build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3738394041 141>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #761 Posted: 15-Sep-2010 at 11:04
ОПШТИНА ЦЕНТАР
Се поправа улицата Васил Ѓоргов Улицата Васил Ѓорѓов ќе добие нов асфалт, атмосферска канализација, во делот каде што не е изградена, а ќе се прошири и влезот во улицата од страната на Водњанска. Општина Центар ја почна реконструкцијата на улицата, а градежните работи се вршат веќе неколку недели. Од општината велат дека изградена е атмосферска канализација во должина од 280 метри, на потегот од крстосницата со улицата Водњанска до поранешната дирекција на „Жито лукс“.
- Во тек е реконструкција на коловозот во должина од 770 метри од Водњанска до стариот трговски центар „Капиштец“. Исто така, тротоарите ќе се поплочат со павер-елементи во должина од 370 метри – вели општинскиот портпарол, Јовица Ацковски. Дали ќе се прават тротоарите и во делот каде што се тесни, обраснати со зеленило и се граничат со дворовите на околните куќи, во Општината се уште не знаат, но уверуваат дека пешачки патеки ќе се направат секаде каде што е можно.
Според градоначалникот Владимир Тодоровиќ, предвидено е и улицата да биде проширена, односно да добие две нови ленти пред приклучокот со Водњанска, со што тој очекува делумно да се намали сообраќајниот метеж.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=148205&EditionID=2118
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #762 Posted: 15-Sep-2010 at 11:06
- Во тек е реконструкција на коловозот во должина од 770 метри од Водњанска до стариот трговски центар „Капиштец“.

Читај: До Зебра! LOL Ај да не бидам копук да јадам трици, во случајов се поклопиле ѕвездите и на градоначалникот и на потребите. Улицата беше воена зона, ионака и треба реконструкција.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #763 Posted: 16-Sep-2010 at 09:46
Незнам колку време ќе трае средувањето на улицата, ама невиден хаос е деновиве натака. Асфалтот е изгребан се до стариот трговски Капиштец, а понатака нема што да се чепка, зошто тој дел е направен кога се правеше улицата Козле(се до Жданец и Трнодол).

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #764 Posted: 17-Sep-2010 at 13:45
ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ СЕ ПРИ КРАЈ
Благоја Стефковски наскоро ќе се пушти во употреба Работата на улицата Благоја Стефковски, која што е затворена за сообраќај околу два месеца, конечно привршува. Како што информираа од градот, асфалтирањето на сообраќајницата е почнато, а откако истото ќе заврши, надлежните ќе поставуваат хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Граѓаните велат дека не е чудно што работата траела толку долго, ако се земе предвид фактот што состојбата на улицата била навистина лоша. - Знаевме дека кога ќе почнат со работа, буквално, ќе „заглават“ бидејќи улицата беше во толку лоша состојба што кога возевме по неа, чувствувавме како да се возиме по шини - вели еден жител од општина Гази Баба. Како што велат од градот, пуштањето на улицата во употреба ќе биде најверојатно за десетина дена.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2120&ArticleID=148357
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #765 Posted: 18-Sep-2010 at 04:55
Сајтот на ЈП улици и патишта незнам кога е средуван, но ми изгледа доста информативен. Особено делот за дневен распоред на активности. А и деновиве приметив се врти некое интересно анимирано рекламче за ЈП улици и патишта.   Cheers

Edited by lslcrew - 18-Sep-2010 at 04:56
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #766 Posted: 21-Sep-2010 at 13:06

Трајановски: Четири булевари за четири години е мојот приоритет

20 септември 2010, 15:38
Извор: Макфакс
Скопје

Градските советници на денешната седница на градоначалникот Коце Трајановски му поставија многу прашања меѓу кои најборојни беа оние кои се однесуваат на подобрување на сообраќајната мрежа. Булеварите „Илинден“, „Првомајска“, „Србија“, како и Пластичарската улица беа само дел од расправата.

Утре е отворањето на булеварот „Илинден“, а на 13. Ноември ќе биде завршен и булеварот „Србија“, рече градоначалникот Трајановски.

Најжестока дискусија имаше за „Јужен Булевар“, кој треба да се изгради шест метри под земја. Аљоша Шопар, раководител на секторот за урбанизам во градот, на советниците им објасни дека идејата за изградба на подземна сообраќајница е стара, но и дека сега е дојден моментот за нејзина реализација.

„Не е ништо ново околу изградбата на подземен булевар. Да, градската управа даде согласност бидејќи не му противречи на Генералниот урбанистички план. Булеварот „Гоце Делчев“ во еден дел е подземен, поточно онаму каде што е изградена стоковната куќа „Мост“ што значи дека веќе имаме еден таков булевар“, рече Шопар.

Градоначалникот Трајановски, на прашањата за хаосот на булеварот „Никола Карев“ или попознато како Пластичарска улица, рече дека за таа локација веќе е направен проект за продолжување на булеварот од касарната „Илинден“ до излезот од Скопје, но и дека ќе побара и одредени надлежности од сообраќајната полиција, бидејќи не била често присутна на локацијата, како и на улицата „Цветан Димов“ во Чаир. Висока ограда за пешаците кои не поминуваат на обележаните пешачки премини на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ за крај на безредието кое тие го предизвикуваат, најави Трајановски.

„Пешаците кои минуваат улица каде ќе посакаат на Бит Пазар веќе нема да можат да го прават тоа и да ја загрозуваат како својата, така и безбедноста на возачите. Планираме на изградените жардиниери да поставиме високи огради со што ќе мора да го користат новиот надземен пешачки премин. Изградба на четири булевари за четири години е мојот приоритет, а ќе се потрудам сите проекти за нив во целост да ги реализирам“, рече Трајановски.

http://www.makfax.com.mk/#116563
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3910
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #767 Posted: 21-Sep-2010 at 17:38

Zar nema da se prosiri plastiraskata ulica?Vo DUP bese predvideno prosiruvanje ili se lazam???

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #768 Posted: 24-Sep-2010 at 11:38

Со протест ќе се бара кружен тек кај црквата во Ѓорче Петров

Градските советници од СДСМ бараат да не се трошат парите за раскрсницата кај „СП планет“

Сања Наумовска


Ѓорчепетровци со протести ќе бараат Градот Скопје да изгради кружен тек на улиците кај црквата „Свети Петар и Павле“, а не кај трговскиот центар „СП планет“, како што е планирано. Граѓаните сметаат дека семафоризираната раскрсница кај „СП планет“ засега ги задоволува потребите за проточност на сообраќајот, додека тоа не е случај со раскрсницата кај црквата на која се вкрстуваат дури пет улици кои се многу фреквентни, а се регулирани само со сообраќајни знаци. Револтот на граѓаните го поддржаа и советниците од опозицискиот СДСМ во Советот на Скопје.

Градските власти, иако најавија брза реализација на кружна раскрсница без семафори, набрзо се премислија. И интересот и градските пари се насочија кон раскрсницата на влезот во општината, каде што кружниот тек, пред се', е во функција на поставувањето на новиот споменик на Ѓорче Петров. Сега, градоначалникот Коце Трајановски повторно се враќа на стариот проект, најавувајќи почеток на градежните работи напролет. „Сериозно се размислува за реализација, а се работи и на проектот“, рече кусо Трајановски.

Во СДСМ, пак, се подготвени да бидат и организатори на протестите. „Ако градоначалникот Трајановски повторно се откаже од овој проект и ако кружната раскрсница не почне да се гради напролет, ние ќе ги изнесеме граѓаните на улица“, отворено се закани советникот Александар Наумовски од СДСМ.

Советниците бараат буџетските средства на Градот Скопје предвидени за раскрсницата кај „СП планет“ итно да бидат пренаменети за реализација на кружениот тек кај црквата. Кружната раскрсница ќе ја подобри безбедноста на возилата и на пешаците на раскрсницата на улиците „4 Јули“, „Лука Геров“ и „Пролетерска“, а од неодамна и новоизградената „Македонска војска“. Од раскрсницата моментно се влегува и кон црквата, полициската станица и објектот на Противпожарната бригада. Во иднина, оваа улица ќе биде затворена, а за сите овие објекти пристап ќе се обезбеди со сервисни улици кои ќе водат кон пазарот и новоизградените станбени згради.

„Раскрсницата е несиметрична и не одговара да се поставуваат семафори. Поради тоа, додека чека реализација кружниот тек, возачите и пешаците се снаоѓаат како што знаат и умеат“, велат во Општина Ѓорче Петров.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C088CB1E8E8DE547AA90D3E1691EDCD3
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #769 Posted: 24-Sep-2010 at 13:48
Crazy Како да само еден кружен тек може да се направи па каде ќе бил, дали кај црквата, дали кај булеварот. Сега ќе уследи контра-протест демек, пак со позадина. Многу ме вади од такт ова лицемерно "штрајкување". Ако си против споманикот кажи дека си против споменик и штрајкувај за тоа, не сме деца па ќе се лажеме за кружниот тек дека било. Како што поштено се кажа правиме кружен тек за во него да има споменик, зашто да не може и обратното.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #770 Posted: 25-Sep-2010 at 16:36

Jas mislam deka treba da ja sredat partizanska, ima mesto i za prodolzuvanje natamu.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #771 Posted: 26-Sep-2010 at 17:01
Originally posted by lslcrew

- Во тек е реконструкција на коловозот во должина од 770 метри од Водњанска до стариот трговски центар „Капиштец“.

Читај: До Зебра! LOL Ај да не бидам копук да јадам трици, во случајов се поклопиле ѕвездите и на градоначалникот и на потребите. Улицата беше воена зона, ионака и треба реконструкција.
Да не искочи дека го бранам Тодоровиќ, но слободно да кажам беше во катастрофална состојба, поготово до Дилајла/Беверли. Инаку реконструкцијата се одвива ултра бавно и по мое помалку лаичко мислење доста фушерајски. Срушени се првите неколку бараки после раскрсницата со Водњанска од десна страна, но незнам зошто не нашле подобро решение и не ги срушиле и устанатите 2-3 куќарки кои се следни. И да не се дивоградби, можеше да се обесштетат и за релативно мала сума улицата да се прошири до седиштето на Жито Лукс, а со тоа да има на целиот тој потег 2 ленти во потег према Центар. Така би имало место и за пешачки кој баш во тој дел го нема.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #772 Posted: 26-Sep-2010 at 17:15
Урбан еве ги тие шупи за кои зборуваш. Ги имаме евидентирано. Мило ми е што се чистат такви чирови низ Скопје. http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=511&PID=57359#57359

Инаку улицата тука според ГУП-от не е дел од сообраќајната примарна мрежа, односно не е градски булевар или градска улица. Барем според извадоци од ГУП што имаме и овој извадок од ДУП го кажува тоа. Така да важноста на овој дел за проширување ќе биде само од некое времено значење додека се изгради јужен булевар.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #773 Posted: 29-Sep-2010 at 13:55
НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ВАСИЛ ЃОРГОВ ОД 1 ОКТОМВРИ

Град Скопје ги известува граѓаните дека улицата „Васил Ѓоргов“ на потегот од крстосницата со Булеварот Водњанска до крак на ул. „Народен фронт“ (стар Трговски центар Беверли Хилс), ќе биде затворена за сообраќај за моторни возила во периодот од 01.10.2010 до 15.10.2010 година поради изведување на градежни работи за реконструкција на коловозот и тротоарите.

Возилата на Јавниот градски превоз на линијата број 57 во овој период се пренасочуваат по улиците. „Рузвелтова“ и „Метрополит Теодосиј Гологанов“.

Патниците ќе можат да ги користат автобуските стојалишта на улицата „Метрополит Теодосиј Гологанов“ (кај сервисите за миење на возила) и кај Домот на пратеници.

Се молат граѓаните да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и го почитуваат новиот режим на сообраќај во овој период.

Проектот за реконструкцијата на коловозот заеднички го реализираат Општина Центар и Град Скопје.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3674&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #774 Posted: 30-Sep-2010 at 13:50
Заврши реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски

После тримесечна работа, фирмата „Бауер БГ“ заврши со градежните работи на улицата Благоја Стефковски во Маџари. Темелно се реконструирани 800 метри помеѓу булеварот Александар Македонски и улицата Методија Андонов Ченто. Стариот бетонско-асфалтен коловоз беше отстранет и се постави нова коловозна конструкција со тампонски слој и нов асфалт со дебелина од 15 сантиметри. Исто така се постави атмосферска канализација со профил од 800 милиметри во должина од 562 метри и се обновија тротоарите кои добија ширина од два метри и се поплочени со бехатон плочки. На дел од тротоарите сеуште се работи. Зафатот ја чинеше градската каса 26 милиони денари. Свеченото сечење лента го извршија градоначалниците на Град Скопје и Општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.


1


2


3


4


5


6



http://www.build.com.mk/?p=5087


Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3910
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #775 Posted: 30-Sep-2010 at 14:01
Gradot mnogu investiral za asvaltiranje i prosiruvanje na ulici!Bravo!Samo naperd!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #776 Posted: 30-Sep-2010 at 15:00






МИА фото
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #777 Posted: 30-Sep-2010 at 20:08
Што е финтата овде? Ова е некоја техника за нивелирање или нешто забрљале па после поправале?

Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #778 Posted: 30-Sep-2010 at 20:49
Со оглед на тоа што е Македонија, второто.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #779 Posted: 01-Oct-2010 at 00:31

Гологанов со нова лента од НИП до Домот „Гоце Делчев“

Капитален проект на градската власт, со кој в година ќе се фати во костец за решавање на сообраќајниот метеж, е проширување на улицата Теодосиј Гологанов, поранешна „Иво Рибар Лола“, најавуваат оттаму. Оваа инвестиција требаше да се оствари лани, но со двата ребаланса на Буџетот, поради намалени средства, беше одложена за подобри времиња. Улицата долга околу 2,5 километра ќе добие уште една сообраќајна лента, од левата страна, во правец центар - Ѓорче Петров. За таа намена, предвидено е да се одземе дел од тротоарите и дел од зеленилото од паркот на тополите. Од Градот изјавија дека засега се работи сообраќајното решение, кое наскоро ќе биде готово, а врз база на тоа решение ќе се изработува и изведбениот проект.

- Проширувањето ќе се одвива во две фази, од „Нова Македонија“ до улицата Рузвелтова, а втората фаза од Рузвелтова до Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Не е прецизирано кога точно ќе почне изградбата, но во секој случај тоа ќе биде в година - изјавија од Градот.

Во првата фаза ќе почне да се гради и долгонајавуваната кружна раскрсница кај Католичката црква. Токму ова место меѓу возачите важи за „црна точка“ поради големиот број сообраќајни несреќи. Во многу наврати граѓаните апелираа на таа раскрсница во вид на чатал да се постават семафори. Сепак, од Градот децидно останаа на ставот дека семафорите како привремено решение не се добри, туку само кружна раскрсница која, според нив, ќе овозможи ред во сегашниот хаос, но и поголема проточност.

- Неопходно е да се најде решение за овој потег. Во Скопје не се вози совесно, а тука особено, па секојдневно може да се слушнат пцости, чкрипење на гуми, безброј мали и големи незгоди токму поради тоа што никој не го почитува правото на предност при приклучување од улицата од „Нова Македонија“ кон онаа што која минува пред Католичката црква - вели Иван М. од Карпош.

Улицата Теодосиј Гологанов важи за една од најоптоварените во цело Скопје. Метежот значително се зголеми по спојувањето на Гологанов со Ѓорче Петров, преку пробивањето на „Адолф Циборовски“. Сега по „Гологанов“ сообраќаат жителите што живеат или работат во Карпош или во Ѓорче Петров, а исто така таа е релација и со излезот на Скопје - објаснуваат надлежните.

Решение за метежот се најавуваше уште од времето на Ристо Пенов, но ни тој ни неговиот наследник Трифун Костовски не се нафатија со ништо конкретно, па калабалакот трае и ден-денес.

NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #780 Posted: 01-Oct-2010 at 15:15
samo improvizacii . do koga vakaOhno
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3738394041 141>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.908 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.