build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 151>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 17-Nov-2008 at 21:45
Originally posted by гитардемон


истамбул е исто за пофалба а атина, има систем каде што е забрането влегување на автомобили во центарот на градот, во парен датум парните регистрации, во непарен непарните. помага сепак, иако глупаво

Тоа е направено не ради сообраќајот туку за загадувањето које е непоносливо и за заштита на историските објекти - акрополис се „распаѓа“
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 17-Nov-2008 at 23:42
@ Andrej

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=3515#3515
Сите клипчиња се од кружни текови со голем број ленти, но како што се гледа тоа не е магично решение за капацитетот. На првото клипче (многу извиканиот и од наши „стручњаци“ фален кружен тек кај триумфалната капија во Париз) убаво се гледа и хаосот кој настанува на кружен тек со многу ленти.



http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=3512#3512
Сликата бр.3 е од Букурешт  (Ја посочувам чисто зошто го спомна, инаку генерално се слагам со првите 2/3 од твојот пост)


Скопје е меѓудругото е селендра затоа што нема ниту еден кружен ток-плоштад.
Не се слагам. Мислам дека тоа не е никаков критериум, а и да беше, сепак ефикасноста на сообраќајната мрежа е критериум кој треба да ги засени сите други во нејзиното планирање. Ако негде има потреба од голем кружен тек не сум против, ама ако не, нема ваљда со сила да го правиме за да бидеме „метропола“.


Edited by Cloverstack - 17-Nov-2008 at 23:48
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 18-Nov-2008 at 13:09
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by Junkie

Ајде фаќајте се за работа и нов кружен тек кај католичка црква. Меѓутоа јас пак мислам дека тука мора прво Јужен булевар да се изгради или дел од него поради фактот што потоа ќе мора повторно да се проширува и кругот.
Ако се изгради „јужен“, тогаш воопшто ќе нема потреба од кружен тек (затоа што М.Х.Јасмин и Теодосиј Гологанов ќе бидат еднонасочни колекторски улици), а не да се проширува.



Originally posted by Junkie

Воопшто не е лошо да има кружни текови и тоа е модерен начин во градска површина. Единствено некоја клучка со подвозници и надвозници е најдобро решение меѓутоа просторните услови секаде не го дозволуваат тоа. Во поглед на обичните раскрсници со семафори и застои, кружниот тек е апсолутно најдобра замена.
Побогу луѓе, зборите ко Момо Николовски. По кој критериум кружен тек е „модерен начин“? И зошто кружен тек е најдобро решение во секакви услови? И зошто побогу воопшто постојат семафоризирани крстосници низ светот ако кружен тек е магичното решение за сите сообраќајни проблеми? И зошто трендот е се повеќе да се напуштаат кружните текови, дури и да се преправаат стари кружни текови во семафоризирани крстосници? Никој освен нас не приметил дека кружен тек е толку прекрасно решение? Сите ли се во заблуда освен нас?

Имам и до сега спомнато - не сум апсолутно против кружни текови. Има околности каде тие се потребни и пожелни (пред се во зависност од карактеристиките на сообраќајните текови на конкретниот јазол и од просторните услови). Но тоа е реткост. А за да се утврди треба навистина добра анализа спроведена од навистина стручни лица, кои изгледа за жал ги немаме...


Ни на крај памет не се сложувам и нема врска ништо. Кружен тек е најдобро решение за кое што убаво наведов дека пред се го растеретува сообраќајот, изгледа МОДЕРНО и СОВРШЕНО. Тоа дека е реткост нема врска никаква. Тоа е можеби твое мислење меѓутоа во реалноста не е така како што замислуваш токму ти.
@Andrej_LJ се сложувам дефинитивно и во право си. Букурешт е пример за тоа како треба да функционираат (и како фунцкионираат совршено) кружните текови.


Edited by Junkie - 18-Nov-2008 at 13:13
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7782
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 18-Nov-2008 at 17:38
Originally posted by Junkie

Originally posted by Cloverstack

Originally posted by Junkie

Ајде фаќајте се за работа и нов кружен тек кај католичка црква. Меѓутоа јас пак мислам дека тука мора прво Јужен булевар да се изгради или дел од него поради фактот што потоа ќе мора повторно да се проширува и кругот.
Ако се изгради „јужен“, тогаш воопшто ќе нема потреба од кружен тек (затоа што М.Х.Јасмин и Теодосиј Гологанов ќе бидат еднонасочни колекторски улици), а не да се проширува.



Originally posted by Junkie

Воопшто не е лошо да има кружни текови и тоа е модерен начин во градска површина. Единствено некоја клучка со подвозници и надвозници е најдобро решение меѓутоа просторните услови секаде не го дозволуваат тоа. Во поглед на обичните раскрсници со семафори и застои, кружниот тек е апсолутно најдобра замена.
Побогу луѓе, зборите ко Момо Николовски. По кој критериум кружен тек е „модерен начин“? И зошто кружен тек е најдобро решение во секакви услови? И зошто побогу воопшто постојат семафоризирани крстосници низ светот ако кружен тек е магичното решение за сите сообраќајни проблеми? И зошто трендот е се повеќе да се напуштаат кружните текови, дури и да се преправаат стари кружни текови во семафоризирани крстосници? Никој освен нас не приметил дека кружен тек е толку прекрасно решение? Сите ли се во заблуда освен нас?

Имам и до сега спомнато - не сум апсолутно против кружни текови. Има околности каде тие се потребни и пожелни (пред се во зависност од карактеристиките на сообраќајните текови на конкретниот јазол и од просторните услови). Но тоа е реткост. А за да се утврди треба навистина добра анализа спроведена од навистина стручни лица, кои изгледа за жал ги немаме...


Ни на крај памет не се сложувам и нема врска ништо. Кружен тек е најдобро решение за кое што убаво наведов дека пред се го растеретува сообраќајот, изгледа МОДЕРНО и СОВРШЕНО. Тоа дека е реткост нема врска никаква. Тоа е можеби твое мислење меѓутоа во реалноста не е така како што замислуваш токму ти.
@Andrej_LJ се сложувам дефинитивно и во право си. Букурешт е пример за тоа како треба да функционираат (и како фунцкионираат совршено) кружните текови.
јас се согласувам со ова, значи кружните текови се специфични, не може да ги ставиш кај сакаш, зависи какви услови има, каков сообраќај, какви и колкави улици и т.н.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 18-Nov-2008 at 19:05
Originally posted by Junkie

@Andrej_LJ се сложувам дефинитивно и во право си. Букурешт е пример за тоа како треба да функционираат (и како фунцкионираат совршено) кружните текови.
Па не би рекол дека Андреј го кажа истото што и ти. Пре би рекол дека мојот став (иако имам разлики) е многу поблизок до тоа што го кажа Андреј - Букурешт е планиран околу однапред осмислени кружни текови (и архитектонски и сообраќајно). Тоа е сосема друга приказна од Скопје кое има многу посовремен сообраќаен концепт и каде сега некои се залагаат отпосле да насадат импровизирани кружни текови на секој чекор.
Решението за сообраќајот во Скопје е дооформувањето на примарната сообраќајна мрежа (особено урбаните автопати), токму без импровизации, а во такви импровизации спаѓаат и најголем дел од најавените кружни текови.

Во секој случај еве ти види како тоа функционира совршено во современи услови во Букурешт:



Originally posted by Junkie


Ни на крај памет не се сложувам и нема врска ништо. Кружен тек е најдобро решение за кое што убаво наведов дека пред се го растеретува сообраќајот, изгледа МОДЕРНО и СОВРШЕНО. Тоа дека е реткост нема врска никаква. Тоа е можеби твое мислење меѓутоа во реалноста не е така како што замислуваш токму ти.
Гледам дека наведе, ама не гледам со што го поткрепи...
- За тоа дека го растеретува сообраќајот не е точно (освен во многу специфични услови), затоа што е правило дека на простор со иста големина, семафоризирана крстосница (а камо ли клучка) има поголем капацитет од кружен тек. Како тоа ќе сме воведувале кружни текови за да се справуваме со метежот, а тие всушност имаат помал капацитет??? Кружните текови се добри за континуиран тек на сообраќајот каде што нема потенцијал за стварање на гужва и особено каде се вкрстуваат повеќе од 4 правци, а не магично решение каква што заблуда се наметна кај нас!
- За тоа дека изгледало модерно и совршено...  Збориме за решавање на сообраќајни проблеми, каде што ваков емотивен/субјективен критериум е тотално ирационален. Не знам која ти е логиката? Кога ќе се заглавиш во гужва, да имаш нешто убаво во што ќе можеш да гледаш???
- За тоа дека не биле реткост... Не знам каков ти е критериумот за „реткост“, но уклучи google earth, разгледај 10-20 рандом градови и направи една рачуница дали се ретки или не. Дополнително можеш да направиш анализа и колку од тие кружни текови се на вкрстувања на помалку од 5 правци. И најважно - да направиш истражување по нет кога се планирани и изградени најголемиот дел од кружните текови на кои ќе наидеш. Не знам како поинаку да ја доловиме реалноста на која се повика...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 18-Nov-2008 at 19:07
Во меѓувреме еве уште примери на „совршеното функционирање“ на кружните текови.

1


2


3


4


5

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 18-Nov-2008 at 19:29
Еве и видео илустрации.
Првите пет клипови се од кружниот тек кој предизвикува најсилна ерекција кај вљубениците во кружни текови и кој е нивен најсилен „аргумент“ - триумфалната капија во Париз. Таква „совршеност“, „ефикасност“, „безбедност“ и „континуиран тек на сообраќајот“ дефинитивно не ми прави ќејф.
Шестиот и седмиот клип се од кружни текови на излези од автопати и е речиси неверојатно колку тие можат да го закрчат и самиот автопат. Чекање повеќе од еден час само во кружниот тек и колона од 5 миљи од спротивен правец е регистрирана на седмиот клип. На шестиот клип се гледа гужвата на приодот кон кружениот тек „Бурџуман“ во Дубаи (каде во меѓувреме е направено ново сообраќајно решение, а таква одлука е донесена за сите кружни текови од тој тип во градот). Тие два ги постирам поради бројните заложби вакви решенија да се применат за Јужен Булевар.

1


2


3


4


5


6


7



Edited by Cloverstack - 18-Nov-2008 at 22:19
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 18-Nov-2008 at 19:55
Хмммм... Нешто не го отвара вториот клип во постот, па еве линк:

http://au.youtube.com/watch?v=C3pDh_NslKI
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 18-Nov-2008 at 20:50
Previous
„Ко пре, њему девојка“

Во наши услови со нашата возачка култура, и до тепачка ќе дојде Big%20smile
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 19-Nov-2008 at 00:56
 
ЗА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО ОБНОВАТА НА УЛИЦАТА ИВО ЛОЛА - РИБАР
Кружен тек кај Католичка в година
Градоначалникот Костовски на почетокот на годинава најави дека кружниот тек ќе почне да се гради есенва

Од кружниот тек на раскрсницата кај Католичка црква годинава нема да има ниту една лента, иако градските власти ветија дека есенва ќе почне да се гради. Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски на почетокот на годината побара од своите служби итно да почне проектирањето и изградбата на кружниот тек кај Католичката црква, но, според последните информации од Градот, овој проект ќе мора да остане за следната година. Од одделението за односи со јавност на Градот велат дека веќе изработиле проект за изградба на кружниот тек, но оти не можат да почнат со реализација додека не се заврши идејниот проект за проширување на улицата Иво Рибар - Лола за да се усогласат.
"Ако сега почнеме со изградба на кружниот тек, без да бидат усогласени проектите, може да се доведеме во опасност да мора да ја изместуваме трасата на улицата Иво Рибар - Лола. Откако ќе се изработи идејното решение за улицата и тоа се усогласи со проектот за кружниот тек, ќе распишеме тендер за избор на изведувач", велат од одделението за односи со јавност на Градот.
Според сообраќајниот проект, кружниот тек кај Католичка црква ќе има по две сообраќајни ленти и радиус од 30 метри. Како што објаснија градските власти, токму поради кружниот тек мора да ја прошират и улицата Иво Рибар - Лола. Тие очекуваат со изградба на овие сообраќајници ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, бидејќи раскрсницата кај Католичка црква важи за една од црните точки во градот. (Е.А.)

 
vest
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 19-Nov-2008 at 01:04
Wallbash


Како човек да не стравува дека наместо Јужен Булевар засекогаш ќе останеме со проширена Иво Лола Рибар, наместо Крушевска ќе си возиме по ул. Никола Карев, наместо клучки ќе добиеме кружни текови, наместо се што било добро испланирано ќе добиеме крпеници и заебанции...

Suicide
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 19-Nov-2008 at 04:02
Еве како изгледа круг со радиус 30 метри (дијаметар 60 метри). Обидете се да го сместите некако во просторот.



А еве како изгледа кржен ток со радиум 15 метри (дијаметар 30 метри). Потполно е вклоплив во просторот, ама некако радиусов ми изгледа мал.



Очегледно новинариве не знаат што е радиус, а што е дијаметар. Ова се учи у второ одделение. А се сомневам дека некој од новинарите воопшто отворил гоогле еартх, па да се осигура во тоа што го пишува.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 19-Nov-2008 at 23:37
Еве за тоа што зборев неодамна.
Бутелска пуштена за сообраќај


По три недели забрана пуштен е сообраќајот на улицата Бутелска. Новиот возен ред беше воведен поради изградбата на малата клучка од скопската обиколница, а освен новиот надвозник се направи и корекција на трасата на улицата на излезот од Бутел 1 кон населбата Радишани.
- Во изминатите три недели сообраќајот се одвиваше отежнато, бидејќи беше пренасочен по "Марко Крале" и големата клучка на скопската обиколница што е од поодамна готова. Со задоволство можеме да кажеме што навреме го завршивме својот дел од обврските, особено решавањето на имотноправните работи, заради што и немаше застој во изградбата на исклучително значајната скопска обиколница. Истовремено им изразуваме голема благодарност на граѓаните за трпението и дисциплината - информираат од Општина Бутел
Тие се надеваат дека збогатената патна инфраструктура ќе го поттикне и забрза развојот на Општината. Во непосредна близина веќе е почната изградбата на елитната населба Хот-Хот, а долж обиколницата наскоро треба да никне и нова индустриска зона.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F749BE3C54A61D4EAAA1B08EFE7EDB00




Edited by lslcrew - 19-Nov-2008 at 23:38
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 20-Nov-2008 at 00:35
поради изградбата на малата клучка од скопската обиколница


Question  Question  Question

Која е оваа „малата клучка“?????
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 20-Nov-2008 at 00:44
Не се работи за никаква клучка него обичен мост. Нема никаква можност за вртење. Горе си тече обиколница, доле си тече бутелска. Нема прекрстување него обичен мост, а ова е само новинарска глупост.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 20-Nov-2008 at 00:49
Требаше да претпоставам...   Doh
Back to Top
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 20-Nov-2008 at 12:32
Gledam se razgore moabetov za kruzniov tek kao resenje.Ja ne sum nekoj lobist za kruznite tekovi ama kazav iskustvo kako vozac deka toa kaj nas vo Tetovo ispadna kako fino resenje posebno vo letniot period koga Tetovo se polni i brojot na vozilata se zgolemuva duplo(mozebi i povece).
Sea gleam deka go motivirav cloverstack da raboti na istaknuvanje na negativnostite na kruznite tekovi PokeBig%20smile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 20-Nov-2008 at 12:49
Еве ја неодамна реконструираната раскрница на бутелска!


Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 20-Nov-2008 at 17:29
Да браво само напред, кружен тек е и повеќе од потребен во тој дел (католичка црква) и нема многу мислење мора одма да се гради уште на почеток во 2009 доколку овозможуваат временските услови, нема потреба од чекање. 
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 20-Nov-2008 at 17:39
Originally posted by Junkie

Да браво само напред, кружен тек е и повеќе од потребен во тој дел (католичка црква) и нема многу мислење мора одма да се гради уште на почеток во 2009 доколку овозможуваат временските услови, нема потреба од чекање. 


Да де зошто би мислеле кога може кратковидо и емотивно да ги „решаваме“ сообраќајните проблеми Crazy

Каде тоа „само напред“??? Кон нови упади, импровизации и крпеници, затоа што се нема ниту воља ниту способност ниту одговорност да се работи на стратешките проекти и вистинските долгорочни решенија кои се веќе зацртани?


Edited by Cloverstack - 20-Nov-2008 at 17:42
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 151>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.570 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.