build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Куќни совети и Закон за домување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Куќни совети и Закон за домување
    Posted: 07-Jun-2009 at 16:00
Ова е многу битна тема. Ако вакво нешто се имплементира сериозно ќе се подобри изгледот на градот бидејќи реално не е се до градските власти во ОГРОМНА мерка се криви и граѓаните.

Јанакиевски: Целосно уредување на односите на домувањето со новиот Законот

“Со донесувањето на новиот Закон за домување ќе се овозможи целосно уредување на односите во областа на домувањето, се со цел прецизно регулирање на правата и обврските на сопствениците на становите во станбените згради“, изјави на денешната прес конференција министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски образложувајќи ги решенијата на Законот за домување.

Една од новините која се предвидува Законот, е определувањето на управител на станбени згради со повеќе од двајца сопственици или повеќе од осум посебни делови.

“Со ваквото решение ќе се обезбеди посоодветно одржување на станбената зграда согласно современите стандарди. Законот дава можност сопствениците, докололку не назначат управител, да основаат заедница на сопственици којашто ќе ги врши работите на управување со станбената зграда. Со Законот се пропишува обврска за сопствениците во станбената зграда за основање на резервен фонд со кој ќе се покриваат трошоците за инвестиционото одржување, а обврската за раководење со средствата ќе биде дадена на управителот“, истакана Јанакиевски.

Значајна промена се прави во уредувањето на закупничките односи при што се дефинираат видовите на закуп. Во законот, детално се разработени односите помеѓу закуподавецот и закупецот, односно нивните права и обврски, односно, децидно е пропишана содржината на договорот за закуп, продолжувањето на договорот, како и неговото раскинување.

Со одредбите на предлогот на законот предвидено е за лицата во социјален ризик и други ранливи групи, кои користат стан под закуп со непрофитна закупнина, да имаат право на субвенционирање на закупнината.

Како суштински прашања министерот посочи дека издвојувањето на средства во посебни фондови во општините за изградба на непрофитни станбени згради со таканаречени социјални станови, можност што со законот за прв пат им се дава на општините.

“Во рамките на надлежностите на државата а и за првпат и на општините во домувањето (уште еден дополнителен чекор во процесот на децентрализација), со предложените решенија им се дава можност да основаат фондови за домување, со кои ќе се поттикнува развојот и изградбата на објектите за домување, обезбедување на средства и заеми за изградба и продажба на станови, односно реализирање на програмата за домување, а исто така, се предвидуваат задолжителни регистри на станбените згради, станови, договрите за закуп и управителите“, додаде Јанакиевски.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=57106&kategorija=1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Jun-2009 at 03:23
НМеодамна ја разглабавме темава на пошироко и особено ми се допаќа идејата за резервниот фонд за инвестиционо оддржување. Исто така добар дел е со намерата да се регулираат односите за закупците каде досега немаше некој унифициран договор па се случуваше кај различни нотари да се најдат различин договори, па понекогаш граѓаните сами да доваат или одземаат клаузули што дополнително ги заплеткуваше облигационите односи и делумно учестувавше во зодавање долгорочни судски процеси.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5389
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Jun-2009 at 03:15

Кој не плаќа чистачка - 300 евра казна

Домарот ќе се грижи за одржување на заедничките простории на станбената згра­да, и за тоа станарите ќе му исплатат одреден надомест

Сопс­тве­ни­ци­те на станови во иднина ќе можат да бидат казнети со глоба од 300 евра ако не се грижи за одржувањето на станбената зграда. Ваква казна е предвидена во но­ви­от закон за домување, за кој наскоро треба да расправа Собранието на Ма­ке­до­ни­ја.
Ако се донесе овој закон, со казна од една просечна македонска плата ќе се казни се­кој станар што нема да плати за тековно одржување на заедничките делови на згра­да­та, како што се скалите, влезните ветробрани, ходниците, просториите за ве­ло­си­пе­ди, пералниците, сушилниците, заедничките подруми и засолништа, тавани и друго.
Ис­та­та казна ќе ја платат сите станари што нема да одредат управител или до­мар кој, според овој закон, ја презема обврската за одржувањето на згра­да­та. За таа услуга на домарот станарите ќе му исплатат надомест, во спро­тив­но, ризикуваат да бидат казнети.
До­ма­рот е должен да се грижи за поправки од помал обем, како што се замена на светилки, приклучоци, мали молерски работи, замена на резервни де­ло­ви. Трошоците за поправките ги поднесуваат станарите, а домарот го рас­пре­де­лу­ва трошокот сразмерно на големината на станот.
Ис­то така, казна од 300 евра ќе заработат граѓаните што издаваат или ко­рис­тат стан под закуп без склучен договор за закуп.
За­ко­нот предвидува казни и за домарот и за Регулаторната комисија за до­му­ва­ње, која е одговорна за издавање на лиценците на домарите и за сле­де­ње на нивната работа. Казните за домарот и РКД ако не работат спо­ред законските надлежности се повисоки, и изнесуваат од 400 до 800 евра. (Н.С.)


Вест

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 01-Jul-2009 at 12:51
Нашиот народ изгледа има вроден отпор кон организација и воведување ред и одговорност  Roll%20eyes
Кога го критикуваат предлог законов, повеќето очигледно не ни помислуваат на моменталната катастрофална ситуација. Претпочитаме безредие, импровизирање и пропаѓање, наспроти регулирање на работите.

Не гледам ништо спорно во законов, но пресудно е како би се спровел.



ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ ОТВОРИ МНОГУ ДИЛЕМИ

Ред или комликации во зградите

Граѓаните имаат поделено мислење околу тоа дали определувањето управители ќе им го олесни животот во зградите и не се согласуваат да плаќаат повеќе давачки отколку досега


Граѓаните што живеат и работат во колективни станбени објекти имаат поделено мислење за тоа дали одредбите во новиот закон за домување ќе им го олеснат или ќе им го отежнат живеењето во зградите. Многумина не се согласуваат со новите давачки што ги наметнува законското решение за полнење фондови за редовно и инвестициско одржување на зградите, а најмногу реакции има на одредбата со објектите да управуваат лиценцирани и регистрирани управители. Мене најмногу ме интересира колку сето тоа ќе ме чини. Јас живеам сама и можам да поднесам да одвојам мал дел од мојот буџет за да ги платам сите нови давачки. Но имам соседи што се мошне сиромашни и кои одвај преживуваат, па не знам како тие ќе се снаоѓаат. Месечно плаќаме по 300 денари за струја, светилки и за чистачка. Ако и натаму остане на оваа сума, во ред е, но ако треба да се плаќа повеќе, тогаш не знам како ќе биде - вели Надежда Н. од Кисела Вода.Таа се прашува кој и како ќе ја контролира работата на управителот.

- Тој ќе има доста пари и ќе може да управува со повеќе згради. Кој ќе гарантира дека парите што сме ги собрале за нашата зграда, нема да се потрошат на некоја друга. Како ќе знаеме дека управителот нема да не' поткраднува - вели таа.Од друга страна, според мислењето на нашата сограѓанка, добро е што конечно ќе може да се воведе ред околу плаќањето на штетата што ќе настане во нејзиниот стан по вина на некој од соседите.  Ако кај мене повторно се направи поплава од пукната цевка кај соседот одозгора, со помош на управителот ќе можам да го натерам соседот да ми ја надомести штетата. Досега немаше начин да се стори тоа - додава Надежда.

Отуѓени соседи Ќе носат важни одлуки

Некои граѓани се задоволни од понудените решенија, оти сметаат дека тие конечно ќе стават ред во заедничкото живеење во зградите. Други, пак, се скептици и сметаат дека законот не може да се спроведе кај нас, оти немаме соодветна свест за потребата од организирано управување со зградите.

- Ние не можеме да избреме куќен совет, а камоли управител. Овие мерки само ќе ни го отежнат животот. Зар јас за во мојата зграда, за менување светики да ангажирам човек однадвор? Па ние не сме запад, каде што има цели приватни населби за изнајмување станови, па да имаме такви управители - вели Марјан Б., кој живее во центарот. Тој смета дека и со сегашниот закон сосема добро се уредуваат односите во една зграда.

- За сите инвестиции може да се најде решение ако се согласат 50 отсто од станарите. Плаќаме по 200 денари месечно за лифтот. Ако не плаќаме редовно за осветление, и тоа е решено. ЕВН во јануарската сметка со дополнителни 600 денари го наплатува светлото во влезот за целата година. Зошто сега да работиме како фирма? Ако оствари зградата профит, и данок ли ќе плаќаме? Зошто управител да води сметка кој издава станови без склучени договори, кога за тоа е надлежна Управата за јавни приходи - се прашува нашиот соговорник.Скопјанецот Мите Б., пак смета дека тешко ќе се донесуваат одлуките во поголемите згради со над 40 стана.

- Ние сме отуѓени соседи, не се познаваме и ни добар ден не си викаме. Сега треба да решиме за трето лице што ќе ни ја води зградата? Кој ќе решава за што ќе се потрошат собраните пари? Можеби едни ќе сакаат да се поправи нешто на покривот, други во подрумот или на приземјето - вели Мите.

Опозицијата против новиот закон

Собранието завчера и вчера расправаше за новите одредби, при што опозицијата изнесе низа забелешки, но сепак мнозинството одлучи дека предлог-законот за домување е прифатлив и може да се даде на второ читање. Пратениците од опозицијата не го поддржаа законот со образложение дека неговата практична примена ќе предизвика повеќе проблеми отколку што нуди решенија.

- Апелирам Министерството за транспорт и врски сериозно да ги согледа, анализира и да ги процени досега изнесените забелешки по предложениот текст. Во спротивно, законот ќе оди на штета на граѓаните - рече Марјанчо Николов од СДСМ.

Според него, новата правна рамка треба да важи само за новоизградените згради, а останатите доброволно треба да решат дали ќе постапуваат по одредбите од овој закон или ќе функционираат како досега, на ниво на куќни совети.Пратеникот Јован Лазаров од Социјалистичка партија нагласи дека законот ќе ги подобри условите во домувањето.

- Предлогот нуди решенија кои функционираат во некои од земјите на Европската Унија - посочи Лазаров.

Дел од пратениците од опозицијата рекоа дека одредбите им наметнуваат на граѓаните нови и непотребни давачки, дека не е пресметано како овој закон ќе се одрази на државниот буџет и дека законот се носи без да се даде прецизен податок колку точно граѓани живеат во станови, односно колкумина ќе бидат директно засегнати од новите правила. Тие подвлекоа дека идејата е добра, но предложениот закон е конфузен.

Со законот се предвидува секоја зграда со над осум стана да избере свој управител што ќе се грижи за тековното одржување. Управителот треба да поседува лиценца, да е регистриран во Централниот регистар, да има пет вработени, да пишува годишни финансиски извештаи и планови за работа, да ги застапува станарите пред институциите итн. Доколку станарите не одберат управител, заедничките одлуки ќе ги носи заедница на сопственици, која исто така мора да биде регистрирана. Со законот се исфрлени од употреба домарите и куќните совети, а се воведени два фонда во кои станарите ќе уплаќаат пари - еден за редовно одржување и резервен фонд. Висината на сумата што ќе ја уплатуваат за резервниот фонд ќе ја пропише ресорниот министер, а ќе зависи од староста на објектот, бројот на станови и видот на материјалот од кој е изградена зградата.

Соња Христовска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=31C61015300AD540A29AF5DBAE8D9115
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Jul-2009 at 15:14

Станарите ќе даваат до 50 денари за резервниот фонд за зградите

Резервниот фонд за одржување на зградите, кој е предвиден во новиот закон за домување, не претставува јавна давачка бидејќи средствата што сопствениците на станови треба да ги одвојуваат всушност претставуваат средства со кои тие самите ќе располагаат, се вели во соопштението од Министерството за транспорт во врска со Предлог-законот што е во собраниска процедура.

- Минималната висина на средствата што ќе се одвојуваат во овој фонд ќе биде пропишана со правилник, во зависност од бројот на становите и староста на материјалот од кој е изградена зградата. Согласно со правилникот, висината на средствата нема да го надмине износот од 0,5 до 1 денар на метар квадратен станбената површина. Тоа значи дека за просечен стан од 50 квадрати сопствениците месечно ќе треба да издвојуваат од 25 до 50 денари за резервниот фонд - се вели во соопштението.Од Министерството велат дека граѓаните и досега одвојувале пари за заеднички потреби за тековно и инвестициско одржување на зградата.

- Овој фонд не е јавна давачка, туку само една мерка за подобрување на одржувањето на колективните станови и згради. Со парите од овој фонд заедницата на сопственици или управителот на зградата ќе може итно да санираат штети настанати од поплави, пожари и слично. За просечна зграда од 20 станови, со просечна квадратура од 50 квадрати, месечно би се собирале од 500 до 1.000 денари, кои кумулативно за една година обезбедуваат доволно пари за решавање на инцидентните штети - велат во Министерството.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3B8EECA29C024C4BBAFCBBE378E1EDD3

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-Jul-2009 at 03:01

И куќите со три стана со управители

Според законот за домување со секој станбен објект во кој има повеќе од двајца сопственици на станови со посебни имотни листови ќе раководи или управител или заедница на сопственици

Секој објект за домување во кој има повеќе од тројца сопственици на станови ќе мора да има управител. Тоа значи дека ќе има управители и за семејните куќи, каде што на пример во посебни станови живеат родители и двајца браќа, кои имаат посебни имотни листови за својата сопственост. Воведувањето управители во станбените објекти е новина што е предвидена во законот за домување, кој е во собраниска процедура, на предлог од Министерството за транспорт и врски. Со предлог-законот е предвидено секој објект со над осум стана или со повеќе од двајца сопственици на станови да има управител што ќе раководи со тековното и со инвестициското одржување на зградата, но ќе има и други надлежности. Доколку станарите во еден објект не сакаат да одберат управител, со објектот ќе раководи заедница на станари.

КуЌи под водство

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, тврди дека во земјава нема семејни куќи со повеќе од двајца сопственици на станови.

- Законот не третира индивидуални куќи со едно семејство. Зборуваме за повеќе од двајца сопственици на станови во станбен објект. Во некоја куќа може да има и три фамилии, ама во имотниот лист има еден сопственик. Дали ќе има управител не зависи од бројот на семејства, туку од бројот на сопственици на посебни станови, со посебни имотни листови. Ретко има куќи со три различни имотни листа. Гледавме во Катастар кога го правевме законот, нема. Сите се, на пример, на татково име, на братово име или има до двајца браќа што живеат во една куќа. Затоа решивме објектите со над двајца сопственици да имаат управител. Доколку, сепак се најде куќа со три различни имоти листови, мора да има управител. Тоа може да биде и еден од сопствениците - вели министерот Јанакиески.

Во Катастар велат дека не водат статистика за тоа колку посебни имотни листови има во објектите за домување и не можеа да одговорат колку семејни куќи има во Македонија со над двајца сопственици на станови.

Според пописот на населението и имотот од 2002 година, во земјава има вкупно 446.235 објекти за домување. Од нив околу 320.000 се приземни куќи, 106.000 се со приземје и кат, 18.204 објекти имаат од два до четири ката, 1.954 објекти се со височина од пет до 10 ката, а 150 згради имаат од 10 до 20 ката.

Управител како дополнителна деЈност

Според предложениот закон, секој што сака да биде управител мора да биде заведен во Централен регистар и да има лиценца која ќе се плаќа по 150 евра. Еден управител мора да има и најмалку пет вработени, меѓу кои дипломиран економист, дипломиран правник и три технички лица.

Министерот вели дека управител на зграда е исто што и секоја нормална фирма во Република Македонија.

- Еден управител ќе си има регистрирана фирма во Централен регистар, може да си отвори некаде и канцеларија за себе и за вработените, ако сака. Со управувањето како дополнителна дејност може да се занимаваат и постоечките фирми ако се дорегистрираат и ако извадат лиценца. Фирмата не мора исклучиво да биде за управување со згради. Фирмата може да го прави тоа два часа во денот, а другите часови да поправа машини, електрика за куќи, на пример. Луѓето, само треба да се адаптираат. Очекувам дека новиот закон ќе има најголем ефект во Скопје, каде што има најмногу згради, па ќе се регистрираат и најмногу управители. За еден управител ќе има доволно работа дури и ако води само една висока кула од 20 ката, кога знаеме дека лифтовите секој втор ден се расипуваат - вели Јанакиески.

Тој вели дека целта на законот е на некој начин да се легализира системот за одржување на зградите што веќе постои.

- Што е најголем проблем сега? Што нема лица да се грижат за одржување на зградата. Ќе се скрши прозорец, па станарите сами се организираат, сами бараат мајстори, собираат пари да платат. На некој начин сега сето тоа ќе се легализира - вели министерот.

Тој објаснува дека идејата за овој закон е земена од Словенија и од Германија, каде што на почетокот имало проблеми, тешко одела регистрацијата, а луѓето не знаеле како сето тоа ќе функционира. Такви проблеми се очекуваат и кај нас.

- Но, може да се случи и нешто друго. Еве, може да се регистрираат околу 200 фирми, па потоа некој голем, кому добро ќе му оди, ќе го окрупни бизнисот - вели Јанакиески.

Еден ќе управува, сите ќе плаќаат

Она што најмногу ги интересира граѓаните е кој ќе ги плаќа управителот и неговите вработени. Ако се претпостави дека ќе се регистрираат најмалку 10.000 управители, со уште по пет вработени за секој од нив, се доаѓа до 60.000 нови работни места на грбот на граѓаните. Дел од постојните фирми и да го земат управувањето како дополнителна дејност, при што нема да има потреба од нови пет вработени, сепак остануваат доволен број нови вработени за кои ќе треба да се обезбеди плата.Во предлог-законот е наведено дека управителот склучува договор со станарите, во кој, меѓудругото, е утврдена и висината на неговиот паричен надоместок што ќе го добива од станарите за управувањето.

- Управителот на законска основа ќе функционира на профитабилен однос. Ако има пет вработени, ќе треба да си најде повеќе згради за управување, да се бори и да си обезбеди поголеми приходи, исто како и секое нормално друштво или фирма. На пример, ако во зграда со 40 стана се плаќа за тековно одржување по 200 денари месечно, тоа се 8.000 месечно. Ако управителот води пет згради, тоа се 40.000 денари месечно, ете ја платата за тие луѓе - вели министерот.

Со ваквото објаснување на Јанакиески останува нејасно дали ќе останат доволно пари за одржување на зградите ако голем дел од нив одат за плати за управителите и за вработените.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=858A45F7C885594AB5CE787929864537
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 15-Feb-2010 at 14:00
ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ СЕ СПРОВЕДУВА БАВНО
Куќните совети не брзаат да се пријават во Регистар

Роза Петкова

Само триесетина куќни совети се запишале во Централниот регистар како заедница на сопственици, според новиот Закон за домување, иако сите треба да го сторат тоа најдоцна до август. Ова го потврдуваат во Централниот регистар од каде што велат дека бројката се однесува на новозапишаните совети, додека од тие што биле регистрирани во согласност со стариот закон досега ниту еден не се трансформирал. Граѓаните велат дека слушнале за новиот закон, но ретко кој од нив е добро запознаен со новите прописи. Во некои станбени згради, каде што почнала постапката за пријавување во Регистерот, станарите се жалат дека тешко ги собираат сите потребни документи. - Куќниот совет ми побара имотен лист од Катастар за да може да се регистрира, но јас го имам само купопродажниот договор за станот, па сега морам да ја поминам целата процедура во Катастарот. Тоа значи да му платам на геометарот за да ја измери површината на станот, што чини од пет до шест илјади денари и уште неколку други административни давачки за кои немам пари - реагира жител од една скопска населба. Од Регистарот објаснуваат дека и порано кај нив се пријавувале куќни совети, но повеќето функционирале и без тоа. - Куќните совети обично доаѓаа да се запишат кога имаа потреба. На пример, кога фирма сака да стави билборд на зграда, станарите доаѓаат да го регистрираат Куќниот совет за да можат да отворат заедничка сметка на која фирмата ќе им ги уплаќа парите за рекламата - објаснува Емил Јакимовски, портпарол на Централниот регистар. Со новиот Закон, станарите добија и втора опција, со која наместо да регистрираат Куќен совет, можат да најмат управител кој ќе им ја одржува зградата. Тој требаше да ги преземе сите обврски на домарот, па дури и да има пошироки овластувања, но и да се пријави како фирма со најмалку пет вработени. Во Централниот регистар велат дека се уште не можат да извлечат податок дали имаат пријавени вакви фирми. - Тие се регистрираат со општа клаузула. Дури откако ќе поднесат годишна сметка, ние можеме да утврдиме од која дејност најмногу остваруваат приход, и така ќе знаеме дали основна дејност им е управувањето со згради - вели Јакимовски. Дека спроведувањето на Законот оди бавно, покажува и тоа што од подзаконските акти кои треба да се донесат е усвоен само еден. - Изработен е правилникот за условите што треба да ги исполнува правно или физичко лице за да се стекне со право на управител, а во тек е подготовката на правилник со кој ќе се пропише формата, содржината и начинот на водење на регистарот за станбени згради - велат од Одделението за односи со јавност на Министерството за транспорт и врски. Овие прописи се важни затоа што според нив општините и Градот Скопје треба да водат регистри на станбени згради и на домари. Законот за домување предвидува судот во вонпарнична постапка на предлог на кој било од станарите да им определи домар на зградата, доколку тие самите не си изберат или не регистрираат куќен совет, во рок од една година од стапувањето на законот во сила.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1944&ArticleID=133935
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-May-2010 at 12:16

Нема интерес за управители на згради

Според Централниот регистар, два месеца пред крајниот рок се' уште нема регистрирано ниту еден управител, а само педесетина куќни совети се пререгистрирале како заедница на сопственици

Два месеца пред истекот на законскиот рок за регистрација, во земјава се' уште нема регистрирани управители на згради. Според податоците во Централниот регистар на Република Македонија, досега во Скопје само педесетина куќни совети се пререгистрирале како заедници на сопственици. Според Законот за домувањето, кој беше донесен во минатата есен, куќните совети имаат рок до 13 август или да одберат управител на зградата или да се пререгистрираат како заедница на сопственици.

- Според базата на податоци од трговскиот и од регистарот на други правни лица, се' уште нема регистрирано компанија што ќе се занимава само со управување на станбените згради. Но, можеби некои од постојните трговски друштва што се регистрираат со општа клаузула за бизнис, во иднина ќе работат со ваква дејност - велат во Централниот регистар.

Илјадници нерегистрирани куќни совети

Законот за домувањето предвидува можност станарите на некоја зграда да одберат управител што ќе се грижи за тековното и инвестициското одржување или тоа да го прават самите, преку регистрирана заедница на сопственици. Управител може биде физичко или правно лице што треба да добие лиценца од Регулаторната комисија за домување, која чини 150 евра, но под услов да има најмалку пет вработени лица, од кои двајца со високо образование. Управител или заедница на сопственици треба да има за секој објект со над двајца сопственици на посебни делови или со повеќе од осум стана.

Од Централниот регистар велат дека очекуваат бројот на заедниците на сопственици секојдневно да расте. Според нивната база на податоци, до донесувањето на новиот Закон за домувањето имало регистрирано 297 куќни совети. Доколку никој од нив не одбере управител, тоа значи дека за два месеца треба да се регистрираат уште најмалку 250 заедници на сопственици во Скопје. Сепак, оваа бројка е далеку од реалната, ако се земат предвид податоците од последниот попис на населението и имотот во Македонија од 2002 година. Според него, во Скопје има вкупно 3.366 згради, од кои 2.400 се со висина од два до четири ката, 842 имаат од пет до десет ката, а 124 имаат од 11 до 20 ката. Од ова излегува дека досега одвај десетина од зградите имале регистрирани куќни совети.

Од Централниот регистар оценуваат дека има премногу нерегистрирани куќни совети.

- Има илјадници нерегистрирани куќни совети, кои најчесто се запишуваат кога имаат конкретна потреба. На пример, кога некоја компанија сакала да постави билборд на една зграда, станарите доаѓаа да го регистрираат куќниот совет за да може да отворат заедничка сметка на која им се уплаќаат пари за рекламата - образлагаат од Централниот регистар.

Сложните функционираат во секакви услови

Станарите во зградите велат дека не сакаат управители, оти немаат доверба дека нешто такво ќе профункционира, а и сметаат дека немаат доволно пари за тоа. Затоа тие најчесто се решаваат да работат како и досега, односно заедничките одлуки да ги донесуваат самите тие, преку куќните совети, односно заедниците на сопственици.

- Што ќе ни е управител? Да смениме светилка или да викнеме мајстор за лифт можеме и самите. И вака немаме доволно пари за тековното одржување на зградата, а ако одберевме управител, ќе требаше од наш џеб и за плата на неговите пет вработени да одвојуваме. Немам доверба во таков систем на работа. Ние во нашата зграда се решивме за заедница на сопственици - вели Коле Ф., кој живее во центарот.

Во друга зграда станарите ни рекоа дека дури сега ќе се регистрираат во Централниот регистар како зедница.

- Ние куќен совет свикуваме само кога тој се менува или кога ќе искрсне нешто итно. Згора на тоа, не бевме информирани за новите законски одредби и потребата од пререгистрирање - вели Т.А., претседател на куќен совет на зграда на улицата Даме Груев.

Тој се пожали дека кубурат со пари, бидејќи не издаваат никакви простории.

Ретки се оние куќни совети што може да се пофалат дека навреме ја исполните законската обврска.

- Го пререгистриравме куќниот совет уште кога се донесе новиот Закон за домувањето. Сега функционираме како правно лице со жиро-сметка. Се решивме за заедница на станари, затоа што и досега нашиот куќен совет функционираше беспрекорно. Нашата зграда е стара 30 години. Досега немаме ников проблем ниту околу одржувањето на хигиената ниту, пак, со сервисирање на лифтот за чие одржување имаме склучено договор со сервисер. Две заеднички простории ги дадовме под наем за локали и од тоа го финансираме одржувањето. Ако треба, некогаш и станарите додаваат од сопствениот буџет. Единствен проблем е тоа што цревата од хидрантите се украдени, но противпожарните апарати се во функција - вели Костадинка Папеш, претседател на заедницата на сопственици во зградата 17/1 на „Партизански одреди“.

Иако надлежните при носење на законот најмногу ги промовираа управителите како новитет што ќе донесе беспрекорно функционирање на зградите, засега практиката покажува дека времето на управители се' уште не е дојдено.

Анела Петрова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=807DD69EC5364F45928C0E3794BF2359
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Jun-2010 at 21:25
Високи казни за згради без домар или управител



 
Согласно членот 126 од Законот за домување, глоба во износ од 300 евра ќе му се изрече за прекршок на сопственик на стан или деловен простор во станбена зграда ако не определи управител или не регистрира заедница на сопственици  
 
%20  
Иако крајниот рок за пререгистрација на куќните совети во здруженија на граѓани истекува за неполни два месеца во јавноста сé уште владеат непознавање и дилеми околу обврските и поволностите што ги носи новиот Закон за домување. Многумина се прашуваат што ќе стане со куќните совети, кој треба да вработи домар, кој и како ќе го плаќа и што доколку некој не го почитува Законот. Општ впечаток е дека државата сака под контрола да го стави функционирањето на овие субјекти и да ги натера куќните совети да станат правни лица со што дополнително ќе се слеваат пари во буџетот. Вработувањето на домар или ангажирање на фирма што ќе ја врши таа работа ќе придонесе кон зголемување на вработеноста и полнење на општинските и државната каса. Скопјани, исто така, се прашуваат што е со оние згради каде што функционира како што треба и каде што куќните совети се доволни како форма на организирање. Станар од Градскиот ѕид, на улицата Мито Хаџивасилев - Јасмин вели дека во неговата зграда, куќниот совет функционира беспрекорно. Во таа 12-катница изнајмен е деловниот простор на приземјето и на мезанинот, а со киријата ги подмируваат сите давачки за целата зграда, па никој дополнително не плаќа за ништо. Нашиот соговорник вели дека со преструктуирањето на куќните совети е можно да настанат проблеми, кои сега ги нема.

-Доколку сопствениците на станови во станбена зграда не определат управител или не регистрираат заедница на сопственици во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон, управителот ќе го определи судот за вонпарнична постапка на предлог на кој било од станарите. Согласно член 126 од Законот за домување, глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственик на стан или деловен простор во станбена зграда, односно закуподавач ако не определи управител или не регистрира заедница на сопственици - ни изјави Драган Симоновски, портпарол на Министерството за транспорт и врски.

Согласно Законот за домување, лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда може да добие правно или физичко лице ако е регистриран во Централниот регистар за вршење на дејности на управување, појаснуваат од министерството. Лиценцата за вршење на дејностите на управување со станбени згради, која чини 150 евра, согласно законот е предвидено да ја издава Регулаторната комисија за домување. Собранието со задоцнување од неколку месеци, ја формираше оваа комисија на 15 овој месец, со што се отвора простор и за именување управители.

Што се однесува до плаќањето на електричната енергија потрошена за одржување, осветлување и за работата на лифтовите по зградите, во Законот е предвидено службите на ЕВН да пресметуваат и да доставуваат сметки на име на новоформираните здруженија на граѓани.

- Доколку има барање за поделба на сметките по станови како досега, ќе мора да добиеме согласност од надлежните институции. Сега за сега, „ЕВН-Македонија“ нема законска обврска или можност да ја дели сумата за потрошена енергија по станови - ни изјави Ленче Карпузовска, портпаролка на „ЕВН-Македонија“.



Просечна плата за неплатени заеднички трошоци

Законот предвидува казна од една просечна плата за секој станар што нема да плати за тековно одржување на заедничките делови од зградата, како што се скалите, влезните ветробрани, ходниците, просториите за велосипеди, пералниците, заедничките подруми, засолништа и таваните. Домарот и комисијата, исто така може да бидат казнети за несовесно работење со глоба од 400 до 800 евра.



Душко Кадиевски претседател на комисијата

За претседател на Регулаторната комисија, формирана според Законот за домување, е именуван Душко Кадиевски, ексминистер за транспорт и врски. Членови на комисијата се Ирена Ќосева, Нико Николов, Ќерим Зимери и Раким Малоски.

 
   
Автор: Жарко Василевски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=622101043177&id=14&prilog=0&setIzdanie=22014

Edited by Cloverstack - 22-Jun-2010 at 21:26
Back to Top
Gorcovski View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Gorcovski Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Jul-2010 at 00:18
Некој да сподели искуство околу регистрирање на "заедница на сопственици", во смисол на потребни документи (со можност да ги сподели шаблоните) и давачки?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 13-Jul-2010 at 20:39


Gorcovski, јас не можам да споделам никакво искуство на таа тема, ваљда ќе се најде некој. Во меѓувреме еве една денешна статија, се надевам ќе пронајдеш макар некаква корисна информација.

Истекува рокот за пререгистрација на куќните совети

До 13 август, куќните совети треба да регистрираат заедници на станари

Снежана Калабакова


Куќните совети имаат уште еден месец за да се пререгистрираат во Централниот регистар во заедници на сопственици или да си назначат управители, фирми кои ќе се грижат за сите нивни заеднички потреби. Во вториот случај не мора да вршат регистрација во Централниот регистар. Обврската им ја наметнува новиот Закон за домување, а рокот за пререгистрација е до 13 август. Голем број куќни совети и досега не биле запишани во надлежниот регистер, од каде што тврдат дека остануваат уште 295 куќни совети што треба да се усогласат со новиот Закон за домување. Таксата за упис во Централниот регистар, според тарифата на оваа институција, изнесува 2.452 денара за новооснованите Заедници на сопственици, а за усогласувањето со Законот, досегашните куќни совети треба да издвојат по 1.603 денари. Плус 200 денари се доплаќа за секоја наредна промена на претседателот на куќниот совет, односно сега одговорниот во заедницата на сопственици.

Доколку станарите не определат управител или не регистрираат заедница на сопственици во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој Закон, што беше донесен лани, тоа ќе го направи судот во вонпарнична постапка по предлог на кој било од станарите. Тие не мора сами да бараат управители, бидејќи наскоро, велат од Централниот регистар, фирмите ќе им се нудат за овој тип услуга.

Времето е кусо за да се регулира новата законска обврска, а многу куќни совети се' уште се неинформирани. Оние, пак, што нешто знаат за новините имаат бројни прашања и дилеми како сега ќе се излезе на крај со новите давачки што им ги наметнува законот. Како ќе ја плаќаат заеднички потрошената струја и вода, одржувањето на лифтот, заедничките инсталации и, на крајот, чистачката, за која и сега тешко се собираат пари. Дали парите наменети за неа секој станар ќе ги уплаќа на уплатница на жиро-сметка на заедницата на станари или можеби таа ќе треба да си отвори трансакциска сметка. Станарите стравуваат дека новиот Закон ќе ги раскара уште повеќе, бидејќи и сега тешко се организираат во заедничкото живење. За нив има многу нејаснотии и прашања, а нема кој да им ги даде одговорите. Од Министерството за транспорт и врски не прават ништо за да им објаснат на граѓаните како треба да се организираат во иднина. Строго ги дефинираат законските одредби, кои јасно не им кажуваат како да ги решаваат проблемите во практика.

„Согласно со член 19 од Законот за домување, управителот подготвува пресметка на трошоците за управување на станбената зграда, ги распоредува меѓу сопствениците на посебните делови, било тоа да се станови, дуќани или друг вид простории, ги прима уплатите на сопствениците на посебните делови врз основа на месечната пресметка и ги плаќа обврските од договорите склучени со трети лица. Исто така, согласно со член 33, управителот е должен да му издаде на секој сопственик на посебен дел месечно пресметка за трошоците за редовно одржување. Во пресметката за трошоците управителот е должен одделно да го прикаже секој трошок за работење и одржување за целата станбена зграда и на одделните делови на кои се однесува пресметката, висината на месечниот надоместок во резервниот фонд, надоместокот за управувачки услуги и други плаќања, како и за состојбата на резервниот фонд за целата станбена зграда“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму немаат информација колку куќни совети досега се пререгистрирале во заедница на сопственици и за овој податок упатуваат на Централен регистар на Република Македонија. Објаснуваат дека контрола дали доследно ќе се применува новиот Закон за домување ќе врши Државниот комунален инспекторат преку инспекторите за домување и овластените инспектори за домување во општините во рамките на општинскиот комунален инспекторат, општините и Градот.

Во Централниот регистар објаснуваат дека е неопходно е веќе регистрираните куќни совети да ги усогласат своите акти согласно со новиот Закон за домување во наведениот рок. „Досега, во Централниот регистар на Република Македонија се запишани седумдесетина заедници на сопственици, но очекуваме во наредниот период овој број значително да се зголеми, бидејќи има голема заинтересираност од страна на станарите. Со оглед на тоа дека им е тешко да ги изготват сите потребни документи за упис, Централниот регистар презема активности за поедноставување на постапката, во смисла на изготвување примери на прилози, што треба да се достават за упис на заедница на сопственици во надлежниот регистар“, вели Емил Јакимовски, раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавноста во Централниот регистар на Република Македонија.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B7B37910F3D7BD4496958CF31A49A7E0
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 22-Jul-2010 at 19:00

На куќните совети им истекува времето

Аеродром апелираше до станарите на зградите да ја извршат својата обврска и куќните совети да ги пререгистрираат во заедници на сопственици или да одберат управители

Кон средината на август истекува рокот кога куќните совети на станбените згради, согласно со Законот за домувањето, треба да се пререгистрираат во нови правни лица - заедници на сопственици или да одберат лиценцирани управители. Општина Аеродром вчера апелираше до станарите на зградите навреме да ја извршат својата законска обврска, а Општина Центар на својата веб станица www.opstinacentargov.mk објави корисни информации за начинот и постапката за основање заедница на сопственици, како и пример од статут на таква заедница. Истото го стори и Општина Кисела Вода.

Од Аеродром ги предупредуваат граѓаните дека, доколку не се почитуваат роковите наведени во Законот за домување, следуваат високи парични казни за сите станари.

- Доколку сопствениците на становите во една зграда или влез се определат за формирање заедница на сопственици, треба да свикаат собир на кој ќе потпишат договор за заемни односи и ќе донесат одлука за формирање на заедницата, статут и одлука за избор на претседател. Пример од статут и други потребни документи може да се добијат во Министерството за транспорт и врски. Со овие документи треба да се запишат во Централниот регистар - објаснуваат од Општина Аеродром.

Ако сопствениците на становите од истата зграда се одлучат за модел со управител, постапката е слична, но управителот треба да добие лиценца од Регулаторната комисија за домување.

- Во тој случај, место статут се склучува договор за управувачки услуги, чија содржина е поблиску уредена во Законот. Управителот ќе треба да се грижи за тековното одржување на зградата и ќе располага со резервен паричен фонд формиран од зградата, чија висина се определува во зависност од квадратурата на станот - велат од Аеродром.

Откако ќе ја завршат процедурата, новите управители или претседателите на заедниците на сопственици имаат законска обврска да се пријават во општината и да ги пополнат обрасците за евиденција, односно да се запишат во општинскиот регистар. Во меѓувреме, општините ќе назначат инспектори, кои ќе вршат надзор над спроведувањето на одредбите на Законот.

Заедница на сопственици или управител мора да имаат зградите со повеќе од двајца сопственици на станови и со повеќе од осум стана.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=379296071B038148AA175CC7AFE37EC0
Back to Top
Gorcovski View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Gorcovski Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 26-Jul-2010 at 00:59

Ohno, конечно им текна:

Почитувани,

Согласно Законот за домување сопствениците на становите потребно е да регистрираат заедница на сопственици (поранешен куќен совет) или да определат управител согласно со овој закон. 

Регистрација на заедница на сопственици може да иницира било кој од сопствениците на становите, односно деловните простории во зградата. За формирање на заедница на сопственици, потребно е Претседателот на куќниот совет, односно иницијаторот за регистрирање на заедница на сопственици, преку соопштение и преку доставување покани до сите сопственици на посебни делови да свика собир на сопственици. На состанокот мора да присуствуваат мнозинството сопственици на посебните делови за да може полноправно да се одлучува и сите донесени одлуки да бидат валидни.

На состанокот на собирот на соптвеници треба да се утврдат следните акти:

- Одлука за формирање заедница на сопственици како правно лице,
- Одлука за донесување на статут на заедницата на сопственици,
- Статут на заедницата на сопственици,
- Одлука за избор на претседател и благајник/сметководител на заедницата на сопственици,
- План за одржување на станбената зграда,
- Договор за взаемни односи меѓу сопствениците на посебните делови на станбената зграда,
- Куќен ред,
- Записник од конститутивниот состанок на собирот на сопственици.

Пример како треба да изгледа секој од овие акти е објавен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски – www.mtc.gov.mk

Потоа претседателот на заедницата на сопственици со горенаведените акти, соопштението кое претходно било истакнато за закажување на собир на станари, список на сите станари со име и презиме, ЕМБГ, своерачен потпис и број на имотен лист, со поднесување на ПО-образец треба да ја регистрира заедницата во Централниот регистар. Согласно тарифникот на Централен регистрар регистрацијата чини 2.452 денари.

Лице за контакт од Министерство за транспорт и врски: Сузана Камческа, тел. 02/3145-519, e-mail: suzana.kamceska () mtc.gov.mk

Лице за контакт од Централен регистар: Жаклина Танушевска, тел. 02/3290-241, лок 130, e-mail: marketing () crm.org.mk

Со почит,

Министерство за транспорт и врски

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2707

Сите примери на потребни документи може да се преземат од http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2696


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 26-Jul-2010 at 21:58


Пак не ми е јасно. Прееска на вести рекоа дека зградите кои имаат над 8 засебни дела треба да имаат куќен совет. Во архивираниве текстови погоре се вели дека зграда со над 3 сопственика треба да има куќан совет. Кое е правилното?
Back to Top
baci View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote baci Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 28-Jul-2010 at 11:21
< ="-" ="text/; =utf-8">< name="ProgId" ="Word.">< name="Generator" ="Microsoft Word 11">< name="Originator" ="Microsoft Word 11"><>

 

Уште не е профункциониран законот според кој треба да се оформат заедница на сопственице, а веќе има многу недоречености во него. Имено, со овој закон треба да се регистрираат заедници во кои влегуваат сите сопственици на посебни делови на зградата (влезот). Бо повеќето згради во РМ покрај становите, сместени се и правни објекти (дуќани, банки, КАФЕ БАРОВИ и сл.). Секако дека и овие субјекти ќе треба да бидата членови на заедницата на сопственици бидајќи се наоѓаат во објектот, ја користат неговата инфраструктура, (пр.кровот на објектот, површината пред зградата, водоводна и канализациона мрежа, електрична инасталација фасадата и сл).Ќе поставам едно банално прашање. Со овј закон меѓу другото се дефинира и куќен ред во кој во член 14 од вашиот пример стои „Користење на разни машини и уреди, музички апарати, радио и телевизиски приоемник, како и свирење и пеење во станот, односно зградата не е дозволено во време од 13.00 до 17.00 часот и од 22.00 до 5.00 часот . Станарите во наведеното време од ставот 2 на овој член мора да се однесуваат на начин кој обезбедува потпон мир и тишина во зградата (време на одмор)

.“. Во нашиот град, Велес постојат повеќе кафебарови кои се наоѓаат во стамбени објекти. Според куќниот ред тие ќе треба да престанат да пуштаат музика во назначениот период. Дали тие ќе бидат обврзани да го прават тоа, или пак тие ќе бидат повластени во однос на станарите, бидејќи оваа материја за нив е регулирана со друг закон.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 16-Aug-2010 at 19:10

ВО­ДИЧ КА­КО ДА СЕ РЕ­ГИС­ТРИ­РА НОВ КУ­ЌЕН СО­ВЕТ

Ни­кој не са­ка да би­де прет­се­да­тел

 

Иа­ко За­ко­нот ве­ќе е на си­ла, др­жа­ва­та сe уш­те нe каз­ну­ва. Но, не­кои скоп­ски оп­шти­ни нај­а­ви­ја де­ка од де­не­ска ин­спек­то­ри ќе ги про­ше­та­ат згра­ди­те заради про­ве­рка

За­ко­нот за до­му­ва­ње ги ис­по­ка­ра со­се­ди­те. Ги рас­ту­ри ста­ри­те куќ­ни со­ве­ти кои ве­ќе фун­кци­о­ни­раа, бук­вал­но нап­ра­ви ха­ос во стан­бе­ни­те згра­ди низ це­ла Ма­ке­до­ни­ја. Ста­на­ри­те не зна­ат што е по­доб­ро да нап­ра­ват. Да­ли по­ве­ќе им се ис­пла­ќа да ре­гис­три­ра­ат за­ед­ни­ца на сопс­тве­ни­ци, да фор­ми­ра­ат фир­ма или, пак, да ан­га­жи­ра­ат дру­га ли­цен­ци­ра­на фир­ма ко­ја ќе се гри­жи за нив­ни­от об­јект. Ги ма­чи и про­це­ду­ра­та со ко­ја тре­ба да от­во­рат транс­ак­ци­ска смет­ка. Со оваа смет­ка мес­то да се по­ед­нос­та­ви нап­ла­та­та, тие ве­лат де­ка уш­те тол­ку ќе се ис­ком­пли­ци­ра, би­деј­ќи рет­ко кој на сво­ја од­го­вор­ност ќе оди в бан­ка да уп­ла­ти ме­се­чен на­до­месток за одр­жу­ва­ње на згра­да­та.
Оние што ве­ќе ќе од­лу­чат да ја поч­нат ре­гис­тра­ци­ја­та ве­лат де­ка уш­те на са­ми­от по­че­ток од про­це­ду­ра­та се со­о­чу­ва­ат со проб­ле­ми. Не зна­ат кои сe до­ку­мен­ти им се пот­реб­ни за да ја ре­гис­три­ра­ат за­ед­ни­ца­та или фир­ма­та. Не мо­жат да из­бе­рат ни­ту прет­се­да­тел или уп­ра­ви­тел, заш­то ни­кој не се на­фа­ќа на тол­ку го­ле­ма од­го­вор­ност. Оние што ќе ја ис­тур­ка­ат це­ла­та пос­тап­ка док­рај заг­ла­ву­ва­ат на имот­ни­те лис­то­ви. Овој до­ку­мент се ба­ра за­дол­жи­тел­но за ре­гис­тра­ци­ја, а има гра­ѓа­ни кои не по сво­ја ви­на не мо­жат да ги из­ва­дат од Ка­тас­та­рот.
"Овој За­кон е из­мис­лен са­мо за пол­не­ње на Бу­џе­тот. Пр­вин др­жа­ва­та ни зе­ма 2.500 де­на­ри за пре­ре­гис­тра­ци­ја, па нe каз­ну­ва со по 300 ев­ра каз­на. Кој знае уш­те што ли ќе из­мис­лат. Кој ќе го пла­ќа се­то тоа. Ма­ка ма­чи­ме и со из­бо­рот на прет­се­да­тел. Ни­кој не са­ка да се на­фа­ти на так­ва го­ле­ма об­вр­ска. Са­мо што не­кој од ста­на­ри­те ќе го пос­та­ви­ме на оваа фун­кци­ја, по не­пол­ни 24 ча­са пис­ме­но нe из­вес­ту­ва де­ка се от­ка­жу­ва", ве­лат ста­на­ри­те од ед­на згра­да во скоп­ска­та на­сел­ба Ае­род­ром.
Да­ли ќе се од­лу­чат да фор­ми­ра­ат за­ед­ни­ца на сопс­тве­ни­ци или фир­ма спо­ред За­ко­нот - из­бо­рот ос­та­ну­ва на ста­на­ри­те. Оние што ќе се од­лу­чат за пр­ва­та ва­ри­јан­та тре­ба са­мо да оти­дат во Цен­трал­ни­от ре­гис­тар, да уп­ла­тат 2.452 де­на­ри и да го ре­гис­три­ра­ат куќ­ни­от со­вет ка­ко за­ед­ни­ца на сопс­тве­ни­ци. Тие са­ми си из­би­ра­ат еден од нив да би­де прет­се­да­тел на за­ед­ни­ца­та, кој по­тоа ќе со­би­ра па­ри за одр­жу­ва­ње на згра­да­та.
Гра­ѓа­ни­те, пак, кои ќе од­лу­чат да го ре­гис­три­ра­ат куќ­ни­от со­вет во згра­да­та ка­ко фир­ма мо­ра да наз­на­чат уп­ра­ви­тел кој ќе ра­ко­во­ди со па­ри­те за одр­жу­ва­ње на об­јек­ти­те.
За­ко­нот пред­ви­ду­ва уп­ра­ви­тел да би­де фи­зич­ко или прав­но ли­це кое тре­ба да се ре­гис­три­ра во Цен­трал­ни­от ре­гис­тар на РМ, да има нај­мал­ку пет вра­бо­те­ни ли­ца, од кои двај­ца со ви­со­ко об­ра­зо­ва­ние (прав­ник или еко­но­мист) и три ли­ца со сред­но об­ра­зо­ва­ние.
За да ја вр­ши ра­бо­та­та, уп­ра­ви­те­лот мо­ра да из­ва­ди по­себ­на ли­цен­ца, ко­ја ја из­да­ва са­мо Ре­гу­ла­тор­на­та ко­ми­си­ја за до­му­ва­ње фор­ми­ра­на од Соб­ра­ни­е­то на РМ на 15 ју­ни го­ди­на­ва.
Иа­ко За­ко­нот ве­ќе е на си­ла, др­жа­ва­та сe уш­те нe каз­ну­ва. Но, не­кои скоп­ски оп­шти­ни уш­те ми­на­та­та не­де­ла нај­а­ви­ја де­ка од де­не­ска нив­ни ин­спек­то­ри ќе ги про­ше­та­ат згра­ди­те за да про­ве­рат до ка­де се со ис­пол­ну­ва­ње­то на за­кон­ска­та об­вр­ска.
За да им ја по­јас­ни про­це­ду­ра­та на гра­ѓа­ни­те, "Вест" вче­ра по­ба­ра ин­фор­ма­ции од кон­сул­тан­ти кои ве­ќе ра­бо­тат на ре­гис­тра­ци­ја на но­ви­те куќ­ни со­ве­ти. (И.С. - М.Ѓ.)

Што сe е пот­реб­но за ре­гис­тра­ци­ја на за­ед­ни­ца на сопс­тве­ни­ци:

- со­оп­ште­ние за за­ка­жу­ва­ње со­бир на ста­на­ри (со­оп­ште­ни­е­то тре­ба да се ис­так­не на вид­но мес­то во вле­зот на згра­да­та);
- спи­сок на ста­на­ри (спи­со­кот, ос­вен име и пре­зи­ме на сопс­тве­ни­кот на ста­нот, мо­ра да со­др­жи и број на имо­тен лист, ма­ти­чен број и сво­е­ра­чен пот­пис);
- за­пис­ник за одр­жан со­бир на ста­на­ри (во овој до­ку­мент се на­ве­ду­ва сe што е дис­ку­ти­ра­но на сос­та­но­кот на ста­на­ри­те, си­те за­бе­леш­ки, проб­ле­ми и пред­ло­зи);
- од­лу­ка за фор­ми­ра­ње за­ед­ни­ца на сопс­тве­ни­ци (51 от­сто од ста­на­ри­те тре­ба да се сог­ла­сат за ре­гис­тра­ци­ја и да из­бе­рат прет­се­да­тел на но­ви­от ку­ќен со­вет);
- од­лу­ка за ус­во­ју­ва­ње ста­тут на за­ед­ни­ца на сопс­тве­ни­ци;
- ста­тут;
- ПО-об­ра­зец.
От­ка­ко ќе се из­гот­ват си­те овие до­ку­мен­ти, прет­се­да­те­лот во име на си­те сопс­тве­ни­ци на ста­но­ви оди во Цен­трал­ни­от ре­гис­тар. Та­му, при пре­да­ва­ње­то на до­ку­мен­та­ци­ја­та со ба­ра­ње за ре­гис­тра­ци­ја, уп­ла­ќа так­са од 2.452 де­на­ри, по што до­би­ва ре­ше­ние де­ка за­ед­ни­ца­та на сопс­тве­ни­ци е ре­гис­три­ра­на.

Кои згра­ди тре­ба да из­бе­рат прет­се­да­те­ли

Уп­ра­ви­тел или прет­се­да­тел оп­ре­де­лу­ва се­ко­ја стан­бе­на згра­да ко­ја има по­ве­ќе од двај­ца сопс­тве­ни­ци на по­себ­ни де­ло­ви и по­ве­ќе од осум по­себ­ни де­ло­ви. Од­лу­ка за оп­ре­де­лу­ва­ње но­сат мно­зинс­тво­то од сопс­тве­ни­ци­те на ста­но­ви­те.

Об­вр­ски на уп­ра­ви­те­лот

Уп­ра­ви­те­лот или прет­се­да­те­лот има об­вр­ска да при­ма уп­ла­ти од ста­на­ри­те, да под­гот­ву­ва го­ди­шен из­веш­тај за уп­ра­ву­ва­ње со об­јек­тот, ка­ко и да се гри­жи за те­ков­но­то одр­жу­ва­ње на згра­да­та, за што има об­вр­ска да из­гот­ви план. Мо­ра да се гри­жи за поп­рав­ки од по­мал обем, ка­ко за­ме­на на све­тил­ки, прик­лу­чо­ци, ма­ли мо­лер­ски ра­бо­ти, за­ме­на на ре­зер­вни де­ло­ви на за­ед­нич­ки­те прос­то­рии на стан­бе­на­та згра­да. Но, тро­шо­ци­те за поп­рав­ки­те ги под­не­су­ва­ат са­ми­те ста­на­ри.
Тој е дол­жен на се­кој сопс­тве­ник на по­се­бен дел ме­сеч­но да му из­да­де прес­мет­ка за тро­шо­ци­те за ре­дов­но одр­жу­ва­ње. Во прес­мет­ка­та за тро­шо­ци­те уп­ра­ви­те­лот е дол­жен од­дел­но да го при­ка­же се­кој тро­шок за ра­бо­те­ње­то и одр­жу­ва­ње­то за це­ла­та стан­бе­на згра­да.

300 ев­ра каз­на за не­о­др­жу­ва­ње на згра­ди­те

Сопс­тве­ни­ци­те на ста­но­ви кои не­ма да оп­ре­де­лат уп­ра­ви­тел за згра­да или не ре­гис­три­ра­ат за­ед­ни­ца на сопс­тве­ни­ци што ќе се гри­жат за одр­жу­ва­ње­то на стан­бе­ни­те згра­ди, ќе би­дат каз­не­ти со гло­ба од 300 ев­ра. Ова е пред­ви­де­но во За­ко­нот за до­му­ва­ње, кој е на си­ла од ми­на­та­та не­де­ла.
Со ис­та­та гло­ба од 300 ев­ра ќе се каз­нат и ста­на­ри­те што ре­дов­но и нав­ре­ме­но не ги пла­ќа­ат на­до­мес­то­ци­те за одр­жу­ва­ње на згра­да­та, за ре­зер­вни­от фонд или не го пла­ќа­ат уп­ра­ви­те­лот.
Гра­ѓа­ни­те што по ед­на го­ди­на ќе из­да­дат или ќе ко­рис­тат стан или дел од стан без склу­чен до­го­вор и ис­ти­от не го дос­та­ват до Уп­ра­ва­та за јав­ни при­хо­ди, ќе ри­зи­ку­ва­ат каз­на од 300 ев­ра. Каз­на со ис­та ви­си­на ќе за­ра­бо­тат и ста­на­ри­те што не­ма да до­не­сат план за одр­жу­ва­ње на стан­бе­на­та згра­да.
До ре­гис­тра­ци­ја на уп­ра­ви­тел или на за­ед­ни­ца на сопс­тве­ни­ци, ста­на­ри­те се дол­жни са­ми да ги одр­жу­ва­ат згра­ди­те.

Фон­до­ви за одр­жу­ва­ње на згра­да­та

За­ра­ди из­вр­шу­ва­ње на ра­бо­ти­те на одр­жу­ва­ње­то на стан­бе­ни­те згра­ди се фор­ми­ра­ат фонд за ре­дов­но одр­жу­ва­ње и ре­зер­вен фонд.
Уп­ра­ви­те­лот за­дол­жи­тел­но во­ди смет­ко­водс­тве­на еви­ден­ци­ја на средс­тва­та во фон­до­ви­те на­ме­не­ти за фун­кци­о­ни­ра­ње и одр­жу­ва­ње, кои се соб­ра­ни на по­себ­на смет­ка. Па­ри­те од фон­дот за ре­дов­но одр­жу­ва­ње, ка­ко и од ре­зер­вни­от фонд, ис­клу­чи­тел­но се ко­рис­тат за пот­ре­би­те на стан­бе­на­та згра­да или на сопс­тве­ни­ци­те на по­себ­ни­те де­ло­ви што ги соб­ра­ле.

Уп­ра­ви­те­лот ќе ги ту­жи ста­на­ри­те што не пла­ќа­ат на­до­мес­ток

Ако сопс­тве­ни­кот не го уп­ла­ту­ва сво­јот дел во ре­зер­вни­от фонд, уп­ра­ви­те­лот пис­ме­но го по­ви­ку­ва да го сто­ри тоа. Ако сопс­тве­ни­кот не го пла­ти сво­јот дел во рок од 30 де­на од де­нот на при­е­мот на по­ви­кот, уп­ра­ви­те­лот по­ве­ду­ва пос­тап­ка за нап­ла­та на дол­гот пред над­леж­ни­от суд и, ед­нов­ре­ме­но, го из­вес­ту­ва ов­лас­те­ни­от ин­спек­тор за до­му­ва­ње на оп­шти­на­та.

