build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ЕВН (бивша Градска куќа)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 571
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 01-Oct-2019 at 17:03
Најлош градоначаник во историјата... Убедливо.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 28-Oct-2019 at 17:44
Трампа на зградата на „Макотекс“ за Градска куќа!?

Барокната зграда покрај Вардар во интересот на бизнисмените. Газдата на „Макоил“, Мите Јовановски, нема ништо против да ја трампа неговата зграда „Макотекс“ за Градска куќа, или пак за некоја катна гаража, или пак, Градот да му ја плати. Се сретнал со градоначалникот Шилегов, но ништо конкретно не договориле. Шилегов неодамна најави дека во плановите е проширување на улицата „Даме Груев“ во булевар. На трасата на идниот булевар се наоѓа токму зградата „Макотекс“. Изградбата на Градска куќа чини 12,7 милиони евра и тоа е почетната цена по која ќе се продава. Зградата „Макотекс“ се проценува на околу 7 милиони евра

Газдата на бензинските пумпи „Макоил“, Мите Јовановски, кој е и сопственик на објектот “Макотекс“, нема ништо против да ја трампа оваа зграда во центарот на Скопје за барокната Градска куќа која ја изгради Град Скопје и сега градоначалникот Петре Шилегов сака да ја продаде.

Тој во изјава за весникот „Вечер“ истакна дека дава дозвола градските власти да ја урнат зградата на „Макотекст“, ама соодветно да платат за неа бидејќи станува збор за објект кој е на ептен атрактивна локација и многу вреди.

– Ќе им речам, земете ја и платете ја колку што вреди. Јас имам свој проценител за зградата, тие нека си донесат свој. Нека седнат двајцата проценители и нека се договорат за цената – истакна Јовановски.

Тој се согласува и да се направи замена – неговата зграда за барокната зграда Градска куќа, но би прифатил градските власти да искомпензираат и со некоја од катните гаражи во градот или некоја друга варијанта.

Јовановски рече дека за зградата „Макотекс“ се разговарало за евентуална компензација и со претходното градско раководство, но преговорите пропаднале.

– Сметам дека и овој пат нема да се реализира. Со Шилегов се сретнавме еднаш и немаме ништо конкретно договорено. Кој сака да ја земе, нека плати како што е. Ако повторно ме викнат, ќе одам да разговараме. Од моја страна нека не се очекува дека нешто ќе понудам, бидејќи испаѓа дека пошто-зошто ја давам зградата – рече Јовановски.

Градоначалникот Шилегов неодамна најави дека во плановите за централното градско подрачје е проширување на улицата „Даме Груев“ во булевар. На трасата на идниот булевар се наоѓа токму зградата „Макотекс“.

Според најавите на Шилегов, изградбата на Градска куќа чини 12,7 милиони евра и тоа е почетната цена по која ќе се продава. Зградата „Макотекс“ се проценува на околу 7 милиони евра.

(С.Бл.)

https://www.vecer.press/трампа-на-зградата-на-макотекс-за-г/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13428
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 05-Nov-2019 at 12:19
ЕВН ЈА КУПИ ГРАДСКАТА КУЌА ЗА 12,7 МИЛИОНИ ЕВРА

Компанијата ЕВН ја купи Градската куќа на кејот на реката Вардар. Градоначалникот Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека јавната акција за продажба на Градската куќа се одржала вчера, а единствен понудувач бил ЕВН.

„До 31 октомври беше пријавувањето на заинтересирани фирми за учество на електронската аукција. Се пријави само компанијата ЕВН, а електронската аукција се одржа вчера. Почетната цена беше 12,7 милиони евра и тоа е цената по која Град Скопје ја продаде Градската куќа. Во наредните 15 дена ќе биде склучен договорот“, вели градоначалникот Шилегов.

Шилегов на 26 септември најави дека Градската куќа која почна да ја гради неговиот претходник Коце Трајановски ќе се продава бидејќи немало место за сите вработени туку само за 350 и ‘местото на администрацијата на главниот град не е некаде фрлено на страна, туку во центарот на градот’.

Каде ќе се сели Град Скопје сега откако Градската куќа е продадена Шилегов не кажува. Вели се разгледуваат неколку опции кои ќе обезбедат многу посоодветни услови за вработените и за странките.

Градската куќа покрај Вардар почна да се гради во 2011, а при поставувањето на камен-темелникот ексградоначалникот Коце Трајановски најави дека ќе биде готова кон средината на 2015. За изградба на објектот Град Скопје склучи договор од 15 милиони евра со „Бетон“, потоа склучи и дополнителен договор од 3 милиони евра за изградба на енергетски ефикасна фасада. Идејно решение е на Иван Кокалановски и Борче Стојковски.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/evn-ja-kupi-gradskata-kuka-za-12-7-milioni-evra/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 05-Nov-2019 at 12:30
Дали ова значи дека ЕВН од плоштад ќе се сели тука а градската администрација ќе се смести во зградата на ЕВН на плоштад за чија фасада се најавува дека наскоро ќе биде довршена??
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13428
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 05-Nov-2019 at 15:34
За ЕВН се шират гласини дека дефинитивно ја напуштаат зградата на плоштад, наводно поради глупостите со промена на фасадата и сл. се нарушила нејзината безбедност, меѓу другото. Е сега, ова се само гласини.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 05-Nov-2019 at 17:09
Незнам зошто би била небезбедна зградата но како и да е верувам дека градот ќе ја среди и ќе се смести во неа.Но останува прашањето со зградата на ЕЛЕМ сеуште нема технички прием,незнам кога они ќе ја напуштат зградата на плоштад или веќе ја напуштиле немам баш инфо околу тоа??
Back to Top
Glava View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 08-Sep-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 74
  Quote Glava Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 06-Nov-2019 at 07:41
EVN одамна ја има напуштено зградата на плоштад. Веќе неколку години се под кирија што во Соравија што во други згради.
Со цена од 12,5 мил. Еур во непосредна близина на другата нивна зграда - ова се чини за нив добра зделка ако е искомбинирана со продажба на старата зграда.
Ова е Вин - Вин комбинација за нив затоа што ем ќе се отарасат од зградата на плоштад која којзнае кога ќе се реновираше (+ трошоци од 5 мил. Еур за реновирање) ем нема да плаќаат ќирија (помали трошоци за ЕВН), ем новата зграда ќе ја добијат џабе (оти за исти пари ќе ја шитнат старата што не им е во употреба, ем ќе им овозможат на градските џаболебаџи (администрација) да го сместат газот во центар од каде ќе тераат подобра кафе шема.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 633
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 07-Nov-2019 at 22:35
На една од претходните страни наведено е дека објектот има 1200 квадрти во основа плус 5 ката. Значи 6000 метри квадратни? Не се некако многу 2116 еур по квадрат за изградба?
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 742
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 08-Nov-2019 at 00:37
Моја проценка (Мислам дека сумата е целосно реална)

Парцела = 2300м2 (400 евра квадрат) = 1м
Објект = 5+П х 1270м2 = 7620м2 (1400евра квадрат) = 10,7м
Паркинг места = 153 (~6000евра по паркинг место) = 1м

Вкупно = 12.7м

Според призма.бирн.еу, овој објект е платен 20.5 милиони евра
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 10-Dec-2019 at 07:47
Дали ќе се оствари желбата на Шилегов да има канцеларија на плоштад?

Нова фасада и можеби нови станари во зградата на ЕВН. Од АД ЕСМ одговорија дека пред десетина дена добиле официјална понуда од ЕВН за продажба на нивниот дел од зградата.

– Управниот одбор ја разгледува понудата и до крајот на месецов ќе ја извести Владата како сопственик на АД ЕСМ. Доколку се откупи зградата, тогаш следен чекор е завршување на фасадата. Според нацртите кои веќе се подготвени, стилот нема да биде барок туку ќе биде во духот на претходната препознатлива стаклена фасада на ЕСМ, информираа од ЕСМ

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ниту ја негираше, ниту ја потврди информацијата дека градската администрација ќе се всели во зградата на ЕВН која се наоѓа на Градскиот плоштад. Дали со ова ќе се оствари желбата Шилегов, да има канцеларија на плоштад останува да се види, бидејќи и тој самиот рече дека за тоа сè уште не е одлучено.

– Градот нема донесено одлука за преселба на администрацијата, кога ќе се донесе ќе се знае – истакна Шилегов.

Тој најави дека многу брзо ќе биде решен проблемот со фасадата на зградата на ЕВН која се наоѓа во центарот на Плоштад „Македонија“.

– Очекувам брзо да биде распишан јавен оглас, ЕВН и ЕЛЕМ ги имаат надминато правните проблеми. Кога ќе се прекине договорот за барокната фасада која беше дел од проектот „Скопје 2014“ ќе може да се започне постапката – изјави Шилегов.

ЕВН сакаше да го продава својот дел од зградата и не беше заинтересирана да ја прави фасадата, додека ЕСМ топката ја префрлаше на ЕВН дека со продажбата ги кочи работите со фасадата.

Од ЕВН за весникот „Вечер“ изјавија дека оваа зграда ќе биде предмет на продажба и дека во тоа не се сами, бидејќи дел од зградата ја има и ЕСМ па не би можеле да кажат што понатаму ќе се случи со фасадата.

Од АД ЕСМ одговорија дека пред десетина дена добиле официјална понуда од ЕВН за продажба на нивниот дел од зградата.

– Управниот одбор ја разгледува понудата и до крајот на месецов ќе ја извести Владата како сопственик на АД ЕСМ. Доколку се откупи зградата, тогаш следен чекор е завршување на фасадата. Според нацртите кои веќе се подготвени, стилот нема да биде барок, туку ќе биде во духот на претходната препознатлива стаклена фасада на ЕСМ – информираа од ЕСМ.

Според ЕСМ, правните проблеми се однесуваа на тристраниот договор за фасадата меѓу ЕЛЕМ, ЕВН и Бетон, кога реновирањето пред неколку години беше запрено по барање на ЕВН.

https://www.vecer.press/дали-ќе-се-оствари-желбата-на-шилегов-д/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13428
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 05-Jan-2020 at 16:43
Тргнати се тарабите...



влезот:

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 05-Jan-2020 at 16:59
Сега веројатно треба ЕВН да се преселат тука...? Ќе треба со нешто да го покријат изрезбаниот грб на градот бидејќи сега нема некоја голема поента откако се изврши продажбата...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4980
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 05-Jan-2020 at 19:31
Уште не научија дека ваквите градби треба да имаат огромна импозантна влезна врата, а не едно онакво вратиче.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2495
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 06-May-2020 at 23:49
Штета што не се изградил проектот на Равникар Дали некаде може да се најде победничката идеја на Константиновски од 1978?

извор
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 22-Sep-2020 at 20:49
Од пред скоро време ЕВН се преселиле во објектов. Незнам како е во внатрешноста,за градот беше тесна но ете очигледно за нив е доволна. Веројатно повторно е проблем паркинг за странки,незнам како е тоа решено.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.