build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спoменик нa плoштaд Maкедoнијa

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 88>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
36 [36.73%]
10 [10.20%]
9 [9.18%]
9 [9.18%]
3 [3.06%]
14 [14.29%]
2 [2.04%]
4 [4.08%]
5 [5.10%]
6 [6.12%]
You can not vote in this poll
Total votes: 98   Average: 7.23

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 05-Dec-2009 at 20:31
Eve nesto novo.
Dali ke bidi bas vaka uste ne se znae.

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&egId=1&eventId=15813

Edited by ovaj_stariov - 05-Dec-2009 at 20:31
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Дарко View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дарко Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 06-Dec-2009 at 09:30
Ако Грција повторно стави вето, мислам дека можеме да очекуваме многу брзо поставување на спомеников на плоштадот. Знам дека не е политички форумов, ама некако сомнително ми изгледа фактот што прв пат излегува снимката од споменикот точно 2-3 дена пред 7 декември. Инаку фонтаната мене ми се допаѓа, штета само што не се гледаат Александар и Букефал на клипчево.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 06-Dec-2009 at 16:36
Па секако дека е симптоматичен тајмингот, но сепак немора и да значи дека е нешто такво. Да беше нешто такво, попврво клипов ќе излезеше на сител, одколку на алфа, но ок. Друга работа, се додека спомеников го гледаме ние самите преку призмата на политиката, се дотогаш и од надвор ќе го гледаат така и ќе ни даваат непристојни предлози што да ставама за споменици и какви фонтани праиме. Кога спомеников ќе го правиме за себе и лична сатисфакција, а не за нечив инат, се дотогаш и така и ќе го гледаат.

А фонтанава е инересна ваква, со некоја динамична игра со млазови, макар што ипак ми изгледа средишниот дел малку висок, највеќе поради тоа што плоштадот не е некој којзнае колку голем плоштад, па да може од блиску кога се гледа цел да се види. Малку и клипов нема некој добар квалитет, па и неможе нешто детално да се види околу лавот доле што е или околу споменикот најгоре.


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 06-Dec-2009 at 17:32

порано досеткиве од рендери ги доживував како мајтап или лошо склепани визуелизации, но сега веќе ме дрма кич параноја, ова фонтанава ајде и ќе ја разберев т.е. сварев иако и таа не ми влегува во глава како појава, но ваков постамент и на него споменик, тоа мислам не е кич, не е ни гротесно, ова е дебакл!

се надевам дека вакво идејно решение ќе изостане, иако тоа повратните водоскоци интересно изгледаат, сепак столбот визуелно со се' споменикот композициски ептен заникаде изгледаат! а тоа со рељефите ќе беше интересна појава и ќе држеше целосно муабетот вода доколку столбот беше голем односно дебел и јасно немаше фонтана како истите тие рељефи би можеле да се доживеат од поблиску...


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 06-Dec-2009 at 22:49
Да не губиме од вид дека се вели „едно од идејните решенија“. Ако ништо друго, сепак барем можеме да расчистиме со дилемата околу големината на самиот споменик на Александар (бидејќи нели тој е изработен). Овде се гледа дека големината е во разумни рамки и дека ненормалните бројки што се вртеа произлегуваат од „високата“ поставеност.

Инаку еве го сајтот на фирмата, но не успеав да најдам ништо за нас:
http://www.deltafontane.com


Од ова што се гледа на клипот, лично не ми се допаѓа како е вкомпониран споменикот со фонтаната. Ова нешто како на пола пат до нелсоновиот споменик на Трафалгар, ама нашево му доаѓа како чадор. Што се однесува до фонтаната, сама по себе е екстра, ама воопшто не сум убеден дека прилега за на Плоштад Македонија (исклучиво мислам на концептот столб/чадор дека не прилега на плоштадот).

За жал квалитетот на клипот не дозволува да се види нешто подетално...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 16-Dec-2009 at 20:34
Според описов во текстов, не сум убеден дека идејниот проект од погоре е конечното решение, барем не целосно. Од друга страна па, којзнае колку е прецизен текстот...

Ајде да видиме дали ќе ја дочекаме таа анимација во разумен рок, па да ги расчистиме дилемите.

Осум лава ќе го чуваат Александар

Фонтаната ќе се гради в година и заедно со споменикот ќе чини 4,5 милиони евра

Сања Наумовска


Фонтаната на плоштадот „Македонија“ ќе се гради идната година, а според најавите од градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, ќе биде завршена за шест месеци. Засега не се соопштува нејзиниот конечен изглед. Градоначалникот Тодоровиќ досега неколкупати нагласуваше дека сликите што се појавија во медиумите не ја претставуваат вистинската слика на фонтаната. Засега во Општината не кажуваат ниедна официјална информација, иако неофицијално, по новогодишните празници се подготвува 3-Д анимација со која фонтаната ќе и' биде претставена на јавноста.

Според плановите, фонтаната ќе биде поставена во зелениот круг на плоштадот, а во неа за две години ќе се постави и споменикот на Александар Македонски. „Утрински весник“ дознава дека фонтаната ќе биде кружна, со дијаметар од 30 метри, а ќе почнува со скалила по кои ќе може посетителите од неколку страни да се качуваат и да дојдат до ѕидот на постаментот. Од скалите, како и преку пристапната рампа, ќе се доаѓа до пешачка патека околу фонтаната што ќе биде 60 сантиметри над нивото на плоштадот. Фонтаната ќе биде изработена од бел масивен мермер, а на дното ќе има мозаик со антички мотиви.

На скалилата околу постаментот треба да се постават лавовите што ќе бидат изработени од бронза. Веројатно ќе има вкупно осум лава, четири на секоја страна од фонтаната што ќе гледаат кон посетителите, а другите четири ќе бидат свртени кон фонтаната и од нивните усти ќе тече вода во фонтаната со посебен визуелен ефект.

Во средината ќе се постави и столбот на кој треба да стои споменикот на Александар Македонски на коњ. Столбот, заедно со споменикот, треба да биде висок 22 метра, од кои 12 метри е само споменикот. Околу столбот ќе се постават војниците на Александар. Планирано е да има осум, поточно седум, а осмиот е кралот Филип, таткото на Александар. И војниците, кои ќе бидат високи три метри, ќе се изработуваат во бронза. Столбот треба да се изработи со наизменични богати релјефни прстени направени од мермер и од бронза.

Целиот проект ќе чини 4,5 милиони евра. Изведувач на градежните работи ќе биде претпријатието „Бетон“ кое, пак, има ангажирано подизведувачи од Италија што ќе работат на монтирање на елементите од бронза, што се леат во Италија. Подизведувачите ќе ги прават и светлосните и водените ефекти на фонтаната.

Според градоначалникот Владимир Тодоровиќ, за време на изградбата на фонтаната механизацијата на плоштадот „Македонија“ ќе влегува по улицата покрај паркингот на „Телеком“, а околу 30 отсто од површината на плоштадот ќе биде заградена во функција на градилиштето.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=803FF94A3003BD4195C5DC78FA2D2CE7
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9122
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 16-Dec-2009 at 20:46


Немам време во моментов да тарашкам по нишкава, но убеден сум дека пред неколку месеци беше најавено дека 3Д анимацијата е во изработка и ќе биде презентирана кај и да е.... Roll%20eyes
Back to Top
Keeray View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 27-Sep-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Keeray Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 16-Dec-2009 at 20:57
Ova e tesko duri i da se zamisli kamoli i da se izvede... da ne povtoruvame kolku e samo smesna goleminata .. toa e duri povisoko od ristikieva mislam !
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 16-Dec-2009 at 21:03


Кога има решеност да се дадат многу пари и да се жртвуваат редица работи, не е проблем ниту да се замисли ниту да се изведе.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 15-Jan-2010 at 19:14
Стигна.
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 15-Jan-2010 at 19:29
Пристигна споменикот на Александар Македонски во Македонија , со три камиони е пренесен во царинскиот терминал на Фершпед , со еден збор отиде плоштадот
www.realmadrid-mk.blogspot.com
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 15-Jan-2010 at 20:14
Градоначалникот Тодоровиќ само што изјави дека тоа не бил споменикот на Александар, туку најверојатно лавовите за мостот Гоце Делчев.
Back to Top
MartiniMKD View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Jan-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote MartiniMKD Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 15-Jan-2010 at 20:48
Mislam deka so site propratni elementi kako sto e Arheoloskiot muzej, stariot teatar muzejot na borbata za drzavnost, spomenicite na Goce Delcev i Dame Gruev, crkvata Sveti Nikola i konecno so spomenikot na Aleksandar ke se napravi edno ubavo krukce na plostadot od kulturni i istoriski znamenitosti so koi konecno plostadot ke si go zasluzi i vo vistinska smisla zborot Plostad Makedonija...

Dosega mi bese sivo prazno i bezdusno...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7675
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 16-Jan-2010 at 02:33
малку ќе отидеме офтопик, ама мислам дека не се објектите кои ја прават душата на еден плоштад, туку животот и кулжтурата во него, така да тезата дека цел на сето тоа франтично организирање на просторот ќе го заживее плоштадот (кој патем си е жив и овака) пропаѓаат во вода
 
и до толку ако е да се постави нешто на кругот во плоштад, мислам дека би требало да биде само една фонтана, па дури и да беше таква со лавови, споменикот многу ми смета, а и порано имам кажано зошто
 
но џабе ќе коментирам, кога веќе се е готово
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 16-Jan-2010 at 11:01
Previous

Originally posted by MartiniMKD

Mislam deka so site propratni elementi kako sto e Arheoloskiot muzej, stariot teatar muzejot na borbata za drzavnost, spomenicite na Goce Delcev i Dame Gruev, crkvata Sveti Nikola i konecno so spomenikot na Aleksandar ke se napravi edno ubavo krukce na plostadot od kulturni i istoriski znamenitosti so koi konecno plostadot ke si go zasluzi i vo vistinska smisla zborot Plostad Makedonija...

Dosega mi bese sivo prazno i bezdusno...


Мене само ми треба мало појаснување за историскиот аспект, тој стално ме буни...


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 16-Jan-2010 at 11:10
Александар дојде!

Три камиони со делови од големата бронзена скулптура на македонскиот цар Александар Македонски пристигнаа вчера на македонската царина и се наоѓаат на терминалите во скопската населба Маџари, дознава „Време“.
Според нашите извори, деловите од скулптурата ќе останат на терминалот до понеделник, од каде што потоа ќе бидат префрлени во леарницата на поранешниот „Металски завод - Тито“, каде што треба да бидат составени. Нашите извори не можеа да потврдат кои делови се стигнати, но велат дека станува збор за „нешто огромно“. Друг извор вели дека во еден од деловите е статуата на самиот Александар, но не можеше да потврди дали е пристигнат комплетниот споменик.
Како што веќе пишувавме, споменикот на Александар, јавнат на својот коњ Букефал, висок 12 метри, е излеан во леарницата „Фернандо Маринели“ во Фиренца, Италија. За нејзината изработка, заедно со придружната фонтана, постаментот и неколку скулптури на војници-чувари, ќе бидат потрошени најмалку пет милиони евра.
Според најавите на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, годинава треба да почне изградбата на фонтаната и на постаментот висок десетина метри. Заедно со коњаникот, споменикот ќе ги надвиши и околните згради.
Засега нема најави кога би можел да биде поставен споменикот. Се очекува неговото поставување да предизвика политички импликации и реакции, пред се, од Грција.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=18&tabid=1&EditionID=1917&ArticleID=131346


Edited by Cloverstack - 16-Jan-2010 at 14:28
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 16-Jan-2010 at 11:11
edni vikaat aleksandar drugi lavovite treti vikaad dame gruev i goce delcev.kogo da slusame...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 16-Jan-2010 at 11:15
na ovie ne im e dosta od spomenici.skopje kje bide grad na spomenici Ohno

ЦЕНТАР СО НОВИ ПРЕДЛОЗИ
Уште два споменика

Ѓорѓи Пулевски и Димитрије Чуповски ќе добијат споменици во центарот на Скопје. Општина Центар на следната седница на Советот, ќе ја дополни програмата за споменици со предлози за поставување обележја и за овие две личности од македонската историја. Споменикот на Пулевски ќе стои на пешачката површина на улицата 11 Октомври, во близина на зградата на „ЕСМ“, а на Чуповски ќе биде на левиот брег на Вардар, до Камениот мост, во долниот дел на кејот. Предлогот за двете обележја е од Управата за заштита на споменици, а откако ќе бидат поставени Општината ќе има обврска да ги одржува. Пулевски е познат како писател, историчар и водач на Кресненското востание, а Чуповски бил револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, историчар, еден од најистакнатите афирматори на македонската национална мисла.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1917&ArticleID=131361

Edited by Cloverstack - 16-Jan-2010 at 14:28
Back to Top
Iceman View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 15-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Iceman Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 16-Jan-2010 at 14:54
Originally posted by ArchiTechTone

Previous

Originally posted by MartiniMKD

Mislam deka so site propratni elementi kako sto e Arheoloskiot muzej, stariot teatar muzejot na borbata za drzavnost, spomenicite na Goce Delcev i Dame Gruev, crkvata Sveti Nikola i konecno so spomenikot na Aleksandar ke se napravi edno ubavo krukce na plostadot od kulturni i istoriski znamenitosti so koi konecno plostadot ke si go zasluzi i vo vistinska smisla zborot Plostad Makedonija...

Dosega mi bese sivo prazno i bezdusno...

Previous
Мене само ми треба мало појаснување за историскиот аспект, тој стално ме буни...

И мене ми треба појаснување.... можеби грешам, ама ова не се баш пропратни елементи.......


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 16-Jan-2010 at 15:51
Црквата не се вика Свети Никола, се вика Св Констатин и Елена, и ќе ве молам да не ги прифаќате махинално ваквите манупулации на некои медиуми и политички кругови!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 88>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.422 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.