build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Од соседството и од светот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 05-May-2011 at 20:04
Originally posted by гитардемон


Originally posted by krale

Види го она руглото наречено МНТ, исти штос, нови времиња само.
За кој како. МНТ е авангарден, многу е пред своето време. За жал, очигледно и денес уште не му е дојдено времето во Македонија.


Одамна му е пројдено.

Значи објектот не задоволува ниеден стандард - ниту е естетски, ниту е функционален. Што е тогаш?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 05-May-2011 at 20:07
А како процени?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 814
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 05-May-2011 at 20:46
МНТ си е уникатен сам по себе, стилски гледано ако не се лажам е минималистички објект, ама точно поради тоа што е уникатен некому или му се допаѓа или не.
И јас мислам дека дефинитивно отидовте многу надвор од темата. Мислам дека нема потреба за мерење на .....егата зошто еден град гради едни а друг град други објекти. Јас ја раѕбирам темава само како место каде што може да се види што се гради во соседството а не тоа да се споредува со нас.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 05-May-2011 at 20:46
Originally posted by lslcrew


Јасно се отцртува некоја тенденција во Македонија меѓу оние кои не се слагаат со проектот скопје 2014, им се случува често нешто што малку има допирна точка со модернизам да го поддржуваат во прв момент колку и да не го бива, само заради некаков привиден континуитет во ставот дека се за модернизам. Тоа може и сега да е малку случај, луќе модерната архитектура стварно има убаво згради, проекти, фина идеологија зад себе дека минимално човекот колку што му треба и се е тоа супер како една опција во архитектурата, ама дајте малку излезето од македонската, албанската, балканската реалност, неможеме да спроведеме модернистичко едноумие, едноумие во архитектурата бела опција низ многу времиња низ многу места низ светот, вклучувајки и сточен блок  до пред неколку децении. Таквите концепти во свет пропаѓаат. Неможеме да прогласиме ерес се што не е модерно ниту па комплет модерното да го прогласиме како ерес, ова вториот дел од реченицата ради принцип и објективност.


ЕДНОУМИЕ и ГАДНО се зборови што немаат допирна точка со архитектурата - НИКАКВА...градење по принципите на современоста, современата технологија и можностите за современо обликување се работите што не сакате да ги прифатите и ви се ГАДНИ, ама затоа дремете на компјутер, возите коли, имате мобилни телефони - каква контрадикторност....
Зарем 100 милиони германци имаат завршено факултет по архитектура!?
Истата таа Германија која може да се каже дека и јас ја глорифицирам некогаш има огромна стапка на неписменост и затоа гледа синхорнизирани холивудски филмчиња, како што и овде народов ја затера со турскиве, ама во Германија не се гради вака...
Стварно не проаѓаат изговори од типот - НЕ НИ СЕ СВИЃА на нас и тоа е, ќе ја цепаме вака...трагично е...
Точно е дека Скопје нема некој суперзначаен објект од модерната или пост-модерната, дело на некој архитект од светски глас, ама затоа има урбанизам на централно јадро од група предводена од par excellence архитект како Танге, кој се учи во светските учебници по архитектура, една супер-основа која е прокоцкана и вака допрва се доуништува...ќе беше многу поинаку овие регионални тенденции сега да ги имавме кај нас и сигурен сум дека варијантата да имавме 2-3 објекти од типов на тиранскиве, а не овие 15-тина „ефтини“ тумори дека ќе беше многу, многу поинаку....и да беше нешто погрешено, ќе имаше шанса да се поправи...

Од мене пораката е да немате вакви нефлексибилни, догматски погледи на работите, затоа што нема ниту архитект, ниту човек на Земјава што знае да каже што е точно и како е правилно...егоцентричните настапи на приучениот сценограф и синхронизатор на цртани филмови од МТВ и неговите „теории“ за староста на Македонија колку Господ (а може и пред него) не ги земајте за меродавни и како крајна вистина - на крај краева, не треба да си архитект да сфатиш колку човекот бегал од часови...има поинакви начини да се искажува патриотизмот, не мора преку насилие и бесење вештици...после вакви „градителски“ турбуленции, логично е барем вие кои го читате форумов или пишувате на него да се заинтересирате повеќе и да истражувате на темава, а не да улетувате силеџиски наоружани со „ретро-квазипатриотски“ ставови...

MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 05-May-2011 at 21:46
Чуивствувам дека треба да реагфирам на остриот јазик ретро-квазипатриотски ставови, синхронизатор на цртани филмови, како некоја неморална професија и којзнае што.

тематски повеќе не навлегувам, нема никаде да води ова. Се произнесов доволно.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 05-May-2011 at 23:21
потполно го поддржувам Дејв во дискусијава, не знам зошто се забегале во други муабети, можеби е лош примерот со Албанија, но не гледам зошто да се задржуваме на тоа, поентата беше јасна
впрочем тоа тој што го кажува е истото што и мене ме фрустрира веќе долго време, во однос на тоа како народот кај нас ја перцепира архитектурата и што постојано сме силувани од нечии лични вкусови и лични сфаќања кои очигледно важат само за нивните сопственици и немаат врска со реален свет
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 06-May-2011 at 08:15
Ко ќе видам уште вадење на биТанге ми се дига косата. Човекот работел на план на Скопје пред 50 години. Немал никаква претстава во каква насока градот ќе се развие половина век подоцна, сообраќајно, инфраструктурно, економски и популациски. Со други зборови неговите планови се апсолутно ирелевантни денес, и мора да претрпат КОМПЛЕТНА ревизија ако градот сака да направи стратегија за следние 50 години.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 06-May-2011 at 08:53
Originally posted by alexgizh

Јас давам предлог билдовски организирано да отидеме во Тирана на еднодневна екскурзија и лично да го видиме градот, а колку е можно да го процениме и менталитетот на луѓето. ЛСЛ ова се однесува особено на тебе. Сакам заедно да отидеме сите и да искоментираме на лице место. Лично, верувам дека ќе бидеш позитивно изненаден.
Баш бев за 1ви Мај во Тирана (прв пат во мојот живот) и за новите објекти и организираноста на центарот имам само пофални зборови. Навистина не сум се чувствуал попријатно во нити една друга балканска престолнина. Ова секако важи само за строгиот центар на Тирана, дел кој има широки и убаво уредени булевари, комбинација на постари и понови згради како и неворјатно медитеранско влијание и во однесувањето на луѓето и во самата архитектура.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 06-May-2011 at 17:48
Originally posted by krale

Ко ќе видам уште вадење на биТанге ми се дига косата. Човекот работел на план на Скопје пред 50 години. Немал никаква претстава во каква насока градот ќе се развие половина век подоцна, сообраќајно, инфраструктурно, економски и популациски. Со други зборови неговите планови се апсолутно ирелевантни денес, и мора да претрпат КОМПЛЕТНА ревизија ако градот сака да направи стратегија за следние 50 години.
танге на баба ванѓа ли ти личи, па да предвидува...?
затоа и е поставен да го планира градот, за некој потоа да ги следи неговите планови, за градот според него да се развива сообраќајно, инфраструктурно, економски и популациски, а не на кој како му текне да си гради на секој слободен простор што ќе го погледне
планот на танге не се совпаѓа со денешната реалност бидејќи некои луѓе не слушнале што е тоа планирање и како тече планирањето, тоа е тој континуитет кој стално зборам дека фали кај нас...
и грешиш дека планот не ги задоволува денешните потреби на градот, планот и тоа како ќе задовли барем 80% од денешните проблеми и дури потоа ќе даде простор за други, нови планови за иднината
мора да постои континуитет, планирање и правила во развојот на секој град, поради размислување во стилот „овој план не чини, ќе направиме нов“ од градов направија каша попара!

извинете за офтопик, ама морав...Big%20smile
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 06-May-2011 at 17:50
Originally posted by UrbanFreak

Originally posted by alexgizh

Јас давам предлог билдовски организирано да отидеме во Тирана на еднодневна екскурзија и лично да го видиме градот, а колку е можно да го процениме и менталитетот на луѓето. ЛСЛ ова се однесува особено на тебе. Сакам заедно да отидеме сите и да искоментираме на лице место. Лично, верувам дека ќе бидеш позитивно изненаден.
Баш бев за 1ви Мај во Тирана (прв пат во мојот живот) и за новите објекти и организираноста на центарот имам само пофални зборови. Навистина не сум се чувствуал попријатно во нити една друга балканска престолнина. Ова секако важи само за строгиот центар на Тирана, дел кој има широки и убаво уредени булевари, комбинација на постари и понови згради како и неворјатно медитеранско влијание и во однесувањето на луѓето и во самата архитектура.
мислам дека не треба за тирана да започнуваме дискусија, беше дадена како пример за блиска земја која има слично минато и историја на архитектурата како нас
поентата беше да ги видиме дека се во истата ситуација, а дека размислуваат различно, не мора да докажуваме колку тирана напреднала и дали треба да го следиме примерот
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 06-May-2011 at 19:23
Originally posted by zabegan

мислам дека не треба за тирана да започнуваме дискусија, беше дадена како пример за блиска земја која има слично минато и историја на архитектурата како наспоентата беше да ги видиме дека се во истата ситуација, а дека размислуваат различно, не мора да докажуваме колку тирана напреднала и дали треба да го следиме примерот


Фала Богу! Не е прв пат вака да се минира дискусијата со фаќање за небитни делови од неа...убаво се изнаслушавме дека сите околу нас се ќорави, затупени, глупи, лоши, на нас ни мислат лошо и што уште не....ама каде сме ние во приказната!?

Инаку може по Танге да плукате и пцуете, ама ако живеете во Скопје сигурно живеете мал дел од неговата визија...и кој ви е крив што ни вашите предци немале коректен однос кон Скопје, па дозволиле градот да се поплави од внатрешноста и да расте со непланиран развој - Танге ли ви е крив за тоа!?

Отсуство на чувство за самокритичност, голема доза на самобендисаност во комбинација со полуприученост е тоа што го уништува овој град, а и ќе го доуништи, очигледно....
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 06-May-2011 at 22:34
Не плукам воопшто по биТанге. Ако по некого „плукам“ иако не би го употребил тој збор, се тие што се уште и 5-6 децении подоцна, се уште упорно се повикуваат на тој концепт од пред пола век.

Не мислам дека има потреба да се објаснува дека концептот на Танге нема веќе никаква допирна точка со Скопје, и треба да се престане да се бараат кривци во 70-тите години што не го примениле планот до крај, туку да се фокусира на новата реалност, не само да се кука врз својата судбина - а за кукање сме најјаки у свет. А за визионерство и креативност -последни.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 06-May-2011 at 23:38
Originally posted by krale

Не плукам воопшто по биТанге. Ако по некого „плукам“ иако не би го употребил тој збор, се тие што се уште и 5-6 децении подоцна, се уште упорно се повикуваат на тој концепт од пред пола век.

Не мислам дека има потреба да се објаснува дека концептот на Танге нема веќе никаква допирна точка со Скопје, и треба да се престане да се бараат кривци во 70-тите години што не го примениле планот до крај, туку да се фокусира на новата реалност, не само да се кука врз својата судбина - а за кукање сме најјаки у свет. А за визионерство и креативност -последни.
добро, кажи ми дали ти ако направиш урбанистички план ќе го базираш на оној на Кензо Танге?
за тоа ти зборев во претходниот пост
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 07-May-2011 at 08:44
Мислам дека би го базирал на РЕАЛНАТА СОСТОЈБА НА ГРАДОТ. Во планот на Танге, има премногу работи што не се реализира, и не може веќе да се реализираат, па зашто воопшто некој да се замара со тоа упорно да ги црта и сонува тие решенија, кога веќе не одговараат на реалноста.

Кога Танге почнал да го прави планот, седнал и почнал од реалната топографија и демографија на Скопје. Истото треба да го направи и некој денес, а не се да се повикува на планови од пред пола век.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 07-May-2011 at 13:15
Танге е веќе завршена приканза во Скопје. До кога ќе биде првиот и последен урбанист и вечно да биде тоа што го кажал. Па денеска нема ли урбанисти, нема ли исти методи со кои проектирал. После криви биле тие што се доселиле, крив е он што не предвидил и не проектирал широкофелксибилна бројка на жители. Многу од тие што се контра-танге во дискусииве се контра него зашто противниците на скопје 2014 го користат како некој аргумент па сега овие како демек го дискредитираат. Не ставрно делото на Танге за Скопје не е некое за кое може да се има којзнае колку високо мислење, зашто не зема во предвид миграциони движења, не нуди етапен развој, многу фалинки.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 07-May-2011 at 13:22
Јас се слагам во врска со Кензо Танге најголемата грешка е што не се опфати развој на централното подрачје туку тоа се згусти во некаков си мал ринг не повеќе од 1км2 што е смешно. Од неговата методологија само за Транспортен Центар онаков каков што бил замислен има чиста 10ка.

Edited by Supervisor - 07-May-2011 at 13:24
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 07-May-2011 at 15:27
Originally posted by krale

Мислам дека би го базирал на РЕАЛНАТА СОСТОЈБА НА ГРАДОТ. Во планот на Танге, има премногу работи што не се реализира, и не може веќе да се реализираат, па зашто воопшто некој да се замара со тоа упорно да ги црта и сонува тие решенија, кога веќе не одговараат на реалноста.

Кога Танге почнал да го прави планот, седнал и почнал од реалната топографија и демографија на Скопје. Истото треба да го направи и некој денес, а не се да се повикува на планови од пред пола век.
а која е реалната состојба на градот? планот на Кензо Танге...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 07-May-2011 at 15:35
Originally posted by lslcrew

Танге е веќе завршена приканза во Скопје. До кога ќе биде првиот и последен урбанист и вечно да биде тоа што го кажал. Па денеска нема ли урбанисти, нема ли исти методи со кои проектирал. После криви биле тие што се доселиле, крив е он што не предвидил и не проектирал широкофелксибилна бројка на жители. Многу од тие што се контра-танге во дискусииве се контра него зашто противниците на скопје 2014 го користат како некој аргумент па сега овие како демек го дискредитираат. Не ставрно делото на Танге за Скопје не е некое за кое може да се има којзнае колку високо мислење, зашто не зема во предвид миграциони движења, не нуди етапен развој, многу фалинки.
никој не вика дека треба да биде Танге прв и последен, ниту се обидува да направи голем урбанист од него и споменик да му направи, туку да се следи неговиот план во иднина, бидејќи секој нов план треба да го следи претходниот, без разлика на факторите, според кои ќе се моделираат новите планови, секогаш се зема како основа стариот план, освен ако не се работи со бришана површина воопшто неповрзана со дсруги урбанизирани простори...
во спротивно ќе се добие една голема дисфункцоонална и непросперитетна каша, тоа и ми е една од најголемите причини зошто не го поддржувам

и не знам зошто како пример за плановите на Танге ја земате денешната ситуација, денешната ситуација врска нема со планираното, нити е планот изграден во целост, нити тоа што е изградено е како што треба напоравено, градот е една огромна крпеница со години, џебе ќе дискутирате кога ова е факт
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 07-May-2011 at 19:24
Само немојте и тука се да се гледа црно - бело. Искрено и мене не ми се допаѓа зградата на МНТ што не значи дека пак се што е од СК 2014 подржувам. Можеби и згрдата на МНТ ќе изгледаше поубаво доколку се одржуваше и се доградеше цела целина. Вака навистина на ништо не личи. Огоремен бетонски/ѕиден блок.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 07-May-2011 at 20:03
Originally posted by lslcrew

Танге е веќе завршена приканза во Скопје. До кога ќе биде првиот и последен урбанист и вечно да биде тоа што го кажал. Па денеска нема ли урбанисти, нема ли исти методи со кои проектирал. После криви биле тие што се доселиле, крив е он што не предвидил и не проектирал широкофелксибилна бројка на жители. Многу од тие што се контра-танге во дискусииве се контра него зашто противниците на скопје 2014 го користат како некој аргумент па сега овие како демек го дискредитираат. Не ставрно делото на Танге за Скопје не е некое за кое може да се има којзнае колку високо мислење, зашто не зема во предвид миграциони движења, не нуди етапен развој, многу фалинки.


Твоево во каратето се вика КАТА - борба со замислен противник...не го сфаќате, а и нема да го сфатите Танге, ама си мислите дека со уставниот и слични импровизации му се изна***вте....за нешто суштински да се искорени, треба прво суштински да се разбере...на план со дефинирани објекти и дефинирана инфраструктура, повторувам ДЕФИНИРАНА - се контрирате со 5 кубуси, една дасчана платформа со песок од Бањани и 3 пешачки моста на потег од петсто метра - ГРЕОТА...многу јака визија што би рекол Љуба-Манијак...

Дискредитација е дозволена за некој кој што е супер-упатен во областа, се' друго е тресење (да не кажам што)...и само продолжете си во истиот понижувачки стил - само си пукате самите во нога - влегувате од небулоза во небулоза...во меѓувреме не слушнавме ништо корисно на темата „зошто цел свет вака, а ние наопачки!?“ - дај изјаснете се убаво, јасно и гласно!?
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.