![]() |
![]() |
![]() |
Село во град |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Author | ||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Од сателит чим се гледа, што друго останува ![]() Се надевам барем дека на посочениве локации не се чува добиток или живина. Edited by Cloverstack - 20-Mar-2010 at 00:11 |
||
![]() |
||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
|
Се чува се чува, нешто малку живина, али многу е смешно, имаш куќа со импровизација за автомеханичарски работи помеѓу Лептокарија и бараките на општината, па имаш половина трошни половина какви такви куќи измеѓу Деловна зграда, пошта и сега бензинска во изградба која е веднаш до општинските бараки, и имаш растурени куќички половина ненаселни помеѓу супермаркет, високат зграда и моментално нефункционален мал трговски центар. Толку многу контрасти на толку мал простор. ако е убаво времето и имша време прошетај се измеѓу и сликај градешни контрасти.
@Supervisor Да да знам има многу делови во скопје со Тумори, и да во чаир е најголемиот тумор, се вика Дижонска, али јас сакам да претставам и друга форма на оваа појава, каде не е во едно купче туку е распрскана измеѓу урбанизирани ентитети Edited by mirakuliks - 20-Mar-2010 at 00:51 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Па Дижонска е останата после урбанизацијата и изградбата на станбените блокови во Чаир и Топаанско Поле. Измеѓу е, вероватно било во план, ама не се продолжило. Една голема неефективна површина.
А Владимир за сликата како нарачана од Бувљак. Сабајле пројдов туку и додека да извадам телефон од џеб веќе пројдов, ме мрзеше да застанувам посебно. Уствари џабе да критикуваме кога немаме организиран пазар за стари работи. Да има некаде понастрана некој паркинг или некоја слична површина каде што ќе биде дозволено вакво собирање, нема да има ваков проблем и со ѓубрето оставено и со гужвите. А друг голем проблем што и не баш онтопик, е колку што сум запознаен голем дел од таа стока е од сомнително потекло и вероватно украдена што само говори колку е потребно да се среди оваа појава. |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Преземено од фан клубот на Мила Искреновиќ на фејсбук:
Тафталиџе ![]() ![]() Теодосиј Гологанов ![]() ![]() |
||
![]() |
||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
|
На првата слика до општината од страна на Никола Русински е наша куќа. Секогаш кога одам таму ми е некако чудно, како помал и по малце срам. Иначе куќата постои одамна, и сега колку што знам се води денационализација ( колку сум точен незнам, така нешто, или пак било екпроприирано па сега да го вратат, незнам) за дел од местото на кое се наоѓа општината. Најверојатно ќе биде вратено, имаше некои потешкотии, ама изгледа ќе го вратат. После тоа не знам, ако се согласат со чичко ми и вујко ми, може ќе се продава, со цел да се прави стамбена зграда на местото. Но незнам ништио повеќе. Инаку местото и куќата се во солидна состојба, незнам кој поминал, е сега за во град незнам колку е пристојно, но е средено. Куќата вујко ми ја среди пред некое време. Има едно мало базенче со фонтана, внатре риби Но да не должам. Патем една од причините за нова општинска зграда на општина Карпош, веројатно е и ова. пс. Има и патки, или незнам што се ама убави бои имаат, ама ги држи во ограден простор, а да и желки. И така, и не е така одбивно, но и не му е баш место. А козите, не ги очекував баш да ги видам до некоја зграда. Edited by FoSsiL - 13-Apr-2010 at 22:59 |
||
![]() |
||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|
СРАМТА НА СКОПЈЕ
Се руши без заштитна ограда, тотално загадена сета околина и прекрасна глетка на кампери ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
41°59'8.60"N 21°26'14.88"E
![]() |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
41°59'4.71"N 21°26'15.66"E
![]() |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
01.
![]() 02. ![]() 03. ![]() |
||
![]() |
||
Supervisor ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Jan-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1220 |
![]() ![]() |
|
![]() Трасава на бул. 11 Октомври или крајниот дел на Првомајска према центар, плаче за рушење се гледа дека во Кисела Вода не зачекорило урбанизирање долго време. |
||
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
||
![]() |
||
Swimmer ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 09-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 294 |
![]() ![]() |
|
ВО СКОПЈЕ КАКО ВО СЕЛО
Коњи пасат во жардиниерите Коњи оставени да се напасат во градското зеленило, деновиве повторно може да се забележат низ скопските населби. Редовни локации каде што животните може да се видат како зобаат од тревата се булеварската жардиниера во населбата Аеродром која што со широкиот простор и со тоа што во поголемиот дел нема засадени дрвја или цвеќиња е одлична полјана за коњите, а ист е случајот и со дивото зеленило во близина на Комплексот банки. Ги има и по парковите во населбите, на несреденото зеленило во Ново Лисиче и во Маџари, а може да се забележат и на повеќе други локации. Коњите впрегнати во коли се главното превозно средство на дел од Ромите што живеат во градот и кои непрописно ги пуштаат животните по парковите и по зелените простори. Проблемот е долгогодишен, а почеток на неговото решавање летово најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски. При последната посета на „Вардариште“, тој даде предлог слободните коњи прво да се носат на преглед во стационарот, па потоа да се сместуваат во Зоолошката градина. Во Град Скопје сега велат дека иницијативата на Трајановски е во насока на тоа целосно и долгорочно да се регулира прашањето кое со години не е решавано. - Надлежните служби од Град Скопје веќе работат на разработка на иницијативата, но е потребно време, имајќи предвид дека проблемот со коњите е сложен, опфаќа повеќе сегменти на јавниот живот и не зависи само од нашата волја, туку треба да се регулираат повеќе сфери од областа на заштита на животната средина, запрежните возила во сообраќајот, и на крајот комуналниот дел од надлежностите на Градот и на општините - велат од одделението со односи со јавност. Во „Комунална хигиена“, под чијашто надлежност е стационарот, и во Зоолошката градина, воопшто, не слушнале дека коњи ќе се прегледуваат во „Вардариште“. Во комуналното претпријатие рекоа дека тие имаат само ветеринари за третирање на кучиња скитници, а во Зоолошката градина сметаат дека овие животни мора да се носат во ветеринарната управа каде што ќе им се прават тестови на крвта и други анализи за да бидат сигурни дека нема да пренесат некоја зараза во градината. Според директорот Дане Кузмановски, проектот за сместување на коњите се работи заедно со градот и нема да биде готов до крајот на годината. Замислата е за нив да се направи посебен дел во Зоолошката градина, во кој тие ќе се сместуваат издвоени од другите животни, како вид карантин.
|
||
![]() |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
41°59'55.10"N 21°24'46.91"E
![]() |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() Најевропската улица во Битола. Ха! |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() Денес минував оттука и навистина е грозна сликата како за центар на град е голем срам да стои вака неурбанизирано,истото важи и за делот на Ново Маало особено околу седиштето на Тиквеш околните куќарки и бараки се тотално распаднати.Незнам дали овој дел е под мораториум или не но во секој случај предолго време стои работат во место,изградија 1-2 деловни објекти и застанаа. |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Што мислите, дали може да се воведе нова категорија на објекти кои би подлежеле на експропријација под причина дека се небезбедни објекти за живеење и дека државата неможе да си дозволи нејзини граќани да бидат под таков ризик, во смисла на заштита од земотреси. Тоа би биле куќи градени со несовремени методи, без бетонско-армирани конструкции, ќерпичи (непечена тула), дрвени греди во веќе од неколку децении. И конечно да се најде причина да се расчистат многу вакви селски амбиенти низ големите градови. Скопје во голем дел и со земјотресот има расчистено, ама има по други градови ова е масовна појава. Неодмана имаше руштење склонопадни куќи во Штип и Куманово, еве сега во Кочани за ослободување место за булевар, ама ова мора да се прави почесто и понекогаш од естетски причини. Мора да се најде законска основа за расчистување овакви дури и кога урбаниситички не сметаат на развојот, сепак да има модел како да се расчистат.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Најчесто како пречка(ако може така да се каже) се имотно правни односи,хипотеки и слични судски спорови и процеси кои ги држат во распадната и руинирана состојба многу од куќите и зградите и во Скопје и низ другите градови со тоа што во Скопје е многу поверојатно нешто да се изгради на нивно место во догледно време што е доста потешко во провинција. Сигурно дека може да се најде некое решение на пример дека претставуваат јавна грубост во просторот дека ја нагрдуваат околината и спречуваат развој на градот(ако има планирани улици,булевари и слична инфраструктура),може да се најдат сопствениците да се известат за ситуацијата па или сами да постапат или локалната самоуправа да има поголеми ингеренции и да им наплати за извршено рушење или што и да е.
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Опашките“ што метрополата ја прават паланка
![]() ![]() ![]() Чување и напасување добиток и живина во урбаната средина на главниот град Скопје Постојат ли стандарди што еден главен град треба да ги исполнува за да можат неговите жители да го наречат метропола и да се гордеат со него? Секако дека постојат. Главните градови на државите освен што се административни центри, во светот се одликуваат со високо ниво на хигиена, широки улици, урбано зеленило, жардиниери на булеварите, големи велосипедски и пешачки патеки… Факт е дека Скопје низ годините многу се градеше за да добие ваков епитет. Градот воопшто не личи на оној од пред дваесетина или триесетина години, но сепак сѐ уште постојат „опашки“, кои не само што не се одлика на главен град туку и претставуваат опасност по неговите жители и учесници во сообраќајот. КОЊИ ПАСАТ ТРЕВА ПО ДОЛЖИНАТА НА БУЛЕВАРИТЕ Скопје има голем проблем со добитокот на неодговорните граѓани, кои го пуштаат низ улиците и парковите и таму го оставаат. Можеби еден од најголемите проблеми на градот се слободно пуштените коњи на зелените површини, кои може да се видат дури и во средишните жардиниери на булеварите. Граѓаните за овие проблеми постојано реагираат на социјалните мрежи, каде што објавуваат фотографии од добитокот што е оставен слободно да шета и пасе во зеленилото низ градот. Најчесто таква слика може да се види во општините каде што има повеќе зеленило. Сепак, во воздухот лебди прашањето чии се тие коњи што честопати може да се видат како слободно пасат трева, претставувајќи опасност не само за жителите туку и за себе. – Среде булевар, среде главна улица постојано сме сведоци на коњи што пасат трева во средишните булевари, но и во околните паркови. Немам ништо против ниту едно домашно животно, ниту пак против тие што ги чуваат, но во конкретниов случај имам против неодговорноста на оној што ги пуштил така слободно да пасат трева. Луѓе се плашат да возат покрај нив, страв им е бидејќи станува збор за големи животни, кои лесно може да се исплашат и во таа паника да предизвикаат инцидент со човечки жртви – вели Николина Јовановска, жителка на Ѓорче Петров, каде што неодамна беа забележани коњи како пасат трева. Голем проблем, како што велат жителите, е токму тоа што коњите излетуваат на улиците, но и скокаат пред автомобилите, со што претставуваат опасност за возачите и за преостанатите минувачи, независно дали се пешаци или велосипедисти. – Малите деца најмногу им се радуваат на коњите, бидејќи денес е ретко да се види коњ како слободно шета и пасе трева. Сепак, токму оттука и демне опасноста. Не знаеме какви коњи се, може да ги нападнат децата од страв за сопствениот живот – вели таа. СКОПЈАНИ ЧУВААТ И КОКОШКИ, КОЗИ И ДРУГ ДОБИТОК За жал, во градот не се проблем само коњите. Во многу скопски населби на големо се чуваат кокошки, овци, кози, па и свињи. Тоа многу лесно може да се утврди, бидејќи мирисот што се шири околу шталите каде што се сместени животните на моменти дури е неподнослив. – Соседите чуваат коњ, кози и кокошки. Кокошките постојано им бегаат од дворот, па редовно ги имаме и кај нас во дворот. Козите, пак, се пребучни и понекогаш навистина е неиздржливо да се живее покрај такви соседи. Жално е што живееме речиси во Центар, бидејќи Чаир е релативно блиску до централното градско подрачје, а се справуваме со вакви проблеми. Дополнително, реата што се шири е неподнослива. Неколкупати досега реагиравме до соседот, но залудно е, воопшто не му е грижа за тоа што нам ни пречат животните, особено затоа што не смееме ниту да седнеме во дворот, бидејќи мирисот навистина е неподнослив. Сепак, постојат одредени правила што мора да се почитуваат доколку некој сака да чува добиток. Првенствено да се тргне настрана, каде што со своите постапки нема да им пречи на другите – вели Анета Димитриева, жителка на Чаир. ГРАДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ИНТЕРВЕНИРА, НО ВАКВИ СЛУЧАИ СЀ УШТЕ ИМА Градските власти велат дека според членот 25 од Одлуката за комунален ред на Град Скопје „на јавните зелени површини не е дозволено чување и напасување добиток и живина“. Според членот 84, став 1, од Одлуката за комунален ред на Град Скопје, „на подрачјето на градот Скопје се забранува чување, терање, напасување и хранење животни и живина“. – Во случаите со коњи и друг вид добиток, ние како институција интервенираме на неколку основи за овие прашања, каде што ако животно почине на јавна содржина, екипи на ЈП „Комунална хигиена“ ја подигнуваат мршата. Дополнително, токму за случаи со коњи што слободно шетаа по паркови и јавни површини, ЈП „Комунална хигиена“ набави приколката за превоз на крупен добиток (сега предадена на ЈП „Лајка“). Оваа приколка се набави по иницијатива на месните заедници и на граѓаните, бидејќи имаше многу случаи кога коњи шетаа по јавните зелени површини и по жардиниери низ градот и имавме проблем како да ги пренесеме од местото на заловување до местото одредено за престој – информираат градските власти. Оттаму додаваат дека изминативе години за ваков проблем неколкупати е интервенирано, а во голем број случаи никој не дошол да ги подигне животните, по што тие биле однесени во резерватот во националниот парк Јасен. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/опашките-што-метрополата-ја-права/ |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |