![]() |
![]() |
![]() |
Пренамена на површини - Чаир |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() Posted: 05-Jun-2020 at 04:26 |
Една идеја која ми дојде на памет како со еден удар (поточно два) да го решиме проблемот со уништувањето на чаршијата, пробивањето на Пластичарска, гужвата на ЦветанДимов.
1. Изградба на нов стадион во делот некаде меѓу Топанско и касарната во замена за стадионот од Чаир. 2. Изградба на некој трговски на огромна површина на местото на сегашниот стадион во Чаир, каде што цел спрат би се направил да биде пазар и на некој начин би го заменил БитПазар на долг рок. Во близина функционираше веќе некој таков затворен мини-пазар, но мислам на нешто што сериозно може да одвлече на сметка на БитПазар и тоа со источен излез према паркот. Од другата страна со западен излез, на втори, трети, четврти спрат да функционира еден трговски кој би имал потенцијал да ги собере сите салони за лустери, мобилари, завеси и што све не од пластичарска. Секако би имало и неколку подрума паркинг што сега делот на БитПазар го нема. Долгорочно би бил достапен до центарот и преку тунелот под кале, би бил достапен преку обиколница директно преку ХТ-Карпош. На некој начин помалку од Чаирски CityMall со пазар, ама повеќе од Глобал можеби дупло поголемо. Едноставно мора долгорочно да се одвлече таа гужва од БитПазар/Пластичарска некаде, неможе да закрчува градски урбани автопати, мора да се бара начини да се му се намали "цената" генерално на тој Техеран во сред Скопје. ![]() Edited by user8642 - 05-Jun-2020 at 04:27 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Едноставно неизводливо. Бит Пазар е на локација што е добро поврзана со речиси сите делови на Скопје (лесно достапна), додека Чаир не е. Второ, Бит Пазар прави некаква логична целина со чаршијата, пазарчето во Чаир е само локално затворено пазарче. Најважно, пазарџиите (а и Скопски пазар како сопственик на Бит Пазар) ги интересира заработката, која нема ни да биде приближно иста ако се пресели пазарот во Чаир.
За средување на Бит Пазар не е потребно многу, само отстранување на дивите пазарџии и воведување ред во сообраќајот, посебно на хаотично паркираните возила на купувачите, средување на тротоарите и слично, во суштина, само потребна е малку повеќе волја и напор, нешто што изминативе години не го гледам. Сиот тој хаос таму се толерира заради „социјален мир“, бидејќи многу од дивите продавачи се сиромашни луѓе од Скопје и од околината на Скопје. |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |