Се изработува проектна документација за ТИРЗ Радовиш http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Industriski/TIRZ%20Radovis/TIRZ%20Radovis%20mapa03.jpg">
Дирекцијата
за технолошко индустриски развојни зони потпиша договор со „Прима
инженеринг“ од Скопје за изработка на проектната документација за
технолошко индустриската развојна зона во Радовиш. Планирано е во
наредните осум месеци да се завршат неопходните проектантски услуги, а
склучениот договор е во вредност од 3.436.359 денари или околу 56 илјади
евра. Државното земјиште за привлекување на нови странски инвеститори
во Радовиш е лоцирано во месноста „Долна Рудина“ и се простира на
површина од околу 10 хектари. Покрај зоната минува постоечкиот
магистрален пат А4 (М-6), во нејзина непосредна близина е зацртан идниот
автопат и магистралниот гасовод кон Струмица. За индустриската зона во
Радовиш е изработена државната урбанистичка планска документација, а
завршени се и потребните геомеханички и хидролошки истражни работи.
На ниво на Македонија, досега е започната изградбата на технолошко
индустриските развојни зони во Скопје, Штип, Гевгелија, Кичево и Прилеп.
Во најнапредна фаза на реализација е ТИРЗ Скопје 1, во која целосно е
завршена неопходната инфраструктура за идните производствени погони на
странските инвеститори. Пред неколку недели беше донесена http://www.build.mk/?p=22033 - одлуката за давање под концесија на ТИРЗ Тетово на норвешката компанија „Нормак инвестмент груп“ ,
која ќе управува со просторот во наредните 96 години, а за
индустриските зони во Струга, Ранковце и Струмица е предвидено да
започне постапката за изградба во претстојниот период.