build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Куќни совети и Закон за домување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Lorelei View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 16-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote Lorelei Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Куќни совети и Закон за домување
    Posted: 24-Sep-2022 at 20:17
Хмм, интересно, баш домаќински. (иако пола од работиве ни се средени и без домар, но дефинитивно би имал задачи)
За разлика од згради како на пр. Џеваир кулите кајшто со самото купување на стан се обврзуваш да плаќаш поголема сума за одржување на зградата и за камери, чувари итн., во мојов случај треба самоиницијативно станарите да си ја зголемат месечната сметка неколкукратно за да имаат камери и домар, да се исцрпи и одредена сума од резервниот фонд за опремата (камери, домарска куќичка/кабина..) кој па според мене е многу битен за ублажување на „финансискиот шок“ од поголеми итни поправки (кров, нов лифт, пукната цевка итн.). Па затоа ме интересираат слични искуства, дали се добива "value for money".
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2227
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Sep-2022 at 18:18
Originally posted by Lorelei

Здраво!
Кај мене во зграда се собираат потписи за согласност за домар и за видео-надзор на влез, приземје и секој кат пред лифтовите/скалите. Камерите би биле поставени од професионална фирма, снимање на хард диск и чување одредено време - тој тип. Домарот искрено не знам што се' би правел и веројатно ќе треба да има повеќе смени. Зградата е со над 100 станови и над 10 ката. Имаме станбен управител.
Бидејќи има се' повеќе огромни згради, ако некој веќе има вакво искуство, да сподели ако може?
Колку кошта поставувањето и опремата за видео надзор и колку доаѓа месечниот надомест?
Исто и за домарот/домарите?
Дали сте задоволни од резултатот?
Благодарам.
Zadacata na domarot e da se grizi za redot i otstranuvanje na nedostatoci. Npr. Zamena na pregoreni sijalici odrzuvanje na trevnik ako imate, Otstranuvanje na predmeti po hodnicite, nepravilno parkirani avtomobili/velosipedi vo dvorot i se drugo sto go narusuva kukniot red...
Back to Top
Lorelei View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 16-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote Lorelei Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Sep-2022 at 16:14
Здраво!
Кај мене во зграда се собираат потписи за согласност за домар и за видео-надзор на влез, приземје и секој кат пред лифтовите/скалите. Камерите би биле поставени од професионална фирма, снимање на хард диск и чување одредено време - тој тип. Домарот искрено не знам што се' би правел и веројатно ќе треба да има повеќе смени. Зградата е со над 100 станови и над 10 ката. Имаме станбен управител.
Бидејќи има се' повеќе огромни згради, ако некој веќе има вакво искуство, да сподели ако може?
Колку кошта поставувањето и опремата за видео надзор и колку доаѓа месечниот надомест?
Исто и за домарот/домарите?
Дали сте задоволни од резултатот?
Благодарам.
Back to Top
Citizen View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 18-Mar-2020
Online Status: Offline
Posts: 33
  Quote Citizen Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 14-Oct-2021 at 09:54
Еве јас ќе препорачам за другите според тоа што го добив како потврда од познаници дека фирмите се во ред - Ваш Еко Дом и Управител Плус. Инаку во влезот уште немаме донесено одлука заради препирки меѓу двајца соседи.
Back to Top
Citizen View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 18-Mar-2020
Online Status: Offline
Posts: 33
  Quote Citizen Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Sep-2021 at 10:06
Сепак се решивме да одиме со фирма. Некој да има препорака особено ако е од Аеродром?
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2227
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 19-Sep-2021 at 15:32
"user8642" pretpostavuvam deka e taka nekako vo Makedonija, no tesko deka firmata ke mozat bilo koga da ja smenat. Za toa treba da postoi dogovor koj ke regilira se, pa i vremeto. Toa najcesto e na godina ili dve. Inaku sekoj stanar treba da ima kontakt so firmata i da prijavuva problemi i nedostatoci. Za krupnite zafati, npr. repariranje na krov ili promena na prozorci, stanarite mora sami da odlucat.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1877
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Sep-2021 at 14:27
Мислам дека има една забуна во дискусијава. Значи влезот прво основа заедница на сопственици, тоа е мнозински дел од станбените единици. Таа основана заедница на станари после тоа регистрира трансакциска сметка и бира фирма за оддржување и собирање пари. Значи куќен совет мора да се основа првично, кој после тоа ќе добие претседател и потпреседатели колку сака влезот, па дури после се бира фирма. Претседателите најчесто комуницираат за овакви прашања со фирмата. Значи пак мора да има барем еден што минимално ќе се замара, односно ќе репортира. Неможе никој да не се замара, или па некој од надвор да дојде, нема такво нешто.

Од собраните пари се одвојува и за резервен фонд за поголеми поправки и реконструкции. Е сега ако вие како заедница цакате да направите нешто надвор од оддржувањето, па не треба да чекате на фирмата воопшто, како поправка на кров. Најдиси кој ти е најповолен, наефтин, најквалитетен, и ангажирајте го. Фирмата за оддржување ќе нема ништо со тоа. Ако се буни за вашите самостојни интервенции, дека не идат преку нејзе, вие можете и да ја смените со друга фирма за оддржување која нема да има проблем со тоа самостојно да си терате работа кога ви одговара.

Вие сте ја избрале, може кога сакате да се смени.

Edited by user8642 - 19-Sep-2021 at 14:28
Back to Top
Citizen View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 18-Mar-2020
Online Status: Offline
Posts: 33
  Quote Citizen Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 19-Sep-2021 at 13:51
Originally posted by user8642

Ама не очекувајте дека некој од фирмата ќе доаѓа секој ден и ќе прашува дали е се во ред. И со фирма има неколку луѓе, два тројца соседи, кои комуницираат со фирмата.

Е па тоа е муабетот. Или поправка на кров и сега пак некој ќе треба да комуницира. Ако оставиш фирма тој ќе си најде некој негов може ќе биде добар може не може ќе биде поскап (најверојатно:-)) и пак мора да се ангажира некој...а и за наплата не е толку проблематично со заедница. Исто може заедницата да побара присилна наплата...се сведува на тоа дали ќе се нафати барем еден од станарите да ги брка овие работи.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1877
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 19-Sep-2021 at 13:18
Ама не очекувајте дека некој од фирмата ќе доаѓа секој ден и ќе прашува дали е се во ред. И со фирма има неколку луѓе, два тројца соседи, кои комуницираат со фирмата.
Back to Top
Citizen View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 18-Mar-2020
Online Status: Offline
Posts: 33
  Quote Citizen Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 19-Sep-2021 at 13:10
Од до сега тоа што го заклучив:
Со фирма нема никој од влез да се замара со одржување и нема да има проблеми со наплата и нарушување на меѓусоседски односи од тие причини.
Со заедница на сопственици мислам дека би биле пофлексибилни во однос на решавање на проблеми (се договараме и веднаш делуваме, не знам колку фирмите се ажурни во тој поглед?) и може резервниот фонд да го насочуваме како сакаме веднаш (се собрале пари правиме кречење на зградата на пример ако се согласиме мнозинството).
Се на се, мислам дека е подобро заедница на сопственици ако има ажурен претседател на заедницата иако ако е добра фирмата горе-доле исто би можело да се очекува. Инаку немаме лифт така да тој горлив проблем го избегнуваме. :-)
Препорака за фирма (во Аеродром сме)? Да приберам некоја понуда...
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2227
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 19-Sep-2021 at 11:04
Iskustvo od stranstvo. Firmata se grizi bukvalno za sekoj problem. Od higiena (profesionalno cistenje), tehnicko odrzuvanje na lift, garazi do pocituvanje na kukniot red vnatre i okolu zgradata dokolku imate vas dvor ili parking, taka sto nikoj nema da moze da ostava se i sesto vo vlezot ili da parkira velosipedi kade ke mu tekne. Ednostavno toa cini no rezultatot e vidliv.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1877
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 19-Sep-2021 at 10:41
Најголемата придобивка е редовното плаќање, и тоа што може на некој да му се наптрупа долг и има кој да го гони и да му се замара. Сам влез тоа неможе.

А ова што кажува Џоле, знам таков сличен пример и со билборд на зграда каде исто така на влезот "му се посреќило". На Партизанска на атрактивна видлива локација е па имаат извор на пари и ги заменија лифтовите дури од заштедените пари од рекламата. Оштината им направи фасада со замена на прозори, а собираат нешто минимално колку за сијалици и хигиена. Добри пари се тие од предаватели и реклами, ама за жал ги нема секаде.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14486
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 19-Sep-2021 at 10:26
Кога живеев под кирија во Ново Лисиче, пред некои 5-6 години, за зградата се грижеше фирма (хигиена, замена на светилки, секакви други проблеми). За лифтот не сум сигурен дали беше задолжена фирмата или сервисерот на лифтот. Паметам дека се чистеше трипати неделно и дека хигиената беше на ниво.

Кај што живеам сега има куќен совет и лице задолжено за собирање на пари, но пола од становите (во зграда со 84 стана) мислам дека воопшто не ни плаќаат. Среќа што на покривот има мобилен предавател и парите што ги плаќа мобилниот оепратор се користат за одржување и сервисирање на лифтовите, додека за чистачка плаќаме ние станарите.
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5402
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-Sep-2021 at 08:20

Од моето искуство во странство можам да ти кажам дека преку фирма имаш:

*Редовно одржување на лифт
*Редовно одржување на противпожарни апарати
*Редовна замена на прегорени светилки во заедничките простории
*Редовно чистење и одржување на хигиена.

Секако, некои од тие работи можете да си ги средите сами - верувам да се најде чистач/ка или да се променат светилките и не е така тешко). Е сега ако имате лифт, и/или имате противпожарни апарати тогаш тие работи да се нафати да ги брка куќен совет е доста потешко (а верувам и цената која ќе ја добие индивидуа нема да е толку поволна како фирма).

Меѓу другото, доколку има несреќен случај поврзан со неисправност на лифт/противпожарен апарат (не сум сигурен дали и хидрантите се под одговорноста на фирмата кај нас, или под одговорноста на пожарната служба) тогаш одговорност ќе сноси фирмата, не вие. Не дека е голема утеха ако се случи нешто, ама барем ете...

Е сега за мала заедница, доколку функционира собирањето пари како што треба, нема потреба да му давате на некој пари за да ви ги собира парите Реално, фирмите за одржување си имаат маржа. Ако реалната цена на услугите би ве чинела 500 денари месечно, ќе си платите 550-600, и кога ќе ги додадеш сите 15 станови заедно, испаѓа за една година сте платиле еден месец одвишок.

Жал ми е немам такво искуство кај нас, живеам во куќа, ама од странство тоа е мојот заклучок.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Citizen View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 18-Mar-2020
Online Status: Offline
Posts: 33
  Quote Citizen Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Sep-2021 at 18:22
За тие што живеат во згради - дали влезот ви го води фирма или заедница на сопственици? Колку плаќате месечно, колку станови има во зградата и дали има лифт. Мини-анкета :-)
Живееме во релативно мала зграда со 15 стана и до сега функционираме како заедница на сопственици. Сега се мислиме дали да одиме со фирма. Pros/Cоns според вас?

Edited by Citizen - 18-Sep-2021 at 18:40
Back to Top
Antonov View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 10-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 72
  Quote Antonov Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 11-Sep-2016 at 20:04
Ако така ти вика комшијата тогаш ти можеш слободно да му ја пресечеш, да му ја наполниш со пур пена, па кога ќе му се врати водата во купатило ќе му биде негов проблем...
Back to Top
Watson View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 23-Mar-2013
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 33
  Quote Watson Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 11-Sep-2016 at 15:49
Едно прашање:во моето купатило капи вода од одводот на комшијата што е на погорниот кат,јас го известив а тој ми кажа дека веќе не е негов проблем,пошто цевката не спаѓала во неговиот стан туку во мојот.не можев да најдам нешто во врска со ова во законот за домување,па ако некој знае како оди да ми кажи
Back to Top
Urban Comfort View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-Aug-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Urban Comfort Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 22-Sep-2014 at 18:16
Почитувани,

Ние сме една од компаниите кои работат како станбен управител во Скопје.

Во моментов правиме кратко online истражување за оценка на станбените управители, на територијата на Скопје. Ве молиме да одвоите 5-10 минути од Вашето време за да го поплните прашалникот со кликање на следниот линк:

https://www.surveymonkey.com/s/FB9ZKFM 

Истиот доколку сакате споделете го со Ваши познаници кои користат услуги од станбени управители.

Заинтересирани сме да се вклучиме во дискусиите поврзани со конретната тема и секако ќе ни биде големо задоволство да размениме мислења со сите Вас и се разбира доколку Ви се потребни совети од областа на управувањето со станбени згради, слободно обратете ни се.

Доколку сте заинтересирани, може и да побарате понуда за управување од нашата компанија на територијата на Скопје.

Со почит,
Урбан Комфорт
Urban Comfort
Професионалност. Одговорност. Инвентивност.
www.ukomfort.mk kontakt@ukomfort.mk
075 428 322
Back to Top
edikojsi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 14-Jan-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote edikojsi Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Jun-2014 at 14:15
ајде малку да ја подигнеме свеста за овој проблем што станува секојдневие во згради со 'млади'. јас сеуште се расправам со оној над мене. изгледа е многу моќен и сите дигаат рамења а јас страдам. да не се почитува ни ден ни ноќ, ни ако има болен. тотален ѓон. пријавуван на писмено до куќен совет, наводно му укажале, уште се силел. пријавен на полиција, дојдоа констатираа и толку. што уште може да се прави? да се жалам во општина, град? дајте некој совет.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 02-May-2014 at 09:40
Пријави ги уште еднаш, како и разговарајте со газдата на станот, за се има лек. А дека Скопје се наполни со сељачишта, тоа е најглупавата можна теза, бидејќи Скопје е речиси целосно создаден од доселеници кој од прво кој од воторо колено и тие демек не биле сељачишта, овие новиве се.

Edited by stratus - 02-May-2014 at 09:41
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2023  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.