Print Page | Close Window

Палата Читкушеви

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Проекти
Forum Discription: Административни, станбени, резиденцијални...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=140
Printed Date: 25-Oct-2020 at 00:59


Topic: Палата Читкушеви
Posted By: pbanks
Subject: Палата Читкушеви
Date Posted: 29-Dec-2007 at 22:00
Оваа зграда веќе се гради и имаме слики од градилиште така да дефинитивно добива своја нишка. Инаку името кое неофицијално си го сковавме ние на основа на зградата која постоела порано на таа локација е и официјалното име на проектот. Палата Читкушеви значи. Проектот е на РАДО дизајн. Освен постоечкиот рендер кој го имавме веќе ископав уште неколку.

1


2


3


4




Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Dec-2007 at 22:22
А знаеш која е финална верзија? Еднобојната или двобојната?


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Dec-2007 at 22:31
Originally posted by Cloverstack

А знаеш која е финална верзија? Еднобојната или двобојната?


сите фотки се на куп не пишува кој е финален. Уствари се е флеш, се шинав од рипување преку фотошоп Wallbash


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Dec-2007 at 01:30
Воопшто не ја сакам зградава, многу ладна, многу метал

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: kire85
Date Posted: 30-Dec-2007 at 02:28
јас генерално обожавам згради „на ќоше“Smile....конкретно оваа ептен ми се допаѓа, а запазен е и еден стар тип на архитектура. Иначе доста ме потсеќа на Гема 2 на партизанска, а и покривот им е идентичен со „стаклената церада„ во средина.

Едно прашање само.....над главниот влез на првите две слики стои City Bank....дали има нешто врска тоа со американската банка или пак е ставено само онака на рендерот...?


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Dec-2007 at 02:35
Originally posted by kire85

јас генерално обожавам згради „на ќоше“Smile....конкретно оваа ептен ми се допаѓа, а запазен е и еден стар тип на архитектура. Иначе доста ме потсеќа на Гема 2 на партизанска, а и покривот им е идентичен со „стаклената церада„ во средина.

Едно прашање само.....над главниот влез на првите две слики стои City Bank....дали има нешто врска тоа со американската банка или пак е ставено само онака на рендерот...?


само онака е поставено. И јас ги поштувам зградите на ќош , затоа секогаш има давам повеќе значење макар и не биле некои топ проекти како ете Гема II два што ја спомна.

Конкретно за оваа немам некое којзнае колку добро мислење но немам ни лошо. Малку ми е накитена на рендерот и се надевам дека изведбата ќе изгледа поедноставно. Слично како и Ла Линеа незнам како ќе се вклопат оние "металик" делови но се надевам дека се работи за некоја глупост на рендерот. Исто така се надевам дека ќе одат со еднобојната варијанта.


Posted By: kire85
Date Posted: 30-Dec-2007 at 02:48
Previous

да и јас сум за еднобојната варијанта....премногу детаљи има зградава за да ја зашлапаат уште со поише бои....у едноставноста е убавината.Smile


Posted By: shyes
Date Posted: 30-Dec-2007 at 03:37
И јас сум повеќе за еднобојната немсесто двобојната во тој пример. Не би било лошо ако а двобојна но во редерот мислам кафеаватга боја опваќа многу место. Не би било лошо ако ивицата на зградата кон раскрсницата е малку обоена ако се работи за двобоја фасада. 


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 30-Dec-2007 at 20:42
Едно прашање, каде е локацијата на зградава?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Dec-2007 at 20:44
Originally posted by UrbanFreak

Едно прашање, каде е локацијата на зградава?


Број 10




Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Dec-2007 at 20:50
Еве до каде се стигнати






-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 30-Dec-2007 at 20:54
А гледам познат ми е од некаде објектов. Супер, убав проект и уште поубава локација.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-May-2008 at 18:31
Зградава заглави. Некој судски спор како што разбрав Ohno





Posted By: La Linea
Date Posted: 12-May-2008 at 18:46
Да и јас тоа приметив. Сликава ваљда не е од вебкамера?

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-May-2008 at 19:09
Originally posted by La Linea

Да и јас тоа приметив. Сликава ваљда не е од вебкамера?


Је


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-May-2008 at 20:22
Може ли нешто во Македонија да помине нормално, без одолговлекување и компликации?

Wallbash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-May-2008 at 00:16
Абе со ова вебкамерава може и СП во ѓорче да го сликаме!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 15:26
Повторно чисто за евиденција. Објектов виси вака едно година дена веќе Ohno




Posted By: 46&2
Date Posted: 01-Nov-2008 at 14:49
Тука овие денови има луѓе на терен кои работат на покривот. Дали ова значи дека инвеститорот го надминал проблемот и пордолжува со градба?


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Dec-2008 at 14:08


Во прилог на ова денеска бев сведок на истовар на прозорци за објектов. И воопшто секој ден гледам луѓе како се шуњаат на градилиштето иако немаат некои посебни активности.




Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Dec-2008 at 23:25
Originally posted by pbanks

... Инаку името кое неофицијално си го сковавме ние на основа на зградата која постоела порано на таа локација е и официјалното име на проектот. Палата Читкушеви ...




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Dec-2008 at 23:31
Хах, никогаш не сум ја заприметил на таа слика.... Еве една од блиску



А еве го и оригиналниот проект (1931 год.)




Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Dec-2008 at 09:16
Браво, успеале да го зачуват проектот, или е останат во архив!

Мислам дека продавницата од левата страна беше првата продавница за дечји играчки во Скопје.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Dec-2008 at 09:43
Originally posted by Vladimir P

Браво, успеале да го зачуват проектот, или е останат во архив!

Мислам дека продавницата од левата страна беше првата продавница за дечји играчки во Скопје.


build сме или кои сме, мора да го има еве и во нашиот архив Bow


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Dec-2008 at 11:31
Ги монтирале прозорците од пред некоја слика. Овдека дефинитивно се работи инкогнито.




Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Feb-2009 at 16:40
nesto cudno sto se slucuva gore
ne sum siguren ili kamerata e rasipana ili izgledaa od sonceto vaka, ili pravat nesto
 
luge sto mislite vie?
http://img10.imageshack.us/my.php?image=whatwf4.jpg">


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Feb-2009 at 23:45
дефинитивно не е до сонцето, мене ми личи ко бакар да ставаат Stern%20Smile


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 16-Feb-2009 at 08:11
da gledav sega, mislam deka bakar e
ne e od sonceto (8.oo nema mnogu sonce)


Posted By: Eden Decko
Date Posted: 09-Apr-2009 at 21:09
Старата зграда што постоела, изгледа илијадници пати поубаво од ова што го прават. Кај се роди Мансард кај се запусти. Уште кога ќе видам француски прозор и ми се темни пред очиве. Дај ако не да го прекопираме Париз или да градиме ако не бурмански пагоди. До кога бе со вакви поткровја. Зар нашата автентична архитектура нема елементи кои можат да се транформираат во нешто Постмодерно. Старата зграда има некоја нежна архитектонска пластика, а ова што го прават личи на спој на Француска Ренесансна Архитектура со Урабана мафија. Не ова не само што не е убав објект, туку е грозен. Правен е во погрешно време, во погрешен стил. Во архитектурата секогаш треба да те води прогресивна мисла, а не да се враќаш кон минатото. Да се враќале кон минатото сите архитекти архитектонските стилови би застанале засекогаш.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 10-Apr-2009 at 17:04
Originally posted by pbanks

Оваа зграда веќе се гради и имаме слики од градилиште така да дефинитивно добива своја нишка. Инаку името кое неофицијално си го сковавме ние на основа на зградата која постоела порано на таа локација е и официјалното име на проектот. Палата Читкушеви значи. Проектот е на РАДО дизајн. Освен постоечкиот рендер кој го имавме веќе ископав уште неколку.

1





Преубаво, дали тоа ке бидат станови,или комерциални простори?


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 16-May-2009 at 18:19
skopjani sto se sluci so zgradata??


Posted By: se_manda
Date Posted: 16-May-2009 at 19:57
use niso ne se desava osven so imaat bakaren pokriv staeno...


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 17-May-2009 at 11:03
Previousi prozorcite gore se montirani, znaci se rabotiCheers
 
http://img194.imageshack.us/my.php?image=palata.jpg">


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jul-2009 at 09:43


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 23-Jul-2009 at 13:44
Ја отегнава градбата до бесвест Ohno

(дефинитивно треба да проработи закон за рок за градба)

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Keeray
Date Posted: 12-Nov-2009 at 22:04
Dobro shto se sluchuva so gradbava ushte li stoi ovakva ? 


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Nov-2009 at 22:27
Како тргнале да не работат и новиот закон ќе ја закачи

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: alexgizh
Date Posted: 30-Jul-2012 at 17:37
Во краток муабет со чуварот, ми беше кажано дека газдата „едноставно нема пари“ за да продолжи со фасадирање на објектот. Се надевам државата на некој начин ќе интервенира (иако сум свесен дека не и' е тоа работа, особено не додека не пројде рокот од законот), бидејќи се работи за ударна локација, а и онака е блиску до стиловите кои ги преферира сегашнава елита.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: gjoko
Date Posted: 30-Jul-2012 at 18:16
јас би рекол дека намирисал шанса друг да му ја плати фасадата,нормално штом во комшии се прави безпари,зошто не и кај него


Posted By: Portal
Date Posted: 01-Aug-2012 at 10:53
Originally posted by Eden Decko

Старата зграда што постоела, изгледа илијадници пати поубаво од ова што го прават. Кај се роди Мансард кај се запусти. Уште кога ќе видам француски прозор и ми се темни пред очиве. Дај ако не да го прекопираме Париз или да градиме ако не бурмански пагоди. До кога бе со вакви поткровја. Зар нашата автентична архитектура нема елементи кои можат да се транформираат во нешто Постмодерно. Старата зграда има некоја нежна архитектонска пластика, а ова што го прават личи на спој на Француска Ренесансна Архитектура со Урабана мафија. Не ова не само што не е убав објект, туку е грозен. Правен е во погрешно време, во погрешен стил. Во архитектурата секогаш треба да те води прогресивна мисла, а не да се враќаш кон минатото. Да се враќале кон минатото сите архитекти архитектонските стилови би застанале засекогаш.
Prijatel se raboti za profit, ako sakas da imas najmnogu prostor na podkrovje i da lici na sesto za da go prodades najdobro ova e resenieto. I toa e toa, ostanatoto e romantizam i renesansa... Ohno


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-May-2017 at 16:16
Денес видов дека се поставени прозорци на речиси сите катови (можеби само не на приземниот и на првиот). Не успеав да сликам, но дефинитивно изгледа дека изградбата на објектов ќе заживее.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-May-2017 at 21:10

ја секој ден поминувам од таму, пред некој ден едно камионче беше паркирано на влезот во објектот, нешто се чепкаше

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Jun-2017 at 18:46
Поставени се скелиња на зградава, веројатно за брзо време ќе се доврши. Крајно време беше, само се плашам да не се претвори во некој новокомпониран кич.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Oct-2017 at 17:35
Од утринава. Некако, се плашам дека ќе добиеме нова торта во стилот на Скопје 2014. Камо среќа да грешам, меѓутоа боите се премногу светли, некако „тортести“.











-------------
За сè има вторпат


Posted By: xnx
Date Posted: 15-Oct-2017 at 09:27
mene mi e simpaticna skroz. em e klasicna, em ima nekoj interesen moderen moment


Posted By: Skopje 1982
Date Posted: 15-Oct-2017 at 13:21
Зошто овој објект толку доцнеше? Се знае ли причината?


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Dec-2017 at 21:49
Не знам за вас, но мене боите воопшто не ми се допаѓаат, самата зграда не остава „сериозен“ впечаток. Во живо е уште полошо, личи на „торта“ од СК2014. Големо разочарување, посебно зашто се наоѓа на ударно место.







-------------
За сè има вторпат


Posted By: xnx
Date Posted: 08-Dec-2017 at 14:15
mene mi e bas simpaticna


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-Dec-2017 at 22:02

во споредба со некои од објектите во околината, е светлосни години подобар... но тоа не е поентата
ова ни го продаваа како реконструкција на палата Читкушеви, за да испадне дека е некаква интерпретација на објектот, па на крај да пропадне, па некој да си направи своја визија за него... кратко кажано, крпеница од невидени размери, како и секое друго (под)просечно парче архитектура што се гради во земјава

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Feb-2018 at 20:09


-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Feb-2018 at 20:34

Da se oznaci kako zavrsena?


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Feb-2018 at 22:46
Очигледно не е завршена, погледни ги само балконите, немаат ограда, а и други ситни детали не се довршени. Штознам, малку ме разочара зградава, посебно изборот на боите и декорациите што повеќе ми личат на некоја верзија од зградите на Скопје 2014 одошто на нешто оригинално.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 22-Feb-2018 at 10:06
Ова е кога ќе нарачаш Скопје 2014 од Алиекспрес.


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Feb-2018 at 00:02
Originally posted by Џоле

Очигледно не е завршена, погледни ги само балконите, немаат ограда, а и други ситни детали не се довршени. Штознам, малку ме разочара зградава, посебно изборот на боите и декорациите што повеќе ми личат на некоја верзија од зградите на Скопје 2014 одошто на нешто оригинално.
личи на стандарден евтин станбен кокошарник како и сите други што како канцер се шират во градов

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Portal
Date Posted: 27-Feb-2018 at 02:57
voa so fasadava ne lici na nisto ...
sakam kazam, neznam recam



Print Page | Close Window