Возен ред |
Post Reply | Page <1 343536 |
Author | ||
Тркало
Senior Member Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
Quote Reply #701 Posted: 01-Oct-2022 at 21:51 | |
Многу јака конекција, ако Битолчани би чекале воз од Скопје во 10:30 во Солун ќе се за ручек, а не за кафе. |
||
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 877 |
Quote Reply #702 Posted: 05-Oct-2022 at 11:26 | |
Јас не разбирам што би правел тој воз цели 15 минути на станица Битола и уште 15 (па ид 20!) на станица Лерин. Тоа додава цели 35 минути на патувањето. Олигледно директорот во воз во живот се нема качено. Мислам дека веќе никој нема збороави да повоторува кој грев е да инвестираш милиони во пруга и еден единствен проклет пат да не ја искористиш. Единствено место во државата е Пелагонија каде постои голем потенцијал меѓународна редовна линија да навистина го раздвижи економски (и културно) регионот. полу офф-топик: Никогаш не сватив дали на „патриотите“ кои се залагаат за Обединета: (а) никогаш не има текна дека инфраструктурното и културно поврзување на нашите реку граница е најбилското и најфикасно решение до „обединување“, (б) толку им сечи, или (в) едноставно секогаш ги болело увото за Македонците од двете срани на границата? Edited by hcitrS - 05-Oct-2022 at 11:28 |
||
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 877 |
Quote Reply #703 Posted: 07-Oct-2022 at 14:39 | |
Во ноември патнички воз ќе ја отвори новата пруга од Битола за Лерин
БИТОЛА – Најдоцна во ноември ќе свирне возот од Битола до Лерин по новата пруга. Оптимистички се најавите на Македонски железници – инфраструктура, според кои, за еден месец ќе почне да сообраќа патнички воз од Битола до Лерин по новонаправената железничка пруга Битола-Кременица. Долгоочекуваната вест за враќање на возот од Битола до Лерин, деновиве ја најави премиерот Димитар Ковачевски, без да открие детали. Меѓутоа, од кабинетот на Хари Локвенец, директорот на Железници, за „Независен“ потврдуваат дека возниот ред е направен и првиот патнички воз се очекува да сообраќа за околу еден месец. „Го направивме возниот ред, за брзо време ќе се објави таа траса и веќе имавме состанок со колегите од грчка страна да ја ставиме пругата во сообраќај. За максимум еден месец пругата ќе биде ставена во сообраќај со патнички воз“, потврдуваат од Железници – инфраструктура. ...... Обновата на пругата од Битола за Грција заврши во 2019 година, но поради корона кризата во последните две години не се покрена прашањето за нејзино пуштање во употреба, а уште помалку за подготовка на возниот ред, покрај затворените граници и здравствените мерки. ........ Изградбата на пругата Битола-Кременица се случува после 32 години, а ако се исполнат ветувањата за враќање на возот за Грција, тоа ќе значи дека после пауза од 36 години, повторно ќе сообраќа воз од Битола за Лерин. Пругата е проект за кој се издвоија пари од државниот буџет и средства од европските фондови. Зафатот вреден 17,2 милиони евра е финансиран со грант од Европската унија (6 милиони евра) и со средства од државниот буџет (11 милиони евра). Целата вест: https://nezavisen.mk/vo-noemvri-patnichki-voz-kje-ja-otvori-novata-pruga-od-bitola-za-lerin/ Edited by hcitrS - 07-Oct-2022 at 14:41 |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #704 Posted: 04-Dec-2022 at 15:08 | |
ГОДИНА И ПОЛ НЕМА ВОЗОВИ КОН КИЧЕВО И КОЧАНИ ОТИ НЕМА ЛОКОМОТИВИ, БОЧВАРСКИ НАЈАВИ ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ТРАНСПОРТ
Патничките возови кон Кичево и Кочани не сообраќаат од мај 2021. Од Македонски железници велат дека причината е поради недостиг на возни средства, патнички возови, локомотиви. Но, не е извесно кога железничкиот патнички сообраќај во овие два правци повторно ќе се воспостави. На прашањето до министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при пуштањето на гасоводот Неготино – Битола, дали се планира набавка на нови локомотиви, возови, тој не даде прецизен одговор, но не пропушти да каже дека државата одделува големи средства за Македонски железници. Причината за несообраќањето на возовите кон Кичево и Кочани, тој ја лоцираше во економската неисплатливост. „Интересот на патниците за овие две делници е исклучително намален. Поради тоа сите оперативни линии, како Скопје – Велес и обратно, оперираат со голем број патници. Владата има одобрено средства за помош на ова претпријатие за да продолжи со патничкиот железнички превоз, за да опстане во овие тешки времиња. Тоа е од исклучителна важност за државата“, кажа Бочварски и најави либерализација на железничкиот транспорт. Изминатава година имаше повеќе случаи кога поради расипување на локомотивите, патничките возови доцнеа со часови до крајната дестинација. Така имаше случај кога до Скопје до Битола се патуваше еднаш 8, другпат 10 часа иако по ред на возење е три и пол часа. Железничарите стравуваат дека со немањето сообраќај кон Кичево и Кочани се уништува железничката пруга. Железничкиот патен правец Велес – Кочани е изграден во Кралска Југославија 1923-1926. Пругата од Скопје кон Гостивар и Кичево е градена во две делници, до 1952 и до 1969 година. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/godina-i-pol-nema-vozovi-kon-kichevo-i-kochani-oti-nema-lokomotivi-bochvarski-najavi-liberalizatsija-na-zheleznichkiot-transport/ |
||
Carpe diem
|
||
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #705 Posted: 05-Dec-2022 at 06:03 | |
Што се подразбира со Либерализација?
|
||
Macedonicus
Senior Member Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
Quote Reply #706 Posted: 05-Dec-2022 at 11:36 | |
Законско овозможување на приватни компании да оперираат низ македонските железници за транспорт на патници и товарен сообраќај Edited by Macedonicus - 05-Dec-2022 at 11:37 |
||
ಠ_ಠ
|
||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1143 |
Quote Reply #707 Posted: 05-Dec-2022 at 12:07 | |
Компаниите едвај го чекаат Бочварски да им ги додели Кочани и Кичево. Кој не би сакал да оперира со такви современи пруги, прекрасни станици и редовно сервисиран возен парк. Секако, битно е и што нема конкуренција од третокласни автобуси и комбиња од 98-ма на тие релации.
Држава со буџет од 5,3 милијарди не е способна да ги одржува единствените линии што ги према запад и исток. Нормално дека нема патници. Да имаше пристојни возови со атрактивен возен ред што ќе се движат барем со 120 км/ч, а цена на карта иста како автобус, кој нормален би одел со автобус накај Кичево и Кочани? Немаше потреба ни од субвенции да има ако се справеа со дифтарите превозници. |
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #708 Posted: 20-Jul-2023 at 17:45 | |
Од 1 јули се укинуваат 10 железнички стојалишта
Македонски железници траснпорт од 1 јули, годинава укина десет железнички постојки-стојалишта долж пругите во земјава: Стоби, Смоквица, Нова Смоквица, Милетково, Ореше, Пчиња, Кадина Река, Клисура, Згрополци и станицата Даме Груев. Како што појаснија од МЖ за МИА, укинувањето е поради тоа што овие стојалишта не биле рентабилни односно никој од патниците подолго време не се симнувал на нив. Тоа било заклучено по повеќе од едногодишното истражување спроведено од нивни тимови. Воедно, појаснија дека со тоа МЖ ќе заштеди финансиски средства, бидејќи само едно запирање на возот, МЖ транспорт го чини 300 евра. Тие појаснија и дека од три воза, два не запираат на овие станици. Како што посочија и со примери, увидено е дека голем дел од поранешните жителите од село Ореше кои таму одат повремено, користат сопствен превоз - автомобил. Тие, пак, кои патуваат со возот не запираат на станицата во Ореше, туку во Богомила, а потоа со такси до село Ореше. На новинарско прашање што со групи граѓани кои сакаат да одат на пример до археолошкиот локалитет Стоби, како и за останатите стојалишта, кои се укинати, тие појаснија дека е потребно писмено или преку меил да достават барање до МЖ транспорт, кое треба да се одобри, во кој ден и час бараат возот повторно да запре на дадена постојка - стојалиште. https://mkd.mk/node/520955 |
||
За сè има вторпат
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #709 Posted: 08-Dec-2023 at 14:59 | |
Само осум воза предвидени со возниот ред за 2024, железницата во колапс [инфографик]
Патнички возови догодина ќе нема од Скопје кон Кичево, Кочани и Табановци, а ќе нема ниту меѓународен железнички сообраќај од македонскиот главен град. Објавен е возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт, а во него е впишано дека од скопската железничка станица ќе поаѓаат само по осум воза дневно кон Битола, Гевгелија и Велес. Кон останатите релации нема да сообраќаат возови, со што и официјално без ова превозно средство ќе останат граѓаните од Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Штип и Кочани. Возниот ред за 2024 година стапува на сила на 10 декември 2023 година и ќе има важност до 14 декември 2024 година. Од Скопје за Битола се предвидени три поаѓања на возовите во 6:53, 14:30 и 20:05 часот. Од Битола за главниот град возовите ќе поаѓаат во 3:14, 12:47 и 18:23 часот. Предвидено е утринскиот воз од Скопје да сообраќа до Жабени во близина на македонско-грчката граница, кој од ова населено место за Битола ќе поаѓа во 11 часот. Привремено во моментов не сообраќаат два од предвидените патнички возови меѓу Скопје и Битола, а Железници на РСМ-Транспорт допрво ќе определат кога повторно ќе бидат пуштени во сообраќај возовите кои од главниот град поаѓаат во 6:53 и 20:05 часот, како и од Битола за Скопје во 12:47 и 18:23 часот. Од Скопје за Гевгелија од 10 декември е предвидено да сообраќаат по два воза дневно во 6:23 и 16:55 часот, додека од Гевгелија истите ќе поаѓаат во 4:48 и 17:02 часот. Возниот ред предвидува и осум пара возови дневно меѓу Скопје и Велес, со поаѓања од престолнината во 6:23, 6:53, 9:00, 13:20, 14:30, 16:55, 20:05 и 22:40 часот, додека од велешката железничка станица во обратен правец ќе возат во 5:03, 5:46, 6:27, 12:10, 14:24, 15:24, 18:40 и 20:57 часот. Железници на РСМ-Транспорт на почетокот од годинава ги укина возовите на релацијата Скопје-Табановце-Скопје, додека во 2021 година беше прекинат железничкиот сообраќај од Скопје кон Кичево, Кочани и Приштина. Веќе неколку години наназад не сообраќаат експресните возови од Скопје за Белград и Солун, така што граѓаните од земјава подолг период не можат да користат меѓународен железнички превоз. Инаку, податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека заедно со укинувањето на возните линии, кај граѓаните опаѓа и интересот за патување со воз во Македонија. Од јануари до септември годинава со воз патувале само 231.000 патници, што е еквивалентно на бројката на превезени граѓани во времето на ковид-19 пандемијата, кога имаше подолготрајни полициски часови и рестрикции во движењето. Годинава бројките во патничкиот железнички превоз се драстично опаднати и споредбено со лани. Па така, во периодот од јуни до септември 2022 година со возови патувале 108.000 лица, додека истиот период годинава од Железници на РСМ-Транспорт биле превезени само 56.000 патници. Со ваквиот возен ред, Македонија ќе остане на самото дно во Европа по бројот на патнички возови. Помал железнички сообраќај во моментов има само во Албанија, со два воза дневно и во Косово, каде има по четири патнички возови дневно. Мета.мк подолг период наназад пишува дека најевтиното и најеколошко средство за превоз на патници во земјава замира без неопходните инвестиции во железничкиот транспорт. Статистичките податоци велат дека во периодот пред 2015 година, со воз на годишно ниво во земјава патувале и над милион патници, додека во периодот на Југославија железницата бележела и по над 6 милиони превезени патници со тогашните возови, како во внатрешниот, така и во меѓународниот сообраќај. https://meta.mk/samo-osum-voza-predvideni-so-vozniot-red-za-2024-zheleznicata-vo-kolaps-infografik/ |
||
Carpe diem
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #710 Posted: 25-Dec-2023 at 19:06 | |
ВОЗИ САМО ПАТНИЧКИОТ ВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА ГЕВГЕЛИЈА, ОТКАЖАНИ СЕ ЗА БИТОЛА И ЛОКАЛОТ ЗА ВЕЛЕС
Во Македонија денес сообраќаа само два од шесте патнички воза кои се предвидени со возниот ред. Патничкиот воз за Битола од вчера попладне не вози, бидејќи нема дизел патничка гарнитура која е во возна состојба. Поради тоа, ниту утрово се вратил од Битола за Скопје и попладнево не тргнал за Битола. Не се во сообраќај ниту вкупно три локали од Скопје до Велес и обратно. На оваа релација сообраќа еден електричен патнички воз, кој не бил во возна состојба. Од Македонски Железници (МЖ) само кратко кажаа дека возовите се откажани, без повеќе информации. Единствено сообраќаат утринскиот и попладневниот патнички воз од Скопје за Гевгелија и обратно, со тоа што патниците се возат комбинирано воз-автобус. Поради оштетување на железничкиот мост на реката Црна од станица Градско до станица Неготино и обратно патниците се префрлаат со автобус, а потоа продолжуваат со воз. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vozi-samo-patnichkiot-voz-od-skopje-za-gevgelija-otkazhani-se-za-bitola-i-lokalot-za-veles/ |
||
Carpe diem
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #711 Posted: 02-Apr-2024 at 18:25 | |
OД ДВАТА ПАТНИЧКИ ВОЗА ЗА ГЕВГЕЛИЈА, ЕДЕН Е УКИНАТ, ОД МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ НЕ КАЖУВААТ ЗОШТО
Од минатата среда (27 март), укинат е патничкиот воз кој наутро поаѓаше од Скопје за Гегвелија, а попладне се враќаше. Во соопштението објавено на веб страната на АД МЖ Транспорт нема детали зошто возот е укинат, ниту дали и кога може да се очекува повторно да сообраќа. „ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација Скопје – Гевгелија – Скопје дека од ден 27 март, до следно известување нема да сообраќаат патничкиот воз бр. 611 кој поаѓа од Скопје во 06.23 часот и воз бр. 632 кој поаѓа од Гевгелија во 17.02 часот“, пишува во соопштението. За Гевгелија останува да вози единствениот патничкиот воз кој од Скопје тргнува во 16.55 а од Гевгелија во 4.40 часот. На оваа релација сообраќаа два пара патнички возови, и двата електрични. Од пред една недела АД МЖ ТРанспорт ги врати во сообраќај двата патнички воза од Скопје за Битола и назад, кои беа расипани и четири месеци вон употреба. Сите патнички гарнитури кои сообраќаат во земајва се од кинеско производство а пуштени се во сообраќај од 2015. Поради немање доволно локомотиви и патнички гарнитури, од мај 2021 не сообраќаат возовите од Скопје за Кочани и за Кичево, а од почетокот на 2023 ниту возот за Табановце и Куманово. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/od-dvata-patnichki-voza-za-gevgelija-eden-e-ukinat-od-makedonski-zheleznitsi-ne-kazhuvaat-zoshto/ |
||
Carpe diem
|
||
Post Reply | Page <1 343536 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |