build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Marriott Skopje

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Marriott Skopje
    Posted: 13-May-2010 at 18:31
ovoa mozebi trebase da go postiram vo skopje 2014 ama...

Економија
PrintPdf
Marriott ќе гради хотел на плоштад
Автор: Петре Димитров     13:55 | 13 мај 2010

Познатиот светски ланец влегува во Македонија, дознава Форум

Познатиот светски ланец на хотели Marriott ќе гради хотел во Скопје.

Преставници на Marriott утре ќе потпишат договор за градење на нивни хотел на скопскиот плоштад Македонија на парцелата (пред новата зграда на Македонски телекомуникации)на која порано хотел требаше да гради исто така познатиот ланец на хотели Радисон.


http://www.forum.com.mk/#22846

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 13-May-2010 at 18:38
Dobro si e tuka. Ako e del od skopje2014 nemora poradi aktuelnosta da ne zaslepuva i da ne zanesuva da ne gi koristime soodvetnite nishki. Si imame i za drugi objekti od ploshtad gi tretirame vo soodvetnite niski, spomenicite isto taka vo soodvetna, taka da mislam deka e dobro shto si go postiral tuka.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 13-May-2010 at 20:15
И онака кога ќе почне да се гради ќе има своја (нова) нишка.. а можда не е на одмет уште одма да се интервенира после веста за потпишување договор
 
 
Edit:
 

Во Скопје ќе се гради хотел „Мериот“

„Првиот хотел од брендот ’Мериот‘ на Балканот ќе се изгради во Скопје“, објави вчера една од најпознатите светски хотелиерски компании. Хотелот ќе се гради во непосредна близина на плоштадот „Македонија“, до зградата на Еуростандард банка, а инвестицијата ќе изнесува околу 37 милиони евра. Хотелот ќе има 180 соби, а изградбата се очекува да биде завршена во 2013 година.

Партнер на „Мериот“ во Македонија е „Дивелоп груп“, компанија која на пошироката јавност стана позната по инвестирањето во „Сити галери“ (поранешната Стоковна куќа „Скопје“) и објектот што се гради покрај Камениот мост во Скопје, на местото на некогашна Народна банка. Денес, договорот за изградба на првиот хотел „Мериот“ во Македонија ќе го потпишат генералниот директор на „Дивелоп груп“, Александар Ивановски, и главниот директор за развој за Европа на хотелите „Мериот“, Ервин К. Карлтон. Ова ќе биде првиот брендиран хотел во Скопје интернационално управуван.



Edited by SkyBoy - 13-May-2010 at 23:11
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8900
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 14-May-2010 at 09:32
Иако објавиве внесуваат конфузија се работи за маркичката карши Тренд а не онаа до Офицерскиот дом.

Таму беше обележан Marriot уште на Скопје 2014 презентацијата. Очигледно не било случајно. Ова е и единствена вузеализација за оваа маркица која ја имаме, "рендерите" кои се поназад во нишкава се однесуваат на маркицата до Офицерски дом.



Е сега... колку и како ова ќе се реализира ќе видиме (водејќи се од искуството со Радисон Блу).

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 14-May-2010 at 10:41
“Мериот интернационал“ ќе гради луксузен хотел во Скопје

“Мериот Интернационал“ водечка компанија за хотелиерство во светот  ќе гради хотел во Македонија. Објектот ќе биде на плоштадот Македонија, во центарот на Скопје, и ќе има капацитет од 180 соби. Отворањето, пак, се предвидува да биде во 2013 година. “Мериот Скопје” ќе биде изграден во елегантен арт-деко стил на вкупна површина од 20,000 метри квадратни. Внатрешноста ќе биде во модерен луксузен стил, додека во изведбата на надворешниот изглед ќе се запази историскиот изглед.
 
Со проектот се предвидуваат 180 соби, 16 луксузни апартмани и еден председателски апартман, спа центар и градина на највисокиот кат.
 
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=71997&kategorija=1
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 348
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 14-May-2010 at 11:05

Ова арт деко стил што го пишува ми дава малку надеж дека можеби хотелот нема да  биде пресликана копија од барокни фасади како другите објекти од Скопје 2014 туку ќе станува збор за некое пооригинално решение. Друго нешто што забележав е дека ова ќе биде првиот Мериот на Балканот. Јас за 30 сек. на гугл успеав да најдам уште два и тоа во Атина и Букурешт Roll%20eyes. Сметам дека таа локација одамна требаше да се пополни со поквалитетен објект ама да не зборам пред време можеби пријатно ќе не изненадат со изгледот сепак арт деко е широк поим.



Edited by 46&2 - 14-May-2010 at 11:06
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8900
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 14-May-2010 at 11:14


Трето што пишува е дека Дивепол е инвеститор Јас би бил воздржан со ентузијазмот некое време. На промоцијата на Скопје 2014 рекоа дека фасадите нема да бидат баш такви туку во тој стил. Да се надеваме дека ќе бидеме поштедени од нови уставни судови бидејќи и вакви  „ретро“ згради си имаат прописи и правила по кои се градат и би било помало зло доколку Мериот е навистина инволвиран и сепак истуркаат нешто што нема да биде Jedi Temple. 


Edited by pbanks - 14-May-2010 at 11:15
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 14-May-2010 at 11:55


Па ваљда не можат да измислат антички Арт Деко  Dunno

Но секако сум подеднакво изненаден од „изборот“ на Арт Деко. Изгледа сериозно се турка „теоријата“ што почна со тоа дека без барокна архитектура немало да бидеме комплетни, па еве сега треба да поминеме и низ Арт Деко и се по ред  Roll%20eyes
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8900
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 14-May-2010 at 12:09
Originally posted by Cloverstack



Па ваљда не можат да измислат антички Арт Деко  Dunno

Но секако сум подеднакво изненаден од „изборот“ на Арт Деко. Изгледа сериозно се турка „теоријата“ што почна со тоа дека без барокна архитектура немало да бидеме комплетни, па еве сега треба да поминеме и низ Арт Деко и се по ред  Roll%20eyes


Зарем мислиш дека сето ова што го гледаме по рендери во последно време е барок, арт деко......................... или се работи само за нафрлани фрази од некомпетентни луѓе?

А секако дека можат да направат античко-џедајски арт деко. ПА види го уставниот суд човече во кој стил спаѓа тоа? Спореди го тој дизниленд кич со австрискиот парламент да речеме.


Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 14-May-2010 at 12:39
Очекувам дека пак ОРце КАмчев (или некој „бизнисмен“ од негов калибар) да крева раменици на шоу програми ала „Во центар“ по прашање на локацијава (што се однесува до „брендот“), Marriot ќе истакнеа нешто на официјалниот сајт, изјава од некаков порт-парол итн...а за архитектурата не ми се троши енергија да размислувам, ни стана навика да користиме изрази „барокна архитектура“ за некакво квази-архаично декорирање на фасади што не значат ништо...барокот има концепт, принцип на конципирање по хоризонтала и вертикала итн. и меѓу другото вреди финансиски многу повеќе од она што до сега го видовме (нормално мислам на Архивот)...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3772
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 14-May-2010 at 15:44
Хотелот на Marriott на плоштад ќе чини 37 милиони евра
Автор: Петре Димитров     09:05 | 14 мај 2010

Познатиот светски ланец на хотели Marriott ќе гради хотел во Скопје

Хотелот на Marriott кој ќе го гради Дивелоп груп (компанија која на пошироката јавност и стана позната по инвестирањето во Сити галери и деловниот центар што се гради покрај Камениот мост во Скопје, на местото на некогашна Народна банка) во близина на плоштадот Македонија во Скопје ќе чини 37 милиони евра.

Договор за негово градење денеска ќе потпишат Александар Ивановски, генерален директор на Дивелоп груп и г. Ервин К. Карлтон, главен директор за развој за Европа на хотелите Marriott.

Хотел ќе се гради на парцелата пред Еуростандард банка на која порано хотел требаше да гради исто така познатиот ланец на хотели САС Радисон.

Овој белгиски ланец не успеа во своите намери, бидејќи парцелата беше предмет на денационализација. Спорот сега е решен, а сопственик на земјиштето стана Дивелоп груп.

Хотелот ќе има 180 соби, а изградбата се очекува да биде завршена во 2013 г. Хотелот како што се гледа од неговата макета ќе биде во барок стил.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8900
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 14-May-2010 at 16:16


Еве го изгледот спрема форум


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 14-May-2010 at 16:21
Арт Деко  Question

Не сум некој голем познавач, но ова мене не ме асоцира баш премногу на Арт Деко.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 14-May-2010 at 16:41
Хотел “Мeриот “ за две години на скопскиот плоштад
До крајот на 2012 година на скопскиот плоштад веднаш до Ристиќева палата треба да никне најновиот хотел “Мeриот“ од пет ѕвезди супериор. Изградбата на хотелот што е заеднички проект на македонската компанија “Дивелоп груп“ и “Мериот“ ќе вреди повеќе од 38 милиони евра.

“Со отворањето на првиот Мериот хотел во Македонија не само што ќе добиеме зголемување на хотелските капацитети во Македонија туку ќе добиеме и воедно поквалитеетна услуга на истите, ќе добиеме искуство во работењето кое го дава Мериот со своето долгогодишно постоење. Мислам дека сите клиенти кои што ќе дојдат во хотелот во Скопје ќе бидат услужени на истиот начин како во било кој Мериот хотел во било која дестинација во светот“, рече денеска Александар Ивановски, генерален директор “Дивелоп Груп“.

Проектот за хотелот, што ќе биде изграден во елегантен арт-деко стил, предвидува тој да има 180 соби, 16 луксузни апартмани, еден претседателски апартман, два ланч бара, спа центар и градина на највисокиот кат.

“Имаме над 2000 хотели во над 70 земји. Нашата компанија постои 70 години и интересно е што во сето ова време сме имале само двајца генерални директори. Ние бараме долгорочно партнерство и партнер во локалната управа и мислам дека тука го најдовме“, вели директорот на “Мериот“ за Европа, Ервин Карлтон.

Ивановски објасни дека парите потребни за изградба ќе бидат обезбедени од сопствени средства на “Дивелоп Груп“ и 16 милиони евра од кредити од домашни и странски банки.

Земјиштетот на кое ќе се гради хотелот е купено од физичко лице, и според новите сопственици за него нема врзано некој процес за денационализација. За да почна градежните работи, се чека градежна дозвола, а инвеститорите најавуваат дека најверојатно хотелот ќе почне да се гради во август или септември.

Хотелот “Мериот“ во Скопје иако ќе биде од највисока класа и можеби еден од најлуксузните хотели во земјава, сепак ќе ги држи цените како и веќе постоечките хотели во Македонија, и ќе бидат значително пониски од хотелите на “Мериот“ во останатите земји.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=72027&kategorija=2
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 14-May-2010 at 18:44
Со колку t се пишува Мериот, а со колку ќе биде овој на плоштад?! Да не е договор ова со некоја кинеска компанија што произведува абибас патики па сега да им текнало хотел да градат.

Многу за стилот нема да навлегувам. Ќе го поздравам потегот. За тие што стилот базично им е битен и би го жртвувале цел објект, битно е објектот да го добиеме па после тоа многу полесно може да се смени кога друг ќе ја работи зградава ако веќе е толку битно.

А од овој политичко-шпекуланстски дел ме зачудува тоа што за два дена се најдов инвеститори за два актуелни проекти на властите, тоа се во Аеродром облакодерите и оваа локација на плоштад. Е сега, воопшто не ме загрижува како се најдени и кој ги барал и како прошла лицитацијата, за друго го спомнав овој дел. Најбитно ми е да ги видиме овие проекти завршени. Да не останеме со некое половично градилиште како што ги има многу низ градов.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 14-May-2010 at 18:49
so 2 r i so 2 t
 
MARRIOTT Big%20smile


Edited by SkyBoy - 14-May-2010 at 18:52
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8900
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-May-2010 at 20:32
Неможам а да не приметам дека Erwin Carlton, chief manager for development for Europe of Marriott Hotels, како што е претставен човекот, буквално не постои на интернет.


http://www.google.com/search?hl=mk&q="Erwin+K.+Carlton"&btnG=Пребарај

http://www.google.com/search?hl=mk&q="Erwin+Carlton"&btnG=Пребарај

На делот на сајтот на Marriot за вести нема ништо за овој не мал настан ниту за нив (секако најава за нов хотел на било која групација би имал место на нивниот корпоративен сајт)

http://news.marriott.com/

Сепак на промоцијата беше и амбасадорот Рикер меѓу другите.... но...

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 14-May-2010 at 22:04

јас па барав за дивелоп груп и не најдов веб.. мислев на нивниот сајт можда има нешто..

Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 14-May-2010 at 22:56
This is the official render




Edited by macedonia - 14-May-2010 at 23:02
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 15-May-2010 at 02:30


Ако се споредува според луѓето на рендеров, спратовите како да се за џуџиња...  Инаку некои медиуми пренесоа дека хотелов ќе вработувал 700 луѓе. Не сум стручњак за функционирање на хотели, ама според изнесените параметри, бројката ко да има една нула вишок  Dunno

Во секој случај, на Fossil ќе му се исполни визијата за хотел на плоштад кој ќе има нешто како градина на покривот  Big%20smile


Originally posted by lslcrew

За тие што стилот базично им е битен и би го жртвувале цел објект, битно е објектот да го добиеме па после тоа многу полесно може да се смени кога друг ќе ја работи зградава ако веќе е толку битно.
Јас сум еден од тие на кои стилот им е битен... замисли, имало и такви на кои им се важни такви „ситници“  Roll%20eyes
Повторно ли треба да ја отвараме дискусијата зошто не е добро да се гради колку за да се гради?

А не гледам како тоа би го „жртвувале“ објектот ради стилот, демек ако не е во ваков стил не ќе можеше да се изгради хотел таму? Ова е единствениот можен изводлив проект?
Исто така не гледам како (па и зошто) отпосле така лесно би се менувал изгледот...

Инаку што се однесува до стилот поконкретно, иако воопшто не сум воодушевен со целото ова квази-враќање во некое архитектонско минато, хотелов барем не е трн во око како еден куп накази од Скопје 2014. Со оглед на критериумите кои ни ги наметнаа, хотелов слободно можам да го прогласам за бомбона...

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.