build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5556575859 148>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #1121 Posted: 04-May-2011 at 17:48
Зависи, ако се победи на избори инвестицијата е исплатлива и поправките може на раат да се прават 4 години :-)
http://www.facebook.com/suvenirimakedonija
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9117
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1122 Posted: 04-May-2011 at 17:51


се надевам дека е шега
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1123 Posted: 05-May-2011 at 14:36
А бе се зависи од тоа каков асфалт ќе стават и во колкав слој.
 
И булевар Александар Македонски го асфалтираа месец дена во 2000 или 2001, не помнам точно кога, 2 месеца подоцна се врати во иста состојба во која беше и пред асфалтирањето, што повеќе од доволно објаснува за тоа колкав слој на асфалт ставиле.
А баш и тогаш имаше локални избори.
 
А со Коцево нашево како градоначалник има да му ја мислиме.
Кога беше градоначалник на Гази Баба, оштината набавила нови електрични пили, па ги искастри дрвјата во Автокоманда.
 
Потоа општината набавила нови косилки, па среде септември месец, жолта трева, бидејќи ја покосија 2 или 3 пати за недела дена.
 
Работниците на шега велеа:
"Градоначалникот купил нова пила/косилка, па одлучил да ја испроба".
 
Е па сега очигледно градоначалникот купил нова гребалка за асфалт, па има да му ја мисли цело Скопје сега, а не само Гази Баба. Rollin


Edited by Dexter26 - 05-May-2011 at 14:42
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #1124 Posted: 07-May-2011 at 16:23


Uploaded with ImageShack.us
Од пред некој ден. Комбинација дожд со реновирање на улици. Колоната на јане сандански беше уште поголема али прозорот од собата толку ми дозволуваше да сликнам.

Edited by N23 - 07-May-2011 at 16:25
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #1125 Posted: 07-May-2011 at 16:30

Добар поглед ни фалат вакви слики од повисоко посебно од урбаните подрачја!
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9117
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1126 Posted: 07-May-2011 at 17:14
Одличен агол Н23
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #1127 Posted: 08-May-2011 at 00:02

Фала. Иначе можам да направам уште неколку фотки од овој агол, само повеќето ќе се насочени кон Аеродром, односно го опфаќам цел Аеродром. Да не бев мамурен (8 сабајле) ќе направев поубава фото-сесија и со гужвава, али тоа во следна прилика, ако пак падне дожд. Ќе се обидам нареднава недела да се качам најгоре кај мене на зграда и ќе направам фотки.
Back to Top
edikojsi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 14-Jan-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote edikojsi Quote  Post ReplyReply #1128 Posted: 09-May-2011 at 12:54

Н23 алал да ти е за сликава. штета не си можел да го фатиш чворот на раскрсницата кај према нбрм. 15-тина минути порано бев во колоната каде една-преку-друга-коли-автобуси покушаваа да поминат преку мостот кон автокоманда пошто делот кон нбрм беше затворен. излегов од такси и продолжив пешки.

и после некој што брза на работа, кај што му го регистрираат работното време, касни не по своја вина, нека дојде и нека ми каже дека многу е задоволен што ги реконструираат сите улици во исто време.
а дека квантитетот не значи квалитет, особено во вакви случаи, е јасно ко ден.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2517
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1129 Posted: 09-May-2011 at 23:50
@N23: Аааа кај си седел ти. Богами, одличен поглед имаш. Само уше ова ливадиве/баракиве да ги снема и ќе (ти)биде топ.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #1130 Posted: 10-May-2011 at 00:30
Originally posted by fichot

@N23: Аааа кај си седел ти. Богами, одличен поглед имаш. Само уше ова ливадиве/баракиве да ги снема и ќе (ти)биде топ.


Ја одамна навивам да ги средат бараките и таман ќе дојде инвеститор се утепуваат од карање меѓу себе. Баш пред некој ден бев сведок како се караат меѓу себе и со инвеститорот и не можат да се договорат колку стана да добијат. Поради нив трпи и локалната инфраструктура, која за среќа од време на време ја крпат. Али дефинитивно да изградат и овде мали фини зградички целиот тој дел ќе биде супер место за живеење, а ако се деси тоа би требало и дел од улиците да ги прошират, али отом потом.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1131 Posted: 10-May-2011 at 13:40
Previous
 
Да бе, како во Балкан кан филмот:
"Ако загинеш, наместо една, ќе ми давале две воени пензии".
 
Типично македонски, мајка ми има стан во Охрид, каде што газдата на зградата се спогодил со сопствениците на земјиштето, и им дал цел еден кат станови, кои што овие ги продале подоцна, па мајка ми најлегално одлучи да ја прошири терасата, бидејќи нејзиниот стан е на приземје, во март месец годинава, дошле луѓето за да постават столбови, мајка ми беше во Скопје (само за одмори сме во станчето), преку ноќ поминал еден од некогашните сопственици на земјиштето, велам некогашни, бидејќи како што веќе спомнав, своеволно се откажал од земјиштето за цел еден кат станови во зградата, типов зел ги скршил столбовите, демек и за тоа требало да му се доплати на него.
 
Мајка ми наједноставно го реши проблемот со тоа што стави челични столбови и конструкцијата беше монтирана за 6 часа, но сепак останува фактот дека алчноста и себичноста на дебело ги уништуваат како инфраструктурата, така и денешното општество.
 
А бе тука само експропријација со надоместок ти е решение, со закон да ти го одземат земјиштето и финансиски да ти надоместат за истото, а не да си играш мајтап со инвеститорот.


Edited by Dexter26 - 10-May-2011 at 13:40
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #1132 Posted: 10-May-2011 at 23:33
Aj bas da vidime dali ke najdat nepravilnosti(se odnesuva za boldiraniot tekst)

Ренесансата на улиците заглави во асфалтот

На десетина дена пред истекот на најавениот предвремен рок за реконструкција, улиците само „чепнати“

На половина од ренесансната акција за обнова на градските улици, состојбата на терен воопшто не укажува дека за еден месец ќе се вози како по писта по најавените 3,5 километри сообраќајници. Од засега „фатените“ шест улици, ниедна не е готова речиси ниту до половина. Од улицата пред комплексот банки е асфалтирана само без малку една третина, а остатокот е во првобитна состојба. Освен што е изгребан стариот асфалт, ништо друго не е сработено. Поразлична не е состојбата и во делови на „Партизанска“ и на „Крсте Петков Мисирков“.

Граѓаните што се помирија принудно со состојбата на улиците, свесни дека треба да бидат трпеливи за тие да се обноват, сепак, се гневни на градските власти. Револтирани се оти, како што напоменуваат, Градот истовремено раскопа неколку улици наместо да го правеше тоа фазно, една по една.

„Улицата пред комплексот банки ја раскопаа пред еден месец, ја изгребаа и околу Велигден ја асфалтираа само во еден дел. Оттогаш таму не се појавени работници. Со денови на тротоарот стојат паркирани две машини, очигледно за да се остави впечаток дека нешто се работи, но апсолутно не е така“, коментира жителка на населбата Аеродром, која вели дека секојдневно најмалку три пати минува во тој дел од градот. И таа, но и таксисти што возат трета смена тврдат дека улиците ноќе не се реконструираат, иако градоначалникот Трајановски заедно со премиерот и други функционери, кога беа во извидница во доцните ноќни часови, најави дека токму во трета смена ќе се работи ударнички за да се избегне метеж дење.

Наспроти сведочењата на граѓаните што минуваат секојдневно по улиците пеш или со автомобил, градоначалникот го тврди спротивното. Поточно, не одговара конкретно на прозивките, туку тврди дека Градот ќе го испочитува најавениот рок за завршување на асфалтирањето.

„Не значи дека не се работи ако на улиците нема машини. Впрочем, кога ја стартувавме акцијата, најавивме дека рокот за изведба е два месеца, но во договор со изведувачите е ветено дека санацијата на улиците ќе заврши предвреме, односно до 21 мај“, прокоментира вчера Трајановски и порача дека нема да дозволи реконструкцијата на улиците да заврши преку ноќ, а очигледно таква шема на работа ќе треба да се примени со оглед на ситуацијата на терен.

Инаку, Трајановски вчера избегна да одговори дали е задоволен од досега обновените улици, конкретно од тазе санираната „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, по која, како што коментираат некои граѓани, не се вози како по писта, што беше за очекување по нејзината комплетна реконструкција.

„Градот моментно врши надзор токму на таа улица. Доколку утврдиме неправилности, ќе инсистираме изведувачот повторно да ја санира“ рече градоначалникот.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=0E5BE9F87C86C64781E740CB36730921

Edited by ovaj_stariov - 10-May-2011 at 23:34
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1133 Posted: 11-May-2011 at 16:28

Ќе се реконструира „Козле“ од бензинската до последна „57“

Градот Скопје ќе ја реконструира улицата Козле од бензинската пумпа до последната автобуска на „57“, за што веќе е објавен оглас за најповолен изведувач. Од Градот објаснуваат дека потегот не бил обновен 20 години. Станува збор за 1,2 километар и освен коловозот, ќе се реконструираат и рабниците. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=58BC28A372E61E4E84FA3D7134AA7623

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1134 Posted: 11-May-2011 at 16:32
Ги искршивме колите чекајќи го споменикот

Нема нов асфалт за да не испука кога ќе се поставува споменикот, кој бил многу тежок, велат од Градот

Половина година улицата кај кружниот тек во населбата Ѓорче Петров стои раскопана. Првин градежните работи за изградба на кружниот тек им беа оправдување на градските власти за раскопаниот дел, а потоа и изградбата на постаментот за споменикот на револуционерот Ѓорче Петров. Се поставуваа подземни инсталации и за споменикот и за кружниот тек, но работите завршија пред повеќе од два месеца.
"Ништо не се работи на кружниот тек, а не им текнува да стават асфалт. Секој ден возиме по дупки. Дополнителен проблем е што сe уште нема сообраќајни знаци на кружниот тек да предупредат кој има предност, па постојано се прави метеж, место да се растовари улицата", велат жителите од населбите Хром и Ѓорче Петров.
Од Град Скопје велат дека улицата околу кружниот тек ќе се асфалтира кон крајот на мај.
"Чекавме да завршат градежните работи за постаментот на кој ќе стои споменикот на Ѓорче Петров. За две недели ќе поставиме само еден слој асфалт, колку да ги покриеме дупките. Комплетното асфалтирање ќе следува откако ќе биде поставен споменикот, кој е многу тежок и можно е, при неговото поставување, да испука асфалтот", рече градоначалникот Коце Трајановски.
Од Општина Ѓорче Петров велат дека споменикот ќе биде поставен околу 28 јуни, кога е и роденденот на Општината.
Споменикот на Ѓорче Петров се лие во бронза, во српската леарница "Јеремиќ". Ќе биде висок три метри, а чини 90.000 евра, кои Општина Ѓорче Петров ги доби од Министерството за култура. http://www.vest.com.mk/?ItemID=C0A08DA11B9E8A42939269E7CC63AFA1
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2517
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1135 Posted: 11-May-2011 at 17:25
Ќе испукал асфалтот, небаре Ѓорче на коњ ќе дојава лично. Говеда бре мме.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1136 Posted: 12-May-2011 at 16:33
Ова втор пат и се случува на истата фирма. Значи веќе нема простор за дилеми, едноставно не се компетентни да извршат реконструкција на улица, сега останува градот да побара да си ја санираат грешката, ако еве веќе еднаш им се прогледало.

Возењето покрај "Рамстор" како по калдрма

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски вели дека во моментов се врши надзор над улицата и доколку се утврди дека е неквалитетно сработена, фирмата "Бауер" ќе мора да ја поправи

Возењето по реновираната улица Мито Хаџивасилев-Јасмин е како по калдрма. Пред еден месец, Град Скопје целосно ја реконструираше улицата. Екипите на ГП "Бауер" го изгребаа стариот оштетен асфалт и поставија нов слој. Но место рамна, нова сообраќајница, скопјани добија улица која на секој чекор има издигнувања на асфалтот.
"Сега на Мито Хаџивасилев-Јасмин е полошо од пред да се реновира. Кога се возиме, постојано потскокнуваме од седиштата, зашто асфалтот не е рамен. Се чувствуваме како да се возиме по калдрма, а не по улица со нов асфалт", велат скопјани.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски вели дека во моментов се врши надзор на улицата.
"Нема да дозволиме ниту една улица да биде неквалитетно реконструирана. Доколку биде утврдено дека е неквалитетно сработена, фирмата 'Бауер' ќе мора да ја поправи", рече градоначалникот Трајановски, но не одговори дали тој се возел по улицата и дали забележал оти е нерамна.
Реновирањето на улицата Мито Хаџивасилев-Јасмин траеше два месеца. Покрај нов асфалт, поставени се и нови шахти и сливници, а обновени се и автобуските постојки. За овој зафат, Градот потроши 16 милиони денари. http://www.vest.com.mk/?ItemID=514B8029295E674BA889EC1DC1F94AC0

Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #1137 Posted: 12-May-2011 at 17:00
ПОКАНА
Градот Скопје Ве поканува на почетокот на градежните работи за проширување и реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов којшто е закажан за утре /13.05.2011 година, петок/ во 11.30 часот, на паркингот наспроти Католичката црква.

Стартот на градежните работи за проширување на оваа улица ќе го означи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4213&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #1138 Posted: 12-May-2011 at 17:19
Се е ова убаво, можда и корисно, АЛИ со кој памет се почнува реновирање и проширување на уште една ВИТАЛНА градкса улица во период кога ниту една друга не е започната со асфалтирање. Барем да почекаа уште некој ден да ја асфалтираат Партизанска, па нека почнат со оваа. Се надевам дека како и се друго и оваа нема одма да почнат да ја прават. Е ако одма почнат да ја прават ќе видиме прав хаос.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #1139 Posted: 12-May-2011 at 17:47
Е ајде со среќа нека е проширувањето само јас се надевам дека нема да ја утнат работата и да го заборават Јужен а во иднина значи Митрополит Теодосиј Гологанов не е јужен булевар!
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #1140 Posted: 12-May-2011 at 18:07
Originally posted by N23

Се е ова убаво, можда и корисно, АЛИ со кој памет се почнува реновирање и проширување на уште една ВИТАЛНА градкса улица во период кога ниту една друга не е започната со асфалтирање. Барем да почекаа уште некој ден да ја асфалтираат Партизанска, па нека почнат со оваа. Се надевам дека како и се друго и оваа нема одма да почнат да ја прават. Е ако одма почнат да ја прават ќе видиме прав хаос.


Партизанска ќе биде затворена во сабота, а истото го најавија и за бул. Крсте Мисирков. Така да очекувам до понеделник овие две да бидат готови, па може да се почне и со М.Т.Г.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5556575859 148>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.766 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.