build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 114115116117>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2301 Posted: 06-Sep-2019 at 08:38
Лелееее и тука ли ги стеснија лентите како на Климент Охридски... Се допираш со ретровизори со автобус на соседна лента... не е ок. Ок е да има велосипедска ама ова не е ок. Ризично е.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 532
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2302 Posted: 06-Sep-2019 at 21:59
Освен тоа, проблем се и автобуските постојки, како и тоа што „велосипедската“ завршува пред Веро центар во празно. Денес баш ја возев таа страна со точак и морав да претекнам 2 автобуси. Тоа што трчаат луѓе на стариот пешачки е посебна приказна.

Исто не ми е јасно зашто ни една велосипедска патека не видела боја последниве 2 години.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2303 Posted: 06-Sep-2019 at 23:45
Originally posted by alexsend

Лелееее и тука ли ги стеснија лентите како на Климент Охридски... Се допираш со ретровизори со автобус на соседна лента... не е ок. Ок е да има велосипедска ама ова не е ок. Ризично е.


Стеснети ленти значат поголема сигурност поради тоа што ќе се обраќа повеќе внимание. Истото важи за крстосници без семафори и знации, верувале или не.

Има многу студии, многу од нив редовно ги постира здружението наТочак.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2304 Posted: 07-Sep-2019 at 11:23
Отпочната е реконструкција на ул.Благоја Стефковски во Гази Баба(од фб)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2305 Posted: 07-Sep-2019 at 11:39
Еве уште неколку фотки од бул.Кочо Рацин(од фб)





Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2306 Posted: 07-Sep-2019 at 15:46
Originally posted by гитардемон

Originally posted by alexsend

Лелееее и тука ли ги стеснија лентите како на Климент Охридски... Се допираш со ретровизори со автобус на соседна лента... не е ок. Ок е да има велосипедска ама ова не е ок. Ризично е.


Стеснети ленти значат поголема сигурност поради тоа што ќе се обраќа повеќе внимание. Истото важи за крстосници без семафори и знации, верувале или не.

Има многу студии, многу од нив редовно ги постира здружението наТочак.



Значи затоа патот накај Соње бил толку тесен и напорен за возење 10км како 50 да сум извозил...за повеќе внимание.
Квази решение прават. Како и се друго. Не ме ни допира веќе, порано се нервирав, сега се смеам само.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2307 Posted: 07-Sep-2019 at 19:59
Градско возење е друга приказна. Има бројни сообраќајни студии кои тврдат така.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2308 Posted: 08-Sep-2019 at 13:02
Bigger Isn’t Always Better: Narrow Traffic Lanes Make Cities Safer

In Beijing, Chennai and Fortaleza, the rate of fatalities from road crashes is 20-27.2 deaths per 100,000 residents. What do these cities have in common? They have traffic lanes wider than 3.6 meters (11.8 feet). A long-standing belief among transportation planners and engineers is that wider traffic lanes ensure safe and congestion-free traffic flow. Recent academic research, highlighted in Cities Safer by Design, a WRI Ross Center for Sustainable Cities publication, shows that wider lanes are more dangerous than narrower lanes. To further investigate how cities are stacking up against the existing evidence, the Health and Road Safety team of WRI Ross Center for Sustainable Cities decided to compare typical lane widths in selected global cities with reported traffic fatality rates.

(...)

https://www.wri.org/blog/2016/12/bigger-isnt-always-better-narrow-traffic-lanes-make-cities-safer

10-Foot Traffic Lanes Are Safer—and Still Move Plenty of Cars

At first glance, it makes sense that wider traffic lanes could be safer traffic lanes. Drivers are prone to bad decisions and sleepiness and text messages and fits of rage. Providing some buffer room seems a reasonable way to keep them from veering into anything else sharing the road.

But as Jeff Speck persuasively argued during our Future of Transportation series, the conventional engineering wisdom that favors 12-foot traffic lanes to 10-foot lanes is deadly wrong—especially for city streets. The problem largely comes down to speed: when drivers have more room, cars go faster; when cars go faster, collisions do more harm. The evidence cited by Speck on the safety hazards of wider lanes is powerful, though to date it remains pretty scarce.

That body of work just got a bit thicker, thanks to a new study by civil engineer Dewan Masud Karim (spotted by Chris McCahill at the State Smart Transportation Initiative). Evaluating dozens of intersections in Toronto and Tokyo, Karim linked lower crash rates to narrower lanes—those closer to 10- or 10.5-feet wide than to 12-feet. Sure enough, wider lanes meant speedier cars, and yet narrower lanes were perfectly capable of moving high volumes of traffic.

https://www.citylab.com/solutions/2015/07/10-foot-traffic-lanes-are-saferand-still-move-plenty-of-cars/399761/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2309 Posted: 09-Sep-2019 at 10:36
Не ми треба студија за да ме убеди што чуствувам.
Цел живот возам во Скопје и од лани по секоја цена го избегнувам тој булевар, не се осеќам пријатно да сум на 10цм од друго возило.
Не е ок. Се работи за главна сообраќајница полна со автобуси и камиони, не за споредни улици во мал град.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2310 Posted: 09-Sep-2019 at 20:37
Битно после градските власти (како претходните, така и овие), ќе си ги бројат овие исцртани велосипедски ленти во бројот на велосипедски патеки и ленти низ Скопје и ќе го истакнуваат тоа.

Бројката не значи ништо, бидејќи како што јасно се гледа на фотографии, на булеварот ништо нема да значи исцртаната лента, особено на делот каде што се автобуските постојки, и исто така краевите на булеварот. Фушерај невиден.

Дури и велосипедската патека на Партизанска е нефункционална, токму поради бројните автобуски постојки, на кои не е обезбедено заобиколување на патеката.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2311 Posted: 12-Sep-2019 at 12:02
Во последно време има многу вакви тротинети низ градов но треба некако да се дефинира која им е дозволена брзина,каде да се движат бидејќи во моментов возат и по тротоари и по улици и по вело патеки а веќе учествуваат и во неколку несреќи...

------------------------------------------------------------------------

Електричните тротинети без закон, а веќе учесници во несреќи

Скопјанка на возраст од 41 година што управувала со електричен тротинет доби потешки повреди и заврши во болница по сообраќаен инцидент со автомобил. Ова е веројатно првата несреќа во која потешко настрада возач на тротинет или можеби првата за која знае јавноста, бидејќи од МВР не ни потврдија дали ова е и единствената досега, откако електричните тротинети навистина се намножија по скопските улици. Тие сѐ уште не се дефинирани во законска рамка, дали се сметаат за сообраќајни средства или се само реквизити за забава. Но сериозноста со која се среќаваат во сиот сообраќаен метеж по улиците и несреќите што почнаа да се случуваат налагаат еден посериозен пристап и можеби нивен третман на превозни средства. Ако тие сѐ уште не се во законска рамка, се поставува прашањето чија е одговорноста во случајов со сообраќајната несреќа, иако тоа не се знае во моментов. Потоа дали воопшто корисниците на електричните тротинети може да подлежат на некаква одговорност доколку се виновни и како ќе се третираат нивните возачи во ваквите несреќи сѐ додека не се формализира законската рамка за електричните тротинети?

Од друга страна, пак, промовирањето од градските власти за користењето и субвенционирањето на електричните тротинети направи тие да станат позастапени и попопуларни. Нивната висока еколошка вредност, малата тежина и големина, подвижност и брзина ги прават добри превозни средства во урбаната средина. Но истите карактеристики ги прават овие уреди тешки за класификација и одредување во правна рамка. Последните информации од МВР беа дека се прават напори електричните тротинети да се вметнат во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Од МВР не ни одговорија конкретно што во вакви случаи кога ќе се случи сообраќајка, а учесник е и некој што управувал електричен тротинет, колку тој ќе има последици ако законски не е обврзан.

– Во врска со вашето барање за информации поврзани со сообраќајна незгода што се случи на 4.9.2019 на крстосницата од бул. Крсте Мисирков и бул. Гоце Делчев, во која учествувале патничко возило „мерцедес 320“ со скопски регистарски ознаки и електричен тротинет, управуван од скопјанка на 41 – годишна возраст, Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР-Скопје изврши увид на местото, а се обезбедуваат и други докази од настанот. По комплетирање на увидниот материјал, тој со соодветен поднесок ќе биде доставен до Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка – велат од МВР.

Оттаму не прецизираа по која законска рамка ќе се утврдува одговорноста и дали електричните тротинети се изземени од одговорноста при сообраќајот. Но фактот дека стануваат сѐ поприсутни во сообраќајот не може да се изземе. Тоа го потврдуваат и известувањата на градот Скопје, кои зборуваат за тоа дека се исцрпуваат финансиите наменети за субвенционирање на електричните тротинети. Нивното зголемено присуство по тротоарите, велосипедските патеки и коловозите само зборува за потребата од нивно итно нивно сместување во законска рамка, каде можат да се возат, со колкава брзина, од која, па и до која возраст некој може да користи електричен тротинет и слично.

И другите земји имаат проблеми со електричните тротинети
Пред еден месец 35-годинашната телевизиска презентерка и јутјуб-ѕвезда, Емили Хартриџ загина во несреќа со електричен тротинет во Лондон. Таа почина откако нејзиниот тротинет се судрил со камион на обиколницата во Батерси во југозападен Лондон. По оваа несреќа се случи уште една, во која настрада 14-годишно момче, кое доби сериозна повреда на главата откако се судри во автобуската постојка во Бекенхам. По несреќата е превезено во болница, каде што лекарите утврдија дека е во критична состојба. Овие примери само покажуваат колку е сериозно возењето на електричните тротинети на патишта. Во Англија законот не дозволува користење електрични тротинети, тие не се сметаат за возила и затоа не смеат да се возат по пат. Законските регулативи не дозволуваат возење електрични тротинети на патишта и тротоари, единственото место каде што можат да се возат е на приватно земјиште. Министерот за транспорт Мајкл Елис при средба со фирмите за продавање електрични тротинети во медиумите изјави дека тие мораат да ги предупредат и да им кажат на потрошувачите за законот пред да купат или изнајмат електричен тротинет.
– Производите за микромобилност се појавуваат во земји низ целиот свет и се возбудлива иновација за која знаеме дека има побарувачка. Сепак, безбедноста секогаш мора да биде наш главен приоритет кога се размислува за нивната употреба на јавните автопатишта во оваа земја. Испитуваме дали тие може да се користат безбедно на патот и, ако е така, како треба да се регулираат за да се обезбеди безбедноста на јавноста. Сепак, компаниите мора да разберат дека разгледувањето на законите не мора да значи дека законите ќе се променат. Луѓето што користат електрични тротинети треба да бидат свесни дека во моментов е нелегално да ги возат по тротоар и на пат – вели министерот Елис за „Гардијан“.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/електричните-тротинети-без-закон-а-ве/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2312 Posted: 12-Sep-2019 at 19:22
Работата е што се полоши од моторите, односно електричните тротинети се пикаат насекаде, при тоа не гледајќи на никого и на ништо.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 532
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2313 Posted: 13-Sep-2019 at 10:38
Лимит на 25km/h, кацига и движење по патеки/улици исто како велосипеди и решен проблем. Тоа дека има несовесни има, ама не треба ради нив да се пререгулираат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2314 Posted: 13-Sep-2019 at 16:21
Велосипедска патека на ул.Московска во Карпош(од фб),неможе да функционира ова вака се додека не постават некакви столпчиња исто е и на бул.Кочо Рацин



Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2315 Posted: 14-Sep-2019 at 07:41
Битно лентите за возење се стеснети и обележана е велосипедска кога нема кој да патролира џабе кај нас. Народ без свест. Коли на велосипедска, велосипеди возат по Бул. Борис Трајковски на коловоз а од другата страна имаат издигната велосипедска... џабе без активна полиција се.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2316 Posted: 14-Sep-2019 at 17:55

Причини поради кои не се користи велосипедската патека на Борис Трајковски:
1. не е исчистена од кога е направена
2. веќе има дупки на истата
3. треба да го искршиш точакот едно десет пати во текот на патеката
4. да изведуваш паркур вештини при поминување на столпчиња и семафори поставени на самата патека

И ова се само причини за луѓе кои ја користат патеката за градски цели, додека јас лично кога сум тргнал кон Козјак или било што, или се враќаме во група, и кога нашите точаци вредат повеќе од дури и некои коли, не ни помислувам да возам на оваа т.н. патека. Воедно, во такви услови не ни возам соодветно на брзината пропишана за патеки, па така посигурно се чувствувам на коловоз.

Патем, сите градови кои имаат вело-култура, никогаш не забрануваат да се користи и коловозот како опција за велосипедистите, и тоа во најголемиот дел се обележаните ленти за јавен превоз.

Но, се согласувам дека има неред на сите полиња. Јас лично стојам и на црвени семафори, иако признавам дека голем дел од велосипедистите не ги почитуваат светлосните сигнали.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2317 Posted: 18-Sep-2019 at 12:38
Реконструкција на ул.Тодор Чангов-о.Аеродром(од фб)





Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #2318 Posted: 18-Sep-2019 at 14:21
ова не е Тодор Чангов, ова се некој улички или уличка од Тодор Чангов. А Тодор Чангор и по реконструкцијата која се случи пред некоја година повторно плаче за реконструкција.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2319 Posted: 18-Sep-2019 at 14:30

Da se raboti za kraci od ulicata potocno se raboti za T.Cangov 41 vo dolzina od 450m no se najavuva deka i nekoi drugi kraci ke bidat renovirani.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2320 Posted: 19-Sep-2019 at 12:28
На булеварот Босна и Херцеговина возилата подрипнуваат преку куп камења



По раскопан коловоз на булеварот Босна и Херцеговина, со широчина од речиси еден метар, веќе цел месец се движат возилата пред семафорите кај старите општински бараки во Бутел. Раскопаниот дел од асфалтот е полн со остри камења. Раскопаниот асфалт е опасност за возачите, додека, пак, раскопаниот тротоар е опасност за пешаците, кои често за да побегнат од крупните камења и прашина одат по коловозната лента за да стигнат до автобуската станица спроти градилиштето на аголот од семафорите. Никој не го санира раскопаното, а минувачите секојдневно голтаат прашина и се доведуваат во опасност од несреќи. Кој ги направил ископувањата граѓаните не знаат, но она што им е познато е дека речиси цел месец останаа раскопани коловозот, тротоарот и дел од исушениот парк, спроти градилиштето. Оние што одлучуваат да пешачат низ паркот, за да избегаат од камењата, повторно ризикуваат да газат во прав, бидејќи паркот е исушен и делумно уништен од камионите и градежните машини, кои тука поминале и оставиле траги.

Од општината Бутел не знаат кој ги вршел ископите на коловозната лента и на дел од тротоарот, а од градот Скопје објаснуваат дека вршат прекопи за поставување канализациски водови на новиот булевар. Но од друга страна, пак, градежните работи на оваа сообраќајница, како да подзастанаа и речиси ништо видливо не се работи.

Голема градежна офанзива се реализира на градските улици во централното градско подрачје, но некако замреа градежните зафати на проширувањето на булеварот Босна и Херцеговина. Градежните материјали и уличните рабници на палети од едната и само една градежна машина од другата страна на улицата покажуваат дека сообраќајницата ќе се гради. Забраздениот дел од просторот пред фирмите кај железничката станица Скопје Север само потсетува на минатогодишното означување на почетокот на проширувањето на улицата, која треба да стане булевар. Од другата страна на спојот со улицата Кристијан Тодоровски-Карпош, кај таканаречените социјални згради, исто така само се означија новите булеварски ленти и дел од булеварската жардиниера, кои треба да продолжат да се градат. Некаде на средината на овој потег е раскопаниот дел од коловозот.

– Градежните активности за проширување на булеварот Босна и Херцеговина се во тек и според предвидената динамика треба да завршат следната година. Во конкретниов случај, станува збор за прекоп за поставување инсталации, како дел од изградбата на булеварот и прекопот набргу ќе биде саниран. Паркот не е во надлежност на градот Скопје, а посочените оштетувања не се настанати при градежни активности на градот Скопје – велат од градот.

Чии камиони оставиле траги во парковската површина останува да провери општината Бутел, која можеби и ќе се погрижи да го санира паркот, кој летово, меѓу другото, се исуши затоа што не беше наводнуван. Инаку почетокот на градежните зафати за изградбата на новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина беше свечено означен лани во септември, со раздвижени багери на терен и со присуство на градоначалниците на Скопје, Петре Шилегов, и на општината Бутел, Велимир Смилевски. Според тогаш најавеното, новиот булевар ќе има по три коловозни ленти во двете насоки, пет метри зелен појас во средината, странично зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни. Проектот е во вредност од околу 150 милиони денари. Градоначалникот Петре Шилегов тогаш најави дека овој булевар ќе биде долг околу 1.400 метри и широк 40 метри. Од градот Скопје тогаш информираа дека реализацијата ќе се одвива во согласност со предвидената динамика, а рокот е 18 месеци од денот на воведот во градежните работи.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/на-булеварот-босна-и-херцеговина-вози/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 114115116117>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.359 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.