![]() |
![]() |
![]() |
Кеј Македонија - Охрид |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() Posted: 01-Nov-2018 at 10:54 |
Кејот во Охрид е еден од најрепрезентативните предели во градот, а дел од него е и заштитен како културно наследство. Истовремено е најатрактивниот дел од целиот брег на Охридското Езеро. Со самото тоа мислам дека најавената реконструкција заслужува своја нишка. Општина Охрид го објави деталниот проект за реконструкција на кеј „Македонија“. Средствата во висина од 1,2 милиони евра ќе бидат обезбедени преку Светска банка и од буџетот на Општина Охрид.
Во Општина Охрид неодамна се одржа јавна расправа за проектот за реконструкција на кејот. Основниот проект е изработен од страна на фирмата „Астрекс“ од Скопје. Проектот предвидува реконструкција на кејот во должина од илјада метри, а треба да заврши до јуни следната година. На расправата учествуваа граѓани на Охрид и претставници на Министерство за животна средина и просторно планирање, Хидробиолошки институт, Заводот за здравствена заштита, Капетанијата на пристаништа, јавните комунални претпријатија од Охрид и претставници на повеќе невладини организации. Во продолжение и документите од основниот проект http://www.ohrid.gov.mk/pdf/URBANIZAM%20Rekonstrukcija%20na%20Kej/457_Kej%20Makedonija_ARHITEKTURA.pdf |
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
podobro da go ostavat kako što e, se plašam deka samo ke bide ušte pogrd a parite potrošeni
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Така некако... мене не ми делува дека ќе се разубави нешто многу кејот, а можеа голема атракција да направат од него. Толку е и капацитетот на некои проектанти, а и на општината. Ако ништо друго како придобивка го гледам тоа што ќе ги тргнат бекатон плочките и ќе постават гранит, а ќе ги променат и сите клупи и корпи за отпадоци. Е сега дали тоа вреди 1.2 милиони евра е друг муабет...
|
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Не успевам да ги отворам фајловите, нешто ми е спор интернет. Но можам да претпоставам што има во нив. Стандардниот сет на поплочување, клупи и сл што ко прави секоја нова локална власт. Она што јас неможам да го преболам во врска со кејот, се подпросечните објекти кои се таму изградени, а зборуваме за можеби најатрактивните неколку километри во цела држава.
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Мислам дека тоа ниеден Охриѓанец не може да го преболи, освен оние што профитираат од тоа. Интересно е колку лесно ги узурпираат тротоарот и улицата угостителските објекти, со отворањето на Су Хотел почнаа да ја узурпираат и тревата на кејот, а да не зборуваме за сите оние панаѓури, лесковачки скари и други глупости секое лето на кејот. Како што кажа, најатрактивни неколку километри, ама инстант добивката е побитна од долгорочна визија... како и во останатиот дел од мк.
Инаку проектот воопшто не е од новата власт туку од претходната, но новата претпоставувам во недостиг на проекти влегоа во негова реализација иако до вчера го критикуваа и го нарекуваа непотребно трошење пари. Мнозинството улици и тротоари во Охрид се распаѓаат, ама ќе има кеј од 1.5 милиони евра... |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Цената не е лоша за 1км. Ќе ставаат и некакви цилиндри како бариера со езерото. Но од тоа што се гледа на катастрофалните рендери, поплочувањето и урбаната опрема изгледа неинвентивно и застарено. Ќе беше добро и да се предвидеа дополнителни докови за мали пловни објекти и постојки за такси кајчиња.
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Сега уште марина и катна гаража и ќе заличи на туристички град.
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Рендерите ги има во архитектонскиот основен проект, ама не ги постирав бидејќи се мизерни. Мислам дека ќе испадне нешто сосема поразлично на крај.
Инаку за коментарот погоре од axelsend за марина и катна гаража, не знам дали е само тоа доволно за Охрид да премине на друго ниво. Услугите за локалните жители сеуште се на многу ниско ниво... Да бев јас во позиција да одлучував, паркингот позади киното што го планираа за катна гаража ќе го направев голем парк, гаражи не се градат на 20 метри од езеро. Булевар Македонски Просветители (улицата што е паралелна со чаршијата) ќе ја затворев за сообраќај и ќе ја направев микс на парк, пешачка и велосипедска зона. Не знам дали е спомнато досега, во новиот пазар што се гради (постирав вчера слики до каде е) ќе има подземен паркинг од 200-250 места што е одлично за таа локација. Тоа ќе е прв јавен организиран паркинг во Охрид. А марина... за мене е најбитно да престанат да го полнат со нафта каналот од мостот до Билјанини Извори. А потоа кајчињата и глисерите нека ги носат каде сакаат ![]() |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Проектот за реконструкција на градскиот кеј нема да го финансира Светска банка? Реконструкцијата на градскиот кеј во Охрид нема да биде финансирана со средства од Светска банка, неофицијално дознава OhridNews. Банката имаше распишано повик за доделување грантови од областа на туризмот, на кој општината конкурираше со проектот за реконструкција на кејот, но тој не се најде во потесниот избор. Покрај средства од Светска банка за реализација на проектот беше предвидена и контрибуција од општината. За проектот општината изработи комплетна планска документација, која сега останува да се реализира од други извори. Проектот предвидува да се опфати должина од еден километар, поточно од градското пристаниште до пред хотел Милениум. Како што информираше неодамна локалната самоуправа на одржаната јавна презентација, истиот предвидува и дополнително навлегување во езерските води од 96 сантиметри. Вкупната вредност на проектот беше проценета на 1,2 милиони евра. Инаку обиди и ветувања за реконструкција на кејот имаше и од
претходната локална самоуправа. Во 2014 година Општина Охрид објави
конкурс за избор на идејно архитектонско решение за партерно и
хортикултурно уредување на кејот „Македонија“, од градското пристаниште
до каналот Студенчишта. Како што беше потенцирано од тогашната градска
власт, со новиот изглед на овој дел од градот ќе се придонесе за подобра
туристичка промоција на градот. Подоцна беше најавено дека
реконструкцијата на кејот ќе започне во септември 2016 година, како дел
од еден поширок проект за модерно уредување на потегот од каналот
Студенчишта до Горица и кејот од едната страна на каналот до Билјанини
извори. |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Подготвена Студијата за Оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти за проектот „Реконструкција на Кеј Македонија – Охрид“ Во склоп на проектната документација за проектот за “Реконструкција на “Кеј Македонија“ – Охрид“, подготвена е Студијата за Оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ОВЖССА) за истиот проект.
Заинтересираните граѓани, правни и физички лица можат да ја погледнат електронската верзија на Студијата на web страната на општина Охрид, а печатената верзија може да се најде во одделението за заштита и влијание врз животна средина при Секторот за урбанизам и заштита на животната средина. Сите забелешки и сугестии во однос на содржината на ОВЖССА Студијата се добредојдени и истите можете да ги испраќате на e-mail: urbanizam@ohrid.gov.mk или по пошта на следната адреса општина Охрид, ул.Димитар Влахов бр.57,Охрид кои ќе бидат анализирани од консултантскиот тим и надлежните служби во Општината. Студијата ќе биде достапна за разгледување и доставување коментари во рок од 30 дена од денот на нејзиното објавување. http://www.ohrid.gov.mk/pdf/SEA//Studija_Kej_Makedonija.pdf |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Еден update овде бидејќи пред една година е последниот пост - проектот е стопиран поради случувањата со УНЕСКО и повлекувањето на Светска Банка од финансирање на истиот. Нема најава дека нешто би се случило во врска со ова во текот на 2020.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Охрид ќе добие нов кеј.
Со гордост можам да кажам дека со одлука на Влада се обезбедени првите 38 милиони денари наменети за реконструкција на кејот. Обезбедени се 38 милиони денари за реконструкција на кејот „Македонија“ Целиот проект ќе чини околу 90 милиони денари Дополнителните средства наскоро ќе бидат обезбедени Реконструкцијата ќе започне на пролет 2021 ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |