераскинлив континуитет, негледам зошто некој тоа и да го отфрла, повикувајќи се на конструкциите на некои романтичари од 19 век со кои некои држави сеуште живејат, а преку нив на други уште им наметнуваат асимилаторски јарем...

~

инаку што е до коњаниците, сметам дека пиедесталите на повеќето им се промашени, ар онака како на рендерите што изгледаат, воопшто недолично за такви монументи, ајде ќе разберев за промашените вакви комбинации со ова модерните скулптури, но ова веќе навистина не мие јасно! исто лавот тој за пред мостот е само за во золошка, истиот требаше да биде седнат со што би симболизирал исто како и во антиката што го користеле тој момент Македонците да означи дека тој односно тие владејат со оваа територија! ова сега вака како што е извајан дури ни за во золошка нема да го биде а не па за во централно градско подрачје на една престолнина! некој добро си поиграл мајтап со власта, но и тие кутрите сакаат а незнаат како иако знаат зошто, некој рече оваа замисла била на вангел, не вангел целосно е исклучен од овој муабет да се прауваше тој ви гарантирам далеку подостоиствен муабет ќе имавме на маса, иако сега оправдано или не застанува зад иницијативата на оваа власт, слично како и јас што ја оправдувам бидејќи истата се труди да го потикне Македонизмот! но никаде во свет грандизност и префинетост не се брка по тендери, туку се оди бескомпромисно скапо и со идеите и со изведбата, а капак не се бара кое дело ќе победи на конкурс туку се ангажира елитата и највичните мајстори со здружени сили надополнувајќи се да изведат нешто вонвременско, а не нешто безвременско!

потоа најпроблематичен момент мислам дека ќе биде ова со бурмали џамијата, не заради тоа што ќе ја нема, него бидејќи заради еден објект голем број сограѓани ќе се чуствуваат отфрлено, тука влегуваат и голем број Македонци Муслимани, Албанци, Турци па и Роми, ова сеуште мислам има време да се корегира, но воедно за да биде и естески и функционално правично и Цркавата мора да се помести на местото на латис т.е. стара нбм! а доколку некој смета дека локацијата е премала со што нема да се сложам, ете може со се неа и метропол да се турне, значи она лепенката до типо, и пријатно трајно решен проблем! од спротива би се сместила и џамијата и офицерскиот иако нешто местата ќе им бидат изместени а на џамијата и маркичката помала со иста големина како и Црквата! знам дека ова многу нема да сакаат да го одобрат но лим влеташ во стапица единствено чаре за да излезеш од неа не е на сила да ја тераш работата туку да најдеш со лезет чаре како да се избавиш, а ова поинаку дефинитивно не е изводливо!

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3612
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 06-Feb-2010 at 05:34

кикирики дека леењето не чини толку тоа не сум сигурен а дека со таа пара уште и во бронза да го излиеш споменикот тоа нема шанса, нешто посекако има муфте но тоа не мисе верува да е ни повеќе од 10% од вредноста на споменикот, е сега дали муфтето го зел посредникот или допрва треба некој да го добие повратно тоа времето ќе каже, ама баш ништо не останало тајно кога е посреди заврзлама! инаку да ги лееја тука негде во близина да цената посекако ќе беше за третина па и пола поефтина него во италија, па што ако мајстори и извикани леарници, кога ние не сме ангажирале проверени и истакнати наши академски скулптори, туку на тендер сме избрале изведувачи!?!

а за другото немам сега време потака!

Back to Top
kitkiritki View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kitkiritki Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 06-Feb-2010 at 05:55
Рушење на Метропол? Тоа ќе биде уште еден катастрофален потег! Тие објекти се дефинитивно споменици на модерната во Скопје и имаат вредност, донекаде ве разбирам за таквите ставови, но се во крајност неисправни! Градењето на џамија е тотално спорно од секаков аспект на архитектурата во тој простор, и  претставува некоректна игра на муслиманската верска заедница. Околу познавањето на македонската историја, сметам дека доволно ја познавам. Печатот го познавам одамна и запознаен сум и со праисторијата. Инаку не знам колку знаете Вангел е еден од одличните познавачи на тој периот. Жално е што е лош архитект кој не умее споменот и трагата од минатото како иснпирација да ги претвори во современа македонска архитектура! Секое делување во еден простор започнува со анализа на околината и пред се почит на постојното. Рушењето на Метропол е злостор, тој еднсотавно треба да биде реставриран.< = < =
Back to Top
Cartman View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Cartman Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 06-Feb-2010 at 06:42

Градот убав пак ќе рикне

Законот не дозволувал да и' се помогне на неготинката Панда Ѓорѓиева, која живее во лифт, спие на картони и аргатува по туѓи куќи за корка леб. Вака Центарот за социјални работи јаобјасни својата „немоќ“ пред македонската правна држава. Но, за мегаломанијата со дискутабилна естетика издиктирана од политиката, презентирана во спотот „Скопје 2014“, нема ни законски ни морални пречки.

Иако целата држава првпат пред два дена виде како власта го замислува центарот на Скопје, министерката за култура Елизабета (Бети) Канческа-Милевска не' убедуваше дека се' поминало низ транспарентни процедури. Новата Македонска енциклопедија можеби се' уште ја чека новата редакција, но затоа веќе доби неколку нови одредници. Повикувајќи се не на Википедија, туку на „Бетипедија“ или „Владапедија“, енциклопедистите ќе може да запишат: 

транспарентност - да потрошиш стотици милиони евра народни пари за промена на ликот на центарот на главниот град, а јавноста да не ја консултираш, туку пост-фестум да ја информираш; 

правна држава - доследно да ги спроведуваш законите, ама не толку кај милионските тендери, колку при социјалните трансфери од триесетина евра; 

лифт - вид живеалиште во Македонија, признаено од државата, карактеристично за периодот на Преродбата...

Благородна е основната идеја да му се даде содржина на голиот скопски плоштад, да се обноват стариот театар и Офицерскиот дом, па и да се изгради музеј на револуционерната борба. Штета е што таа ќе остане во сенка на скулптурите и градбите - естетски чудовишта.

Спорни се приоритетите на оваа власт. Видовме визија за Скопје 2014, а требаше примарно да видиме визија за НАТО 2008 и за ЕУ 2010. Наместо барокни и неокласицистички фасади, од Груевски се очекуваше да гради демократски институции, пазарна економија, европски вредности. Новиот објект покрај Вардар нема да и' помогне на Агенцијата за електронски комуникации да стане независна и да се ослободи од влијанието на власта, што е редовна критика од Брисел за сите регулаторни тела. Вистинска уметност за владеењето на правото нема да биде Мостот на уметноста, кој ќе води директно до новата зграда на Обвинителството и до финансиската полиција, туку неселективен ангажман на овие институции. За почеток доволно ќе биде, на пример, да ги проверат процедурите и тендерите за проектот „Скопје 2014 - надградено и продуховено“. Големите екрани на „Сити галери“ нема сами од себе да донесат реклами за да заличат на лондонски Пикадили или њујоршки Тајмс сквер, како што власта веќе „скромно“ ги нарече. Во економија што ќе остане надвор од заедничкиот европски пазар, пари за реклама ќе има евентуално државната ЕЛЕМ во некоја нова кампања слична на актуелнава, која ви ја навредува интелигенцијата и во која само едно емитување спот чини повеќе од целогодишна кирија за пристоен живот на неготинката Панда.

За македонскиот мултиетницизам и мултикултурализам, многу повредно од поставување споменик на Никола Карев пред Собранието, би било почитување на духот на документот под кој Јанакиев Карев застанал на чело на првата македонска република - Крушевскиот манифест. „Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие - Турци, Арнаути (Албанци) и мусљумани, сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите... Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош“, звучи авангардно Манифестот и по 107 години, особено сега, кога повторно искричат меѓуетничките односи.

Чие робје сме ние денес? На нечии илузии дека неспособноста да ги реши проблемите може да се компензира со безмерна градителска хистерија? На сомнителни зделки со кои се излеаја милиони евра божем бронза? На контрапродуктивното докажување антички корени како пристап во решавањето на спорот со Грција? Или на волунтаризам на апсолутната власт која мисли дека може да го супституира знаењето и искуството на архитектите и на инженерите со кич?

Како Владата ќе ги убеди поранешните, сегашните, а особено идните студенти по архитектура дека „знаењето е сила, знаењето е моќ“, кога со сопствената сила и моќ на најбрутален начин го девалвира нивното професионално знаење? Иако ситуацијата е повеќе од сериозна, во сферата на комичното влегува сцената од скопскиот плоштад 2014 во која на само неколку метри од новата црква ќе се најде сегашната скулптура со двете шмизли. Ироничните коментари на ова драстично турбофолкерско мешање на стилови и вредности се дека двете бронзени разголени девојки најверојатно ќе продаваат свеќи за во црквата.

Шегата настрана, зашто на модерно Скопје веќе му запалија свеќа. Да се обидеме да ја изгаснеме во еден здив, ако не е доцна.

Васко Попетревски


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D607A4F35BB10744AD7809437CB4352D


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 328>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.000 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.