build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 148149150151>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Citizen View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 18-Mar-2020
Online Status: Offline
Posts: 33
  Quote Citizen Quote  Post ReplyReply #2981 Posted: 22-Dec-2021 at 17:54
^
Ова на уште барем десет улици во Скопје треба.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2982 Posted: 22-Dec-2021 at 18:33
Рок на траење 2 дена! Максимум до прв снег, исто како сите зашртафени лежечки полицајци по Скопје кои ги снема, или како некогашната трета лента на Партизанска. Некој сигурно штедел на дипли и штрафови, и ставил помали од што се платени.

Edited by user8642 - 22-Dec-2021 at 18:34
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2983 Posted: 04-Jan-2022 at 07:53
По дупките на улицата Елисие Поповски Марко се „кршат“ возила



Од Општина Центар велат дека во тек е изработка на проектот за реконструкција, која се планира да започне во април или мај годинава

Две улици во Капиштец во општина Центар со години им задаваат главоболки на жителите. Преполни се со дупки, со „избразден“ асфалт, со прекопи и пукнатини. Небезбедни се и за возење и за движење, затоа што автомобилите постојано се обидуваат да ги избегнат дупките, а пешаците, пак, обратно, да ги избегнат автомобилите и да стигнат некако до своите домови.

Тоа е улицата Козара во Капиштец, која е во катастрофална состојба поради многуте објекти што истовремено се градат таму. Во ништо подобра состојба не е ниту улицата Елисие Поповски Марко, која се протега над Козара од вкрстувањето со Загрепска до Водњанска.

Живеам на Елисие Поповски Марко, улица што одамна веќе не личи на улица. Буквално колите ги искршивме од дупките што зјаат по асфалтот. Со години е вака и никако да дојде на ред за реконструкција, да се обнови асфалтот. Ниту со кола се оди по неа, ниту пешки. Во добар дел од улицата нема ни тротоари, а и таму каде што има, се половина метар широки. Вистинска катастрофа е – вели Ивана Б., жителка на оваа улица.

Таа додава дека голем проблем е и слабото осветлување на улицата, па кога врне, ситуацијата станува уште полоша.

Секоја година се надеваме дека нашата улица конечно ќе се обнови. Кога беше најавена летната реконструкција на еден куп улици во Центар, меѓу нив беше спомната и Елисие Поповски Марко. Ама, ете, летото помина, па избори дојдоа и поминаа и улицата си остана катастрофа – објаснува Ивана.

Друг проблем на оваа улица е и тоа што поради проблемот со недостиг на паркинг места, присутен насекаде во Општина Центар, на улицата е дозволено паркирање од едната страна, а на дел од неа во близина на локалниот диспанзер, воопшто нема тротоари туку само исцртани паркинг места. Со оглед дека улицата е многу фреквентна затоа што се наоѓа во близина на Клиничкиот центар, самиот тој факт говори и дека е небезбедна особено за пешаците.

Од Општина Центар се свесни за тоа во каква состојба е оваа улица и најавуваат дека конечно годинава на ред доаѓа и нејзината реконструкција.

За улицата „Елисие Поповски Марко“ во тек е изработка на проектот за реконструкција. Почетокот на градежните работи е планиран за крај на април/почеток на мај, во 2022 година – велат од Општината.

Што се однесува за улицата Козара, за оваа сообраќајница веќе е избран најповолен понудувач и Општината потпишала договор за реконструкција. Според програмата за работа на Општина Центар, како што најавуваат оттаму, реконструкцијата на улицата Козара ќе започне на почетокот на пролетта.

https://www.slobodenpecat.mk/po-dupkite-na-ulicata-elisie-popovski-marko-se-krshat-vozila/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2984 Posted: 15-Jan-2022 at 16:35
Во Скопје ќе се реконструираат 10 километри улици

Град Скопје најави целосна реконструкција на улици во должина од 10 километри во првите 100 дена од новиот мандатот на градоначалничката Данела Арсовска. Станува збор за сообраќајници кои долги години не биле реконструирани, а граѓаните секојдневно се соочуваат со оштетени асфалтни површини кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот на граѓаните и ги оштетуваат возилата, соопштија од Градот Скопје.

Реконструкцијата започнува на 20 јануари, и тоа на улицата „Никола Карев”, булевар „Кузман Јосифовски Питу” од раскрсницата со ул. Никола Карев до раскрсницата со ул.Борис Кидрич, реконструкција на булевар „АСНОМ” од раскрсницата со бул.„Србија” до ФФМ, улицата „Христо Татарчев” од раскрсницата со ул. „Народни Херои” до кружен тек со бул.„Србија”, ул.„Србија”, „Тодор Александров”, ул. „Перо Наков” од бул.„Киро Глигоров” до раскрсницата со ул.„Маџари”. Реконструирани ќе бидат и улиците „Радишанска”, „Војдан Васил Чакаларов”, „Волково” и улица „Фрањо Клуз”.

Програмата и програмските активности на Град Скопје се реализира преку реални проекти со целосна имплементација, преку креирање на брзи и ефикасни сообраќајни решенија и безбедни сообраќајници за граѓаните како приоритет на кој посветено ќе работи градската администрација во овој четиригодишен мандат, почнувајќи уште од првите 100 дена, се вели во соопштението од медиумите.

https://nezavisen.mk/vo-skopje-kje-se-rekonstruiraat-10-kilometri-ulici/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2985 Posted: 15-Jan-2022 at 16:42
Originally posted by stef4o

Во Скопје ќе се реконструираат 10 километри улици

Реконструкцијата започнува на 20 јануари, и тоа на улицата „Никола Карев”, булевар „Кузман Јосифовски Питу” од раскрсницата со ул. Никола Карев до раскрсницата со ул.Борис Кидрич

https://nezavisen.mk/vo-skopje-kje-se-rekonstruiraat-10-kilometri-ulici/


Незнам за кој дел поточно мислат,според пишуваното личи на делот под Железничка е сега дали до првиот семафор од страната на Аеродром или скроз до раскрсницата со К.Ј.Питу незнам би било добро да е до крај бидејќи најголемите вдлабнатини од автобуси и камиони се баш на овој дел.



Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2986 Posted: 15-Jan-2022 at 21:22
ако не стават плочи како подлога или поквалитетен асфалт, со оглед на прометот на тешки возила што поминуваат секој ден таму, асфалтот ќе биде ист како претодно за помалце од година дена
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2987 Posted: 17-Jan-2022 at 18:22
Заврши сигнализацијата на коловозните ленти и сообраќајните знаци на асфалтираниот пат (улица бр.1)-О.Сарај











https://www.facebook.com/jubaj
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2988 Posted: 19-Jan-2022 at 13:04
Градот ќе даде 51 милион денари за реконструкција на ул. „Перо Наков“



Град Скопје финансиски ќе ја помогне реконструкцијата на улицата „Перо Наков“, на потегот од раскрсницата со улицата „Маџари“ до улицата „Индустриска 2“

За таа цел на седницата на Советот на град Скопје, што ќе се одржи утре, треба да биде донесена одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба.

Проценетата вредност за реализација на реконструкцијата на улицата изнесува 51.000.000 денари со вклучен ДДВ, а Градот ќе ги обезбеди во целосниот износ од буџетот за 2022 година.

https://www.vecer.press/градот-ќе-даде-51-милион-денари-за-рекон/
Back to Top
Aowek View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 22-Sep-2021
Online Status: Offline
Posts: 37
  Quote Aowek Quote  Post ReplyReply #2989 Posted: 20-Jan-2022 at 10:49
Редно беше од 2017 се збореше активно ова. Ако поминувате редовно знаете каков хаос е.Посебно делот кај 2те пруги кои не се користат повеќе од 20 години.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2990 Posted: 20-Jan-2022 at 11:50


И да ја прошират со по уште една лента ако може, зашто сум бил сведок на редици од булеварот Киро Глигоров до Маџари.
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2120
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #2991 Posted: 20-Jan-2022 at 14:17
Originally posted by Џоле



И да ја прошират со по уште една лента ако може, зашто сум бил сведок на редици од булеварот Киро Глигоров до Маџари.
Prosiruvanjeto ne gi namaluva redicite sustinski. Eve Koce prosiri eden kup ulici, nekoi opravdano, nekoi gi unakazi do besvest. Se namali li soobrakajnata guzva? Problem za redicite se raskrsnicite, odnosno semaforite. Na Skopje mu trebaat vertikalni raskrsnici za namaluvanje na redicite.

Edited by Denko - 08-Feb-2022 at 18:25
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2992 Posted: 05-Feb-2022 at 11:43
Започнува реконструкцијата на улиците „Дебарска“, „Црвена Вода“ и „Партизанска“ во Дебар Маало

Трите улици ќе добијат нов коловоз, со вкупна површина од 3450 м2 и нови рабници, во вкупна должина од 1350 метри, со што значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во овој дел од Центар, истовремено водејќи сметка за пешаците и велосипедистите.

Со реконструкцијата планираме да бидеме готови до крајот на мај, а веднаш потоа започнуваме реконструктивни зафати и на улиците „Петар Поп Арсов“, „Рајко Жинзифов“, „Ристо Шишков“ и „Јордан Хаџи Константинов – Џинот







https://www.facebook.com/gerasimovskig
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2993 Posted: 08-Feb-2022 at 17:40
Дупките на улицата во Градски парк се уште непоправени



Дупки како кратери го попречуваат нормалното движење на улицата околу арената во градски парк. Возачите едвај се разминуваат бидејќи секој гледа да ги избегне дупките кои им ги оштетуваат автомобилите.

Граѓаните се жалат дека состојбата со улиците генерално е лоша во главниот град. Револтирани се бидејќи ваквите улици можат скапо да ги чинат.

Од општина Центар велат овие дупки биле санирани летото. До сега кај нив не пристигнала ниту една пријава за оштетен автомобил.

Докоолку возачите ги оштетат автомобилите можат да бараат надомест од локалните власти. За да имаат потврда дека штетата настанала од дупка на патот, треба да повикаат полиција која ќе ја констатира состојбата.

https://sitel.com.mk/dupkite-na-ulicata-vo-gradski-park-se-ushte-nepopraveni
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2994 Posted: 12-Feb-2022 at 10:32
Од понеделник времен сообраќаен режим на улицата „Варшавска“



Од понеделник започнува реконструкција на улицата „Варшавска’, (од улица „Лондонска“ до улица „Париска“).

Како што извесуваат од Општина Карпош, поради изведување на градежните активности, ќе биде воспоставен нов привремен режим на сообраќај.

Изведувачот на работите ДГПТУ „Битем“, во понеделник ќе постави и вертикална сообраќајна сигнализација, која ќе важи до завршување на реконструкцијата на улицата.

https://www.vecer.press/од-понеделник-времен-сообраќаен-режи/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2995 Posted: 14-Feb-2022 at 14:21
Чаир, секој ден хаос на улицата „Кемал Сејфула“ – Ганиу се оградува од одговорност, Арсовска не дава одговор



Ова е улицата Кемал Сејфула во Чаир. Паркирани автомобили насекаде од двете страни. Велосипедската патека е блокирана, а белите линии не се гледаат никаде, поради што граѓаните се чувствуваат загрозени. Тие велат дека хаосот во овој дел се создава поради недостиг од паркинзи.

„Многу пати кога некој влегува да купи килограм домати, му го креваат автомобилот, има проблеми. Нема паркинг“.

За ваквата состојба на улицата го прашавме градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Тој вели дека оваа улица е под надлежност на Град Скопје, но вети дека нема да седи со скрстени раце.

„Знаете дека улицата “Кемал Сејфула“ е под надлежност на Град Скопје, значи дека за повеќе одговори треба таму да барате. Ова не значи дека сум амнестиран и дека ќе седам со скрстени раце“, посочи Висар Ганиу.

Од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска не добивме одговор дали ќе преземат нешто за решавање на овој проблем на граѓаните од овој дел на Чаир. Таа пред локалните избори ветуваше дека ќе го решат хаосот во сообраќајот и паркинг местата.

https://mk.tv21.tv/chair-sekoj-den-haos-na-ulitsata-kemal-sejfula-ganiu-se-ograduva-od-odgovornost-arsovska-ne-dava-odgovor/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2996 Posted: 16-Feb-2022 at 10:31
Originally posted by stef4o

Во Скопје ќе се реконструираат 10 километри улици

Град Скопје најави целосна реконструкција на улици во должина од 10 километри во првите 100 дена од новиот мандатот на градоначалничката Данела Арсовска. Станува збор за сообраќајници кои долги години не биле реконструирани, а граѓаните секојдневно се соочуваат со оштетени асфалтни површини кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот на граѓаните и ги оштетуваат возилата, соопштија од Градот Скопје.

Реконструкцијата започнува на 20 јануари, и тоа на улицата „Никола Карев”, булевар „Кузман Јосифовски Питу” од раскрсницата со ул. Никола Карев до раскрсницата со ул.Борис Кидрич, реконструкција на булевар „АСНОМ” од раскрсницата со бул.„Србија” до ФФМ, улицата „Христо Татарчев” од раскрсницата со ул. „Народни Херои” до кружен тек со бул.„Србија”, ул.„Србија”, „Тодор Александров”, ул. „Перо Наков” од бул.„Киро Глигоров” до раскрсницата со ул.„Маџари”. Реконструирани ќе бидат и улиците „Радишанска”, „Војдан Васил Чакаларов”, „Волково” и улица „Фрањо Клуз”.

Програмата и програмските активности на Град Скопје се реализира преку реални проекти со целосна имплементација, преку креирање на брзи и ефикасни сообраќајни решенија и безбедни сообраќајници за граѓаните како приоритет на кој посветено ќе работи градската администрација во овој четиригодишен мандат, почнувајќи уште од првите 100 дена, се вели во соопштението од медиумите.

https://nezavisen.mk/vo-skopje-kje-se-rekonstruiraat-10-kilometri-ulici/



16.02.2022 ништо не е почнато.Барем не она што беше пишано дека ќе се почне на 20.01.2022,ај тогаш беше поладно но еве веќе две-три недели е сосем добро за такви активности.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2050
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2997 Posted: 21-Feb-2022 at 17:41
Дали некој размислувал за тоа колку ќе влијае на намалување на гратскиот метеж продолжување на скопската обиколница до Пинтија/кружен тек Драчево?

Факт е дека потенцијалот на обиколницата е неискористен, а оние што живеат во Ѓорче/Волково/Бардовци и околните места повторно возат низ цел град за да стигнат до Драчево/Пинтија/Лисиче...

Иако е обиколница, сепак не ги поврзува околните населби и населени места соодветно.

Плус би се отворил уште еден влез на градот кој многу би го растеретил бул.Александар Македонски и бул.Србија знајеќи дека во Пинтија имаме индустриска зона во која секојдневно гравитираат возила од внатрешноста.

Логично е сите приградски населби да се поврзани со обиколница.

Многу пати изминатиов период имав потреба да возам до Стопански двор, а од таму за Пинтија и гледам дека најголем дел од жителите како најкраток пат го бидаат возењето низ Центар (20+ семафори)...
Пробав многу пати да возам преку обиколница и иако е подалеку целата обиколница се вози за само 10 минути, а потоа нелогични 8км од источен влез на Скопје до Пинтија уште +25мин...

Дури и да не биде класичен автопат, сепак убаво е некој компетентен да ги израчуна сите бенефити кои би ди имало градот, како и возачите, не само како време на патување и нервози по градски улици туку и издувни гасови...

Со 6км инфраструктура на празен терен Истокот и Западот на градот би биле одалечени само 15 мин.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2998 Posted: 21-Feb-2022 at 18:15
Интересно размислување.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 388
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #2999 Posted: 21-Feb-2022 at 20:45
Разговарано е на оваа тема и порано на форумов и мислам дека нема човек кому не му се допаѓа таа идеа. Еден корисник предложи и едно крајно елегантно решение за надградба на клучката кај Хиподром и продолжување на обиколницата кон Пинтија:


Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1362
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #3000 Posted: 21-Feb-2022 at 21:24
Ако се прави директно продолжување, тогаш треба да ја премине Ранжирната станица „Трубарево“ и кратко потоа Вардар, што за наши услови пиши „нема шанси“.

Друга прилика би било постоечкиот мост и пат преку Јурумлери и Драчево, кој е регионален некако да се прилагоди и поврзе со автопатот А4 кај самото Јурумлери.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 148149150151>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.