build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автобуски постојки и терминали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 19>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 11-May-2013 at 02:29
Originally posted by N23


Гледам и ти избувна како и Андреј. Полека малце и двајцата.
Не е поентата какви се у регионот, ајде да збориме какви се во помалите западно европски градови, не мора у главните. И подобри се и поинвентивни се. Не е само да се каже порано беше очај, сега е подобро. Не е. Доста со тоа минимално ниво на задоволување, затоа го добивме и СК 2014 само колку народот да не ги гледа "депресивните" социјалистички згради, затоа и добивме "нови" булевари кои после една година попукаа на стотици места, ама нали битно ги проширија, затоа имаме прљав град затоа што народот е задоволен дека има 20 камиони поише кои собираат смет од контејнери и сл. Немој да мислиш дека те напаѓам, апсолутно те разбирам, меѓутоа стреми се да бараш повеќе од онаму каде директно идат твоите пари.

Он не се задоволува со ништо и само што се уклучив вечерва на форум видов негови 3 поста и во сите напаѓа членови ,мислам во ред ај малку прстот на глава.
Членот не е крив што такви се станиците ,а станиците како станици на прв поглед на сликиве изгледаат добро и токму такви какви што беа предвидени (па имаше рендери де ,можеше тогаш да се буни и да пише и до нив - мислам на ЈСП и градот) ,дизајнот е веќе видено ,тоа што се 90% исти со старите црвени станици не е ништо ново за нас (секогаш правиме вакви глупости) но да бидеме реални дека добро е и ова што го добивме во каков таков модернистички и минималистички дизајн, времето ќе покаже колку ќе бидат функционални ,еве наскоро ќе ставаат на Илинденска најверојатно па ќе можам и да ги видам и да ги пробам лично (повеќе не се движам во делот каде што е поставена станицава па неможам да ја сликам и да ја пробам).

едит:
Андреј кој станици да ги сликам?



Edited by daci92 - 11-May-2013 at 02:31
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 11-May-2013 at 02:35
Кого нападнав жити мајка, освен оној кој побара неокласични постојки и ги спомна без никаков контекст или поврзување. Знаете многу лесно човек кога си кажува мислење го осудувате дека плука, е предавник или дрзок и со тоа му го релативизирате мислењето! И тоа после ви служи за изговор да влагате во вакви манипулации. И престанете со жалнопојките, кој бил во ССЦ знае дека таму се дискутира на многу пореален и пожесток тон, аман од правење на фини како да сте од Францускиот двор! За се нешто паѓате во несвести и се навредувате!

ЕДИТ: еми мислев дека си прошол на новава станица оти ми кажа дека не сум смеел да коментирам пред да ги видам и осетам, а истовремено ти ми тврдеше дека биле како небо и земја. Затоа добив впечаток дека си ги видел и ми тврдиш со докази. Нема врска ај батали дискусијава е за џабе.

Уште една пропуштена шанса, уште еден пропаднат проект без реален развој, потрошени пари и пусто разочарување. Сакам барем во нешто да отскокнеме, а ние редовно го правиме во глупоста, дури онаму каде не би очекувал дека има воопшто простор за грешка.


Edited by N23 - 11-May-2013 at 13:49
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 11-May-2013 at 02:36
инаку, знаеме каде се ќе се постават постојки?
јас повеќе би сакал да се постават на места каде што ги нема, отколку да се врши замена... онака, по систем на приоритетизација

исто, не сум задоволен од тоа што ист тип на постојки ќе се постават насекаде и покрај тоа што различни постојки имаат различни услови и потреби
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 11-May-2013 at 02:42
Андреј не сум поминал, тоа го спомнав и претходно кога пишав.
Затоа и јас воздржано ги гледам.

Originally posted by zabegan

инаку, знаеме каде се ќе се постават постојки?
јас повеќе би сакал да се постават на места каде што ги нема, отколку да се врши замена... онака, по систем на приоритетизација

исто, не сум задоволен од тоа што ист тип на постојки ќе се постават насекаде и покрај тоа што различни постојки имаат различни услови и потреби

По Илинденска знам дека ќе има кај Влада (таа што ја скршија хулиганите е извадена од пред некое време) , ќе има кај парк и мислам дека ќе има кај Орце ,за други знам дека треба кај Континентал и кај Шумарски (ако не се лажам) ,а останати незнам ,најверојатно ќе се ставаат на места каде што нема и на места каде што се оние старите печурки. (на оваа локација беше таква полу-уништена печурка).
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 11-May-2013 at 02:46
ова ме интересира, затоа што има милион места низ градов, каде што нема стреа за постојка, нити барем старите „печурки“ ги има
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 11-May-2013 at 02:47
Со оглед на тоа дека ќе ставаат 48 двојни станици претпоставувам ќе бидат на главните улици и булевари: Патризанска, Јане, КЈ Питу, низ Центарот, Илинденска, Бит Пазар, кон К Вода и Автокоманда, нешто и во Ѓорче. Тоа е и најлогично. А и поновите црвени кои се на над 10 години реално освен што имаат кров се тотално руинирани и бескорисни така што нивната замена според мене е оправдана.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 11-May-2013 at 02:59
Досега невидов дека на Илиненска ќе има двојна станица, само на две места имам видено поставени основни темели, но за овој тип што веќе е поставен во К.Вода.
Инаку еве линк од курир каде што има неколку слики и видео.
http://kurir.mk/republika/skopje/115233-FOTO-Graganite-ke-cekaat-avtobus-na-novi-moderni-i-sovremeni-postojki


Само мене не ми е јасно со кој памет од источна страна е отворена постојкава ?? таму баш највеќе од источна страна дува ветер
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 11-May-2013 at 03:02
Зошто мислам дека мн старци ке се лупаат по стаклата? Не им требаше да бидат проѕирни!
Traveling.
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 11-May-2013 at 05:03
Malku podaleku od regionot
http://rzhooker.com/busstop/thumbs
Interceptor design
Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 11-May-2013 at 07:33
Постојките се одлични! Сосема солидни и модерни а во исто време не се скапи за еден главен град каде ги има во голем број... Постарите луѓе можат да седнат додека чекаат автобус, заштитуваат од дожд и снег, а во исто време преку покривот се осветлени од уличното осветлување ноќе... Колку минути во денот една клупа во постојка со покрив кој не е проѕирен е во сенка не вреди ни да се дискутира затоа што покривот е многу мала површина за да заштити едно одредено место подолго време од сонце кое не е "фиксирано" на потребната позиција цел ден... Дури е и смешно. Тоа секој кој има искуство со чекање на автобус или трамвај веќе треба да го знае... Често, непроѕирните ѕидови се тие кои повеќе штитат од сонце во зависност од местоположбата на постојката, но тие не треба да им го попречуваат погледот кон правецот од каде пристигнуваат автобусите на постарите лица и инвалиди на кои клупата за чекање им е најпотребна...





Edited by Tony Martin - 11-May-2013 at 07:34
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 11-May-2013 at 07:41

Еве и нешто за фирмата која ги изработува постојките.

http://www.turboeng.com.mk/index.html

Комплетен Инженеринг

Компанијата се занимава со проектирање, испорака,монтажа,одржување, сервисирање и обезбедување на резервни делови за пумпи, компресори и водоводна арматура, сончеви колектори.


Предпоставував дека се работи за фирма која не е стручна во оваа област. Сепак мора да се каже дека навистина понудената цена на тендерот е многу поволна и кога се критикува треба да се земе во предвид.

Имено се работи за 50 двојни и 176 единечни стојалишта или за да биде пресметката поедноставна вкупно 276 единечни стојалишта. 

Цената на чињене е 66.000.000 денари или 239.130 денари (околу 3.900 евра) по стојалиште. Што според моја пресметка вака од око е многу поволна цена. 

Според она што успева набрзинка да го преметам и најдам на интернет.

8 мм Polycarbonat Lexan о Германски каталози чини 90 евра по метар квадратен. Со оглед дека покривот има површина од некој си 6,5 метар  вклучувајќи и отпад при режењето се доаѓа до некоја цена од околу 600 евра само за материјал. 

За остаклување на кабините потребни се некој си 11 метра квадратни стакло непробојно и од 10 милиметра од каталог најдов цена од 100 евра по метар квадратен или 1.100 евра само за материјал. 

Со што доаѓаме до цена од 1.700 евра само за материјал за остаклување на кабините. Ако на тоа се додатат профилите, лакирањето, клупите, бетонирањето , работната рака, корпите за отпадоци , како и информативните табли , мислам дека лесно може да се заклучи дека се работи за исклучително поволна понуда. 

Што се однесува до термичката изолација прочитав за Polycarbonatot Lexan дека има типови кои се со УВ заштита така да се мислело и на тоа.

Мислам дека во овој случај проблемот е што повеќето од нас на некој начин избрзаа со коментарите врз основа на информациите добиени од медиумите кои и секогаш беа повеќе од мизерни.  



Edited by kultuzin - 11-May-2013 at 10:38
Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 11-May-2013 at 08:15
Еве еден пример за заштитата од сонцето за која пишував


Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 11-May-2013 at 08:33
Не би имал ништо против кога некои постојки на одредени локации би се разликувале од стандардните, но само доколку ги исполнуваат прописите и се донации од уметници или фирми, а со тоа не го празнат непотребно буџетот на градот... Па дури ни ако една или две се во тој барок стил што беше овде спомнат...

Еве неколку необични постојки во светот:













Како и една футуристичка: http://www.designbuzz.com/eyestop-futuristic-bus-stop-gives-an-access-to-your-mailbox/




Edited by Tony Martin - 11-May-2013 at 08:36
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 11-May-2013 at 10:56
Originally posted by Tony Martin

Еве еден пример за заштитата од сонцето за која пишував




Да си ми жив и здрав! Точно вакво нешто очекував, барем за неколкуте централни постојки! Да заличиме на нешто нормално, не само ефтиност и невкус да дува од сите страни! Но, ќе се сложиш од функционален аспект оваа постојка е далеку подобра од нашата:

- место за реклама. Зошто ЈСП би се откажал од место за реклама и со тоа огромни дополнителни приходи, кога таа е најприродно да биде поставена на страната на заминување на автобусите? Цел град се бомбардира и гуши со рекламни табла, само на најприродното место ги нема. И сега ќе стане уште еден ѕид за лепење на огласи!

-солидна метална конструкција, наместо нашава која делува (може конструктивно да си е здрава), но делува како да ќе ја дувне ветер.

-стаклата се обележани или гравирани! Секаде се така бидејќи не е толку тешко човек да не ги види и да се лупне во нив. Да не зборуваме што даваат одлична шанса за гравирање на грбот на даден град или логото на фирмата па со тоа значително допринесуваат за естетскиот впечаток!

-си има долга клупа или уште подобро за потесните тротоари да нема места за стоење туку само за наслонување. Знаете онакви парапети во форма на даски каде можете да си ги потпрете задниците. Модификација за потесни тротоари бидејќи не зафаќаат толку место.

-многу, многу важно! Името на постојката и линиите кои сообраќаат на неа мора да се напишани и правоаголно од улицата (демек во насока на движење на пешаците)! Човек не мора да влезе на станицата, за да види дали му одговара или не. Исклучително потребно и ја прави станицата далеку повидлива и впечатлива.

И на сево ова ако го додадам фактот дека целата станица е стаклена, вкл. и кровот (а слободно можел да биде непрозирен и метален како на сликава) и ќе ја пече сонце преку целиот ден и ако кажам дека овие станици ги чекавме со децении, како можам да бидам задоволен?

ЕДИТ: да, сонцето и неговата сенка не се статична работа, но исто така и луѓето не се и можат да стојат онаму каде што во моментот нема сонце. Нашите станици не нудат таква можност, оти од сите страни се без заштита. Се разбира неможеме станиците да ги направиме непробоен бункер, но нашево е варијанта нула, не варијанта минимум.

ЕДИТ 2: И бидејќи станицата промотор беше баш Дом за слепи ќе прашам има ли легенда за слепите лица во форма на таблица со браиловото писмо или нашата заложба за овие луѓе е чисто декларативна. Многу се сомневам да има!


Edited by Andrej_LJ - 11-May-2013 at 11:04
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 11-May-2013 at 11:05

Се убив од пресметки и пишување за на крај да не ми ја прати пораката. 

Како и да е еве кратка форма од мојот пост. 

Значи во глобала мислам дека е некоректно да се коментира кога никој од нас не ги знае спецификите на стаклото кое е користено за покривот и страничните прегради. 

Од она што излезе во дневник за кровот е користен Polycarbonat Lexan  кој е добар УВ изолатор а и отпорен на екстремни температурни разлики со што мислам дека се работи за сосема добар избор. Страничните прегради се од материјал отпорен на удари и со 10 мм дебелина. Според мене и овде се работи за polycarbonat но во случајот без УВ фолии. 

На крај многу е важно кога нешто се коментира како репер да се зема и цената на чинење во нашиот случај се работи за 50двојни и 176 единечни кабини или попросто земено 276 единечни кабини со должина од 4,2 м и ширина од 1,4 м. Вкупната цена на чинење е 66 милиони денари или 239.130 денари (3.900 евра) по кабина. 

Од онаа што го пресметав. 8 милиметарски лексан чини 90 евра по метар квадратен.Ако се земе дека една кабина има покривка од околу 6,5 метри квадратни доаѓаме до  околу 600 евра за материјалот за покривот.

Страничните прегради се со површина од околу 11 метра квадратни а цената на чинење на материјалот е околу 100 евра по квадрат или вкупно за кабината 1.100 евра.

Со ова доаѓаме до 1.700 евра само за стаклените површини. Ако на ова се додадат и профилите, лакирањето, беторињането, корпите за отпадоци, информативните табли, клупите , како и работната рака многу лесно се доаѓа до заклучок дека се работи за исклучително поволна „зделка„.


Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 11-May-2013 at 12:28
За нешто што било најавувано сензационално со години нормално е да се имаат големи очекувања.
Ова што го видов не заслужува такво медиумско внимание и сечење ленти ТУКУ истите треба да се постават преку ноќ и ќутенката исто како што се поставуваат споменици!

Најобична метална застаклена конструкција со хартиена мапа и клупа за двајца. Толку!

Што се разликува од старите сем што има помалку место за седење?


Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 11-May-2013 at 12:45
На прашањето како ќе ги заштитат стаклените делови од вандали, Трајановски изрази надеж дека граѓаните ќе ги чуваат и дека нема да ги кршат. Рече дека би било невкусно да набавеле метални и непроѕирни. Но, во секој случај, најави поголема контрола.“

Надежта последна умира   

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8D9ED6136B5C2A4694D99854C114E562

Edited by Џоле - 11-May-2013 at 12:46
За сè има вторпат
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 11-May-2013 at 15:56
Еве на пример една постојка од кај мене од Есен....нели од таа Европа со која нема шанси ни да се споредуваме...



Мене од изгледот на овие постојќи ми се повраќа на пример...и башка што не заштитуваат ни од дожд ни од ветер...

Еве уште една од Келн...



Што е сега на оваа на пример толку прекрасно на изглед што кај нашите е катастрофално? А по влажното на земјата баш убаво се гледа до каде фаќа во внатрешноста кога врне дожд...или пак за капацитетот за седење...

Ајде баш ме интересира.

Edited by kire85 - 11-May-2013 at 15:59
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 11-May-2013 at 16:47
Има илјадници урбанизирани градови на планетава па така технички што и да направите го има некаде. Поентата е да се ископира она кое е најдобро, најфункционално и сл. а не едноставно да се каже "вакви има на запад". Да има но има и поинакви.

Погоре постирав слика од старите и не забележувам разлика со новите сем бојата.
Во секоја случај факт е дека е добро што се мењаат ама не е ништо посебно за да го величат до толку.

Па на крај краева, постројки требало/треба да се поставуваат континуирано секоја година и да се обновуваат, 3.500 евра не треба да е проблем за градот годишно да издвојува средства за 10-15 постројки како доживотна ставка.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 11-May-2013 at 16:51
Требаше некои вакви... погодни за наши услови...





Еве и од внатре...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 19>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.140 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.