build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3637383940 142>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #741 Posted: 21-Aug-2010 at 13:59
И ПОКРАЈ НАЈАВИТЕ ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ КАЈ „ЃОРЃИ ДИМИТРОВ“
Во Карпош ќе нема кружен тек наскоро

Роза Петкова

Првиот кружен тек во општина Карпош, кој треба да се наоѓа кај гимназијата „Ѓорѓи Димитров“, нема да се изгради до почетокот на учебната година, како што првично најави градоначалникот Стевчо Јакимовски. Работите на терен нема да почнат наскоро затоа што Општината се уште не распишала тендер за избор на фирма-изведувач. Оттаму објаснуваат дека ги сопира идејниот проект, кој двапати го вратиле на доработка кај проектантската куќа што го изработува. - Проектот двапати е вратен на проектантската куќа поради корекција. Тоа значи дека се уште го немаме добиено ни идејниот проект, а, според тоа, немаме ни премер, ниту, пак, е распишан тендер за избор на фирма-изведувач. Дури потоа можеме да имаме конкретна финансиска конструкција за тоа колку ќе чини кружниот тек - вели Виолета Цветковска, портпаролка на Општина Карпош. Изградбата на прв кружен тек во оваа општина градоначалникот ја најави пред неколку месеци. Според неговите тогашни очекувања, кружниот тек, кој ќе ја опфати крстосницата меѓу улиците Париска и Варшавска, на влезот во училиштето, требаше да биде готова до први септември. Пред да почне изградбата на кружниот тек, улицата Париска требаше да се реконструира и да добие нови тротоари, но во општината не кажаа кога ќе почне реализацијата. Според градоначалникот на Карпош, со изградбата на кружниот тек треба да се зголеми безбедноста во тој дел на општината, каде што сообраќајот е фреквентен и се случуваат голем број сообраќајни несреќи. Освен на таа локација, во Скопје треба да почне изградбата и на кружна крстосница кај „СП планет“ во Ѓорче Петров, која, исто така, беше најавена за најскоро време. Проектот е на Град Скопје, кој на почетокот од летото распиша јавен оглас за фирма-изведувач. Градските власти велат дека тендерот е во тек и наскоро ќе се одржи електронската аукција. По двете спомнати, на ред чекаат уште седум кружни крстосници. Најитна од сите е таа кај Католичката црква, која со години е проблем за возачите поради незгодната конфигурација. Останатите се кај црквата „Св. Петар и Павле“, на улиците 16. бригада и Коце Металец, во Бутел на булеварот Босна и Херцеговина и улицата Александар Урдаревски, две на булеварот Втора македонска бригада и кај Тутунски комбинат.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2101&ArticleID=146949

Ништо од кружниот тек кај „Георги Димитров“

Од првиот кружен тек во општината Карпош, кој според најавите на градоначалникот Стевчо Јакимовски требаше да биде готов до крајот на летово, нема ниту абер ниту глас. Ротондата треба да се прави на крстосницата кај гимназијата „Георги Димитров“, каде што се сечат улиците Париска и Варшавска. Најавено беше и тоа дека пред да се почне со изградбата првин ќе се реконструира улицата Париска


- Проектот е двапати вратен на доработка поради некои технички корекции. Тоа во практика значи дека сé уште го немаме добиено ни идејниот проект, а според тоа немаме ни предмет-пресметки, ниту, пак, има распишано тендер. Дури по распишувањето на тендерот ќе имаме избор и име на фирма- изведувач и конкретна финансиска конструкција за тоа колку ќе чини кружниот тек - велат од службата за односи со јавноста од општината Карпош.

Пред два месеца градоначалникот Јакимовски рече дека целта на овој проект пред сé се однесува за поголема заштита на учениците, особено поради честите сообраќајни незгоди и метежот во близината на училиштето. Учебната година е на прагот, а учениците повторно ќе продолжат да се снаоѓаат кој како знае и умее. Изградбата на кружниот тек ќе се финансира од страна на општината, а за неговата изведба е добиена согласност и од градските власти и од МВР. И од градот за летово беше најавена изградби на неколку кружни тека, а особено беше истакнат оној кај Католичката црква, кој треба да биде првата турбокружна крстосница и која е една од најфреквентните во градов. Работите и таму тапкаат во место.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=821101034536&id=14&prilog=0&setIzdanie=22065

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #742 Posted: 23-Aug-2010 at 11:01
СО ПОПРАВКА НА УЛИЦАТА СЕ РЕШАВААТ ДЕЛ ОД ПРОБЛЕМИТЕ
Жителите бараат Волковска да се прошири до училиштето Главната улица во Волково деновиве добива нови тротоари и се проширува на потегот од железничката пруга до центарот на населбата. За жителите оваа реконструкција е долгоочекувана затоа што, како што велат, патот одамна требало да се прошири поради зголемениот сообраќај во ова населено место. Сепак, жителите што поскоро бараат да се реконструира и делот на улицата од центарот до основното училиште. - Улицата е небезбедна за движење. Возила постојано поминуваат и за пешаците не останува место бидејќи патот е тесен за да се разминат. Минувачите буквално мора да се втурнат во грмушките од страните на патот за да ги пропуштат возилата затоа што тука нема тротоари за пешаци. Особено е опасно за децата што одат во училиштето - вели Димитар П. од населбата. Во Град Скопје тврдат дека се свесни за потребите на граѓаните и дека токму поради зголемениот број на возила ја почнале реконструкцијата на првата делница, а за поправка на останатиот дел од улицата ќе размислеле наредната година. - Во согласност со програмата и со финансиските можности, за оваа година Градот издвои средства за комплетна реконструкција на коловозот на улицата Волково до центарот на населбата. За наредната година приоритетите ќе се утврдат со изработка на нова програма - велат од Одделението за односи со јавност. Во општина Ѓорче Петров, на чиешто подрачје е населбата, објаснуваат дека и тие планираат да учествуваат во доизградбата на Волково. - Од наредната година се планира како втора фаза да се реконструира и тој дел. Град Скопје ќе го реализира проектот, но и ние ќе се вклучиме со тоа што можеме. На тој дел треба да се решат имотно-правни односи, и тука, ние како Општина, ќе помогнеме. Поради училиштето, улицата Волково мора да им тротоари, да добие проширување и да ги има основните стандарди со кои една улица треба да функционира - вели Сокол Митровски, градоначалник на општина Ѓорче Петров. Со сегашните активности Градот целосно ќе го реконструира коловозот, кој поради зголемената фреквентност ќе се прошири за 1,5 метри по целата должина. Потегот од пругата до центарот на населбата опфаќа вкупно 1,5 километри. Покрај тоа, улицата ќе добие нови рабници на местата каде што досега ги немаше, а оштетените ќе бидат заменети со нови. Градежните работи, кои се очекува да завршат до крајот на овој месец, ги изведува јавното претпријатие „Улици и патишта“, а Градот ги финансира со 17 милиони денари од буџетот.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2103&ArticleID=147112
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #743 Posted: 24-Aug-2010 at 23:36
РЕКОНСТРУИРАНАТА УЛИЦА ФЕРИД БАЈРАМ И ОФИЦИЈАЛНО ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА



Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски денеска /24.08.2010 година/ и официјално ја предадоа во употреба реконструираната улица Ферид Бајрам. Сообраќајницата е обновена во должина од 800 метри, нанесен е нов асфалтен слој и се поставени нови рабници. За целосната реконструкција на коловозот на улицата Ферид Бајрам Градот Скопје потроши 6,5 милиони денари.


- Коловозот на улицата Ферид Бајрам беше дотраен и целосно оштетен. Постојниот асфалт беше изгребен и беше нанесен нов асфалтен слој. Реконструкцијата на улицата Ферид Бајрам успеавме да ја завршиме за две недели, многу побрзо од првично најавениот рок. Обновата на оваа сообраќајница се одвиваше во летните месеци, кога е намален интензитетот на сообраќај во градот. Реконструкцијата на улицата Ферид Бајрам придонесе за зголемување на безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот и за поголема проточност на возилата – рече денеска градоначалникот Трајановски.


На обнова на коловозот на улицата Ферид Бајрам работеа екипите на градежната компанија АД „Пелагонија – Гостивар“.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3584&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Edited by lslcrew - 24-Aug-2010 at 23:40
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #744 Posted: 27-Aug-2010 at 16:37
Градот Скопје деновиве го почна обновувањето на коловозот на улицата Козле.







Оштетените делови од асфалтот се гребат и се нанесува нов асфалтен слој.
За крпење на ударните дупки и за обнова на оштетените делови од коловозот ќе се потрошат околу 40 тони асфалт. На терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта“. Обновата на коловозот на улицата Козле се очекува да заврши до средината на септември.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3599&mid=482&tabId=1&tabindex=0

Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #745 Posted: 29-Aug-2010 at 15:31
АЛЕЛУЈА

Јас живеам во близина, па за недела време ќе тркнам да видам дали се работи и со какво темпо. Таман ако планираат до средина на Септ да се заврши, за 5-6 дена ќе се гледа некој напредок
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #746 Posted: 30-Aug-2010 at 16:30
ПОКАНА

Градот Скопје Ве поканува на официјалното предавање во употреба на реконструираната улица Иван Козаров, во Кисела Вода, коешто е закажано за утре /31.08.2010 година, вторник/ во 12:30 часот на почетокот на улицата, после Рампа (кај Чешма).


Улицата ќе ја предаде во употреба градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3606&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #747 Posted: 31-Aug-2010 at 10:35
Улица "Иван Козаров" во Кисела Вода.

01.


02.


03.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #748 Posted: 31-Aug-2010 at 15:51

Кружниот тек во Карпош ќе почека

31 август 2010, 15:37
Извор: Макфакс
Скопје

Стопирани се активностите за изградба на кружниот тек во општина Карпош на улицата „Варшавска“, кај средното училиште Ѓорѓи Димитров, поради поставување на кабли.

„Кружниот тек на улицата „Варшавска“ ќе биде направен, но работиме етапно. Заглавивме со поставувањето на каблите од страна на ЕВН и Телеком и кабловските оператори,  затоа што нема логика ние да ги направиме тротоарите и улиците, а потоа тие да поставуваат кабли, што значи ја запревме целата активност“, рече градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски на денешната прес конференција.

Според Јакимовски, законот за управување со градежното земјиште треба да се донесе што поскоро, за што вели тој, општината има капацитет за негово спроведување

„Ние веќе правиме измена на систематизацијата на работните места, во која ќе се вклучи таквото одделение за управување со градежно земјиште и одделение за експропријација на градежно земјиште што значи до крајот на годината ќе бидеме комплетирани и ќе биде многу важно законот да се донесе што е можно побрзо и во 2011 година да стартуваме“ - вели Јакимовски.крај/кс.

http://www.time.mk/read/7a91ba653a/d0d5d57489/index.html
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #749 Posted: 31-Aug-2010 at 17:13
ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНАТА УЛИЦА ИВАН КОЗАРОВ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општината Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, денеска /31.08.2010 година/ и официјално ја предадоа во употреба реконструираната улица Иван Козаров.

Оваа сообраќајница е реконструирана на потегот од крстосницата со улицата Доситеј Обрадовиќ до крстосницата со улицата Божидар Аџија, во должина од 340 метри.

- Градот Скопје успешно го заврши проектот за реконструкција на коловозот на улицата Иван Козаров. Постојниот асфалт беше изгребен, а на одредени делови беше саниран и тампонскиот слој. Потоа, на коловозот беше нанесен нов асфалтен слој со дебелина од 5 сантиметри и беа потрошени околу 280 тони асфалт. Реконструкцијата на улицата Иван Козаров овозможи поголем проток на возила по оваа сообраќајница и поголема безбедност во сообраќајот. За целосната реконструкција на улицата Иван Козаров од буџетот на Град Скопје беа одвоени околу 3 милиони денари – рече градоначалникот Трајановски.

По должината на улицата Иван Козаров се променети и рабници во должина од 100 метри, а се уредени и постојните сливници за атмосферските води.

На терен работеа екипите на градежната фирма „Бауер БГ“.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3613&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #750 Posted: 31-Aug-2010 at 17:13
ПОКАНА

Градот Скопје Ве поканува на официјалното предавање во употреба на реконструираната улица Волково коешто е закажано за утре /01.09.2010 година, среда/ во 11 часот, во центарот на селото Волково.

Улицата ќе ја предадат во употреба градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3616&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #751 Posted: 01-Sep-2010 at 13:45
ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА ПРОШИРЕНАТА УЛИЦА ВОЛКОВО        









Градот Скопје успешно ја заврши реконструкцијата на улицата Волково, во населеното место Волково. Сообраќајницата е целосно реконструирана и проширена на потегот од пругата до центарот на населбата Волково, во должина од 1.700 метри. Денеска /01.09.2010 година/ улицата и официјално ја предадоа во употреба градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски.

- Завршивме капитален објект којшто ќе биде од огромна корист за жителите на Волково. Со реконструкцијата, коловозот на улицата Волково е проширен за 1,5 метри и сега е широк 7 метри. Асфалтирана е површина од 11.900 квадратни метри. На улицата е обележана хоризонталната сигнализација и се поставени сообраќајни знаци. Градот Скопје за реализација на проектот за реконструкција и проширување на улицата Волково издвои околу 16 милиони денари. Особено сум задоволен од екипите на ЈП „Улици и патишта“ коишто работеа на реконструкцијата на оваа улица и многу професионално си ја завршија работата – рече градоначалникот Трајановски.

За проширувањето на улицата Волково е направен машински ископ, делницата е тампонирана, наместени се рабници и нанесен е нов слој асфалт. На реконструираниот дел од коловозот, пак, е направено машинско гребење на оштетениот асфалт и е нанесен нов асфалтен слој со дебелина од 7 (седум) сантиметри.

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски, се заблагодари за успешната реализација на овој проект и најави уште многу проекти коишто ќе ги подобрат условите за живеење во општината Ѓорче Петров.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3620&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #752 Posted: 02-Sep-2010 at 01:39
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА УЛИЦАТА "ВОЛКОВСКА" ВО НАСЕЛБАТА ВОЛКОВО

Жителите од Волково ќе газат по асфалтирана улица

Со реконструкцијата коловозот на оваа улица е проширен за 1,5 метри и сега е широк 7 метри. За проширувањето е направен машински ископ, делницата е тампонирана, наместени се рабниците и нанесен е нов слој асфалт. На реконструираниот дел од коловозот е направено машинско гребење на оштетениот асфалт и е нанесен нов асфалтен слој со дебелина од 7 сантиметри. Вкупно е асфалтирана површина од 11.900 квадратни метри. На улицата е обележана хоризонталната сигнализација и се поставени сообраќајни знаци

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров и директорот на ЈП "Улици и патишта", Синиша Ивановски, вчера ја пушти во употреба улицата Волковска" во населбата Волково. Улицата е целосно реконструирана и проширена на потегот од пругата до центарот на населбата Волково во должина од 1700 метри.
- Со реконструкцијата коловозот на оваа улица е проширен за 1,5 метри и сега е широк 7 метри. За проширувањето е направен машински ископ, делницата е тампонирана, наместени се рабниците и нанесен е нов слој асфалт. На реконструираниот дел од коловозот е направено машинско гребење на оштетениот асфалт и е нанесен нов асфалтен слој со дебелина од 7 сантиметри. Вкупно е асфалтирана површина од 11.900 квадратни метри. На улицата е обележана хоризонталната сигнализација и се поставени сообраќајни знаци, додаде Трајановски.
Директорот на ЈП "Улици и патишта", Синиша Ивановски, истакна дека вложиле огромна енергија за завршување на овој проект и додаде:
- Соработката што ја имаме со Град Скопје и со Општина Ѓорче Петров е видлива и се надеваме дека во иднина ќе имаме што поголем број на проекти, како што имаме со Градот така и со другите општини. Тоа што го ветивме на избори продолжуваме да го исполнуваме нема да застанеме тука.
Град Скопје за реализација на проектот за реконструкција и проширување на улицата Волковска" издвои околу 16 милиони денари, а работите ги изведуваше ЈП "Улици и патишта".

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=01172B7AFC8EF64E817BAA6669AF5F35
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #753 Posted: 02-Sep-2010 at 15:38
СЕ ГРАДАТ ТРОТОАРИ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ВО ТРУБАРЕВО

Градот Скопје денеска /02.09.2010 година/ ја почна изградбата на тротор и пешачка патека по должината на регионалниот пат Скопје – Катланово (Р- 303), низ населеното место Трубарево. Тротоарот ќе биде долг еден километар, а широк два метра. Градилиштето во Трубарево денеска го посетија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
 
- По должината на регионалниот пат Скопје – Катланово тротоар и пешачка патека се градат првпат. Со овој зафат решаваме еден сериозен и долгогодишен проблем на жителите на повеќе населени места на овој регионален пат до Катланово. Оваа делница со години претставува црна сообраќајна точка во Скопје и место на коешто досега се случиле многу сообраќајни незгоди. Новата патека значително ќе ја зголеми безбедноста на пешаците и на велосипедистите и ќе го олесни движењето на граѓаните од овој дел на градот. За изградба на тротоарот и пешачката патека на регионалниот пат Скопје – Катланово Градот Скопје од Буџетот ќе издвои околу 3 (три) милиони денари – рече градоначалникот Трајановски.
 
По должината на тротоарот и пешачката патека ќе се постават нови рабници, а ќе се изведат и сливници за атмосферските води. Површината на тротоарот ќе се покрие со бекатон-плочки.
 
На терен ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“, а тротоарот се очекува да биде завршен за 30 дена.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3622&mid=482&tabId=1&tabindex=0

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #754 Posted: 03-Sep-2010 at 06:58

ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА


1144 метри нов асфалт на улиците


Општина Кисела Вода во екот на градежната сезона со несмалена динамика продолжува со градежните зафати на нејзината територија. Деновиве завршени и целосно асфалтирани се повеќе улици во населбата и во селото Драчево и во Усје. Имено, нов асфалт доби улицата Герника" 1 со должина од 270 метри, а се асфалтираше и улицата Герника" 7 со должина од 245 метри. Во селото Драчево се асфалтираа два краци од улицата Илија Ристевски" со вкупна должина од 190 метри. Истовремено, се поставија неколку нови линии за улично осветлување. Станува збор за улиците Малешевска 1", улицата Партизански пат" и улицата Киро Фетак" 1.

Во месната заедница Усје во изминатиот период се асфалтираше улицата бр. 3 во должина од 290 метри. Истовремено, се асфалтираше крак на улицата над месната заедница со должина од 70 метри. Во наредниот период Општина Кисела Вода продолжува со истата динамика и според предвидената агенда ќе се асфалтира улицата бр. 4 во должина од 250 метри. На истата улица ќе биде поставена и нова линија за улично осветлување со поставување на 10 нови столбови.
Сите градежни активности се предвидени со Годишната програма за комунални дејности за 2010 година на Општина Кисела Вода.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A2E799EEC93D3342BB250A1F5A232B6C
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #755 Posted: 06-Sep-2010 at 23:49

Се подобрува инфраструктурата во општина Карпош

Се реконструира улицата Демир Трајков во населба Нерези, таму веќе рамниците се поставени, а тротоарите направени, Сега почнуваме со асфалтирање. Таму направивме фекална и атмосферска канализација. Проектот го работи Пелагонија инжинеринг.
И наредните четири активности, тоа се асфалтирања трите се во Карпош 3, а едната е во Карпош 2. Значи во Карпош 3 ги асфалтираме улиците Роберт Кох, Трифун Пановски и Драги Шемишевиќ , претходно на овие улици се сменети рамниците и се направени нови тротоари и комплетно не е оставено ниту една педа не е оставена непоплочена, каде што досега биле пешачки патеки. Направени се нови паркинзи и сега правиме нов асфалт на сите овие три улици, така да практично страната од основното училиште Лазо Трповски комплетно е реконструирана, вклучувајќи ја и улицата Блетски договор тоа е улицата покрај воена болница каде направивме нови паркинзи, тротоари.
И последната работа ја извршува Пелагонија инжинеринг. Тоа е зградата што вршевме реконструкција на фасадата на булевар 8 септември, покрај реконструкцијата на фасадата, и тротоарите и паркингот сега на тој дел и улицата ја реконструираме изјави Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=64337
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #756 Posted: 07-Sep-2010 at 13:44

Улиците во Усје решето

"Ризик е и да одиш пеш и да возиш. Ако пешачиш, треба да внимаваш каде одиш и, во исто време, да внимаваш да не помине некој автомобил, а ако возиш, тогаш внимаваш на пешаците и на растрчаните деца, ама и на дупките за да не си ја искршиш, не дај Боже, колата", коментира револтиран жител на населбата Усје

Улиците во Усје вријат од дупки по улиците. Кратерите кои покриваат голем дел од улиците, практично се опасност и за пешаците и за возачите. Пешаците едвај се движат по изрешетаните улици, кои немаат ниту тротоари, ризикувајќи си го животот и внимавајќи на автомобилите кои нонстоп поминуваат. Ризикот е ушто поголем ако во овој дел од Кисела Вода треба да возите бидејќи, и онака острите кривини се преполни со големи дупки. Одбегнувајќи ги дупките, треба да возите во спротивна насока и да бидете на штрек да не налетате на друг автомобил или на пешаци. Сепак, овие мали и тесни улички се единствена врска на жителите со останатиот дел од градот.
Жителите од населбата постојано се жалат на лошата инфраструктура и на незаинтересираноста на општинарите за овој дел од Кисела Вода.
"Улиците се катастрофа. Овие дупки не се овде од вчера, па општинарите да не знаат за нив туку тука се со месеци. Цело време кажуваат дека сè ќе се среди, дека улиците ќе се асфалтираат, ама од новиот асфалт ни трага. Нека дојдат овде со автомобил и нека пробаат да се искачат или да се симнат по вакви улици, па потоа нека кажат дали треба овде нешто да се санира или не. Ризик е и да одиш пеш и да возиш. Ако пешачиш, треба да внимаваш каде одиш и, во исто време, да внимаваш да не помине некој автомобил, а ако возиш, тогаш внимаваш на пешаците и на растрчаните деца, ама и на дупките за да не си ја искршиш, не дај Боже, колата", коментира револтиран жител на населбата Усје.
Од Општина Кисела Вода, на чија територија е и населбата Усје, објаснуваат дека веќе е почнато со градежни зафати во овој реон.
"Во месната заедница Усје асфалтирана е улицата бр. 3 во должина од 290 метри, а се асфалтираше и крак од улицата над просториите на месната заедница со должина од 70 метри. Во наредниот период, Општина Кисела Вода ќе ја асфалтира улицата бр. 4 во должина од 250 метри. На оваа улица во наредниот период ќе биде поставена и нова линија за улично осветление, со поставување на 10 нови улични столбови. Средствата за овие градежни активности се издвоени од Годишната програма за комунални дејности за 2010 година", објаснува Марјан Спасески, портпарол на Општина Кисела Вода.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=669C073536FE374A81BC331107D937E2
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #757 Posted: 11-Sep-2010 at 14:33

ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦАТА САВА КОВАЧЕВИЌ ВО СКОПЈЕ СЕ ЖАЛАТ

Проширувањето на улицата ќе ни ги урне куќите

Жители на улицата Сава Ковачевиќ 14 обвинуваат дека претседавачот на Советот на Оп­шти­на­та Звонко Спасовски им ги руши оградите, ризикувајќи ги нивните куќи

Жи­те­ли­те на улицата Сава Ковачевиќ 14 во Општината Кисела Вода обвинуваат де­ка претседавачот на Советот на Општината Звонко Спасовски нелегално сака да им ги урне ог­ра­ди­те. Тие велат дека ако се дозволи да се урнат оградите, постои опасност да се срушат и куќите, бидејќи тоа може да предизвика лизгање на зем­јиш­те­то. Жителите тврдат дека претседавачот на Советот Спасовски ја про­ши­ру­ва улицата од 4 на десет метри, не затоа што има потреба туку за да го подобри из­ле­зот од неговата куќа. "Не може главната улица да биде шест метри широка, а спо­ред­на­та десет", тврдат жителите.
Тие се сомневаат дека проектот е нелегален, бидејќи Спасовски го темпирал из­ве­ду­ва­ње­то на работите за време на празници.
"Вче­ра отворија канцеларија на Катастар во Кисела Вода, утредента ни донесоа ре­ше­ни­ја да ги рушиме оградите веднаш", се жали еден од жителите.
Од­го­вор­ни­те во Општина Кисела Вода се со спротивставени ставови за проектот на Са­ва Ковачевиќ. Портпаролот на Општината прво тврдеше дека Општината не ра­бо­ти на таа улица, а после, по консултација со претседавачот Спасовски, го твр­де­ше спротивното - дека проширувањето на улицата оди преку Општината.
И Спасовски негира дека проширувањето на улицата е во негова приватна режија ту­ку дека тоа е проектот на Кисела Вода. Тој тврди дека за проектот во мај бил рас­пи­шан тендер и оти земјиштето каде што се поставени оградите е државно земјиште.
"Не уриваме ништо на приватен имот", тврди Спасовски.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=60E7AD87F352E3488C9E1E663E5CC294
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #758 Posted: 13-Sep-2010 at 19:27
Градот Скопје Ве поканува на почетокот на градежните работи за реконструкција на крак од улицата Јужноморавски бригади (што води до гробиштата Камник) којшто е закажан за утре /14.09.2010 година, вторник/ во 11 часот на почетокот на овој крак на улицата Јужноморавски бригади.

Почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Камник ќе го означат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3636&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #759 Posted: 14-Sep-2010 at 13:46
Нема врска што јадат трици демек се блокирал градот. Камо среќа повеќе улици да се реконструираат. Текстов носи е една информација што досега ја немаме региострирано, па затоа го постирам, инаку воопшто немаше.

Изградбата на улиците доцни, центарот се задуши во сообраќај

Скопјани се задоволни, но предупредуваат дека треба навреме да завршат проектите

Сања Наумовска

Изградбата на неколку сообраќајници истовремено го отежнува одвивањето на сообраќајот во центарот на градот. Скопјани се задоволни од градежните активности, но предупредуваат дека проектите треба навреме да завршат, ако е можно во текот на летото додека градот е празен. Изградбата на сообраќајници му е неопходна на главниот град, и тоа е еден од најдобрите и најтранспарентни начини на трошење на парите од градскиот и од општинските буџети. Изградбата нови улици во иднина ќе значи делумно растоварување на сообраќајот, особено во централното подрачје.

Сепак, со завршувањето на летните одмори и со почетокот на учебната година Скопје повторно се наполни со автомобили, а изградбата на улиците се' уште не е завршена. Сообраќајниот метеж почнува уште на излезот од населбите, од Карпош и од Аеродром, како и од Чаир и од Капиштец. Редици автомобили се блокирани на најфреквентните улици, а возачите со нетрпение очекуваат да бидат проодни улиците што моментално се во фаза на реконструкција.

Во изминатите денови беше затворен дел од булеварите „Илинденска“ и „8 Септември“ заради асфалтирање на проширувањата на раскрсницата. Возилата што се упатуваа кон хотелот „Александар палас“ и граничниот премин Блаце мораа да се снаоѓаат по околните улички околу спортската сала „Борис Трајковски“. Истовремено, Градот Скопје заедно со општината Центар започна и со реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“ во Капиштец. Сообраќајот е стеснет и е насочен кон „Партизански одреди“ и „Теодосиј Гологанов“, каде што возилата се влечат во колони од неколку стотици метри.

„Деновиве се чувствува дека улиците во центарот се задушуваат во сообраќај. Причина за тоа е затворањето на ’Илинденска’ и на ’Васил Ѓоргов’. Граѓаните имаат трпение, бидејќи бенефитот од изградбата наскоро ќе се види, но, сепак, мора да се потенцира дека проектите кај нас не завршуваат навреме, како што се планира“, се жалат скопјани.

Иако беше најавувано дека проширувањето на „Илинденска“ ќе заврши до Денот на независноста, сепак, градежните работи се пролонгирани за уште најмалку десетина дена. Гребењето на улицата „Васил Ѓоргов“, пак, започна изминатиот викенд, а планирано е активностите да траат до средината на октомври. Ќе се обновува асфалтот на целиот потег од раскрсницата со „Водњанска“ до раскрсницата пред Агенцијата за вработување. На делот, пак, кон црквата „Свети Јован“ нема да се менува асфалтот, но ќе се закрпат сите дупки. Улицата нема да се затвори, велат во општината Центар, но, сепак, одвивањето на сообраќајот ќе биде под отежнати околности. Улицата е единствена сообраќајна врска на неколку населби со централното подрачје, а по неа сообраќа и автобусот со најдолга релација, број „57“.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=89D258815665764A889221B28CC4DFBE
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #760 Posted: 14-Sep-2010 at 14:53
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАТОТ ЗА КАМНИК  
    





Градот Скопје и општината Гази Баба денеска /14.09.2010 година/ ги почнаа градежните работи за проширување и реконструкција на кракот од улицата Јужноморавски бригади, попознат како пат кон градските гробишта Камник. Патот е долг 960 метри и со проширувањето ќе биде широк 6 (шест) метри. По проширувањето, коловозот ќе се реконструира и ќе се покрие со нов асфалтен слој површина од 5.000 квадратни метри.

Почетокот на градежните работи за проширување и реконструкција на овој крак од улицата Јужноморавски бригади го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

- Овој градежен зафат е заедничка инвестиција на Градот Скопје и на општината Гази Баба во вредност од околу 18 милиони денари, од коишто Градот Скопје ќе покрие 13,7 милиони денари, а општината Гази Баба – 4,5 милиони денари. Проширувањето и реконструкцијата на патот ќе го олесни движењето на жителите од овој дел на градот и на сите граѓани што имаат потреба да ги посетат гробиштата Камник – рече градоначалникот Трајановски.

Од двете страни на коловозот ќе се изведат тротоари со широчина  од два метри коишто ќе се покријат со бекатон-плочки, како и потпорни ѕидови од страната на населбата.

На терен ќе работат екипите на градежната компанија „Бауер БГ“. Кракот на улицата Јужноморавски бригади се очекува да биде завршен за два месеца.

На улицата Јужноморавски бригади претходно беше изведена нова атмосферска и фекална канализациска мрежа, а беше обновена и водоводната мрежа.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3639&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3637383940 142>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.625 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.