build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автобуски постојки и терминали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 19>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 04-Jul-2014 at 15:48
Originally posted by Navigator

Originally posted by Danndy

лол.

Просек. 2.5/5
Просек? За наши услови или за западноевропски? Веројатно не си видел како изгледаат другите станици низ Македонија.
Или па сакаш да си интересен со коментарот...


Да, интересен сакав да бидам

Кои се овие дупли стандарди? Од една страна се**те сите како сме заостанати, како доцниме за разлика од целиот Балкан и во 2014 се избацува автобуска во стилот на лименка со плафон за во викендичка, и оп супер била затоа што во Куманово автобуската била за никаде.

Епа cute баш, за некоја година ќе видиме на што ќе личи и оваа автобуска, нали сме познати по реновиранје, одржување на објекти.

Ете така, сега за наредните 50тина години Прилеп си доби автобуска, и ако вам ви е супер, баш ми е и мене мило дека си живеете во средина која ве исполнува.

п.с-„Западноевропски“ и други придавки од тој калибар се веќе клише и на форумов, find a better argument. А и истите тие, во градови од размер на Прилеп имаат далеку подобри, сигурно и не многу поскапи, пристојни автобуски.
Traveling.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 04-Jul-2014 at 16:51
Уште еднаш за Прилеп










Повелете г-дине градоначалник на мојот град, учете од вашиот сопартиец!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 04-Jul-2014 at 19:36
Билетарниците се иста „шема„ како во Штип. Немам ништо против да се вовеадат некој основни стандарди со кој во сите автобуски станици во Македонија лесно би се снаоѓале и странци.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1306
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 04-Jul-2014 at 22:04
Сеуште не сум ја посетил се надевам дека за брзо ќе влезам па ќе споделам впечатоци.

Реално земено објектов личи на ладлник за јаболка, но мислам дека тоа не е толку трагично за мене важно е да е функционален и секако да се одржува чисто.

Некаде пишуваше дека ќе биди климатизирана што искрено не верувам дека ќе биди.
Прв недостаток што го забележувам по сликите што на пероните нема електронски табли.

П.С.Пред еден месец бев Неготино и доста пријатно се изненадив од тамошната автобуска, средена чиста, браво!
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 05-Jul-2014 at 08:51
Не заборавај да сликаш! Сакаме уште фотографии!
За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 12-Jul-2014 at 20:41
Добро ќе беше да ја пуштат во употреба кога вистински ќе почнат со работа.Па градоначалникот да го најавеше првото пристигнување/тргнување на разглас итн.
Станицата не е готова, денеска уште работеа десетина работници и надворешно и внатрешно, на пристапната улица и паркчето пред станицата.

+ градат и бензинска пумпа одма до неа.


Edited by Тркало - 12-Jul-2014 at 20:42
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 16-Aug-2014 at 13:58
Валкани клупи за чекање автобус!



http://vecer.mk/skopska/valkani-klupi-za-chekanje-avtobus

Edited by Џоле - 16-Aug-2014 at 13:58
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 23-Sep-2014 at 12:30
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 21-Nov-2014 at 00:51
АВТОБУСКАТА СТАНИЦА БУЊАКОВЕЦ ОКУПИРАНА ОД ЃУБРЕ И ВОЗИЛА



Бојан Шашевски

Автобуската станица спроти Градежен факултет е се' освен урбана постојка. Неуредениот простор е забарикадиран од паркирани автомобили и е продукт на неплански и недефинирани зафати кои создаваат сообраќаен хаос. Возилата го узурпираат буквално целиот тротоар, па патниците нема каде да чекаат автобус, а оние што се симнуваат од автобус, пак, не можат нормално да зачекорат на тротоарот. Истовремено сите фрлаат догорчиња и хартија во украсните фигури и така ги претвораат во канти за ѓубре.

А, оваа слика почна со поинаква иницијатива. Пред три години Општина Центар реши да и' даде нов лик на автобуската станица до ТЦ „Буњаковец“. Замислата беше да се постават клупи, жардиниери, канти за отпадоци, да се направи хортикултурно уредување. Беа поставени и четири каменесто-жичени фонтани со декоративна цел, а за локацијата да добие нов имиџ беа срамнети со земја билетарницата на ЈСП и сендвичарницата. Со „чистката“ покрај „Партизанска“ ја снема и децениската трафика, природниот амбиент на весникарството.

Локалната самоуправа смени две раководства, но фонтаните со железна мрежа уште од почеток останаа запуштени, а со време и целосно ’рѓосани. Наместо вода, се распаѓаат и од нив извираат камења и ѓубре. Нивната основна функција сега е да собираат отпад од студентите, вработените од Буњаковец или минувачите, иако меѓу коцкестите форми има и канта за ѓубре, која, пак, во духот на апсурдот и иронијата е празна. Луѓе седнуваат и на скапаните клупи, чиј долен дел исто така е со распадната декоративна жица, па отпадоците може да се фрлат незабележано, директно под нозе. И таму остануваат. Автомобилите, пак, се паркираат буквално на 30-40 сантиметри од жичените фигури, врз недефинирана автобуска станица. Ја попречуваат сета фреквенција на пешаци, патници на ЈСП, но и на велосипедисти.

Многумина оправдано се прашуваат која е, всушност, намената на оваа локација. Фонтаните работеа само неколку месеци. Нема заштитни столпчиња против возила, нема продажни објекти, изостанува соодветна автобуска постојка, нема функционално пешачко, ниту сообраќајно решение!

„За овие каменесто-жичени ’чудовишта‘ Општина Центар направи и цела водоводна инсталација, постави бекатон-плочки, а водата од едната фонтана дури беше и за пиење. Сега се чека само жицата да до’рѓоса и камењата да се струполат и да искршат некој фар, или, пак, уште полошо, некому да му паднат на нозе“, укажа неформалната заедница „Анфас“.

ЈП „Градски паркинг“ има на располагање само осум „пајаци“ за да се справува со прекршоците на близу 150.000 скопски возила. Од претпријатието не одговорија, туку не' препратија кај директорот Борче Јакимовски да каже што презема пајак-службата кон непрописно паркираните возила кај Буњаковец. А, директорот не се јавуваше.

Од Општина Центар велат дека проблемот со нелегално паркираните возила покрај главните улици е во рацете на Град Скопје. Во однос на уредувањето на просторот, моменталната инсталација донирана од Шпаркасе банка се покажала како нефункционална.

„Затоа во планот за 2015 година Општина Центар ќе го доуреди овој простор што започна со поставување канти за отпадоци и чешма за пиење вода. Ќе се уреди просторот, ќе се отстранат нефункционалните инсталации“, соопштуваат од Центар.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=D969C42A2F3DBE4093098BCD4B148BD5

Edited by Џоле - 21-Nov-2014 at 00:51
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2365
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 21-Nov-2014 at 12:10


Изгледа не си ја видел автобуската постојка од спротивната страна, покрај зградата што е во изградба. Нема место ни кај да се застане.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 27-Nov-2014 at 03:18
ПРЕТПРИЈАТИЕТО НЕ МОЖЕ ДА ГИ ОДРЖУВА СИТЕ ПОСТОЈKИ

ЈСП БАРА ФИРМА ШТО ЌЕ ГИ ЧИСТИ СТОЈАЛИШТАТА



Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ одржувањето на автобуските постојки ќе ја препушти на друга фирма. Распишан е оглас со кој претпријатието бара фирма со најповолна понуда за чистење на сите 226 нови автобуски стојалишта во градот за што ЈСП првично проценило дека ќе чини 1,5 милион денари, односно 24.271 евра. Времетраењето на договорот со избраната фирма ќе биде на една година. Заинтересираните своите понуди треба да ги достават најдоцна до 15 декември.

Според директорот на ЈСП, Мишо Николов, на ваков чекор се одлучиле затоа што не можат сами да постигнат да ги одржуваат стојалиштата.

- Новите автобуски постојки се нагрдуваат со тоа што на нив се лепат огласи и се чкртаат со графити. Имавме ангажирано двајца работници и возило за да ги чистат стојалиштата, но не можеме да постигнеме. Ние ќе исчистиме, граѓаните повторно ги чкртаат и ги лепат со огласи - изјави Николов.

Тој вели дека на постојките поставиле налепници со информација дека со закон се казнува чкртањето и лепењето огласи на тие јавни површини.

- Досега не сме успеале да фатиме некој на самото место како ги оштетува новите стојалишта.

Ако видиме, веднаш ќе пријавиме во полиција. Апелирам до граѓаните да не го уништуваат имотот на ЈСП, во спротивно ќе ги преземеме сите законски мерки за негова заштита - нагласи Николов.

Тој досега неколкупати реагираше за оштетувањето на автобуските постојки и за неколкуте случаи во кои беа искршени стаклата. Последен пат, пред еден месец, беа искршени стаклата на стојалиштето на булеварот Александар Македонски. Според Законот за јавната чистота, за уништување урбана и друга опрема е предвидена глоба од 50 евра, а исто толку се предвидува и за чкртање по јавните површини.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=B28A60AC19E5F2459B0C884E4587E16B
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 371
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 18-Dec-2014 at 04:35
Проектот за поставување на постојки од ЈСП го прогласија за завршен уште пред 2 месеци а јас ко што гледам ми е далеку од завршен, на неколку станици од Драчево до бараките на општина Кисела Вода пред 10-15 дена допрва ставаа постојки а сигурен сум и на други делови низ градот а згора на се тоа пола од тие постојки се без информативни табли...просто да се зачуди човек колкава е таа филозофија да не може да се средат сите постојки како што треба во рок од година дена па и уште го прогласуваат за завршен проектот-мизерија!!!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 18-Dec-2014 at 09:32
На многу места низ градов уште има од старите постојки или воопшто нема никакви. Нека не те чуди тоа, ЈСП има побитни работи, меѓу кои и финансирање панорамски тркала.
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2365
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 18-Dec-2014 at 10:59
А онаму кадешто е планирана трамвајска траса, рекоа дека нема да ставаат нови постојки.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 18-Dec-2014 at 11:05
По бул.Партизански одреди на некои места нема да.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 371
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 19-Dec-2014 at 04:11
Originally posted by phenomenon

А онаму кадешто е планирана трамвајска траса, рекоа дека нема да ставаат нови постојки.




Точно така, рекоа кај што ќе има трамвајска траса нема да ставаат нови постојки а тоа значи дека и на Партизанска нема да има, се тоа ок ама што е со другите делови кај што нема да поминува трамвајот? Е тоа е тоа што ме нервира и крајно иритира, ако ништо повеќе можеа барем на сите постојки што ги поставија да стават информативни табли ама не, дури ни тоа не се способни да го направат...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 24-Dec-2014 at 10:04
Покрај булевар Илинден, дефинитивно сметам дека и булевар Митрополит Теодосиј Гологанов треба во иднина да добие нови автобуски линии. Тука е населбата Капиштец и Тафталиџе, кои се густо населени и на кои им е многу далеку да одат до Партизански одреди за да фатат автобус. Дефинитивно ќе треба да се направат нови линии или да се смени трасата на постоечките
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2365
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 27-Jan-2015 at 14:04
Бик влегол на Автобуската станица во Куманово



http://kumanovonews.com/vesti/bik-vlegol-na-avtobuskata-stanica-vo-kumanovo
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 31-Mar-2015 at 08:28
„РУЛЕ ТУРС“ ЌЕ СТОПАНИСУВА УШТЕ 15 ГОДИНИ СО АВТОБУСКАТА СТАНИЦА СКОПЈЕ

Компанијата „Руле турс“ и во наредните 15 години ќе стопанисува со Автобуската станица Скопје.

На денешното усно јавно наддавање за закуп и стопанисување со Скопската автобуска, што се одржа во просториите на Град Скопје, досегашниот концесионер „Руле турс“ понуди највисока понуда, 213 милиони денари, плус ДДВ. Вкупната постигната цена изнесува над 4 милиони евра.

На јавното наддавање учествуваа и компаниите „Вардар експрес“ и СИЗ за патен сообраќај (Македонија сообраќај – АМЕРИТ) Скопје.

Од Град Скопје соопштуваат дека за јавното наддавање биле заинтересирани 7 компании од кои 5 ги исполнија условите. До денот на јавното наддавање, од овие пет компании, гарантен депозит што беше услов за учество во усното јавно наддавање доставиле 3 компании.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=276A7EC01680384CABBC82330CC6A0C1
За сè има вторпат
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 31-Mar-2015 at 12:34
Се исплатеше тепањето
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 19>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.