build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 112113114115>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 731
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2261 Posted: 09-Aug-2019 at 14:12

Град Скопје подобро ќе беше да го завршеа булеварот Ѓорче Петров пред да ја раскопаат и оваа улица, бидејќи сега моментално сите три хоризонтални улици насока исток-запад се раскопани и се во различна фаза.

Булеварот Ѓорче Петров е целосно затворен кога се доаѓа од Тетово, а автобусите сообраќаат по 4 Јули (т.е. Борис Сарафов), која од денес се копа. Воедно, Радушка, исто така, е раскопана поради водоводни инсталации.

Имајте го на ум ова, ако патувате кон Охрид/Маврово.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2315
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2262 Posted: 09-Aug-2019 at 14:37
Прво почнаа да најавуваат дека реконструкциите ќе бидат завршени за 20 дена потоа за 30 и сега еве последнава 90 дена.Но сепак мислам дека и покрај реконструкцијава на сите овие улици требаше да го опфатат бул.Александар Македонски кој е целиот со крпеници,нешто ситно крпеа и пред доаѓањето на папата ама многу лошо испаднало.Плус има многу места околу автобуската односно на бул.К.Ј.-Питу околу семафорите каде се направени огромни вдалбнувања и асфалтот е целосно деформиран но нема санација.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2315
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2263 Posted: 14-Aug-2019 at 09:23
Реконструкција на булевар Кочо Рацин(од фб)





Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #2264 Posted: 14-Aug-2019 at 10:06
Mi se svigja so rabotat vo vecernite chasovi. Sepak e centralno podracje kade ne bi trebalo da ima mn ziteli na koi im smeta galamata i prashinata ( ako spijat so otvoreni prozori). Bash pominav denes od tuka koga odev na rabota i primetiv deka ima normalen rezim na soobrakaj (od vero prema ramstor) po izgrebaniot asvalt.

Treba ova da stane praksa sekogas koga ima moznost. Do sega Shilegov e edinstven od garniturava koj navistina se trudi da sraboti nesto za gradot. Toa e barem moj vpecatok. Se nadevam deka i ostatokot od mandatot i slednite gradezni sezoni ke se iskoristat za rekonstrukcii ako nisto drugo barem da ne gi krsime avtomobilite.

Sepak za mene najgolemo i najocekuvani proekti od ovaa gradska administracija e vnatresnata obikolnica, tunelite pod kale i mostot kaj noviot mall East Gate. Zasega od ovie golemi vetuvanja nema nisto osven prosiruvanje na bulevarot ASNOM. Mostot seuste ne e najaven, neznam ni dali e napraven proekt... A od vnatresnata obikolnica bi bil sreken ako vo ovoj mandat se zapocne barem obikolnicata okolu Zelezara. Za tunelite iako se najizvikani, sepak mislam deka ke se pocne nesto predizborno do togas ne ocekuvam da imaat spremeno nesto.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2315
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2265 Posted: 14-Aug-2019 at 10:08
Во последно време во Карпош се повеќе се збори за можна реализација на Јужна обиколница само не ми е јасно кои се придобивките од нејзе и каде треба да се протега.Ако може некој нека појасни?
Back to Top
Théoden View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 52
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #2266 Posted: 14-Aug-2019 at 11:27
Originally posted by stef4o

Во последно време во Карпош се повеќе се збори за можна реализација на Јужна обиколница само не ми е јасно кои се придобивките од нејзе и каде треба да се протега.Ако може некој нека појасни?


Мислам дека се работи за улица што оди над Жданец и Трнодол, што може да се види на предлог ДУП-от.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2315
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2267 Posted: 14-Aug-2019 at 14:09
Почнува реконструкција на бул.Крсте Мисирков(од фб)



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2315
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2268 Posted: 14-Aug-2019 at 14:11


Булеварот Крте Мисирков пред Бит Пазар почна да се реконструира

Екипите на Градот Скопје денеска ја започнаа реконструкцијата на коловозот на булеварот Крсте Петков Мисирков од раскрсница кај Судска Палата до клучката Бит-пазар во Општина Чаир. Увид во градежните работи на оваа делница изврши градоначалникот Петре Шилегов.

- Градот Скопје денеска започнува целосна и темелна реконструкцијана булеварот Крсте Петков Мисирков на потегот од раскрсница кај Судска Палата до клучката Бит-пазар, во должина од 1.350 метри во двете насоки . На одредени места со цел да се добие поквалитетна сообраќајница ќе се изврши и подобрување на подлогата со тампонски слој. Во наредните 30 денови ќе изработиме една квалитетна инфраструктура којашто е сериозно оштетена во овој дел на градот – изјави Шилегов.

https://skopjeinfo.mk/bulevarot-krte-misirkov-pred-bit-pazar-pochna-da-se-rekonstruira
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #2269 Posted: 14-Aug-2019 at 14:25
Аман бе... цел град фатија да го реновираат летово. Можеби грешам Скопјани си знаат подобро, но читајќи на форумов таков ми е впечатокот. Дури и завист да го фати човек.

Во Охрид, Струга, Битола (југозападна мк) улица се реновира еднаш на 4 години (за време на избори). Еве пример годинава во Охрид единствена реконструкција беше таа на Бул. Туристичка, што воопшто не е заслуга на општината туку на ЈПДП. Ко сиромави сираци се останативе градови, добро е што има вода за пиење.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 525
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2270 Posted: 14-Aug-2019 at 16:31
Да и за поздрав е тоа после долг период неправење ништо. Само што ова ме потсеќа на сличен потег што го направи Коце пред едни парламентарни избори. Претпоставувам во таа функција е засиленава активност.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1888
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #2271 Posted: 14-Aug-2019 at 22:49
Фресно па и не верувам дека е така, во овие проекти не е вмешана владата како што беше случајот со Коце.
Коце отпочна проширување на улици во булевари и тоа неколку во неколку мандата ,но сите платени од Владата, а сите отпочнувања беа пред избори и подоцна развлечени во години за да изгледа дека постојано нешто се гради.

Овде повеќето ако не и сите делници беа најавени во предизборната програма.

Инаку баш пред некој ден ова го зборувавме со другар/член на форумов кој подолго време не е активен, Скопје стана градежна зона на улици и булевари, се надевам дека сите ќе се завршат како што треба, гледаме дека нема големи развлекувања на рокови како што беше случај претходно, а се надевам дека и оние проекти со кој се пофали навистина ќе ги заврши (како велосипедските патеки, кој на бул Србија уште абер немаат за да бидат готови).
Ако продолжи со ова темпо на наредни избори за градоначалник јас ќе излезам на избори и ќе го гласам, иако досега не сум фаворизирал никого ниту сум гласал ова би бил првиот заслужен глас.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 525
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2272 Posted: 14-Aug-2019 at 23:57
Не, зборев за гребењето асфалт и ставање нов како што е случајот сега. Тоа го направи Коце кампањски пред едни избори, но на помал scale сегашниов. Патем, далеку од реалноста е дека сите проширувања биле платени од владата.

За гласање ќе треба нешто поконкретно, добро е што почна да работи, но рехабилитација на асфалт не го сметам за проект. Мост Аеродром-Ќерамидница во напредна фаза и започнати градежни работи на тунел под Кале ќе го сметам за солиден мандат.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1888
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #2273 Posted: 15-Aug-2019 at 08:36
Па со оглед дека повеќето од улициве и булевариве со децении не биле пипнати и тоа е капитална инвестиција, сепак се поправа и долен строј на многу места.
Моите сеќавања се дека и на бул. Климент Охридски и на бул. Илинден и на бул. Теодосиј Гологанов на сите фази беше инвестирано од владата и заедно ги отвараа.
бул. Борис Трајковски дури премиерот го најавуваше како еден од најважните проекти за градот итн.

Колку им измина од мандатот 2 год?
Ако е така има уште 2 да покаже што знае и може, а воедно и да ги отпочне најважните , внатрешната обиколница и мостот керамидница. За тунелите мислам дека е невозможно.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 525
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2274 Posted: 15-Aug-2019 at 10:26
За некои учествуваше владата, за некои не, во некои случаи мислам беше гарантор на кредит како за Борис Трајковски. Како и да е, треба локалните власти да добиваат поголем процент од даноците, но да бидат лимитирани како ќе ги трошат (само за капитални инвестиции).

Инаку да, има време да покаже. Добро тргна годинава, само да не се заплетка во политички теми (преименувања улици).
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #2275 Posted: 15-Aug-2019 at 10:41
Владата учествуваше во најголем дел од проектите во Скопје. Токму затоа се жалеа голем дел од општините за нерамноправно распределување на парите, бидејќи тоа темпо на финансирање предизвика Скопје уште повеќе да се дистанцира од другите градови.

Најдобар показател се парите што државата ги одвојува за рамномерен регионален развој кои верувале или не во 2016 изнесуваа 4 милиони евра. Тоа значи дека 4 милиони евра беа поделени на 80 општини за да изведат некаков проект (веројатно да сменат по 40 ќерамиди), додека во Скопје повеќе од 4 милиони евра чинеше само проширувањето на Илинденска финансирано од државата. Во 2015 година буџетот беше 1.5 милиони евра Big%20smile За претходните години не вреди да се спомнува.

Во периодот 2017-2019 нагло пораснаа парите за рамномерен регионален развој и во буџетот за 2019 изнесуваат околу 35 милиони евра. Тоа е сеуште далеку од законски пропишаните 1% од БДП или тоа е околу 110 милиони евра.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2315
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2276 Posted: 15-Aug-2019 at 12:03
Асфалтирање на ул.Февруарски Поход(од фб)







Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 525
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2277 Posted: 15-Aug-2019 at 16:39
@ironm Ок, но проблемот сепак постои за финансирање големи проекти во Град Скопје. Ад-хок помош од Влада и мене не ми се допаѓа, треба некој траен начин.

Инаку Февруарски поход беше long overdue за асфалтирање. Она што треба тука да се изведе се велосипедски патеки, а и на Видое Смилевски, АСНОМ и Србија (тука па нема ни тротоар).
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2315
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2278 Posted: 16-Aug-2019 at 12:36
Реконструкција и проширување на патот Хиподром-Илинден(од фб)



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2315
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2279 Posted: 19-Aug-2019 at 06:53
Раскрсницата меѓу бул.Кочо Рацин и 11 Октомври ја реконструираа минатиов викенд(од фб)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2315
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2280 Posted: 20-Aug-2019 at 12:01
Булеварот Босна и Херцеговина полека но сигурно ќе се гради



Иако првиот најавен почеток за изградба на булеварот Босна и Херцеговина беше уште минатата година дури последните десетина денови се размрдаа работите на терен. По цело лето мирување, конечно повторно почнаа градежните активности на проширувањето на булеварот во делот на општината Бутел. Работите почнаа со сечење на првото дрво, единствената сенка под која граѓаните чекаа автобус на последната станица на автобуските линии со број „9“ и „35“ во скопската населба Скопје-Север.

Штом градежните активности ќе земат замав, најверојатно ќе биде поместена и автобуската постојка од постојната локација кај железничката станица Скопје-Север на другата страна во населбата. Градежните зафати во изминативе летни месеци мируваа и градежните машини не се поместија од место, откако беше завршена изградбата на потпорниот ѕид од страната на зградите во населбата. Рабниците за проширувањето на булеварот Босна и Херцеговина и другите градежни материјали одамна чекаат на денот кога ќе се употребат, бидејќи проширувањето официјално почна минатата година.

https://skopjeinfo.mk/bulevarot-bosna-i-hercegovina-poleka-no-sigurno-kje-se-gradi
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 112113114115>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.406 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.