build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мал Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 52>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Мал Ринг
    Posted: 16-Dec-2007 at 17:57
Се работи за најбитниот дел од Скопје па мислам дека заслужува своја посебна нишка. Би можеле тука и да ги префлиме дисксиите кои неминовно се јавуваат на оваа тема во другите нишки. Како за почеток една стара објава на оваа тема од Капитал...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Dec-2007 at 17:58

Урбан хаос во центарот на Скопје

Многу од објектите што се градат во центарот на Скопје се спротивни на урбанистичкиот план, се "рашириле" на туѓ имот и немаат намера да запрат во висината до таму до каде им одредила дозволата. Оние што градат работат со паролата: каква архитектура, битни се парите! Надлежните не преземаат ништо. Архитектите не можат да се договорат како треба да изгледа градот. Урбанистичкиот план чека на промени. Незаконски изградените згради чекаат да станат дел од него. Накусо - хаос за кој е јавна тајна дека постои заради големите пари кои се вртат во оваа дејност

Брзате на претстава. Го фаќате првиот трамвај на "Партизанска" кон центарот. Некаде кај "Тифани" трамвајот влегува во тунел под земја. За некоја минута се симнувате на централната трамвајска станица што се наоѓа под плоштадот. Се качувате по ескалаторот за да излезете пред новата зграда на Народниот театар, која се наоѓа спроти комплексот на Телеком. А, театарот е речиси ист како оној за кој говорат вљубениците во градот пред земјотресот. По претставата одите на прошетка по прекрасно осветлениот Камен Мост се до плоштадот "Карпош" кој се наоѓа на местото на некогашната грда автобуска станица. Тука крај фонтаната има интересен перформанс на вашите пријатели-жонглери. На крајот се упатувате со нив кон катната гаража која е на неколку чекори од плоштадот за да го земете автомобилот на еден од пријателите. Задоволни си потпевнувате.
Градот е Скопје. Просторот на кој се одвива случката е срцето на градот - двата плоштади од двете страни на Камениот мост. Годината во која се случува настанот е се уште непозната...
Ваквото Скопје чека на хартија. Познато е како Детален урбанистички план (ДУП) "Мал ринг". "Малиот ринг" го опфаќа просторот од двете страни на Вардар, почнувајќи од мостот "Гоце Делчев", преку МНТ и хотелот "Холидеј ин", Градскиот трговски центар (ГТЦ), Собранието, улиците "Даме Груев" и "Васил Главинов", покрај Телекомот, за на крајот кругот да се затвори со мостот "Гоце Делчев".
Планот е донесен во 1997 година. Неговото важење истече оваа пролет. Според Законот за урбанистичко планирање, по истекот на важењето ќе следи негова ревизија. Очигледно е дека во петте изминати години, кога требаше дел од гореопишаната реалност да стане вистина, не е направено многу. Речиси ништо. Причините за ова се постојаните политички пресметки, различните визии на архитектите и политичарите и постојаната битка да се господари со сферата на урбанизмот во која најлесно се прават пари од "протнување под рака" на маркици, катови, "поткровја"...
"Според планот од 1997, само во западниот дел од областа се изградија неколку објекти. Другите локации не се дадени никому и покрај тоа што планот привлече многу инвеститори што сакаа да градат. Поентата е да се спојат интересите на градот и државата со интересот на инвеститорите", смета проф. Мирослав Грчев, еден од авторите на ДУП "Мал ринг".
Тој вели дека за реализацијата на планот не се одговорни оние што го креирале, туку Министерството за транспорт и врски, кое ги доделува локациите и издава дозволи за градба. Ваквата распределба на одговорностите, според него, е апсурд.
"Центарот на Скопје требаше практично да се возобнови. Скопјани се апатични, изморени и навикнати на нешто што по ниедна основа не личи на центар на град", вели Грчев.
Според планот од 1997 година, на центарот на градот треба да му се врати густата структура, како што било пред земјотресот и како што е на сите западноевропски плоштади. Тоа значи дека на денешниот плоштад Македонија треба да има густо поставени згради. Слично треба да изгледа и другата страна на Камениот Мост - плоштадот "Карпош" пред Старата чаршија. Планот предвидува на овие два плоштада да се изградат трите популарни објекти со идентичен изглед како од пред земјотресот: театарот, офицерскиот дом и народната банка. Тие локации би можеле да бидат и со друга намена. На просторот на стариот офицерски дом авторите предвиделе објект наречен 3М-Македониум мултимедиа. Оваа зграда треба да биде центар на културни случувања. Од другата страна на Вардар, пред зградата на МНТ, а спроти хотелот "Холидеј ин" е предвиден друг хотел. Зад овој хотел треба да има катна гаража која ќе се надоврзе на постојната подземна гаража на МНТ. Капацитетот на места за паркирање ќе се зголеми за 500%. Некаде на средината помеѓу хотелот и Комерцијална банка е предвиден пешачки мост што ќе ги поврзува левата страна на кејот со онаа пред Градскиот трговски центар (ГТЦ).
Авторот на планот не е сигурен дека ова ќе стане реалност, бидејќи планот е истечен и сега се очекува тој да се промени.
"Тивко и нетранспарентно, без да се направат анализи на придобивките на Планот, се влегува во негово менување...", вели Грчев.
Според него, не се анализира дали има околности коишто го чинат застарен, кои се тие околности, дали се тие толку нови што планот треба целосно да се менува.
"Ние како автори на планот не сметаме дека планот треба да е наш доживотен споменик. Тој треба да се менува бидејќи градот е динамичен и сложен организам. Меѓутоа, промените треба да бидат контролирани во континуитет на една урбан развој, а не почнување секогаш одново", смета Грчев.
Тој објаснува дека претходниот план за центарот е донесен 1967 и последната зграда изградена според него е пред повеќе од 25 години.



Зошто ревизија на планот?


Спротивно на ставот на Грчев постојат и мислења дека на градот не му требаат затворени плоштади од двете страни на камениот Мост. Ова е став и на претставниците на локалната власт.
"ДУП Мал ринг треба да претрпи измена и дополна поради неколку причини. Една е предвидувањето на подземен коридор под центарот на градот. За ова со студијата на Институтот за сообраќај, урбанизам и екологија се најде компромисно решение тој да поминува под кејот до ГТЦ. Втора причина е лошото сообраќајно решение на постојниот ДУП. Катни гаражи се планирани во тесни улици како онаа спроти италијанската амбасада, поради што имаше и реакции од граѓаните", вели Соња Марковска, началник за урбнизам при општина Центар, која е носител на ДУП.
Според Марковска, голем проблем е и што не се поклопуваат урбанистичките со катастарските парцели, а во тек е и враќање на експроприраниот имот на подрачјето каде сега се гради. Таа објаснува дека дел од зградите кои се градат се рашириле на туѓ имот.
"Новата деловна зграда на Телекомот влегува во четири околни парцели. Катната гаража кај деловниот центар "Плаза" исто така зафаќа во приватен имот. Не може да се бараат инвеститори додека не се решат имотно-правните односи", вели Марковска. Таа смета дека промените нема да значат комплетно менување на ДУП, бидејќи центарот е веќе изграден 80%. Општината минатата година го испитувала јавното мнение за тоа каков центар сакаат граѓаните. Тие барале да се вратат старите знаменитости на градот како театарот и офицерскиот дом.

"Има инвеститори кои веднаш би се нафатиле да го изградат повторно театарот. Но, до него треба да има комерцијална содржина која би ја вратила инвестицијата", вели таа.
Според неа, плоштадите од левата и десната страна на Вардар ќе треба да го оживеат овој дел од градот.
"Плоштадот треба да биде европски, а не со еден круг во средината и голема неискористена ширина. Нашата цел е на плоштадот да не се ставаат гламурозни објекти како хотел и слично, туку тој простор да "дише" и само да се облагороди со фонтани, скулптури, дрвореди или амфитеатрални вдлабнувања каде би се собирале и дружеле луѓето. Ние сакаме да го вратиме сјајот и духот на центарот на Скопје", вели Марковска.
Нејзиното мислење го дели и професорот на Архитектонски факултет, Живко Поповски.
"Денес, за секој град што претендира да е метропола, уреденоста на слободните површини во центарот на градот е белег. Важни се пешачките зони, фонтаните, плоштадите, скулптурите, зелените површини, дистанцата помеѓу зградите. Углед добива оној град што во центарот има слободни површини. Помина тоа време кога центарот мораше да биде начичкан со објекти", вели Поповски.
Според него, изградбата на објектите што се креваат кај хотелот Јадран е сосема погрешна, и урбанистички и архитектонски.
"Таму има случај на потпокрив со три нивоа, што е недозволиво. Но, архитектите не се виновни во целост. Виновник е оној што инвестира и е заинтересиран за зголемување на профитот", смета проф. Поповски. Никола Велковски, главниот градски архитект, е против градењето на густо поставени згради. Тој планира и другиот плоштад, кој се наоѓа на просторот на Ибни-Пајко маало, да се уреди, но поинаку од она што е зацртано во планот.
"Од плоштадот ее'Карпош' треба да има поглед на Калето и директна патека кон тврдината. Автобуската станица, која моментално се наоѓа на местото на вториот плоштад, треба да се дислоцира на просторот под новата железничка станица", вели Велковски.
Но, засега ова е неостварливо, зашто Македонски Железници "не го даваат" просторот под железничката станица.

Бизнис или архитектура
Оние што градат размислуваат поинаку. Нив ги интересира профитот. Просторот околу хотелот "Јадран" деновиве е големо градилиште. Таму се креваат неколку деловни и станбени објекти. Административни згради градат "Македонска банка" , "Поштенска штедилница", Телекомот, а останатите се деловно-станбени објекти на "Гранит" и приватни инвеститори. Тие згради се предвидени со ДУП. Но, најмногу од нив многу не го есапат планот и отстапуваат од предвиденото и по висина и по ширина.
Љупчо Палевски, чија фирма УПА Ентерпрајс го гради објектот познат како "Тифани", вели дека "Малиот ринг" е многу важен план за Скопје. Според него, во овој дел на градот бизнисот е пред архитектурата. "Малиот ринг е специфичен план бидејќи тука преовладува бизнисот, а не архитектурата. Се работи за екстремно скапо подрачје, каде што за разлика од останатите планови, тука бизнисите се многу повеќе имплементирани во архитектурата", вели Палевски.
Но, според него, не може професорите да диктираат што ќе се гради и треба да се прашаат и тие што градат.
"Мора да се направи компромис помеѓу професорите со своите моливчиња и инвеститорите со своите булдожери. Се додека не се направи тој компромис, ќе имаме глупави 'комунистички' планови", вели Палевски.
Тој објаснува дека просечната висина на зградите што треба тука да се градат е 16-18 метри и дека е мал бројот на слободни локации каде што може да се гради.
Според него, потребна е либерализација и при правење на плановите треба да определуват само габаритите, а не висината на објектите. "Проблемите се решаваат со пари, со техника, со знаење, а не со ограничување на висина. Затоа имаме 'селски' објекти, и немаме ниедна висока зграда", вели Палевски.
Во желбата на инвеститорите за поголем простор и профит, некои од нив и не го почитуваат планот. Тие си градат според интересот - и над зацртаните димензии. Експертите објаснуваат дека планот и законите од оваа сфера не ги почитуваат ни големите фирми, па ни надлежното Министерство.
"Од оние објекти што се градат кај хотел 'Јадран', зградата на Телеком што е споена со хотелот има потпокрив со две нивоа. Тоа го преклопува хотелот, а не е дозволено. И нема врска со планот. Тоа е незаконско работење на инвеститорите и Министерството за транспорт и врски", смета авторот на планот Мирослав Грчев.
Телекомот не е единствениот што не го почитувал планот.
"Според Планот, до објектот на поранешната печатница 'Гоце Делчев' се предвидува и катна гаража. Но, некој од актуелната власт што гради ја преполови и сега веќе не постојат услови таму да се прави катна гаража. Спорен и потпокривот на објектот на Македонска банка", тврди Никола Велковски, градскиот архитект.
Голем дел од објекти што се градат во тој појас, според надлежните, вадат дозволи за градење, но градат повеќе од што им е дозволено. Според наши неофицијални извори, еден од објектите на плоштадот наводно имал фалсификувани имотно-правни документи.

Подземниот коридор
Собраќајниот хаос во центарот на Скопје е уште еден од проблемите со кој се соочува градот. Стручњаците од Институтот за сообраќај, урбанизам и екологија (ИН-ПУМА) решение гледаат во подземниот коридор што би поминувал под плоштадот "Македонија". Според нивната студија, прогнозите се дека до 2020 година најголемо оптоварување сообраќајот ќе има во центарот на градот. Затоа тие сметаат дека треба, покрај сообраќајниците по мостот "Гоце Делчев" и Јужниот булевар, да се најде и трето решение кое ќе помине низ самиот центар.
"Бидејќи сакавме јадрото на центарот да го заштитиме од сообраќај поради тоа што е пешачка зона, решението мораше да оди под земја", вели вели Александар Мешко, од ИН-ПУМА.
Предвидено е подземниот коридор да оди под плоштадот, но се уште не е утврдено дали за реализација на овој план ќе пречат зградите коишто се таму.
"Во првата фаза коридорот требаше да помине под зградата ее 'Тифани'. Но, поради тоа што зградата веќе почна да се гради според постојниот ДУП, моравме да најдеме некое оптимално решение. Сега коридорот минува малку полево од зградата, меѓутоа удира во некои стари згради. Треба да се види дали има можности тие згради да останат или ќе треба да се рушат", објаснува Мешко.
Под плоштадот е предвидено да има централна трамвајска и автобуска станица. Втората станица е планирана под кејот, некаде под сегашниот локал "Њујорк". Таа станица би била поврзана со постоечката подземна станица во ГТЦ.
"Трамвајот не е само желба, туку е потреба. Градот ќе расте, а бројот на возила ќе се зголемува. Со трамвајот во голема мерка ќе се растовари сообраќајниот метеж. Многу луѓе ќе сакаат, наместо со автомобили, на работа да одат со брз, чист и ефикасен превоз и да не размислуваат каде ќе се паркираат", тврди Мешко.
Експертите сметаат дека овој проектот е многу скап. Но, според ИН-ПУМА, тоа може да се реализира со инвеститори кои би биле заинтересирани да градат објекти и локали во подземната линија.
Подземниот коридор е назначен и во ДУП од 1997, но не е исцртан бидејќи го немало во претходниот Генералниот урбанистички план.
"И тогаш и сега сметаме дека таква сообраќајница е можност која обезбедува подобро поврзување на два проточни правци. Проблемот е што се уште не верувам во исплатливоста на таа идеја во догледно време", вели професорот Грчев.
Според него, со парите што би се потрошиле за подземен коридор може да се направат огромен број интервенции во постоечките улици што ќе го направат проточен сообраќајот околу центарот. Грчев вели дека коридорот, како што е замислен, му одговара на еден побогат град, за каков се надева дека еден ден ќе биде Скопје. Неговиот колега во изработката на ДУП за "Малиот ринг", проф. Влатко Коробар, смета дека на подземниот коридор не треба да се гледа како на единствен спас од сообраќајниот метеж.
"Тоа е само еден од начините за олеснување на сообраќајот. Конечното решение е на многу поширока територија и со докомплетирање на мрежата од сообраќајници што е предвидена. Фактот дека ќе пробиете една сообраќајница под центарот само ќе навлече поголем обем на собраќај долж оската што ќе биде создадена со поврзување на булевар Партизански одреди и булевар Јане Сандански", смета Коробар.
... Засега е неизвесно кога и дали Скопје ќе добие Центар каков што заслужува. Во меѓувреме ќе се менуваат плановите, политичарите, тие што ќе градат на плоштадот, тие што ќе профитираат од сето ова. Најверојатно се додека не биде доцна.

_________________________________________________________

Живко Поповски, професор на Архитектонски факултет:
Град не се прави од денес за утре
ДУП 1997 беше набрзина изработен. Со тој план е направено поместување во насока на реализацијата на генералниот план за визијата на Скопје во наредните 100 или 200 години. Град не се прави од денеска за утре. Генералното скршнување на Скопје беше она што се случи после земјотресот. Со тогашниот ГУП и ДУП од 1967 направена е една нова состојба во однос на она што е правено порано.
За разлика од радијалните (кружните) сообраќајници какви што имаше до земјотресот, почнаа да се прават ортогонални (праволиниски) сообраќајници. Тоа го диктираше новиот правец со проектот за новата железничка станица и оската север-југ, генерално, е поместена да оди исток-запад. Тоа се случи поради новата проекција за ширење на градот во правецот исток-запад. Во тој случај радијалните сообраќајници останаа како рецидиви од поранешното Скопје кое требаше да се развива радијално, но од различни причини не се случи тоа.

Трамвајот наречен желба
Скопјани еднаш имаа прилика да се изјаснат дали сакаат трамвај. Референдумот во осумдесеттите години не успеа. Студијата на Институтот за сообраќај, урбанизам и екологија предвидува првиот терминал на трамвајската линија да се наоѓа во Ѓорче Петров. Таму би требало да е терминалот за приградските автобуси. Тоа значи дека патниците од тие населби би се префрлале во трамвајот, а нивните автобуси не би доаѓале до центарот на градот. На тој начин во голема мерка би се намалил протокот на автобуси низ централното градско подрачје. Вакви терминали се планираат и во Скопје-север, Маџари, и кај ОХИС. А, во Ново Лисиче терминалот нема приградски автобуси. Идејно решение за линијата Ѓорче Петров-Центар-Нова железничка-Ново Лисиче, веќе е изготвено.
Според стручњаците, трамвајот е извонредно решение за јавниот превоз бидејќи е еколошки најприфатлив, капацитетот на возилата е голем, а новите модели на трамваи не се ни бучни.

Подземниот коридор - решение за сообраќајниот хаос?
Подземниот коридор треба да почне на "Партизанска" кај Соборната црква, да поминува под областа кај хотелот "Јадран", плоштадот "Македонија", каде што се раздвојува на два крака. Едниот крак врти кон улицата "11 Октомври", а другиот излегува кај комплексот банки. Под плоштадот (каде што е дуќанот "Кенан") е предвидена централна трамвајска и автобуска станица поврзана со елеватори со површината. Втората поголема станица треба да е под кејот, некаде под локалот "Њујорк". Таа би била поврзана со подземната станица која веќе постои во ГТЦ.



Извор: Капитал


Edited by pbanks - 16-Dec-2007 at 18:02
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Dec-2007 at 18:16
Најголемата утка се случи кога Пенов го продаде земјиштето каде денес се изгради „Тифани“, и со тоа засекогаш ја закопа надежта дека подземниот коридор некогаш ке се изгради.
    Не дека е веќе невозможно, но, со цел да не се удри во темелите на зградата, сега наместо кај соборна, ќе треба да почне да се копа многу поназад, за наклонот на коридорот да биде по некој стандард- или да се рушат згради. Тоа значи дека цената на овој скап проект е уште поголема, да не кажам нереална за наши услови(барем во следните 10 години). До тогаш метежот ке стане неподнослив, а се сомневам дека до тогаш ќе биде изграден Јужниот булевар. Suicide
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11518
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Dec-2007 at 18:48


Не знам како точно се доведовме во ваква ситуација за тунелот под плоштад, но некој дефинитивно треба да одговара... Па не може вечно вакви мега-афери да се заташкуваат и да поминуваат неказнето... Ако ништо друго знаеме од каде да почнеме - Љупчо Палевски веќе одамна има заслужено  да заглави неколку години у затвор! Па говедото уште има лице да збори дека во мал ринг не требало да се посветува многу внимание на архитектурата, туку на бизнисот. Со други зборови - остајте ме да се богатам нелегално, а у меѓувреме ја ќе ви го уништувам градот Nuts

За подземниот коридор не смее да има импровизации. Мора да се најде добро решение, па макар се рушела и Тифани... Нека го обештетат Палчо ако мора, ама бар он у тоа време да престојува у Идризово Bash


Освен Палевски, друга главна ѕвезда во текстот е онаа Соња Марковска, началник за урбнизам при општина Центар. Таа мене ми е позната по своите мега-бисери во врска со бул. Крушевска Република: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=33&PID=749#749

Не ни може да се очекува нешто повеќе од некое полтронче на Виолета Аларова.


Edited by Cloverstack - 16-Dec-2007 at 18:49
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11518
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 17-Dec-2007 at 00:52
Ова ни промакнало...

Има доста простор за коментирање, ама единствена измена што воопшто ја немавме регистрирано е онаа со бришење на зградата пред Дом на АРМ. Можно е ова да е поврзано со спомен куќата на Мајка тереза. Епа барем да го спречиме оној монструозен проект на Вангел Божиновски и да добиеме спомен куќа што навистина ќе верди и што ќе го разубави градов.

Конкретно за избришаниот објект, имам поделено мислење.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1150&ArticleID=73759

ЌЕ СЕ ВМЕТНУВААТ НОВИ СОДРЖИНИ ВО ДУП-ОТ „МАЛ РИНГ“
Подземен паркинг под плоштадот „Македонија“
Подземен паркинг на два ката како дел од подземна сообраќајница е предвидено да се гради под плоштадот „Македонија“, според изменетиот нацрт-Детален урбанистички план „Мал ринг“ за кој расправаа советниците од Центар на последната седница. Според новите измени и дополнувања што се предвидени во нацрт-планот, зградата на Собранието ќе може да се надградува уште два ката нагоре, до Стариот театар е вметната маркичка за музеј, кај музичкото балетско училиште „Илија Николовски Луј има три маркички за изградба на станбени и деловни објекти и зграда на филхармонијата.
Лидија Андреевска, планер од проектантската куќа „Ин-Пума“ им го презентираше на советниците изменетиот нацрт-план, кој се протега на 54 хектари земјиште на двете страни на реката Вардар.
- Едниот крак од сообраќајницата ќе почнува од Партизански одреди, ќе минува под плоштадот „Македонија“ и ќе излегува на булеварот 11 Октомври. Другиот крак ќе минува под ГТЦ и ќе излезе кај Комплексот банки. Коридорите на сообраќајниците се комплетно преземени од Генералниот урбанистички план 2002-2020 година, и за нив ќе се подготви сообраќајна студија за нивна реализација, а според неа ќе се знае и каде ќе има стојалишта, подземни премини и друго - објасни планерот Андреевска.
Советниците прашуваа и како ќе се изведуваат тие сообраќајници и паркинзи кога се уште не била готова сообраќајната студија што треба да ја изработи градот. Тие реагираа и зошто не им било доставено стручно мислење од градот за сообраќајницата.
- Дали е побарано мислење од градските власти со оглед на тоа дека плоштадот „Македонија“ е под нивни ингеренции? Дали планерите го знаат крајниот изглед на плоштадот? И каков ќе биде пристапот до подземниот паркинг ако не се изгради предвидената сообраќајница - праша советничката Благородна Крстевска Мојсовска.
Советниците сепак ја изгласаа предлог одлуката за измени и дополнување на овој ДУП, иако повеќето од нив реагираа дека не им било јасно што се менува во постојниот план и кои точно се новите измени.
- Во образложението на планот треба да се истакнат оние работи што се менуваат. Воопшто не е јасно што се менува, како и потребата поради која се менува - реагираше советникот Димитар Шулевски.
Според нацрт-ДУП-от, на плоштадот „Македонија“ треба да се гради фонтана и споменик, а на Градскиот трговски центар може да се догради уште еден кат. Со новите измени, од нацрт-ДУП-от е избришана маркичката за зграда пред Домот на АРМ.
Планерот Андреевска објасни дека околу плоштадот се предвидени површини за градба, а покрај улицата Димитрија Чуповски се предвидени многу пешачки патеки и локации за споменици и спомен-обележја.
Таа додаде дека и во паркот „Жена борец“ е предвидено да има подземно паркиралиште на два ката, со капацитет од околу 1.000 паркинг места.
Границите на опфатот на овој ДУП, се на север, булеварот Гоце Делчев, на исток - булеварот Војвода Васил Аџиларски, на југ, булеварот Даме Груев, како и на запад булеварот ВМРО.


Edited by pbanks - 17-Dec-2007 at 01:09
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 17-Dec-2007 at 00:53
A markicite za stanbeni/delovni objekti pozadi filharmonija Roll%20eyes ?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11518
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 17-Dec-2007 at 00:57
Originally posted by pbanks

A markicite za stanbeni/delovni objekti pozadi filharmonija Roll%20eyes ?



Сигурен си дека таму е планирано нешто станбено? Ова го имаш спомнато и до сега, ама јас се надевам дека некој ти дал дезинформација... Таму е тотално идиотски да се градат било какви згради за домување. Ваљда дури и нашиве дебили можат да сватат нешто толку очигледно Roll%20eyes


Edited by Cloverstack - 17-Dec-2007 at 00:59
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 17-Dec-2007 at 01:05
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by pbanks

A markicite za stanbeni/delovni objekti pozadi filharmonija Roll%20eyes ?



Сигурен си дека таму е планирано нешто станбено? Ова го имаш спомнато и до сега, ама јас се надевам дека некој ти дал дезинформација... Таму е тотално идиотски да се градат било какви згради за домување. Ваљда дури и нашиве дебили можат да сватат нешто толку очигледно Roll%20eyes





друже, прочитај го повторно текстот... еве ти цитат како хинт

кај музичкото балетско училиште „Илија Николовски Луј има три маркички за изградба на станбени и деловни објекти и зграда на филхармонијата.



Edited by Cloverstack - 17-Dec-2007 at 01:12
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11518
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 17-Dec-2007 at 01:14
Originally posted by pbanks



друже, прочитај го повторно текстот... еве ти цитат како хинт

кај музичкото балетско училиште „Илија Николовски Луј има три маркички за изградба на станбени и деловни објекти и зграда на филхармонијата.




Да ми киднало тоа Wallbash

Да не верува човек... Немам зборови... Мислам дека треба да зацртаат станбено-деловни облекти и на празниот простор околу плоштадот. Да не се замараме више...


Edited by Cloverstack - 17-Dec-2007 at 01:15
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 17-Dec-2007 at 01:18
Не е ваљда вистина.... Eeek
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 17-Dec-2007 at 01:18
би сакал да верувам дека се планирани некои деловни апартмани (како во ЕБЦ, ТЦЦ Плаца) или луксузни кондоминиуми како што ги викаш ти.

Но да не искочи некој класичен станбен блок па на есен да гледаме како се печат пиперки за ајвар пред новата филхармонија.  Bash


Edited by pbanks - 17-Dec-2007 at 01:19
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11518
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 17-Dec-2007 at 01:42
Ај да ги присобереме тие неколку мизерни материјали што ги имаме за мал ринг... Ова е добро сведоштво колку македонскиот веб простор е безкорисен дури и за важни работи Wallbash


Скриншотови од А1, дело на pbanks (овие се воедно и најкомплетни материјали што до сега сум ги видел Nuts)





Овде е прикажан само распоредот на објектите околу плоштадот



А на макетава од La linea добро се гледа левиот брег на Вардар. На десниот се прикажани само неколку објекти...




За жал тоа е се што имаме... Од новиот ревидиран ДУП немаме ни колку за лек... А на сајтот на општина центар дали намерно дали случајно, никако да им текне да постават каков-таков приказ Bash

Ако некој најде било што, нека постира одма! Smile


Edited by Cloverstack - 17-Dec-2007 at 01:44
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 17-Dec-2007 at 01:47


gi imam podzaboraveno planovive. Ete gi mostovite za koi zboruvavme preeska. Skroz imam izumeno deka e planiran i tret pesacki most Crazy
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11518
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 17-Dec-2007 at 01:49
Originally posted by pbanks

Skroz imam izumeno deka e planiran i tret pesacki most Crazy


За кој збориш???
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 17-Dec-2007 at 01:53


megju kameni i holidej in nema 2 pesakci mosta? vidi go A1 screenshotot od mal ring
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11518
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 17-Dec-2007 at 02:00
Originally posted by pbanks



megju kameni i holidej in nema 2 pesakci mosta? vidi go A1 screenshotot od mal ring


Абе таму ги лепеле листовите LOL

Смотан... Poke
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 17-Dec-2007 at 02:07
Originally posted by Cloverstack


Абе таму ги лепеле листовите LOL

Смотан... Poke


LOLBonk

a skroz se zbuniv...

Bonk
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 17-Dec-2007 at 13:42



Тоа се маркички за градба пред Лумикс? 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 17-Dec-2007 at 13:46
 
хм. Таму 10000% нема маркици за градба. Едно време сакаа таму да ја начукаат куќата на Мајка Тереза но од тоа куртуливме (иако и новата локација ама ич не ме одушевува). Веројатно се работи за некој превид при изработка на скицата.
 
Плус прати, сива боја се тие маркици додека оние за планирани објекти се жолтеникави. Така да веројатно претставуваат нешто скроз 10то...


Edited by pbanks - 17-Dec-2007 at 13:48
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 20-Dec-2007 at 15:27
Денес ми текна дека одамна додека барав да купам поклон од книжарницата ТРИ што е во ГТЦ, сретнав една книга што се викаше „100 години модерна архитектура - придонесот на Македонија и Југославија“. Хронолошки распоредена еволуција на архитектурата на екс-ју просторите, од Словенија до Македонија. Си седнав на чај и ја земав книгата, ја прелистав од прва до последна страна надевајќи се дека ќе најдам нешто вредно за постирање. Се надевам ќе ви се допадне(знам дека ќе ви се допадне) Big%20smile

Сликава дава ептен добра претстава како би требало да изгледа плоштадот кога ќе се изградат уште оние 3 згради пред Телекомуникации, односно 4 ако го вклучиме и делчето кај Народна Банка.



Некаков конкурс од 1997 како што читате.



ДУП НА МАЛ РИНГ!!! Сликата што pbanks ја земал како скриншот од А1.




Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 52>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.