build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (приватни превозници)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Возен парк (приватни превозници)
    Posted: 21-Feb-2008 at 01:43
Добро, се надевам дека ќе испадне нешто од ова и се надевам во рокот што го имаат напишано. Штета што требаше да помине толку долго време, хаварии и случајот кога жена доби изгореници од 1 степен од скинато црево од автобусот, за да им текне дека можеби и ни требаат нови автобуси.

Приватниците од јануари идната година ќе возат нови автобуси!?

Трифун Костовски побарал приватните превозници да го обноват возниот парк


Хаваријата што се случи во центарот на Скопје, кога приватен автобус по целата улица „Димитрие Чуповски“ разлеа моторно масло и нафта, е последна опомена за надлежните дека повеќе не смеат да дозволат да возат по градските улици стари возила

Снежана Калабакова

Хаваријата што се случи неодамна во центарот на Скопје, кога од приватен автобус истече моторно масло и нафта по целата улица „Димитрие Чуповски“, е последна опомена за надлежните дека повеќе не смеат да дозволат по градските улици да возат стари возила, бидејќи тие не само што го загрозуваат сообраќајот и животот на патниците туку предизвикуваат и еколошка катастрофа. Од Секторот за сообраќај во Градот велат дека интенцијата на скопскиот градоначалник Трифун Костовски е приватниците комплетно да го обноват возниот парк и до почетокот на идната година да имаат нови автобуси.

Дотраените автобуси на „Слобода превоз“ кои нудат крајно лош и неквалитетен превоз, се стари и по 25 години и многу често се расипуваат, а патниците остануваат на половина пат. Во повеќето од нив скопјани зимава се возеа без парно, со врати и прозорци што не дихтуваат, а во текот на патувањето голтаа чад. Граѓаните се едногласни дека е крајно време надлежните да преземат интервентни мерки и строго да дејствуваат кога е во прашање јавниот превоз. На оваа тема градоначалникот Костовски деновиве разговарал со претставниците од „Слобода превоз“, кои велат дека ќе побараат кредити само ако Градот застане зад нив, за што тие веќе се распрашале кај банките. Во разговорите било истакнато новите автобусите да се појават на скопските улици од 1 јануари идната година. Приватните превозници тврдат дека се многу сериозни во намерата ова да им успее, зашто признаваат, крајно време е да ги снема дотраените возила од улиците. Со градските власти се согласиле дека, конечно, треба да се утврдат нивните обврски, но и права.

„Од градските власти побаравме да добиеме приоритет на жолтата линија и дозвола доделените линии да ги користиме најмалку осум години. Побаравме да се разграничи на кои линии ќе возиме ние, таму да не возат автобусите на ЈСП. Притоа, инсистираме градските власти да го решат и проблемот со дивите превозници. Откако ќе потпишеме спогодба со Градот, ќе имаме обврска најдоцна во јуни да нарачаме автобуси, а испораката од фирмата што ќе ја договориме, треба да биде извршена најдоцна за шест месеци. Оние кои не ќе можат да купат нови автобуси, ќе си одат од претпријатието“, вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

Јован Христовски, раководител во Секторот за сообраќај, потврди дека деновиве градоначалникот Костовски се состанал со претставници на приватните превозници и се правеле планови за обновување на возниот парк. Се дефинирале условите под кои треба да се врши јавен превоз на патници, што значи дека не ќе може секој да излезе на улица и да ја извршува оваа дејност. Замената на старите автобуси веројатно ќе оди со одредена динамика во наредниве три години.

Utrinski vesnik

Статијата е прочитана 26 пати.


Edited by La Linea - 21-Feb-2008 at 01:43
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11503
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 21-Feb-2008 at 02:00


Да, крајно време е... Ни останува да се надеваме дека пристапот е сериозен.
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 235
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 04-Apr-2008 at 06:35
Нови вести од слобода превоз, мада искрено не им верувам....

До крајот на годината приватниот превозник „Слобода превоз“ ќе го обнови својот возен парк со 20 нови автобуси, а во наредните три години бројката на нови приватни автобуси на скопските улици ќе достигне до 140..................За да им ја доделат дозволата на приватниците, градските власти бараат до 1 јануари 2009 година 20 отсто од нивните автобуси да не бидат постари од 15 години. За возврат градските власти треба да обезбедат подобрување на условите во градскиот превоз, поделба на линиите меѓу приватниците и ЈСП „Скопје“, елиминација на нелојалната конкуренција, ослободување на автобуските постројки и обезбедување на жолтата линија........................Јовановски вели дека нема да се купуваат најскапите модерни автобуси од типот на „ман“ или „мерцедес“, туку размислуваат да купат возила од руско-украинско или белоруско производство.За разлика од автобусите „ман“ и „мерцедес“, кои чинат над 200.000 евра, руските и белоруските чинат од 100 до 120.000 евра - вели Јовановски...................
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BFD9FCC3683729478EDDB72171C0D2F5

На лизинг.. најголемата утка. Кога веќе зимаат евтини автобуси повеќе им се исплати да земат кредити и така да исплаќаат него ли на лизинг
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4071
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Apr-2008 at 15:18
WTF??? ova e sanos ist kako na www.sanos.com.mk a dali nekoj znaj koja firma go vozi i dali navistina ima vakvi vo skopje (so tabla gore) ili ova e samo test vozenje na tie sho gi pushtija vo belgrad togash (ama ima linija gore napishano, da ne ti se verva pa i na kirilica e neshto sho najmnogu me radva)



od http://www.skyscrapercity.com/showthread.php?t=395393

P.S. dali go imame toj user REALEK na forumot nash?


Edited by гитардемон - 08-Apr-2008 at 15:21
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11503
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Apr-2008 at 15:23
Тој е приватник, изгледа е единствен со нов автобус...

Реалек е тука, не се секирај Big%20smile


@ La Linea - не заборавај на парите што ги одвои градот. Со нив сигурно ќе има повеќе од 50 нови автобуси за ЈСП.


Edited by Cloverstack - 08-Apr-2008 at 15:25
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4071
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 08-Apr-2008 at 15:29
a privatnikot ima eden avtobus? jako

btw, dali se imate vozeno vo vakov REJZ na sanos me interesira dali imat invalidska rampa, dali se niski ili ima skali so treba da gi iskacis za da vlezis, i dali se drveni stolcinjata

po slikata licat drveni stolcinja, nizok pod i nema rampa... ama ne sum expert
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11503
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 08-Apr-2008 at 15:31
Столчињата се пластични (веќе одамна е така, исто и на постарите саноси со МАN мотори), а за другото си во право.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4071
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 08-Apr-2008 at 15:45
kako sho primetvash se izradvav mnogu so ova ne ochekuvav takvo da ima... barem na televizija ovde da se pogodeshe ovaj avtobus da go pokazhat ko go pokazhvat skopje (fala bogu imat edna ista sliki stalno pokazhva avtobus cel ispishan "vero" kaj sho pominva). a ova linija 45 salam (gradska) linija e, ili odi negde uspich?

a neznam dali znajte za kontroverznata emisija za bitola na MEGA TV vo grcija (bitola e progrchki grad na kurvi i t n) nema vrska, ta e emisija kajsho obichno gi vozat vo gradski avtobus na tura niz gradot, i nie skudnite od sho nemavme vo sho (gradskite se LOM) go kachinja vo avtobus sho nosi rabotnici vo REK Bitola (ama e podobra varijanta...) a pazi ni gradski ne beshe avtobusot... ne e za komentiranje muabetot
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Oct-2008 at 02:02

Приватниците заинтересирани за нископодниот автобус

Автобуските превозници од „Слобода превоз“ се заинтересирани да го подноват својот возен парк со нископодните автобуси на „Мерцедес“. Оваа одлука тие ја донеле вчера откако викендов нископодниот автобус, по еднонеделно промотивно возење на линијата „15“, се префрли да сообраќа на приватните линии „23“ и „55“.

„Два дена го возевме автобусот и заклучивме дека дефинитивно тој ги исполнува сите критериуми, почнувајќи од техничките до естетските предиспозиции. До крајот на годинава планираме да ја посетиме германската фабрика и со тамошното раководство да преговараме за набавка на неколку автобуси“, рекоа накусо вчера од „Слобода превоз“, кои веќе подолг период најавуваат оти планираат да го подноват возниот парк. (Дс.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=880D0BF7B1D6B74A802C1DF6DC9285F0


Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4071
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 27-Oct-2008 at 02:26

особено се гледа убавината со она картонското бројче хахахаха значи резили, има дисплеј автобусот горе, а тие ставиле вакво картонче (додуша минијатурен е тој дисплејот ама го има)
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4846
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Oct-2008 at 00:07
дисплејот не се користи и на старите автобуси, кај нив не е електронски но сепак, ако е на толкав простор напишано не се мачиш да го читаш
јас не знам зошто ги практикуваат толку картончињава Dunno

инаку ако приватните фирми купат било какви автобуси ќе бидам среќен, стално се возам со 23 и можам да кажам дека автобусите им се во многу полоша состојба од државните (се распаѓаат)


Edited by Cloverstack - 17-May-2010 at 01:27
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 2348
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Nov-2008 at 21:05
Сакам да прашам што станува со приватните автопревозници. Дали некој размислувал за укинување на сите автобуси кои не ги почитуваат европските стандарди за загадување, старост на автобусите, еколошки мотори, безбедност во сообраќајот?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11503
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 08-Nov-2008 at 21:13


За жал сеуште ништо конкретно. Јас се прашувам како тие воопшто поминуваат на технички преглед, а камо ли да добијат дозволи за вршење на јавен превоз. Проблемов го имаме допрено неколку пати на форумов... Но да се надеваме дека во најскора иднина ќе им наметнат некои разумни минимални критериуми. Ова со што моментално оперираат приватниците одамна веќе не може да помине никаде освен во Африка.


Edited by Cloverstack - 17-May-2010 at 02:46
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4071
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 10-Nov-2008 at 22:00
инаку исто поврзано со еден претходен пост, за како поминуваат технички. читав негде ама го загубив линкот, дека ќе има технички на шест месеци за автобусите (ако не било и досега така) ама ќе биди за сите строго... ај да видиме

Edited by Cloverstack - 17-May-2010 at 01:39
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2941
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-Nov-2008 at 01:12
По воведувањето на 300те нови автобуси на ЈСП плус сегашните 100 на Јавното Претпритатие кои се во задоволителна состојба, би требало приватниците со декрет да се забранат! Неколкуте нивни возила кои се во задоволителна форма да се спојат со ЈСП и крај. Доста укриваа даноци, возат со флота стара по 40-50 години, никаква стандардизација, етика, култура... Нема град каде што има неколку превозници за едалва дејност (освен Белград, каде што имаат еднакви проблеми како кај нас). Тоа само по себе носи несогласувања и проблеми...
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 11-Nov-2008 at 06:04
Originally posted by Andrej_LJ

По воведувањето на 300те нови автобуси на ЈСП плус сегашните 100 на Јавното Претпритатие кои се во задоволителна состојба, би требало приватниците со декрет да се забранат! Неколкуте нивни возила кои се во задоволителна форма да се спојат со ЈСП и крај. Доста укриваа даноци, возат со флота стара по 40-50 години, никаква стандардизација, етика, култура... Нема град каде што има неколку превозници за едалва дејност (освен Белград, каде што имаат еднакви проблеми како кај нас). Тоа само по себе носи несогласувања и проблеми...


I jas sum za, samo sum i za toa JSP da vovede novi linii bidejki na nekoi, kako sto e 23, soobrakaat samo privatni avtobusi.
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 11-Nov-2008 at 14:21
Ве читам и незнам дали да смеам или да се смеам! Пак се враќаме на истиот муабет, "декрет", "забранат", "јсп", "приватњаци се богатат". 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3254
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 11-Nov-2008 at 15:15
Со два збора треба: ПРАВИЛА на игра и СТАНДАРДИ


Со овие нигдека не стигаме

Поздрав, Владимир http://mz-rail.atwebpages.com/
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 11-Nov-2008 at 18:04
Можам слободно да кажам дека ситуацијата во јавниот автобуски превоз е превриена веќе до немај каде.
Освен што далеку пошироко и од Балканот имаме најлоши субстандардни автобуси, кои што ниту се компактни што е и најлошо сликата за градот ја симнуваат под нула.
Мислам сите го знаете ова не откривам ништо.
Сега проблемот лежи во администрацијата. Тука се тие неспособни кадри кои што не можат да направат плански буџет за да ги сменат сите со понови.
Што се однесува до приватниот сектор и таму казните и прописите мора да бидат на највисоко ниво.
Во Загреб се возат трамваи со средства од кои што боли глава, да не зборуваме за автобуси.
Многу сме назад Ohno


Edited by Junkie - 11-Nov-2008 at 18:05
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 2348
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 14-Nov-2008 at 13:27
И јас сум за забрана на приватните превозници, ама не за друго туку само поради автобусите. Нека се донесе еден правилник дека автобуси постари од 10 години не смеат да се возат и точка. Кој може да го задоволи правилникот нека вози, кој не може нека му се забрани да вози. Истото додуша важи и за ЈСП. Хаос ни е автобускиот превоз, не сакам да кобам, ама изгледа дека ќе треба да откажи некоја кочница на автобус и да се случи тешка несреќа, па некој да почне да си ја лупа главата од надлежниве!!!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.