![]() |
![]() |
![]() |
Служби за тревожење и спасување |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 456 |
Author | |
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
![]() Не ме сфати. Критиката не се однесуваше до тебе, туку за демантот на МВР што си го преземал од КУРИР во кој се вели: МВР испраќа демант на шпекулациите кои деновиве излегуваа во јавноста. Имено на подрачјето на северната скопска обиколница во критичниот момент на 06.08 кога беше поплавена и оштетена, сообраќајот беше пренасочуван од клучка Хиподром до клучка Радишани и обратно, а согласно тековните распореди за работа од 08,00 до 20,00 часот од автопатската мобилна единица имаше една патрола од двајца полициски службеници, еден сменоводител и двајца самостојни инспектори, а од 22,00 часот уште една патрола, а одкога почнаа поплавите се зголеми ангажманот на полициските единици така што освен автопатската полиција, ангажирани беа и пет патроли од Единицата за јавен ред и мир за пренасочување на сообраќајот на подрачјето на Гази Баба, а потоа беа ангажирани и специјалните единици. Кога потоа и oткога беа ангажирани патроли за пренасочување? И ако е така како што велат, тогаш што правеше херојот Веле Богатиновски на Обиколницата сè до доаѓањето на полицијата!? Дали треба ние да ги проголтаме овие идиотски оправдувања, нели? А ако дотичниве биле толку ефикасни, да те прашам мој форумски пријателе, каде се кога во Куманово Ромчиња возат ролери по коловозот на главните градски улици помеѓу автомобили во движење? Или па оправдувањето на ДЗС што си го постирал? Салиу: Срамота е некој да ја негира работата на Дирекцијата за заштита и спасување Поради тоа што немал право да реплицира, Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу надвор од собраниската сала даде изјава за медиумите во која посочи дека е срамота некој да ја негира работата на Дирекцијата. Во РМ законски и во пракса постои СИСТЕМ за справување со кризи со институции во кои работат над 600 луѓе: Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ЦУК е поглавно тело и има улога на проценка, планирање и менаџмент со кризната состојба, додека ДЗС е главното оперативно тело, кое треба да ја има механизацијата, материјалните резерви, тимовите за брз одговор, но исто така да врши планирање, проценки и справување со кризна состојба Основни два документи, се Проценка за загрозеноста на Република Македонија од природни и други несреќи и Национална стратегија за заштита и спасување. Во Проценката, документ од 2007 година, се наведува (стр. 17): …Врз основа на претходно наведеното, може да се заклучи дека преземените инфраструктурни мерки и активности во однос на заштитата од поплави не се доволни и не обезбедуваат ефикасна заштита од поплавите кои секоја година во помал или поголем обем ја зафаќаат Република Македонија. Водостопанските објекти во Републиката недоволно и несоодветно се одржуваат, што претставува голема пречка во ефикасноста… во заштитата и спасувањето од поплавите....Системите не се во функционална состојба, така што и при појава на врнежи од помал обем, водата се излева и поплавува. Во Националната стратегијата за заштита и спасување , се наведуваат и следниве приоритети: – заштита и спасување од поплави Покрај основните закони и стратешки документи, постојат повеќе десетици подзаконски акти, уредби, правилници, упатства, интерни акти за разни типови активности и постапки при несреќи и акции за спасувања. Еве што вели еден таков подзаконски акт, наречен Уредба за видот и обемот на материјалните средства за заштита и спасување: Член 2 Видот на потребните средства кои треба да се обезбедат како резерви за настраданото население е: – прехранбени производи (житарици, компир, грав, сол, шеќер, масло за јадење, храна од животинско потекло, млеко и млечни производи), – прибор за јадење (порција, нож, виљушка), – лекови и медицински потрошен материјал, – средства за одржување хигена (хигиенско санитетски комплети), – средства за престој и сместување (шатори, вреќи за спиење, ќебиња и перници) и – садови за вода (канистри и помали садови). Член 3 Распоредувањето на средствата од член 2 на оваа уредба ќе се врши по човек и семејство во количина или обем како следи: – прехранбени артикли по човек во висина не помалку од 2100 ккал, – еден прибор за исхрана по човек, – еден семеен пакет за одржување лична хигена за еден месец, – еден шатор за сместување со капацитет од 4 – 12 лица за едно семејство, – по едно ќебе, вреќа за спиење и перница за едно лице, – лекови според потребите утврдени од здравствена служба, – садови за вода по еден канистер за семејство и – нафтени деривати според извршена проценка на потребите. Член 4 Резервите од материјалните средства од членот 2 на оваа уредба се обезбедуваат за загрозено население од 5.000 лица за времетраење од 30 дена од настанувањето на непогодата Што направија од горенаведеното? Што обезбедија? ![]() Oд 2007 е документот! Кои мерки ги преземаа оттогаш бидејќи инфраструктурни мерки и активности во однос на заштитата од поплави не се доволни и не обезбедуваат ефикасна заштита од поплавите кои секоја година во помал или поголем обем ја зафаќаат Република Македонија? СКОПЈЕ 2014??? TOA БЕА ПРИОРИТЕТИ? Дај за OВА да прочитаме во Курир. http://www.dzs.gov.mk/extra/doc/ОДЛУКА_ЗА_ПРОЦЕНА_НА_ЗАГРОЗЕНОСТ.pdf http://www.dzs.gov.mk/extra/doc/НАЦИОНАЛНА_СТРАТЕГИЈА_2014.pdf Edited by phenomenon - 21-Aug-2016 at 23:03 |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
чек сега ти без да цитираш или посочиш за кој пост коментираш очекуваш дека јас ќе ти решам ребусот дека си реплицирал на абер постиран 10 поста уназад, и остај друго сред олимписко финале у баскет, како да го сватам твојот коментар, та нормално дека рефлексно одговарам ко да мрчиш апропо постираниот текст во однос ДЗС и ер-тракторите така да навистина лошо сум сконтал кога навистина лошо си реплицирал ... туку за твоите забелешки ... ех камо вака креативно да распалуваат сите колку и да им се недоносени поентите, просто само низ дебата ќе се инајдат решенија и никако поинаку! ~ сепак би ти препорачал да ги систематизираш попрецизно недоумиците и поентите бидејки вака се истурени од ракав и треба воедно и јас да реплицирам апропо некој мој став, пример подршката за службите, а дополнително да разглабам околу нивните оправдувања односно институционална операбилност и новинарска концизност |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
што е до приоритетите, кај нас истите и не постојат, ами само популистички се штимаат, а одговорностите за каналите по дефаулт со самата децентрализација им отпаднаа на општините, но да не паламудам дека централната власт нема одговорност, напротив ДЗС требало да им биде како дамоклов меч на општините апропо кризните планови кои ко што е наведено и понапред сега ги штанцаме со помош на ИПАРД, но нит законот е доречен кој се и како се треба да ги примора општините на екпедитивност, а и општините реално се двапати сполабо административно наштимани него централната власт, и конечно сеедно што и едните и другите дремеле, но каде биле новинарите и научниците за ова да тревожат туку сега отпосле крекаат за потковица, абе така е кога имаме сеирџиски наместо граѓански табиет дури и ко општество, та зар си чул а не па да видиш некој за екологија да дума и говори од новинари, чинам на која и дае од извиканите јавни дебатни емисии освен кај Миленко немам другде видено да се промовираат еколошки теми, све само актуелни сензационалистички филмои а капак и ко граѓански сектор све исфрустрирани партизани дефилираат, наместо вонинституционално ангажирани научници и студенти, кои неформално би барале грешки во системот, воедно нудејки решенија за истиот, додека ова саде само изботирани дронои кои ќе одработуваат за нечија агенда, та и бетер не само ботои туку и куршлуси со шорт-сиркит визии за некакво рушење системи во последниот случај преку молерај револуции ~ абе к'смет да имаш и млади и напредни сили, а да немоат да си најдат начин како и каде да се изразат, та неефективно тилтаат или по е-ќумези или на градски булевари, саде марширајки ќе се сторат во армија, може ако имаа лавоски срца во градите па успат и гребеа асфалт при маршоите наздравје нека им е на сите, функционални ко за на хартија, а реално уште светлосни години сме од европа |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
конечно некој да се огласи и од институциите дека постои проблем околу консолидација на силите во однос кризни ситуации, а за кои логично би било и АРМ и ЦУК и ДЗС да имаат заедничка стратегија, повторно ќе напоменам за ова треба да се користи пред се воената и полициската резерва, додека редовната армија и полиција да бидат координатори околу спроведувањето на задачите но се додека некој на ова не укажеше уште долго армијата ќе беше прв и последен осигурач при непогодите, иако вакви ситуации воедно се тренинг па и проверка за неа, сепак ни треба и поздрав систем на цивилна заштита
|
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
впрочем до пред една деценија само АРМ беше надлежна за кризни времиња, а заради нато кандидатурата и стандардите ја растеретија та ЦУК, ДЗСИ и Граничната Полиција излегоа од нејзиниот состав, а сега враќање назад нема, освен од воената и полициската резерва да се формира модерна цивилна заштита, која би можела да ја помага и граничната полиција по потреба освен што би била на готовс за секакви непогоди 08.12.2004 - Сирените за тревожење редовно се одржуваат, но не се испробуваат - http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1647&stID=26743&pR=12
Edited by beTon - 22-Aug-2016 at 18:22 |
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Прочитајте го постот на Cresevo од 2009 година:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84&PN=15 |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
ова навистина е паметно решение, бидејки ваква мерка до сега беше возможна само доколку е прогласена вондредна состојба, односно владата без параф од собранието да интервенира инстантно со средства во дадена непрлика, односно во случајов непогоди ... реално во кризни ситуации до сега за да се извадат експресно поголеми средства требаше носење ребалнс на буџет кој трае месец дена, а во случај да треба евакуација или заштита на дадена област навистина е смешно за такво нешто да чекаме на помош од комшилук бидејки нели кај нас законот не дозволувал итна распределба на средства од буџетот а за греота и опозицијата која упорно тврди дека ова решение нечини, наместо да понудат соодветен амандман, во кој пример би се барало бар параф на ваквата владина одлука и од претседателот на државата како експресно решение наспроти одлука од собранието, знаејки дека за вакво нештп понекогаш нема време за дебати бидејки во прашање се и минути за да се спасат нечии животи, можеби некоја соодветна кризна комисија при собрание би била добра алтернатива доколку претседателот е спречен да ја потврди ваквата итна релокација на буџетски средства итн. битно и вакво какво што е ршениево е идеален компромис за помош на настрадани или загрозени при разно-разни кризни ситуации, ако се сеќавате и при конфликтот бидејки немаше прогласено вондредна состојба мака се мачеше со леснотија да се згрижат пр. матејчани, лешочани, арачиновци додека помина сета рамковна буна, а камо тогаш народ да беше вака хуманитарен како овојпат, заради што неопходно е и законски да се промовира односно агитира апропо волонтерството односно донаторството [1]
|
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Повторно поплавени дворови, подруми и гаражи во Стајковци.
http://meta.mk/povtorno-poplaveni-dvorovi-podrumi-i-garazhi-vo-stajkovtsi/ Кога ли поминаа сто години? Времето на оние на кои им одлетале чавките, им летнало многу побрзо отколку на Фобос. |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
кој би рекол, 3-тина од популацијата ангажирана во цивилна одбрана на земјата, кај нас и 10-тина да биде ќе прижевееме, нормално ако има и кој долгорочно да ја планира, но ова е пред се анти-нуклеарна вежба [1][2] во вторава фуснота се укажува и на америчкиот пронуклеарен табиет кој впрочем е и причина за вакви годишни вежби во последнава деценија во Русија, нешто што америте воопшто не го тајат нит пак русите за тоа се тревожат [3][4] колку што за останатиот свет делува чудно
|
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
брмчејќи за ризици од хакерски напади по видео надзор, налетав на видеово кое во однос IoT и Сирените треба и нам да ни е поука ... https://arstechnica.com/information-technology/2017/04/dallas-siren-hack-used-radio-signals-to-spoof-alarm-says-city-manager/ |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
кога наште служби ќе дочекаат некој новитет, тоа основна опрема немаат [1] а не па нешто вонсериско ... http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1487&PID=280132#280132 можеби аир ќе видат ако Народ земе на ангро со гараж-сајантист мајндсет да волонтира, но за такво нешто Млади Напредни Сили пр. при Техникс Домои би стркалале свои еФоруми а таму се раздумаат како со минимум максимум противпожарно би се бустале ПП Бригади ... |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 456 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |