Print Page | Close Window

Мал Ринг

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбанистички целини
Forum Discription: Урбанистички планови и градски микролокации
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132
Printed Date: 02-Mar-2021 at 21:46


Topic: Мал Ринг
Posted By: pbanks
Subject: Мал Ринг
Date Posted: 16-Dec-2007 at 16:57
Се работи за најбитниот дел од Скопје па мислам дека заслужува своја посебна нишка. Би можеле тука и да ги префлиме дисксиите кои неминовно се јавуваат на оваа тема во другите нишки. Како за почеток една стара објава на оваа тема од Капитал...



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Dec-2007 at 16:58

Урбан хаос во центарот на Скопје

Многу од објектите што се градат во центарот на Скопје се спротивни на урбанистичкиот план, се "рашириле" на туѓ имот и немаат намера да запрат во висината до таму до каде им одредила дозволата. Оние што градат работат со паролата: каква архитектура, битни се парите! Надлежните не преземаат ништо. Архитектите не можат да се договорат како треба да изгледа градот. Урбанистичкиот план чека на промени. Незаконски изградените згради чекаат да станат дел од него. Накусо - хаос за кој е јавна тајна дека постои заради големите пари кои се вртат во оваа дејност

Брзате на претстава. Го фаќате првиот трамвај на "Партизанска" кон центарот. Некаде кај "Тифани" трамвајот влегува во тунел под земја. За некоја минута се симнувате на централната трамвајска станица што се наоѓа под плоштадот. Се качувате по ескалаторот за да излезете пред новата зграда на Народниот театар, која се наоѓа спроти комплексот на Телеком. А, театарот е речиси ист како оној за кој говорат вљубениците во градот пред земјотресот. По претставата одите на прошетка по прекрасно осветлениот Камен Мост се до плоштадот "Карпош" кој се наоѓа на местото на некогашната грда автобуска станица. Тука крај фонтаната има интересен перформанс на вашите пријатели-жонглери. На крајот се упатувате со нив кон катната гаража која е на неколку чекори од плоштадот за да го земете автомобилот на еден од пријателите. Задоволни си потпевнувате.
Градот е Скопје. Просторот на кој се одвива случката е срцето на градот - двата плоштади од двете страни на Камениот мост. Годината во која се случува настанот е се уште непозната...
Ваквото Скопје чека на хартија. Познато е како Детален урбанистички план (ДУП) "Мал ринг". "Малиот ринг" го опфаќа просторот од двете страни на Вардар, почнувајќи од мостот "Гоце Делчев", преку МНТ и хотелот "Холидеј ин", Градскиот трговски центар (ГТЦ), Собранието, улиците "Даме Груев" и "Васил Главинов", покрај Телекомот, за на крајот кругот да се затвори со мостот "Гоце Делчев".
Планот е донесен во 1997 година. Неговото важење истече оваа пролет. Според Законот за урбанистичко планирање, по истекот на важењето ќе следи негова ревизија. Очигледно е дека во петте изминати години, кога требаше дел од гореопишаната реалност да стане вистина, не е направено многу. Речиси ништо. Причините за ова се постојаните политички пресметки, различните визии на архитектите и политичарите и постојаната битка да се господари со сферата на урбанизмот во која најлесно се прават пари од "протнување под рака" на маркици, катови, "поткровја"...
"Според планот од 1997, само во западниот дел од областа се изградија неколку објекти. Другите локации не се дадени никому и покрај тоа што планот привлече многу инвеститори што сакаа да градат. Поентата е да се спојат интересите на градот и државата со интересот на инвеститорите", смета проф. Мирослав Грчев, еден од авторите на ДУП "Мал ринг".
Тој вели дека за реализацијата на планот не се одговорни оние што го креирале, туку Министерството за транспорт и врски, кое ги доделува локациите и издава дозволи за градба. Ваквата распределба на одговорностите, според него, е апсурд.
"Центарот на Скопје требаше практично да се возобнови. Скопјани се апатични, изморени и навикнати на нешто што по ниедна основа не личи на центар на град", вели Грчев.
Според планот од 1997 година, на центарот на градот треба да му се врати густата структура, како што било пред земјотресот и како што е на сите западноевропски плоштади. Тоа значи дека на денешниот плоштад Македонија треба да има густо поставени згради. Слично треба да изгледа и другата страна на Камениот Мост - плоштадот "Карпош" пред Старата чаршија. Планот предвидува на овие два плоштада да се изградат трите популарни објекти со идентичен изглед како од пред земјотресот: театарот, офицерскиот дом и народната банка. Тие локации би можеле да бидат и со друга намена. На просторот на стариот офицерски дом авторите предвиделе објект наречен 3М-Македониум мултимедиа. Оваа зграда треба да биде центар на културни случувања. Од другата страна на Вардар, пред зградата на МНТ, а спроти хотелот "Холидеј ин" е предвиден друг хотел. Зад овој хотел треба да има катна гаража која ќе се надоврзе на постојната подземна гаража на МНТ. Капацитетот на места за паркирање ќе се зголеми за 500%. Некаде на средината помеѓу хотелот и Комерцијална банка е предвиден пешачки мост што ќе ги поврзува левата страна на кејот со онаа пред Градскиот трговски центар (ГТЦ).
Авторот на планот не е сигурен дека ова ќе стане реалност, бидејќи планот е истечен и сега се очекува тој да се промени.
"Тивко и нетранспарентно, без да се направат анализи на придобивките на Планот, се влегува во негово менување...", вели Грчев.
Според него, не се анализира дали има околности коишто го чинат застарен, кои се тие околности, дали се тие толку нови што планот треба целосно да се менува.
"Ние како автори на планот не сметаме дека планот треба да е наш доживотен споменик. Тој треба да се менува бидејќи градот е динамичен и сложен организам. Меѓутоа, промените треба да бидат контролирани во континуитет на една урбан развој, а не почнување секогаш одново", смета Грчев.
Тој објаснува дека претходниот план за центарот е донесен 1967 и последната зграда изградена според него е пред повеќе од 25 години.



Зошто ревизија на планот?


Спротивно на ставот на Грчев постојат и мислења дека на градот не му требаат затворени плоштади од двете страни на камениот Мост. Ова е став и на претставниците на локалната власт.
"ДУП Мал ринг треба да претрпи измена и дополна поради неколку причини. Една е предвидувањето на подземен коридор под центарот на градот. За ова со студијата на Институтот за сообраќај, урбанизам и екологија се најде компромисно решение тој да поминува под кејот до ГТЦ. Втора причина е лошото сообраќајно решение на постојниот ДУП. Катни гаражи се планирани во тесни улици како онаа спроти италијанската амбасада, поради што имаше и реакции од граѓаните", вели Соња Марковска, началник за урбнизам при општина Центар, која е носител на ДУП.
Според Марковска, голем проблем е и што не се поклопуваат урбанистичките со катастарските парцели, а во тек е и враќање на експроприраниот имот на подрачјето каде сега се гради. Таа објаснува дека дел од зградите кои се градат се рашириле на туѓ имот.
"Новата деловна зграда на Телекомот влегува во четири околни парцели. Катната гаража кај деловниот центар "Плаза" исто така зафаќа во приватен имот. Не може да се бараат инвеститори додека не се решат имотно-правните односи", вели Марковска. Таа смета дека промените нема да значат комплетно менување на ДУП, бидејќи центарот е веќе изграден 80%. Општината минатата година го испитувала јавното мнение за тоа каков центар сакаат граѓаните. Тие барале да се вратат старите знаменитости на градот како театарот и офицерскиот дом.

"Има инвеститори кои веднаш би се нафатиле да го изградат повторно театарот. Но, до него треба да има комерцијална содржина која би ја вратила инвестицијата", вели таа.
Според неа, плоштадите од левата и десната страна на Вардар ќе треба да го оживеат овој дел од градот.
"Плоштадот треба да биде европски, а не со еден круг во средината и голема неискористена ширина. Нашата цел е на плоштадот да не се ставаат гламурозни објекти како хотел и слично, туку тој простор да "дише" и само да се облагороди со фонтани, скулптури, дрвореди или амфитеатрални вдлабнувања каде би се собирале и дружеле луѓето. Ние сакаме да го вратиме сјајот и духот на центарот на Скопје", вели Марковска.
Нејзиното мислење го дели и професорот на Архитектонски факултет, Живко Поповски.
"Денес, за секој град што претендира да е метропола, уреденоста на слободните површини во центарот на градот е белег. Важни се пешачките зони, фонтаните, плоштадите, скулптурите, зелените површини, дистанцата помеѓу зградите. Углед добива оној град што во центарот има слободни површини. Помина тоа време кога центарот мораше да биде начичкан со објекти", вели Поповски.
Според него, изградбата на објектите што се креваат кај хотелот Јадран е сосема погрешна, и урбанистички и архитектонски.
"Таму има случај на потпокрив со три нивоа, што е недозволиво. Но, архитектите не се виновни во целост. Виновник е оној што инвестира и е заинтересиран за зголемување на профитот", смета проф. Поповски. Никола Велковски, главниот градски архитект, е против градењето на густо поставени згради. Тој планира и другиот плоштад, кој се наоѓа на просторот на Ибни-Пајко маало, да се уреди, но поинаку од она што е зацртано во планот.
"Од плоштадот ее'Карпош' треба да има поглед на Калето и директна патека кон тврдината. Автобуската станица, која моментално се наоѓа на местото на вториот плоштад, треба да се дислоцира на просторот под новата железничка станица", вели Велковски.
Но, засега ова е неостварливо, зашто Македонски Железници "не го даваат" просторот под железничката станица.

Бизнис или архитектура
Оние што градат размислуваат поинаку. Нив ги интересира профитот. Просторот околу хотелот "Јадран" деновиве е големо градилиште. Таму се креваат неколку деловни и станбени објекти. Административни згради градат "Македонска банка" , "Поштенска штедилница", Телекомот, а останатите се деловно-станбени објекти на "Гранит" и приватни инвеститори. Тие згради се предвидени со ДУП. Но, најмногу од нив многу не го есапат планот и отстапуваат од предвиденото и по висина и по ширина.
Љупчо Палевски, чија фирма УПА Ентерпрајс го гради објектот познат како "Тифани", вели дека "Малиот ринг" е многу важен план за Скопје. Според него, во овој дел на градот бизнисот е пред архитектурата. "Малиот ринг е специфичен план бидејќи тука преовладува бизнисот, а не архитектурата. Се работи за екстремно скапо подрачје, каде што за разлика од останатите планови, тука бизнисите се многу повеќе имплементирани во архитектурата", вели Палевски.
Но, според него, не може професорите да диктираат што ќе се гради и треба да се прашаат и тие што градат.
"Мора да се направи компромис помеѓу професорите со своите моливчиња и инвеститорите со своите булдожери. Се додека не се направи тој компромис, ќе имаме глупави 'комунистички' планови", вели Палевски.
Тој објаснува дека просечната висина на зградите што треба тука да се градат е 16-18 метри и дека е мал бројот на слободни локации каде што може да се гради.
Според него, потребна е либерализација и при правење на плановите треба да определуват само габаритите, а не висината на објектите. "Проблемите се решаваат со пари, со техника, со знаење, а не со ограничување на висина. Затоа имаме 'селски' објекти, и немаме ниедна висока зграда", вели Палевски.
Во желбата на инвеститорите за поголем простор и профит, некои од нив и не го почитуваат планот. Тие си градат според интересот - и над зацртаните димензии. Експертите објаснуваат дека планот и законите од оваа сфера не ги почитуваат ни големите фирми, па ни надлежното Министерство.
"Од оние објекти што се градат кај хотел 'Јадран', зградата на Телеком што е споена со хотелот има потпокрив со две нивоа. Тоа го преклопува хотелот, а не е дозволено. И нема врска со планот. Тоа е незаконско работење на инвеститорите и Министерството за транспорт и врски", смета авторот на планот Мирослав Грчев.
Телекомот не е единствениот што не го почитувал планот.
"Според Планот, до објектот на поранешната печатница 'Гоце Делчев' се предвидува и катна гаража. Но, некој од актуелната власт што гради ја преполови и сега веќе не постојат услови таму да се прави катна гаража. Спорен и потпокривот на објектот на Македонска банка", тврди Никола Велковски, градскиот архитект.
Голем дел од објекти што се градат во тој појас, според надлежните, вадат дозволи за градење, но градат повеќе од што им е дозволено. Според наши неофицијални извори, еден од објектите на плоштадот наводно имал фалсификувани имотно-правни документи.

Подземниот коридор
Собраќајниот хаос во центарот на Скопје е уште еден од проблемите со кој се соочува градот. Стручњаците од Институтот за сообраќај, урбанизам и екологија (ИН-ПУМА) решение гледаат во подземниот коридор што би поминувал под плоштадот "Македонија". Според нивната студија, прогнозите се дека до 2020 година најголемо оптоварување сообраќајот ќе има во центарот на градот. Затоа тие сметаат дека треба, покрај сообраќајниците по мостот "Гоце Делчев" и Јужниот булевар, да се најде и трето решение кое ќе помине низ самиот центар.
"Бидејќи сакавме јадрото на центарот да го заштитиме од сообраќај поради тоа што е пешачка зона, решението мораше да оди под земја", вели вели Александар Мешко, од ИН-ПУМА.
Предвидено е подземниот коридор да оди под плоштадот, но се уште не е утврдено дали за реализација на овој план ќе пречат зградите коишто се таму.
"Во првата фаза коридорот требаше да помине под зградата ее 'Тифани'. Но, поради тоа што зградата веќе почна да се гради според постојниот ДУП, моравме да најдеме некое оптимално решение. Сега коридорот минува малку полево од зградата, меѓутоа удира во некои стари згради. Треба да се види дали има можности тие згради да останат или ќе треба да се рушат", објаснува Мешко.
Под плоштадот е предвидено да има централна трамвајска и автобуска станица. Втората станица е планирана под кејот, некаде под сегашниот локал "Њујорк". Таа станица би била поврзана со постоечката подземна станица во ГТЦ.
"Трамвајот не е само желба, туку е потреба. Градот ќе расте, а бројот на возила ќе се зголемува. Со трамвајот во голема мерка ќе се растовари сообраќајниот метеж. Многу луѓе ќе сакаат, наместо со автомобили, на работа да одат со брз, чист и ефикасен превоз и да не размислуваат каде ќе се паркираат", тврди Мешко.
Експертите сметаат дека овој проектот е многу скап. Но, според ИН-ПУМА, тоа може да се реализира со инвеститори кои би биле заинтересирани да градат објекти и локали во подземната линија.
Подземниот коридор е назначен и во ДУП од 1997, но не е исцртан бидејќи го немало во претходниот Генералниот урбанистички план.
"И тогаш и сега сметаме дека таква сообраќајница е можност која обезбедува подобро поврзување на два проточни правци. Проблемот е што се уште не верувам во исплатливоста на таа идеја во догледно време", вели професорот Грчев.
Според него, со парите што би се потрошиле за подземен коридор може да се направат огромен број интервенции во постоечките улици што ќе го направат проточен сообраќајот околу центарот. Грчев вели дека коридорот, како што е замислен, му одговара на еден побогат град, за каков се надева дека еден ден ќе биде Скопје. Неговиот колега во изработката на ДУП за "Малиот ринг", проф. Влатко Коробар, смета дека на подземниот коридор не треба да се гледа како на единствен спас од сообраќајниот метеж.
"Тоа е само еден од начините за олеснување на сообраќајот. Конечното решение е на многу поширока територија и со докомплетирање на мрежата од сообраќајници што е предвидена. Фактот дека ќе пробиете една сообраќајница под центарот само ќе навлече поголем обем на собраќај долж оската што ќе биде создадена со поврзување на булевар Партизански одреди и булевар Јане Сандански", смета Коробар.
... Засега е неизвесно кога и дали Скопје ќе добие Центар каков што заслужува. Во меѓувреме ќе се менуваат плановите, политичарите, тие што ќе градат на плоштадот, тие што ќе профитираат од сето ова. Најверојатно се додека не биде доцна.

_________________________________________________________

Живко Поповски, професор на Архитектонски факултет:
Град не се прави од денес за утре
ДУП 1997 беше набрзина изработен. Со тој план е направено поместување во насока на реализацијата на генералниот план за визијата на Скопје во наредните 100 или 200 години. Град не се прави од денеска за утре. Генералното скршнување на Скопје беше она што се случи после земјотресот. Со тогашниот ГУП и ДУП од 1967 направена е една нова состојба во однос на она што е правено порано.
За разлика од радијалните (кружните) сообраќајници какви што имаше до земјотресот, почнаа да се прават ортогонални (праволиниски) сообраќајници. Тоа го диктираше новиот правец со проектот за новата железничка станица и оската север-југ, генерално, е поместена да оди исток-запад. Тоа се случи поради новата проекција за ширење на градот во правецот исток-запад. Во тој случај радијалните сообраќајници останаа како рецидиви од поранешното Скопје кое требаше да се развива радијално, но од различни причини не се случи тоа.

Трамвајот наречен желба
Скопјани еднаш имаа прилика да се изјаснат дали сакаат трамвај. Референдумот во осумдесеттите години не успеа. Студијата на Институтот за сообраќај, урбанизам и екологија предвидува првиот терминал на трамвајската линија да се наоѓа во Ѓорче Петров. Таму би требало да е терминалот за приградските автобуси. Тоа значи дека патниците од тие населби би се префрлале во трамвајот, а нивните автобуси не би доаѓале до центарот на градот. На тој начин во голема мерка би се намалил протокот на автобуси низ централното градско подрачје. Вакви терминали се планираат и во Скопје-север, Маџари, и кај ОХИС. А, во Ново Лисиче терминалот нема приградски автобуси. Идејно решение за линијата Ѓорче Петров-Центар-Нова железничка-Ново Лисиче, веќе е изготвено.
Според стручњаците, трамвајот е извонредно решение за јавниот превоз бидејќи е еколошки најприфатлив, капацитетот на возилата е голем, а новите модели на трамваи не се ни бучни.

Подземниот коридор - решение за сообраќајниот хаос?
Подземниот коридор треба да почне на "Партизанска" кај Соборната црква, да поминува под областа кај хотелот "Јадран", плоштадот "Македонија", каде што се раздвојува на два крака. Едниот крак врти кон улицата "11 Октомври", а другиот излегува кај комплексот банки. Под плоштадот (каде што е дуќанот "Кенан") е предвидена централна трамвајска и автобуска станица поврзана со елеватори со површината. Втората поголема станица треба да е под кејот, некаде под локалот "Њујорк". Таа би била поврзана со подземната станица која веќе постои во ГТЦ.



Извор: http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=65&EditionID=292&ArticleID=4283 - Капитал


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Dec-2007 at 17:16
Најголемата утка се случи кога Пенов го продаде земјиштето каде денес се изгради „Тифани“, и со тоа засекогаш ја закопа надежта дека подземниот коридор некогаш ке се изгради.
    Не дека е веќе невозможно, но, со цел да не се удри во темелите на зградата, сега наместо кај соборна, ќе треба да почне да се копа многу поназад, за наклонот на коридорот да биде по некој стандард- или да се рушат згради. Тоа значи дека цената на овој скап проект е уште поголема, да не кажам нереална за наши услови(барем во следните 10 години). До тогаш метежот ке стане неподнослив, а се сомневам дека до тогаш ќе биде изграден Јужниот булевар. Suicide


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2007 at 17:48


Не знам како точно се доведовме во ваква ситуација за тунелот под плоштад, но некој дефинитивно треба да одговара... Па не може вечно вакви мега-афери да се заташкуваат и да поминуваат неказнето... Ако ништо друго знаеме од каде да почнеме - Љупчо Палевски веќе одамна има заслужено  да заглави неколку години у затвор! Па говедото уште има лице да збори дека во мал ринг не требало да се посветува многу внимание на архитектурата, туку на бизнисот. Со други зборови - остајте ме да се богатам нелегално, а у меѓувреме ја ќе ви го уништувам градот Nuts

За подземниот коридор не смее да има импровизации. Мора да се најде добро решение, па макар се рушела и Тифани... Нека го обештетат Палчо ако мора, ама бар он у тоа време да престојува у Идризово Bash


Освен Палевски, друга главна ѕвезда во текстот е онаа Соња Марковска, началник за урбнизам при општина Центар. Таа мене ми е позната по своите мега-бисери во врска со бул. Крушевска Република: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=33&PID=749#749 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=33&PID=749#749

Не ни може да се очекува нешто повеќе од некое полтронче на Виолета Аларова.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2007 at 23:52
Ова ни промакнало...

Има доста простор за коментирање, ама единствена измена што воопшто ја немавме регистрирано е онаа со бришење на зградата пред Дом на АРМ. Можно е ова да е поврзано со спомен куќата на Мајка тереза. Епа барем да го спречиме оној монструозен проект на Вангел Божиновски и да добиеме спомен куќа што навистина ќе верди и што ќе го разубави градов.

Конкретно за избришаниот објект, имам поделено мислење.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1150&ArticleID=73759 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1150&ArticleID=73759

ЌЕ СЕ ВМЕТНУВААТ НОВИ СОДРЖИНИ ВО ДУП-ОТ „МАЛ РИНГ“
Подземен паркинг под плоштадот „Македонија“
Подземен паркинг на два ката како дел од подземна сообраќајница е предвидено да се гради под плоштадот „Македонија“, според изменетиот нацрт-Детален урбанистички план „Мал ринг“ за кој расправаа советниците од Центар на последната седница. Според новите измени и дополнувања што се предвидени во нацрт-планот, зградата на Собранието ќе може да се надградува уште два ката нагоре, до Стариот театар е вметната маркичка за музеј, кај музичкото балетско училиште „Илија Николовски Луј има три маркички за изградба на станбени и деловни објекти и зграда на филхармонијата.
Лидија Андреевска, планер од проектантската куќа „Ин-Пума“ им го презентираше на советниците изменетиот нацрт-план, кој се протега на 54 хектари земјиште на двете страни на реката Вардар.
- Едниот крак од сообраќајницата ќе почнува од Партизански одреди, ќе минува под плоштадот „Македонија“ и ќе излегува на булеварот 11 Октомври. Другиот крак ќе минува под ГТЦ и ќе излезе кај Комплексот банки. Коридорите на сообраќајниците се комплетно преземени од Генералниот урбанистички план 2002-2020 година, и за нив ќе се подготви сообраќајна студија за нивна реализација, а според неа ќе се знае и каде ќе има стојалишта, подземни премини и друго - објасни планерот Андреевска.
Советниците прашуваа и како ќе се изведуваат тие сообраќајници и паркинзи кога се уште не била готова сообраќајната студија што треба да ја изработи градот. Тие реагираа и зошто не им било доставено стручно мислење од градот за сообраќајницата.
- Дали е побарано мислење од градските власти со оглед на тоа дека плоштадот „Македонија“ е под нивни ингеренции? Дали планерите го знаат крајниот изглед на плоштадот? И каков ќе биде пристапот до подземниот паркинг ако не се изгради предвидената сообраќајница - праша советничката Благородна Крстевска Мојсовска.
Советниците сепак ја изгласаа предлог одлуката за измени и дополнување на овој ДУП, иако повеќето од нив реагираа дека не им било јасно што се менува во постојниот план и кои точно се новите измени.
- Во образложението на планот треба да се истакнат оние работи што се менуваат. Воопшто не е јасно што се менува, како и потребата поради која се менува - реагираше советникот Димитар Шулевски.
Според нацрт-ДУП-от, на плоштадот „Македонија“ треба да се гради фонтана и споменик, а на Градскиот трговски центар може да се догради уште еден кат. Со новите измени, од нацрт-ДУП-от е избришана маркичката за зграда пред Домот на АРМ.
Планерот Андреевска објасни дека околу плоштадот се предвидени површини за градба, а покрај улицата Димитрија Чуповски се предвидени многу пешачки патеки и локации за споменици и спомен-обележја.
Таа додаде дека и во паркот „Жена борец“ е предвидено да има подземно паркиралиште на два ката, со капацитет од околу 1.000 паркинг места.
Границите на опфатот на овој ДУП, се на север, булеварот Гоце Делчев, на исток - булеварот Војвода Васил Аџиларски, на југ, булеварот Даме Груев, како и на запад булеварот ВМРО.


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Dec-2007 at 23:53
A markicite za stanbeni/delovni objekti pozadi filharmonija Roll%20eyes ?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2007 at 23:57
Originally posted by pbanks

A markicite za stanbeni/delovni objekti pozadi filharmonija Roll%20eyes ?



Сигурен си дека таму е планирано нешто станбено? Ова го имаш спомнато и до сега, ама јас се надевам дека некој ти дал дезинформација... Таму е тотално идиотски да се градат било какви згради за домување. Ваљда дури и нашиве дебили можат да сватат нешто толку очигледно Roll%20eyes


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Dec-2007 at 00:05
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by pbanks

A markicite za stanbeni/delovni objekti pozadi filharmonija Roll%20eyes ?



Сигурен си дека таму е планирано нешто станбено? Ова го имаш спомнато и до сега, ама јас се надевам дека некој ти дал дезинформација... Таму е тотално идиотски да се градат било какви згради за домување. Ваљда дури и нашиве дебили можат да сватат нешто толку очигледно Roll%20eyes





друже, прочитај го повторно текстот... еве ти цитат како хинт

кај музичкото балетско училиште „Илија Николовски Луј има три маркички за изградба на станбени и деловни објекти и зграда на филхармонијата.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Dec-2007 at 00:14
Originally posted by pbanks



друже, прочитај го повторно текстот... еве ти цитат како хинт

кај музичкото балетско училиште „Илија Николовски Луј има три маркички за изградба на станбени и деловни објекти и зграда на филхармонијата.




Да ми киднало тоа Wallbash

Да не верува човек... Немам зборови... Мислам дека треба да зацртаат станбено-деловни облекти и на празниот простор околу плоштадот. Да не се замараме више...


Posted By: La Linea
Date Posted: 17-Dec-2007 at 00:18
Не е ваљда вистина.... Eeek

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Dec-2007 at 00:18
би сакал да верувам дека се планирани некои деловни апартмани (како во ЕБЦ, ТЦЦ Плаца) или луксузни кондоминиуми како што ги викаш ти.

Но да не искочи некој класичен станбен блок па на есен да гледаме како се печат пиперки за ајвар пред новата филхармонија.  Bash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Dec-2007 at 00:42
Ај да ги присобереме тие неколку мизерни материјали што ги имаме за мал ринг... Ова е добро сведоштво колку македонскиот веб простор е безкорисен дури и за важни работи Wallbash


Скриншотови од А1, дело на pbanks (овие се воедно и најкомплетни материјали што до сега сум ги видел Nuts)

http://imageshack.us">

http://imageshack.us">

Овде е прикажан само распоредот на објектите околу плоштадот

http://imageshack.us">

А на макетава од La linea добро се гледа левиот брег на Вардар. На десниот се прикажани само неколку објекти...




За жал тоа е се што имаме... Од новиот ревидиран ДУП немаме ни колку за лек... А на сајтот на општина центар дали намерно дали случајно, никако да им текне да постават каков-таков приказ Bash

Ако некој најде било што, нека постира одма! Smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Dec-2007 at 00:47


gi imam podzaboraveno planovive. Ete gi mostovite za koi zboruvavme preeska. Skroz imam izumeno deka e planiran i tret pesacki most Crazy


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Dec-2007 at 00:49
Originally posted by pbanks

Skroz imam izumeno deka e planiran i tret pesacki most Crazy


За кој збориш???


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Dec-2007 at 00:53


megju kameni i holidej in nema 2 pesakci mosta? vidi go A1 screenshotot od mal ring


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Dec-2007 at 01:00
Originally posted by pbanks



megju kameni i holidej in nema 2 pesakci mosta? vidi go A1 screenshotot od mal ring


Абе таму ги лепеле листовите LOL

Смотан... Poke


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Dec-2007 at 01:07
Originally posted by Cloverstack


Абе таму ги лепеле листовите LOL

Смотан... Poke


LOLBonk

a skroz se zbuniv...

Bonk


Posted By: La Linea
Date Posted: 17-Dec-2007 at 12:42



Тоа се маркички за градба пред Лумикс? 


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Dec-2007 at 12:46
 
хм. Таму 10000% нема маркици за градба. Едно време сакаа таму да ја начукаат куќата на Мајка Тереза но од тоа куртуливме (иако и новата локација ама ич не ме одушевува). Веројатно се работи за некој превид при изработка на скицата.
 
Плус прати, сива боја се тие маркици додека оние за планирани објекти се жолтеникави. Така да веројатно претставуваат нешто скроз 10то...


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Dec-2007 at 14:27
Денес ми текна дека одамна додека барав да купам поклон од книжарницата ТРИ што е во ГТЦ, сретнав една книга што се викаше „100 години модерна архитектура - придонесот на Македонија и Југославија“. Хронолошки распоредена еволуција на архитектурата на екс-ју просторите, од Словенија до Македонија. Си седнав на чај и ја земав книгата, ја прелистав од прва до последна страна надевајќи се дека ќе најдам нешто вредно за постирање. Се надевам ќе ви се допадне(знам дека ќе ви се допадне) Big%20smile

Сликава дава ептен добра претстава како би требало да изгледа плоштадот кога ќе се изградат уште оние 3 згради пред Телекомуникации, односно 4 ако го вклучиме и делчето кај Народна Банка.



Некаков конкурс од 1997 како што читате.



ДУП НА МАЛ РИНГ!!! Сликата што pbanks ја земал како скриншот од А1.






-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Dec-2007 at 15:47
Master

La Linea, што ќе правевме без тебе? Big%20smile

Него да искоментирам за материјаливе...

Она решение од конкурсот од 1997 иако не е многу детално прикажано, сепак ми е јасно дека е тотално без врска...

А за ДУП Мал Ринг, иако имам доста замерки, сепак генерално е ОК. Би било добро кога би се ревидирале некои негови решенија, ама се плашам на крај да не ги остават слабостите, а да ги сменат добрите работи.

Во секој случај, кај Мал Ринг веќе има некои измени кои се спомнати погоре, па гледајте го низ таа призма.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Dec-2007 at 21:16
La Linea odlicni stvari  CheersCheersCheers

@Clover vekje ti ja znam zabeleskata za Narodna banka. No sto drugo ne ti se svigja vo planot? Mene seuste mi ostanuva omilen DUP, iako moze samo da zalam za zgradata pred ARM koja kje bide zameneta so nakazata na Vangel. Isto zivo me interesira kako kje se reflektira promenata na markicata za teatarot na toj del. Dali samo muzejot na VMRO gubi na povrsina i se pomestuva ulicata koja e prodolzenie na pesackiot most ili......... ostanuva da vidime spored Kancevska treba da imame karabina na teatarot za 8 meseci


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Dec-2007 at 21:32
Првата слика, рендерот со комплетниот плоштад...

Се заљубив во оној „вишок“ мост, особено ако образува онаков мал плоштад како на рендерот. Тогаш театарот ќе добие скроз нова димензија, и пристапноста ќе биде поголема. Уште ли мислите дека е лошо место за мост?

     Единствено ме загрижува да не го затвори погледот врз камениот мост...Не би требало..


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Dec-2007 at 21:44


па ја не мислам дека е вишок од причина што се работи за строг центар и пешачка зона така да логично е мостовите да бидат на помала раздалечина. Во ниеден друг дел од градот тоа не би имало логика.

Мислам дека доколку се издизајнираат едноставни модерни мостови доминацијата на Камени во ниеден момент не би била загрзоена. На пример идејата за ултратенок мост без столбови што ја промовираше Кадиевски на времето баш ми се свиѓаше. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Dec-2007 at 22:14
Originally posted by pbanks


Clover vekje ti ja znam zabeleskata za Narodna banka. No sto drugo ne ti se svigja vo planot?


Не само кај банката, туку и офицерски е исто несреќно насаден... Воопшто не ми се допаѓа како агресивно го прекинуваат континуитетот меѓу плоштадот и кејот.

Не ми се свиѓа ни што ул. Максим Горки скоро цела е планирана за сообраќај, ниту онаа планирана сообраќајница од Максим Горки до кеј Crazy

За мостот кај ПТТ веќе кажав што мислам, ама ако би бил како што спомна ти, ултра-тенок, без столбови, тогаш би ми бил ОК... Може и сам по себе да е интересен и атрактивен. Сепак најбитно да има минимум опструкција на видик према камени, зашто сепак е на само 100 метри...

Имам и некои други забелешки, ама и онака планов е ревидиран, па за такви коментари би чекал да ја видиме најновата верзија...


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Dec-2007 at 22:24
Originally posted by Cloverstack



Не само кај банката, туку и офицерски е исто несреќно насаден... Воопшто не ми се допаѓа како агресивно го прекинуваат континуитетот меѓу плоштадот и кејот.


Да тука и имав дилема зошто толку се противиш на народна банка а не се противиш на офицерски кога и двата објекта го имаат истиот ефект на врската кеј-плоштад, секој од своја страна. Вака е веќе логично чим ти сметаат двата објекта



Не ми се свиѓа ни што ул. Максим Горки скоро цела е планирана за сообраќај, ниту онаа планирана сообраќајница од Максим Горки до кеј Crazy


Да и мене тоа не ми се свиѓа. Тој дел треба скроз да биде пешачки ИМО.


За мостот кај ПТТ веќе кажав што мислам, ама ако би бил како што спомна ти, ултра-тенок, без столбови, тогаш би ми бил ОК... Може и сам по себе да е интересен и атрактивен. Сепак најбитно да има минимум опструкција на видик према камени, зашто сепак е на само 100 метри...


Мислам дека ова сега највеќе зависи колку театарот е поместен (проширен) во правец на камени. Ако е приближен преблиску нема логика од нов мост никако колку и да бил тенок. А да се гради на оригиналната локација (мостот) и да удира у сред театар. И тоа нема врска.


Имам и некои други забелешки, ама и онака планов е ревидиран, па за такви коментари би чекал да ја видиме најновата верзија...


Ќе ја дочекаме новата верзија . Да не беше Ла Линеа уште ќе вадевме очи со оние скринштови од стариот план што ги имаме


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Dec-2007 at 22:33
Originally posted by pbanks


Да тука и имав дилема зошто толку се противиш на народна банка а не се противиш на офицерски кога и двата објекта го имаат истиот ефект на врската кеј-плоштад, секој од своја страна. Вака е веќе логично чим ти сметаат двата објекта


Па види ја онаа првата верзија (извадокот) од мал ринг што ја имавме (со чудните ствари пред лумикс). Очигледно дека е лошо „прецртана“. Таму банката смета повеќе од офицерски. Јас се водев по неа и затоа поише се бунев против банката. Не дека офицерскиот ми беше супер поставен (присети се, се имам и за него бунето), ама банката повеќе упаѓаше во очи... А сега ми е јасно дека е симетрично лошо испланирано тоа Crazy

Мислам дека ова сега највеќе зависи колку театарот е поместен (проширен) во правец на камени. Ако е приближен преблиску нема логика од нов мост никако колку и да бил тенок. А да се гради на оригиналната локација (мостот) и да удира у сред театар. И тоа нема врска.


Со ова се слагам. Мада гледајќи ја дупката на градилиштето на театарот, мислам дека можно е проширувањето на маркицата да е направено во спротивен правец - према мостот Гоце Делчев.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Dec-2007 at 22:37
Заборавив уште една поголема замерка што ја имам за ДУП-от

Не ми се допаѓа она „бастунче“ што се образува кај плоштадот Карпошово Востание Roll%20eyes


Можда тоа некако ќе се ублажи со музејот што е планиран таму... Само молам бога музејот да е во ред од архитектонска гледна точка, а не нешто а ла Вангел Божиновски Bash


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Dec-2007 at 22:42


Зборуваш за зградата која е помеѓу плоштадот и црквата? Незнам мене ми е ОК. Обаво го формира плоштадот и улицата накај стоковна куќа мост. Останува само опасноста да биде некоја наказа. Стварно се надевам дека исклучително ќе внимаваат барем со преостанатите згради што треба да се прават за дообразување на двата централни плоштада.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Dec-2007 at 22:50
Originally posted by pbanks



Зборуваш за зградата која е помеѓу плоштадот и црквата? Незнам мене ми е ОК. Обаво го формира плоштадот и улицата накај стоковна куќа мост. Останува само опасноста да биде некоја наказа. Стварно се надевам дека исклучително ќе внимаваат барем со преостанатите згради што треба да се прават за дообразување на двата централни плоштада.


Не бе друже... И мене ми се свиѓа полукругот...

Зборам за правоаголната маркица каде што треба да е овој музејов што го фураат... Правоаголник не одговара спрема таа закривеноста од другата страна спрема комерцијална банка.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Dec-2007 at 22:50
Originally posted by Cloverstack


Со ова се слагам. Мада гледајќи ја дупката за театарот, мислам дека можно е проширувањето на маркицата да е направено во спротивен правец - према мостот Гоце Делчев.


Хмм.. јас немам точна претстава. Сеа гледав на Гугл 'Рт и градилиштето ги засекува оние скалите што водат горе на Гоце Делчев (со кружни жардинерии). На планот за Мал ринг овие скали си остануваат. Се надевам дека нема да ги рушат на сметка на театарот, мене ми се свиѓаат. Но и доколку ги рушат не ми изгледа дека има премногу простор накај Гоце Делчев освен ако театарот не е скоро залепен до мостот од таа страна (што ваљда би изгледало доста глупо).

Џабе нагаѓаме, но мислам дека брзо ќе го имаме овој одговор, нема да треба многу да се постави основата на театарот па тогаш ќе видиме со уште колку простор располагаме.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Dec-2007 at 22:53
Originally posted by Cloverstack


Не бе друже... И мене ми се свиѓа полукругот...

Зборам за правоаголната маркица каде што треба да е овој музејов што го фураат... Правоаголник не одговара спрема таа закривеноста од другата страна спрема комерцијална банка.


аааааааааа.... ОК и мене тоа не ми се свиѓа дефинитивно, плоштадот би требало да се отвара кон реката на ист начин како што е на страната на комерцијална.

Мислам дека за ова баш дискутиравме на ССЦ пред некое време. Само тогаш нагаѓавме дали ќе биде или нема да биде така пошто го немавме мал ринг на слика. 

Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Dec-2007 at 22:58
Originally posted by pbanks

Сеа гледав на Гугл 'Рт и градилиштето ги засекува оние скалите што водат горе на Гоце Делчев (со кружни жардинерии). На планот за Мал ринг овие скали си остануваат. Се надевам дека нема да ги рушат на сметка на театарот, мене ми се свиѓаат.


Па беа три... едните се веќе срушени а и вторите се начнати


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Dec-2007 at 23:00
Originally posted by pbanks



аааааааааа.... ОК и мене тоа не ми се свиѓа дефинитивно, плоштадот би требало да се отвара кон реката на ист начин како што е на страната на комерцијална.



Па добро, не мора баш на ист начин ако е на цена на други ствари... Ама правоаголник сигурно е најлошо решение Roll%20eyes
Си има архитекти, они нека мислат како убаво да се реши тоа. Ваљда не се сите дебили...


Posted By: Supervisor
Date Posted: 29-Jan-2008 at 00:00
Ova maliot ring e golema rabota
Treba posebno tunelot da se izgradi mnogu e vazen, a bez somnenie i oficerski, teatarot i karpos plostadot.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jan-2008 at 16:56
Денеска СДС-овцине на прес конференција објавија дека со новиот ДУП, по 7 метри во висина се додадени на следните објекти:

- старата банка
- планираниот објект карши тренд
- стоковната куќа (очигледно ради надградба)
- карши италјанска амбасада

Освен за последниот објект (кој исто така е класичен пример на корупција, ама барем нема врска со плоштадот), другите три ќе имаат директно влијание врз изгледот на плоштадот - то ест ќе ја разбијат неговата складност и урамнотеженост. Мислам дека и на лаик му е јасно дека објектите околу плоштадот треба да се со иста висина, а не на некои да им се додаваат спратови поради лични интереси...

Изгледа дека си имаме работа со фанатици кои тргнаа во општа офанзива за уништување на градов...

Bash Bash Bash Bash Bash


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Feb-2008 at 00:16
Со еден потег новинарите го губат целиот кредибилитет. Како може локација бр. 2 да биде Музеј на ВМРО Crazy. Мислам дека не е прв пат Деспина и Биљана да тропаат глупости. Остатокот од текстот е коректен но не ни носи некои нови информации. Се е веќе чуено останува само да видиме дали ќе се спасиме од 4,7,8 и 9 Bash

Битка за центарот на Скопје

Планот за Мал ринг е донесен по 15 години замрена градежна активност во срцето на Македонија


Последните измени и дополнувања на ДУП за Малиот ринг плоштадот „Македонија“, кој до скоро беше празен, го исполнуваат со повеќе големи објекти: 1. Градска куќа; 2. Музеи на ВМРО и на жртвите од комунизмот; 3. Хотел; 4. Црква; 5. Катна гаража; 6. Деловна зграда на шест ката; 7. Скулптура на Александар Македонски; 8. Скулптура на Никола Карев; 9. Скулптура на Даме Груев

Деспина Трајковска
Билјана Ангеловска

Идејата за изградба на црква на просторот помеѓу „Дал мет фу“ и Стоковна куќа на плоштадот повторно го актуализираше прашањето за урбанистичкото планирање на центарот на Скопје. Одлуката особено ја разбранува стручната јавност со оглед на тоа дека Деталниот план за Мал ринг ќе треба повторно да се менува и тоа само три месеци откако Советот на Центар ги усвои последните измени и дополнувања.

Се поставува прашањето - што треба навистина да се гради во срцето на државава, плоштадот „Македонија“ и дали актуелниот ДУП е доволно модерен да ги следи современите текови на архитектонското творештво.

„Малиот ринг има опфат само на најцентралното подрачје на Скопје, кое порано се градеше според разработката на Генералниот план од 1965 година во детални планови донесени во Градско собрание во 1967 година. Планот за Мал ринг дојде како ДУП по 30 години, во 1997 година, што значи имаше прекин цели 30 години. Поради тоа, откако се изградија големите потези како ГТЦ, Поштата, новиот мост ’Гоце Делчев‘, во 1970-тите години се запре, бидејќи другите градби беа преголеми за тогашното општество. Додека да се направи конкурсот за нов план во 1991 година, имаше 15 години градежна неактивност во центарот, што беше индикатор дека дотогашниот план не може да генерира развој, зашто не е приспособен на новите услови“, вели еден од авторите на ДУП за Мал ринг професор Мирослав Грчев.

Тој појаснува дека во ДУП од 1997 година воопшто не било предвидено во центарот да се градат стокатници. Најголемата висина на објектите била проектирана според постојните „Метропол“ и Стоковната куќа.

„Горниот венец на објектите е одреден на 22,5 метри, со што се направи нивелација на сите објекти што треба да се градат. Само на површините за градба планирани на место на Офицерскиот дом и Народна банка се дозволува висина со 25 проценти кулно надвишување. Со тоа се дава можност за идните проектанти да прават реплика, односно историски омаж на зградите кои до земјотресот формираа архитектонска капија на Камениот мост. Таа висина е дозволена само на тие два објекта за да се формира архитектонска вертикала“, појаснува Грчев.

За сегашниот изглед на плоштадот надлежните од Општина Центар го обвинуваат Грчев. Оттаму велат дека тој, како автор на ДУП за Мал ринг, предвидел изградба на големи објекти и драстично го нарушил концептот на Кензо Танге од 1966 година. Од планот произлегле недоследности во решавање на сообраќајот во однос на примарната градска улична мрежа и на просторот кој гравитира од двете страни на Вардар.

Општинарите тврдат дека ДУП-от бил донесен без позитивно мислење од тогашниот Завод за заштита на спомениците на културата на Град Скопје, а подоцна, како градоначалник на Општина Центар и ревидент на ГУП за Град Скопје, Грчев успеал на незаконски начин да обезбеди целосна вграденост на донесениот ДУП Мал ринг во ГУП.

„Со тоа Општина Центар се обврза во идните планерски активности да не може да отстапи од концептот на планот од 1997 година“, објаснуваат од Центар, посочувајќи дека врз основа на обврските што произлегуваат од законската регулатива, изменетиот и дополнет ДУП од пред три месеци ги има преземено сите објекти од претходно испланираните површини за градба.

Архитектот Грчев тврди дека ДУП за Мал ринг е работен на ниво на архитектонска и урбанистичка мисла до 1994 година, при што поминал неколку нивоа на стручна и јавна расправа, преработка, доработка, и тоа се' во органите на Град Скопје. Планот бил подготвуван и дотеруван според сите забелешки се' до 1996 година, кога дошол на усвојување во тогашното Градско собрание. Но, процесот бил стопиран, бидејќи тогаш биле донесени законски измени со кои усвојувањето на урбанистичките планови го преземаат општините. Во меѓувреме, Грчев станал градоначалник на Општина Центар, а потоа планот бил изгласан од општинските советници.

Што се однесува до пропадната идеја за изградба на хотел „Шератон“ на местото на некогашниот Офицерски дом, што како иницијатива произлезе од македонскиот архитект Ото Ташковиќ, Грчев вели дека Ташковиќ почнал да лобира во 1991 година, за набрзо му биде доделено земјиште од страна на тогашниот министер за урбанизам Александар Лепавцов.

„Ташковиќ ја доби цела локацијата каде што треба да биде Градската куќа за да изгради хотел ’Шератон‘. Но, во тоа време во сила беше Планот од 1967 година и министерот Лепавцов потпиша за локација што ја нацрта онака како што сонил, не по план, туку од ракав. Тоа решение го обжалив и Уставниот суд го поништи. Тогаш целата идеја беше спроведена незаконски, инаку никој, па ни јас немам против ’Шератон‘ да се гради во центарот на Скопје“, тврди Грчев.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1FEE9D2CB1EDC54EB048803F7203637F - Утрински весник


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Feb-2008 at 23:04
Да искоментирам два битни моменти што можат да се приметат на извадокот од ревидираниот план што го обезбеди mitatos.

1. Има комплетно нова маркичка предвидено во планот (5.2.2 која всушност се наоѓа пред управната зграда на МТ). Не сум воопшто убеден во оправданоста на оваа нова маркичка. Мислам дека во оргиналниот план е обезбедена трансферзална ускладеност, а оваа промена е само уште една на сила збутана маркица во веќе постоечки концепт. Дополнително, маркицата е многу мала па нема ни некаква голема корист или потреба од нејзе. Мислам дека само ќе смета естетски и непотребно ќе го гуши просторот. Исто така ќе го блокира погледот спрема зградата на МТ која одлично се вклопува во оргиналниот концепт.

Не знам како никој до сега не ја спомнал оваа нова маркичка... Или јас не сум приметил? Мислам дека е многу спорна и проблематична...



2. Ширината на коридорите за подземни сообраќајници одговара на профил 2x2, без дополнителен простор за шини. Бидејќи на едниот од тие коридори е предвиден и шински сообраќај, ме чуди зошто тој не е поширок.




Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Feb-2008 at 23:13
1. Да стварно е ненормално што 5.2.2 никој не ја спомна кога се пишуваше по медиумите за ревизијата на Мал Ринг
2. Ако ти текнува кога се најавуваше проектот Народна банка и подземната улица имаше еден момент каде што градот се буни дека подземниот коридор е стеснет........ Веројатно полека но сигурно дознаваме за  уште едно ремек дело на нашите градски (не)планери Ohno


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Feb-2008 at 23:20
Ако ти текнува кога се најавуваше проектот Народна банка и подземната улица имаше еден момент каде што градот се буни дека подземниот коридор е стеснет........ Веројатно полека но сигурно дознаваме за  уште едно ремек дело на нашите градски (не)планери Ohno


Очигледно градот не се уништува само естетски, туку и функционално... Не сум сигурен каква е комплетната вистина во конкретниов случај, ама има доволно примери за да потрврдат дека тенденцијата е реалност и почнува да добива алармантни размери. Ваквите и слични заебанции ќе не чинат ужасно многу. Инфраструктурата не смее да се планира фушерски...

Wallbash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Feb-2008 at 20:49
Еве една концизна но сеопфатна компилација на моменталните и најавените градежни случувања во малиот ринг. Квантитетот е голем но квалитетот претежно е многу лош. Исто така и динамиката е доста бавна (освен неколку лоши работи кои се туркаат експресно)

На оформување на малиот ринг чекавме премногу долго, па се надевав дека тоа барем ќе придонесе да добиеме во калитет. За жал се случува сосема спротивното. Како што забележа Ванковска, пополека добиваме една турбо-фолк творба... Оној криминал и невкус што започна на периферијата на малиот ринг, сега со уште поголема жестина се сели кон центарот, то ест околу двата плоштади.

Оргиналниот план на тимот предводен од Мирослав Грчев имаше доста слабости, но со ревизиите не ги отстрануваат слабостите, туку само вметнуваат некои нелогични, буквално идиотски решенија. Постоечкиот хаос и невкус (кој во најголем дел не произлегуваше од самиот план, туку повеќе од корупција, неспособност и несовесност), со најновите катастрофални урбанистички решенија (од кои на нормален човек му се гади) се претвора во урбанистички и архитектонски ужас. Ама тоа е друга тема и ќе ја обработам во друга прилика.

Еве што моментално се случува во малиот ринг:
(За жал не е графички опфатен целиот мал ринг - недостасуваат некои најавени проекти како собранието, споменик на карев, југобанка и третиот дел од улица Македонија. Но и за нив на крајот имам дадено текстуален осврт.)





1. Градска Куќа   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=91 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=91

Во суштина се работи за обнова на стариот офицерски дом, плус една стаклена купола (во последно време ништо не смее без купола нели) и со ентериер од сосема друг современ проект од истиот конкурс. Како тоа ќе се вклопи само господ знае. Замислено е во бјектот да се сместат просториите на институцијата градоначалник, да се префрли матичната служба за венчање и дополнително да се користи како репрезентативен објект за разни приеми, изложби и сл. Покрај сите замерки што ги имам, сепак генерално гледам благо позитивно на проектот.
Конкурсот (очигледно нејасно дефиниран ако се суди според пристигнатите трудови) се одвиваше во почетокот на 2007 и победи Коста Мангаровски (со реплика на стариот објект и со официјално лошо решена внатрешност)
Изградбата треба да почне годинава (2008), а рокот за завршување е 2010.
Инвеститор е Министерство за Култура


2. Деловен објект   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=173 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=173

Ова се обидуваат да го протнат како „реконструкција“ на некогашната Народна Банка (според медиумите има и одлука на советот на општина центар од 2006 со која изгледот треба да биде идентичен), но јасно е дека новиов објект ќе нема скоро никакви допирни точки со стариот. Нормално, бидејќи зад ова стои Камчев, нема никакви проблеми да се игнорираат прописите. Тоа е само какпак на целата афера со купувањето на парцелата што беше класичен пример на криминал и корупција. Ако гледавте „Код“ на А1, ќе видевте прилично комично оправдание на „наивниот“ Агрон Буџаку, како дошло до таква багателна продажба во четири очи (25 евра по квадрат за една од најатрактивните локации во градов)
Изградбата треба да почне во март или април, а рокот е година и пол.
Инвеститори се фирмите Дивелоп и Латис, а зад целата работа извесно е дека стои Орце Камчев.


3. Катна гаража   (истиот линк како за бр.2)

Катнава гаража ќе јагради истиот инвеститор што го гради претходниот деловен објект. Таа е вметната со новите измени на ДУП-от и ќе биде висока 12м. Бидејќи по малку ќе се гледа и од плоштадот и од кејот, загрижен сум каква ќе биде нејзината надворешност.
Ќе се гради паралелно со деловниот објект бр.2
Инвеститори се исто така фирмите Дивелоп и Латис


4. Подземна улица   (истиот линк како за бр2)

Ова е во функција на претходните два објекта. Според ДУП-от улицата треба да се продолжи и до подземните гаражи под плоштадот, но претпоставувам дека инвеститорот е обврзан да ја изгради само до сопствената катна гаража. Улицата ќе биде широка 7м, а ќе биде на длабочина од 4,5м.
И улицава ќе се гради паралелно со претходните два објекта.
Инвеститорот тврди дека според нивните груби проценки цената ќе биде 2-3 милиони евра.
Инвеститори се повторно фирмите Дивелоп и Латис


5. Фонтана и коњаничка скулптура на Александар Велики   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=85 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=85

Ова се турка крајно нетранспарентно дури и за наши услови. Да не навлегувам во политичката нерационалност на ваков потег во овој момент, само сакам да забележам дека претходно планираната голема фонтана со сонце и етно елементи е многу поприкладна во кругот. Ако веќе толку сакаат да градат споменик на Александар, најдобро место е триаголникот пред Лумикс кој е како создаден за споменик, а дефинитивно не за црква.
Проектот за споменикот формално самостојно го води општина центар, што е неприфатливо, а очигледно и нелегално.


6. Коњанички скулптури на Гоце Делчев и Даме Груев   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=156 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=156

Со сите недостатоци, оваа идја е веројатно најмалку штетна од сите други глупости што власта моментално насилно ги турка во малиот ринг. Немам информација до каде се работите...
Истата неприфатлива ситуација како и за претходниот случај - работите формално самостојно ги тера општина центар. Конкурсот е веќе распишан (на почетокот на годинава) и ќе трае до 31 март.


7. Реновирање на поранешната стоковната куќа Типо   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=187 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=187

Од надвор реновирањето го оценувам како просечно (веројатно не можеше повеќе затоа што ете дури и таа зграда била заштитен споменик на културата). Од внатре останува да видиме, ама замислата да се расцепка на бројни класични дуќани воопшто не ми се допаѓа. Повеќето од нас се сложивме дека оној празен ѕид спрема плоштад плаче за LCD екран. Исто така останува прашањето што со просториите на „Маврово“ над стоковната... Да се надеваме дека и тие ќе се реновираат барем од надвор.
Реновирањето почна лани, на големо ги проби роковите, ама изгледа конечно привршува.
Инвестицијата изнесува 2 милиони евра.
Инвеститор е „Градиска“ или „Градишка“ (новинарите немаат консензус околу ова комплицирано прашање)


8. Лумикс   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=188 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=188

Мислам дека на сите ви е горе-доле позната приказната. Лично јас сум подржувач на проектов и сметам дека многуте негативни реакции беа предизвикани од малограѓанска свест и поради непринципиелната хајка што се поведе да се оцрни проектот.
Прво беше почнато со градба во 2003, па беше стопирана... Се продолжи во 2004. По редовно пробивање на неброени рокови, Лумикс се уште не е готов. Како што тврдат моментално работат на завршни „ситници“.
Фирмата инвеститор (ако може да им се верува на новинариве) има егзотично име... „Лумикс, Драгиша и други“.
Главен изведувач е Маврово


9. Партерно уредување (околу Лумикс и на потегот до плоштадот Пела)

И ова требаше да биде одамна завршено. Во моментов се препукуваат Лумикс и општина центар околу тоа кој ја кочел работата.
Барем за делот околу Лумикс инвеститор ќе биде неговиот сопственик, а за делот накај Пела не сум сосема сигурен дали е одговорност на општината или повторно на Лумикс.


10. Пешачка улица 27 Март

Општина центар најавува претворање на улицава во пешачка зона и уредување со урбана опрема уште од 2006. Пред некое време повторно слушнав најава... На времето во игра беше донација од УНДП и од норвешката и шведската амбасада. Во склад со транспарентноста на општина центар, немам поим што се случува околу овој проект моментално. Се ближат локални избори, па можеби Аларова ќе се посвети повеќе на работата, а помалку на криминалите, па конечно ќе се реализира овој проект.


11. Деловен објект   http://www.skyscrapercity.com/showpost.php?p=8939246&postcount=35 - http://www.skyscrapercity.com/showpost.php?p=8939246&postcount=35

Објектов требаше да биде седиште на Македонска Банка, но после сите дешавки околу банката, сега е во сопственост на фирми на Трифун (информацијава е од член на форумов, Ганчо).
Долго време седи така недоградена и прашање е кога ќе се рестартираат градежните работи. Добар аргумент за некаква регулатива за рокови во изградба


12. Хотел

Ова беше најавено лани, но не располагам со датуми и рокови. Изгледа се работи за средно голем хотел.
Инвестицијата е најавена да биде 5 милиони евра.
Инвеститор е „Македонија Турист“.


13. Деловен Објект

Добро познатата „Тифани“, заплеткана во криминалните игри на Љупчо Палевски „Палчо“... Ова е и голем грев на Грчев, на кого паѓа најголем дел од вината зошто мораше да се изместува подземниот коридор под плоштадот (што очигледно ќе значи полошо а поскапо решение). Но и покрај тоа Палчо имаше дополнителни отстапувања во градбата, па пред една година имаше рушење на делови. До каде е работава моментално не знам. Дополнително е заплеткана и со новата афера за купување на простории од страна на УЈП. Зградата според мене е грда и особено неприкладна на таква локација, ама подобро веќе еднаш нека се догради отколку да стои така.
Инвеститор е УПА Ентерпрајз на Љупчо Палевски.


14. Станбено - деловен објект   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=140 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=140

Ова е зградата која ја ословуваме како „Палата Чиктушеви“, по некогашниот објект на таа локација. По мое мислење ојектот на рендерите изгледа солидно. Вистина, не е ништо спектакуларно, но со оглед на тоа какви карикатури има и се готват во мал ринг, мислам дека во споредба можеме да бидеме презадоволни.
Изградбата почна во втората половина на 2006
Инвеститор е „Град - СК“
Главен изведувач е Бетон Штип


15. Хотел + деловен објект + катна гаража   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=288 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=288

На местото на старата печатница Гоце Делчев (која долго време е ругло и опасност), треба да се изградат хотел, административно-деловен објект и катна гаража (сите). Ако може да му се верува на бараба и лопов од калибарот на Зоран Азманов (газдата), тогаш тука ќе никне Шератон под франчиза. Овие шпекулации уште повеќе се засилија откако тој ги продаде своите акции во Бетон за околу 5 милиони евра (кои патем ги купи багателно во времето на Љубчо). Ама типот се жали дека за локацијата го саботирала стечајна судијка и веќе се заканува со тужби за обештетување од државата. Барем формално спорот е хипотекарен.
Азманов тврди дека бил спремен веднаш да почне со градба.
Исто така наводно веќе имал „подготвено“ 12 милиони евра за проектите.
Инвеститор би била неговата Настел Инжинеринг


16. Деловен простор

Овде веќе подоло нешто се доградува, преградува и крпи... Којзнае како дошле до дозволи за такви интервенции и импровизации.


17. Спомен дом на Мајка Тереза   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=143 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=143

Ова што го готват (на нивниот вообичаен насилнички начин) е едно невидено ругло што е спорно и контроверзно од многу аспекти. Исто така е практично нелегално избрано на оспорен и очигледно наместен конкурс.
Првиот конкурс беше објавен во почетокот на 2007, а повторениот повикан конкурс кон средината на годината. „Убавата“ вест дека победил Вангел Божиновски со неговата бљувотина ја дочекавме во август.
Неофицијално се силеа дека камен темелник ќе удреле уште кон крајот на 2007, ама сега официјално најавуваат дека тоа ќе се случело во март-април годинава.
Инвеститор е министерството за култура.

Да не должам сега многу, опсежен осврт за ова ќе најдете на линкот погоре. Најважно е дека мора жестоко да се бориме и по секоја цена да ја спречиме изградбата на овој проект во сегашната форма. Речиси општиот консензус против објектов дава надеж и треба да се искористи и анимира!


18. Соравија Центар   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=7 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=7

Центарот ќе содржи деловен простор, трговски центар и подземна гаража. Оваа зграда имаше комплицирана и „несреќна“ историја, па долго седеше недовршена. Со купувањето од страна на австриска Соравија сето ова се смени. Мене единствено ми пречи премалата висина на зградата која е нескладна со формата и големата основа.
Работите почнаа во април и тогаш најавија дека ќе финишираат на почетокот на годинава.
Инвестицијата во реновирање и доизградба изнесува 20 милиони евра (ја купија за 10,3)
Инвеститор е „Soravia Group“
Главен изведувач е „Strabag“


19. Надградба на ГТЦ   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=128 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=128

Ова официјално беше објавено во ноември 2007. Станува збор за уште еден кат кој (според некои извори) би придодал 14000 метри квадратни корисен простор. За таа цел веќе го променија и ДУП-от. Немам ништо против ако се изведе добро, но досегашното искуство ме плаши... Којзнае што ќе измислат (ако веќе немаат измислено). Треба да се земат во предвид и оние пет грди згради таму, ако некој води сметка...
Беше оптимистички најавено дека изградбата ќе финиширала до крајот на 2008.
Инвеститор би била државата (?!?) или би влегла во соинвеститорство со приватен субјект.


20. Мост на Цвеќето   (нешто повеќе за мостов можете да прочитате во оваа нишка)

Се работи за пешачки мост кој ќе го поврзе ГТЦ со платото пред МНТ. Мостов мислам дека ќе има добра функција (пред се да ја анимира левата страна), само ни останува да се надеваме дека убаво ќе изгледа. Инаку во медиумите по обичај беа изнесени нејасни и контрадикторни податоци, па немам сигурно инфо околу деталите или некакви конкретни дати и рокови.
Како инвеститори исто се наведуваат повеќе субјекти. Од тоа дека Општина Центар веќе издвоила средства (каде 25 милиони денари, каде 450000 илјади евра), до тоа дека Комерцијална Банка ќе ја покриела целата финансиска конструкција, па се спомнаа и информации дека ќе се барале пари од претпристапните фондови на ЕУ... Но комент...


21. Реконструкција на Камени Мост   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=68&PN=1 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=68&PN=1

Децениската реконструкција веројатно трае подолго од самата изградба на мостот. До сега се потрошени околу 3,5 милиони евра. Неодамнешната донација од Истанбул (за која имам сретнато 4 различни цифри во опсег од 1,1 до 1,5 милиони евра) влева надеж дека реконструкцијата конечно ќе финишира. Синоќа поминав таму и гледам почнале да работат на обнова на стражарската кула.
Рокови веројатно веќе никој не се осмелува да спомне.


22. Музеј „Македонска Борба“   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=139 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=139

Музејскиов комплекс треба да содржи Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунизмот . Да не навлегувам во политичките аспекти на проектов, само ќе се задржам на естетските. За жал имаме рендери од други проекти на конкурсот, ама победничкиот како да е некаква воена тајна. Тоа е доста индикативно само по себе. Се прашувам каков кичерај имаат замислено повторно... Слушам и за некаков голем златен лав на фасадата, што наговестува отприлика во кој стил е сето тоа. А локацијата е од огромна важност!
Конкурсот беше во првата половина на 2007. Барем формално автор на победничкото идејното решение е некојси Зоран Јордановски.
Немам наидено податоци кога треба да почнат со градба и до кога е рокот.
Инвеститор е министерството за култура.


23. Национален Театар   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=116 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=116

Обнова на стариот театар (со малку изменет изглед и особено внатрешност, малку изместена локација и обратно орјентиран). Ќе има голема сала со 756 и мала сала со 236 седишта. Автор на проектот е „генијалниот“ Јован Стефановски - Жан. Градежните работи стартуваа на самиот почеток на 2007, но брзо запреа поради фијаското со големината на маркицата, за што требаше речиси цела година да се разреши. Така да проектов веќе на големо доцни... Работите продолжија во декември 2007. Рокот е крај на 2009.
Инвестицијата (само за градежните работи) ќе изнесува 6 милиони евра. За специјална театарска опрема ќе требаат дополнителни средства.
Инвеститор е министерството за култура.
Главен изведувач е Бетон Штип.


24. Меморијален центар на Холокаустот   http://www.skyscrapercity.com/showpost.php?p=6278798&postcount=10 - http://www.skyscrapercity.com/showpost.php?p=6278798&postcount=10

Ќе содржи музеј и арт центар.
Почна да се гради во 2005, а рокот е 11 март 2008 (што е нереално со оглед на ситуацијата на терен)
За цената сум наишол на најшаренолики информации во огромен спектар, но најверодостојни ми изгледаа информациите дека проценката на времето се движела помеѓу 5-7 милиони евра. Средствата се обезбедени преку фонд од денационализација на имототе на македонските Евреи, кои биле скоро комплетно збришани од страна на нацистите.
Главен изведувач е Бетон Штип.


25. Македонска Филхармонија   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=130 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=130

Една од ретките навистина светли точки во последно време. Да се надеваме дека реализацијата на проектов нема да заглави или да се одолговлечи. Треба да има голема концертна сала со 1100 седишта и мала алтернативна сала со 300 седишта.
Конкурсот беше во средината на 2007 и победи решението на Виктор Михајлов. Изградбата е најавено да почне во април годинава, а треба да заврши во 2009.


26. Плажа на Вардар   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=153 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=153

Ова упорно го најавува нашиот мрднат градоначалник Трифун. Според неговиот план ова треба да се реализира на потегот од Камени Мост до МКЦ. За секој нормален човек ова е тотално несоодветна локација. Дополнително, Скопје има многу подобри алтернативи (што беше опсежно дискутирано на форумов). Песочна плажа и спортски терени едноставно се најголемата глупост што може да се направи до камени мост, пред операта и балетот, идната филхармонија, возобновената црква, карши ГТЦ и со поглед од плоштадите. Чист идиотизам! За жал деновиве, по којзнае кој пат идејава повторно се актуелизира (ова беше спомнато на урбаните вести на МТМ во петокот). Се ближат избори, па се плашам дека овој пат може посериозно да се зафатат со реализација. Претпоставувам ни самиот Трифун веќе нема илузии дека има шанси да биде реизбран, но можеби сака малце да си го „испере“ образот пред крај... А ваков евтин проект кој наидува на добар прием кај градските сељаци е идеален за таква намена.



Продолжение во наредниот пост


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Feb-2008 at 20:52


Форумов ми го скрати постот, ама за среќа имав направено copy, па еве го продолжетокот


Проекти во Мал Ринг кои не се опфатени на мапата се:

-  Надградба на Собранието   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=78 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=78
Основниот проблем е просторен, но се добива впечаток дека целта на овој проект е да може да се насадат задолжителните куполи. Ќе беше добро да беа малце потранспарентни па да можевме да видиме во кој правец се движат, сепак се работи за Собрание... Ако се суди според игрите околу комисијата за надградба, работата не е на арно (таму се неизбежните Вангел Божиновски, Јован Стефановски-Жан и Паско Кузман кој како директор на управата за заштита на културното наследство, сам се предложил за член).

-  Коњаничка скулптура на Никола Карев   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=156 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=156
Локацијата е пред собрание. Според мене тоа е идеална локација за идеалната личност. Но не можеа а некако да не ја заебат работа, па решија и него да го качат на коњ. Па побогу, човекот бил претседател на првата република на Балканот... Нели повеќе би прилегало да се долови во државничко и интелектуално светло?
Проектот за спомеников (како и за претходните наведени споменици) формално самостојно го води општина центар, што е неприфатливо, а очигледно и нелегално. Конкурсот е веќе распишан (на почетокот на годинава) и ќе трае до 31 март.

- Уредување на третиот дел на Улица Македонија   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=160 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=160
Овој дел во догледна иднина ќе остане отворен за сообраќај, па овде се уредуваа само тротоарите. Синоќа кога поминав ми изгледаше дека завршиле, ама тој знакот за изведување на работите уште стоеше, па не знам сега...

- Карабината на бивша Југобанка   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=290 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=290
Таканаречената „зграда убиец“, која недоградена стои веќе речиси две децении е уште подобар пример од зградата на „Македонска Банка“ дека со регулатива треба да се ограничи времето на изградба. Да биде уште потрагично, зградата сега е во сопственост на владата. Зградава има долга, тажна и заплеткана историја. Во 2001 беа планирани од буџетот 12 милиони тогашни германски марки, но поради конфликтот тоа пропадна. На почетокот на минатата година владата повторно најави дека ќе ја доградува зградава, но се уште нема ништо поконкретно. Не ми е јасно што се влечкаат толку многу. Ако не можат да ја доградат нека ја продадат. Наместо капитал, зградава моментално е опасност и „товар“.



Се надевам дека последниве два поста ќе ви бидат корисни и ќе бидат извор за брз пристап до основни податоци и преглед на состојбата. Планирам од време на време да „апдејтувам“ и репостирам.

Ако некој има нешто да додаде или поправи нека каже Smile
Особено се добредојдени податоци за дати, рокови, буџети, инвеститори, проектанти и изведувачи.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Feb-2008 at 20:58
И само уште на кратко да се осврнам на последните промени и на најавените нови промени во ДУП-от, која од која полоша...

Ohno

Со неодамнешните измени меѓудругото добивме:
1. Зголемување на дозволената висина на повеќе згради до 29м со што се прави висинска турли-тава околу плоштадот. Мотивите се профитерски за сопствениците кои се блиски до власта.
2. Потенцијално проблемабатизирање на подземните сообраќајни коридори.
3. Нова збутана минијатурна маркичка пред МТ.

Како ова да не им беше доволно, веќе се најавуваат нови експресни промени, нови бисери:
4. Маркица за фамозната црква
5. Потенцијално уште една спорна маркица за уште поспорен проект

И којзнае уште какви бистри идеи имаат...

Bash


Нормално повторно се поставува прашањето зошто ни се воопшто урбанистички планови кога се менуваат секојдневно и тоа по желбите на популистички политичарчиња и транзициски „бизнисмени“... Порано барем мораа да ги кршат, сега си ги прилагодуваат по свој ќејф, како ќе им прдне!


Posted By: mitatos
Date Posted: 10-Feb-2008 at 21:24
Cloverstack ubav post , mislev deka ja zaboravi crkvata ama gledam i nejze si ja ubutal u postov ,stvarno se pravi nesto sve okolu plostadot , toa e golem kriminal




-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Feb-2008 at 21:34


Црквата ја немам вклучено во мапата затоа што немаме нешто конкретно околу нејзе туку само приказни. Дополнително, ја нема ни во ДУП-от, ниту има било каква објавена замислена јасно отцртана локација за нејзе...

Јас се надевам дека ќе никогаш ќе нема потреба да ја вцртувам! Попрво би идел да ја рушам владата него да ја вцртувам таа будалаштина...


Posted By: La Linea
Date Posted: 10-Feb-2008 at 22:04
Браво Cloverstack за сеопфатниот пост. Thumbs%20Up Ми се допаѓаат коментарите што си ги оставил како и основните информации за проектите, мислам дека сите до еден го делиме исто мислење за нивниот карактер.
    Можеш да спомнеш, доколку фијаското продолжи, за барањето за реконструкција на Бурмали џамијата во делот за Офицерскиот дом.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Feb-2008 at 15:06
Кловер конечно го прочитав постот, неможе човек а да не те пофали Applause

Стварно не ми текнува некоја дополнителна информација или детал. Мислам дека сите битни информации со кои располагаме си ги опфатил.

Но скроз ме фати затечен за 16ка. Веве Група прави реконструкција на некој објект? Тоа е објектот со пролаз веднаш до Turist Best Western? Или?

Прв пат слушам за ова. Има некои интервенции од надвор или?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Feb-2008 at 15:17


Одамна нешто доградуваат и крпат, одма до пролазот. Не можам вака да ти објаснам, ќе мораш сам да видиш. Ама мислам дека веќе се при крај.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Feb-2008 at 15:58
Зарем мислат дека некој ќе поверува на бедното оправдание што го нудат за повторно менување на мал ринг?!?

Nuts

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FF3E22D89F10DD4793ECAED5E8AE7FB3 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FF3E22D89F10DD4793ECAED5E8AE7FB3

Во Центар ќе се коригираат три ДУП-а поради застареност!

Корекциите ќе ги финансира Владата по барање на Општината


Иако е изменет пред само четири месеци, ДУП на „Мал ринг“ ќе претрпи повторни измени и дополнувања

Деспина Трајковска

Усогласување на детаљните урбанистички планови со градската урбанистичка рамка е главната причина поради која ДУП за „Мал ринг“, за „Голем ринг“ и за „Буњаковец 1“ се дел од Програмата за приоритетна изработка на урбанистички планови во државава, што е утврдено со владина одлука донесена од пред две недели. Надлежните од Општина Центар ги отфрлаат наводите дека прекројувањето ќе се врши заради некаков интерес на централната власт. Всушност, општинарите објаснуваат дека измената на плановите е предвидена по нивно барање, кое дополнително се состои и од молба за помош од државата за финансирање на ДУП.

„Согласно со можноста државата да финансира измени или изработка на урбанистички планови, ние поднесовме барање и тоа беше прифатено. Главната причина за корекциите се застареноста на плановите, што резултира со нивно несовпаѓање со Генералниот урбанистички план на Скопје. Генерално, корекциите се потребни за да се изврши усогласување на сообраќајните решенија“, вели Соња Шумкова, раководител на Одделението за урбанизам во Општина Центар.

Таа посочува дека плановите биле постари од пет години, додека ГУП е со понов датум, што доведува до нивна неусогласеност. Инаку, општинарите не можат да посочат колкава е сумата што ќе треба да ја издвои државата за финансирање на трите урбанистички плана. Единствено велат дека цената за изработка, односно измена на еден ДУП, зависи од опфатот на планот, при што сумата за изработка на еден хектар чини 50.000 денари.

Од Општина Центар ниту отфрлаат ниту потврдуваат дека причина за измена на ДУП за „Мал ринг“ е владината одлука за изградба на црква на плоштадот, бидејќи постојната урбанистичка рамка не предвидува црковен објект на просторот помеѓу „Дал Мет Фу“ и Стоковната куќа. Образложението дека овој план е застарен и негово менување е неопходно, не е издржано, со оглед на тоа дека тој беше коригиран пред четири месеци и притоа беше усогласен со ГУП.

Советот на Центар во одбрана на Здравев за „Мал ринг“

Советот на Општина Центар речиси едногласно заклучи дека не биле направени пропусти при носењето на измените на Детаљниот урбанистички план „Мал Ринг“, ниту пак, дека претседателот Владимир Здравев, гласајќи за планот, со кој неговото семејство индиректно ќе се стекне со финансиска корист, предизвикал судир на интереси. Разгледувајќи ја информацијата од Државната комисија за спречување на корупцијата, со која од Советот беше побарано изјаснување во врска со случајот, советниците со 17 гласа „за“ и три против не го прифатија барањето за повторно разгледување и преиспитување на наведениот ДУП. Советот смета дека планот е донесен во согласност со законот. „Поради тоа не се прифаќа ниту барањето за изрекување опомена на Здравев за негово учество на седницата на која планот беше усвоен“, стои во заклучокот. Советниците напомнаа дека Здравев и да се изземел од гласањето, ДУП ќе бил усвоен, зашто бил донесен со мнозинство гласови.

„Зошто антикорупционерите ни доставуваат ваква информација и бараат ние да дадеме наше мислење. Таа треба да го повика прозваното лице што направило евентуален престап и доколку смета дека има основа, да преземе соодветни мерки против него“, рече советникот Раде Лазаревски од СДСМ. Истиот став го имаше и неговата колешка Нада Зрмановска, која посочи дека се' е во рацете на антикорупционерите. Прозваниот Владимир Здравев, на кого, како што рече, не му е јасно зошто од Антикорупциска комисија не го повикале на разговор, туку целата постапка ја водат со преписки меѓу институциите и медиумите, посочи оти се' уште смета дека со чинот на неговото гласање не го прекршил законот, ниту пак дека неговиот глас бил пресуден ДУП да биде изгласан. (Дс.Т.)


Posted By: skywings
Date Posted: 08-Mar-2008 at 10:58

Аларова донела предлог за измена на ДУП-от за Мал ринг што беше донесен пред само пола година!!!!   З'ш ли го прави тоа???!!!!!!Bash    па мора да му го исполни сонот на Грујо за црква на плоштад... значи ништо не може да ги спречи, тврди главиWallbash

http://www.opstinacentar.gov.mk/ - http://www.opstinacentar.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=138&Itemid=2 - http://www.opstinacentar.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=138&Itemid=2


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Mar-2008 at 13:20
Далеку од тоа дека ништо не може да ги спречи. Ќе треба да им се пружи отпор!

Инаку мора прво да видиме за какви измени се работи. Малку ме буни она дека презентацијата ќе се одржела на 06.03.2008, а решениево го објавуваат на 07.03.2008. „Презентацијата“ сме ја пропуштиле, но бидејќи анкетата трае 10 дена, ваљда дуп-от со новите измени е изложен на истото место... Ќе треба да се отиде до адресата што ја спомнуваат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Mar-2008 at 14:15
А 100-катници?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Mar-2008 at 15:37
Ако мислиш на тие на паркингот карши Холидеј Ин, тоа не е во малиот ринг.


Posted By: skywings
Date Posted: 08-Mar-2008 at 15:42
100 катниците не влегуваат во Малиот ринг, тие се опфатени со дуп-от за Ново маало што беше донесен во декември лани. Слушнав декатој дуп не поминал во Градот, кој треба да даде одобрение. Арно ама законот дозволува Градот да стави вето само еднаш, ако советниците на Центар пак го изгласаат истиот дуп, тој стапува на сила и е валиден.


Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Mar-2008 at 15:43
Ниту се 100-катници, туку 100 ката е бројот на катови дозволено да се градат на таа маркичка. Мислам дека беа планирани 3 Х 50 катници.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Mar-2008 at 15:47
„Планирани“ е многу непрецизен термин... Јас многу би сакал да се реализираат, но сега за сега изгледа дека се „планирани“ само во главите на некои дебелоглавци.


Posted By: mitatos
Date Posted: 08-Mar-2008 at 18:02
MRTV e najgolemata zgrada vo makedonija zasega, a ima samo 20 sprata( ako ne se lazam) , a od niv  samo nekolku se polni , skoro 50 % e prazno, pa sega vie razmislete sto bi bilo ako bi imalo 50 ili 100 sprata zgradi , i koj ke gi polni ?



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Mar-2008 at 18:08
Originally posted by mitatos

MRTV e najgolemata zgrada vo makedonija zasega, a ima samo 20 sprata( ako ne se lazam) , a od niv  samo nekolku se polni , skoro 50 % e prazno, pa sega vie razmislete sto bi bilo ako bi imalo 50 ili 100 sprata zgradi , i koj ke gi polni ?



Мислам дека добар дел од МТВ е пополнет, не знам од каде сега ова...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: vardar
Date Posted: 08-Mar-2008 at 22:27
Originally posted by mitatos

MRTV e najgolemata zgrada vo makedonija zasega, a ima samo 20 sprata( ako ne se lazam) , a od niv  samo nekolku se polni , skoro 50 % e prazno, pa sega vie razmislete sto bi bilo ako bi imalo 50 ili 100 sprata zgradi , i koj ke gi polni ?

 
И ја слично имам слушнато, не дека 50% е празна но има цели спратови празни, па во мртв има околу 1200-1500 вработени, а толкава зграда. А со 50 катници или 100 катници да не се занесуваме, едноставно нема побарувачка за такво нешто во моментов. Колку што знам ни софија ни белград не се затрчаа по облакодери (има и таму планови но ништо не се гради) а не па ние 3х100, и тоа без (убавицата на Кире што ќе се гради со донации во аеродром  Nuts


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 09-Mar-2008 at 00:25
Originally posted by La Linea

Originally posted by mitatos

MRTV e najgolemata zgrada vo makedonija zasega, a ima samo 20 sprata( ako ne se lazam) , a od niv  samo nekolku se polni , skoro 50 % e prazno, pa sega vie razmislete sto bi bilo ako bi imalo 50 ili 100 sprata zgradi , i koj ke gi polni ?



Мислам дека добар дел од МТВ е пополнет, не знам од каде сега ова...


Скоро имав прилика да „шетам„ низ МТВ бидејќи одделот на МВР за пасоши е таму. Прво нешто што приметив беше колку е празна зградата. Незнам за тоа дека цели спратови се празни, али дефинитивно имаше многу малку луѓе. На еден спрат викавме за да најдеме човек да ни каже каде се просториите на МВР. Ohno


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Mar-2008 at 00:45
Само да ве потсетам на суровата реалност. Можеби нема да има нов аеродром, можеби нема да има нови автопатишта, можеби нема да има пад на невработеноста, можеби нема да има странски инвестици..... Ама сигурно ќе има црква на плоштад и тоа легално 50 метарска. Од утрешен Вест. Анкетата за ревизијата на ДУП трае уште оваа недела, потоа следува усвојување.






Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Mar-2008 at 02:35


Да, искоментирав во нишката за црквата... Сега следно непријатно изненадување ни се веројатно тие два објекти што се спомнуваат пред МНТ.

Ова лудило и дивеење може да се сумира како иницијатива за се позабрзано уништување (од сите аспекти) на малиот ринг.

Урбанистички глупости буквално се штанцаат во кабинети на политичари, а оние кои се стручно надлежни да се спротистават, ги аминуваат...

Bash


Мора отпор! Жесток!!!


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Mar-2008 at 08:06
 Каков плоштад ќе имаме ејјјј. Црква до 50 метри, Јане и Гоце на коњи пред мостот (лично мислам минимум 25 метра висина), Аце пак треба нешто повисоко да му најдеме, сепак сред плоштад ќе биде,значи под 75 метри не бива, гледам се бара куќата на мајка тереза да биде на плоштад (ова е супер, веќе има еден одличен,оригинален проект), и ај да стаиме и џамија нема смисла само цркви па цркви. Само ми треба време да размислам дали  треба да качиме некого на коњ и од другата страна на камени ???? Тоа ќе биде екстра ејјј  Suicide


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 10-Mar-2008 at 19:38
I jas se soglasuvam deka vladata trebase da gi nameni parite za crkvata na plostad vo nesto koe e neophodno da se izgradi... no, i vie ja preteravte! Dosta placite, neka se izgradi crkvata koga resile veke, mozda ubava ke izgleda. Ne mora na sve da se sprotuvstavuvate, retko gledam nekoj urbanisticki plan za gradba da vi se sviga na poveketo clenovi na ovoj forum.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 10-Mar-2008 at 19:42
Originally posted by GreatMakedon

I jas se soglasuvam deka vladata trebase da gi nameni parite za crkvata na plostad vo nesto koe e neophodno da se izgradi... no, i vie ja preteravte! Dosta placite, neka se izgradi crkvata koga resile veke, mozda ubava ke izgleda. Ne mora na sve da se sprotuvstavuvate, retko gledam nekoj urbanisticki plan za gradba da vi se sviga na poveketo clenovi na ovoj forum.


Мене лично не ми е (целосно) до изгледот работата или до тоа како ќе се уклопи со околните згради. Највеќе ме иритира тоа што со државни пари, т.е. индиректно мои пари, се градат религиски објекти. Јас сум апсолутно против тоа.


Posted By: La Linea
Date Posted: 10-Mar-2008 at 19:46
Катастрофа, кога целата држава се наоѓа во можеби најкритичните моменти од независноста па навака, наместо да сконцентрира на многу поважните работи, таа изиграва архитект/урбанист. Само како очигледно на сила е залепена маркичката за црквата, и само погледнете КОЛКУ Е ГОЛЕМА?!

Кога би бирал Мал Ринг: пред/по новата Влада, дефинитивно сум за претходниот, недовршен...

Originally posted by vardar

 Каков плоштад ќе имаме ејјјј. Црква до 50 метри, Јане и Гоце на коњи пред мостот (лично мислам минимум 25 метра висина), Аце пак треба нешто повисоко да му најдеме, сепак сред плоштад ќе биде,значи под 75 метри не бива, гледам се бара куќата на мајка тереза да биде на плоштад (ова е супер, веќе има еден одличен,оригинален проект), и ај да стаиме и џамија нема смисла само цркви па цркви. Само ми треба време да размислам дали  треба да качиме некого на коњ и од другата страна на камени ???? Тоа ќе биде екстра ејјј  Suicide


Gunz


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Mar-2008 at 20:36
Originally posted by GreatMakedon

I jas se soglasuvam deka vladata trebase da gi nameni parite za crkvata na plostad vo nesto koe e neophodno da se izgradi... no, i vie ja preteravte! Dosta placite, neka se izgradi crkvata koga resile veke, mozda ubava ke izgleda. Ne mora na sve da se sprotuvstavuvate, retko gledam nekoj urbanisticki plan za gradba da vi se sviga na poveketo clenovi na ovoj forum.


ГМ, не сме ние членовите на форумот тие што ја претеравме, туку власта што толку некритички и безусловно ја љубиш е таа што претера и ги премина сите граници на нормално и законско однесување.

Ние не плачеме, туку најнормално искажуваме револт за работа за која разумен човек навистина не може поинаку да реагира. Не ми паѓа на памет да чекам да се изградела црквата, па да сме виделе дали „можда убава ќе изгледала“ (патем речено, ако гледаш реално, треба да ти е јасно дека во никој случај не може да се вклопи и добро да изгледа). Но изгледот е само еден од аргументите против, а аргументи против има навистина многу, од сите можни видови. Ене ти имаш посебна нишка за црквата, па читај таму е детално дискутирано.

А тоа зошто не ни се свиѓаат повеќето урбанистички планови, тоа е од проста причина што тие се прават за да се задоволат лични интереси, а занемарувајќи го општиот интерес и урбанистичките норми. Нашето незадоволство не падна од ведро небо, туку причините се повеќе од јасни. Мислам на форумов има доволно аргументи особено против тоа што се прави во малиот ринг.

На крајот на краиштата цел на форумов е да биде место каде што ќе се дискутира на вакви теми и разните гомнарии да бидат разобличени. Токму затоа што во Македонија многу од гомнариите се туркаат нетранспарентно и пошироката јавност останува слабо информирана, ситуацијата не се подобрува. Информираноста, револтот и борбата против овие работи се основни предуслови за нешто да се смени во позитивна насока.


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Mar-2008 at 21:34
Originally posted by GreatMakedon

I jas se soglasuvam deka vladata trebase da gi nameni parite za crkvata na plostad vo nesto koe e neophodno da se izgradi... no, i vie ja preteravte! Dosta placite, neka se izgradi crkvata koga resile veke, mozda ubava ke izgleda. Ne mora na sve da se sprotuvstavuvate, retko gledam nekoj urbanisticki plan za gradba da vi se sviga na poveketo clenovi na ovoj forum.


Ајде да ги баталиме субјективните мислења дали црквата ќе биде убава или не и дали ќе се вклопува на дадената локација или не. Кажи ми ГМ дали си за правна држава? Дали Австралискиот премиер може со декрет да реши градба на незнам што до сиднејската опера или до харбор бриџот? Дали доколку нашиот премиер сони дека силувањето треба да биде легално истото треба да легализира? Дали доколку во моментов тоа е невозможно да се реализира истото ќе се овозможи со експресна измена на уставот и законте по нарачка и диригирано гласање? Дали во таква ситуација ние треба да кажеме.... Па добро штом решиле можеби и нема да биде толко лошо?
Примеров ти изгледа нессодветен? Сосема е соодветен бидејќи Владата на РМ со декрет како што правеле не во време на комунизмот туку во време на апсолутните монархии, го силуваше ДУПот (правен документ, закон) а со тоа и целиот македонски правен систем, ја силуваше урбаната логика, го силуваше здравиот разум. Владата покажа дека во нашава земја нема потреба од закони, нема потреба од правници, нема потреба од архитекти, нема потреба од демократија..... Има потреба само од група полтрони кои ќе креваат рака по нарачка и ќе ги омотуваат нивните проекти во една "демократска глазура". Владата покажа дека ние не сме држава туку си играме држава. Владата им даде пример на сите граѓани на Македонија дека воопшто не треба да се ограничуваат со законските норми во земјава туку може да прават буквално што сакаат, кога сакаат и каде сакаат. И на крај ние може ете да се надеваме дека сето тоа нема да искочи толку лошо. Можеби


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 11-Mar-2008 at 15:26
@Cloverstack: Ne ja ljubam vlasta bezuslovno i nekriticki. Ima raboti koj ne mi se sviget sto gi pravat, kako na primer davanje pravo da se gradi aerodrom vo Stip namesto vo Strumica a site znaeme deka toa e samo poradi toa sto Strumica ima SDSM gradonacalnik so kogo VMROvcive ne se firiset bas. Drugo sto me iritira e toa sto seriozna vlada sto proklamira ekonomska prerodba veke dva meseca e bez minister za ekonomija. Znaci ne velam deka so sve sto pravat se soglasuvam, no se soglasuvam so poveketo raboti koj gi pravat. A za toa sto Crkva ne e predvidena na plostad, dobro i toa ne cini no ako go smenat DUP-ot togas nema da bide nelegalna neli? A koj e toj sto ima vlast da go smeni DUP-ot? gradot Skopje? opstina centar? ili vladata? neznam vie kazetemi.

@pbanks: Vo Avstralija Premierot ne smee da gradi kajsto saka, no ako DUP-ot se smeni da predviduva takva gradba togas ke moze. Znaci vo ovaa situacija Gruevski nalozuva na nekogo da go smeni DUP-ot... krivicata jas be ja baral i na tie koj dozvoluvet Premier da mu nalozi da smenat DUP, zasto vo Avstralija Premierot da se obide da nalozi promena na DUP-ot ili sto bilo sto ne e vo negova nadleznost, ednostavna ili ke odgovarat pred sud ili ke bide ignoriran.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 11-Mar-2008 at 15:41
Cloverstack, Pbanks i Drugi. Gledam deka od se srce se grizite za poubava, pobogata po urbanizirana makedonija. Imam edna ideja, zosto ne registrirate nevladina organizacija? Jas od Avstralija mozam da vi pomognam na razni nacini, no vie ziveete vo Skopje, treba da najdite so poveke isto mislenici, napravete zdruzenie, stanete vlijatelni i protestirajte pismeno ili na ulica protiv sekakva neregularna planirana gradba itn. Se se moze a vie imate i znaenje i skolo... dosta samo diskutirame, treba da premineme vo akcija. Eve na primer za kazva akcija zboruvam. Nie sme mladi, finansiski slabi, (vie vo mk uste poveke) no mozeme da pokreneme kampanja za "cistenje" na makedonija. Vo Avstralija sekoja godina na specificen den postoi "clean up australia day"... vie/nie mozeme da inicirame "clean up macedonia day" iako ke treba poveke od eden den za da se iscisti makedonija, so vakvi akcii pravime razlika no treba da se organizirame.


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Mar-2008 at 15:43
Originally posted by GreatMakedon

A za toa sto Crkva ne e predvidena na plostad, dobro i toa ne cini no ako go smenat DUP-ot togas nema da bide nelegalna neli? A koj e toj sto ima vlast da go smeni DUP-ot? gradot Skopje? opstina centar? ili vladata? neznam vie kazetemi.


DUPot moze da se smeni i togas seto toa sto kje bide nacrtano vo nego e legalno. No bitna e procedurana za promena na DUP treba da ima strucna debata i izdrzani pricini zosto treba da se napravat tie izmeni. Duri i da nema jasno regulirana pravna procedura kako se pravi promena na DUP rabota na osnovna politicka kultura e premierot (i bilo koj drug politicar) da ne se mesa na vakov drzok nacin vo planiranjeto na gradot. Inaku DUP go menuva Opstina Centar taa e nadlezna za toj del.

@pbanks: Vo Avstralija Premierot ne smee da gradi kajsto saka, no ako DUP-ot se smeni da predviduva takva gradba togas ke moze. Znaci vo ovaa situacija Gruevski nalozuva na nekogo da go smeni DUP-ot... krivicata jas be ja baral i na tie koj dozvoluvet Premier da mu nalozi da smenat DUP, zasto vo Avstralija Premierot da se obide da nalozi promena na DUP-ot ili sto bilo sto ne e vo negova nadleznost, ednostavna ili ke odgovarat pred sud ili ke bide ignoriran.


Se slozuvam GM, ni jas ne ja lociram krivicata ekskluzivno na premierot, nitu na vladata. Krivica nosat site do sekoj sovetnik na Opstina Centar. Tuka se i sudskite organina, javniot obvinitel, valjda e negova zadaca da sankcionira vakvi devijantni pojavi. Site do eden kjutat i se soucesnici (vklucuvajki ja i opozicijata, laeja dva dena za da zemat eftini poeni i gi snema, toa znaci deka tolku im e gajle). Sepak, nikako nemozam da razberam i opravdam kako premier si dozvoluva da napravi nesto vakvo i uporno da go tera iako argumentite protiv se tolku silni. Ednostavno najmalo opravduvanje ima za nego. Ako nekoja ekipa gubiv vo fudbal ne se menuvaat site igraci, se menuva trenerot, toj ja nosi odgovornosta pred se.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 11-Mar-2008 at 15:56
pa nemet "prioriteti"... ako sakat Gruevski da ostavi negov beleg, sum slusal idei za gradenje zicara od plostad do mileniumski krst.. bi bilo sto pati podobro toa da se napravese, ke privlece i turisti, i neka go dozavrsea krstot ednas veke, neka go snabdeja so struja za sekoja nok.. toa ke bese naj razumno i jas se soglasuvam deka konceptite za prioritetite gi gubat.


Posted By: vardar
Date Posted: 17-Mar-2008 at 05:15
Незнам дали овде припаѓа (лично во урбано дивјаштво би го стаил)
 

ИЗМЕНИТЕ НА ПЛАНОТ ЗА МАЛ РИНГ НА ЈАВНА -АНКЕТА

Владината црква ќе биде меѓу два сокака

Црквата ќе биде висока 29 метри, со камбанарија до 50 метри, а меѓу неа и објектите до кои ќе се гради останува мал простор со широчина од неколку метри

Граѓаните уште денеска и утре може да го кажат своето мислење во врска со изградбата на црквата на плоштадот Македонија, на јавната анкета што ја организира Општина Центар за најновите измени и дополнувања на детаљниот урбанистички план за Мал ринг. Новиот план за изгледот на централното градско подрачје е изложен во Урбаната заедница „Боте Ботески“, во Градски трговски центар, во кулата 2 на третиот кат, каде што се одржува и јавната анкета. Заинтересираните граѓани ќе може да ги видат предвидените измени и новите градежни маркички и на анкетни листови да го запишат своето мислење за нив.Новите измени Општина Центар ги прави по налог на Владата, за да се внесе во планот маркичката за големата православна црква што ќе се гради со буџетски пари на просторот меѓу стоковната куќа „Типо“ и ресторанот „Дал мет фу“. Според планот, црквата ќе биде висока 29 метри, колку што е максималната дозволена височина на објектите во овој дел. За нејзината камбанарија е предвидена височина до 50 метри, но таа може да биде и пониска, во зависност од идејното решение што ќе се избере на конкурсот што го распиша Министерството за култура. Од планот се гледа дека меѓу црквата и објектите до кои ќе се гради, останува сосема мал простор со широчина од неколку метри.

Освен црквата, слободниот простор во центарот ќе го освојат уште две нови згради, кои ќе се градат на шеталиштето пред Македонската опера и балет, од двете страни на објектот. Едната зграда ќе се гради пред седиштето на Комерцијална банка, а другата на местото каде што сега се продаваат стари книги. Двете ќе бидат високи по 29 метри, односно ќе имаат приземје и седум ката, а нивната намена ќе биде за државни институции. Новина во планот, кој последен пат беше сменет лани во октомври, е што се вцртани и градежни маркички за четирите скулптури на лавови што ќе бидат поставени на Мостот Гоце Делчев.Инаку, до вчера во Урбаната заедница „Боте Ботевски“ во ГТЦ е пуштен само еден анкетен лист за планот, во која единствена забелешка е маркичката за изградба на црквата.

- Не само што не е коректно да се гради црква со парите од граѓаните, туку на овој простор не треба да има ништо. Треба да се отстранат дивите продавачи, плоштадот да се чисти редовно и да претставува унифициран и модерен простор на кој скопјани ќе може да шетаат, да се собираат, да излагаат и да организираат настани - стои во анкетниот лист на една скопјанка. Оваа жителка на Општината Центар смета дека причина за слабиот одѕив на граѓаните е што тие не се соодветно известени дека тече јавната анкета за измените и дополнувањата на планот за Малиот ринг.

- Променетиот план е на анкета, а ние не знаеме ништо околу тоа. На некој му одговара граѓаните да бидат пасивни и да не го искажуваат своето мислење во врска со изградбата на црквата на плоштадот - вели таа и ги повикува сограѓаните да излезат на јавната анкета и да го кажат своето мислење за планот што го третира најважниот дел од Скопје, строгиот центар.Новите измени и дополнувања на овој нацрт-план ги изработи проектантската фирма „Инпума“.

Анела Петрова

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=577EE2F4A5BB434A837D88DBD4ACBAA5 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=577EE2F4A5BB434A837D88DBD4ACBAA5


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Mar-2008 at 09:38


Освен веќе познатите статуи и црква новава ревизија ни носи уште два објекта од ѓутуре.

Освен црквата, слободниот простор во центарот ќе го освојат уште две нови згради, кои ќе се градат на шеталиштето пред Македонската опера и балет, од двете страни на објектот. Едната зграда ќе се гради пред седиштето на Комерцијална банка, а другата на местото каде што сега се продаваат стари книги. Двете ќе бидат високи по 29 метри, односно ќе имаат приземје и седум ката, а нивната намена ќе биде за државни институции.


За оној пред комерцијална банка веќе имав нешто начуено Roll%20eyes. Другиов е гром од ведро небо. Нели центарот веќе беше загушен нели требаше да срушиме се бидејќи премногу било густо. Немаше проблем да се избрише перфектна маркица пред домот на АРМ а уште помал проблем е да се редат нови маркици на најапсурдните локации.

Анкетава сеуште траела, јас ќе се потрудам денес да отидам до таму.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Mar-2008 at 10:50
Да, очигледно не беа доволни сите тешки глупости што ги натураат во мал ринг, еве успеаа да смислат и нови... Ситуацијава станува апсурдна Wallbash

Originally posted by pbanks


Анкетава сеуште траела, јас ќе се потрудам денес да отидам до таму.


Одлично! Од каде слушна и до кога трае?


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Mar-2008 at 10:52


Прочитај ја првата реченица на објавата Nuts


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Mar-2008 at 10:56
А ок, ја кога го читав текстот влетав во заклучок дека е стар Wallbash


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Mar-2008 at 21:40
Еве ги изненадувањата од левата страна на Вардар. Еден објект кај Комерцијална Банка и еден скроз кај МНТ. Не би можел да кажам дека овие две решенија се крај на свет (иако се сувишни). Но за жал се работи за истиот дивјачки принцип на промена на урбанистички план како со црквата или со стокатниците. Се прават суштински измени по политичка директива. Така да сум дефинитивно Thumbs%20Down




Posted By: vardar
Date Posted: 17-Mar-2008 at 22:08
Незнам шо да се каже, изгледа у скопје сакаме екстремности, досега имавме цели ниви сред главниот град а сега сакаме да залепиме  згради заедно Ohno Него пбанкс беше до јавната анкета така?(сликава од таму е ?) Ај кога ќе имаш време кажи како е сето тоа организирано, што имаат изложено. Извини шо те прашувам вака би отишол лично... само ќе ми треба 24 саата и $2500  а тоа е премногу за една анкета Wink 


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Mar-2008 at 22:09
Originally posted by vardar

Незнам шо да се каже, изгледа у скопје сакаме екстремности, досега имавме цели ниви сред главниот град а сега сакаме да залепиме  згради заедно Ohno Него пбанкс беше до јавната анкета така?(сликава од таму е ?) Ај кога ќе имаш време кажи како е сето тоа организирано, што имаат изложено. Извини шо те прашувам вака би отишол лично... само ќе ми треба 24 саата и $2500  а тоа е премногу за една анкета Wink 


За жал не бев, касно си дојдов од работа Ohno

Ова го сликнав сега, од утрешен Вест


Posted By: vardar
Date Posted: 17-Mar-2008 at 22:24

Ок нема везе Thumbs%20Up



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Mar-2008 at 08:36
Еве го предлогот со најновите измени:

http://img255.imageshack.us/my.php?image=picture003aea1.jpg">


Зумиран делот на двата плоштади:

http://img530.imageshack.us/my.php?image=picture008ayy4.jpg">


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Mar-2008 at 08:50
За црквата е сувишно да се коментира, ама обликот и големината на маркицата се уште подебилни него што мислев.

Исто така онаа нова маркичка 7.9 изгледа крајно несмасно... Кога веќе решиле да чепкаат и таму, барем да се потруделе подобро да го оформат плоштадот Карпошово Востание. Не знам зошто морале дури и несиметрично да навлезат во просторот на плоштадот и да одат во спротивност на  некои логични линии што би било пожелно да се оформат.

6.8 останува мистерија за мене... Таму е објектот за холокаустот и не ми е јасно какви се сега овие измени.


Се на се, кога со сила се бутаат маркици во постоечки концепт, кога се изнасилуваат разноразни катастрофални решенија само за да се пополни секој празен простор, резултатот е ваков - мизерен.
Знаете дека отсекогаш сум бил против сите оние ливади и неоформени празни простори во Мал Ринг. Но ова „пополнување“ во спротивност со оргиналниот ДУП веќе е претеризам. Се оди во крајност и се цртаат најнелогични маркици на преостанатите неколку простори и со тоа се гуши околината, се разбива било каков издржан урбанистички концепт, се прави естетска бурлеска. Сепак тоа најдобро го опиша Ванковска - турбо фолк во урбанизмот.


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Mar-2008 at 15:28
7.9 ја руши симетријата, со која цел ја ставиле таму?

Кај 6.5 се гради театарот и ќе се гради Музејот на ВМРО?

А ќе сака ли некој да ја објасни 6.8? Не ми е јасно како планираат плштадот да го добие овој облик кога веќе има изградено објекти што го попречуваат тоа.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Mar-2008 at 16:04
Комплетна симетрија кај Карпошово Востание не ни имаше, ама кога веќе ставаат дополнителна маркица (7.9), можеа да се потрудат таа да прати некои логични линии, а не дополнително да се разбие просторната логика.

Она кај 6.8 воопшто не ми е јасно Dunno

А не знам ни 6.5 која е конкретно, ама театарот и музејот се во линија, со тоа што музејот е до камени а театарот до мостот Гоце Делчев.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Mar-2008 at 16:18
Кој е 6.8 неможам убаво да видам на фотографијата.

6.5 е чудна, испаѓа дека новиот пешачки мост мава во улучката меѓу театарот и музејот но нели ја зголемуваа маркицата на театарот па тоа требаше да се измести?

Исто ме буни куќата на Мајка Тереза, таму има нешто ишрафирано но нема бројче. Веднаш подоле каде што требаше да се гради Палата Македонија 2, има исти такви шрафирани маркици но колку што знам таму објект веќе не е планиран??


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Mar-2008 at 16:27
Маркицата на театарот е проширена во обратен правец. Ама само тоа можам да ти кажам.. За другово што се чудиш, се чудам и јас.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Mar-2008 at 16:31


Каде во обратен правец? Ги гледам дека тие трите круга накај Гоце Делчев сеуште постојат во планов. Еднашка зборевме дека постои варијанта да се прошири во тој правец и тие да се уништат. Затоа ми паѓа чудно.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Mar-2008 at 16:42
Абе има некоја зелена линија што поминува низ вториот круг, што одговара и на ситуацијата на терен, до каде што е срушено. Е сега не знам, веројатно нема самата зграда да биде до таму, туку околното уредување... За жал има доста работи кои не можеме да ги протолкуваме. Во секој случај нека не те бунат некои стари работи што уште фигурираат, затоа што предлог ДУП-ов е само доцртан врз некоја стара скица на постоечка состојба ваљда...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Mar-2008 at 12:29
Исправка за #16 во пост http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132&PID=5310#5310 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132&PID=5310#5310


Како што повеќето од вас сигурно забележале, излезе дека на првите две нивоа има некаков кафич, а на третото немам поим што има. Не ми текнува зошто на времето бев убеден дека Ве-Ве Груп има врска со ова (останува можност дека можеби има, ако не во некаков сопственички, можеби од градежен аспект, навистина не знам)


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-May-2008 at 11:52
Сепак некој се обидел нешто. Браво Грчев.

Кој кого прави луд овдека? Ако се измените уставни тогаш треба да се менува уставот.

Измените на ДУП „Мал ринг“ се уставни

Уставниот суд нема да ја оценува законитоста на постапката за донесување измени и дополнувања на Детаљниот урбанистички план „Мал ринг“, иницијатива што ја поведе архитектот Мирослав Грчев, авторот на Детаљниот урбанистички план. Судот утврдил дека се неосновани наводите во иницијативата, односно дека измените на ДУП се донесени во законски рамки.

Во инцијативата, пак, Грчев наведува дека процедурата била водена спротивно на одредбите на ГУП, без инволвираност на стручната јавност, без постапката да се темели на експертиза за потребата, природата и обемот на измените и без да се исполни обврската од ГУП да се спроведе јавен анонимен конкурс од кој би произлегле новите решенија на ДУП.

Грчев, како пропусти во постапката навел и дека измените на планот воопшто не содржат детаљни параметри за заштита според заштитно-конзерваторски основи за ниту еден споменик на културата во опфатот. Измените и дополнувањата на ДУП „Мал ринг“,ги донесе Советот на Општина Центар во октомври минатата година. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=79FD3DA25F885A4E90328B5401697D27 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=79FD3DA25F885A4E90328B5401697D27


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jun-2008 at 14:29
Гласините за нов објект од левата страна на Вардар се потврдуваат Ohno. Има и бонус нов објект и од десната страна на Вардар. Мислам дека изградбата на "Старо Скопје" е далеку од завршена и не очекуваат уште многу непријатни изненадувања.

@Кловер кажи ми ти не ги виде овие маркици кога беше на увид на Мал Ринг? Рече дека тогаш си сликал дај постирај некоја фотка да го разгледаме сето тоа.

Се планира изградба на Државен архив


Новите предлози за измена на деталните урбанистички планови Мал и Голем ринг, ќе се разгледуваат на заедничка средба меѓу претставници на Министерството за транспорт и врски, Општина Центар и Партиципативното тело за урбанизам на Град Скопје.
- Се одлучивме за одржување нова седница во проширен состав заради важноста на промените на двата ДУП-а кои се однесуваат на централното градско јадро, каде со помош на Владата се планира да се изградат неколку значајни објекти, истакна професор Андреј Токарев, претседател на Партиципативното тело.

И со последните измени на ДУП-от Мал ринг предвидена изградба на црква меѓу Сити галери и ресторанот Дал мет фу на плоштадот Македонија и на уште еден објект на левиот брег на Вардар лоциран непосредно пред централата на Комерцијална банка. Во најновите измени е внесен и нов објект - зградата за Државен архив која треба да се гради веднаш до седиштето на МЕПСО на самиот брег на Вардар. Општина Центар пред дваесетина дена го побара на доработка ДУП-от за Мал ринг, кој беше доставен до Град Скопје и до Министерството за транспорт и врски, за давање мислење за предвидените промени.

Претходно, Општината го усвои ДУП-от Голем ринг со измените за кои Партиципативното тело за урбанизам дало негативно мислење за изградба на три стокатници на паркингот пред Холидеј ин. Градот предлагаше и замена на првично предвидената локација на црквата "Св.Константин и Елена" од Плоштад да се премести на автентичната локација во паркот Жена - борец.

(Е.А.)


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A8FA53D574102F40BA3968C4B9EB0D74 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A8FA53D574102F40BA3968C4B9EB0D74

Урбанистичката подлога за црквата на плоштадот е несоодветна

Се укажува и на пропусти во сообраќајните решенија на левиот брег на Вардар

Деспина Трајковска

Урбанистичкото решение за црквата на плоштадот во целост не ги исполнува критериумите за непречена реализација на проектот, сметаат од Партиципативното тело за урбанизам на Град Скопје. Оттаму укажуваат дека предложениот изменет ДУП „Мал ринг“, во кој е опфатено срцето на градот, а со него и маркичката за верскиот објект, треба да се додефинира. Во сегашната верзија, црквата налегнува на подземна комуникација.

„Тоа решение треба да се коригира, бидејќи имаме забелешки од технички аспект. Недозволиво е прво да се изгради црквата, па отпосле да се интервенира за други потреби. За куќа прво се поставуваат темели, па потоа таа се крева нагоре“, посочува архитект Андреј Токарев, претседател на Партиципативното тело, во кое членуваат уште четворица негови колеги и претставници од Градот кои изминативе денови ги „чешлале“ деталните урбанистички планови „Мал ринг“ и „Голем ринг“, кои се однесуваат на урбанизацијата на срцето на Скопје. Покрај забелешките за црквата, од телото укажуваат дека и неодамна зацртаната маркичка за градба на објект на левиот брег на Вардар пред Комерцијална банка не ги исполнува сите услови за непречена реализација, бидејќи во планот не е испланиран приод до објектот кој речиси е залепен до кејот. Од телото потенцираат дека проблематично е и сообраќајното решение за делот на кој почна да се возобновува Стариот театар, каде што веќе никнува Музејот на холокаустот, а особено на просторот предвиден за изградба на музејскиот комплекс на ВМРО, чиј камен-темелник беше поставен минатата недела. Таму, според мислењето од Партиципативното тело, постојат недорасчистени проблеми со т.н жичарница, која е испланирано да води кон Кале, а има и вкрстување и недоречености во истрасираниот подземен сообраќај со веќе постојниот.

Со цел да се елиминираат пропустите, во оние делови каде што е изводливо тоа, од телото ќе ги повикаат на средба општинарите од Центар и надлежните од Министерството за транспорт и врски, на која евентуално би се донело заедничко решение, со цел централното градско подрачје правилно да се развива во урбанистички поглед.

„Поради значењето на плановите ’Мал ринг‘ и ’Голем ринг‘, одлучивме недореченостите, дилемите и проблемите да ги решиме во проширен состав. Наше е да укажеме, но не значи дека препораките ќе ни бидат прифатени. Нашиот став и заклучоците не се обврзувачки за Општината, која е директен носител на планот. За жал, тоа е така поради недореченостите во Законот за локална самоуправа и во Законот за Град Скопје“, вели професор Токарев, кој смета дека кон оваа проблематика треба да се пристапи сериозно, независно од идеите и желбите на одредени структури. Токарев и неговите колеги се надеваат дека од Општината ќе ја прифатат средбата и стручните укажувања, и покрај тоа што досега се докажа дека од Центар не ги земаат предвид мислењата што ги дава Градот за одредени ДУП. Имено, и покрај негативното мислење што го дадоа градските власти во однос на планот што ги третира стокатниците спроти „Холидеј ин“, општинарите го усвоија планот во урбанистичката рамка каква што си ја скроија. Инаку, планот за „Мал ринг“ се наоѓа на разгледување во Градот од минатата недела откако општинарите од Центар пред дваесетина дена без образложение го повлекоа на доработка.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E0086B7E6FD27B4AACFBD1E0DCEA50B3 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E0086B7E6FD27B4AACFBD1E0DCEA50B3

НЕ за црква на плоштадот и за зграда на кејот

Црквата, Музејот на ВМРО и нова зграда до Комерцијална банка на 1,5 метар од кејот, се проблематични решенија за кои Градот ќе има средба со Министерство за транспорт и врски и со Општина Центар

Црквата на плоштадот Македонија, Музејот на ВМРО спроти старата автобуска станица и Архив до Комерцијална банка од левата страна на кејот, се проблематични решенија за кои треба сериозно да се разговара меѓу Градот и Владата, е ставот на Партиципативното тело за урбанизам што дејствува во рамките на Градот. Скопје. Една од забелешките на Телото се сообраќајните решенија, односно немањето пристап до некои од овие објекти во планот за централното јадро „Мал ринг“, додека другата е изградбата на објект на 1,5 метар од кејот на Вардар. Партиципативното тело има советодавен карактер, а составено е од членови од Градот, но има и надворешни. Нивната улога е да даваат мислења за урбанистичките планови што општините ги подготвуваат на ниво на Скопје. На дневен ред на завчерашната седница, освен најновите измени на урбанистичкиот план на Општина Центар за централното градско подрачје „Мал ринг“, беа и измените што ќе следуваат за Генералниот план на град Скопје (ГУП).

РЕШЕНИЈАТА ЌЕ ПРЕЧАТ ЗА ПОДЗЕМНИОТ СОБРАЌАЈ

Еден од членовите, професор Андреј Токарев, информира дека во наредната недела ќе имаат средба со Министерството за транспорт и врски и Општина Центар, со цел да им посочат на расчистување на сите законски и технички аспекти. За централното градско јадро кај Партиципативното тело постојат многу дилеми. Сакаме да ги чуеме нивните аргументи. Граѓаните треба да имаат јасен увид во тоа што се работи, а што не треба да се работи - изјави Токарев. Според неговите објаснувања, во планот „Мал ринг“ има многу решенија што се спротивни на ГУП. Исто така, доколку се реализираат, ќе пречат на замисла за подземен сообраќај или, пак, за изградба на жичница до Водно. Треба посериозно да се приоѓа на овие замисли за жичница и подземно решение. Куќата не може да се гради од покрив, туку од темели. Затоа и ќе пристапиме кон нови измени на ГУП - рече тој.

ГРАДОТ ЗБОРУВА ,КАРАВАНОТ СИ ВРВИ

Градските власти досега неколкупати реагирале на урбанистичките решенија на Општина Центар, но ретко на нивните забелешки им се посветува внимание од општинарите од Центар. Последен пат на Градот беше да се доработи и измени планот „Мал ринг“ во делот на Црквата и Музејот. Општина Центар, рекоа од Градот, во изменетата верзија, наместо да измени или одземе некои објекти, додала нови, како објектот за Архив на кејот. Пример за тоа како поминуваат забелешките од Градот се и кулите-стокатници предвидени за изградба спроти хотелот „Холидеј ин“. И покрај децидното спротивставување на градските власти, планот „Голем ринг“ беше усвоен од Општината онака како што го замислија и го изработија. Од Градот укажуваат дека биле против и поради тоа што Скопје се води како трусно подрачје.  За кулите-стокатници дадовме негативно мислење. Кулите, кои се предвидени да бидат високи 500 метри, се неистражени како од сообраќаен така и од безбедносен аспект - нагласи професор Токарев.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3BB800EA5D43F24C9625C51004B883F2 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3BB800EA5D43F24C9625C51004B883F2


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jun-2008 at 15:55
Originally posted by pbanks


@Кловер кажи ми ти не ги виде овие маркици кога беше на увид на Мал Ринг? Рече дека тогаш си сликал дај постирај некоја фотка да го разгледаме сето тоа.

Друже, сликите што ги постирав во пост #87 е тоа што беше тогаш изложено. Ама овие си цртаат како ќе им прдне и секој две недели имаме по некое ново непријатно изненадување. Прв пат слушам за најновата маркица кај Мепсо...  Очигледно се работи за уште еден „бисер“

Wallbash



изградбата на објект на 1,5 метар од кејот на Вардар.

Немав поим дека маркиците од левата страна на Вардар до толку „елегантно“ ги вклопиле. Roll%20eyes

Тој метар и пол зошто воопшто го оставиле? За да можат да поминуваат мачиња и кучиња? Crazy
Затоа што метар и половина дефинитивно не е доволно за нормално пешачко движење на една таква централна локација.
Bash



За музејот што ќе се збори допрва??? Па овие (во својот насилнички апсолутистички стил) веќе почнаа да го градат...
Bash


За црквата пак, нејќам ни да почнувам... тоа што била во конфликт со подземната сообраќајница е само капка во морето аргументи против нејзе.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jun-2008 at 19:11
Rock

Но изборите се толку блиску да ова џилитање нема многу да помогне Ohno

Градот не дава дозвола за црквата на плоштад

Изградбата на црквата на плоштадот Македонија, која во јавноста предизвика низа полемики, позитивни и негативни мислења, сега е закочена. Градот не дава дозвола за нејзина изградба.

Иако веќе има изработено идејно решение, по конкурсот кој го распиша Министерството за култура, Градот не се согласува со одлуката на Владата.

„Секторот за уредување и планирање на Градот Скопје го разгледа планот за измена и дополнување на деталниот урбанистички план на општина Центар и за истиот веќе е јасно дека се издаде мислење со коешто се дава негативен став околу сите измени за деталниот урбанистички план. Се однесува на сите објекти, вклучувајќи ја и црквата, но не само црквата“, изјави Маја Мухиќ, портпарол на Град Скопје.

Во деталниот урбанистички план имало низ неправилности, тој не бил во согласност со ГУП-от за Скопје, затоа е дадено негативно мислење, вели Мухиќ.

„За измените на деталниот урбанистички план, коишто се однесуваат на вакви зони, односно на централното градско подрачје, во случајот „малиот ринг“, согласно ГУП-от, всушност општината Центар, затоа што таа е донесител на деталниот урбанистички план, заедно во соработка со Градот и исто така со државата, е должна всушност да распише државен или меѓународен, јавен, анонимен конкурс, рече Маја Мухиќ.

Од Градското собрание велат дека оваа е автономна одлука на одлука е на Градот. За неа Советот не треба да гласа.

Мислење за изградбата на црквата треба да даде и Министерството за транспорт. Од таму велат дека доколку деталниот урбанистички план е изработен согласно Законот, тие даваат согласност по што Советот на општината може да го усвои.

Овој дел од законите е сива зона каде се мешаат надлежностите на градот, општината и Министерството за транспорт. Токму поради тоа никој не може да предвиди каква е иднината на овој проект.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=94347 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=94347


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jun-2008 at 23:22
После се што имам кажано против Трифун, а не е некоја голема мудрост да се заклучи дека е катастрофален градоначалник (катастрофален е уствари преблаг збор), морам да се изјаснам дека сепак би гласал за Трифун, ако морам да бирам меѓу него и некој што се залага за црквава.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jun-2008 at 19:33
Ме интересира дали знаете нешто во врска со парцелата која се наоѓа меќу парцелите 5.1(офицерски) и 5.2 на плоштад, односно таа лево од офицерски. Има ли најава што ќе биде тоа?! Се работи за прилично голема паркица, а заднниот дел некако неправлна форма има односно е продолжен и залепен за офицерски.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jun-2008 at 19:40

Линиите се чудни и не сум сигурен што точно значат, ама сигурно не е планирано да биде слепена со офицерскиот.
Инаку намената уште на времето се збореше дека е за хотел, а како сега стојат работите немам поим...


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jun-2008 at 19:41
Originally posted by Cloverstack


Линиите се чудни и не сум сигурен што точно значат, ама сигурно не е планирано да биде слепена со офицерскиот.
Инаку намената уште на времето се збореше дека е за хотел, а како сега стојат работите немам поим...


Па нели во последниве измени за мал ринг се спомна нешто државен архив или нешто такво?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jun-2008 at 19:43
Ја како што разбрав државниот архив требаше да биде на другатастрана од вардар, и се чудев каде ќе го сместат, а ова за хотелов познато ми звучи, ама мислев дека хотелот е на 5.2. А инаку 5.2 што треба да биде?!


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jun-2008 at 19:47


тој објект е башка

пост #97

зградата за Државен архив која треба да се гради веднаш до седиштето на МЕПСО на самиот брег на Вардар.



Print Page | Close Window