build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Патеписи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Впечатоци од вашите патувања

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Впечатоци од вашите патувања
    Posted: 04-Dec-2008 at 16:28
Штотуку се вратив од Сараево и се уште сум под импресии на огромниот, неверојатно брз развој на градот. Не бев во Сараево само некои 3 години и во тој период во градот е толку многу изградено. И тука не мислам само на тоа што е обновено со странски донации, туку и на новите, чисто комерцијални проекти. Додека во Скопје се радуваме на реализацијата на смешни (како овој на Меги) или минијатурни проектчиња, чија реализација се оддовлекува со години, во Сараево луѓе навистина се ГРАДИ. Во градот веќе ја имаат највисоката деловна зграда во регионот - штотуку завршената Twister Tower (да признаам, малце е кич фасадата, но никој не може да ја оспори грандизноста - за наши прилики - на проектот). Тука се и неколку постари објекти кои беа совршено квалитетно обновени од последиците на војната. Еве дел од највпечатливите нови или ново-реновирани објекти (немав со мене апарат, така да сликиве се од нет).



Новата Twisted Tower (40тина спрата)


Истата кула, друг агол.


Сега веќе Хотел, а порано седиште на весникот Дневни Аваз.


Босанскиот парламент - обновен со донација на Грција.




Најголемиот станбен комплекс на Балканот.





Добрите стари двојни кули на Унис во Сараево, сега прекрасно обновени.


Edited by anDarko - 04-Dec-2008 at 16:29
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Dec-2008 at 16:39
kako sto primetiv od slikive saraevo primenuva samo staklo i stakloBig%20smilesepak dobri se ke imame i nie vakvi ama koga i na nas grcija ke ni dade donacijaRollinNaughtyCool
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 05-Dec-2008 at 11:06
Не сум голем фан ниту на големиот ниту на малиот Аваз.

Реконструкцијата на парламентот е одлична и е само пример како би можела да изгледа зградата на ССМ после реконструкцијата.

Станбениот комплекс (Босмал) исто така ми се допаѓа а кулите на Унис (денеска Unitic towers) исто така немаат утка.

Со исклучок на овие неколку објекти (пред се Аваз твист и Босмал) не би рекол дека Сараево којзнае колку граби пред Скопје.

Ако ги збориме за Белград а посебно Загреб таму е друг муабет.

Колку за информација Босмал е босанско малезиска инвестиција (од таму и името) и се влечкаше можеби 10 години со изградба (не е нешто што нам ни е непознато).

Аваз Твист (како и малиот Аваз) се дело на локален тајкун.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 05-Dec-2008 at 14:21

Дарко види сите се супер и ние сме супер, фалат можеби лешници а за суво грозје има колку сакаш! не е спорно дека секаде се гради и дека се овеќе бар главните градови или поголемите по балканов, не само што светнуваат туку почнуваат да вадат на маса се поамбициозни проекти. велиш кај нас смешни, но не заборавај дека ние со најлошиот модел на приватизација, направивме менаџерите да испумпаат многу пари надвор од Македонија кои никогаш не ги вратија ниту ќе ги вратат, земи го за пример шутурко, пример во хрватска не само што ги вратија назад ограбените, туку отворија простор најпрво со анимирање на иселениците да внесат прилично свеж капитал, па во периодот на нај турбо транзиција кај нив постојано нешто се градеше, додека кај нас бевме задоволни ако некому му текне дека треба нова автобуска линија да се воведе(на тоа се изненадувавме). повеќето луѓе ја споредуваат Македонија како рамноправна во однос на останатите балкански земји, дури и албанија е далеку пред нас бидејќи без пардон им дозволи на печалбарите да инвестираат назад во земјата, додека кај нас доколку некој се обидеше да влези, нашите “тајфуни“ плашејќи се да не го изгубат влијанието или некој да не им го земе пазарот не само што не дозволуваа да влезе некој од надвор без разлика дали имал македонски корени, туку постојано правеа атмосвера дека во наше село рано се вечера рано се заспива(баклава) па од свадба нема потреба.

дури сега ги отворивме вратите и почнавме да гарантираме дека нема да има државен рекет како порано, и сега има уцени но тие се првенствено насочени кон скротување на преголем апетит кај новите домакини, кои нормално доколку им дозволиш и крвта ќе ти ја исцицаат, параноја која ја имаа порано политичарите па затоа и го воведоа моделот на приватизација каде единствено право на откуп на акциите ќе имаат  домашните менаџери т.е. наводно први а ако тие не ја сакаат фабриката дури тогаш ја нудеа надвор, и нормално се што беше во добра кондиција кај што го земаа за багателни пари па и за багателни го продадоа, а дека некој нешто реинвестирал тоа ниту се чуло нито се видело. мислам дека на сите треба да ни е јасно дека градежништвото е мејкап на економските прилики и неприлики! и кај нас ќе влезеа лизинзи и банки доколку во исто време со останатите бившо југословенски републики го либерализиравме банкарскиот сектор, но кај нас тоа се случи скоро. па така и оваа погода непогода е повеќе од добра, а нормално и ќе се подобрува!                    

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-Jun-2010 at 14:39
pozdrav na site od zagreb i jarun.. odlicen e gradov i razmisluvam za selenje tuka, za zal go zaboraviv aparatot u skopje, ke se ubijam, ali zagreb place za slikanje.. arenata e prekrasna.. ja imame negde na slika, a na nasiot aerodrom niso ne se gradi osim sto ima edna parcela zagradeno, provereno od nebo Č))))) za sea tolku.. sledniot put poise, bok bok Č)) e da , imaat mnoguuuu semafori be ovde, otrov.. ama nema tajmeri, kulturen narod, a za jarbolite se ubija od smeenje.. jbga..
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Jun-2010 at 14:48
Originally posted by SkyBoy

pozdrav na site od zagreb i jarun.. odlicen e gradov i razmisluvam za selenje tuka, za zal go zaboraviv aparatot u skopje, ke se ubijam, ali zagreb place za slikanje.. arenata e prekrasna.. ja imame negde na slika, a na nasiot aerodrom niso ne se gradi osim sto ima edna parcela zagradeno, provereno od nebo Č))))) za sea tolku.. sledniot put poise, bok bok Č)) e da , imaat mnoguuuu semafori be ovde, otrov.. ama nema tajmeri, kulturen narod, a za jarbolite se ubija od smeenje.. jbga..


Поздрав до Загреб! Само не ми е јасно што има до толку за смеење кај јарболите наши? Да не мислат дека сме претерале? Особено е чудно што ова доаѓа од Хрватите, кои на секој можен амблем на фудбалски клуб ја ставаат шаховницата http://football11.net/logos_cro_37.html

А, да... што има толку некултурно што имаме тајмери на семафорите, а културно кај нив што немаат?


Edited by alexgizh - 26-Jun-2010 at 14:48
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 26-Jun-2010 at 18:55
Ne se bitni tajmerite, bitno e deka nie sme carstvoto na samoprezirot, pa se bara prichina povekje makar toa i bile tajmerite.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 28-Jun-2010 at 19:48
Originally posted by alexgizh

Originally posted by SkyBoy

pozdrav na site od zagreb i jarun.. odlicen e gradov i razmisluvam za selenje tuka, za zal go zaboraviv aparatot u skopje, ke se ubijam, ali zagreb place za slikanje.. arenata e prekrasna.. ja imame negde na slika, a na nasiot aerodrom niso ne se gradi osim sto ima edna parcela zagradeno, provereno od nebo Č))))) za sea tolku.. sledniot put poise, bok bok Č)) e da , imaat mnoguuuu semafori be ovde, otrov.. ama nema tajmeri, kulturen narod, a za jarbolite se ubija od smeenje.. jbga..


Поздрав до Загреб! Само не ми е јасно што има до толку за смеење кај јарболите наши? Да не мислат дека сме претерале? Особено е чудно што ова доаѓа од Хрватите, кои на секој можен амблем на фудбалски клуб ја ставаат шаховницата http://football11.net/logos_cro_37.html

А, да... што има толку некултурно што имаме тајмери на семафорите, а културно кај нив што немаат?
 
 
Па смешно е што се фрлаат, по 7.000 евра од јарбол (ако не се лажам) и такви има 100ина по државава.. пошто они осетија малце криза (ама брзо ќе се опорават) и ова им делува несфатливо.. а тајмери немаат на семафорите пошто се далеку поцивилизирани од нас (по мене: дополнителен механизам од повисок ред за воспоставување сообраќаен ред во екстремни да не речам хард-кор примитивни средини), бар шоферџиски гледано иако тоа важи за секое можно ниво..
 
имаат низ град скулптури - споменици, ама третина од нашите (мислам на големина, а ваљда и квантитет - никој нема колку нас, особено со мостовите) многу суптилно поставени, значи не ти боде очи
 
чисто, средено, без гужви по улици... па на тоа додај и одлична архитектура оставштина од австроунг. - прекрасен град... Се проширил доста, има одлични нови модерни градби а и тн. бизнис кварт, надвор од строгиот центар, каков сакам да видам во Скопје на пр. некаде накај маџир маало и МТВ,а  може и подалеку, што да не.. им бев и у зоолошка, имам впечаток дека е огромна, одлична е, не стигнавме да ја видиме цела, оти нема крај.. без оглед што има тераса со шанк (да речам на пола-пат) за одмор и импровизирани животински "играчки" во мини забавен парк успут.. абе има мечки и камили нашава зоолошка !? Big%20smile иначе немаа слон и жирафа, слонот починал откако починала слоницата од тага наводно.. а жирафа немаат и онака..


Edited by SkyBoy - 28-Jun-2010 at 20:01
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 28-Jun-2010 at 19:54
Originally posted by lslcrew

Ne se bitni tajmerite, bitno e deka nie sme carstvoto na samoprezirot, pa se bara prichina povekje makar toa i bile tajmerite.
 
 
колку само енергија губиш за да не преставиш дека не се разликуваме од другите..неверојатно.. друже една хрватска, и загреб од нашето соседство, со не толку дамнешна војна зад себе, се светлосни години пред нас...
 
разбирам дека имаш мисија да преставуваш наоколу колку е све супер кај нас, али само малце да се излезе у околина, се приметува огромна разлика... затуцани сме скроз..
 
инаку просечна плата е 700 евра, а стан се плаќа 200-300 ко и кај нас... ама платата кај нас е 200-300.. зборам за обични смртници во двата случаи..
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 28-Jun-2010 at 22:07
Originally posted by SkyBoy

колку само енергија губиш за да не преставиш дека не се разликуваме од другите..неверојатно.. друже една хрватска, и загреб од нашето соседство, со не толку дамнешна војна зад себе, се светлосни години пред нас...
 
разбирам дека имаш мисија да преставуваш наоколу колку е све супер кај нас, али само малце да се излезе у околина, се приметува огромна разлика... затуцани сме скроз..
 


потполно се сложувам. небаре ако мижиме, работите ќе се променат...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Jun-2010 at 22:14
Originally posted by SkyBoy



Па смешно е што се фрлаат, по 7.000 евра од јарбол (ако не се лажам) и такви има 100ина по државава.. пошто они осетија малце криза (ама брзо ќе се опорават) и ова им делува несфатливо.. а тајмери немаат на семафорите пошто се далеку поцивилизирани од нас (по мене: дополнителен механизам од повисок ред за воспоставување сообраќаен ред во екстремни да не речам хард-кор примитивни средини), бар шоферџиски гледано иако тоа важи за секое можно ниво..
 
имаат низ град скулптури - споменици, ама третина од нашите (мислам на големина, а ваљда и квантитет - никој нема колку нас, особено со мостовите) многу суптилно поставени, значи не ти боде очи
 
чисто, средено, без гужви по улици... па на тоа додај и одлична архитектура оставштина од австроунг. - прекрасен град... Се проширил доста, има одлични нови модерни градби а и тн. бизнис кварт, надвор од строгиот центар, каков сакам да видам во Скопје на пр. некаде накај маџир маало и МТВ,а  може и подалеку, што да не.. им бев и у зоолошка, имам впечаток дека е огромна, одлична е, не стигнавме да ја видиме цела, оти нема крај.. без оглед што има тераса со шанк (да речам на пола-пат) за одмор и импровизирани животински "играчки" во мини забавен парк успут.. абе има мечки и камили нашава зоолошка !? Big%20smile иначе немаа слон и жирафа, слонот починал откако починала слоницата од тага наводно.. а жирафа немаат и онака..


Загреб е убедливо најсреден град од бившата држава и тоа инфраструктурно, урбанистички, јавен превоз.............. па се до квалитетна и модерна и класична архитектура. Да не зборувам за малите детали кои многу значат, одржувањето, чистотата итн... Веројатно треба да размислат и за воведување на метро и сликата би била комплетна. Ако ние сме во дилема дали големината на Скопје е соодветна за метро, мислам дека таму ситуацијата е појасна (иако и кај нив постои дискусија ЛРТ vs. метро).
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 28-Jun-2010 at 22:58
Originally posted by SkyBoy

Originally posted by alexgizh

Originally posted by SkyBoy

pozdrav na site od zagreb i jarun.. odlicen e gradov i razmisluvam za selenje tuka, za zal go zaboraviv aparatot u skopje, ke se ubijam, ali zagreb place za slikanje.. arenata e prekrasna.. ja imame negde na slika, a na nasiot aerodrom niso ne se gradi osim sto ima edna parcela zagradeno, provereno od nebo Č))))) za sea tolku.. sledniot put poise, bok bok Č)) e da , imaat mnoguuuu semafori be ovde, otrov.. ama nema tajmeri, kulturen narod, a za jarbolite se ubija od smeenje.. jbga..


Поздрав до Загреб! Само не ми е јасно што има до толку за смеење кај јарболите наши? Да не мислат дека сме претерале? Особено е чудно што ова доаѓа од Хрватите, кои на секој можен амблем на фудбалски клуб ја ставаат шаховницата http://football11.net/logos_cro_37.html

А, да... што има толку некултурно што имаме тајмери на семафорите, а културно кај нив што немаат?
 
 
Па смешно е што се фрлаат, по 7.000 евра од јарбол (ако не се лажам) и такви има 100ина по државава.. пошто они осетија малце криза (ама брзо ќе се опорават) и ова им делува несфатливо.. а тајмери немаат на семафорите пошто се далеку поцивилизирани од нас (по мене: дополнителен механизам од повисок ред за воспоставување сообраќаен ред во екстремни да не речам хард-кор примитивни средини), бар шоферџиски гледано иако тоа важи за секое можно ниво..
 
имаат низ град скулптури - споменици, ама третина од нашите (мислам на големина, а ваљда и квантитет - никој нема колку нас, особено со мостовите) многу суптилно поставени, значи не ти боде очи
 
чисто, средено, без гужви по улици... па на тоа додај и одлична архитектура оставштина од австроунг. - прекрасен град... Се проширил доста, има одлични нови модерни градби а и тн. бизнис кварт, надвор од строгиот центар, каков сакам да видам во Скопје на пр. некаде накај маџир маало и МТВ,а  може и подалеку, што да не.. им бев и у зоолошка, имам впечаток дека е огромна, одлична е, не стигнавме да ја видиме цела, оти нема крај.. без оглед што има тераса со шанк (да речам на пола-пат) за одмор и импровизирани животински "играчки" во мини забавен парк успут.. абе има мечки и камили нашава зоолошка !? Big%20smile иначе немаа слон и жирафа, слонот починал откако починала слоницата од тага наводно.. а жирафа немаат и онака..


Сите сакаме да го видиме маџир маало (само) во сликите од некогашно Скопје, а на негово место бизнис центар.

Зоолошката градина во Загреб е отприлика 550x200 метри, а нашата е 450x250 метри, значи (не сум мерел ептен прецизно, ама) нашава по површина е поголема. Само нивната е многу подолга од тоа што е широка, можеби затоа делува така голема. А колку што гледам, подобар распоред има од нашата Кај нас камили нема, ама има 2-3 меци големи и уште толку помали.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4420
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Jun-2010 at 23:28
Што се однесува до тајмерите, иако имам слушнато од многумина странци колку фино тоа би било да го има и во нивните држави (Американци, Грци, Холанѓани), јас мислам дека тоа покажува баш колку сме говеда Да бидам појасен: до толку сме Балканци, што мора дури и семафорот да ни кажува некој колку време има додека да затвори семафорот (па да стиснеме гас, наместо да забавиме), или пак колку ќе треба да дремиме на црвено за да не мора да пцуеме.

Нормално, најважната функција - гасење на моторот кога има уште 1000000 секунди до зеленото, никогаш не стана пракса. Дали ги штедиме свеќичките, не знам
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Jun-2010 at 04:00
Лошо ме перцепирате. воопшто не си задавам некоја кимјонгиловска задача да зборам колку е тука се розево. Ме нервира страшно масовната бестијалност, апатија, медиокритет, самопрезир, кукање и лицемерие према саби себе. На крај памет не ми паѓа да маштам колку е тука се така убаво, зашто не е. Ама врти сучи за секој проблем коренот да го наоѓате во менталитет, народот е вакот таков, не чини и слично е комплетно погрешна теорија од позиција на небарање решение туку дигање раце и ретерирање пред проблемите. не можам да тврдам дека луѓето и народот се секаде исти до толку, ама за нас што сме во срцето на европа нема шанси да сме ни процент различни. Народ познава толку колку што му е овозможено да знае и функционира до онаа мера до која има услови, ама дека сме нешто различни па уште на полошо, не сме. Не трошам јас енергија да претставам ништо во позитивно светло што не е, вие трошите енергија на самопрезир и тоа многу трошите, а ништо тоа не помага.


Edited by lslcrew - 29-Jun-2010 at 04:01
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 29-Jun-2010 at 10:41
Originally posted by lslcrew

Лошо ме перцепирате. воопшто не си задавам некоја кимјонгиловска задача да зборам колку е тука се розево. Ме нервира страшно масовната бестијалност, апатија, медиокритет, самопрезир, кукање и лицемерие према саби себе. На крај памет не ми паѓа да маштам колку е тука се така убаво, зашто не е. Ама врти сучи за секој проблем коренот да го наоѓате во менталитет, народот е вакот таков, не чини и слично е комплетно погрешна теорија од позиција на небарање решение туку дигање раце и ретерирање пред проблемите. не можам да тврдам дека луѓето и народот се секаде исти до толку, ама за нас што сме во срцето на европа нема шанси да сме ни процент различни. Народ познава толку колку што му е овозможено да знае и функционира до онаа мера до која има услови, ама дека сме нешто различни па уште на полошо, не сме. Не трошам јас енергија да претставам ништо во позитивно светло што не е, вие трошите енергија на самопрезир и тоа многу трошите, а ништо тоа не помага.


Самопрезир е човек да заклучи дека во Хрватска се вози покултурно а кај нас дивјачки? Тоа е од прилика факт како што и небото е сино...

BTW... не ви го сфаќам проблемот со тајмерите. Независно која им е функцијата, зошто се ставени, тие се корисни...
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 29-Jun-2010 at 12:37
нема проблем со тајмерите, евидентна е нивната полезност кај нас..
 
кога ќе размислам подобро, колку год да не се сакаме со грците сепак ми се чини дека имаме сличности, а тоа е опуштеноста, емотивноста, ирационалноста, мрзеливоста и несериозноста.. затоа и сме тука кај што сме, хрватите ги доживувам многу слични на германците, практични, прагматични, рационални, вредни итн..
 
Тука би завршил со скорешново искуство, не би да го тупам, а ако некој шета некаде може да сподели искуство па да споредуваме и коментираме, може евентуално и нова нишка да отвориме ако има интерес..
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 29-Jun-2010 at 12:41
Originally posted by SkyBoy

нема проблем со тајмерите, евидентна е нивната полезност кај нас..
 
кога ќе размислам подобро, колку год да не се сакаме со грците сепак ми се чини дека имаме сличности, а тоа е опуштеноста, емотивноста, ирационалноста, мрзеливоста и несериозноста.. затоа и сме тука кај што сме, хрватите ги доживувам многу слични на германците, практични, прагматични, рационални, вредни итн..
 
Тука би завршил со скорешново искуство, не би да го тупам, а ако некој шета некаде може да сподели искуство па да споредуваме и коментираме, може евентуално и нова нишка да отвориме ако има интерес..


не би одел до толкави крајности. Факт е дека со Грците сме ужасно слични тука нема дилеми, зборувам за разликата со Хрватите кои се сепак балканци. Барем јас тоа така го доживувам, кога се враќам од север, Загреб е најчесто првата станица кога се осеќам дома.

Во секој случај факт е дека хрватите се сепак доста понапредни на повеќе полиња и за многу работи можеме да се угледаме на нив. Се слагам, ќе ги префрлам постовивте во нова нишка каде што ќе може да вадиме вакви дискусии како не би се загубиле во Меана...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 29-Jun-2010 at 12:47
Еве нова нишка каде може да дискутираме општо за впечатоци од земјите во кои патуваме особено во билдерски контекст .

По примерот на СкајБој Cheers

Подоцна или деновиве и јас можам да напишам нешто за впечатоците од моето прво патување во Софија од минатата недела.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 29-Jun-2010 at 12:47
BTW СкајБој.... прв пат си во Загреб?
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 29-Jun-2010 at 13:05
Ехх јас сум бил во Луксембург,Германија,Франција,Шпанија и Португалија но за жал тогаш имав само 17 години и не се сеќавам најдобро на нивните архитектури,прошло како на сон Smile
 
Престојував 1 недела во Ликсембург прилично земја на замоци и досадна атвосвера,транзитно низ Франција 5 дена Шпанија,Барселона ,Валесија и Лорет де Мар и 10 дена Португалија 7 дена во едно прекрасно градче Figueira da Foz,сум го посетил Лисабон и имаше интересни готски градби во центарот.
 
Од тоа време можев да го доловам моментот на градбата на стадионот на Бенфика Estádio da Luz тогаш го спремаа за европското првенство во Португалија 2004 и забрзано го градеа (штета што бев во 2003 Unhappy).Кога сме кај стадионите повеќето што ги видов вклучивајќиго тој на Валенција,Баерн Лверкузен,Спортинг со исклучок на Камп Ноу ги видов само од екстерната страна,немав можност да влезам.


Edited by Buliwyf - 29-Jun-2010 at 13:07
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.