![]() |
![]() |
![]() |
СРЦ Сарај |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3300 |
![]() ![]() Posted: 14-Jul-2010 at 22:36 |
Спортско-рекреативен центар Сарај лоциран помеѓу реката Вардар и Треска, кој зафаќа површина од 24 хектари.
![]() Но нека сликите зборуват за ова некогаш прекрасно и преполно место за рекреација спорт и озвежувње во летните периоди на скопјани, кој користејќи го малиот воз, а подоцна и пионерскиот воз пристигнуваа до него. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() И некогашното главо рекреационо место на скопјани - базенот ![]() ![]() Негогашна слика до базенот во Сарај кој стално беше преполн со капачи. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Прекрасен но заборавен и напуштен рај во околината на Скопје. Дали може да се оживее овој дел на Скопје? Секако ако нашите татковци имаат мала визија и пуштајки го повторно малиот воз од Градскиот парк до Сарај и подолу до Матка направат права туристичка атракција од возот и овија две преубави места во самата околија на градот Скопје |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
Одличен пост, баш ми се допагаат идеите ,навистина треба овој спортски центар да се реконструира и да се направи нешто има огромен потенцијал ,а особено идејата за возот од парк до матка е топ идеја, навистина би било голема атракција и верувам дека не би коштало многу да се изградат 15 км пруга до таму за разлика од тоа што трошат милиони за споменици.
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3300 |
![]() ![]() |
mitatos,
Одавна ја туркам таа идеја, се сменија многу градоначалници и протекоа многу води, а замисли уште на сето тоа треба да се договорат 5 градоначалници и влада. mission impossible ![]() |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9097 |
![]() ![]() |
Од сликиве кои си ги приложил Владимир, изгледа и далеку подобро отколку што очекував. Објектите се руинирани, но околината ми изгледа одржана.
|
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3300 |
![]() ![]() |
Околината и делумно терените, се одржуваат на завидно ниво, цистотата просо зачудувачка. Но да не заборавиме дека на самиот влез е самата општина Сарај, можа е тоа одговорот.
|
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
http://build.mk/haos-so-upravuvaneto-i-razvojot-na-sportsko-rekreativnite-tsentri-saraj-i-ezero-treska/ Убаво ќе биде ако Паркови и Зеленило направат овдека Дендро Парк, а во костец јавно-приватно партнерство во истиот да се организираат со Општината за кревање и некој Музеј за Птици, бидејќи орнитологијата оди рака под рака со дендрологијата, но тоа би требало да е истерано научно со помош и од Државата и од Научната Фела, а тие ај што се заспани туку и ЈПЗ да ги мотивира ќе треба притисок од Народот преку Екологистите пр. при ДЕМ за да добијат скопјани на поклон вакво нешто ... сето ова би требало логично да се врзи и со озбилни вело патеки, кои од СРЦ-БТ и Момин Поток по кеј би терале кон СРЦ Сарај и СРЦ Треска па се до Матка ако не и над неа кон Козјак ... но кој Градот ли ќе инвестира во ваков потфат, аир ќе видиме само ако Владата се нафати да ги здружи сите и да истераат озбилен проект! http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=650&PID=223224#223224 ... само вака би можеле да се надеваме на озбилен туристички освен локален хотспот од Спортскиов Центар кој исто преку Агенција за Млади и Спорт би требало да се крене на балканско ако не европско ниво, та освен Пливачки и Кајакарски хотспот да бидне Спортски Центар во кој би се одржувале бар регионални спортски настани ... Edited by Zelenikovo - 10-Jun-2018 at 20:33 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 8216 |
![]() ![]() |
СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР „САРАЈ“ ПАК Е ПОЛН СО РЕКРЕАТИВЦИ, НО БАЗЕНОТ И СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ ПРОПАЃААТ СКОРО 30 ГОДИНИ
![]() Некогашното излетничко место Спортско-рекреативен центар (СРЦ) „Сарај“ во Скопје повторно е полно со посетители, особено за време на викендите. Но, сегашната слика не е истата како пред четириесетина години, кога во паркот вриело од народ поради големиот број спортско-рекреативни и забавни содржини кои ги имало. Зеленилото во паркот се одржува, но рекреативните содржини и објекти кои го правеле целосен овој комплекс се заборавени и пропаѓаат. СРЦ „Сарај“, кој се наоѓа меѓу реките Вардар и Треска, беше најпознат по големиот олимписки базен со скокалница, како и по спортските терени за фудбал, кошарка, ракомет и одбојка. Веќе со години, ниту базенот ниту терените не се во функција. Базенот е целосно распаднат, обраснат со треви и запуштен. Терените за кошарка и ракомет се без кошеви и голови односно останат е еден рѓосан кош со искината мрежа. Единствено во функција е фудбалскиот терен околу кој имало атлетска патека за трчање, која пак сега едвај се гледа. Паркот го одржува ЈП „Паркови и зеленило“, редовно се коси зеленилото, се чисти ѓубрето, а како што велат од претпријатието изминативе три години поставиле нови рекреативни содржини за тој да биде привлечен за посетители. До пред три години кога Градот доби нови раководство, овој парк не беше одржуван, беше затрупан со ѓубре и обраснат со треви. Ние изминативи три години, покрај тоа што редовно го одржуваме и чистиме, поставивме и два нови летниковци, дрвени клупи и маси, корпи за отпадоци, ги офарбавме и поправивме железните клупи и поставивме комплетно ново осветлување. Изграден е и парк за миленици, а засадени се и околу 350 нови садници“, вели директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча. Од Град Скопје велат дека содржините во СРЦ „Сарај“ како што е базенот, не се под нивна надлежност туку на државата, но дополнуваат дека ќе го актуализираат прашањето за целосно уредување на овој простор и враќање во функција на содржините кои сега се заборавени и оставени да пропаѓаат. СРЦ „Сарај“ е едно од најстарите излетнички места во Скопје, со површина од 240.000 метри квадратни. Според податоците од ЈП „Паркови и зеленило“, изграден е во 1948 кога бил предвиден и со урбанистичкиот план како регион Сарај-Матка, исполнет со базени, фудбалски игралишта, трибини и патеки. Подоцна, регионот Сарај-Матка прераснува во центар за спорт и рекреација со терени за спорт покрај реката Вардар и езерото Треска. Во 1955, урбанистичкиот план е ревидиран и е изграден базенот, фудбалските игралишта и другите објекти за рекреација. Во 1964 е направен нов урбанистички план, со кој биле испланирани јавното зеленило и спортско-рекреативните реони. Додека во 1971, од „Паркови и зеленило“ е направен проект за Спортски центар „Сарај“, со кој се дефинирани градското и вонградското зеленило, со паркови, плоштади и други зелени површини по бодовите на Скопје – вонградското зеленило, како и зеленилото за активна и пасивна рекреација. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/sportskiot-tsentar-saraj-pak-e-poln-so-rekreativtsi-no-bazenot-i-sportskite-tereni-propagaat-skoro-30-godini/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 8216 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА САРАЈ БАРА ВЛАДАТА ДА ГО ПРОГЛАСИ ЕЗЕРОТО ТРЕСКА ЗА СЛОБОДНА ТУРИСТИЧКА ЗОНА, А КАМП ПРИКОЛКИТЕ ДА СЕ ТРГНАТ
Камп приколките на езерото Треска во рок од 60 дена треба да се дислоцираат. Општина Сарај доставила писмено известување до сопствениците на приколките да ги отстранат бидејќи нема услови тие да бидат таму, како и заради реализација на новиот Детален урбанистички план. Сопствениците на приколките се револтирани од ваквото барање на Општина Сарај. Најавуваат протести и оставање на приколките пред зградата на Владата и пред бараките на Град Скопје. Градоначалникот Блерим Беџети за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека Општината почнала два паралелни процеси за езеро Треска и тоа за дислокација на приколките и за прогласување на Треска за слободна туристичка зона. „Нашиот инспектор за животна средина на местото каде што се поставени приколките констатираше дека нема соодветни услови. Не се почитуваат прописите, многу од нив се заградени и доградени. Не можат тие кои се кираџии да бидат пречка за реализација на планот и повторно заживување на овој симбол на Скопје. Истовремено откако ги донесовме новиот детален план испративме во петокот испративме писмено барање до Владата за да се прогласи езерото Треска за слободна туристичка зона, со што ќе можеме да бараме инвеститори кои ќе го заживеат и уредат просторот“, вели градоначалникот Беџети. Што предвидува новиот ДУП и какви објекти ќе се градат околу езерото Треска, Беџети не кажа. Вели после новогодишните празници ќе организираат јавна презентација на планот и содржините за јавноста. Владата предводена од СДСМ лани дел од земјоделското земјиште во селата Глумово и Шишево кое се наоѓа околу езерото, го пренамени во градежно, за да може Општина Сарај да направи Детален урбанистички план. Тогаш од Владата рекоа дека оваа одлука е донесена за да може во овој дел од предградието на главниот град да се вцртаат маркички и да се гради викенд населба, хотелски комплекс и спортско-рекреативен центар за развој на еко туризам, со што воедно ќе се врати во функција и езерото. Езерото Треска е изградено во 1978 година со самопридонес од жителите на Скопје. Со површина од 136.000 метри квадратни и капацитет за 10.000 капачи, во 80-тите и 90-тите, функционираше како главно излетничко место за скопјани, особено во летните месеци. Околу езерото кое е длабоко од 1,6 до 3 метри се наоѓаа бунгалови, кафулиња, ресторани, базени, гардероби, тоалети, спортски терени, како и камп за приколки и трејлери. Езерце Треска живееше само 20 години. Во 1998 година поради загаденост на водата затворено е за капење и оттогаш почнува неговото пропаѓање. Денеска, дваесетина години откако е затворено, комплексот околу езерото е целосно уништен. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-saraj-bara-vladata-da-go-proglasi-ezeroto-treska-za-slobodna-turistichka-zona-a-kamp-prikolkite-da-se-trgnat/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 8216 |
![]() ![]() |
Порталб: Општина Сарај не дава детали за ревитализацијата на Езеро Треска, ги селектира медиумите
Општина Сарај од Владата побарала комплексот на Езерото Треска да го прогласи за слободна туристичка зона и да се отстранат поставените кампови со приколки околу езерото. Општината писмено ги известила сопствениците на приколките дека треба да ги отстранат бидејќи нема услови за приколките да бидат таму и имаат рок од 60 дена да го направат тоа. Исто така, општината бара да се отстранат камповите со цел да се реализира новиот урбанистички план, пишува „Порталб.мк“. „Порталб.мк“ за ова побара подетални информации од општина Сарај, но оттаму се покажаа резервирани што се однесува до споделувањето информации во врска со овој проект. Најпрво, портпаролката на општината, Миранда Рамети за „Порталб.мк“ рече дека за информации во врска со ова, треба да се обратиме кај директорот на ЈКП Сарај, Сабахудин Рустеми. Рустеми за „Порталб.мк“ изјави дека моментално нема услови камповите со приколки да бидат таму и поради тоа треба да се отстранат. „Се разбира дека ова е проект на општината, дамнешен, и сега очекуваме реализација на истиот. Заради тоа камповите со приколки ќе бидат отстранети. Тие биле под закуп, и плаќањето не било редовно, освен тоа моментално нема услови за нивно поставување, ова го заклучил и општинскиот инспекторат дека околината не е соодветна, дека може да добиеме уште некоја епидемија и поради тоа мора да бидат отстранети. Подетално за проектот ќе бидете информирани од страна на општината“, изјави Рустеми. Тој додаде дека ова е проект на општината и за повеќе информации треба да се обратиме кај градоначалникот или шефот на кабинетот. „Порталб.мк“ се обиде повторно да контактира со портпаролката Рамети, но таа ги игнорираше повиците на новинарот. Подоцна, откако истата беше контактирана од друг број, се оправдуваше дека не е секретарка да се јавува на секој телефонски повик. Иако таа рече дека ќе одговори на сите доставени прашања на два службени мејлови, не го направи тоа и продолжи да биде недостапна за „Порталб.мк“. И градоначалникот, не е достапен за нашата редакција. Меѓутоа, општина Сарај не штедеше информации во врска со ова прашање за една медиумска куќа на македонски јазик. На 28 декември, градоначалникот, Блерим Беџети даде изјава за СДК, при што рече дека општината започнала два паралелни процеси за Езерото Треска, и тоа за дислоцирање на приколките, како и за прогласување на Треска за слободна туристичка зона. „Нашиот инспектор за животна средина, на местото каде се поставени приколките утврдил дека нема соодветни услови. Не се почитуваат прописите. Не може тие што се закупци да бидат пречка за реализација на планот за повторно ревитализирање на овој симбол на Скопје. Едновремено, откако го усвоивме новиот детален план во петок, до Владата доставивме писмено барање за прогласување на локацијата на Езерото Треска за слободна туристичка зона, со што ќе можеме да бараме инвеститори коишто ќе го ревитализираат и ќе го уредат просторот“, рече Беџети за СДК. Ревитализацијата на Езерото Треска, е проект ветен многу години од страна на градоначалниците на оваа општина. Ова вештачко езеро се наоѓа во општина Сарај, има површина од 136.000 метри квадратни, а длабочината е од 1,6 до 3 метри. Овој рекреативен центар бил изграден во 1978 година. На свеченото отворање на ова туристичко место присуствувал и претседателот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито. https://meta.mk/portalb-opshtina-saraj-ne-dava-detali-za-revitalizaczijata-na-ezero-treska-gi-selektira-mediumite/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 8216 |
![]() ![]() |
Општина Сарај ќе ги отстрани приколките покрај езерото Треска
Во рок од два месеци, приколките во близина на езерото Треска треба да бидат отстранети. Оваа наредба општината Сарај им ја соопшти на сопствениците на приколки кои долги години се закупци на ова место. Сепак, сопствениците не се согласуваат со ваквата одлука на општината барајќи решение за проблемот а во вторник најавија протести. Првиот човек на Сарај, Блерим Беџети за Алсат изјави дека е категоричен во одлуката за отстранување на кампинг приколките. Тој додаде дека чистењето на овој дел има врска со прогласување на бесплатна туристичка област на езерото Треска. „Не станува збор за викенд- кампови, туку за злоупотреба на ситуацијата и фактичката состојба е многу влошена и нема услови да постојат. Според урбанистичкиот план, треба да биде чист за да се прогласи за бесплатна туристичка зона. Нормално, не е проблем да се зборува, но тоа е завршена работа и досега над 20 кампови се отстранети од таму, денеска и секој ден се отстрануваат“. Според здружението на кампери, во моментов има над 500 приколки во близина на езерото Треска, од кои над 350 се активни. https://alsat.mk/mk/opshtina-saraj-ke-gi-otstrani-prikolkite-pokraj-ezeroto-treska/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 660 |
![]() ![]() |
Овде нема ништо друго освен малограѓански обид по етничка линија да се тргнат каурските приколки. Ова нема да го направи СРЦ Сарај нити нешто подобар ниту ќе му тргне развојот после тргањето. Повторно ќе си остане обична жабокречина и бара за ширење зарази.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 8216 |
![]() ![]() |
Како ќе изгледа комплескот „Треска“ останува непознато
https://kanal5.com.mk/kako-kje-izgleda-kompleskot-treska-ostanuva-nepoznato/a456535 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |