build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Деловни објекти (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Деловни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Деловни објекти (општо)
    Posted: 05-Apr-2008 at 12:42

Доста со негативизам..имиња...вето....да се вратиме на урбанизам/архитектура.....

Многу ми се допаѓа проектов Yes  Thumbs%20Up испаѓа во Македонија најдобрите проекти се градат надвор од скопје  LOL
 
 

Студиото „Платформа“ победи на Бимас со објектот „Мебо“

Студиото за архитектура и дизајн „Платформа“ ја освои главната награда за најуспешно реализирано авторско архитектонско дело за административно-деловниот објект „Мебо“ во Штип, на 14. биенале на македонската архитектура - Бимас 2008. Автори на објектот се Елена Павловска, Емил Јегени, Веле Богоевски и Јасна Милојковиќ. Тие победија во конкуренција на 160 трудови, а со наградата, студио „Платформа“ стана најмлад добитник на ова признание. „Платформа“ е млад тим на архитекти што работат архитектура и внатрешен дизајн. Добитници се на повеќе признанија и награди.Бимас 2008 се одржа од 14 до 31 март, а темата на годинашното издание беше „РЕ-Архитектура - повторно промислување за архитектурата“. Биеналето на македонската архитектура е врвна манифестација од државен ранг, што со години наназад го организира Асоцијацијата на архитектите на Македонија. Целта на Биеналето е на најрепрезентативен начин да се претстави двегодишната продукција на македонските архитекти. Бимас се одржува од 1981 година. Досегашни добитници на главната награда се: Георги Константиновски, Александар Никољски,Илија Пулејков,Марија Марковска,Здравко Рафајловски, Донка Петкова Костиќ, Василка Ладинска и други.

 
 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 05-Apr-2008 at 13:27

Еве и линк од вебстраната на дечкиве, имаат доста интересни проекти Thumbs%20Up 

Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Apr-2008 at 23:36

ВО СКОПСКА КИСЕЛА ВОДА


Крка со нов деловен простор


Претставништвото на словенечката фармацевтската компанија Крка во земјава доби нов деловен простор во скопската населба Кисела Вода. Во објектот, кој вчера беше пуштен во употреба, ќе работат 23 лица. Деловниот простор е на површина од 2.400 квадратни метри. Крка годинава прославува 40 години од своето постоење.

Јоже Цоларич, претседател на Управата и генерален директор на Крка, на отворањето на објектот ја потенцираше долгогодишната соработка со нашата земја, иако само еден процент од нивното вкупно производство се пласира на македонскиот пазар.

- Од нашата палета на лекови во земјава се регистрирани 120 производи, а поголемиот дел од нив на македонскиот пазар се продаваат поевтино отколку на словенечкиот - вели Цоларич.
Тој годинава очекува компанијата да оствари 160 милиони евра нето-добивка, бидејќи уште првите три месеца продажба се зголемила за 19 отсто. Десет проценти од производството тие го реализираат на словенечкиот пазар, а остатокот во странски земји. Околу 82 проценти од лековите се продаваат на лекарски рецепт. Во компанијата се вработени над 7.000 лица, а акцијата на Крка е најликвидна хартија од вредност на Љубљанската берза.

http://vecer.com.mk/?ItemID=90BD0AB574363C45B804132295C5FCF3

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Apr-2008 at 01:01
Каде бре ова у кисела вода?!
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Apr-2008 at 05:54
Не е ова крка накај драчево? 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Dec-2008 at 17:16
Оваа зграда ја немаме евидентирано, а е една од првите покултурни објекти што се изградија во независна Македонија. Чисто поради евиденција....


Back to Top
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 433
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 14-Oct-2009 at 15:08
Benchmark Tower & Ellipse Centre, Sofia :











Back to Top
Forensic View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 13-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Forensic Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Oct-2009 at 14:27
Almost done: Varna Towers:












Back to Top
VirginAtlantic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jun-2009
Location: Софиjа
Online Status: Offline
Posts: 254
  Quote VirginAtlantic Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Oct-2009 at 12:13
Originally posted by ovaj_stariov

Сликнав(од автобус) неколку слики од новата софијска архитектура,има добри примери но добар дел се тежки транзициски градби.. . .

Зградата од Jonson Controls



 
Тоа е зграда изградена от познатата и во Македониjа "Соравиjа Груп". Не е много маштабна, но и така е една от омилените ми нови згради во Софиjа.
Ето неколку мои слики от вчера:
 
 
 
 
 
 
 


Edited by VirginAtlantic - 27-Oct-2009 at 12:16
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-May-2010 at 11:50
Од каталогот Бимас 2010.

Адаптација и доградба на деловен центар Медиа. На крстосницата Љубљанска/Илинденска

 42° 0'27.22"N
 21°23'26.74"E




Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 31-May-2010 at 02:44
ТДА ТРЕЈД ќе гради деловен центар во Аеродром


Министерството за транспорт и врски информираше дека по пат на јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште со вкупна површина од 2.225 мІ кое се наоѓа во Општина Аеродром со намена за изградба на деловни простории за најповолен понудувач беше избрана компанијата "ТДА Трејд" од Скопје. Компанијата ја понуди највисоката цена од 15.500,00 денари по метар квадратен или вкупно 34.487.500,00. Почетната цена на јавното наддавање изнесуваше 6.000,00 денари по метар квадратен.

Како што велат од Министерството најповолниот понудувач ги уплати средствата, согласно постигнатата крајна цена од наддавањето во предвидениот рок од 15 дена од приемот на писменото известување кое Комисијата го издава по завршување на Јавното наддавање кое се одржа на 13 мај 2010 година.

По склучувањето на договор за отуѓување на градежното земјиште, најповолниот понудувач се обврзува дека во рок од шест месеци од склучување на договорот ќе обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект со урбанистичкиот план, од надлежната општина, а истиот ќе го изгради во рок од 2 години од прибавеното одобрение. Доколку објектот не се изгради во определниот рок, договорот ќе биде раскинат се, вели во соопштението на Министерството за транспорт.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=B6884C1EC6AC8D409500FE38AA5161AA

http://www.tda.com.mk/

Ги превртев сите ДУП-ови што се на страницата на Општина Аеродром и никаде не фигурира таква квадратура 2225м2, освен ако можеби има такво нешто во два плана кои не се читливи поради слабата резолуција.


Edited by lslcrew - 31-May-2010 at 02:57
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 209
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Aug-2010 at 20:55
Еве ја филијалата на Комерцијална Банка во Прилеп. Зградата порано служела како пошта пред изградбата на новата зграда.

01.

02.

Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 08-Sep-2010 at 18:34
Доградба на деловниот објект на Неоком

1.

2.


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 08-Sep-2010 at 18:40
ubavo bi bilo da se dogradi zgradata na neocom ama mislam deka nema nisto da bide od taa rabota a u stanarite od okolnite zgradi se protivele nesto svetlinata kke ima ja odzeme zgradata ako se dogradi...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 08-Sep-2010 at 18:50
Очигледно не се постигнал договор со околните "граѓани" за кои што незнам зашто воопшто општината ретерирала пред нивните барања. Требаше да се догради и комплетира зградава. Нашле импровизационо решение за непланирана дограба што супер се надоставува на објектов. Ретко се случува ваков дизајн на зграда во Македонија. Мислам дека многу поубаво ќе изгледа доградбата ако беше посебен објект во непосредна близина, ако е до толку битна близината и централизираност на вработените. Дури и на истата локација не морало врската меѓу двата објекта да биде комплетна по секој кат по цела страна. Мислам дека за функционалност на компанијата доволно би била и само близината да двата објекта еден до друг или ако до толку треба некои два-три моста на секој втор кат внатре длабоко меѓу двата објекта.




Edited by lslcrew - 08-Sep-2010 at 18:51
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4675
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Sep-2010 at 19:36
А зошто да не и едното и другото.... одлично ќе се вклопат и ќе си одговараат...
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 08-Sep-2010 at 20:01
Како ретко каде, ми се допаѓа доградбата. Многу добро го пополнува аголот и создава илузија на комплетен кварт.

Сепак, во мене тлее надеж дека зградата на ОНЕ/Неотел ќе биде комплетирана и доградена како што беше планирано. Кога Duke Nukem Forever можеше по 13 години сепак да искочи иако луѓе ја отпишаа пред години, може и зградава да се доправи
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 08-Sep-2010 at 22:10
Во право си lsl доградба е смешна работа. Не само што ќе се загуши и уништи просторот туку и првобитниот план за една висока и модерна бизнис зграда е подобар. Штета што не е земен предвид иако првобитно тој си постоеше.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 08-Sep-2010 at 22:18
Далеку од тоа дека е смешна работа. Најнормална работа е. Оваа доградба е максимум, следи комплетно современ дизајн и совршено дизајнот и се вклопува со старата зграда. А и сама по себе е интересна. Далеку од тоа дека реков дека ова е смешна работа, добра си е доградбата, само сметам дека не требало да има толкава врска помеѓу стариот и новиот објект.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11803
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 21-Nov-2010 at 18:19
Државата продава девет парцели за деловни објекти во Штип

На лицитација ќе одат над 18.000 метри квадратни државно градежно земјиште во Штип. Министерството за транспорт и врски распиша оглас за вкупно девет парцели распоредени на три локации во градот. Тие се опфатени со Деталните урбанистички планови „Индустриска зона север“ (2 парцели), „Населба Балканска“ (3 парцели), „Населба Баби 5“ (4 парцели) и се предвидени за изградба на деловни објекти. Површината на парцелите се движи помеѓу 1.241 и 3.780 метри квадратни, додека почетната цена за сите изнесува 2.800 денари по квадрат. Пријавите за учество можат да се достават најдоцна до 10.12.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на 16.12.2010. Депозитот е утврден на 10% од почетната цена.

http://www.build.com.mk/?p=5716


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.