build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автобуски постојки и терминали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 16171819>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 06-Apr-2016 at 03:34
Ова е неверојатно глуп, непромислен и кусоглед предлог. Што правиме кога ќе снема струја, а што правиме ако електронската табла (ако е постои на постојката) се расипе, а што правиме ако некому му се потроши батерија на телефон, снема мрежа или едноставно не користи мобилен интернет?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4477
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 06-Apr-2016 at 07:09
Тоа што правевте во последните 40 години. Ќе си седите и ќе си чекате да дојде автобус.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 06-Apr-2016 at 11:51
Gluposti. Tie sto nosat vakvi odluki dali prosetale malku podaleku od Kumanovo. I vo najnaprednite zemji kade sto podolgo vreme se koristat elektronski informativni tabli i kade sto veke dolgo vreme ima online aktivni planeri na vozniot red informativnite mapi i vozniot red si stojat na stanicite kako i informacii za site promeni na voznite redovi i tn. Nevidena glupost e mapite i voznite redovi da se trgnat od stanicite. Moze da se napravat pokompaktno i da ne zafakjat mnogu prostor ni celosno da se trgnat e cista glupost.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2374
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 06-Apr-2016 at 12:49
Originally posted by kultuzin

Gluposti. Tie sto nosat vakvi odluki dali prosetale malku podaleku od Kumanovo. I vo najnaprednite zemji kade sto podolgo vreme se koristat elektronski informativni tabli i kade sto veke dolgo vreme ima online aktivni planeri na vozniot red informativnite mapi i vozniot red si stojat na stanicite kako i informacii za site promeni na voznite redovi i tn. Nevidena glupost e mapite i voznite redovi da se trgnat od stanicite. Moze da se napravat pokompaktno i da ne zafakjat mnogu prostor ni celosno da se trgnat e cista glupost.


Па баш затоа. Виделе дека во Куманово никаде нема возен ред за градските автобуси, нема ниту на главната автобуска станица, ниту на постојките, ниту оnline. Едно време даваа возен ред за одредени линии во форма на џебно календарче. Можеби и во Скопје ќе почнат со таква пракса.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 586
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 22-Jun-2016 at 20:47
Иако ја има естетиката на тоалет од портирница на царински терминал, сепак, не е тоа. Постојка е, на една од главните улици во градот на закрепостените сељаци:

image gratuite

Поставени се веќе десетици, а мал број од нив ќе бидат од овој тип „со трафика“. Која ќе биде намената на трафиката, дали исклучиво билетара, или пак општината ќе ги издава како многунаменски трафики - не знам. Оскудна е нашата општина со детали.

Секако, мнозинството се без трафика. Сите се изградени на поткренати платформи од бехатон, дури и на места каде сосема немаше потреба од тоа. Постaвeни се и на места каде што до сега немаше станици, можда се планираат нови линии - не знам. Иако на прв поглед изгледаат арно, сепак од ден на ден ми се се поодвратни. Без грам креативност, и освен клупите кои се убви, останатите делови на конструкцијата зрачат со фушерај. Нема да коментирам за начинот на обележување и нумерирање на постојките, зборува сам за себе .




Edited by hcitrS - 22-Jun-2016 at 20:49
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4477
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 24-Jun-2016 at 04:12
Да не бев од Битола немаше да знам дека за Битола станува збор
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12383
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 27-Jul-2016 at 09:21
СООБРАЌАЈ - НЕ ЧЕКАЈТЕ АВТОБУС КАЈ МАВРОВКА!

Автобуската постојка кај „Мавровка“ не постои! Таа е привремено укината поради градежните зафати за премостување на булеварот.

„Градот Скопје ги информира граѓаните дека повикувајќи се на Одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, а согласно со Измена и дополнување на основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај за време на изградба на надземен пешачки премин, автобуското стојалиште 0417 ТЦ ’Мавровка’ во правец од Бит Пазар кон Карпош е привремено укинато“, информираат од Градот.

http://utrinski.mk/?ItemID=FB55CED570733B469EE9685477217801
За сè има вторпат
Back to Top
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Location: Битола
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 29-Oct-2016 at 14:07
Конечно се прави нова фасада на автобуската станица во Битола. (29.10.2016)
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12383
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 29-Oct-2016 at 19:04
Ако добро се сеќавам, и порано автобуската станица имаше фасада или грешам?
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 586
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 29-Oct-2016 at 22:20
Можи да се наречи фасада и тоа претходно, ама сега ова е ново и (се надевам) на цела површина.
Од секогаш ми беше несфатлива формата на зградава што како да имаше 1.4 спрата и огромни тераси на една од бочните фасади. Во некој период беше приградено некое си поткровје, некој чир, од околу 1м, па менуваа кров, дограми, така да тоа што беше останало од фасадата не личеше на ништо. Ова што ќе се добие ќе биде многу грдо, ама барем едно грдо, а не составено од 30 флеки на грдо.

И се надевам дека еднаш ќе ја заокружат автобускава како целина, колку е да е грда, само нека завршат упм. Кога е изградена не знам, ама минимум од 2001ва се реновира.

Edited by hcitrS - 29-Oct-2016 at 22:22
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 02-Nov-2016 at 09:02
Гледам дека ЈСП-Скопје по неколку години се сетило дека автобуските постојки можат да бидат идеално место за реклами. Како ретко што во градов, поставените реклами на постојките им даваат поубав и поразигран изглед.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12383
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 02-Nov-2016 at 10:01


Да ти го поткрепам тврдењето со една фотка на Фосил од форумот ЅЅС...



Edited by Џоле - 02-Nov-2016 at 10:01
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 02-Nov-2016 at 10:32
Добар потег, иако задоцнет, се сложувам. А колкава била побарувачката/интересот за ваков простор за рекламирање зборува тоа што 3-4 компании ги закупиле сите важни постојки во градот.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 02-Nov-2016 at 13:39
Доста добар потег

М СТОП – нов медиум за креативно изразување низ скопските улици

По примерот на големите светски метрополи отсега и Скопје конечно доби можност да биде разубавен со брендирани автобуски постојки.

Деновиве тимот на Маркетинг365 имаше прилика да забележи повеќе автобуски постојки низ Градот “облечени во ново руво”, кое му дава блескав сјај и го разубавува просторот кој секојдневно претставува место каде се собираат и крај кое минуваат илјадници граѓани на метрополата.



Можноста за брендирање на автобуските постојки несомнено ги израдува и креативците, огласувачите и маркетинг агенциите кои сега добија ново совршено место за крeативно изразување и супер ефикасен медиум за пренесување на рекламна порака до исклучително бројна публика.

Според статистичките податоци на ЈСП Скопје, во текот на 2015 година превезени се вкупно 52 милиони патници, односно 4,3 милиони месечно. Во овие бројки не влегуваат патниците превезени со приватните превозници, а кои ги користат истите автобуските постојки. Исто така, оваа бројка значително се зголемува ако се земат предвид пешаците и сите други учесници во сообраќајот.

Ова се аргументите заради кои цврсто веруваме дека „рекламните куќички“ ќе понудат засолниште, информации, забава и ќе ги стимулираат потрошувачките сетила на потенцијалните купувачи.



Концесионер на овој рекламен простор е компанијата MARATON ADVERTISING GROUP, која од 2005 година го организира и рекламирањето на автобусите во Скопје. Минувајќи километри и километри заедно низ годините, Маратонци од 2016 година приказната ја продолжуваат со М СТОП односно со организирање рекламирање на новите автобуски постојки во Скопје.

“Предизвикот да се биде концесионер на овој рекламен простор е голем и претставува исклучителна комбинација како продолжен или повеќе пропратен или дополнителен медиум кон bus brending- от. Тоа значи дека ако учествувате во маратонот, ќе можете да застанете и да се одморите или ако не сте во добра кондиција и не сте спремни за маратон, можете да се испробате во новата дисциплина – да стоите во место и да си одморате“ – велат во нивен стил од Маратон.

Маратон го прифати предизвикот да гради уште еден нов медиум во градот, а први на овој медиум му веруваа брендовите Бимилк и Coca Cola.




http://marketing365.mk/mstop-nov-medium-za-kreativno-izrazuvanje-niz-skopskite-ulici/
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 586
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 02-Nov-2016 at 14:05
Стварно не ми е јасно како покрај толку билборди, панели, долга пауза за реклами на сред филм, на сред утакмица итн., уште едно дополнително прање на мозокот наидува на апсолутно позитивни реакции. Единствен град во МК со пристојни постојки со некаков дизајн, а не поминаа ни 2 години ете кока-кола што направи, покрај целиот просторот, ја узурпира и формата, како тенда покрај трафика личат постојките.

Патем, информативните екрани на постојките, точни ли се околу термините?
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 02-Nov-2016 at 14:09
Сега полека можат да ги тргнуваат билбордите.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 02-Nov-2016 at 21:15
Originally posted by kultuzin

Сега полека можат да ги тргнуваат билбордите.
мислам дека и сам си свесен дека тоа нема да се случи, кога самиот градоначалник на Скопје како проект постави насекаде нови огромни билборди и се пофали со тоа, а ниеден од старите не се отстрани, особено оние големине едра по зградите кои се опасни и малите табли кои ги попречуваат пешачките/велосипедските патеки

сега, наместо пространи и прегледни автобуски постојки, каде што може да се собере поголема група и да има личен простор, со мапи на возни редови и дисплеи за линиите (не знам дали воопшто да спомнувам дека немаме автомати за новите електронски картички), добивме билборди со стреа

Скопје, граду мој прекрасен
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 03-Nov-2016 at 15:08
Во ерата на модерната технологија и се поголемиот број корисници на мобилен интернет, ние ќе се убедуваме да се вратат хартиените табли со возен ред
Добро би било да се вратиме уште стотина години па преку мегафон да поминува човек и да разгласува кога ќе пристигне следниот автобус.

Тешко дека ќе видиме современи дисплеи за возниот ред и пристигнувањата на автобусите наредниве години.Не би им дал ни три дена да опстојат во вакво "културно и цивилизирано" општество.
За нас доста се и се оние што ги поставија од пред една година, среќа ги поставија повисоко иначе

Edited by jyvation - 03-Nov-2016 at 15:09
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 03-Nov-2016 at 17:52
дупло повеќе замарање е да отворам мобилен, да се уклучам на интернет и на страната на ЈСП и да пукнам некоја добра математичка пресметка за тоа кога ќе стигне автобусот, отколку сето тоа да ми го пишува на еден дисплеј и да имам увид во тоа каде се движат автобусите... па дали е во хартиена или електронска форма, сеедно... битно е кога ќе застанеш на постојка, инстант да имаш информации што ти требаат
истите информации треба да ги има и во автобусите

само ние толку добро сме навикнати на живот во дивина, што тоа што се знаеме на памет и што се снаоѓаме кој како успее, ни е супер, како да не сме виделе подобро...

патем, дисплеи досега имам видено на не повеќе од пет места (а колку постојки има низ цел град?) и дури и тие дисплеи успеаа крајно да ги укакааат и да ги направат бескорисни
постојките не ми се допаѓаат, на толку билборди и голем простор, направија крајно клаустрофобични постојки и ги облепија со реклами за да бидат уште поклаустрофобични, ама се тоа е ок, бидејќи, некој да си го наполни џебот е побитно отколку ние во градов да имаме удобен живот

Edited by zabegan - 03-Nov-2016 at 18:00
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 759
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 03-Nov-2016 at 20:13
Јас навистина не знам што е ругањето на хартиените возни редови. Во Кајзерслаутерн, град од 100.000 жители (нешто поголем од Битола во наши рамки) имаше скромни автобуски станици со обичен хартиен автобуски ред, на кој ги пишува возните редови на ТАА станица со времето на ТАА станица, не како што ЈСП извади кога тргнувал автобусот од почетна станица, или како што пишува на интернет, или како што има на апликација.

Нас, патниците на ЈСП, не не интересира кога тргнал од почетна, туку кога ќе биде тука.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 16171819>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.218 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.