build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 151>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 17-Feb-2009 at 12:17
ГРАДОТ НАЈАВУВА НОВИ ПРОЕКТИ
Иво Рибар - Лола ќе стане булевар
Веќе има неколку идејни решенија за проширување на улицата Иво Рибар - Лола, со предлог на сите раскрсници да се направат кружни текови

Градските власти најавуваат дека годинава ќе го почнат проектот за проширување на улицата Иво Рибар - Лола, од раскрсницата кај студентскиот дом "Гоце Делчев" во населбата Карпош 4 до раскрсницата со улицата Водњанска во Центар. Аљоша Шопар, раководител на секторот за планирање и уредување на просторот, вели дека планираат улицата да ја направат булевар, односно да има четири коловозни ленти. Тој објаснува дека веќе имаат неколку идејни решенија за проширување на улицата, со предлог сите раскрсници да ги направат со кружни текови.
"Во моментов идејните решенија се на разгледување во секторот за сообраќај, кој треба да каже, од сообраќаен аспект, кое решение е најприфатливо за да можеме да нарачаме изработка на главен проект за проширувањето", вели Шопар.
Оваа улица е едно од најтесните сообраќајни грла во градот, а коловозот речиси по целата должина е оштетен, со многу дупки, крпеници и прокопи. Градските власти лани ветуваа дека ќе направат кружен тек на оваа улица на потегот кај Католичка црква, но реализацијата на проектот беше одложена за годинава.
"Додека не се одбере идејно решение за проширување на улицата, со кое се регулираат и раскрсниците, не можам да кажам кога ќе се почне со градежни работи. Се надевам дека до крајот на мандатот на оваа админи

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=163637&idg=9&idb=2601&rubrika=Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 17-Feb-2009 at 12:20
Какви кружни токови! Ова ќе биде рамно на тахикардија! Башка да не зборам повторно за ГУП-от!

Г-ќо Шопар 4 ленти не значи автоматски булевар. Ја колку што се сеќавам булвевар беше со мин 6!

Страшно се мешаат поими на секој чекор клучка=раскрсница, булевар=улица, сквер=пешачка зона=плоштад.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 17-Feb-2009 at 13:39
Веќе има неколку идејни решенија за проширување на улицата Иво Рибар - Лола, со предлог на сите раскрсници да се направат кружни текови

Браво!!! Конечно веќе, се надевам дека ќе се реализира проектов!
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 17-Feb-2009 at 13:50
Супервизор неколку пати ги имаме разгледувано кружните токови како проблем, а не како решение. Незнам што виде во овие кружни токови толку добро, освен што тебе и на мала група луѓе им изгледа убаво. Ќе се загуши ионака недоволната проточност. На што ќе личи, односно која ќе биде функционалноста на "булевар" кој ќе биде испокасапен со кружни токови.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 17-Feb-2009 at 13:53
Едноставна причина. Доста е со семафори, поголемо кочење, изгледа многу по модерно, и најбитно да се престане со фикс идеи од типот да се гради подземна или надземна сообраќајница, во тој дел кружни текови на тие 3-4 раскрсници колку што се' е сосема реален проект. 
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 17-Feb-2009 at 14:05
Пааа, доста е од семафори не помага!! Ohno Семафорите одсекогаш биле и ќе бидат дел од урбаните заедници, тие се едноставно, лесно изводливо, ефтино и практично решение. Да не ги бивало ќе изчезнеле многу оддамна и само кружни токови ќе беше градов. Скопје има од прилика ~100 семафоризирани крстосници. Да беа 100 кружни токови незнам кај ќе ни беше крајот!

Подземните и надземните сообраќајници не се воопшто фикс идеја него се чиста реалност низ светот, а ќе станат и кај нас. Не само што се идеи него се и нужна потреба во некои делови од Скопје. Инаку во тој дел за кој збориме нема планирано никакви под/над-земни сообраќајници.

Што е до модерниот изглед и јас делумно се залагам кога се работи некој проект да се работи не само да изгледа модерно, него и да биде функционално модерен. Но изгледот неможе да биде пресуден во никој случај околу проектите и неможе да градиме нешто чисто зашто изгледало модерно. Па не е ова скулптура или архитектура па да ја судиме по изглед, ова е инфраструктурен капитален проект кој има за цел голем број на возила навремено да ги префрли од една точка до друга! А освен тоа кружниот тек не ни изгледа нешто посебно модерно!


Edited by lslcrew - 17-Feb-2009 at 14:07
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 17-Feb-2009 at 16:13
Страшно!!! Најавите на градските власти по обичај се крајно загрижувачки. Некои навистина запињаат да исчезнат сите клучни сообраќајни решенија во ГУП-от и градов пополека да го претворат во серија на сообраќајни импровизации (како и во сите други сфери впрочем), кој нема да може ни минимално да се носи со потребите на граѓаните и економијата.
Во кратки црти кажано, би добиле неефикасен град чив развој би бил силно успорен поради неефикасна сообраќајна мрежа. Не преувеличувам - погледнете што се случува не само со Јужен Булевар, туку и со Крушевска Република, Северен Булевар, тунелот под центар и многу други помали проекти... За мотивите на оваа багра не би навлегувал во моментов.



@ Supervisor
Повторно приказната за тоа колку кружните текови биле „модерни“, дека не создавале закрчување, дека не ни требале подземни и надземни сообраќајници...
Уште почудно затоа што еднаш ти одговорив и илустрирав, ама одговор не добив, само прилично непријателски истап:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=22195#22195

Ајде повторно да одговорам на кратко:

1. Не знам по кој основ кружните текови изгледале по „модерни“ и што точно подразбираш под тоа. За едно сообраќајно решение изгледот е безначаен фактор, важни се перформансите. А кружните текови имаат специфични перформанси кои не се универзално применливи во секоја ситуација како што нам ни се сервира.
Во секој случај тие се едно од најстарите сообраќајни решенија, кое во денешно време има примена само во специфични услови. Кај нас единствен специфичен услов е ваљда инвазијата на скулптури, кои ќе можат да ги насадат и на сред кружните текови, па да ни кажат дека со тоа конечно сме станале „метропола“

2. Семафори прават закрчување, а кружни текови растеретување ли што??? Зошто не ги коментираш сликите и клиповите што ги постирав оној пат (линкот од погоре)? И зошто ако кружните текови се толку прекрасни и универзални, цел свет до сега не ги баталил семафорите во полза на кружни текови? Сите ли се глупи и слепи освен ова нашево скопско лоби за кружни текови на секој чекор?

3. Што правиме со ГУП-от? Тој го предвидува Јужен Булевар како главна градска оска, а не некаква бедна импровизација со Теодосиј Гологанов (Иво Лола Рибар), која е предвидена како негова колекторска/дистрибуторска улица. По обичај ќе го игнорираме ГУП-от и ќе си градиме во зависност од нечие моментално расположение? За инфраструктурата мора да се планира со децении унапред и планот да се почитува.

4. Подземни/надземни сообраќајници може да се окарактеризираат како фикс идеи само доколку некој пристапи крајно малодушно, и без осет за потребите. Не само што не се нереални, туку веќе се и ургентна потреба. Особено за ваков случај  (Јужен Булевар) каде има дефинитивна сообраќајна логика, а трасата е чиста за ефтин "dig & cover" тунел!
Сакаш да нема закрчување? Кружни текови нема да обезбедат таков исход, туку токму реализација на примарната сообраќајна мрежа според ГУП-от!
Долгорочно гледано пак, не ни има алтернатива за Јужен булевар. Само што треба да чекаме? Да се доразмножат разноразни перални и кафани по трасата кои по коруптивни канали добиваат секакви можни дозволи, па после за нивно „обештетување“ да треба да се плати повеќе отколку за самата изградба??? Сигурно тука се кријат и добар дел од мотивите на овие што запнале да го бришат и Јужен булевар!


@ lslcrew
Може да биде булевар и со 4 ленти и без средишно раздвојување, но семантика не е битна, битно е дека такво решение секако не задоволува сообраќајно (дури ни краткорочно, а камо ли долгорочно) и не е во согласност со урбанистичките планови.
Инаку Аљоша е машко име бе, не е тоа г-ѓа туку господин LOL


Edited by Cloverstack - 17-Feb-2009 at 18:36
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 17-Feb-2009 at 16:43
Кловер муѕабетот ми беше дека уредени ќошиња се обидуваат да ни ги продадат како авении!

Извинување до господинот Аљоша Шопар!
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 17-Feb-2009 at 17:03
Originally posted by Cloverstack

Страшно!!! Некои навистина запињаат да исчезнат сите клучни сообраќајни решенија во ГУП-от и градов пополека да го претворат во серија на сообраќајни импровизации (како и во сите други сфери впрочем), кој нема да може ни минимално да се носи со потребите на граѓаните и економијата.
Во кратки црти кажано, би добиле неефикасен град чив развој би бил силно успорен поради неефикасна сообраќајна мрежа. Не преувеличувам - погледнете што се случува не само со Јужен Булевар, туку и со Крушевска Република, Северен Булевар, тунелот под центар и многу други помали проекти... За мотивите на оваа багра не би навлегувал во моментов.



@ Supervisor
Повторно приказната за тоа колку кружните текови биле „модерни“, дека не создавале закрчување, дека не ни требале подземни и надземни сообраќајници...
Уште почудно затоа што еднаш ти одговорив и илустрирав, ама одговор не добив, само прилично непријателски истап:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=22195#22195

Ајде повторно да одговорам на кратко:

1. Не знам по кој основ кружните текови изгледале по „модерни“ и што точно подразбираш под тоа. За едно сообраќајно решение изгледот е безначаен фактор, важни се перформансите. А кружните текови имаат специфични перформанси кои не се универзално применливи во секоја ситуација како што нам ни се сервира.
Во секој случај тие се едно од најстарите сообраќајни решенија, кое во денешно време има примена само во специфични услови. Кај нас единствен специфичен услов е ваљда инвазијата на скулптури, кои ќе можат да ги насадат и на сред кружните текови, па да ни кажат дека со тоа конечно сме станале „метропола“

2. Семафори прават закрчување, а кружни текови растеретување ли што??? Зошто не ги коментираш сликите и клиповите што ги постирав оној пат (линкот од погоре)? И зошто ако кружните текови се толку прекрасни и универзални, цел свет до сега не ги баталил семафорите во полза на кружни текови? Сите ли се глупи и слепи освен ова нашево скопско лоби за кружни текови на секој чекор?

3. Што правиме со ГУП-от? Тој го предвидува Јужен Булевар како главна градска оска, а не некаква бедна импровизација со Теодосиј Гологанов (Иво Лола Рибар), која е предвидена како негова колекторска/дистрибуторска улица. По обичај ќе го игнорираме ГУП-от и ќе си градиме во зависност од моменталното расположение? За инфраструктурата мора да се планира со децении унапред и планот да се почитува.

4. Подземни/надземни сообраќајници може да се окарактеризираат како фикс идеи само доколку се некој пристапи крајно малодушно, и без осет за потребите. Не само што не се нереални, туку веќе се и ургентна потреба. Особено за ваков случај  (Јужен Булевар) каде има дефинитивна сообраќајна логика, а трасата е чиста за ефтин "dig & cover" тунел!
Сакаш да нема закрчување? Кружни текови нема да обезбедат таков исход, туку токму реализација на примарната сообраќајна мрежа според ГУП-от!
Долгорочно гледано пак, не ни има алтернатива за Јужен булевар. Само што треба да чекаме? Да се доразмножат разноразни перални и кафани по трасата кои по коруптивни канали добиваат секакви можни дозволи, па после за нивно „обештетување“ да треба да се плати повеќе отколку за самата изградба??? Сигурно тука се кријат и добар дел од мотивите на овие што запнале да го бришат и Јужен булевар!


@ lslcrew
Може да биде булевар и со 4 ленти и без средишно раздвојување, но семантика не е битна, битно е дека такво решение секако не задоволува сообраќајно (дури ни краткорочно, а камо ли долгорочно) и не е во согласност со урбанистичките планови.
Инаку Аљоша е машко име бе, не е тоа г-ѓа туку господин LOL


Абе да ти кажам, не мора да ме цитираш, ако мислиш различно од мене не мора да ме убедуваш во твоите логики.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 17-Feb-2009 at 17:16
Originally posted by Supervisor


Абе да ти кажам, не мора да ме цитираш, ако мислиш различно од мене не мора да ме убедуваш во твоите логики.
Форумов е за дискусија и за изнесување на мислења, аргументи, идеи и слично. Нема никаква логика во тоа секој да си остави свој коментар кој ќе стои сам за себе.

Ако размислувам различно од тебе, не мора одма да го земаш тоа при срце. Не мора да прифатиш ништо од тоа што го кажав, но би било убаво доколку се трудиме да дискутираме аргументирано и со образложување, а не во стил - јас си имам зацементирано мислење кое ќе го изнесам, а нема да го поткрепам со ништо, ама другите нека не го коментираат.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 18-Feb-2009 at 00:34
Почна проширувањето на булеварот во Ново Лисиче


Коловозните ленти ќе бидат широки 10,5 метри, зелениот појас 6,5 метри, а велосипедската патека ќе зафаќа 2,5 метри


Пред Поштата во населбата Ново Лисиче вчера почна проширувањето на булеварот "Видое Смилевски Бато", што ги дели населбите Ново Лисиче и Реонскиот центар "Аеродром" во општина Аеродром. Почетокот на работите свечено го означија градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Трифун Костовски и Кирил Тодоровски.
- Проектот предвидува проширување на десната лента од булеварот во должина од 510 метри од крстосницата со булеварот Србија до крстосницата со булеварот "Февруарски поход". Тоа ќе биде еден модерен булевар со средишен појас, на кој освен коловозните ленти ќе биде изградена патека за велосипедисти, тротоар, а новина е тоа што ќе се изведе нова лента за трамвајските шини, со оглед на тоа што реализацијата на проектот за трамвајот очекувам да почне на средината на април - рече Костовски. Тој најави дека изградбата треба да заврши во рок од три месеци, што е период по неговото заминување од градоначалничката функција. "Би сакал свеченото пуштање во употреба да биде во мојот мандат, но се разбира не по секоја цена. Најважно ми е изведбата да е квалитетна", додаде тој.

Со проширувањето на десната лента ќе се добие булевар со профил од 23,5 метри широчина по цела должина на трасата. Коловозните ленти ќе бидат широки 10,5 метри, зелениот појас 6,5 метри а велосипедската патека ќе зафаќа 2,5 метри. Тротоарите ќе бидат широки 4 метри. Истовремено, ќе бидат изградени сливниците за собирање на атмосферски води во централната атмосферска канализација.

На крајот од првата фаза на изградбата на булеварот ќе биде поставена сообраќајна сигнализација и соодветно осветлување, додека во втората фаза ќе биде изградена и жардениера во средишниот дел на булеварот со хортикултурно уредување по системот капка по капка.

Додека трае изградбата, сообраќајот во овој дел од Ново Лисиче ќе се одвива со посебен режим, но нема да биде целосно прекинат.
Проектот ќе чини 30 милиони денари, средства кои се издвоени од буџетот на Град Скопје.

http://vecer.com.mk/?ItemID=B6C104985284514A9EB3961EB392EEFF
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 18-Feb-2009 at 00:37
Целата работа со изградбава на овој дел од булварот ми како да кажам малку чудна некако. Од една страна и самиот градонаалник е свесен дека се големи шансите да пропадне проектот трамвај и упорно се спрема терен за изградбата на трамвајот. Истот така Скопје има многу побитни капитални проекти кои треба да се остварат у централното подрачје. А од друга страна пак се работи само за изградба на 500 метри улица каде што земјиштето е комплет државно и нема да биде некоја значајна сум а пари за разлика од други рпоекти доколку би се граделе!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7768
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 18-Feb-2009 at 14:07
битно и тука жардињера ќе ставаат Crazy
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 18-Feb-2009 at 16:56
ЛЕЛЕ значи ова избориве локални го преродуваат Скопје со почнување на проекти ))



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 21-Feb-2009 at 22:20
Еве прва конкретна најава од претстојната кампања за локалните избори

Коце Трајановски ги повика неговите конкуренти да водат позитивна кампања
Кандидатот за градоначалник на Скопје на ВМРО ДПМНЕ, Коце Трајановски ги повика неговите конкуренти да водат позитивна кампања. Тој презентираше два проекта за подобрување на животот во Скопје, стандардизација на градската администрација и изградба на булеварот „Теодосиј Гологанов“.

- Ги повикувам сите кандидати за градоначалник на град Скопје, да водиме позитивна кампања без меѓусебни навредувања и обвинувања. Апелирам да водиме европска кампања, кампања во која ќе се презентираме себеси, ќе ги презентираме нашите квалитети, кампања во која ќе кажеме што ќе работиме откако ќе бидеме избрани, кампања во која ќе ги изразуваме нашата подготвеност и целосна соработка и заедништво со централната власт, кампања во која граѓаните ќе имаат можност да слушнат како ќе го подобриме Скопје – изјави Коце Трајановски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО ДПМНЕ.


Извор: Канал 5

Еве што вика сајтот на ВМРО-ДПМНЕ.


2.
.ПРОЕКТ : ИЗГРАДБА НА БУЛ. МИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ “

Рок: 2012

Опис на проектот: Ќе се направи Правна и урбанистичка подготовка со цел да се создадат услови за Изградбата на оваа делница на булевар Македонија.

Во мојата програма има мноштво на проекти кои во мандатот ќе ги остварам врз основа на моето досегашно искуство што всушност и значи што ќе биде ветено ќе биде остварено.

http://www.vmro-dpmne.org.mk/mk/zapis.asp?id=4185


За жал со вакви оскудни информации не може да знаеме дали Коце го протежира проектот на Трифун за проширување на Теодосија Гологанов и се обидува да го протурка како Јужен булевар (Булевар Македонија обележан со црвено во текстот) или пак навистина ќе засука ракави за изградба на Јужниот булевар.

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 21-Feb-2009 at 22:40
па чим вели оваа делница од бул.МКД тоа значи дека само проширувањето на Теодосиј Гологанов, во спротивно ќе сигурно по помпезно ќе гласеше размислата пример заокружување на цел бул.МКД итн. ај може од скромност се штеди засега на зборови за да види со што ќе излезе конкуренцијата Smile
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 21-Feb-2009 at 22:57
Originally posted by beTon

па чим вели оваа делница од бул.МКД тоа значи дека само проширувањето на Теодосиј Гологанов, во спротивно ќе сигурно по помпезно ќе гласеше размислата пример заокружување на цел бул.МКД итн. ај може од скромност се штеди засега на зборови за да види со што ќе излезе конкуренцијата Smile


Па тука е проблемот колку што јас знам ТГ си е таман профил колку што треба во функција на бул. МКД. Не гледам што тука треба да се шири.

Ајде да ја почекаме програмата веројатно ќе биде попрецизна ова е само preview
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 21-Feb-2009 at 23:06
па логиката е да има по три ленти во секој правец и зелен појас в среде јасно по цела должина на бул.МКД односно јужната артерија а во ваков случај може да стане збор за булевар додека сега е улица инаку исправка правилно името е Митрополит Теодосиј Гологанов она скопски може и немора да се додаде но заради едукативен момент и тоа не е на одмет да постои како префикс.               
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 21-Feb-2009 at 23:24
Originally posted by beTon

па логиката е да има по три ленти во секој правец и зелен појас в среде јасно по цела должина на бул.МКД односно јужната артерија а во ваков случај може да стане збор за булевар додека сега е улица инаку исправка правилно името е Митрополит Теодосиј Гологанов она скопски може и немора да се додаде но заради едукативен момент и тоа не е на одмет да постои како префикс.               


Знам, знам ама многу е долго и непрактично за пишување
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 21-Feb-2009 at 23:32

па добро по инерција сите одиме со скратеници, но кандидат за градоначалник или партија вакво нешто не треба да си  дозволува, уште помалку во најава или презентација на проект, абе тоа е она со деталите секогаш рипаме се на сите страни од претседател па до премиер, скоро како сите да се брзаат што по ѓутуре да се истераат работите.

инаку интересно е колку најавата со кружните текови нема да види бел ден доколку се затера докрај муабетот за проширувањево, а и она со игралиштата паѓа во вода, ајде прво па машко да видиме Тито што ќе извади од шеширот, инаку ова се едни од ретките луѓе во СК  на кои би им одговарала цилиндар шапка Smile   

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 151>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.734 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.