build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 126127128
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2541 Posted: 22-Jul-2020 at 15:34
Продолжуваме со изградба и реконструкција на општинските сообраќајници и инфраструктура.
Интезивно се работи во Долно Лисиче, комплетно ја реконструиравме и ја обновивме „улица 20“.
Жителите од овој дел од општината добија реконструиран пат Јурумлери – Драчево, реконструирана „улица 4“, како и санирани повеќе улици.
Работиме и инвестираме во секој дел од општината.









https://www.facebook.com/marinzlatko
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2060
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2542 Posted: 22-Jul-2020 at 17:30
Originally posted by stef4o

реконструиран пат Јурумлери – Драчево

Кој го раскопаа за канализација после еден месец
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2543 Posted: 23-Jul-2020 at 06:46
Ова вака е со години,од година во година се повеќе пропаѓа...најизразено е на бул.К.Ј.Питу







https://www.facebook.com/urbanizammk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2544 Posted: 23-Jul-2020 at 16:05
Зошто „Димитрие Чуповски“ не стана пешачка зона, а се ветуваше?

Зошто улицата „Димитрие Чуповски“ останува иста и покрај најавите на Град Скопје дека ќе биде само за пешаци/велосипеди и јавен превоз. Прашуваат како планот ќе го демотивира користењето автомобил, а поттикне пешачењето, користењето велосипед и јавен превоз со ставање на нови катни и подземни гаражи во најстрог центар на Градот, па и под плоштад, прашуваат скопски велосипедисти „На точак“.



Групата скопски велосипедисти „На точак“ од Општина Центар и од Градот бараат од надлежните одговори на повеќе отворени прашања во врска со Деталниот урбанистички план „Мал Ринг 1“- каква визија има овој план за сообраќајот, за уредувањето, за јавните простори… Зошто улицата „Димитрие Чуповски“ останува иста и покрај најавите на Град Скопје дека ќе биде само за пешаци/велосипеди и јавен превоз. Прашуваат како планот ќе го демотивира користењето автомобил, а поттикне пешачењето, користењето велосипед и јавен превоз со ставање на нови катни и подземни гаражи во најстрог центар на Градот, па и под плоштад.

– Како ќе го направиме центарот пешачка зона ако од сите страни кон плоштадот се поставени објекти или се спуштаат рампи за коли. Како ќе се евакуираат луѓето од големи настани и како во тесниот простор меѓу рампите и објектите ќе се разминуваат пешаците и велосипедите? Па и сега е веќе тесно! Исто така, ако се изградат сите планирани подземни улици и гаражи во центарот нема да може да порасне ниедна поголема крошна за сенка. Тоа е демотивирачко и за пешачење и за возење велосипед – прашуваат од „На точак“.
Тие сакаат да знаат што ќе се случува со кејот кој е окупиран со возила и како ќе се поврзат долниот и горниот кеј за велосипеди и каде ќе минуваат клучните рути за велосипеди. Од „На точак“ потенцираат дека она што е добро е што планот е на јавна анкета и ова решение не е конечно и е отворено за коментари од граѓаните.

Од Град Скопје појаснуваат дека улицата „Димитрија Чуповски“, како и другите улици се дефинираат во Деталните урбанистички планови само во прв профил (димензии), и при тоа, нема никакво влијание на воспоставувањето на сообраќајниот режим на истата.

– Тоа значи, дека ако на пример утре сообраќајот на некоја улица се пренасочува или се менува (се воведува пешачка зона), тоа нема никаква допирна точка со ДУП на општината и истото се прави со сообраќаен проект. Градот Скопје планира да продолжи со стимулирање на граѓаните да се движат пеш и со велосипед преку континуирано ослободување на јавниот простор и негова пренамена во велосипедски и пешачки зони, каде во посочената локација се планира претворање на пешачка зона – тврдат градските власти.

Што се однесува околу Кејот на Вардар, од Градот додаваат дека, велосипедските патеки и приклучувањето со горниот дел со рампи, исто така, не е нешто што се регулира и дефинира со ДУП, туку со соодветни инфраструктурни проекти. А, тоа, може да се види и во веќе постојните и изградени рампи за приклучување на Кејот на Вардар, кои ги има на повеќе локации, а тие не се прикажани на актуелните ДУП-ови. Што се однесува до изградбата на подземни гаражи под плоштадот, од Градот сметаат дека на тој начин ќе се обесхрабри преминувањето на центарот на градот со автомобили и ќе се овозможи паркирање единствено за лицата кои работат во овој дел од градот.

– Ова е пракса во многу светски метрополи, каде под плоштадите и парковите имаме подземни пакринг-гаражи – децидни се од Градот.
(А.П.)

https://www.vecer.press/зошто-димитрие-чуповски-не-стана/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2545 Posted: 28-Jul-2020 at 10:45
Едно се поправа, друго се расипува – кога ќе се среди улицата „Радушка“ во Ѓорче Петров?



https://tv21.tv/mk/edno-se-poprava-drugo-se-rasipuva-koga-ke-se-sredi-ulitsata-radushka-vo-gorche-petrov/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2546 Posted: 02-Aug-2020 at 10:07
Патот кон Општина Шутка поврзува три општини, а пропаѓа



https://alsat-m.tv/mk/патот-кон-општина-шутка-поврзува-три-о/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2547 Posted: 04-Aug-2020 at 14:16
Автомобилите ги узурпираа тротоарите, пешаците на улица





Поради зградите што се изградени на половина метар од коловозот и паркираните автомобили на улицата „Димо Хаџи Димов“, на пешаците не им останува ништо друго освен да се движат крајно небезбедно – по улица.

Тешко е да се биде пешак на улицата „Димо Хаџи Димов“ во Кисела Вода, реагираат граѓани од населбата, кои велат дека поради зградите што се изградени на половина метар од улицата и паркираните автомобили, на пешаците не им останува ништо друго освен да се движат по улица. Ситуацијата е уште полоша навечер, кога и видливоста е помала, па животите на сите што минуваат по оваа улица се изложени на ризик.

– Ги наредија зградите една до друга веднаш до улица. Не знам дали имаат подземни паркинзи или не, но редица автомобили редовно се паркирани покрај нив. Нема човек како да помине, па мора по коловоз. И никој не реагира. Што чекаат, да се случи некоја несреќа, па да го организираат некако движењето на луѓето по улицата? Ако не друго, барем да стават столпчиња да не можат да се паркираат автомобили – вели Владо од Кисела Вода.
Во Општина Кисела Вода веднаш се оградија од одговорноста, посочувајќи дека улицата „Димо Хаџи Димов“ е во надлежност на Град Скопје. Оттаму, пак, на прашањето дали планираат да преземат нешто на оваа улица и да се погрижат за безбедноста на пешаците, одговараат дека континуирано работат на ослободување на јавните површини од паркираните возила. Од Градот објаснуваат и дека сите објекти што се градат во Скопје се во согласност со локациите и димензиите потенцирани во деталните урбанистички планови и со издадените градежни дозволи.

– Сите постапки се водат од страна на општините, а доколку инвеститорите на објектите отстапуваат од локацијата и пропишаните димензии во градежните дозволи, на терен треба да интервенира општинската градежна инспекција – велат од Град Скопје.

Но, одговор за тоа што ќе преземат или дали воопшто нешто ќе преземат конкретно на оваа улица нема, освен тврдење дека таму каде дозволуваат условите се поставуваат заштитни столпчиња за да се спречи паркирање возила на тие локации.

– Досега столпчиња се поставени на многу локации, каде што имаме ослободени јавни површини за пешаците и велосипедистите, а во изминатиов период изведуваме и голема акција за отстранување билборди и рекламни паноа за дополнително ослободување на јавниот простор. Во координација со ЈП „Градски паркинг“ во континуитет работиме на ослободување на јавните површини, каде што во наша надлежност се јавните зелени површини. Во однос на пешачките патеки и велосипедските патеки, како и сообраќајниците, тие се во надлежност на сообраќајната полиција – одговараат од Градот.

На крајот на јули, Град Скопје информира дека на улицата „Димо Хаџи Димов“, поради градежни работи, ќе биде воведен времен режим на сообраќај, со апел до граѓаните да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.

Надежта на граѓаните дека ова соопштение, всушност, значи дека почнува реконструкција на улицата, се покажа залудна.

– На посочената улица е воведен привремен сообраќаен режим поради извршување градежни работи на објект – објаснија од Град Скопје. Оттаму додадоа дека времениот режим е воведен по барање на компанијата што гради објект на улицата, а од Градот само ја информирале јавноста за тоа.

https://www.slobodenpecat.mk/avtomobilite-gi-uzurpiraa-trotoarite-peshaczite-na-ulicza/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2548 Posted: Yesterday at 14:56
Започнаа активностите за асфалтирање на првиот дел од улицата Фуштанска во населба Ченто.







се вади стариот асфалт на вториот дел од улицата



https://www.facebook.com/opstinagazibaba
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 126127128

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.371 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.