build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автобуски постојки и терминали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 05-Apr-2015 at 15:25
Не можев да им поверувам на очиве!




23ka.wordpress.com
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 05-Apr-2015 at 15:35
Кога ќе ги видам автобуските постројки и просторот околу нив тогаш сфаќам каква некултурна стока од народ живее во Македонија. Па, нема постројка, а да не е полна со ѓубре и измет. Срамота, а на сите ни се полни усните за Европа. Ако сакаме да одиме таму првин треба да прифатиме европски вредности на живеење, а не да им ги носиме нашите дивјачки.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13133
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 05-Apr-2015 at 15:50
Мала исправка - се вика постојка, а не постројка.
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1955
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 05-Apr-2015 at 15:51
После цела вечност. Незнам дали да кажам браво или фала богу.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 06-Apr-2015 at 10:46
Originally posted by alexsend

После цела вечност. Незнам дали да кажам браво или фала богу.


Фала богу, дефинитивно.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13133
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 25-Apr-2015 at 08:39
ГРАЃАНИТЕ САКААТ ЧИСТИ КЛУПИ НА ПОСТОЈКИТЕ

Граѓаните реагираат на валканите метални клупи на новите постојки што ги постави ЈСП. Забележливо е дека подолг период легнала прашина врз нив, дека на некои има дури и стапалки што ги оставиле несовесните кои газеле со чевли по нив. Не е на завидно ниво ниту хигиената на заштитните стакла кои се покриени со прашина од сите ветриштата што дуваа и сите дождови што паднаа во изминатиов период. Често некои од патниците коментираат дека некој треба и да ја одржува хигиената на постојките, бидејќи не е доволно само да бидат поставени.

Од ЈСП велат дека обврската за одржување на хигиената на постојките е нивна и тие тоа го прават. „Два пати месечно ги чистиме автобуските постојки, бидејќи тоа е наша должност. Но се случува понекогаш да интервенираме и по пријава на граѓаните“, објасни Билјана Јанкуловска, одговорна за информирање во ЈСП „Скопје“. Но, повеќе од очигледно е дека чистење само двапати во месецот е премалку. Особено ако се има предвид големата количина издувни гасови од интензивниот сообраќај, како и ситната прашина секојдневно присутна во воздухот кои се таложат врз клупите. Но, пред се', мора да се смета и на (не)културата на граѓаните кои наместо да ги чуваат и да се грижат за постојките, многу често ги уништуваат со газење по клупите и со чкртање по стаклата. (Сн.К.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=2F7FADD2A95DA8459F242D8E667250BC
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13133
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 07-May-2015 at 02:14
„ДЕЛФИНА ТУРС“ ЌЕ ЈА ГРАДИ НОВАТА АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО ОХРИД

Охрид - Скопската транспортна компанија „Делфина турс“ ќе ја гради новата автобуска станица во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески и претставникот на фирмата, Аднан Исмаил, вчера го потпишаа договорот. Оваа компанија стана сопственик на парцелата со површина од околу 12.000 квадратни метри откако го купи земјиштето на лицитација за 3.487 денари за квадрат.

Како што истакна градоначалникот Бакрачески, инвеститорот „Делфина турс“, на сметката на Општина Охрид, веќе уплатил 41.833.540 денари, или 80 проценти од вкупните средства, додека другите 20 отсто одат на сметката на Министерството за транспорт.

Според предвиденото, новата автобуска станица во Охрид ќе биде современ објект на приземје, четири ката и поткровје. Инвеститорот има обврска да изработи архитектонско-урбанистички проект со кој ќе бидат дефинирани сите намени во градежната површина на автобуската станица.

„Моментално работиме на потребната проектна документација и добивање дозволи за почеток на изградба. Се надеваме дека тоа ќе го реализираме во најкус можен рок и потоа да започнеме со изградбата. Ќе ја оправдаме довербата на граѓаните и ќе работиме на афирмација на прекрасниот Охрид, кој ќе добие најмодерна автобуска станица не само во Македонија туку и пошироко во регионов“, рече Исмаил.

Изградбата на новата автобуска станица во Охрид треба да му даде еден нов лик на овој дел од градот, но и да претставува позитивен впечаток за туристите кои ќе пристигнуваат на неа. Во изградбата ќе учествуваат и локални компании што ќе претставува поттик за нови работни места. Новата автобуска станица ќе треба да биде готова и комплетно ставена во функција за најмногу четири години.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=A4DAC83A0A2EE84C94DDC91AD169763A
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 13-May-2015 at 15:30
ЈСП Скопје ќе постави нови автобуски постојки во Скопје. Повеќе новинарско инфо наредните денови:

II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Изградба на автобуски постојки на мрежата на градски линии во јавниот превоз во Град Скопје

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/254d0960-78ba-4e18-87f0-31a60fd170e8/Open
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13133
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 11-Jun-2015 at 14:40
ДОЈРАН ЌЕ ДОБИЕ НОВА МОДЕРНА АВТОБУСКА СТАНИЦА

Општина Дојран денеска најави дека ќе гради нова автобуска станица со која ќе се реши тридеценискиот проблем на туристите за полесно пристигнување и заминување од ова туристичко место.

Досега функционираа неколку автобуски линии, но не и автобуска станица.

- Изработката на документацијата за издавање на одобрение за градба е при крај и веруваме дека до почетокот на шпицот на летната сезона новата автобуска станица ќе профункционира и ќе се реши најголемата забелешка што ја имавме од туристите изминативе неколку години. Ќе добиеме убава и модерна автобуска станица која на туристите ќе им овозможи многу полесно да доаѓаат во Дојран, изјави градоначалникот Борче Стамов.

Старата автобуска станица во Дојран не функционира од 1988 година така што се верува дека со новата станица и воведувањето на дополнителни редовни линии ќе се зголеми бројот на туристите кои ќе летуваат во Дојран.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=14A2C5645E3BC044AB713F50A75AD4C9
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 670
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 12-Jun-2015 at 08:57

Многу оптимистички, баш ме интересира каква автобуска ќе направат за 40-50 дена
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 20-Jun-2015 at 14:53
Нови натстрешници за 50 стари постојки

Скопската фирма „Бауер БГ“ доставила најповолна понуда на тендерот што го распиша ЈСП за изградба на автобуски постојки на градски линии во градот. Таа понудила околу 236.000 евра за изградба на 50 нови постојки по булеварите. Новите натстрешници ќе бидат како оние што беа поставени минатата година и ќе ги има два типа единечни и дупли, во зависност од тоа колку линии тука застануваат и колку патници ги користат.



Како што пишува Утрински, на тендерската документација, нови автобуски натстрешници ќе добијат сите стојалишта по должина на булеварот „Партизански одреди“, од кои најголемиот дел ќе бидат дупли, потоа двете постојки на „Рекорд“ на улицата „Димитрие Чуповски“, на бул. „Кочо Рацин“ на постојките на „Југодрво“ и пред Олимписки базен, на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ кај „Веро Џамбо“ пред НБМ. Нова двојна натстрешница ќе добие и стојалиштето пред ТЦ „Скопјанка“. И во Аеродром ќе има нови постојки, на булеварот „Јане Сандански“ кај слаткарницата „Палма“, пред „Три бисери“, пред Мајчин дом и пред ТЦ „Капитол“. Сите ќе бидат со двојни натстрешници.

Ќе се заменат старите жолти печурки и на улицата „11 Октомври“ кај Градска болница „Св. Наум Охридски“ и пред Зелено пазарче. Потоа во продолжение на улицата „Васил Аџиларски“ ќе се поднови и постојката пред Работнички дом. Единечни натстрешници на новите постојки ќе има кај Тутунски комбинат од двете страни на улицата „Трета македонска бригада“, како и кај старото седиште на Општината Аеродром и пред СУ „Димитар Влахов“. Планирани се пет нови единечни постојки на бул. „Борис Трајковски“ и тоа од двете страни кај Стакларница и кај ОХИС, и во Пинтија во правец кон Драчево. И на улицата „Теодосие Гологанов“ се' уште опстојуваат старите постојки кои сега ќе си заминат во минато и тоа двете пред студентскиот дом „Гоце Делчев“, двете во Тафталиџе, тие кај комплексот „Гранд престиж“ како и оние пред некогашна „Алумина“. По нив ќе се обнови и постојката кај кружниот тек во Хром на улицата „Воин Драшковиќ“. На ред за менување се и старите натстрешници на постојката кај ОУ „Страшо Пинџур“ и „Даме Груев“ на улицата „Лука Геров“. Нови стојалишта ќе добијат и жителите на Радишани, кај третиот влез во населбата и кај бензинската пумпа. Во Чаир веќе има нови натстрешници на неколку локации, а сега нова ќе добие постојката кај ТЦ „Мавровска“. И студентите од Европски универзитет ќе чекаат автобус на нова постојка на булеварот „Климент Охридски“.

Како што е и до сега пропишано, на постојките ќе има заштитни стакла, информативни табли, клупи за седење и кошници за отпадоци. Задолжително ќе има табли со името на постојката и со броевите на автобусите кои тука застануваат, како и со податоци за возниот ред. Според предвидената динамика, 15 постојки ќе бидат изградени до октомври годинава, 15 до ноември, исто толку до декември и пет до крајот на јануари 2016 година.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/918659177/novi-natstresnici-za-50-stari-postojki-
Back to Top
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Location: Битола
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 04-Sep-2015 at 14:33
Нови автобуски постојки за градскиот превоз во Битола.
http://tera.mk/novi-postojki-vo-bitola/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13133
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 04-Sep-2015 at 16:18
Не се лоши. Далеку од добри, ама барем не се лоши.
За сè има вторпат
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 22-Sep-2015 at 02:27
Добро што се дешава со ЈСП, пола од ново поставените постојки сеуште се без информативни табли и абер немаат да стават како да се работи за некоја квантна физика па се чудат ли чудат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 22-Sep-2015 at 15:17
Originally posted by mr bombastic

Добро што се дешава со ЈСП, пола од ново поставените постојки сеуште се без информативни табли и абер немаат да стават како да се работи за некоја квантна физика па се чудат ли чудат


Тоа не е ништо во однос на она што допрва ќе се дешава кога ќе стават валидатори.
Ќе се случува валидаторот да откаже и оние што се со Моја Скопска ако сакаат да се возат ќе мора да си платат билет. Ако не, ќе мора да го чекаат следниот автобус со исправен валидатор. Ова во градот и нема да е толку голем проблем, но замисли ли како ќе биде на селските линии.

Ќе ставале луѓето валидатори, сакаат да изигруваат Руле-Турс кој е светлосни години пред нив.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13133
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 10-Jan-2016 at 21:15
Автобуска постојка во близина на хотел Белви за броевите 63 и 66 од скопскиот градски превоз

Антика со романтика

https://scontent-fra3-1.xx.fbcdn.net/hphotos-xfp1/v/t1.0-9/12400761_1155816044430358_8002043087471908347_n.jpg?oh=a0619cb8900a853f53fc7529692b0617&oe=5745509D

Edited by Џоле - 10-Jan-2016 at 21:15
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13133
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 25-Jan-2016 at 23:32
ДЕЛФИНА ТУРС ЌЕ ГРАДИ АВТОБУСКА И ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ОХРИД



Охрид 1 дојде до едне од повеќе планови кои ги прави инвеститорот на новата автобуска станица во Охрид, реномираната компамнија ”Делфина Турс” од Скопје.

Според неколкуте планови кои се во игра, автобуската ќе биде еден ултрамодерен објект, кој покрај делот со перони на кој ќе пристигнуваат и тргнуваат автобусите, ќе има и трговски центар и дурги содржини предвидени за објектот.



Од компанијата ”Делфина Турс” ни потврдија дека се предвидува и трговски центар, а деновиве Охрид 1 ќе објави повеќе детали околу плановите и инвестициите на ”Делфина Турс”.





















http://ohrid1.com/delfina-turs-kje-gradi-avtobuska-i-trgovski-centar-vo-ohrid/
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 05-Apr-2016 at 10:43
ЗАПОЧНА УРЕДУВАЊЕТО НА АВТОБУСКАТА СТАНИЦА ВО ВЕЛЕС



Велес - Сопственикот на велешката автобуска станица „ГО-МА Бус“ побара од сопствениците на привремените објекти поставени околу неа да ги отстранат, бидејќи ќе започнат градежни активности за нејзино уредување. Заради реализација на проектот кој предвидува изградба на нова инфраструктура потребно е сите околни привремени објекти киосци, кафеани, сендвичарници да бидат отстранети.

„Сите објекти што се околу автобуската се диви, па имаме реакции од патниците упатени на наша сметка. Но, не можеме ништо да сториме за да изградиме современ пристап до автобусите и пероните, бидејќи просторот е узурпиран. А, ние го имаме приватизирано земјиштето. Низ автобуската станица минуваат меѓународни автобуси за Грција, Бугарија, Србија, Турција и сите тие патници се сведоци на оваа слика“, велат од Автобуската станица во Велес.

Ако во рок од 15 дена не се отстранат привремените објекти, тоа ќе го сторат „ГО-МА бус“, а сметката за извршената работа ќе биде испорачана до сопствениците на киосците и кафеаните.

Измената на ДУП за овој простор локалната власт ја направи во 2014 година кога беше најавено дека велешката автобуска ќе добие нов лик и содржини. Таа со новото решение ќе се модернизира, ќе добие простор за паркирање, поголема чекалница, квалитетен сообраќаен пристап. Според категоризацијата што ја врши Министерството за транспорт и врски, според услугите на патниците на автобуските станици, велешката станица е од прва категорија и таа е меѓу седумте најдобри во Македонија.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=68A7C0672C1FEF4CA2CB49EBE6005424
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 975
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 05-Apr-2016 at 23:20
Наместо возен ред, простор за реклами

Од каде да почнам за одлукава. Ги укинале хартиените возни редови и ќе имало реклами, за полесно одржување постојките

Значи не само што не ги наместија сите автобуски постојки, не само што на пола од нив имаше вакви возни редови, не само што овие возни редови се однесуваат на првата и последната постојка, Град Скопје заедно со најнеодговорното јавно претпријатие во Македонија донеле одлука да ги укинат хартиените возни редови бидејќи цитиран „биле непотребни“. Да, непотребни во такво издание.

Замената биле информациските дисплеи кои ги има само во центарот на градот, пораката за другите е веројатно, кој ве врти, снаоѓајте се
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7368
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 06-Apr-2016 at 02:06
уште една епизода од серијата „1000 причини зошто да не се возите со автобус во Скопје“
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.