И кон­сул­тант­ски фир­ми ре­гис­три­ра­ат куќ­ни со­ве­ти

Кон­сул­тант­ски фир­ми им ну­дат на ста­на­ри­те во нив­но име да ре­гис­три­ра­ат куќ­ни со­ве­ти. За ус­лу­га­та ба­ра­ат 4.500 де­на­ри, плус ДДВ. За овие па­ри тие им ја вр­шат це­ла­та ра­бо­та, од за­ка­жу­ва­ње со­бир на ста­на­ри до зе­ма­ње на ко­неч­но­то ре­ше­ние од Цен­трал­ни­от ре­гис­тар.
"Иа­ко За­ко­нот е ве­ќе на си­ла, ин­те­ре­сот за ре­гис­тра­ци­ја е мно­гу мал, не са­мо во Скоп­је, ту­ку и во це­ла Ма­ке­до­ни­ја. Лу­ѓе­то во­оп­што не се ин­фор­ми­ра­ни за оваа но­ви­на, а це­ла­та про­це­ду­ра нај­чес­то заг­ла­ву­ва на из­бор на прет­се­да­тел, оти ни­кој не се на­фа­ќа да ја вр­ши оваа фун­кци­ја", ве­ли То­дор Та­сев од "Еу­риск кон­сал­тинг".
Та­сев ве­ли де­ка тоа мо­же да се зак­лу­чи и од ме­те­жот на шал­те­ри­те во Цен­трал­ни­от ре­гис­тар, ко­га на ден пред ис­те­кот на ро­кот служ­бе­ни­ци­те мес­то да ре­гис­три­ра­ат за­ед­ни­ци на сопс­тве­ни­ци, на не­ин­фор­ми­ра­ни­те гра­ѓа­ни­те им об­јас­ну­ва­ле што тре­ба да до­не­сат за да го пре­ре­гис­три­ра­ат куќ­ни­от со­вет.
"Би­деј­ќи е ед­но­шал­тер­ски сис­тем, ре­гис­тра­ци­ја­та по пра­ви­ло тре­ба да за­вр­ши за три до че­ти­ри ча­са, но во прак­са таа се­га трае и до два де­на", ве­ли Та­сев.

http://vest.com.mk/?ItemID=97CADC548572D545A53C657877DC73DE
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 17-Aug-2010 at 16:30
Почнувам да добивам впечаток дека и овој закон ќе биде само за украс. Забрането ќе било на терасите да се чуваат предмети што ќе го нагрдувале изгледот на зградите... И ред такви слични одредби, кои сами по себе се добри и многу логични, но додека на надлежните не им паѓа на памет да се позанимаваат со тоа што нема зграда во градов која не е накитена со најразноразни градежни импровизации, сето ова делува крајно смешно. Додека они „забрануваат“ на терасите да се чувале предмети што нагрдувале, пола град од терасите направи шпајзови, спални соби, работилници...

МОЛК ЗА ПРАВОСМУКАЛКИТЕ ОД 13 ДО 17 ЧАСОТ
 
Станарите што нема да го почитуваат куќниот ред ќе се соочат со претставка од регулаторната комисија за домување, на која можат да се пожалат нивните соседи. Претставката за бучни соседи, спрострени алишта, пушачи по лифтовите лесно може да ве одведе пред суд за прекршоци  
 
%20  
Забрането користење правосмукалка и пуштање музика или какви било апарати што создаваат бучава од 13 до 17 и од 22 до 5 часот наутро.

Забрането простирање алишта на отворени делови на зградата (прозорци и балкони) што се видливи на улиците.

Забрането е да се чуваат предмети на терасите што го нагрдуваат изгледот на зградите и кои можат да им наштетат на минувачите или, пак, на автомобилите, паркирани под балконите.
Забрането пушење на скалите во влезовите и во лифтот.

Ова се само дел од забраните со кои ќе треба да научат да живеат граѓаните според новиот закон за домување.

Тресењето теписи и постелнина од балкон, исто така, ќе стане минато, а ниту еден станар не ќе смее да остава ѓубре пред својата врата, ниту, пак, во заедничките простории.

Според Законот за домување предвидено е и одржувањето на лифтовите и заедничките простории во зградата, независно од личната волја на станарите да ги користат или не, како и начинот на кој станарите ќе ги плаќаат трошоците за осветлувањето во влезовите, одржување на хигиената во зградите и замената на оштетените фасади. Мислењата на граѓаните за новиот закон се поделени - некои сметаат дека е добро што е донесен, а други, пак, дека казните за непочитување се преголеми.

- Старите навики тешко умираат. Ќе ни требаат години за да се научиме да живееме според стандардите што ги налага новиот закон. Во ред е да не се тресат теписи и постелнини од балконите, исто како и да не се пуши во влезот или, пак, во лифтот, но не верувам дека некој ќе го почитува тоа. Единствено нешто што не ми се допаѓа се високите казни и забраната за чистење - во мојот дом јас ќе си чистам кога сакам - вели средовечна скопјанка.

Сé треба да оди пополека, сметаат граѓаните.

- Досега сме пружале алишта на балконите, а од денес за тоа ќе се пла

ќа казна. Мислам дека треба да им се даде на граѓаните шанса за да се навикнат да живеат во новите услови - велат граѓаните, прашани за условите што ги предвидува новиот закон.

Скопјанката Лиле Русковска, пак, која живее во центарот на главниот град, вели дека е пресреќна што се усвои овој закон и што казните за негово непочитување се големи. Во нејзината зграда, се жали таа, не се почитувале некои основни правила, како што е фрлањето отпад, на пример, а во еден од становите, кој се издавал под кирија, секоја вечер доаѓале различни луѓе, кои вревеле до раните утрински часови.

- Се надевам дека Законот ќе овозможи непочитувачите на куќниот ред да плаќаат што поголеми казни. Сите забрани се наполно исправни. Редно време беше да се донесе ваков закон и да се најде начин тој да се почитува. Нашиот менталитет е таков - треба да нé казнуваат за да научиме да го цениме она што не е само наше - вели Рускова.

Во сите европски земји има стандарди на домување, а кога веќе се трудиме да влеземе во Европската Унија, редно е и ние да воведеме некои поригорозни стандарди и мерки што ќе се почитуваат - смета Рускова.

За регулирање на овие ставки од Законот ќе биде надлежна регулаторната комисија за домување. Ако некој од станарите не сака да плати за одржување на заедничките простории или, пак, не ги почитува одредбите, куќниот совет ќе треба да поднесе претставка до регулаторната комисија за домување, а таа ќе поведе прекршочна постапка пред надлежен суд. Комисијата ќе биде надлежна и да се грижи за квалитетно задоволување на потребите на населението, за заштита на животната средина и природата, да посредува во решавање спорови што ќе настанат меѓу закупците, закупувачите, управителите и сопствениците. По барање на некој закупец, комисијата ќе треба да ја провери висината на киријата, да изврши категоризација на становите, да ги издава и менува лиценците за вршење на управување за што ќе треба да води регистар на управителите на станбените згради.
 
   
Автор: А.М.Д.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=817109774&id=9&setIzdanie=22061

Edited by Cloverstack - 17-Aug-2010 at 16:31
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 17-Aug-2010 at 17:10
Тие одредби стојат, ама не се за да се применат секаде. Тешко дека некоја власт ќе се реши да си го казнува целото население, тоа е пуќање во нога и не би дошло во обѕир на никому да го прави тоа. Јасно е дека тие се за примена како отворена алатка во дадени случаеви во центрите на градовите, покрај булеварите, каде што стварно треба. Додекаде и глупаво е во исклучиво резиденцијално маало во внатрешноста на маалото да спроведуваме некои ригорозни услови за естетика. Бадијала трошок е за инспектори и лица кои ќе ги работата тоа, а на голем број граѓани тие корекции им се практични.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 18-Aug-2010 at 02:36


Доколку намерата би била таа, зарем не би требало и тие зони да се регулираат со законот? Која е логиката да бидат оставени на слободна проценка?

Убеден сум дека во прашање не е ништо налик на тоа. Едноставно законов сам по себе можеби е супер, ама кога очигледно нема да се спроведува како што треба, тогаш џабе е се. Многу лошо е да се воведуваат одредби кои очигледно немаат намера да ги спроведуваат принципиелно или воопшто. Со тоа само се поткопува редот во државата.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 18-Aug-2010 at 02:43
Или па го прекопирале од странство. Е сега да ги немаше тие одредби, ќе беше зашто ги нема. Работата е да се најдат со п одобри денови, акостварно некогаш мислиме дека ќе стреба да ги подигнеме очекувањата вои естетика на некои маала што сега за сега е стварно премногу глупаво да некој на десетина километри од центар во некое маало во некое пола век старо зградиче да го казнат за што заградил тераса. Ќе им се најде примена онаму каде што треба, не е тоа никакво селективно применување, туку применување каде што има потреба од тоа. Никаков ред не се поткопал со практичен пристап.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.