![]() |
![]() |
![]() |
Кеј на река Луда Мара - Кавадарци |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Стопирана реконструкцијата на коритото на Лида Мара
Се стопираа активностите околу реконструкцијата на коритото на реката Луда Мара во Кавадарци. Никој од надлежните се уште не излегува со официјална информација кои се причините. Граѓаните кои живеат во непосредна близина на реката револтирани велат дека на местото на природната околина сега добиле градилиште со камења и шут насекаде. Целата постапка за реконструкција на кејот сега за нив е само влетување во авантура, бидејќи сметаат дека илузија е да се гради, ако некој не е надарен да ја разубави Општината. Неофицијалните информации со кои располагаат тие велат дека изведувачот на работите го напуштил теренот, зашто не му било платено за досега сработеното. Зошто се запрени работите на коритото на реката Луда Мара во центарот на Кавадарци, од Европската агенција за реконструкција не успеавме да добиеме одговор. “Локалната самоуправа не е надлежна за овие работи”, вели градона- чалникот Панчо Минов. Тој се надева дека проблемот ќе биде брзо надминат, бидејќи и за него ова е непосакувана и лоша постапка што директно ќе влијае на изгледот на градот. Во моментот кога нашата екипа беше на терен, таму имаше само еден работник од гостиварската фирма која работи на реконструкцијата на реката. На терен бил зашто морал да дозаврши некои работи и да го надгледува објектот. Од него дознаваме дека во изминатите два - три месеци, работеле четириесетина градежни работници. Тој не знаеше да каже зошто неговите колеги се повлеч ени од градилиштето. Планот за реконструкција на кејот на реката Луда Мара предвидуваше
работите до мостот кај месноста Јаворот да завршат до мај. Да се уреди
просторот околу реката одлучи Советот на Општина Кавадарци, откако
Општината доби награда од 250 илјади евра од Европската Унија за
најдобар проект за локален развој. |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
„Луда Мара“ „лудуваше“ по кејот
20 Март 2012 Импровизираната брана под главниот мост на реката Луда Мара која беше
поставена за време на верскиот празник „Водици“ го намали протокот на
вода во услови кога топењето на снегот на Кожуф планина предизвикано од
наглото зголемување на температурите го зголемија водостојот на реката,
предизвикувајќи поплава на шеталиштетото од кејот.
Во петочната вечер, шеталиштето по кејот на реката во делот околу главниот мост беше целото под вода, но веќе утредента по брзата реакција на градските служби кои ја урнаа браната „Луда Мара“ се врати во своето корито. |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Фино изгледа кејов во Кавадарци
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |