Print Page | Close Window

Marriott Skopje

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Хотели и одморалишта
Forum Discription: Хотели, хостели, одморалишта, кампови...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=916
Printed Date: 05-Dec-2020 at 15:09


Topic: Marriott Skopje
Posted By: axel
Subject: Marriott Skopje
Date Posted: 13-May-2010 at 18:31
ovoa mozebi trebase da go postiram vo skopje 2014 ama...

Економија
http://www.forum.com.mk/_tools/print/22846/article">Print http://www.forum.com.mk/_tools/pdf/22846/article">Pdf
Marriott ќе гради хотел на плоштад
Автор: http://www.forum.com.mk/avtor/petre-dimitrov - Петре Димитров     13:55 | 13 мај 2010

Познатиот светски ланец влегува во Македонија, дознава Форум

Познатиот светски ланец на хотели Marriott ќе гради хотел во Скопје.

Преставници на Marriott утре ќе потпишат договор за градење на нивни хотел на скопскиот плоштад Македонија на парцелата (пред новата зграда на Македонски телекомуникации)на која порано хотел требаше да гради исто така познатиот ланец на хотели Радисон.


http://www.forum.com.mk/#22846




Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-May-2010 at 18:38
Dobro si e tuka. Ako e del od skopje2014 nemora poradi aktuelnosta da ne zaslepuva i da ne zanesuva da ne gi koristime soodvetnite nishki. Si imame i za drugi objekti od ploshtad gi tretirame vo soodvetnite niski, spomenicite isto taka vo soodvetna, taka da mislam deka e dobro shto si go postiral tuka.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 13-May-2010 at 20:15
И онака кога ќе почне да се гради ќе има своја (нова) нишка.. а можда не е на одмет уште одма да се интервенира после веста за потпишување договор
 
 
Edit:
 

Во Скопје ќе се гради хотел „Мериот“

„Првиот хотел од брендот ’Мериот‘ на Балканот ќе се изгради во Скопје“, објави вчера една од најпознатите светски хотелиерски компании. Хотелот ќе се гради во непосредна близина на плоштадот „Македонија“, до зградата на Еуростандард банка, а инвестицијата ќе изнесува околу 37 милиони евра. Хотелот ќе има 180 соби, а изградбата се очекува да биде завршена во 2013 година.

Партнер на „Мериот“ во Македонија е „Дивелоп груп“, компанија која на пошироката јавност стана позната по инвестирањето во „Сити галери“ (поранешната Стоковна куќа „Скопје“) и објектот што се гради покрај Камениот мост во Скопје, на местото на некогашна Народна банка. Денес, договорот за изградба на првиот хотел „Мериот“ во Македонија ќе го потпишат генералниот директор на „Дивелоп груп“, Александар Ивановски, и главниот директор за развој за Европа на хотелите „Мериот“, Ервин К. Карлтон. Ова ќе биде првиот брендиран хотел во Скопје интернационално управуван.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D5A259CB2C0258439AB4AE59D39681ED - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D5A259CB2C0258439AB4AE59D39681ED


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-May-2010 at 09:32
Иако објавиве внесуваат конфузија се работи за маркичката карши Тренд а не онаа до Офицерскиот дом.

Таму беше обележан Marriot уште на Скопје 2014 презентацијата. Очигледно не било случајно. Ова е и единствена вузеализација за оваа маркица која ја имаме, "рендерите" кои се поназад во нишкава се однесуваат на маркицата до Офицерски дом.



Е сега... колку и како ова ќе се реализира ќе видиме (водејќи се од искуството со Радисон Блу).



Posted By: axel
Date Posted: 14-May-2010 at 10:41
“Мериот интернационал“ ќе гради луксузен хотел во Скопје

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/71997/marriott%20hotel.jpg">

“Мериот Интернационал“ водечка компанија за хотелиерство во светот  ќе гради хотел во Македонија. Објектот ќе биде на плоштадот Македонија, во центарот на Скопје, и ќе има капацитет од 180 соби. Отворањето, пак, се предвидува да биде во 2013 година. “Мериот Скопје” ќе биде изграден во елегантен арт-деко стил на вкупна површина од 20,000 метри квадратни. Внатрешноста ќе биде во модерен луксузен стил, додека во изведбата на надворешниот изглед ќе се запази историскиот изглед.
 
Со проектот се предвидуваат 180 соби, 16 луксузни апартмани и еден председателски апартман, спа центар и градина на највисокиот кат.
 
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=71997&kategorija=1


Posted By: 46&2
Date Posted: 14-May-2010 at 11:05

Ова арт деко стил што го пишува ми дава малку надеж дека можеби хотелот нема да  биде пресликана копија од барокни фасади како другите објекти од Скопје 2014 туку ќе станува збор за некое пооригинално решение. Друго нешто што забележав е дека ова ќе биде првиот Мериот на Балканот. Јас за 30 сек. на гугл успеав да најдам уште два и тоа во Атина и Букурешт Roll%20eyes. Сметам дека таа локација одамна требаше да се пополни со поквалитетен објект ама да не зборам пред време можеби пријатно ќе не изненадат со изгледот сепак арт деко е широк поим.



-------------
I use public toilets and I piss on the seat.


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-May-2010 at 11:14


Трето што пишува е дека Дивепол е инвеститор Јас би бил воздржан со ентузијазмот некое време. На промоцијата на Скопје 2014 рекоа дека фасадите нема да бидат баш такви туку во тој стил. Да се надеваме дека ќе бидеме поштедени од нови уставни судови бидејќи и вакви  „ретро“ згради си имаат прописи и правила по кои се градат и би било помало зло доколку Мериот е навистина инволвиран и сепак истуркаат нешто што нема да биде Jedi Temple. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-May-2010 at 11:55


Па ваљда не можат да измислат антички Арт Деко  Dunno

Но секако сум подеднакво изненаден од „изборот“ на Арт Деко. Изгледа сериозно се турка „теоријата“ што почна со тоа дека без барокна архитектура немало да бидеме комплетни, па еве сега треба да поминеме и низ Арт Деко и се по ред  Roll%20eyes


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-May-2010 at 12:09
Originally posted by Cloverstack



Па ваљда не можат да измислат антички Арт Деко  Dunno

Но секако сум подеднакво изненаден од „изборот“ на Арт Деко. Изгледа сериозно се турка „теоријата“ што почна со тоа дека без барокна архитектура немало да бидеме комплетни, па еве сега треба да поминеме и низ Арт Деко и се по ред  Roll%20eyes


Зарем мислиш дека сето ова што го гледаме по рендери во последно време е барок, арт деко......................... или се работи само за нафрлани фрази од некомпетентни луѓе?

А секако дека можат да направат античко-џедајски арт деко. ПА види го уставниот суд човече во кој стил спаѓа тоа? Спореди го тој дизниленд кич со австрискиот парламент да речеме.




Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 14-May-2010 at 12:39
Очекувам дека пак ОРце КАмчев (или некој „бизнисмен“ од негов калибар) да крева раменици на шоу програми ала „Во центар“ по прашање на локацијава (што се однесува до „брендот“), Marriot ќе истакнеа нешто на официјалниот сајт, изјава од некаков порт-парол итн...а за архитектурата не ми се троши енергија да размислувам, ни стана навика да користиме изрази „барокна архитектура“ за некакво квази-архаично декорирање на фасади што не значат ништо...барокот има концепт, принцип на конципирање по хоризонтала и вертикала итн. и меѓу другото вреди финансиски многу повеќе од она што до сега го видовме (нормално мислам на Архивот)...


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-May-2010 at 15:44
Хотелот на Marriott на плоштад ќе чини 37 милиони евра
Автор: http://www.forum.com.mk/avtor/petre-dimitrov - Петре Димитров     09:05 | 14 мај 2010

Познатиот светски ланец на хотели Marriott ќе гради хотел во Скопје

Хотелот на Marriott кој ќе го гради Дивелоп груп (компанија која на пошироката јавност и стана позната по инвестирањето во Сити галери и деловниот центар што се гради покрај Камениот мост во Скопје, на местото на некогашна Народна банка) во близина на плоштадот Македонија во Скопје ќе чини 37 милиони евра.

Договор за негово градење денеска ќе потпишат Александар Ивановски, генерален директор на Дивелоп груп и г. Ервин К. Карлтон, главен директор за развој за Европа на хотелите Marriott.

Хотел ќе се гради на парцелата пред Еуростандард банка на која порано хотел требаше да гради исто така познатиот ланец на хотели САС Радисон.

Овој белгиски ланец не успеа во своите намери, бидејќи парцелата беше предмет на денационализација. Спорот сега е решен, а сопственик на земјиштето стана Дивелоп груп.

Хотелот ќе има 180 соби, а изградбата се очекува да биде завршена во 2013 г. Хотелот како што се гледа од неговата макета ќе биде во барок стил.

http://www.forum.com.mk/#22893 - http://www.forum.com.mk/#22893


-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-May-2010 at 16:16


Еве го изгледот спрема форум




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-May-2010 at 16:21
Арт Деко  Question

Не сум некој голем познавач, но ова мене не ме асоцира баш премногу на Арт Деко.


Posted By: axel
Date Posted: 14-May-2010 at 16:41
Хотел “Мeриот “ за две години на скопскиот плоштад
До крајот на 2012 година на скопскиот плоштад веднаш до Ристиќева палата треба да никне најновиот хотел “Мeриот“ од пет ѕвезди супериор. Изградбата на хотелот што е заеднички проект на македонската компанија “Дивелоп груп“ и “Мериот“ ќе вреди повеќе од 38 милиони евра.

“Со отворањето на првиот Мериот хотел во Македонија не само што ќе добиеме зголемување на хотелските капацитети во Македонија туку ќе добиеме и воедно поквалитеетна услуга на истите, ќе добиеме искуство во работењето кое го дава Мериот со своето долгогодишно постоење. Мислам дека сите клиенти кои што ќе дојдат во хотелот во Скопје ќе бидат услужени на истиот начин како во било кој Мериот хотел во било која дестинација во светот“, рече денеска Александар Ивановски, генерален директор “Дивелоп Груп“.

Проектот за хотелот, што ќе биде изграден во елегантен арт-деко стил, предвидува тој да има 180 соби, 16 луксузни апартмани, еден претседателски апартман, два ланч бара, спа центар и градина на највисокиот кат.

“Имаме над 2000 хотели во над 70 земји. Нашата компанија постои 70 години и интересно е што во сето ова време сме имале само двајца генерални директори. Ние бараме долгорочно партнерство и партнер во локалната управа и мислам дека тука го најдовме“, вели директорот на “Мериот“ за Европа, Ервин Карлтон.

Ивановски објасни дека парите потребни за изградба ќе бидат обезбедени од сопствени средства на “Дивелоп Груп“ и 16 милиони евра од кредити од домашни и странски банки.

Земјиштетот на кое ќе се гради хотелот е купено од физичко лице, и според новите сопственици за него нема врзано некој процес за денационализација. За да почна градежните работи, се чека градежна дозвола, а инвеститорите најавуваат дека најверојатно хотелот ќе почне да се гради во август или септември.

Хотелот “Мериот“ во Скопје иако ќе биде од највисока класа и можеби еден од најлуксузните хотели во земјава, сепак ќе ги држи цените како и веќе постоечките хотели во Македонија, и ќе бидат значително пониски од хотелите на “Мериот“ во останатите земји.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=72027&kategorija=2


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-May-2010 at 18:44
Со колку t се пишува Мериот, а со колку ќе биде овој на плоштад?! Да не е договор ова со некоја кинеска компанија што произведува абибас патики па сега да им текнало хотел да градат.

Многу за стилот нема да навлегувам. Ќе го поздравам потегот. За тие што стилот базично им е битен и би го жртвувале цел објект, битно е објектот да го добиеме па после тоа многу полесно може да се смени кога друг ќе ја работи зградава ако веќе е толку битно.

А од овој политичко-шпекуланстски дел ме зачудува тоа што за два дена се најдов инвеститори за два актуелни проекти на властите, тоа се во Аеродром облакодерите и оваа локација на плоштад. Е сега, воопшто не ме загрижува како се најдени и кој ги барал и како прошла лицитацијата, за друго го спомнав овој дел. Најбитно ми е да ги видиме овие проекти завршени. Да не останеме со некое половично градилиште како што ги има многу низ градов.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 14-May-2010 at 18:49
so 2 r i so 2 t
 
MARRIOTT Big%20smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-May-2010 at 20:32
Неможам а да не приметам дека Erwin Carlton, chief manager for development for Europe of Marriott Hotels, како што е претставен човекот, буквално не постои на интернет.


http://www.google.com/search?hl=mk&q=Erwin+K.+Carlton&btnG=%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98 - http://www.google.com/search?hl=mk&q="Erwin+K.+Carlton"&btnG=Пребарај

http://www.google.com/search?hl=mk&q=Erwin+Carlton&btnG=%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98 - http://www.google.com/search?hl=mk&q="Erwin+Carlton"&btnG=Пребарај

На делот на сајтот на Marriot за вести нема ништо за овој не мал настан ниту за нив (секако најава за нов хотел на било која групација би имал место на нивниот корпоративен сајт)

http://news.marriott.com/ - http://news.marriott.com/

Сепак на промоцијата беше и амбасадорот Рикер меѓу другите.... но...



Posted By: SkyBoy
Date Posted: 14-May-2010 at 22:04

јас па барав за дивелоп груп и не најдов веб.. мислев на нивниот сајт можда има нешто..



Posted By: macedonia
Date Posted: 14-May-2010 at 22:56
This is the official render




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-May-2010 at 02:30


Ако се споредува според луѓето на рендеров, спратовите како да се за џуџиња...  Инаку некои медиуми пренесоа дека хотелов ќе вработувал 700 луѓе. Не сум стручњак за функционирање на хотели, ама според изнесените параметри, бројката ко да има една нула вишок  Dunno

Во секој случај, на Fossil ќе му се исполни визијата за хотел на плоштад кој ќе има нешто како градина на покривот  Big%20smile


Originally posted by lslcrew

За тие што стилот базично им е битен и би го жртвувале цел објект, битно е објектот да го добиеме па после тоа многу полесно може да се смени кога друг ќе ја работи зградава ако веќе е толку битно.
Јас сум еден од тие на кои стилот им е битен... замисли, имало и такви на кои им се важни такви „ситници“  Roll%20eyes
Повторно ли треба да ја отвараме дискусијата зошто не е добро да се гради колку за да се гради?

А не гледам како тоа би го „жртвувале“ објектот ради стилот, демек ако не е во ваков стил не ќе можеше да се изгради хотел таму? Ова е единствениот можен изводлив проект?
Исто така не гледам како (па и зошто) отпосле така лесно би се менувал изгледот...

Инаку што се однесува до стилот поконкретно, иако воопшто не сум воодушевен со целото ова квази-враќање во некое архитектонско минато, хотелов барем не е трн во око како еден куп накази од Скопје 2014. Со оглед на критериумите кои ни ги наметнаа, хотелов слободно можам да го прогласам за бомбона...



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-May-2010 at 10:09
zgradata e visoka. Bi skratil 1-2 kati za da bide ista visoka ko drugite gradbi naokolu (osven sam marko) Znaci nema da izgleda bas ubavo ako edna stana niska a drugata strana visoko e Ohno! ima vakvi gradbi vo svajcarija(stil na marriott) sto navistina mu dava miris na gradot, ima slucaj sto sproti nea ima moderna zgrada sto e sosema normalno. Vo istiot nacin bi napravil i vo skopjeBig%20smile

-------------


Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 15-May-2010 at 13:10
А, наместо некој демек арт-деко хотел, да направена нешто фенси-шменси како на пример Мисони во Единбург? http://www.hotelmissoni.com/#/0;0/hotel_missoni_edinburgh - http://www.hotelmissoni.com/#/0;0/hotel_missoni_edinburgh

Кога веќе ќе му прават модерен ентериер (па и модерно поткровје)....па зошто да не го направат целиот хотел во тој дух? Навистина е бесмислено ова толку силно форсирање на некакви ретро фасади што не се ништо повеќе од обични кулиси.


-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: Jumbo
Date Posted: 15-May-2010 at 14:07
Мислам дека рендеров за Marriott е добар бидејќи треба да се земе во предвид дека фасадите на некои згради како што се Пелистер, Лондон ќе бидат реновирани во 'барокен' стил па овој проект за Marriott многу повеќе би одговарал на тоа место отколку некое фенси-шменси како примерот што го даде Edmund со хотелот Missoni vo Единбург, постирав слики за да видите која фасада повеќе одговара на околината мене лично повеќе ми се допаѓа избраниот рендер за Marriott.


Posted By: Jumbo
Date Posted: 15-May-2010 at 17:01
Art Deco e малку посоодветен термин за овој објект отколку да се говори само за барокен стил бидејки барокот стана во последно време банален термин, за се што е полукруг велат дека е барок, па од тука мислам дека Art deco е малку посоодветен термин за сите објекти кои се планирани да бидат во ваков стил.


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 15-May-2010 at 17:49
Ова е Арт Деко, колку што зградите на кејот се Барок.





Posted By: SpaceAge
Date Posted: 15-May-2010 at 17:57
Neoklasicizam ,mozebi ne Barok.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-May-2010 at 18:59


Posted By: Jumbo
Date Posted: 15-May-2010 at 19:12
Archi tech tone Art Deco e правец во архитектурата кој датира некаде од 1925 па до четириесетите години од минатиот век инаку тоа е комбинација на повеќе стилови вклучувајки неокласицизам,конструктивизам,модернизам,футуризам итн, дали е рендеров во art deco стил точно незнам но мислам дека ни ти не си многу стручен па затоа правиш детски компарации, само да кажам уште еднаш дека рендеров за Marriоtt хотел ми се допаѓа без разлика во кој правец од архитектурата спаѓа.


Posted By: Jumbo
Date Posted: 15-May-2010 at 19:35
Неколку објекти со слична големина кои важат за Аrt deco па сега утврдете дали има некоја сличност.


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 15-May-2010 at 21:59
Сликиве се крајно нетипични претсавници на Артдеко, ако може воопшто да се наречат претставници. Во сликиве гледам само неокласицизам. Ни трага од геометризацијата и механицистичката фасцинација на Арт Деко стилот (и другите правци што ги наведе)

Да не обесувам, кој сака нека си го изгугла зборот артдеко, или може да се потсети на филмот http://www.imdb.com/title/tt0111143/ - The Shadow ..... таму фино го имаат прикажано Арт Деко фазонот во 30тите.


Posted By: Djole88
Date Posted: 15-May-2010 at 23:06
@Pbanks, во врска со постот дека не си нашол ништо за Carlton Ervin

Нешто не си барал добро друже, еве сега најдов 2 извори кои потврдуваат дека постои таков човек на таква позиција во Мериот, а исто така и сликата потврдува дека тоа е човекот кој го видовме денес на интервјуто

http://www.ekapija.com/website/sr/page/239447_en - доказ 1

http://news.marriott.com/2010/03/marriott-plans-to-double-presence-in-europe-by-2015.html - доказ 2

Така да ми изгледа ова за сериозна работа, сепак се работи за еден од најдобрите брендови во светот и не би сакал да помислам дека ќе си поигруваат со реномето.


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-May-2010 at 23:11
Не мислев дека е толкава превара, само ја забележав мојата истрага. А ја увидувам и грешката. Човекот се вика Carlton Ervin. А не Erwin Carlton како што беше транскрибиран од некои наши медиуми. Затоа и грешката.

Сомнежот дополнително ми се појави поради искуствата со локациите кај стара железничка со Радисон Блу и Equest. Драго ми е што ме демантираше, и дефинитивно е ова добра вест од хотелиерско/инвестициски аспект, од архитектонски секој си има свое мислење.


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-May-2010 at 23:16
Еве интервју на Канал 5 со дотичниот господин Cheers Има и видео верзија на линкот за кој сака да го изгледа интервјуто.

Скопје е од наш голем интерес- интервју со првиот човек на Мериот хотели за Европа

Сања Момировска: Зошто се одлучивте да инвестирате во Македонија?

Ервин Карлтон: Јас би рекол дека генералната стартегија на Мериот е да влеземе во “градови порти”, а Скопје е град порта. Со 500 илјади жители, како центар на бизнисот и помалку раширен туризам во оваа подрачје, секако дека е град од голем интерес за нас. Ние не се фокусиравме на Скопје да речеме пред Белград, но можностите за голем проект овде со одличен партнер ни дојдоа многу порано од другите градови на Балканот. Локацијата во Скопје е апсолутно одлична, една од најдобрите локации за развој на хотелиерството во Скопје. Исто така, Македонија е стабилна земја,
со стабилна валута, одлични луѓе. Значи, над се проектот и партнерот.

Сања Момировска: Каков тип на туристи ќе привлекувате и какви цени ќе понудите? 

Ервин Карлтон:Ние самите не сме инвеститори во хотели. Значи не ги развиваме хотелите како што Дивелоп груп тоа го прави. Едноставно, бараме сопственици кои би го развиле хотелот со нивен капитал, а ние да влеземе во бизнис релации, да го менаџираме хотелот за нив. Нивото на услугата и на производите ќе биде иста како и во сите Мериот хотели во светот. Цената ќе зависи најмногу од условите на пазарот.

Сања Момировска: Македонија ги губи туристите, се плашите ли дека нема да успеете?

Ервин Карлтон: Еден од возбудливите делови на овој проект е да се донесе моќен бренд во останатите делови на Европа, а не во САД или остатокот на светот. За Скопје бевме подготвени да помогнеме да го направиме уште поуспешен. До некој степен има одлив на туристи овде, да се помогне да престане тоа, да им се даде на гостите кои што во друг случај не би дошле во Скопје одлична логична опција.

Сања Момировска: Стратегијата на Мериот е кога ќе влезе во една земја, да гради уште некој објект. Планирате ли во Македонија да отворите уште еден хотел?

Ервин Карлтон: Не би ме изненадило. Стратегијата на Мериот е да влезат во градовите порти на почеток, тоа е глобална стратегија.И откако ќе бидеме присутни во градовите порти и нашето име ќе биде добро познато, тогаш да се употреби тоа како платформа да се прошириме во некој втор град во земјава. Немаме конкретен проект во плановите, но тоа е типично наша стратегија и не би не изненадило ако таа стратегија успее и во Македонија.

Сања Момировска:Пред да влезете на пазарот, го анализиравте хотелскиот бизнис, што му недостига на хотелиерството во Македонија?

Ервин Карлтон: Забележавме дека некои работи може да се подобрат. За град порта како Скопје бројот на хотелски соби е повеќе од помал. Има дисбаланс меѓу побарувачката и понудата и нема меѓународно брендирани менаџирани хотели во Скопје. И ние тука гледаме огромна шанса, во двете да го зголемиме нивото на услугите и на производите за гостите кои патуваат за забава или бизнис во Скопје.

Сања Момировска: Вие доаѓате како гостин во Скопје, што му пречи а што му се допаѓа на еден турист во Македонија?

Ервин Карлтон: Кога за прв пат дојдов во Скопје пред девет месеци се изненадив колку пријателски и внимателни се луѓето што ги сретнав и за тие неоткриени богатства во градот. Ретко е да имаме град каде што е измешано најдоброто од двете исток и запад. И само со поминување на реката Вардар гледате дека Скопје го има тоа. Мислам дека не е важно што Скопје треба да има за да се подобри, мислам дека е важно да се знае што Скопје е. Нема нешто што Македонија или Скопје треба да го смени, она што е или културата мора да го публицира, тие позитивни работи што ги има.


http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=60565 - http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=60565



Posted By: pbanks
Date Posted: 15-May-2010 at 23:37
Еве уште некои материјали извадени од вестите на Телма

1.

2.

3.

4.



Posted By: SkyBoy
Date Posted: 15-May-2010 at 23:46
Мене ме интересира дали може да се затвори плоштадот за протести, митинзи, групни молења итн итн кога ќе се изградат сите планирани содржини.. би било необично кога има хотел на оваа локација како мериот, а да има некакви манифестации со силно озвучување, осветлување, маса на луѓе итн.. Не се разбирам, ама ми делува малце необично.. и во тој контекст можно ли е да постои друг плоштад наменет за такви собири, а овој да биде официјален/репрезентативен ?


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-May-2010 at 23:48
Не верувам, ваљда Мериот ќе си има добра изолација .

На Бан Јелачич во Загреб милион чуда се случуваат па хотел Дубровник си работи...


Posted By: xnx
Date Posted: 17-May-2010 at 22:49
mislam deka super ke se spojat so san marko, no sepak bi bilo poubavo da e ista visina kako okolnite objekti -22m. mislam deka edinstveno vakva starinska arhitektura moze ubavo da se vklopi so san marko, da bese nekoja moderna mozea da izgledaat mnogu loso edna do druga


Posted By: Djole88
Date Posted: 20-May-2010 at 14:44
Еве конечно веста за овој хотел објавена и на нивната официјална страна. Конечно ми падна камен од срце и можам да кажам, тука стварно ќе се гради

Marriott Announces First Hotel in the Balkans

Skopje Marriott Hotel Will Be First Managed, Internationally Branded Hotel in Macedonia

Marriott International today announced it will open its first hotel in Macedonia under management agreement with DivelopGrupDooel. The 180-room Skopje Marriott Hotel is expected to open in Macedonia’s capital city in early 2013 and will be located in the heart of the city center. The Skopje Marriott Hotel will be the first managed, internationally branded hotel in Skopje.

“This is such an exciting project for us and we are thrilled to announce Marriott’s entrance in to The Balkans,” said Amy McPherson, Marriott’s President & Managing Director for Europe. “We recently announced our growth goal of doubling our portfolio in Europe and by entering new markets like Macedonia we are able to reach new customers and meet a real need in the market. We are confident the Skopje Marriott Hotel will be a success from day one.”
Macedonia, with a population of just over two million people, is located in the central Balkan peninsula in Southeastern Europe and is bordered by Kosovo, Serbia, Bulgaria, Greece and Albania. Skopje, Macedonia’s capital city, has a population of approximately 500,000 people and is the hub of business and government activity including boasting a new United States embassy opened in 2009.

A charming city with a fascinating history, Skopje is located in the northern part of Macedonia with the beautiful Vardar River flowing through the city. The Skopje Marriott Hotel will be located in the city square, the hub of business and social activity, near the Stone Bridge which represents the connection between Skopje’s past and present.

The Skopje Marriott will feature stylish guestrooms with plush bed and bath linens, flat screen televisions, and high-speed internet access.

Marriott Hotels & Resorts is Marriott International’s iconic business brand and flagship, inspiring performance during travel and helps guests work, relax and recharge in their own way, in nearly 500 hotels in 60 countries.

Visit Marriott International, Inc. (NYSE: MAR) for company information. For more information or reservations, please visit our web site at www.marriott.com, and for the latest company news, visit www.marriottnewscenter.com

http://news.marriott.com/2010/05/marriott-announces-first-hotel-in-the-balkans.html#more - извор


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-May-2010 at 14:47
Не ми е јасно само зошто лажат . Не е дека Холидеј Ин и Бест Вестерн не се интернационално брендирани хотели (независно дали се од послаб ранг). Можеби сакаат да кажат дека Мериот и ќе го менаџира хотелов а нема само да ја дава франшизата?

А тука е и Радисон Блу кој иако е стопиран сепак води пред Мериот


Posted By: Djole88
Date Posted: 20-May-2010 at 14:51
да да, во насловот пишува : Managed , Internationally branded hotel што значи они ќе го менаџираат


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 20-May-2010 at 15:16

Токму тоа сакаат да кажат Пбанкс, дека не е само франшиза, туку менаџиран од Мериот, а не од еди кој си ко Холидеј Ин или Бест Вестерн кој патем ги држи ист човек (група на луѓе, како и уште 5-6 други хотели), кои само користат лого..

Радисон Блу засега единствено води во замајување на јавноста Big%20smile



Posted By: pbanks
Date Posted: 20-May-2010 at 15:30
Originally posted by SkyBoy

Токму тоа сакаат да кажат Пбанкс, дека не е само франшиза, туку менаџиран од Мериот, а не од еди кој си ко Холидеј Ин или Бест Вестерн кој патем ги држи ист човек (група на луѓе, како и уште 5-6 други хотели), кои само користат лого..


Јасно, знаеме кој е за Холидеј ин итн... Но не ја гледам предноста во тоа директно Мериот да го држи хотелот, и кога добиваш франшиза мораш да исполниш стандарди и услови... Или исправи ме можеби грешам околу немањето разлика?


Originally posted by SkyBoy

Радисон Блу засега единствено води во замајување на јавноста Big%20smile




Па добро, Мериот мора да изгради барем подрум за да го едначиме со Радисон Блу


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 20-May-2010 at 15:53

Rollin

Па со оглед на темпото на радисон.. навивам за Мериот!

Да, со договор за франшиза превземаш обврски (за сметка на бенефити од користење на логото) да квалитетот на услугите го изедначиш со оној на оригиналните Холидеј Ин хотели, што би рекло да воспоставиш стандарди својствени за Холидеј Ин.

Имаш контрола од централата на Холидеј Ин еднаш до двапати годишно (точно на колку време незнам како е организирано) и толку. Е сега со тек на време дали тоа излитува, дали имаат некакви специјални обуки, итн итн незнам (јас лично сум скептик), менаџерите се сите тукашни, како ќе работиш - таков и профит ќе имаш, во менаџерскиот дел никој не ти се меша, освен што треба да и плаќаш на централата средства (обврска) за користење на логото/франшизата. 
 
Е сега не сум сигурен во случајов со Мериот дали ќе има странци менаџери, како што беше случајот со Телеком (Атила Сендреи се викаше?!), што би значело целосно менаџирање од страна на брендот (инвеститорот/сопственикот), а не малтене никакво мешање преку периодични контроли.
 
Значи иако навидум нема разлика, сепак суштински се разликуваат во делот на оперирање/менаџирање, контрола итн, што сигурно влијае на крајниот резултат (особено кога се македонци во прашање и нивниот хроничен несериозен однос). Да не ме држите за збор, јас површно објаснив како функционира договор за франшиза низ примерот на Холидеј Ин, а суштински/детално незнам како си се договорени.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-May-2010 at 15:57
Па... доколку го земам McDonalds (кој е франшизно присутен во МК) каде понекогаш за обичен сендвич се чека колку за оброк во вистински ресторан. Очигледно со франшиза може да се фаќаат кривини во однос на поставените стандарди од централата. 


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 20-May-2010 at 16:11
.


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 20-May-2010 at 20:14
Originally posted by pbanks

Јасно, знаеме кој е за Холидеј ин итн...


Јас се извинувам за офтопик, може да ми кажете кој стои зад Холидеј Ин? Ептен не сум упатен а навистина ме интересира...


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-May-2010 at 20:49
Македонија турист ги држи неколку познати хотели меѓу кои и Холидеј ин и Турист Бест Вестерн.

Од скоро и Белви е Бест Вестерн, знае некој дали и тој хотел го држат од МТ?


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 20-May-2010 at 21:02

Според последните истражувања што ги правев пред година-две МТ ги држат Јадран, Бристол, Турист (БВ), Холидеј Ин, Белви (БВ), Карпош и Водно



Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 20-May-2010 at 21:02
Сајтот вика да

http://makedonijaturist.com.mk//index.php?option=com_content&task=view&id=24&Itemid=42

Фала Пбанкс!


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 20-May-2010 at 21:05
Originally posted by pbanks


Од скоро и Белви е Бест Вестерн, знае некој дали и тој хотел го држат од МТ?
 
баш скоро не би рекол, едно 2 години минимум..
 
Едит: ако некого го занима веб
 
http://www.bestwestern-ce.com/turist - http://www.bestwestern-ce.com/turist
http://www.bestwestern-ce.com/bellevue-skopje - http://www.bestwestern-ce.com/bellevue-skopje


Posted By: Djole88
Date Posted: 22-May-2010 at 14:25
ај вака да се обидам да ви објаснам на кратко што точно значи франшиза, што менаџирање од самиот бренд.

Франшиза значи откупување на права, обврски, know-how и брендот(име, лого, амбалажа итн итн) од страна на некој поединец или компанија. Како пример ќе ви кажам за кафулето Хард Рок (не мешајте со нашето Хард Рок). Има две варијанти да дојде во Македонија, сум испитувал и вака е на кратко. Прва варијанта, ако некој има 2 милиони долари во кеш, пишува маил до нив, доаѓа нивни човек и почнувате со уредување по негов налог. Значи од салфетки, до плочки, бои, дезени и сл. Втора варијанта е доаѓа менаџментот од Хард Рок и гледа добар пазар тука и отвара кафуле, во кое става нивни главен менаџер, а вработува наши луѓе. За уредувањето исто така

Значи на кратко сумирано, кога е франшиза, наша фирма би менаџирала со Мериот, под раководство од нивната интернационална канцеларија. Со оглед на тоа каков менталитет имаме, ова не е баш добро решение, зошто по некој период ќе има потплаќања за да се намали квалитет на услуга и слични прерипувања на процедури. Во случајов, Мериот би требало да назначи некој нивни човек да биде менаџер во Мериот Скопје, таа фирмата од СК ќе им помага со преводи, обезбедување документи, дозволи и слично, а внатре немаат удел ни 1%.

Е сега кај нас како ќе функционира ќе видиме, прво нека го изградат, нека проработи па ќе видиме што ќе биде


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jul-2010 at 14:56
Некој асфалт има искршено тука. Може би се отвара градилиште...




Posted By: lupo
Date Posted: 21-Jul-2010 at 17:09

Ajdeeee airlija rabota samo drvava da ne gi secat Ohno



Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 27-Aug-2010 at 17:24
pocnata e ovde rabotata? samo da ne dopisat uste nekoj sprat , drugo so sakat neka prat 


Posted By: OKA
Date Posted: 27-Aug-2010 at 17:28
Originally posted by G.I. Joe

pocnata e ovde rabotata? samo da ne dopisat uste nekoj sprat , drugo so sakat neka prat 
Сé уште не! Прекопот (во меѓувреме е истампониран и нареден бекатон) на погорните фотки е крпеница од Градот, за да може да „се истеглат” уште две-три места во централната, „90денаридвачаса” паркинг зона.


-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 27-Aug-2010 at 17:37
fala OKA


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 25-Nov-2010 at 12:21
Сепак има надеж за хотелов

На плоштадот ни М од луксузниот хотел „Мериот“

Изградбата на хотелот требаше да почне во август, но поради некои проблеми со обезбедувањето на потребната документација, инвеститорите доцнат неколку месеци


     
     
Петте ѕвездички на хотелот „Мериот“, чија изградба требаше да почне пред неколку месеци на плоштадот „Македонија“, никако да засветат. Фирмата „Дивелоп груп“, заедно со една од најелитните компании во областа на хотелиерството „Мериот интернационал“, почетокот на градбата го најави за август, но еве поминаа речиси четири месеци, а на земјиштето наменето за изградба на хотелот нема удрено ниту една лопата. Во круговите на градежниот бизнис сé погласно се говори дека работата е запрена поради две причини. Првата причина е дека инвеститорите бараат од општината Центар да им дозволи да изградат неколку ката плус, поради што мора да се менува деталниот урбанистички план за Малиот ринг, во кој е планирана и маркичката за хотелот. А втората е намерата на инвеститорите да го препродадат земјиштето.

Од „Дивелоп груп“, кои ќе се и инвеститори на изградбата на овој светски бренд хотели, ни изјавија дека од надлежните на општината Центар не побарале измена на катноста. Хотелот ќе се гради според важечката маркичка П + 8 ката.

- Точно е дека малку доцниме, подготовките и администрацијата ја оддолжија изградбата. Во моментов на терен се прават последните подготовки. Деновиве треба да ги поднесеме документите за добивање локациски услови до општината Центар, по што ќе почне градењето - вели Александар Ивановски, генералниот директор на „Дивелоп груп“.

На прашањето дали планираат да го препродаваат земјиштето на друг инвеститор, Ивановски ни рече дека по сите маки што ги поминал за да дојде до ова приватна парцела во центарот на градот, а особено за да го донесе овој светски бренд кај нас, вакво нешто не му паѓало на ум.

Надлежните од општината Центар, пак, молчат околу тоа дали се крчка нова измена на ДУП за Малиот ринг.

Луксузниот хотел со квалификација „5 с“ треба да се изгради на површина од 20.000 квадратни метри, на плоштадот „Македонија“, спроти кафулето „Тренд“ и пабот „Лондон“. Објектот ќе располага со 180 соби, 16 луксузни и еден претседателски апартман, две сали, спа-центар, како и градина со базен на највисокиот кат. Хотелот ќе се гради во артдеко-стил, а идејното решение е дело на австриски архитекти, но во изградбата на хотелот ќе помагаат и домашни фирми.

Во мај, годинава, кога беше најавена изградбата на „Мериот“, по чаршијата се слушнаа муабети дека за плацот се води имотно-правен спор, поради што и не може да се изгради хотел на таа локација. Генералниот директор на „Дивелоу груп“ тогаш појасни дека плацот е купен од приватен сопственик, кој не сака да му се открие идентитетот во јавноста и дека за земјиштето нема никакви проблеми со денационализација.

Вкупната инвестиција за хотелот е 37 милиони евра. Дел од парите е обезбеден од капиталот на фирмата, а преостанатиот преку кредити од наши и светски банки. Според Ивановски, со изградбата на овој хотел ќе се отворат 700 работни места.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11251010252&id=14&setIzdanie=22142 - http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11251010252&id=14&setIzdanie=22142

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 25-Nov-2010 at 13:01
mnogu e p + 8 .. si igrat igracki so visinite 


Posted By: lupo
Date Posted: 25-Nov-2010 at 13:21
Mislev deka ke bide P + 5-6 kata. Stvarno e mnogu. Toa bi doslo kolku visinata na Narodna banka ( na plostad).

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 25-Nov-2010 at 13:32
3 milioncinja imat od kat , pa sega drugoto ne e bitno 


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 26-Nov-2010 at 12:41
Наводно најдоцна до пролет треба да почне изградбата,мене ме плаши какви се тие измени во надворешниот изглед,затоа што овај ми беше еден од ретките објекти од барокниве што ми беше симпатичен.

Хотелот „Мериот“ се сопна на салата за свадби

Од „Дивелоп груп“ тврдат дека корекциите на проектот биле причина за одолжување на реализацијата на терен

Деспина Трајковска


Изградбата на хотелот „Мериот“ се сопна на салата за свадби што треба да биде составен дел на луксузниот објект. Но, Амриканците не се откажуваат од влез во хотелскиот бизнис во државава. Иако уште во мај спектакуларно беше најавена изградбата на хотелот во срцето на Скопје, а на терен нема ни трага од него, од „Дивелоп груп“, македонската компанија, која планира да инвестира во објектот, тврдат дека тој дефинитивно ќе биде изграден до пролет 2013 година. Измените во проектот биле главната причина зошто и по половина година од неговата презентација, инвеститорите уште не побарале градежна дозвола.

Александар Ивановски, генерален директор на „Дивелоп“, вели дека на 14 декември се очекува изменетиот проект за хотелот да добие виза од централата на „Мериот“ во Вашингтон.

„Инсистиравме на поголема сала за венчавки, што автоматски предизвика низа неопходни корекции во идејниот проект што го презентиравме во мај. Со оглед на тоа дека станува збор за сериозна компанија, нема простор за импровизација и сите потребни активности се работат фазно, според американски стандарди. Тоа значи дека беше неопходно да се зголеми бројот на излези за вонредни ситуации, да се направи корекција во однос на дел од коридорите, и генерално се менуваше првично планираната инфраструктура во објектот. Истовремено се коригираше и идејното решение на фасадата, која во основа останува во презентираниот арт-деко стил“, објаснува Ивановски и категорично ги демантира се' почестите шпекулации дека од „Дивелоп“ се прецениле кога влегле во партнерски односи со хотелскиот бренд и од тие причини се откажале од проектот, па дури и планирале и да го продадат земјиштето на трето лице.

Според процените на Ивановски, изградбата на хотелот би започнала најдоцна до пролет. Ќе се гради на површина од 20.000 квадратни метри, во зеленилото спроти кафулето „Тренд“. Фасадата на објектот ќе има арт-деко стил, спој на модерен и историски изглед со модерен луксузен ентериер. Хотелот ќе има 180 соби, 16 луксузни апартмани, еден претседателски апартман, спа-центар, градина на највисокиот кат... Вкупната инвестиција на „Дивелоп груп“ е околу 38 милиони евра, пари што ги обезбедила компанијата, генерално, преку кредити од наши и од странски банки.

Изградбата на „Мериот“, всушност, ќе значи изградба на прв хотел од ваков ранг во Македонија и воопшто на Балканот, прв брендиран хотел во Скопје интернационално управуван.


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=8C77D14F2FC28E4399EA5A2B3CF168DD - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=8C77D14F2FC28E4399EA5A2B3CF168DD

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Рок-Барок
Date Posted: 28-Apr-2011 at 21:17
Што се дешава со Meриот..Има ли некои најави,ќе почне ли да се гради или заглави проектов Question


Posted By: dimemk
Date Posted: 26-May-2011 at 10:25
prestavnici od Meriot bea vo Skopje i Ohrid i Gevgelija za lokacii na rugi hoteli. Shto se slucuva vo Skopje - ne znam.....??


Posted By: xnx
Date Posted: 26-May-2011 at 10:30
jas znam deka proektot e gotov i kaj i da e ke pocne. no ako se smeni vlasta mislam deka cel mal ring ke se stopira...


Posted By: xnx
Date Posted: 23-Jun-2011 at 20:57
deneska primetiv deka se sprema ograduvanje na gradilisteto


Posted By: alexgizh
Date Posted: 23-Jun-2011 at 21:41
Супер! Знам дека некои од хотелскиве ланци имаат предуслов да се наоѓаат/да имаат поглед кон монументални зданија и споменици. Можеби и не е коинциденција што 2-3 дена по поставувањето на Александар се случува и ова.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: WNBARCH
Date Posted: 24-Jun-2011 at 10:24
May 17, 2010
Marriott Announces First Hotel in the Balkans
Skopje Marriott Hotel Will Be First Managed, Internationally Branded Hotel in Macedonia

Marriott International today announced it will open its first hotel in Macedonia under management agreement with DivelopGrupDooel. The 180-room Skopje Marriott Hotel is expected to open in Macedonia’s capital city in early 2013 and will be located in the heart of the city center. The Skopje Marriott Hotel will be the first managed, internationally branded hotel in Skopje.

“This is such an exciting project for us and we are thrilled to announce Marriott’s entrance in to The Balkans,” said Amy McPherson, Marriott’s President & Managing Director for Europe. “We recently announced our growth goal of doubling our portfolio in Europe and by entering new markets like Macedonia we are able to reach new customers and meet a real need in the market. We are confident the Skopje Marriott Hotel will be a success from day one.”
Macedonia, with a population of just over two million people, is located in the central Balkan peninsula in Southeastern Europe and is bordered by Kosovo, Serbia, Bulgaria, Greece and Albania. Skopje, Macedonia’s capital city, has a population of approximately 500,000 people and is the hub of business and government activity including boasting a new United States embassy opened in 2009.

A charming city with a fascinating history, Skopje is located in the northern part of Macedonia with the beautiful Vardar River flowing through the city. The Skopje Marriott Hotel will be located in the city square, the hub of business and social activity, near the Stone Bridge which represents the connection between Skopje’s past and present.

The Skopje Marriott will feature stylish guestrooms with plush bed and bath linens, flat screen televisions, and high-speed internet access.

Marriott Hotels & Resorts is Marriott International’s iconic business brand and flagship, inspiring performance during travel and helps guests work, relax and recharge in their own way, in nearly 500 hotels in 60 countries.

Visit Marriott International, Inc. (NYSE: MAR) for company information. For more information or reservations, please visit our web site at www.marriott.com, and for the latest company news, visit www.marriottnewscenter.com.

Connect with elizabeth.caminiti@marriott.com

Posted by NewsCenter at 09:40:52 AM in Marriott, new hotels

http://news.marriott.com/2010/05/marriott-announces-first-hotel-in-the-balkans.html


Posted By: WNBARCH
Date Posted: 24-Jun-2011 at 10:26
Europe (4 hotels)
• 224-room Krasnodar Marriott Hotel, Russia (2012)
• 152-room Marriott Amburan Beach, Baku, Azerbaijan (2013)
• 272-room Marriott Helsinki Espoo, Finland (2013)
• 180-room Marriott Hotel Skopje, Macedonia (2013)

http://news.marriott.com/2011/06/marriott-hotels-resorts-announces-global-pipeline-of-nearly-50-new-hotels-and-resorts-.html


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 24-Jun-2011 at 11:13
beautiful Vardar River

Одлична вест... Па, ај да ги видиме.


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: makonix
Date Posted: 25-Jun-2011 at 18:32
se nadevam i hotelot do nego ke pocne da se gradi istovremeno i oficirski od cisto prakticni pricini. Gostite vo Mariot ke bidat maltretirani sekoj den od bucava i gradba.Taka da najdobro e cel toj del okolu plsotadot da se zavrsi nekade vo isto vreme za da ne se premeti rabotata na tak renomirani hoteli.


Posted By: MGS
Date Posted: 25-Jun-2011 at 19:50
некакви сигнали за почеток на градба има???


Posted By: theone
Date Posted: 25-Jun-2011 at 22:24
Само што пројдов низ плоштад, просторот е веќе ограден.


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 26-Jun-2011 at 00:45
super ! znaci kaj da e za nekolku meseci ke pocnat so iskopot Big%20smile


Posted By: Phalanx
Date Posted: 26-Jun-2011 at 02:39
Mos na live camera nesto ke se vide... (temno e sega, ne gledam nisto)

http://www.travelcams.net/network/camera/live-webcams/europe/macedonia/skopje.html


-------------


Posted By: strajk
Date Posted: 27-Jun-2011 at 14:51
Podgotovki za gradenje na hotel Marriott http://tocka.com.mk/index12.php?ID=44789


-------------
ФК Вардар гордоста на Скопје


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jun-2011 at 14:51

На плоштад се отвора градилиште за „Мериот“

На плоштадот од викендов интензивно се подготвува градилиште наменето за изградба на хотелот „Мериот“ во кој ќе инвестира македонската компанија „Дивелоп груп“. Се оградува зеленилото спроти кафулето „Тренд“ на кое на површина од 20.000 квадрати за две години се очекува да биде изграден првиот брендиран хотел воопшто во државава интернационално управуван. Инвеститорите минатата недела ја добиле градежната дозвола и наскоро се очекува и да го официјализираат почетокот на изградбата. Таа, всушност, досега веќе требаше да биде во понапредна фаза, но официјално се пролонгираше поради измена во делови од проектот. Според конечната замисла, фасадата на објектот ќе има арт-деко стил, спој на модерен и историски изглед со модерен луксузен ентериер. Хотелот ќе има 180 соби, 16 луксузни апартмани, еден претседателски апартман, спа-центар, градина на највисокиот кат... Вкупната инвестиција на „Дивелоп груп“ е околу 38 милиони евра.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=713A413E9D5F9A4B89EAC7513FE2BB99


Posted By: 4skopje
Date Posted: 27-Jun-2011 at 17:41
Mi se sviga gradinata na najvisokiot  kat Yes !


Posted By: MGS
Date Posted: 27-Jun-2011 at 17:44
До сега Александар Палас беше репер за луксузен хотел.Со изградба на Мериот критериумите драстично ќе се зголемат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jun-2011 at 04:19
Архитект е Оливер Масабни од Австрија и се спомнува како архитект и на другиот хотел а тој е во пакет на Офицерски. Бешпе гостин кај Миленко неколку дена одкога се презентираше клипот  Скопје 2014 и после тоа доаѓаше на некои трибини. Од страницата негова ги има основите во лоша резолуцуја, а се наоќа и некаква мериот резиденција што по описот одговара на локацијата за до офицерски хотелот. Шилестите куполи и од едната страна отсапувањето е заради спојката со офицерски.

Hotel Marriott Skopje

FYR Macedonia | Skopje | since 2010
business-hotel | 169 rooms
design and overall planning

The first five-star luxury hotel, according to international standards, in Macedonia will be erected at the main square in Skopje. In designing and planning, we not only put great emphasis on modern, technical and environmental needs of our time but also on the history of the traditional city. The square is marked by the earthquake of 1963, which destroyed great parts of the city. According to a national team of experts and the Government a reconstructed main square would contribute to the strengthening of the identity of the inhabitants with their city. In this sense, the facade mirrors elements of the destroyed architecture and contributes to a harmonious ensemble.
Marriott was obtained as an operator for the hotel. The modern interior of the house is going to set new standards for the group worldwide.
Construction will begin in April 2011 and will be completed in February 2013.















http://www.massabni.at/projects-2/hotel-marriott-skopje/?lang=en



Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 29-Jun-2011 at 11:46
Се подготвува теренот за „Мериот“ во центарот на Скопје

Со полна пареа се подготвува теренот, во непосредна близина на „Македонски телекомуникации“ на скопскиот плоштад ќе никне хотелот „Мериот“ - инвестиција на македонската компанија „Дивелоп груп“. Светскиот ланец хотели наскоро со уште една алка, овојпат во Македонија. Луксузно здание со пет sвезди, 180 соби, 17 луксузни апартмани, од кои и еден за престој на претседатели, градина на највисокиот кат, спа центар.
24 илјади квадратни метри е вкупната површина на хотелот, изградбата треба да финишира во 2013-тата година.Со фасадата во арт деко стил објектот треба целосно да се слее во имиџот кон кој цели градот, внатрешноста пак ќе понуди модерен луксузен стил. Градежната дозвола инвеститорите ја добиле минатата недела, наскоро ќе го официјализираат почетокот на изградбата.
Во над 70 земји има околу 2000 вакви хотели, скопскиот „Мериот“ треба да понуди потполно исти услуги како и оние во другите земји, но најавите се дека кај нас, цените ќе бидат подостапни. 38 милиони евра е вкупната инвестиција на „дивелоп груп“. Ова ќе биде прв хотел на „Мериот“ во земјите од поранешна Југославија.


http://www.24vesti.mk/Sodrzina/ - http://www.24vesti.mk/Sodrzina/

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: makonix
Date Posted: 01-Jul-2011 at 15:10
crno beli sliki












Posted By: axel
Date Posted: 14-Jul-2011 at 06:36

Почна изградбата на хотелот „Мериот“

На плоштадот Македонија почна изградбата на луксузниот хотел со пет ѕвездички „Мериот“.

Просторот во зеленилото пред кафулето „Тренд“ веќе неколку дена е ограден, градилиштето е формирано, а теренот се копа. Хотелот „Мериот“ ќе го гради македонската компанија „Дивелоп груп“. Скопскиот објект на светскиот хотелски синџир ќе има 180 соби, 17 луксузни апартмани, градина на највисокиот кат и спа-центар. Изградбата ќе чини 38 милиони евра, а отворањето се очекува во 2013 година.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9747B224C135EA46A35B5A2ACA71C712


Posted By: lupo
Date Posted: 15-Jul-2011 at 13:52
Убаво е, ќе се вклопи со Ристичева

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: gjoko
Date Posted: 02-Sep-2011 at 08:27
денес после подолго време гледам багери работат на ископ на земја,мрдна работата од мртва точка


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Sep-2011 at 18:02


Posted By: gjoko
Date Posted: 07-Sep-2011 at 18:29
ќе се фрла лопата со црвена панделка набрзо,така изгледа


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Nov-2011 at 17:08
1


2


3



Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 09-Nov-2011 at 20:17
Хотелот без околина


Posted By: dimemk
Date Posted: 28-Nov-2011 at 12:10

Sto se slucuva so hotelot ??



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Nov-2011 at 00:27


Ништо особено, поминав пред десетина дена, се чепкаше по нешто во дупката...


Posted By: axel
Date Posted: 02-Dec-2011 at 12:15

Градот ќе расте надолу и покрај подземните реки

Експертите предупредуваат дека треба многу да се внимава на изборот на градежен материјал и на техниките за испумпување на водата

 
 
%20  

Темелите за хотелот „Мериот“ до плошадот Македонија се полни со вода

Скопје лежи на вода. Во централното градско подрачје на десетина метри под земја како да тече уште еден мал Вардар. Длабочината на подземните текови и количеството вода зависи од локацијата и се движи од неколку до повеќе десетици метри, велат експертите. За градежниците, кои често се судруваат со оваа појава, подземните води не се проблем, само поскапо решение. Прашањето на подземната хидрологија станува особено актуелно по најавите дека освен над земја, градот во иднина ќе расте и под земја, со изградба на подземната сообраќајница на кејот на Вардар, како и на подземните паркиралишта за речиси сите објекти во централното градско подрачје. И земјиштето за хотелот „Мериот“, спроти кафулето „Тренд“, веќе неколку месеци е оградено и ископано, но наместо темели можат да се видат само два базени полни со вода, иако врнежи нема со недели. Причина се токму подземните води.

Александар Ивановски, извршен директор во фирмата „Дивелоп груп“, која го гради објектот, вели дека подземна вода има насекаде низ градов и дека тоа воопшто нема да им биде проблем за да го изградат хотелот. Градежните инженери и експерти што ги консултиравме се согласуваат во констатацијата дека објектите што се градат под земја се само поскапо решение, но не претставуваат никаков проблем при изградбата на подземните објекти за кои треба да се вкопа подлабок темел. Тие само предупредуваат дека треба многу да се внимава на изборот на градежен материјал и на техниките за испумпување на водата.

- Со добар избор на материјали за изградба, подземните води, воопшто нема да прават проблеми. Секако тоа е поскапо решение и ја одолговлекува изградбата на објектите, но ако квалитетот на бетонот е соодветен за изградбата на даден објект, подземните води лесно се регулираат.

Постојат пумпи со кои лесно може да се извади целата вода, а потоа со непропуштен бетонски слој да се направи изолација преку која подземните води нема да можат да пробијат - вели Горан Марковски, професор на Градежниот факултет. Тој смета дека многу поисплатливо е подземни паркиралишта да се градат под земја наместо со тоа да се оптоварува центарот на градот. Од досегашните испитувања може да се претпостави дека на најмала длабочина од површината на земјата вода се појавила во Буњаковец и во Дебар Маало, на ниво од само четири метри.

Мите Јовановски, сопственик на земјиштето зад Собранието, каде што треба да се гради подземна катна гаража, вели дека ги направиле сите потребни истражувања, кои покажале дека подземна вода има на 11 метри, но тоа нема да биде пречка за реализација на инвестицијата.

Според Стојан Велковски од Институтот за подземни води-Скопје, сите што градат објекти под земја ќе се соочат со подземните води, но со користење на соодветна опрема тоа не би требало воопшто да биде проблем.

- Подземните води во скопската котлина се на повисоко ниво и можно е да им пречат на оние градби што треба да бидат под земја. Мислам дека пред некое време имаше и стопирана изградба на објекти, кои се соочија со голем проблем. Сепак, сметам дека сé зависи од технологијата што се користи додека се гради објектот - вели Велковски.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1221195407&id=14&prilog=0&setIzdanie=22446


Posted By: AnonymouS
Date Posted: 19-Dec-2011 at 15:58
Нема за што да се грижиме, има напредна технологија, напредни методи за решавање на овој проблем.

-------------
Yes i recognize the irony, the system I oppose affordrs me the luxury of biting the hand the feeds thats exactly why privalleged fucks like me, should feel obliged to whine and kick and scream


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 30-Jan-2012 at 14:38



-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 30-Jan-2012 at 14:38
Slikata e od lokacijata kade treba da se gradi hotelot nasproti trend

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: xnx
Date Posted: 30-Jan-2012 at 15:37
mnogu mi se dopaga agolov... me interesira kako ke se vklopi objektov so san marko, mislam deka ke bide interesen kontrast i se nadevam ubavo ke izgleda


Posted By: Čento
Date Posted: 30-Jan-2012 at 17:11
Originally posted by Obedineta Makedonija



Ohno

Леле, да не го отпуштат проектот?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2012 at 21:28
Мислиш да го откажат? Нема шанса... Само ќе ги чини малку повеќе


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 30-Jan-2012 at 21:52
Хм, зошто би го откажале ? Овој проблем со подземни води е решлив во денешно време, има секаков вид на технологија, односно пумпи и материјали кои се наменети за овој тип проблем.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 30-Jan-2012 at 22:00
Што да кажат Холанѓаните.
Подземни води има секаде. А кога успеале на времето машинската соба на МНТ да ја сместат под семја и одма до Вардар ќе успеат и објект кој е на 100 метри од Вардар да изградат.
Е сега ако излезат некој ујдурми може ова да го користи инвеститорот како аргумент.


Posted By: Block
Date Posted: 03-Feb-2012 at 17:16
Отиде зеленилото јабана



Print Page | Close Window