build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменик Карпалак - Прилеп

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 15-Aug-2010 at 12:55
Еве го клипот од општинскиот веб-сајт на Општина Прилеп. Некој се пожали дека не им го пуштал, па го хостирав на ЈуТјуб.




Edited by lslcrew - 15-Aug-2010 at 12:59
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 15-Aug-2010 at 16:21
Мене ми се допаѓа идејата за спомеников. Значи, ИДЕЈАТА, а не конкретната реализација, иако не е до толку лоша. Само не разбирам какви изложби и културни настани би се одржувале кога нема ниту пешачки приод (се е околу трева), и се наоѓа на сред сообраќајница (ќе го кочат сообраќајот)?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 16-Aug-2010 at 18:10

Интензивно се гради споменикот “Карпалак” во Прилеп

На корисна површина од близу 6.000 метри квадратни, во строгиот центар на градов, за неколку месеци треба да “блесне” грандиозниот споменик “Карпалак” со висина од 15 метри, околу кој ќе биде изграден и новиот кружен сообраќаен тек.

И покрај летната жега, веќе десетина дена интензивно се работи на адаптирањето на теренот.

Со овој проект, според Нешкоски, градот ќе добие три благодети, чиј заеднички именител е нов, современ архитектонски изглед на овој централен градски простор.

Во моментов, поради изведувањето на работите, сообрќајот во овој дел од градот се одвива под посебен режим.

Обидот,  и на овој начин да се среди градскиот сообраќаен хаос, наидува на поддршка и одобрување и кај граѓаните.

Целиот проект, како компилација од три сегменти: споменик, кружен тек и партерно уредување, се очекува да биде завршен кон крајот и почетокот на наредната година, а истиот ќе чини околу 36 милиони денари, од кои дел се средства од Владата, адел од Локалната самоуправа Прилеп.


http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/intenzivno-se-gradi-spomenikot-%E2%80%9Ckarpalak%E2%80%9D-vo-prilep

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 23-Aug-2010 at 10:49

Прилеп гради споменик за Карпалак

Во центарот на Прилеп е во тек изградба на споменичниот комплекс Карпалак, посветен на бранителите што загинаа во војната во 2001 година.

Архитектите и локалните власти се определија да ги напуштат грандиозните и скапи решенија и да постават метална скулптура на новиот кружен тек на сообраќајот меѓу булеварот Гоце Делчев и улиците Јоска Јорданоски и Борис Кидрич. Проектирани се десет зраци од прохром високи околу 15 метри. Комплексот ќе чини околу 36 милиони денари. Обележјето ја симболизира меморијата на градот за десетте загинати прилепски бранители во август 2001 година, во месноста Карпалак, помеѓу Скопје и Тетово.

- Споменикот Карпалак е составен од статичен и динамичен дел. Според скулптурално-инженерското решение, десетте метални прохромски столба завршуваат со метална топка од 3,5 метри, која пулсира. Во подножјето ќе има водена површина со ефекти, која ќе дава одредена драматика. Платото од кружниот тек ќе се раззелени. Околината од пет илјади квадрати ќе се уредува со соодветни урбани реквизити, зеленило и паркинг-простор - вели Бранко Нешкоски, директор на ЈП за просторно и урбанистичко планирање.

Сообраќајниот профил ќе биде готов до почетокот на есента, а паралелно се работи и на партерот.

Локалните власти конечно се определија за градба на обележје на паднатите бранители и ја напуштија идејата за панорамник од 90 метри. (Љ.М.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BBF21CD04FEA2B4CAFD745D6E269DF40
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 23-Aug-2010 at 16:31
hahaha ova ne e idniot spomenik Karpalak vo Prilep?
 
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 23-Aug-2010 at 16:32
samo bez topkata gore...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 23-Aug-2010 at 16:32
А овој.....?!?!



Казакстан.
Back to Top
alienwords View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 20-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote alienwords Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 15-Sep-2010 at 02:12

Sto mislite za ova,mene mi lici na plagijat ili ocive loso mi gledaat:

Bayterek-Astana-Kazakhstan



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 15-Sep-2010 at 03:04
Неколку пати наназад е постиран спомеников дека е копија од Казакхстан. Очигледна копија е. Дури и иста пропратна симболика се споменува кај двата, новиот век, и во Прилеп и во Астана.
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 15-Sep-2010 at 11:58
да, едино кај нас ова "држачов" е наопаку..
 
све ископиравме, зарем авториве се толку некреативни или така им е наредено.. Confused
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 15-Sep-2010 at 12:14
Мене конкретно ми се допаѓа кружниот тек и тоа што ќе избегнат семафоризација. Ќе му дадат лик на просторов кој сепак е во центарот на градот и со тоа градот нешто од нешто ќе подобри во однос на убавината на просторот но и на проточност на возила. Нешто слично ќе биде и во Скопје-Ѓорче Петров со тоа што на приклучоците не би требало да има средишно кое се воведува само кон текот на кругот.


Edited by Supervisor - 15-Sep-2010 at 12:15
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 17-Sep-2010 at 07:55
А ова ќе биде кружен тек или раскрсница со кружен тек?
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 18-Sep-2010 at 00:12
Originally posted by theMac3donian

А ова ќе биде кружен тек или раскрсница со кружен тек?

Хмммм... ај дефинирај го едното и другото
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 18-Sep-2010 at 00:20
Previous
 
особено после визуелизација и фотки Smile
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 18-Sep-2010 at 11:32
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by theMac3donian

А ова ќе биде кружен тек или раскрсница со кружен тек?

Хмммм... ај дефинирај го едното и другото


Кружен Тек = Кога го чекаш тој што е веќе влезен во кружниот тек и ги пушќаш сите тие што ти доаѓаат од десна страна.
Раскрсница со Кружен Тек = ти е обична раскрсница со можност да се вратиш на истата со одење околу кругот. Исто така мора да застанеш на сред кружен тек ако некоја улица има предност. (така нешто).

А за дали знам преку сегашните информации... па мислев дека веќе има такво нешто таму, само ќе се уреди.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 18-Sep-2010 at 13:33
1 слика = 1000 збора Smile
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 19-Sep-2010 at 02:58
Originally posted by Swimmer

1 слика = 1000 збора Smile


За тоа и сме овде.
Нели сите гледаме, анализираме, кажуваме, потрврдуваме, се караме, прашуваме, негираме, критикуваме и по некој пат браво кажуваме.

Инаку најарно ќе беше споменикот да беше една сокршена плоча. Bash
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 10-Nov-2010 at 15:49
Интензивно се работи на асфалтирање на трите сообраќајници од комплексот „Карпалак“           

Локалната Самоуправа превзема активности за средување на централното градско подрачје, првенствено станува збор за средување на сообраќајното решение со изградбата на кружниот тек - ротонда која обединува неколку градски улици. Со овој проект истовремено се добиваат три работи : регулирање на сообраќајот, поставување на споменично обележје на кружниот тек каде во ротондата, во кругот , ќе се изгради една вертикала во облик на развиен цвет што ќе го симболизира местото од каде што тргнаа прилепските бранители за Тетово во 2001- та година на 8 август кои загинаа на Карпалак.


Како и целосно средување на партерното уредување во овој дел на градот, со поплочување на мини плоштадот пред 13-катницата и средување на 3-те крака околу сообраќајниците. Во тек се градежните активности околу асфалтирање на трите сообраќајници од комплексот „Карпалак“. Спомен обележјето ќе биде скулптура во центарот на кругот со висина од 18 метри, целосно проектирана од челична конструкција, 10 челични краци кои на крајот ќе завршуваат со кружна топка . Осветлувањето ќе биде во два дела,едно статично и едно динамично. Статично ќе бидат осветлени краците а динамичното ќе биде пулсирање на кружниот дел на топката одозгора . Во центарот на кругот, во центарот на ова споменичното обележје ќе има фонтана со сопствена драматика исто така со статично и динамично осветлување . Со ова градот ќе добие нов квалитет она што значи урбан репер урбан изглед на тој дел од градот достоен за 21 век. Сообраќајниот дел на овој кружен тек ќе се финализира до крајот на ноември, додека за партерното уредување и споменичното обележје се во тек тендерите за изнаоѓање на најповолен изведувач.











http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1046&Itemid=1
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 14-Nov-2010 at 14:27
Еве да надополнам со неколку слики за време на изградбата. Сликите зе превземени од www.prilep.gov.mk

01.

02.

03.

04.



Edited by S.P.Q.R. - 14-Nov-2010 at 14:28
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 19-Nov-2010 at 22:41
Еве денешни слики од изградбата на кружниот тек.

01.

02.

03.

04.

05.

06.

07. Еве го досегашниот споменик за Карпалак



Edited by S.P.Q.R. - 19-Nov-2010 at 22:42
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.093 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.