



Св. Петка Во тек е изградбата на првата летна црква во селото Сарчиево Штипско, финансирана од страна на бизнисменот Стојан Давчев.
Во
моментов интензивно се работи на изградба на летната црква Св. Петка,
во манастирскиот комплекс во селото Сарчиево, која треба да биде
изградена до 8-ми август, кога е и верскиот празник Св. Петка. На овој ден за кога е планирано осветувањето на првата летна
црква во Македонија ќе присуствува поглаварот на Македонската
православна црква г.г. Стефан, како и владици од регионот, а планирано е
присуство на премиерот на Република Македонија.
Камен темелникот на
црквата се постави кон крајот на месец Април и беше осветен од страна на
Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион. Ктитор на црквата во Сарчиево е одамна иселениот сарчиевец Стојан Давчев.
Параклисот се гради од причина што на денот на Св. Петка на 8-ми
август има премногу посетители и со оглед на тоа што неможе да се следи
литургијата во храмот параклисот кој се гради ќе биде озвучен за да
можат сите присутни да ја следат литургијата. Но со тек на времето и
оваа црква станува мала со оглед на големиот број на посетители кои
доаѓаат на денот на Св. Петка, па црковниот одбор одлучува да ја подржи
иницијативата на г-дин Стојан Давчев за изградба на нов храм. Ова место ќе им служи на сите луѓе кои ќе го посетат овој храм да го најдат својот духовен и телесен одмор. http://sarcievo.mk/
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|