build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 123124125126127 133>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 120
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #2481 Posted: 20-May-2020 at 19:34
Мислам дека пругата е пониско од патот вака како што е нацртана.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2482 Posted: 20-May-2020 at 19:37
Булеварот е во проектирање веќе година и нешто, само тука нема луѓе од проектансткото биро кое работи за да сподели информации.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2180
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2483 Posted: 20-May-2020 at 19:37
Мислам дека е незначително подигната; не знам дали по целата должина е така. Се гледа нешто и на StreetView.

Знае некој до каде е проектот? Градоначалникот во декември на интервју кажа дека се испитува почвата за Словенија, а Хрватска не ја спомена.

Edited by Staro Skopje - 20-May-2020 at 22:41
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2180
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2484 Posted: 22-May-2020 at 14:21
Originally posted by stef4o

ПОСТАВЕНИ ЗАШТИТНИ СТОЛПЧИЊА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА 11 ОКТОМВРИ

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставија заштитни столпчиња на тротоарот на улицата 11 Октомври на потегот спроти поранешен Тутунски комбинат.

Со поставените столпчиња се става крај на непрописно паркираните возила на овој потег и се овозможува непречено движење за пешаците.

Сега пак на улица паркираат, а кај пиљарите пред семафорот подолу со години е ужас Наместо една зграда можеа паркинг да направат.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2485 Posted: 24-May-2020 at 01:17
Google Maps има интересен feature преку desktop верзијата. Се вика typical traffic, бесплатна консултантска студија за сите градски власти од секаде низ светов. Прилично јасно е што се случува во Скопје, што би се рекло "се гледа од сателит".







Edited by user8642 - 24-May-2020 at 01:17
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6527
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2486 Posted: 24-May-2020 at 14:22
Булевар Босна и Херцеговина.







https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2487 Posted: 25-May-2020 at 16:19
Времен сообраќаен режим на улица „Александар Урдаревски” во Бутел



Град Скопје информира дека поради реконструкција на коловозот на улицата „Александар Урдаревски” во општина Бутел, почнувајќи од 26 мај година на оваа сообраќајница ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, ќе се однесува на потегот од кружниот тек на крстосницата со улица „Боца Иванова”, до крстосувањето со улица „Бутелска”, а ваквиот режим ќе важи до завршување на градежните работи на улица „Александар Урдаревски”.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/vremen-soobrakjaen-rezhim-na-ulica-aleksandar-urdarevski-vo-butel
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2488 Posted: 25-May-2020 at 16:24
Овој простор е како измислен за авенија, а не само преслекување асфалт кој е оперативна работа. Размак меѓу градежни линии е 50м што дава одличен простор за 2/2+1+2/2 ленти, да има булевар 2+1+2 (средна лента за лево вртење на расрници, наизменично употребена за средишто зеленило + лева и десна улица колекторска со по една лента за возење и една за паркирање, +6м++18м++6м+. На двата краја би бил заокружем со кружни текови, кај Боца Иванова веќе изградениот и нов горе кај раздвојувањето кај прокредит банка. Ќе има и за дворови на краеви по 5м, и за паркирање и за возење и три појаса зеленило, еден средишен од 3м и два странични по 5м.



Edited by user8642 - 25-May-2020 at 16:41
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 663
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2489 Posted: 25-May-2020 at 17:13
Добра идеја, тука нема никаква потреба од паралелната колекторска улица. Се надевам и за Бутелска е планирана реконструкција до обиколницсжа. Моментално е во очајна состојба.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6527
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2490 Posted: 02-Jun-2020 at 16:15
Бул.Цветан Димов-Чаир











https://www.facebook.com/komunacair/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6527
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2491 Posted: 03-Jun-2020 at 08:54
Револт во Бутел: Раскопани улици и метеж во сообраќајот



Метеж, редици од автомобили и нервозни граѓани. Ова веќе една недела е секојдневната слика во дел од Општина Бутел.Ул. Бутелска повторно се реконструира. Тука сообраќајот е отежнат и е речиси невозможно да се разминат две возила. Жителите на Општина Бутел лути, велат дека не можат нормално да ги извршуваат секојдневните обврски.Од она што го забележа екипата на Алфа се чини дека на голем дел од граѓаните не им се допаѓа потегот на надлежните.

Градоначалникот на Општина Бутел се правда дека ова е втор дел од реконструкцијата, откако лани таа прекинала токму поради отежнатиот сообраќај. Уверува дека во втората половина на јуни, истата ќе биде завршена.

Ова е втор дел од реконструкцијата бидејќи првата фаза беше лани кога се поставуваше атмосферска канализација, но дека булеварот Христијан Тодоровски-Карпош не беше пуштен и движењето беше отежнато со градоначалникот (Шилегов) се договоривме да се доврши ул.Бутелска откако ќе се пушти булеварот Христијан Тодоровски-Карпош. Акцијата започна во четвртокот и според екипата која работи, реконструирањето ќе трае три недели – вели Велимир Смилевски – Градоначалник на Општина Бутел

Иако граѓаните се лутат бидејќи сообраќајот постојано се стопира, градоначалникот Шилегов смета дека е многу задоволен од тоа како тече реконструкцијата на Ул.Бутелска. Граѓаните што се упатуваат за влез или излез кон скопската општина Бутел никако да се спасат од сообраќајниот метеж. Поради ново настанатата ситуација деновиве дел од жителите се прашуваат има ли крај на градежниот хаос во овој дел од Скопје?

https://alfa.mk/revolt-vo-butel-raskopani-ulici-i-metez-vo-soobrakjajot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6527
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2492 Posted: 03-Jun-2020 at 15:53
ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА АЛЕКСАНДАР УРДАРЕВСКИ

Денес започна асфалтирањето на дел од улицата Александар Урдаревски во Бутел, кое се врши во рамки на проектот за реконструкција на улицата на потег од кружниот тек на улицата Боца Иванова до крстосувањето со улица Бутелска.

Додека траат градежните работи на терен е воведен привремен сообраќаен режим и апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.









https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 663
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2493 Posted: 05-Jun-2020 at 20:17

Пропуштена шанса за решение како што предложи user8642. Ни велосипедски патеки не се направија, освен ако не нацртаат нешто со стеснување ленти.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6527
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2494 Posted: 07-Jun-2020 at 10:25
ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА АЛЕКСАНДАР УРДАРЕВСКИ И ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Овој викенд, екипите на Град Скопје интензивно работат на реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски во Бутел. Неодамна започна асфалтирањето на една лента од улицата, а во текот на полицискиот час се работи и на втората лента од кружниот тек на улицата Боца Иванова до крстосницата со улица Бутелска во должина од 850 метри.















https://www.facebook.com/p.shilegov/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2495 Posted: 07-Jun-2020 at 22:43
Кружниот тек во Чаир кај амбулантата меѓу улиците Ферид Бајрам и Ќемал Сејфула.

сликите се од Facebook профилот на Петре Шилегов



















Edited by user8642 - 07-Jun-2020 at 22:44
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4732
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2496 Posted: 08-Jun-2020 at 07:19


Да беше 2012 сега ќе разговаравме за тоа чиј споменик во вредност од барем милион евра ќе стои на сред кружниот тек
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2497 Posted: 08-Jun-2020 at 10:34
Originally posted by гитардемон



Да беше 2012 сега ќе разговаравме за тоа чиј споменик во вредност од барем милион евра ќе стои на сред кружниот тек


Ни тогаш 2012, ни сега 2020 нема што да разговараме, мислам дека се знае! Можда веќе е у некоја леарница при крај.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2180
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2498 Posted: 09-Jun-2020 at 19:53
Sinkhole во Црниче.

twitter.com
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6527
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2499 Posted: 10-Jun-2020 at 11:18
Бутелска повторно на ремонт



Жителите на населбата Бутел и на населбите што се поврзани со неа веќе не паметат по кој пат се раскопува улицата Бутелска. Но она што знаат е дека не гледаат крај на градежните зафати на оваа сообраќајница. Им се чини дека постојано се раскопува, а никогаш не се доправа. Дворовите и домовите им се наполнија со прашина од сите градежни фронтови што се отворени во општината на сите страни. Жителите велат дека е убаво што конечно нешто се гради и во оваа општина, но некако им се чини дека тоа се прави хаотично и без ред.

Раскопана е улицата Бутелска, а на семафорите пред да се сврти кон поранешната фабрика „Наше дете“, на просторот на поранешните општински бараки, се градат згради. Од градилиштата повторно се креваат облаци прашина. Речиси до скоро имаше градежни зафати на пробивањето на новиот булевар Кристијан Тодоровски-Карпош, а сосема на другиот крај сѐ уште е раскопано и уште се копа, поради изградбата на булеварот Босна и Херцеговина. Уште неисчистена прашината од изградбата на кружниот тек на улицата Втора македонска бригада, пред основното училиште „Петар Здравковски-Пенко“, сега повторно се крева прашина на Бутелска.

Поплаките што ги упатуваат се однесуваат и на оштетени автомобили од раскопаниот терен. Велат дека им е смачено од сообраќајниот метеж што се случува секојдневно. На Бутелска сега не можат да се разминат ниту автобусите што сообраќаат во овој дел, ниту пак автомобилите, бидејќи целокупниот сообраќај се одвива на половина коловозна лента од улицата, затоа што другата половина е раскопана.

Пред да се изгради булеварот Кристијан Тодоровски-Карпош, оваа сообраќајница беше единствен влез и излез во општината за 36.184 жители, колку што се евидентирани на последниот попис. Но сега, велат бутелчани, во сиот овој хаос со повторното раскопување на Бутелска, пак им се случува сообраќаен метеж, бидејќи токму на кривината кај социјалните згради десно, во правец на Бит-пазар, не можат да се приклучат, па тука настанува хаос. Возилата што доаѓаат од Цетинска мораат да излегуваат на улицата Хо Ши Мин. Во понеделникот, поради зафатите на терен, сега на другата страна на коловозот, автобусите што сообраќале кон центарот на градот вртеле лево, па одоколу преку улицата што поминува кај капелата на градските гробишта, преку улицата Боца Иванова, доаѓале кај кружниот тек во Бутел за да продолжат на следната постојка на Босна и Херцеговина.

Граѓаните велат дека повеќекратното раскопување им го комплицира и инаку горчливото сегашно секојдневие со пандемијата. И не се во прашање само сообраќајните проблеми туку и тоа што се изнаголтаа прашина, а Бутелска пак е по целата должина само крпеници. Улицата последен пат со нов асфалт беше послана во 2006 година, кога градоначалник на Скопје беше Трифун Костовски. Улицата Бутелска, како што многумина ја нарекуваат, всушност е посебната улица Александар Урдаревски, која е во продолжение на Бутелска. Оваа улица се протега од Прокредит банка во Бутел до семафорите кај старите општински бараки, а сега е раскопана од фирмата „Солопром“ до Прокредит банка.

– Минатата среда почна асфалтирањето на дел од улицата Александар Урдаревски во Бутел, кое се врши во рамките на проектот за реконструкција на улицата на потегот од кружниот тек на улицата Боца Иванова до крстосувањето со улицата Бутелска. Додека траат градежните работи на терен е воведен привремен сообраќаен режим и апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот – порачаа од Град Скопје.
Оттаму не ни одговорија што остана незавршено и зошто повторно е раскопана оваа сообраќајница, на колкав потег, од каде до каде, ќе има градежни зафати и колку ќе траат.

Но некои од граѓаните тврдат дека и она што е асфалтирано е неквалитетно.
– Во четвртокот со такси се враќав по работа дома, бидејќи брзав да не ме фати полициски час. Кога такси-возилото дојде до новоасфалтираниот дел на Бутелска, подрипна неколкупати, се исплашив да не има некаков проблем автомобилот, но таксистот рече дека тоа било од лошо поставениот асфалт. Се прашувам дали може нешто еднаш и квалитетно да се направи, а не да се копа неколкупати и пак да не чини – коментира жителка од скопската населба Радишани.

Во 2018 година на улицата Бутелска се градеше атмосферска канализација, а проектот беше на Град Скопје и се реализира во соработка со Општината Бутел. Градежните работи, како што тогаш информираа од општината, се изведуваа во две фази. Првата беше на делницата од кружниот тек на влезот во Бутел до семафорите. Втората фаза, пак, на делницата од семафорите кај пазарчето до објектот на Прокредит банка. Градежните работи ги изведуваа вработени од компанијата „Јубај“, а вредноста на проектот изнесуваше 11,8 милиони денари.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/бутелска-повторно-на-ремонт/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13089
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2500 Posted: 11-Jun-2020 at 09:33
Проширувањето на ул. Босна и Херцеговина, мала фоторепортажа од утрово:

во насока кон бул. Словенија



во насока кон Бутел 1 и 2



уште сега може да се види за што ќе служат широките тротоари



зградата во изградба право е комплексот Моди-Ливинг и локалната електродистрибуција





стариов тротоар веројатно ќе биде отстранет за старата улица да добие дополнителна лента (според ширината на новиот дел, булеваров ќе има по 3 ленти во секој правец)



моментално се работи на потегот од раскрсницата со бул. Словенија до ракрсницата кај подвозникот за Бутел 2, додека во делот од подвозникот до Т раскрсницата со новопроширениот бул. Х. Т. Карпош има застој и не сум забележал поголеми активности
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 123124125126127 133>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.453 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.